„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

el-ceka-696x454

Братот на Ел Чека до Спасовски: Истото дело што го направи брат ми, го направи и Заев

Братот на Ел Чека, човекот кој од Чикаго ги објавува таканаречените „бомби“ за ДУИ, се обрати до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку албанскиот портал „Лајмпрес“.„Сакам јавно да му кажам на Спасовски за налогот за апсење издаден против мојот брат, треба истиот налог за апсење да го издаде и за неговиот лидер Зоран Заев. Мислам дека зборуваме за истото дело, како што ги објави Зоран Заев, истото го стори и мојот брат Ел Чека. Законот треба да биде ист за секоја личност, без разлика на која позиција е“, пишува Лајмпрес.Ова момче деновиве е актуелно со „бомбите“ на албански јазик во кои таргет се членови на ДУИ. Ел Чека тврди дека „бомбите“ ги добил од членови на Кумановската група.

Македонија | пред 6 години

soobr1

Сообраќајка на патот Крива Паланка - Куманово

Сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило и автобус се случила попладнево на патот Крива Паланка -КумановоВо несреќата, според првичните информаци од полицијата, нема жртви.Од АМСМ информираат дека поради несреќата, сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кај месноста Руловица, од 18 : 40 часот се одвива наизменично.

Македонија | пред 6 години

pino-696x480

Осомничениот за убиството на Пино му пукал со пушка во глава

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за убиство на Пинета Секондо, кој од декември минатата година е пријавен за исчезнат. Јавниот обвинител побарал притвор против осомниченото лице.-Осомничениот, 27-годишен жител на Скопје, делото убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик го сторил на 11 декември 2018 година, околу 2 часот, откако претходно се сретнал со сега починатиот. Тие заедно со патничко моторно возило „опел аскона“ пристигнале во атарот на село Арачиново во Скопје. Осомничениот извадил огнено оружје – пушка и го застрелал оштетениот во пределот на главата. Од нанесените повреди Секондо веднаш починал.  По стореното дело, во обид да се скријат трагите, телото на починатиот било пренесено во село Љуботен, каде е оставено во дупка и покриено со ќебе. Осомничениот се дал во бегство и во моментов е недостапен за органите на прогонот.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување на мерката притвор против осомничениот.

Македонија | пред 6 години

pino

Пронајдено е телото на исчезнатиот Пино

МВР попладнево соопшти дека е пронајден скелетот на исчезнатиот Пинета Секондо и дека се работи за убиство. Според МВР, извршители на убиството се млади момче и девојка со иницијали Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22) од Скопје.-На 31.05.2019 година Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM. Имено, се работи за убиство на Пинета Секондо, кој на 11.12.2018 година од страна на неговата мајка, бил пријавен за исчезнат во ПС при СВР Скопје. На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда при СВР Скопје од страна на граѓанин пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења. По преземени оперативно тактички мерки дојдено е до сознание дека извршители се горенаведените лица, по што добиена е Наредба за претрес во дом и други простории од Основно јавно обвинителство Скопје и извршен е претрес во домовите на пријавените како и на уште две лица, роднини на првопријавениот. Во домот на првопријавениот пронајдени се СИМ картици, лични документи, мобилен телефон, УСБ, мемориска картица, една фантомка и возило Опел Аскона. По Ф.А. распишан е централен распис. На 30.05.2019 година второпријавената А.Ѓ. е лишена од слобода во просториите на СВР Скопје, соопшти МВР.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во недела во посета на земјава доаѓа Столтемберг со 29 амбасадори на земјите членки на НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и Северноатлантскиот Совет на 2 и 3 јуни ќе ја посетат земјава.Во недела прво ќе допатува Столтенберг и неговиот кабинет, а час подоцна со друг авионски лет и останатите членови на делегацијата која брои околу 40 луѓе, меѓу кои и 29 амбасадори на земјите членки на НАТО.Тие ќе имаат средби со државниот врв во врска со процесот на реформите и пристапување на земјата во АлијансатаНа состанокот на Северноатлантскиот совет очекува да се говори за интеграцијата на земјава во НАТО, но и за напредокот на реформите, меѓу кои и тие во сферата на правосудството. Во интервјуто за МИА Столтенберг говори и за значењето на учеството на Северна Македонија на состаноците на Алијансата, но и за натамошниот развој на настаните во спорот меѓу Белград и Приштина.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Автобус на ЈСП излетал од патот, повреди тројца од патниците

На 30.05.2019 година во 18,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Д.Матка-с.Г.Матка автобус “Јутонг“ на ЈСП, управуван од М.Б.(55) од Скопје излетал надвор од коловозот.Во незгодата со повреди се здобиле патниците М.И.(59), С.И.(31) и А.Х.(22) сите од с.Матка-скопско и биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

OHRID_TRCAT-1

Се е подготвено за третото издание на спортската манифестација „Охрид Трчат“

Над 1500 учесници ќе бидат дел од главните трки, на овогодинешното издание на Спортскиот атлетски викенд „Охрид Трчат”.Стартот на официјалната програма ќе биде означен со Ноќната трка која ќе се одржи вечерва со почеток во 21 часот. Главните трки на 5 и 10 километри кои ги вклучуваат и тим билдинг трките ќе се одржат во недела на 2-ри јуни. Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, смета дека спортската манифестација „Охрид Трчат” прераснала во своевиден спортски бренд и го поставила Охрид на мапата на врвни спортски настани.-Заложбите на организаторите и креативниот тим, кои стојат зад идејата и концептот на целокупната маратонска програма, ги препозна и несебично ги поддржа Општина Охрид како и бројни компании и фирми. Бројката од над 1500 пријавени учесници, кои викендов ќе трчаат на отворено по дефинираните тркачки траси низ Охрид, даваат јасен сигнал дека целта е постигната и дека третото издание на „Охрид Трчат” ќе биде еден вистински спортски спектакл, истакна Георгиески.Тој очекува, овогодинешното издание на охридскиот атлетскиот викенд да донесе исклучително спортско уживање за сите учесници и дека ќе биде вистинско спортско доживување за сите љубители на спортот, кои ќе бидат дел од публиката.-Пораката за поголема афирмација и промоција на трчањето и здравите спортски навики, кои се главна цел на „Охрид Трчат” и оваа година ќе биде гласно испратена. Се надевам дека оваа спортска манифестација ќе стане дел од една нова спортска традиција, по која Охрид ќе биде препознатлив на полето на спортот и дека истата ќе придонесе за промоција на потенцијалите за развој на спортскиот туризам. До сега имам изјавено многупати, но во оваа прилика, сакам уште еднаш да повторам, дека Општина Охрид и јас како Градоначалник ќе бидеме секогаш подготвени за соработка и за поддршка на вакви креативни идеи и настани, надвор од шпицот на летната сезона и настани кои можат да дадат придонес во туристичкиот развој и подобра промоција на Охрид како туристичка дестинација,потенцираше Георгиески.Од страна на Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – Сите за спорт“ кои се организатори на „Охрид Трчат”, денеска на Градоначалникот Георгиески му беше доделен неговиот учеснички број на трките.Освен организацијата на трките, како дел од  програмата од Охридскиот атлетски викенд, во рамки на утрешниот ден, предвидено е одржување на комерцијално Експо и Панел дискусија, на која ќе учествуваат организаторите на слични маратонски настани во регионотВо целокупната организација на „Охрид Трчат” оваа година се вклучени над 200 волонтери, а околу 60 лица ќе бидат задолжени за техничката организација. За здравјето на учесниците во трките ќе бидат ангажирани над 40 медицински лица, кои ќе бидат координирани од страна на охридскиот Црвен Крст. 

Македонија | пред 6 години

IMG_3476-2-min

Бектеши за „бомбите“: Не би коментирал нешто што е строго забрането со закон

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека не сака да ги коментира новите т.н. бомби од прислушувани разговори наводно на лица од ДУИ, кои беа пласирани на Фејсбук, со оглед дека таквото објавување е строго забрането со закон.– Не би сакал да коментирам за нешто што е строго забрането со закон. Што се однесува до бомбите, накратно сум слушнал некои. Тоа се приватни разговори како што можам јас со вас или кој било да комуницираме приватно, рече Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања.

Македонија | пред 6 години

20170524092354

ОЈО поднесе обвинение за четворица организатори на „27 април“

По повеќемесечна сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје, поднесе обвинителен акт против четири лица. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик. За две лица, кои во моментов се недостапни на органите на прогонот, постапката е запрена до нивно пронаоѓање.Наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите, на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ што кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието.Критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување на насилство. Во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети. Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност, со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот „Жена Борец“ донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард дисковите од собраниските камери. Со сите овие усогласени и поврзани дејствија и активности обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, а притоа дел од пратениците и новинарите се здобиле со телесни повреди.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите, додека за двајца обвинети предложи определената мерка притвор да биде заменета со мерка куќен притвор.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во сообраќајка тешко повреден синот на функционер

Синот на Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, е повреден во сообраќајна несреќа, дознава „Независен весник“.Четиринаесетгодишникот доживеал сериозен инцидент синоќа во Кавадарци со својот мотоцикл, а по судирот итно бил префрлен во болница.

Македонија | пред 6 години

el-ceka-696x454

(ВИДЕО) Ел Чека: Нема да престанеме се дури нема истрага за Диво Насеље од меѓународната заедница

Ел Чека, псевдонимот на човекот кој ги објавува бомбите, преку видео-порака се обрати на јавноста. Тој порача дека нема да престанат да објавуваат бомби, се додека нема истрага за Диво Насеље од Меѓународната заедница.-Материјалите ми се од Сами Укшини (командант Соколи), Ваљон Зека и Шек Халачи кои се во затворите на Македонија. Во случај мене ми се случи нешто, одговорноста ќе биде нивна. Чекавме четири години за да има правда. Поседуваме многу видеа и нема да престанеме се дури нема истрага од меѓународната заедница“, вели Ел Чека во својот видео-говор.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Од утре нема да може да се плаќа во готово над 500 евра

Од утре нема да може да се купува и плаќа во кеш за работи поскапи од 500 евра.Ова се однесува и на купувања во готово, односно сите производи чија цена е над 500 евра (во денарска противвредност) ќе можат да се купуваат само на картичка или со уплатница.Забраната важи и за физички и за правни лица. Казните за прекршување на Законот се од 5.000 до 80.000 евра.Од почетокот на годинава, дозволено беше плаќање во кеш на суми до 1.000 евра. Претходно, од јули 2018-та, износот беше ограничен на 2.000 евра.Целта на оваа мерка, според властите е да се заштитат трговците и државата од пуштање во промет пари со сомнително потекло и да се намали сивата економија. Ова наиде на противење кај трговците и стопанските комори дека тоа ќе го намали прометот. 

Македонија | пред 6 години

Ris-1-a-696x522

Украдени две камери со кои се следи рисот во НП „Маврово“

Непознати сторители украле две видео камери со кои се следи движењето на животните и рисот во националниот парк „Маврово“.– Во периодот од 29 март до 28 мај годинава засега непознати сторители одзеле две видео камери, кои биле поставени во атарот на село Требиште, во месноста „Солиште“. Одземените камери, сопственост на НП „Маврово“, се користеле во рамките на проектот „Заштита на балканскиот рис“ – стои во пријавата доставена до СВР Тетово.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВНИМАВАЈТЕ: Змија се вовлекла во кревет и каснала жена во Каварадаречко

Змија се пикнала во креветот на жителка на Кавадарци и ја каснала  пред спиење, додека 64 годишен маж од кавадаречко село исто така побарал медицинска помош поради змиско каснување. Првиот случај бил од пред околу две седмици, а вториот бил регистриран во вторникот изутрина околу осум часот. Оваа информација за МИА ја потврди Драган Димитров, раководител на Брза помош Кавадарци.– Змијата всушност им влегла дома најверојатно поради тоа што жената живее на приземје, па се сокрила во ќебето на креветот. Се случило кога домаќинката решила да си легне и да спие. Тогаш дошло до  каснувањето, жената навистина многу се исплашила кога ја запалила струјата и  ја видела змијата. Додека да ги викне најблиските, змијата избегала. Сега никој не знае каде е. Кавадарчанката веднаш дојде кај нас во Итната медицинска помош. Доби серум против змиски отров, имаше типично змиско каснување со два заба. Според неа, најверојатно се работи за поскок, раскажал докторот за МИА.МИА стапи во контакт и со синот на 64 годишникот кој бил каснат од змија во кавадаречко село.-Реновиравме во селото кај што живеат моите. Го менувавме кровот на куќата. Заедно бевме. Го собравме шутот, отпадот што беше испопаѓан од страните на куќата, ѓубрето, кое стоеше неколку дена во дворот. Го оставивме во приколка и тогаш забележавме дека во отпадот всушност од претходно се пикнала змија. Се се случи за миг. Таа  се почувствува загрозена и најверојатно за да се одбрани, го касна татко ми на раката. Два дена лежеше во кавадаречката болница, во ургентниот центар, за МИА  појасни синот кој живее во Неготино.Според него, била од оние змии кои во нивниот крај биле познати како брзострелки, а се движеле и по дрвја и по гранки. Тенки, долги околу еден метар, отровни.И жената и мажот, според зборовите на доктор Димитров,  сега се во добра состојба. Извор: МИА

Македонија | пред 6 години

milanka-2

(ФОТО) Охриѓанката Миланка Новеска - првенец на генерација на Академијата за музика во Букурешт

На свечена церемонија на апсолвентите во Академијата за музика во Букурешт - Романија,  охриѓанката Миланка Новеска, беше прогласена за за најдобар студент и првенец на генерација, при што и беше доделен медал од деканката на Академијата .Новеска им се заблагодари на присутните и поединечно посебна благодарност им искажа на професорката д-р Бјанка Манолеану и на нејзината соученичка и другарка Дијана Хуржа за несебичната помош и поддршка.Миланка е на крајот од последниот семестар на оваа  престижна Академија. Таа студира и работи. Ангажирана е како надворешен член во Комичната опера, а пее и во хорот на Романското национално радио. Моментално е ангачирана во операта ,,Волшебната флејта".

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања