„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

filip-intervju-3

(ВИДЕО ИНТЕРВЈУ) Стефаноски: Достигнавме бројката од 1 милион гости годишно, што значи имеме напредок, но сепак сме многу далеку

Успех за почит. „DMC Balkans Travel & Events“,најдобар тур оператор на „World Travel Awards“. Младиот, амбициозен и неуморен Филип Стефаноски менаџер на „DMC Balkans Travel & Events“, заедно со тимот од туроператорот DMC Balkans кои  работат  на рецептивен туризам, уште еднаш покажаа дека „DMC Balkans Travel & Events“, точно знаат што му треба на Охрид и како да го претстави нашиот град. Ова е второ признание од глобалната манифестација „World Travel Awards“, што значи дека „DMC Balkans Travel & Events“, станува препознатилива агенција во светски рамки со докажан квалитет и реализација на ветувањата за туристите во целост.Стефаноски открива како се качува кон врвот. Тој отворено зборува за проблемите со кои се соочува Охрид и земјава, што треба да се направи и како да се оди напред.Дојдовниот туризам е многу потежок, бидејќи ние имаме сериозни конкуренти од многу развиени туристички држави. За да успееш да ги донесеш гостите во Македонија, треба да се работи многу и да се понуди квалитет. Ние како компанија, понудивме нешто многу поразлично од другите компании и се пробивме на пазарот. Ние носиме Турски, Азиски државјани, а оваа година почнавме да работиме со Централна и Источна Европа, Скандинавија, а посебно удривме акцент на Азискиот пазар, Малезиски гости, Сингапур, Тајван, Кина, се гостите кои ги носиме во Македонија, заедно во пакет со балканот. Оваа година очекуваме да донесиме над 20 000 гости.Стефаноски додава дека статистички бројот на странски гости во државава расте, а на домашни опаѓа.Ние треба да си ги мотивираме нашите домашни гости, да го посетат, Охрид, Преспа, Дојран со некоја мотивација и некое субвенционирање за нив, со различни цени од странските за да ги повлечиме повторно, вели Стефаноски.Тој додава дека земјава ја достигна бројката од 1 милион гости годишно, што значи имеме напредок, но сепак сме многу далеку.Уште многу, многу треба да работиме , за да достигнеме една бројка која е многу сериозна. Еве во Мадеира годишно доаѓаат 8,5 милиони гости, и таму има само хотели, не се градат згради и сите граѓани од тој остров живеат од туризмот, вели Стефаноски.Според менаџерот на „DMC Balkans Travel & Events“,ние како земја, мора да направие долгорочна стратегија за тоа како да го развиеме туризмот во Македонија.Ние не можеме да имема масовен туризам затоа што немаме доволно гости, а за елитен треба многу повеќе од тоа што го нудиме во моментов. Да инвестираме, во квалитет, во кадарот и во образованието на туристичките работници, бидејќи имеме недоучени туристички работници, со нула пракса, вели Стефаноски. Во продолжение интервјуто со Филип Стефаноски  менаџер на „DMC Balkans Travel & Events“. 

Македонија | пред 6 години

duhovden

Денес е Духовден: Слегнување на светиот дух

Денеска е Духовден – Слегување на Духот Свети (Прв ден).Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици. Тоа е конкретниот настан. Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време, па се до денес не ја напушта црквата. Духот е критериум за се што се случува во црквата и на општ и на личен план. Во таа смисла, Духот од оној ден во Ерусалим непрестано слегува врз црквата на Литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен.На празникот на Симнувањето на Светиот Духна апостолите, подот во храмовите се покрива со трева, покрај ѕидовите се ставаат гранки од липа или друго дрво, а иконите се китат со цвеќе.На овој празник редовно му претходи задушница што се празнува во саботата пред Духовден, кога се изведуваат повеќе обичаи што им се наменети на покојните претци. Овој ден меѓу народот е познат и под името „Мртва сабота“.Овој празник уште се вика и Света Тројца зашто на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со одобрение на Богот-таткото се исполнило ветувањето на Богот-Син дадено пред апостолите дека ќе им го испрати Светиот Дух. Со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите тие се исполниле со љубов кон Бога и со желба да го величаат. Овој чин се смета за основање на Христијанската црква.Празникот Духовден нашиот народ го смета за голем празник. Тогаш не се работи, се оди во црква, се изведуваат некои обичаи, а во некои места попладнето се оди на оро. Во некои места се изведува и обичајот Скрсти со кој се моли за дожд и родна година.Во народното верување овој празник најповеќе се поврзува со душите на умрените. Се верува дека од Велигден до Духовден душите на умрените се слободни. Кога ќе се рече Ристос воскресе на Велигден се отворале вратите на рајот и пеколот и душите рисјански летнувале по небото и најповеќе застанувале по цветовите на дрвјата. Се вели уште и дека на Духовден мртвите разговарале па кој сакал да ги чуе, да го ставел увото на некој гроб ќе слушнел како шепотат како пчели кога брмчат.А бидејќи душите на мртвите се слободни во овој период и бидејќи им е мило да се покрај своите, луѓето им приредуваат гозби. Особено тоа го прават на Задушница, саботата пред Духовден. А кога ќе дојдел овој празник, како што запишал М. Цепенков, „веќе ќе и спотераат анѓелите да и носат пак на небеси, да и затворат во рајот“. И Е. Спространов запишал дека на овој ден затоа што тогаш се затвора рајот мртвите ги мамеле со ореова гранка. Што се однесува до употребата на ореови гранки на овој ден треба да се напомене дека во народните верувања уште од претхристијански времиња оревот имал привлечна сила за душите на умрените поради што се користи во обредите на овој ден. Ставањето на ореови лисја во алиштата на овој ден има и практична цел, заштита од молци.На Духовден се раздава „за душа“. Тоа се прави и за да се задоволат мртвите зашто пред да бидат затворени треба да бидат убаво нахранети. Поради тоа човек не смее ништо да јаде додека не раздаде нешто за „задуша“. Народот верува дека на овој ден душите на мртвите се причестувале поради што луѓето раздавале за „бог да прости“ за да имаат тие со што да се причестат. Тие меѓу себе се прашувале: „Ти се причести?“ – „Не се причестив!“ А не се причестувале зашто некој од роднините јадел пред да раздаде. Во тие случаи додека другите се гоштевале на софри, овие за кои немало раздадено седеле на страна „умилн’ти“.Духовден се празнува три дена.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still138

(ВИДЕО) Се запалија стари гуми кај Бејбунар во Охрид

Поголема количина стари гуми пламнаа рано утрово во местото викано Бејбунар во Охрид.Интервенирала и „Пожарната“ која успешно го изгасила огнот.

Македонија | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Предлог за притвор за лицето кое уби мајка на малолетни деца, делејќи физичка пресметка на двајца братучеди

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице заради постоење на основано сомневање дека сторил едно кривично дело- Убиство од член 123 став 1 и едно кривично дело- Убиство во обид, предвидено и казниво по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Во текот на вчерашниот ден, по вербална расправија и физичка пресметка на двајца братучеди во населбата Шуто Оризари, осомничениот со нож влегол во куќата на оштетните, со цел да го лиши од живот својот братучед. Удирајќи го со нож во пределот на градите и абдоменот му нанел две убодни рани. Со намера да ги раздвои, меѓу двајцата братучеди застанала сопругата на оштетениот при што осомничениот замавнал со ножот и и задал удар во пределот на срцето од кој удар кај оштетената настапила смрт.Имајќи ги предвид видот и тежината на кривичните дела што се ставаат на товар на осомничениот, како и тешките последици од настанот во кој без никаква вина во својот дом, мајка на малолетни деца го изгуби својот живот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. 

Скопје | пред 6 години

zaev-devojka

(ВУДЕО) Заев: „Европа е најсекси девојка во Светот“

Веруваме во европските вредности и можеме многу да дадеме на Европа, изјави премиерот Зоран Заев на форумот Европа – Вахау, во Австрија. Заев додаде дека Европа мора да ги отвори вратите и дека очекува до крајот на оваа година земјава да добие датум за почеток на преговорите, објави ТВ 21.тв.-Сакаме да ги почнеме преговорите, односно да продолжиме со мотивацијата на ЕУ и да ја докажеме нашата земја. Во минатото Балканот беше темпирана бомба, но сега многу нешта се сменија. Сѐ повеќе сме Европјани. Преку овие промени, многу нешто се случија, само поради една причина, која ја спомна комесарот Хан, односно поради силата на ЕУ. Таа нѐ привлекува, нѐ води и нѐ мотивира. Европа треба да остане најсексапилна девојка во светот, која ќе нѐ мотивира да продолжиме во овој правец“, рече Заев. 

Македонија | пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски кажа како избегал од Македонија

Бегалецот Никола Груевски му се обрати на премиерот Зоран Заев порачувајќи му да не прави сценарија за тоа како тој избегал. Груевски преку социјалните мрежи објаснува дека државата ја напуштил многу лесно и едноставно.Еве што напиша Грувски на социјалната мрежа фејсбук:„ХАЈ ГУДБАЈНашиот премиер деновиве е ептен ХАЈ 😎Најави човекот уште пред една година, откако започна фамилијарен бизнис со садење марихуана за медицински цели, па ни објаснуваше дека треба да ја легализираме марихуаната за да бидеме сите ХАЈ како што според него биле во Амстердам...Пред неколку дена, кога беше помалку ХАЈ, на Тв 24 кажа: “карикирам, можеби Груевски влегол во багажник на кола во подрум". Тоа беше во духот на она од ноември лани дека “можеби" сум бил киднапиран. Неколку дена потоа за интервјуто за ФАЦ во Берлин му се видело ХАЈ ако ги исфрли првите два збора, “карикирам”и “можеби”.Јас знам дека во животот напамет не ми паднало да влегувам во багажник за било какви цели. Вистината ја знае и Заев. Заминав бидејќи во Македонија се водеа политички мотивирани процеси против мене во кои што однапред се знаеја пресудите нарачани од него лично, иако не постоеја никакви правни аргументи, никакво сторено кривично дело а според тоа ни докази. Заминав бидејќи во затворот ми подготвуваа линч. Вистината е дека заминав многу лесно и едноставно, а тој пред некој ден потроши четвртина од емисијата за отчет говорејќи за мене и како сум заминал, со лажење и фантазирање. Па потоа почна да го лаже и светот преку меѓународните медиуми.Гледате, тој замислил дека сум заминал, како што неодамна слушнав дека кога беше во опозиција него го носеле и враќале тајно во една соседна држава ,,на консултации,,. Секој си тргнува од себе. Па веројатно си рекол: “ако можев јас да влегувам во багажник за да го сменам името, историјата и идентитетот, зошто пак не тој затоа што не ги смени👀 ...”.Ама “ХАЈ”треба да знае дека се ближи време за ГУДБАЈ. Оти народот не е баш ХАЈ и разбира дека нашиов “ХАЈ” штом отвори уста-лаже. Лаже полесно од што дише. Всушност не лаже само кога молчи 🤐. А најточно веројатно се изразуваат оние кои најдобро го разбираат и најдолго го знаат, струмичаните, кои велат “многу му меле устата".П.С. Насловот е позајмен од наслов на роман од Божин Павловски каде насловот нема исто значење ниту поврзаност со нашиот "јунак"“, напиша екс премиерот Никола Груевски на ФБ.https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157461113532716

Македонија | пред 6 години

saso-tasevski

Тасевски: Ако ги попишете Гоце, Јане, Даме, Ѓорче, Климент, Наум, како Бугари, ќе ја пееме ли химната со тралала?

Актерот и поранешен директор на „Драмски театар“, Сашо Тасевски, реагира на отсуството на одговор на македонските власти на бугарските ултимативни барања и Гоце Делчев да се прогласи за Бугарин.-Ако ги попишете Гоце, Јане, Даме, Ѓорче, Климент, Наум, како Бугари, ќе мора да ги преименувате сите топоними и имиња на школи, булевари, универзитети, кои ги носат нивните имиња. А бе химната ќе мора да ја смените. Нема веќе оној стих Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев... Ќе мора да го пееме со тралала... Делчево нема да може да се вика така, ако му остане името ќе биде бугарски град. На населбата Даме Груев, ќе мора да и го вратите старото име Гологузица. Сите споменици со овие дејци ќе мора да ги отстраните, зашто нема да бидат наши. Ако не ги смените имињата, ако останат исти, а тие важни личности ги попишете како Бугари, ќе потпишете и дека Македонија е бугарска покраина. Дали сфаќате колку сте имбецилни? , напиша Тасевски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

praski

Претставници од МЗШВ на средба со производителите на праски и откупувачите

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија денеска во Росоман имаа работна средба со градоначалникот на општината Бранко Јанев. На средбата присуствуваа и претставници од компаниите извозници на праски и производители на праски, а се разговараше за состојбата со откупот, цената и извозот на праски.Според информациите од терен, на средбата беше констатирано дека извозот се одвива непречно и праските се извезуваат во Русија, Иран, Белорусија, Косово. Воедно на средбата беа презентирани предлози за подобрување на соработката помеѓу производителите и откупувачите и договорена е средба во поширок состав, на којашто од страна на производителите ќе се претстават предлозите за партнерство помеѓу нив и откупувачите.Во меѓувреме инспекторите од ДИЗ се постојано на терен за да се следи откупот и да не се манипулира со откупната цена и со белешките што им се издаваат на овоштарите при откупот. ДФЛ работи со доволен капацитет за извршување на редовните анализи кои се потребни за непречен извоз.Следната недела МЗШВ ќе има средба и со компаниите од индустријата за да се договори откупот на праски за преработка, а ќе продолжи комуникацијата со земјоделците и откупувачите, со цел да има поблиска соработка, што ќе резултира со откуп на целокупната произведена количина на праски.

Македонија | пред 6 години

minare-ohrid-alipasina-dzamija-2

Турската амбасадорка Карапри: Сон на претседателот Ердоган беше реконструкцијата на Алипашината џамија - тој ќе дојде на отворањето

Турската амбасадорка Тулин Еркал Карапри, денеска ја посети Али пашината џамија во охридската чаршија. Таа кажа дека реконструкцијата на овој верски објект бил сон на турскиот претседател реџеп Таип Ердоган. Токму поради тоа, Ердоган лично ќе присуствувал на свеченото отворање на реконстриураната џамија.Се работи на усогласување на термин кој одговара на сите претседателот Ердоган заедно со македонскиот државен врв да присуствува на свеченото отворање на реконструираната џамија во Охрида, истакна амбасадорката Тулин Еркал Карапри.Знаеме дека за реконструкцијата на Али Пашината џамија во Охрид имаше протокол потпишан од двете земји. Иако имаше одредени ситни забелешки, мислам дека реконструкцијата е направена максимално верна на оригиналот. Имам информација дека тука имало одредени реакции во јавноста поврзани со изградбата на џамијата, но се потрудивме да се придржуваме до проектот предвиден со протоколот, додаде Еркал Кара.Амбасадорката додаде дека генералното муфивство на Турција преку „ТИКА“, која ја финансира и реконструкцијата на Али Пашината џамија во Охрид,  има реконструирано над 1000 верски објекти во Македонија. 

Македонија | пред 6 години

lorenco

Ал Џезира: Македонија на добар пат кон ЕУ, Албанија заостанува

Северна Македонија ќе ја добие поддршката на земјите членки на ЕУ за почеток на преговорите кон крајот на оваа година, тврдат неименувани дипломати за повеќе медиуми, пренесува Ал Џезира.Но, тоа не може да се каже за Албанија која заостанува и за која негативно се изјаснуваат Германија, Франција и Холандија.Згора на тоа, Холандија веќе покрена институционална постапка за враќање на визите за Албанците.Настојувањето на дипломатите е Македонија да добие датум за преговори во септември и да се раздвои од пакетот со Албанија.,,Македонија направи историски чекор со промена на името и тоа ќе биде соодветно вреднувано“, изјавил неименуваат дипломат, пренесува Ал Џезира.

Македонија | пред 6 години

krstevka

Доколку свештеници од СПЦ бараат награда за венчавка, погреб, крштевка може да ја изгубат службата, кај нас пак има ценовник за секоја услуга

Од минатата година Доколку свештениците на СПЦ бараат награда за венчавка, погреб, крштевка или осветување на вода, може да добијат опомена, укор, преместување во друга парохија, а во најлош случај и да ја изгубат службата. Вака одлучи Српската православна црква уште минатата година и оваа одлука се почитува во целост.Додека во СПЦ свештениците го почитуваат правилото, кај нас нештата се многу поразлични. Во Македонската православна црква постои  ценовник за секоја услуга.Граѓаните се најреволтирани за цената за погреб и задушница. Тие велат дека можат да разберат до некаде да се плаќа за венчавка или крштевка, но за погреб е малку чудно. Затоа што ова е чин кој мора да се изведи без разлика дали семејството има пари или не.

Македонија | пред 6 години

popis

Започна пробниот попис, власта и опозицијата со спротивни ставови

Започна пробниот попис на населението, становите и домаќинствата во 13 општини во земјава, меѓу кои се по два пописни круга во Прилеп и во Општина Долнени. Власта и опозицијата сѐ уште не го усогласија предлог законот за попис.Пробниот попис започна без усогласен закон меѓу власта и опозицијата.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека предложениот закон е спорен и дека истиот тој е производ на договор меѓу СДСМ и ДУИ. Бараат и со нив да бидат извршени консултации. Директорот на заводот за статистика уверува дека пописот ќе се спроведе во согласност со европските стандарди.Во пописот неможе да бидат попишани лица кои немаат државјанство.Пилот проектот за попишување ќе се спроведе во 32 пописни кругови  и тоа во Гостивар, Кисела Вода, Зелениково, Штип, Радовиш, Куманово, Свети Николе, Кратово, Прилеп, Долнени, Струга, Кичево и Валандово. А пописот на населението, домаќинствата и становите треба да се реализира во април  2020 година.Македонските граѓани последен пат се попишале во 2002 година. Обид за попис имаше и во 2011та но поради серија проблеми оваа операција не се реализира.

Македонија | пред 6 години

registracija

Општините Демир Хисар и Крушево добија сопствени регистарски ознаки (DH) и (KS)

Министерството за внатрешни работи излезе во пресрет на граѓаните на општина Демир Хисар и општина  Крушево и го одобри барањето за добивање  на сопствени регистарски ознаки на возилата. Донесена е одлука за изменување на правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивни ознаки кој е објавен во Сл. весник на Република Северна Македонија бр. 116 од 07.06.2019 година и стапува во сила осмиот ден од  денот на објавувањето. За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е DH, а за регистарското подрачје Крушево ознаката  на регистарските таблици е KS.

Македонија | пред 6 години

rama

(ВИДЕО) Нападнатo возилото на Еди Рама: Полицијата едвај ги сопре гневните демонстранти

Демонстрантите го нападнаа со камења конвојот со кој се пренесуваше албанскиот премиер Еди Рама во Либразжд. Полицијата имаше потешкотии да ја сочува толпата од запирање на конвојот на Рама.  Премиерот Рама избегна посериозен инцидент кога колоната возила, меѓу кои беше и неговото, со камења беше нападната од толпа граѓани. Инцидентот се случи во градот Либражд, во непосредна близина на македонската граница, а возачот на Рама успеал да се извлече користејќи споредни патчиња.

Свет | пред 6 години

zaev-gruevski

Заев: Груевски побегнал криејќи се во багажник од автомобил

Во интервју за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг, премиерот Зоран Заев тврди дека Никола Груевски избегал од земјава сокриен во багажникот на автомобил.Заев тврди дека ја знае траекторијата на движењето на поранешниот премиер во клучните часови на бегството од земјата.„Со лифт се симнал во подрумот, а потоа се сокрил во багажникот на автомобилот со кој бил изнесен од земјата. Во Албанија веднаш по минувањето на границата, го чекало унгарско дипломатско возило“, изјави премиерот.Ова е прв пат носител на висока политичка функција во земјата да проговори за бегството на Груевски, со оглед на тоа што од обвинителството досега никој не кажал ништо за тоа како пребега Груевски.Официјално, засега енигма како Груевски пребега од земјава.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања