„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

stevo-770x437

Честитки од светските државници по повод изборот на претседателот на Стево Пендаровски

По повод изборот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, писма со честитки испратија голем број светски државници и меѓународни организации. Претседателот на САД, Доналд Трамп, во писмото со честитки до претседателот Пендаровски, пишува дека денес, нашите две нации се поблиски од кога било претходно. „САД силно ја поддржува Северна Македонија, која го зазема своето заслужено место во западните институции и особено се надева дека ќе ја поздрави Северна Македонија наскоро како наш 30-ти сојузник во НАТО. Историскиот Договор од Преспа претставува смел и храбар пример со кој се зајакна безбедноста и просперитетот за народот на Северна Македонија и целиот регион. Заложбите на Вашата земја за демократски начела, владеење на правото, отчетност на владата и борба против корупцијата се за поздравување. Се надевам на продлабочување на пријателството и соработката во иднината“, пишува во честитката од претседателот Трамп до претседателот Пендаровски. Во писмото упатено од претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, се посочуваат традиционално пријателските односи меѓу двете земји. „Посветувам големо внимание на односите меѓу Кина и Северна Македонија и изразувам подготвеност за соработка со Вас, со цел развој на заедничките политики и стратегии и продлабочување на заедничката соработка и подигнување на нашите билатерални односи на ново ниво“, пишува кинескиот претседател во честитката до претседателот Пендаровски. Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, посака успех на претседателот Пендаровски во вршењето на одговорната функција, добро здравје и благосостојба. „Односите меѓу Руската Федерација и Република Северна Македонија се темелат на добрите традиции на културна и духовна блискост. Убеден сум дека конструктивното унапредување на нашите односи би им одговарало на народите на нашите две земји и на цела Европа“, пишува претседателот Путин. Писмо со искрени честитки по повод стапувањето на должноста на претседателот Пендаровски упати Кралицата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Елизабета  II. „Најдобри желби до Вас и народот на Северна Македонија со очекување да продолжат одличните односи меѓу двете земји“, стои во писмото од Кралицата Елизабета II. Во писмото упатено од претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, се потенцира: „Со Вас највисоката државна функција ја презема одлучен поддржувач на евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија. Германија се залага за тоа Вашата земја да продолжи со суштинските реформи и решително и понатаму да чекори по својот пат кон ЕУ“. Вие ја преземате функцијата во момент што е значаен за Вашата земја, пишува Штајнмајер. „Со Договорот од Преспа, Северна Македонија и Грција покажаа дека и покрај големиот отпор, преку дијалог и со храброст може да се решат и привидно безизлезните спорови“, стои во писмото од германскиот претседател. Писмо со честитка упати претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. „Вашите заложби за градење на правната држава, за членството на Вашата земја во НАТО и за нејзината европска перспектива, но и Договорот од Преспа, го убедија мнозинството гласачи. Договорот од Преспа е пример за регионално помирување, кое придонесува за стабилноста на Западен Балкан и на Европа во целина“. Францускиот претседател во писмото порачува дека Северна Македонија може да смета на конкретна поддршка од Франција за спроведување на своите реформи. „Нашите две земји имаат изградено врски на доверба за одбрана на нашите заеднички вредности, особено во борбата против тероризмот“, пишува претседателот Макрон, посакувајќи му на претседателот Пендаровски успех во вршењето на одговорната функција. Во писмото испратено од претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, се изразува увереност дека Република Северна Македонија ќе постигне дополнителен и конкретен напредок, со цел побрза интеграција во ЕУ. „Италија ги поддржува реформите на Вашата земја во европската и евроатлантската интеграција и ќе продолжи да ја поддржува конструктивноста на Скопје за плодна регионална соработка“, пишува претседателот Матарела. Претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда во честитката ја потврдува поддршката за Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија. „Би сакал да изразам воодушевување од реформите спроведени во Република Северна Македонија, како и надеж дека оваа година ќе отпочнат преговори за пристапување кон Европската унија“, стои во честитката од полскиот претседател. Унгарскиот претседател, Јанош Адер, во честитката до претседателот Пендаровски посочува дека Република Северна Македонија е достоен пример за целиот регион, со решавањето на односите со соседите и започнување на реформските процеси што се основа на преговорите за пристапување во ЕУ. Во честитката од Сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, се вели дека ова е многу важен период во историјата на нашата нација. Австрискиот претседател е убеден дека претседателот Пендаровски силно ќе придонесе за единството на граѓаните на Северна Македонија, без оглед на нивната етничка припадност, пишува во честитката. Во писмото упатено од претседателот на Романија, Клаус Вернер Јоханис, се реафирмира поддршката од Романија за отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Писмо со честитка упати претседателот на Чешката Република, Милош Земан. „Ме радува што Вашата земја успеа да стави крај на долгогодишниот спор со соседна Грција и цврсто верувам дека со новото име на државата доаѓа и ера на нови можности“, пишува чешкиот претседател Земан. Претседателот на Словачката Република, Андреј Киска, изразува убедување дека под раководство на претседателот Пендаровски, Република Северна Македонија успешно ќе го заврши процесот на интеграција во НАТО и ќе постигне значителни успеси во интеграцијата во ЕУ. Писма со честитки за изборот на претседателот Пендаровски и поддршка на членството на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО, упатија и претседателите на Естонија и на Литванија. „Не се сомневам дека членството на Вашата земја во НАТО и натамошно зајакнување на односите со ЕУ ќе отворат нови можности за соработка меѓу нашите земји“, стои во писмото од претседателката на Литванија, Далиа Грубаискаите. Претседателот на Естонија, Керсти Калјулаид, изразува убедување дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и посакува успех на патот на европските интеграции. Во писмото упатено од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, стои: „Наша најискрена желба е односите со Северна Македонија, која ја гледаме како клучна за иднината и стабилноста на Балканот, цврсто да ги придвижиме кон иднината. Во овие рамки ќе продолжиме да Ви бидеме најблизок поддржувач во процесот на интеграција во евроатлантските институции“, пишува претседателот Ердоган во писмото до претседателот Пендаровски. Во писмото упатено од Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг се изразува благодарност за заложбите на претседателот Пендаровски за евроатлантските интеграции на Северна Македонија. „Вашата работа како Национален координатор за подготвување на Северна Македонија за членство во НАТО, беше инструментално за успешно завршување на процесот на пристапните преговори и потпишување на Протоколот за пристапување оваа година“, пишува Столтенберг.  Генералниот секретар очекува да продолжи соработката со цел остварување на реформскиот процес во Северна Македонија, посочувајќи дека безбедноста, одбраната и владеењето на правото се клучните сектори за реформирање. „Присоединувањето на Северна Македонија во Алијансата ќе придонесе за стабилноста и безбедноста на регионот на Западен Балкан“, стои во честитката. Во име на Европската унија, писмо со честитки за изборот на претседателот Пендаровски, упатија претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. „Европската унија смета дека Договорот од Преспа е извонредно политичко достигнување и круцијален чекор на вашиот пат кон ЕУ. Договорот претставува пример за помирување и за останатите во регионот и пошироко“, стои во писмото од Туск и Јункер, изразувајќи целосна поддршка на напорите на Северна Македонија во интеграциските процеси и спроведување на реформите. Писмо со честитка до претседателот Пендаровски упати и претседателот на Република Грција, Прокопис Павлопулос. „Преспанскиот договор отвори нова ера во односите меѓу нашите две соседни држави, и испрати многу потребна и многу позитивна порака, за помирување и соработка на Балканот. Убеден сум дека ќе се согласите со мене дека примената, почитувањето на историската вистина, како и писмото и духот на Договорот од Преспа, суштински ќе придонесат во зајакнувањето и продлабочувањето на нашата сеопфатна билатерална соработка во сите области од заеднички интерес, како и за натамошно зајакнување на стабилноста, безбедноста и напредокот во Југоисточна Европа. Оттука, ја користам оваа прилика, господине претседател, да ја повторам силната поддршка на мојата земја за процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија“, пишува претседателот Павлопулос. Честитки по повод изборот на претседателот Пендаровски упатија и другите соседни држави на Република Северна Македонија, како и претседателите од Регионот. Честитки пристигнаа од претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, од претседателот на Република Албанија, Илир Мета, од претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, како и од претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, од претседавачот со Претседателството на БиХ, Милорад Додик, од претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ и од претседателот на Република Словенија, Борут Пахор. Писма со честитки до претседателот Пендаровски упатија и Императорот на Јапонија, Кралот на Шведска, Кралот на Холандија, Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Кралот на Мароко, Кралот на Саудиска Арабија, Емирот на Државата Катар, Емирот на Кувајт, Султанот на Оман, апостолскиот нунциј на Светот Престол,  Генералниот Гувернер на Австралија, претседателот на Федеративна Република Бразил, претседателот на Арапската Република Египет, претседателот на Република Тунис, претседателот на Република Куба, претседателот на Република Ерменија, претседателот на Виетнам, претседателот на Грузија, претседателот на Белорусија, претседателот на Узбекистан, претседателот на Република Замбија, Големиот Господар на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта.  

Македонија | пред 6 години

jugo

(ФОТО) Југо излета од патот Тетово – Скопје, двајца повредени

Две лица се повредени кога изутринава југо со кој се превезувале, од засега непознати причини, излетал и се превртел покрај автопатот Тетово-Гостивар. Несреќата се случила на околу еден километар од наплатната рампа кај во Тетово.Освен полицијата, на местото на настанот биле забележани и противпожарни екипи и возила на Брзата помош.фото: alsat-m.mk 

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Скопјанец превезувал 40 мигранти од Пакистан, Сирија, Египет

На 13.06.2019 година околу 14.30 часот на регионалниот пат Штип - Радовиш, на место викано „6-ти километар“, полициски службеници запреле товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(46) од с.Петровец, скопско.При контрола во возилото биле пронајдени 40 мигранти (26 од Пакистан, 10 од Сирија и 4 од Египет), од кои 12 се малолетници. З.П. бил приведен и задржан во Полициската станица Штип, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

zadusnica

Задушница е молитвено застапништво за починатите, а не во тоа колку количество храна ќе се раздаде на гробиштата

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот ден е Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите.На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.„Молитвата и милосрдните дела се најпотребното за спасение на душите на покојниците но и за нашите души. И само еден гладен да нахраниме, сме направиле повеќе отколку сите формални процедури и обичаи да ги извршиме и најбогатите трпези на светот да ги поставиме врз гробот, за да јадат само оние кои се веќе најадени и не страдаат од глад“, пишува „Покајание.мк“.Во земјава има и чудни овичаи и адети поврзани со овој ден.Според обичајот, во одредени краишта од земјава  уште в сабота навечер се оди гробиштата, за да преноќат, а другиот ден ќе делат и ќе оставаат храна на гробовите. На тој начин сметаат дека им оддале почит на починатите. Теолозите, пак, нагласуваат дека овие наследени адети меѓу луѓето се пренесуваат со генерации и претставуваат суеверие.Свештениците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија веќе неколку години апелираат верниците да ги напуштат овие обичаи и да му се посветат на христијанскиот начин на одбележување на задушница и Духовден. Велат дека верниците треба да ги слушаат свештениците, кои изминатите години постојано зборуваат дека задушницата се состои во молитвено застапништво за починатите, а не во тоа колку количество храна ќе се раздаде на гробиштата.Духовден, пак, се празнува три дена, а првиот ден од празникот секогаш е во недела. Според православната црква, постојат три задушници. Првата во годината е пролетната задушница, која се поврзува со почетокот на велигденски пост, односно саботата пред почетокот на постот. Потоа, следува духовденската задушница, која се одбележува во саботата пред празникот Духовден, односно на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. На крајот од годината следува митровденската задушница, пред празникот Митровден. 

Македонија | пред 6 години

zemjotres

Земјотрес со јачина од 3.7 степени почувствуван во Охрид и Струга

Земјотрес со јачина од 3.7 степени по Рихтер, во 2.21 часот е почувствуван во Охридско струшкиот регион.Епицентарот на земјотресот е 3 километри источно од селото Мислешево на длабочина од 2 километри.

Македонија | пред 6 години

viktor-kamiloski

Проф Др Виктор Камилоски со својот тим за првпат во Македонија и во регионов изврши прecадување на кocкено ткиво

На Универзитетската клиниka за хиpyршки болecти „Свети Наум Охридски“ -Скопје првпат во Македонија и во регионов е направено ткн ayтологно прecадување на кocкено ткиво и кocкена cpцевина, интpaмедуларно (од кocкениот канал) од едната нога на другата кај 22-годишна пациентka повpeдена во сообраќајна нeзгoдa со тешка ckршеница на бутната кocка, објави infomax.mk.Со ова слободно можеме да кажеме дека со овој тип на операциja изведена од тимот на Проф Др Виктор Камилоски искусен и признат тpaуматолог кој ја изведе ова комплицирана операциja ќе и овозможи на пациентkaта нормално функционирање на повpeдента нога без да инвaлидитет однсно слободно движење без патepици или инвалидckа количка.Текстот во целост на: infomax.mk

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Контрола во Штип на возила за јавен превоз, од 92 автобуси дури 61 упатени во Станица за технички преглед

На 12.06.2019 година во периодот од 08 до 13 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на техничка исправност на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, контролирани се 92 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, а 61 биле упатени во Станица за технички преглед.При контролите констатирано е дека четири имаат неисправен уред за запирање, кај две неисправен бил уредот за управување. Санкционирани се и 35 останати прекршоци.

Македонија | пред 6 години

IMG_3229

(ВИДЕО) Заев за средбата со Меркел: Канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното

„Со канцеларката Меркел имавме срдечна и пријателска средба, каква што личи меѓу земји стратешки партнери по многу прашања од заеднички интерес. Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на унијата, истакна премиерот заев по средбата со канцеларката на СР Германија Ангела Меркел.Премиерот додаде:На средбата канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно. Од наша страна потврдивме дека Република Северна Македонија има целосна доверба во канцеларката Меркел и ја поддржува нејзината политика за процесот на проширување на ЕУ, како и нејзината политика кон Западен Балкан.На средбата нагласивме дека радува фактот што Министерството за надворешни работи на СР Германија има позитивен став за нашата земја во однос на започнувањето на преговори за членство во ЕУ, и дека треба да се испочитуваат процедуралните постапки и демократските процеси кои ќе овозможат Бундестагот да донесе позитивна одлука во септември.Силно сме уверени дека оваа година започнуваме преговори за членство со ЕУ и им се придружуваме на Србија и Црна Гора.“

Македонија | пред 6 години

pistoli

Отворена истрага за скопјанец во чиј дом беа пронајдени дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривични дела – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 11 јуни, во својот дом на улица „Христофор Жефаровиќ“ во Скопје, неовластено заради продажба држел наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 11,45 грама, спакувана во 27 полиетиленски пакувања. Истовремено, во домот на осомничениот биле пронајдени и 0,62 грама психотропна супстанца 3,4 – метилен – диоксиметамфетамин. Тој неовластено кај себе држел и полуавтоматско кусо огнено оружје – пиштол марка CZ100 со калибар од 9мм, десет куршуми муниција за тоа оружје, како и 14 куршуми муниција за автоматско огнено оружје кое им е забрането на граѓаните.Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд во Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. 

пред 6 години

03-1

Заев на ФБ: Уверени сме дека Северна Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ оваа година

Премиерот Зоран Заев по средбата со канцеларката на СР Германија Ангела Меркел, на социјаланта мрежа фејсбук напиша:Канцеларката Меркел нѐ информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата. На средбата канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно.Во СР Германија, како и во другите земји членки, неоспорно се признаени резултатите од реформите кои се потенцирани во извештајот на Европската Комисија и дека позитивно се гледа на препораката на ЕК за започнување на преговори за членство во ЕУ.

Македонија | пред 6 години

02

(ВИДЕО) Заев: Уверени сме дека Северна Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ оваа година

Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со заменик претседателот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска беа примени од канцеларката на СР Германија Ангела Меркел.Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата. На средбата канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно.Премиерот Заев на средбата рече дека Република Северна Македонија има целосна доверба во канцеларката Меркел и ја поддржува нејзината политика за процесот на проширување на ЕУ, како и нејзината политика кон Западен Балкан.Беше истакнато дека СР Германија е наш стратешки партнер со кој заедно работиме на политиките за помирување на Западен Балкан, на стабилизацијата на регионот и на обезбедување економски напредок и демократска трансформација, процес којшто ќе заврши со нашето интегрирање во ЕУ.Претседателот на Владата на РСМ Заев, на средбата нагласи дека радува фактот што Министерството за надворешни работи на СР Германија има позитивен став за нашата земја во однос на започнувањето на преговори за членство во ЕУ, и дека треба да се испочитуваат процедуралните постапки и демократските процеси кои ќе овозможат Бундестагот да донесе позитивна одлука во септември.На средбата на делегацијата на Владата на РСМ во Берлин, се потврди дека во СР Германија, како и во другите земји членки, неоспорно се признаени резултатите од реформите кои се потенцирани во извештајот на Европската Комисија и дека позитивно се гледа на препораката на ЕК за започнување на преговори за членство во ЕУ. Силно е уверувањето дека оваа година започнуваме преговори за членство со ЕУ и им се придружуваме на Србија и Црна Гора.

пред 6 години

velosiped-3

(ФОТО) „Гигански велосипед“ поставен во Скопје, целта е да се подигне видливоста на проблемот со крадењето велосипеди

Урбаната уметничка акција - Гигански велосипед, акцијата има цел да ја подигне видливоста на проблемот со крадењето велосипеди во Македонија, проблем кој тангира преку 150 000 граѓани кои го користат велосипедот како еколошко, здраво и функционално превозно средство.За жал многумина велосипедисти изминативе години останаа без своите велосипеди кои организираните крадци на велосипеди ги крадат секаде и во секоја прилика .Проценките се дека изминативе 10 години се украдени над 70 000 велосипеди односно на скоро секој велосипедист му е украден најмалку по еден велосипед. Полицијата засега не е успешна во оваа борба и се пронаогја секој 1000ти велосипед.Велосипедот е изработен од метал и е со димензии 3 х 1.8 метри.

Скопје | пред 6 години

katica-kulavkova

Академик Ќулавкова: Кога ја релативизирате важноста на Гоце Делчев, вие заправо ја повредувате ХИМНАТА на македонската држава

Академик Катица Ќулавкова, преку твитер го искажа свој став околу целокупната ситуација за револузионерот Гоце Делчев и неговата вистинска националност, по изјавите на неколку бугарски функционери.Ќулавкова на Твитер напиша:„Кога ја релативизирате важноста на Гоце Делчев, вие заправо ја повредувате ХИМНАТА на македонската држава, оти Гоце е дел од химната, а химната е симбол на државноста, па вие, всушност, ја омаловажувате сопствената држава Македонија“, напиша Ќулавкова на Твитер.

Македонија | пред 6 години

Zaev_Merkel

Заев се сретна со Меркел,изјава од премиeрот во текот на денов

Премиерот Зоран Заев утрово се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел. Неофицијално средбата траела 40-тина минути.  По состанокот не беа предвидени изјави за медиумите. Тој е во посета на Германија од вчера, а денеска му се придружиja вицепремиерот Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров.Засега нема ниту официјални ниту неофицијални информации за исходот од состанокот од кој се очекуваше одговор на прашањето дали С. Македонија може да се надева на одлука за почеток на преговори за членство во ЕУ летово или наесен.Подоцна во денот е најавена изјава од премиерот Заев.

Македонија | пред 6 години

B75B4DBE-0AA2-4DE6-BA46-D528B376916B

МВР за сообраќајната несреќа во која загинаа две лица

На 12.06.2019 година во 22.00 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(21) од с.Батинци, скопско и патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(48) од Скопје.Двајцата возачи починале на местото на настанот. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања