„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

zoran-zaev-izjava

Ова е списокот со сите советници на Заев и нивните примања

Истражувачката репортерска лабораторија изминатите три дена објави серијал стории за надворешните соработници на премиерот Зоран Заев. Тој има вкупно 39 надворешни советници од речиси сите области – од економија, дипломатија, здравство, регионална политика, социјала, спорт, односи со јавноста итн. Меѓу нив има домашни и меѓународни истакнати професионалци, но и контроверзни ангажмани.Денеска е објавен целиот список на надворешни соработници кој ИРЛ го доби согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На листата се 40 надворешни соработници, а во меѓувреме професорот на Правниот факултет во Скопје Александар Спасов кој бесплатно го советуваше премиерот, премина во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

izet-medziti-696x398

Меџити: Заев и Ахмети 90% го имаат постигнато договорот за новиот формат на Владата

Лидерите на СДСМ и на ДУИ веќе 90 отсто го имаат постигнато договорот за новиот формат на Владата и во наредните денови се очекува да биде соопштен, најави потпретседателот на ДУИ Изет Меџити во емисијата „Патот кон“ која се емитува вечерва на телевизијата Алсат М.Според него, тоа треба да биде Влада „Заев2“, која би се концентрирала на економијата и на капиталните инвестиции.– Ако ме прашувате за имиња, не ги знам, вели Меџити.

Македонија | пред 6 години

DSC_8511

Заев: За време на Рамазанскиот пост да ѝ дадеме сила и на нашата заедница - една држава, едно општество на различни вери

По повод Светиот месец Рамазан, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев организираше ифтарска вечера на која присуствуваа Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, пратеници во Собранието, поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи, министри во Владата на РСМ, градоначалници од повеќе општини во нашата земја, ректори на државните универзитети, бизнисмени и претставници на стопанските комори како и претставници на граѓанските организации.По ифтарската вечера, премиерот Заев имаше свое обраќање пред присутните соработници и пријатели кое Ви го пренесуваме во целост.„Дозволете ми во мое име, и во име на Владата на Република Северна Македонија да ви посакам добредојде на оваа ифтарска вечера што ја приредуваме во чест на Светиот месец Рамазан. Остана уште малку до крајот на постот на верниците од исламската вероисповед. Време на пост со кој се култивира и усовршува духовниот раст и подвиг, како и дисциплината кон телесните искушенија. Тоа се сериозни, важни скалила што секој муслиман ревносно ги поминува додека е посветен на сопственото морално усовршување, а со тоа го дава и својот личен придонес кон етичкото воздигнување на својата заедница.Кога се прави еден таков духовен подвиг, тоа не упатува и на фактот дека промените што сакаме да ги направиме почнуваат во срцето на секој верник одделно, а потоа со љубов се пренесуваат и во нашите заедници. Ова е празнично време. Ова се денови кога семејствата се собираат, пријателите заедничарат за време на ифтар. Затоа и вечерва сме заедно. Исто така знам дека Рамазан е време на интензивна посветеност, саморефлексија и размислување. Време кога се извршуваат молитвите и се читаат сурите, поглавјата, кога се рецитираат ајетите, стиховите, од светата книга - Куранот.Поглавјата и стиховите од Светата Книга Куранот, потсетуваат на принципите и на нашата должност за меѓусебно почитување, за залагање за правда, за напредок, толеранција и достоинство на сите луѓе.За време на Светиот месец рамазан, се посветуваме на закрепнување на духот, на обновување на духовните сили и на волјата за да се усовршиме според божјите пораки.На тоа ги учиме и децата.Ова се денови кога се грижиме за болните, за духовно обесхрабрените, за нашите сограѓани и за сите луѓе во неволја. Им подаваме рака на сите. Без разлика на нивната верска припадност. Подвигот за време на постот и наградата за посветеноста, го помагаат унапредувањето на нашите заеднички желби - да живееме во мир и спокојство и да ги отвориме срцата за радост во семејствата. Да шириме добрина меѓу соседите и да ги јакнеме пријателствата.Со секој ифтар, за време на Рамазанскиот пост, да ја споменеме и да ѝ дадеме сила и на нашата заедница, Република Северна Македонија. Една држава, едно општество на различни вери, кои меѓу себе живеат сложно и ја продолжуваат традицијата што ни е оставена да ја чуваме и да ја негуваме.Тоа е нашата цел. За нас, и за нашите деца. На тој пат сме сите заедно. Нека е благословена оваа вечера и Светиот месец Рамазан, и нека ве придружува мирот и спокојството за време на светиот пост.“

Македонија | пред 6 години

el-cheka

Ел Чека со нови „бомби“

На фејсбук продолжува „експлозијата на бомби“, односно корисникот Ел Чека веќе неколку дена на социјалната мрежа објавува нелегално прислушувани материјали во кои главни соговорници се функционери од ДУИ. Само утринава, Ел Чека има објавено десетина бомби, а најавува и дека наредниот период ќе продолжи со истото темпо.-Сега Али Ахмети, Муса Џафери, Беќир Хасани и многу други ќе ја разберат мојата посветеност на ова прашање. Ќе ги публикувам датотеките и снимките што ги имам, во консултација со мојот адвокат, за сите, а потоа ќе ги испратам до ЦИА и Американската амбасада во Скопје.Или ќе бидат затворени за криминалци, или Заеви ќе падне!, пишува утринава објавувачот на новите бомби.Објавувачот, кој се наоѓа во Чикаго, не го крие својот идентитет, и постојано објавува фотографии од себе, за да како што вели, убаво го видат сите.

Македонија | пред 6 години

23167693_10212550030038945_351885707804021471_n

Беља: Фактите зборуваат спротивно од фрустирачките изјави на Заев

Инволвирањето на премиерот Заев јасно покажува колку се длабоки корените на криминалот, одговори на Фејсбук разрешениот економски директор на Гинекологија Ваљон Беља на изјавата на премиерот Заев дека „Беља тропа глупости од секој аспект“.– Ако мене ми било предочено дека ќе бидам сменет, зошто ми е продолжено решението како економски вд. директор во Клиниката за гинекологија и акушерство? Фактите зборуваат спротивно од фрустирачките изјави на премиерот Заев.Ако вие именувате дипломиран филолог за главна сестра во една толку значајна инстуција (спротивно на законот), тогаш се поставува прашањето – Кој се подбива со оваа институција? Оваа дејствие има кривични последици и слично како во случајот со бившиот директор на Катастар, таквото унапредување треба да има кривичен епилог. Повторно нагласувам – Позициите се привремени, криминалот не!, напиша Беља.

Македонија | пред 6 години

nefa-mebel-1-1600x868

Сопственикот на Нефа мебел: Ниту еден од купувачите и вработените нема да биде оштетен

Управител на Hollodex doo Белград, сопственикот на „Нефа мебел“ дооел Скопје, Виталиј Сергеев во отвореното писмо до јавноста ги информира купувачите и сите заинтересирани лица дека сите ќе го добијат својот мебел или пари кои им следуваат.Отвореното писмо од управителот на друштвото HOLLODEX DOO БЕЛГРАД, ОСНОВАЧ НА НЕФА МЕБЕЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ ви го пренесуваме во целост:Почитувани потрошувачи и вработени,Искрено се извинуваме и жалиме за стресот кој го претрпевте поради медиумските објави со содржина дека наводно „руски крадци и измамници“ со вашите пари избегале од Србија и Македонија. Ве уверуваме дека тоа не е точно. Матичната компанија Hollodex ДОО Белград мошне сериозно ја сфати оваа ситуација и ќе издвои средства да ги обештети своите купувачи и вработени.ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА НИТУ ЕДЕН ОД НАШИТЕ КУПУВАЧИ И ВРАБОТЕНИ НЕМА ДА БИДЕ ИЗМАМЕН И ОШТЕТЕН и сите ќе го добијат својот мебел или своите пари кои им следуваат.Ве молиме да имате разбирање за тоа дека ни е потребно време да ги обезбедиме средствата и да организираме исплата на истите. Ќе дадеме се од себе тоа да биде во најскоро време. Исто така, ќе се обидеме повторно да ја активираме веб страницата www.nefa.mk на која најдоцна до 07.06.2019 ќе ве известиме за понатамошните чекори и начинот на поднесување на барањата за обештетување.Свесни сме дека се чувствувате загрозено во ситуацијата со недостатокот информации и голема медиумска бука. Затоа ги молиме почитуваните претставници на медиумите да не шират непроверени информации. Имено ве известуваме дека колешката Јулијана Вицо, една од највредните менаџери за продажба во Србија која беше пратена во Македонија и назначена за нов управител на НЕФА МЕБЕЛ Скопје на 10.05.2019 година со цел за да ја провери состојбата во која се наоѓа Друштвото, замина од Македонија бидејќи не се чувствуваше безбедно во вашата земја поради телефонските закани од одредени лица упатени кон неа лично. Истовремено, ги молиме почитуваните претставници на медиумите да не ги вознемируваат и другите нашите колеги и вработени во НЕФА МЕБЕЛ Скопје кои и покрај сите предизвици даваат големи напори за да ги обештетат нашите купувачи.Сакаме да нагласиме дека имаме цврста намера и пред затворењето на проектот во Македонија да ги исполниме сите превземени обврски кон нашите потрошувачи и вработени со сета почит која ја заслужиле, се вели во отвореното писмо на Виталиј Сергеев, управител на Hollodex doo Белград.

Македонија | пред 6 години

ekstazi

14 годишни ученички од основното училиште од Скопје на екскурзија конзумирале екстази

На 29.05.2019 година во 12.28 часот во СВР Скопје, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека кај нив биле донесени две четиринаесетгодишни ученички од основното училиште од Скопје. По преземени мерки, било утврдено дека истиот ден околу 11.00 часот во село Дељадровци, скопско, за време на училишна екскурзија, двете ученички се однесувале агресивно и почнале да губат свест, по што била повикана Итна медицинска помош. Притоа, тие изјавиле дека конзумирале таблети, најверојатно екстази, кои ги криеле во облеката. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

1-5-3

Заев: Верувам дека во јуни, јули ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, одговори на прашања на пратеници, во Собранието на Република Северна Македонија, на чијашто седница, на дневен ред се пратенички прашања.„Верувам дека во јуни, јули ќе го добиеме датумот за почеток на преговорите со ЕУ. Сто проценти се потврдени успесите на нашата држава од ЕК, пред сите земји членки на Унијата. ЕК денес зборува со суперлативи за нашата држава.Датумот повеќе не е зависен од нашите перформанси. Тоа го кажуваат ЕК и земјите членки. Тоа не е што било“, одговори премиерот Заев околу најавата лани, дека земјава ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ во јуни годинава, што претседателот на Владата рече дека е пренесен како што е соопштено од ЕУ, на прашање на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.Премиерот Заев рече дека “од десет успеси на нашата држава, ако треба да се каже, еден е овогодишниот Извештај на ЕК“, дека “тој е успех на граѓаните пред `се, а и на институциите“, како и на опозицијата којашто даде поддршка на реформските закони во Парламентот.„Имаме чиста препорака од Европската комисија, за добивање датум за преговори на Република Северна Македонија со ЕУ, без задршки, имаме одличен Извештај од ЕК за напредокот на нашата држава, да гледаме на тоа како мотивација. Дел од овој Парламент собра капацитет, да направи чекори што можеа пред години да бидат направени, и да се постигне денешниот успех.Да бидеме од помош сите и како власт и како опозиција за нашата држава. Во спротивно, ќе остане впечаток дека некој не е среќен со ова“, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, рече дека и по добивањето на датумот за почеток на преговорите со ЕУ, што се очекува во јуни или јули, допрва претстои работа, поради што повика на заедничка работа.„Испраќам порака на подготвеност за дијалог, тоа е најсилната гаранција за успех, гаранции за граѓаните, инвеститорите, за меѓународната заедница - потврда за нормална земја. Омаловажување, деградирање, става негативен белег и води кон уназадување. Има уште многу што можеме да сработиме за да одиме напред. Поуспешно ќе биде ако заедно работиме“, повика премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев одговори и на други прашања од опозицијата, во врска заштитата на Охридското езеро, околу капиталните инвестиции, транспарентноста на Владата, околу изборот на советници, околу цената на нафтата.„Имаме најниска цена на нафтените деривати во Југоисточна Европа. Земји и со понизок животен стандард од нашата, имаат повисоки цени. Со покачувањето на цената на акцизите, се избегнува шверц, земање кредити и тоа го направивме на најтранспарентен начин, а парите ги враќаме кон најсиромашните“ рече премиерот Заев.Во врска со транспарентноста рече дека “по транспарентност држиме лекции, за што зборуваат и извештаи на релевантни организации финансирани од ЕУ“. Премиерот упати апел до сите фирми да конкурираат на тендерите, но како што рече, “тоа е нивно право“, но дека Владата и институциите стимулираат конкурентност.Претседателот на Владата, Заев, изрази очекување за голема реализација на капитални инвестиции оваа година. „Можевме да ги трошиме парите на споменици и музеи, но ние дадовме пари на општините да ги платат долговите.80 проценти од парите за капитални инвестиции се за изградба на патишта и железници, 13 проценти за школи и градинки, ќе растат вложувањата, а давачките на граѓаните се намалени“, посочи премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, во врска со заштитата на Охридското Езеро, соопшти дека и преку владини одлуки се пристапува кон конкретно спроведување на препораките на УНЕСКО за заштита, се запираат изградби на мегаломански проекти, легализации дивоградби, се формира јавно претпријатие за потребниот колекторски систем, а дека економскиот и туристички развој на Охрид и на Струга ќе се стимулираат со збогатување на туристичката понуда, со воведување атрактивни активности за туристите и спортистите, со продолжување на туристичката сезона, дека плажите ќе бидат користени, но тоа ќе биде регулирано со закон.Премиерот Заев, во делот на ангажирањето советници рече дека бројот езначително помал во однос на претходната власт, за повеќе од една третина.„Давам шанса на млади луѓе и на капацитетни луѓе да се вградат во развојот на општеството. Би дал шанса на секој млад човек, секој заслужува шанса да се вгради во општеството. Правам `се што законот ми го дозволува за ангажман на секој, за кого сум проценил дека може да биде од помош на државата“, е меѓу одговорите на премиерот Зоран Заев, на пратенички прашања, што е точка на дневен ред на денешната седница во Собранието на Република Северна Македонија. 

Македонија | пред 6 години

05-30

Земјава издвоена како позитивен пример на Глобалниот самит за отворено владино партнерство во Отава, Канада

На отворањето на шестиот Глобален самит за отворено владино партнерство, присуствуваа и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Самитот оваа година се одржува во Отава, Канада, а во следните два дена се очекува присуство на високи претставници од влади и граѓански организации од целиот свет.Северна Македонија беше посочена како позитивен пример со реформите во пристапот до правда. Потврдата за тоа беше истакната на настанот и од Канцеларијата за отворено владино партнерство, но и од директорот на Фондацијата отворено општество, Патрик Гаспард.„10% од акциските планови за Отворено владино партнерство сега го поврзуваат пристапот до правда со отворена влада. Во Северна Македонија, Владата поддржува четири независни центри за пристап до правда кои се фокусираат на маргинализираните групи и обезбедуваат обуки за правно зајакнување за владините службеници#, потенцираше Гаспард.

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев не знае колку плата земаат советниците и вели ангажирани се затоа што имаат врски во Франција

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратенички прашања за неговите советници во Собранието изјави дека Александар Ружин е млад човек, кој е добро образован и може да помогне. Што се однесува пак за Љупчо Зафировски задолжен да ја олеснува комуникацијата со Франција истакна дека не знаел колкава плата зема.Пратеникот Антонио Милошоски кој побара отчет за работата на двајца советници,  објави дека Зафировски зема плата од 75.000 евра, а советникот Александар Ружин 50.000 денари.– Тој ги спроведува разговорите со заинтересирани компании. Конекциите што ги има овозможува да биде олеснувач и на други процеси последниве дена помага за отворање на компанија која сака тука да произведува армиски делоци. Зафировски доаѓа од приватен сектор со релации со кабинетот на Макрон. Наше мислење е дека Франција има многу малку податоци за земјава, треба повеќе да работиме за да привлечеме симпатии – рече Заев.Заев образложи дека високиот месечен надомест на Зафировски е поради тоа што овој советник поголемиот дел од времето го поминува во Франција.Премиерот додаде дека тие се ангажирани, бидејќи имаат врски со Франција, кои се во корист за Владата.

Македонија | пред 6 години

gruevski_1904_g111_3-640x437

За мандатот на Груевски ќе се расправа меѓу 10 и 15 јуни

Предлогот за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски како и предлог за реконструкција на Владата на дневен ред пред пратениците да се најдат на иста седница која би се одржала меѓу 10 и 15 јуни, најави на денешниот брифинг претседателот на собранието Талат Џафери.„Пред 10 јуни нема да биде зашто пратениците имаат обврски, а после 15 имам планирано службено патување во Кина. Така што нема пречка двете точки да се стават на дневен ред на иста седница“, рече Џафери.

Македонија | пред 6 години

ivan-stoiljkovic-640x345

Стоилковиќ за Груевски: Ситни и безимени луѓе се качуваат на телата на паднатите жртви, јас нема да бидам помеѓу тие

Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите нема да гласа за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Тој својот став го соопшти преку социјалната мрежа фејсбук.-Отсекогаш и секаде било и останало, ситни и безимени луѓе да се качуваат на телата на паднатите жртви паднати во меѓусебните пресметки на големите. Јас нема да бидам помеѓу тие и таквите, па макар бил единствениот што сам ќе остане на барикадите на вистината. Не ми е прв, се надевам нема да ми биде ни последен пат по важни прашања да останам на моралната страна од настаните. Кој разбира ќе сфати, напиша пратеникот Стоилковиќ.

Македонија | пред 6 години

526278-prisusuvanje

Објавена нова „бомба“ за случајот „Монструм“

Откако се подбиваше со информацијата на МВР дека го утврдила идентитетот на објавувачот на најновите „бомби“ за партијата на Али Ахмети, профилот Ел Чека повторно на Фејсбук објави снимка од нелегално прислушувани материјали.Во снимката наводно телефонски разговараат ексминистерот за правда Блерим Беџети со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во врска со екстрадиција на осуденик во случајот „Монструм“.https://www.facebook.com/el.cheka.7/posts/146942249776356

Македонија | пред 6 години

1865533brodls

(ВИДЕО) Унгарските медиуми објавија снимка од несреќата на Дунав

Унгарските медиуми објавиле снимка од моментот на несреќата на Дунав во Будимпешта каде што се судриле двата брода. Ги снимила камера од блискиот хотел.Бродот е моментно на дното на Дунав, три метра од мостот Маргарет. Засега не е познато кога би можело да започне неговото извлекување.Унгарските медиуми објавиле снимка од моментот на несреќата на Дунав во Будимпешта каде што се судриле двата брода. Ги снимила камера од блискиот хотел.Во несреќата загинале најмалку седум луѓе, а за 21 сè уште се трага. Уште седум луѓе се во болница, а нивната состојба е стабилна.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Кој е пратеникот од власта чиј син вчера учествуваше во инцидент во угостителски објект?

Кој е пратеникот од власта чиј син вчера учествуваше во насилен инцидент во угостителски објект? Кој се чувствува толку моќен среде бел ден во ресторан да дели правда и да го нарушува јавниот ред и мир? Каде била полицијата, зошто не интервенирала и зошто МВР го премолчи инцидентот?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Дали насилството се прикрива само затоа што таткото е коалициски партнер на Заев?Со СДСМ на власт криминалот  царува, а нерасчистени убиства, кражби и физички пресметки станаа секојдневие во Република Македонија. Власта  и МВР наместо да го одржуваат редот и мирот во државата, тие соучествуваат во криминалот.Вчерашниот не е прв случај во кој учествува син на функционер кој властите се обидуваат да го сокријат. Пред само два месеци медиумите објавија дека син на виш полициски советник на Оливер Спасовски избоде полициски службеник во Марино, а насилникот уште е на слобода.Пратеник јавно призна дека сторил кривично дело, а пријава се уште нема. Вицепремиер и заменик министер прават сообраќајни прекршоци и ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, а МВР не реагира.Партиски функционер се закануваше на командирот на ПС Велес, а МВР на Спасовски молчеше и го криеше случајот. „Пајак“ нападна полицајка кај Мавровка, а Спасовски и МВР  повеќе од година дена не можат да обезбедат докази додека снимките мистериозно исчезнаа.Власта ослободи над 800 затвореници кои сега слободно дивеат по улиците. Убиецот на Мартин Јанушев се уште шета на слобода, а на слобода се убијците кои среде Скопје на Рузвелтова пукаа со калашникови и одзедоа два човечки животи.Граѓаните со СДСМ повеќе не се чувствуваат слободни ниту во своите домови и стравуваат за своите животи и животите на нивните деца.  СДСМ и Оливер Спасовски докажаа дека не се способни да ги одржуваат редот, мирот и безбедноста во државата. Затоа Спасовски мора веднаш да си поднесе неотпиовиклива оставка. СДСМ мора да си замине за да се врати безбедноста во Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања