„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

Mucunski

Муцунски: Македонија заслужува преговори, но не смееме да создаваме лажни очекувања

Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека неговата партија смета дека веќе десет години Македонија заслужува датум за почнување преговори со ЕУ, без разлика што сега се во опозиција.-Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме застапници дека Македонија веќе десет години заслужува датум за отпочнување преговори, независно од тоа што сме сега опозиција, што имаме противправно замрзнат имот, ние лобираме Македонија што побрзо да добие датум. И нема да не радува ако тоа не се случи во јуни. Но, не смееме да создаваме лажни очекувања, па како лани да правиме прослави дека сме добиле датум, рече Муцунски.

Македонија | пред 6 години

Slika-Pavle-25-02

Богоевски: Никогаш нема да можам да докажам што нарачував

Факт е дека на снимката не се спомува дека е масло од канабис и очекувано е дека политичките опоненти и јавноста ќе имаат поинаков став и јас сум свесен дека никогаш нема да можам да докажам, ама не можат ни тие да докажат дека станува збор за нешто различно, рече пратеникот во оставка, Павле Богоевски во вечерашното гостување на 1ТВ.-Во првиот момент размислував каква да ми биде реакцијата. После една вечер решив да излезам во јавноста  да ги кажам фактите кои што се. Прво се огласив на Фејсбук, потоа во медиуми и се пријавив во полициската станица во Центар. Ова беше моја одлука. Не се консултирав со правници и политичари, бидејќи нивната работа е да го гледаат нивниот интерес.  Работата на адвокатите е правниот интерес на клиентот, а тоа е да не одговара тој човек. Постапките кои сум ги правел не биле со избегнување одговорност. Кривичната одговорност ја прифаќам во целост и добра причина е да не дозволам мојата пратеничка функција да биде пречка во постапувањето на органите на прогонот. Тогаш и сега ги повикувам да ја утврдат мојата одговорност и на оние кои снимаа и објавија снимката, веле Богоевски.

Македонија | пред 6 години

collage-777x437-696x391

Надворешни советници на Заев: Пензионер советник за ЕУ, новинар и водител

Во третото продолжение од сторијата „Советничка афера“ ИРЛ објавува нови три имиња кои му се надворешни советници на премиерот Зоран Заев. Мистериозен советник за ЕУ, водител и текстописец на народни песни и новинар. Во првите два дела објавивме дека соработници на Заев му се писателот Венко Андоновски и бизнисменот Александар Ружин, како и Филип Андов – Сокол и Стефани Арсовска. Денес објавуваме кои се советниците за ЕУ интеграции, медиуми и реформи во правосудството.Поетот, текстописецот и водителот Ѓорѓи Калајџиев е првиот надворешен советник кој го поставил премиерот Зоран Заев. Договорот е склучен еден ден по формирањето на Владата, на 1 јуни 2017 година. 56-годишниот струмичанец му е советник за медиуми на премиерот, а за својот ангажман добива по 40.000 денари месечно.  Калајџиев е вработен во регионалната телевизија ТВ ВИС од Струмица. Тој е водител на две емисии во кој воглавно се обработуваат теми од културата. Советникот за медиуми на премиерот за себе вели дека не е новинар, а неговата постојана работа не е во конфликт со функцијата во владата.Калајџиев се потпишал и на неколку народни музички нумери, а оваа година советникот на премиерот ќе биде и еден од водителите на Фолк Фест Валандово, заедно со Ирена Спировска.Љупчо Зафировски e соработник за „Олеснување на процесот на пристапување на РСМ кон ЕУ, помагање во остварување на стратешките приоритети и определби на Владата во однос на евроатлантските интеграции“. Ова е единствената информација која ја добивме од Владата за овој советник на Заев со месечен хонорар од 1.200 евра. Советникот кој е еден од подобро платените не можевме да гo најдете на ниту една социјална мрежа, ниту пак неговото име се појавува на пребарувачот Гугл. Баравме некој труд, анализа или изјава поврзана со Европската Унија, но такво нешто не постои. Зафировски е пензионер и го најдовме во едно скопско кафуле, каде релаксирано си го пиеше утринско кафе со пријателите. Му го загорчија новинарите на ИРЛ кога му пристапија да го прашаат за неговиот ангажман во Кабинетот на премиерот.На платниот список на Заев е и новинарот од ТВ 24 Љубиша Станковиќ. Тој е соработник за „Комуникација и односи со јавноста во процесот на реформа на правосудниот систем и учество во советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот систем (2017-2022)“.Целиот текст прочитајте го овој линк.

Македонија | пред 6 години

osmani

Османи: За две години направивме комплетна трансформација на општеството, тоа се гледа од самиот Извештај

По позитивниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија и другите земји од Западен Балкан, министерот за евроинтеграции Бујар Османи во отвореното Студио 1 вели дека освен кристално чистата препорака, нотирано е дека не само добри намери, реформите се навистина спроведени и по сите оценки, земјава предничи пред другите кандидати од регионов. Сепак, останува забелешката дека се уште имаме сериозен проблем со корупцијата, а споменат е и непотизмот.-Спомнат е агресивниот ангажман на институциите кои беа создадени во овој период како т.н. delivery units за да испорачаат резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал и непотизмот. Се разбира дека не сме совршени и не велиме дека сме подготвени утре да влеземе во ЕУ, но дали во овој известувачки период, дали во овие две години отворивме ново поглавје, направивме комплетна трансформација на општеството, тоа се гледа јасно од самиот Извештај, изјави Османи.За тоа дека граѓаните во реалниот живот не го чувствуваат напредокот опишан во Извештајот, и особено забелешките за јавното здравство и образованието, Османи вели дека во последните 18 месеци било очекувано целата политичка енергија на новата Влада да се фокусира на решавање на политичките прашања.-Системот функционира континуирано по принципите по кои е воспоставен со години наназад, но очекувајте дека административниот фокус кон тие прашања ќе биде со отворање на поглавјата во моментот кога ќе се растовариме од политичките прашања кои нѐ ставаа во тешка институционална криза, изјави Османи.

Македонија | пред 6 години

zbogar

Жбогар: Оваа препорака е многу позначајна за Македонија

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, во студиото на ТВ Сител изјави дека десетата по ред препорака за отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ е поинаква во однос на претходните.- Не е само препорака, не е само извештај за земјата, туку ги вреднува и условите кои земјите-членки и ги поставија на земјата минатата година што требаше да се исполнат за оваа да добие датум за преговори. Стануваше збор за четири услови за кои земјата требаше да обезбеди реформи. Во овој извештај ние велиме дека сите тие услови и реформи се исполнети. Затоа оваа препорака е многу позначајна. Таа им даде одговор на министрите за надворешни работи кои ги поставија овие услови минатиот јуни - изјави Жбогар.Тој тврди дека сите национални влади ќе се раководат од овој извештај при носењето на одлуките и дека секако го чекале истиот да биде објавен за да донесат одлука каков ќе биде нивниот став по прашањето за Македонија и нејзиното отпочнување на преговорите со ЕУ.- Има земји кои се посензитивни и покритички, како Франција и Холандија и некои други, кои не сакаа да завземат позиција туку го чекаа овој извештај, кој е многу јасен и се надеваме дека ќе им помогне да донесат одлука. Мислам дека уникатно на ваша страна е тоа што ова е можеби единствена земја во регионот каде што власта и опозицијата соработуваат во носењето на законите и земјата нема никакви спорови со ниту еден сосед. По ова Македонија се издвојува во извештајот и по долго чекање се придвижи напред - истакна дипломатот.Тој вели дека во легислативните услови како што е правосудството, владеењето на правото и организираниот криминал биле направени придвижувања од Владата следејќи ги препораките на Прибе и Венецијанската комисија но и дека самиот судски систем треба да се потруди на ова поле.

Македонија | пред 6 години

sajber1

Објавувачот на „бомбите“: Ме откриле дека јас сум ги објавил, а мојот профил е јавен

Објавувачот на најновите „бомби“ кои се однесуваат главно на ДУИ, на Фејсбук потпишан Ел Чека, вечерва се исмеваше со известувањето дека МВР открило кој стои зад профилот од каде се објавени прислушуваните материјали.-Глупоста на ДУИ нема крај, ме откриле? Да, мојот профил е јавен и има слики од мене. И ова го нарекуваат криминал? Зарем убиствата на борците на УЧК и Албанците не се криминал? Ќе биде ли некој осуден за тоа?Бог да ги благослови Албанија и Америка!, напиша Ел Чека на Фејсбук.На својот профил тој има објавено и дека се слушнал со еден од осудените за Диво Насеље, Командант Соколи и се договориле да ги објави сите „бомби“ кои ги има.El Cheka се вклучи во живо — со Shek Hallaqi.пред 55 мин. · 

Македонија | пред 6 години

maz-zapali

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Маж се запали пред Белата куќа

Трагедијата се одвивала во Елипс паркот веднаш до Белата куќа . Портпаролот на пожарникарите за американските медиуми изјави дека превезле повреден човек со изгореници, во моментов него го лекуваат службите за итни случаи.Инцидентот на Твитер го потврди обезбедувањето на Белата куќа. Целиот инцидент го снимиле и случајни минувачи , кои се во шок.Човекот се запалил во близина на Споменикот на Вашингтон. На снимките  објавени на Твитер се гледа човек обвиен во пламен, а пожарникари трчаат кон него со противпожарни апарати.https://twitter.com/MariettaDaviz/status/1133787728976502790?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1133787728976502790&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fdrama-pred-belata-kuka-chovek-se-zapali-reagirashe-tajnata-sluzhba-voznemiruvachko-video%2F

Свет | пред 6 години

saso-korunoski

Сашо Коруновски реизбран за ректор на Битолскиот универзитет

Проф. д-р Сашо Коруновски, досегашниот ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, е реизбран за уште еден мандат на изборите што се одржаа денес на 12 универзитетски членки.Според неофицијалните резултати од денешното гласање за нов ректор на битолскиот универзитет, повеќе гласови освоил Сашо Коруновски актуелниот ректор.Негов противкандидат беше Тале Герамитчиоски.Коруновски освоил 136 гласа, а 111 Герамитчиоски.Како што е познато, актуелниот и новоизбран ректор Коруновски дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, а потоа магистрирал и докторирал историја на уметност и археологија на Универизтетот „Св Кирил и Методиј” во Скопје. Коруновски беше професор и декан на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а предавал и на Архитектонскиот и на Филозофскиот факултет во Скопје. Член е на многу научни тела, автор на бројни научни трудови.Постапката за избор на ректор беше во согласност со Законот за високото образование, Стаутот на Универзитетот и Упатството за постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола.   

Македонија | пред 6 години

zbogar-pendarovski-2

Жбогар му го врачи на Пендаровски 10-ти по ред извештај што сугерира почеток на пристапни преговори

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на претседателот Пендаровски му го достави Извештајот за напредокот на Северна Македонија во кој се препорачува земјава да започне пристапни преговори за ЕУ. За пречек на убавата вест од Брисел, Пендаровски ги собра лидерите на парламентарните партии, претседателот на Собранието и Премиерот, што му се допадна на амбасадорот Жбогар.Дозволете ми да го изразам моето задоволство што Европската Комисија го препозна напредокот на Република Северна Македонија и повторно препорача отпочнување на пристапните преговори за членство.Претседателот Стево Пендаровски во дел од своето обраќање истакна:-Добивме јасна препорака за почетокот на преговорите, без дополнителни услови.Извештајот е најдобар досега, а имајќи го предвид строгиот пристап во оценката на напредокот на секоја држава-кандидат, извештајот реално ги отсликува состојбите во Република Северна Македонија. Европа денеска покажа дека знае да цени и валоризира политичка храброст, компромисно решавање на тешките прашања во духот на европските вредности и политика на добрососедство и регионална соработка. Република Северна Македонија направи решителни чекори, како на надворешно-политички план, така и на внатрешен план, преку спроведувањето на клучни реформи неопходни за напредок на европскиот пат.Како Претседател, очекувам Европскиот Совет да ги валоризира напорите на земјата, и согласно донесената препорака на Европската Комисија, во јуни да донесе одлука за почеток на пристапните преговори за членство. Наместо да биде колекционер на позитивни извештаи, очекувам Република Северна Македонија да добие фер шанса и да се трансформира преку отворањето на секое одделно поглавје од пристапните преговори.Секое дополнително одложување на почетокот на преговорите, ќе влијае демотивирачки на нашето општество и ќе има сериозни импликации врз спроведувањето на реформските процеси. Но, истовремено може да биде разбрано и како поттик на антиевропските политичари во целиот регион, што е спротивно на напорите за стабилизирање и интегрирање на нашиот регион.Уште еднаш, ги повикувам сите институции на власта, вклучително и опозицијата, без задршка, без штедење да се посветат на завршување на нашите обврски во интерес на сите граѓани на нашата заедничка земја, истакна претседателот Пендаровски.Извештајот што денеска го доби Македонија  е 10-ти по ред што сугерира почеток на пристапни преговори. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

МВР откри кој пуштил „бомбите“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во координација со јавното обвинителство се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот со пласирањето на снимки од прислушувани разговори преку социјалната мрежа Фејсбук.Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено Обвинителството. Исто така, известена е социјалната мрежа Фејсбук односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис. По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста, се вели во соопштението на МВР.

Македонија | пред 6 години

18DD8705-E611-47E2-B824-5187C98C5E7F

Богоевски тврди дека зад објавената снимка стојат Груевски и неговите луѓе

Објавувањето на снимката има за цел да се направи политичка штета на владејачката структура за ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт, oва го вели Павле Богоевски за Фокус, за снимката која излезе за него, за која тврди дека нарачува масло од канабис.– Профилите од кои беа објавувани снимките, локацијата која стоеше зад објавувачот, поточно Будимпешта, како и порталите кои први се нафатија да ја објават и да ја шират, ми укажува на тоа дека опозициски структури стојат зад оваа снимка. Има луѓе кои работат за Груевски. Не мора лично тој да е, но дека е од луѓе кои ја имале седницата за мандатот на Груевски на ум кога ја објавувале снимката не се сомневам, вели тој.

Македонија | пред 6 години

mkd-156576

Лазовски за сообраќајката кај Градска болница: Ако сум виновен ќе сносам одговорност

Во денешната сообраќајна незгода кај Градската болница учествувал заменик-министерот за култура Владимир Лазовски. Тој на својот Фејбук профил напиша дека ќе сноси одговорност, доколку се утврди негова вина.– Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност, напиша Лазовски на Фејбук.

Скопје | пред 6 години

makedonija-NATO

Џефери : До декември Македонија и официјално ќе биде членка на НАТО

На декемврискиот самит на НАТО во Лондон очекувам Македонија да стане полноправна членка на Алијасата, и со тоа ќе оствари една од двете стратешки определби истакна претседателот на Собранието Џафери. Се надева дека реформите ќе резултираат и со почеток на преговорите за интеграција во ЕУ.Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во своето обраќање на Специјалниот семинар за Република Северна Македонија на тема „Следните чекори кон НАТО“, кој се одржува во Собранието,  предупреди дека не треба да се гледа само на придобивките, туку и на обврските, кои мора да се исполнуваат.-Со тоа една од нашите две стратешки определби, односно членството во НАТО и ЕУ е остварена, а јас се надевам дека годинава ќе ги започнеме и преговорите за интеграција во ЕУ. Нема да зборувам за бенефитите што како држава и како општество ќе ги имаме со нашето членство во НАТО, бидејќи за тоа е зборувано многу. Сакам да истакнам дека, со нашето членство во НАТО, не завршуваат нашите „домашни задачи“. Напротив, полноправното членство во НАТО налага исто така многу работа, дома, во регионот, а и во структурите на НАТО алијансата -рече ЏафериЏафери додаде дека 13 од 29те земји членки веќе направија ратификација на Протоколот за членство на нашата земја во НАТО, а ваквата процедура е во тек и во Сенатот на САД и Францускиот парламент. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пописот чини 8,5 милиони евра, ќе се спроведува од 1 до 21 април 2020

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски заедно со заменик директорот Зирап Адеми, се обратија на редовната владина прес- конференција за да ги презентираат измените на Законот за попис на население.Директорот Симовски рече дека 16 години Република Северна Македонија има недостаток на квалитетни статистички податоци, а со овој нов Закон се овозможуваат услови за реализација на независна статистичка операција со којашто ќе се прибават квалитетни географски, демографски, економски, карактеристики за лица со посебни потреби, образовни, етничко-културлошки, миграциони, религизони карактеристики за населението, домаќинствата и граѓаните во Република Северна Македонија.Преку овој Закон се предвидени сите чекори на пописот којшто ќе се одржи од 1-ви до 21-ви април 2020 година како исклучително статистичка операција со којашто ќе раководи Државниот завод за статистика.„Законот за попис на населението, домаќинствата и становите има за цел да ги дефинира сите чекори коишто се преземаат за оваа статистичка операција. Она што е важно е дека оваа операција според овој закон ќе биде исклучително статистичка операција, строго професионална операција спроведена од Државниот завод за статистика како овластен носител на статистички истражувања. За разлика од претходните пописи овој попис ќе има неколку новини. Главната новина е што ќе се спроведува со т.н комбиниран метод, нешто што до сега не било пракса во Република Северна Македонија, а бил пракса во други земји. Овој метод подразбира истовремено попишување на терен со оној класичен метод, интервју лице во лице, но и користење податоци од регистри, односно бази на податоци коишто се наоѓаат во државата. Овој метод овозможува многу побрзо и поквалитетно прибирање на податоците“, рече директорот Симовски.Директорот Симовски рече дека втора важна разлика е што овој попис ќе се спроведува со електронски прашалници и користење на ИТ технологија и покрај податоци за лицата ќе се собираат и податоци за домаќинствата, семејствата, становите и зградите во Република Северна Македонија.„Пописот ќе се реализира на начин што целокупната територија на државата ќе биде поделена на 45 пописни реони во којшто ќе се формираат т.н регионални пописни комисии кои имаат функција да овозможат логистика на целокупната операција. Во оваа статистичка операција ќе учествуваат околу 6.000 лица, околу 5.000 попишувачи, околу 500 реонски инструктори и околу 200 државни инструктори и членови на комисиите. Пописот за разлика од претходниот којшто не успеа, ќе ги опфаќа сите лица како единици на попис, вклучувајќи ги лицата коишто се присутни во земјата, но и лицата коишто се отсутни од државата со тоа што цело време ќе се почитуваат пропишаните стандарди на статистичката служба на ООН и Еуростат, категории на населението, дефинирањето на тие категории и слично и тука нема да има никакво отстапување. Можноста за попиштување на лица кои живеат надвор од државата ќе биде малце поспецифична, со можност за самопопишување на посебна веб апликација“, информираше Симовски.Директорот Симовски рече дека пописот ќе чини 8.5 милиони евра. Дел од средствата ќе се искористат оваа година за подготовка на апликативното решение и набавка на опрема. Резултатите од пописот ќе бидат достапни 6 месеци по завршувањето.https://mail.google.com/mail/u/0/#inbox/FMfcgxwCgpgldDFxNBjPjDGDFjGLSCJJ?projector=1

Македонија | пред 6 години

6

Косово го пушти автопатот Арбен Џафери, нашиот дел ќе почека

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министрите за транспорт и врски и за економија, Горан Сугарески и Крешник Бектеши, како и со претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, денеска присуствуваше на отворањето на автопатот Р6 „Арбен Џафери“.Пред претседателот и премиерот на Република Косово, Хашим Тачи и Рамуш Харадинај, пред претседателот на Собранието на Косово, Кадри Вејсели, пред премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ, како и пред бројни државници од околните земји, амбасадори и пријатели од регионот, премиерот Заев истакна дека со задоволство ја прифатил поканата на својот колега и пријател Рамуш Харадинај, да биде дел од свеченоста за пуштање во употреба на автопатот којшто ги поврзува Северна Македонија и Косово.Во продолжение Ви го испраќаме интегралниот текст на обраќањето на премиерот Заев.„Ова е свеченост која не собра, нас лидерите од неколку земји од регионот Западен Балкан за да прославиме еден голем потфат за Косово и за регионот – пуштањето во сообраќај на автопатот „Арбен Џафери“.Оваа модерна автопатска артерија од денеска станува дел од системот автопати што го прави нашиот регион поврзан, близок, пријателски. Автопат кој ќе ја забрза динамиката на односите меѓу граѓаните, меѓу бизнис заедницата од повеќе земји од овој наш регион.Сакам да им честитам на сите косовски лидери, на јавните претпријатија и на приватните компании, на инвеститорите и на сите останати поддржувачи на овој исклучително значаен инфраструктурен проект.Дозволете ми да кажам дека овој ваш потфат, го сметаме и за наш и ние во Северна Македонија.Автопатот „Арбен Џафери“ е награда за трпеливоста и за бројните и значајни врски што Косово ги има со Република Северна Македонија на секој план.Овој автопат од денеска ќе стане сообраќајницата која ќе овозможи најсовремен, најбрз и најбезбеден проток на стотици илјади автомобили, граѓани и на други транспортни средства кои обезбедуваат Косово да биде меѓу топ 20-те земји со највисок обем на трговска размена со Република Северна Македонија, вредна повеќе од 500 милиони евра.Косово и Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка во областа на интегрирано управување на границите меѓу двете земји којшто овозможува побрза размена на информации, кои ќе овозможат побрзо движење на патниците и стоките на граничните премини.Инфраструктурното поврзување во голема мерка ќе ја забрза севкупната европеизација на регионот.Автопатот што денеска се пушта во употреба го носи името на големиот Арбен Џафери, еден од најистакнатите ликови од независноста на нашата земја. Еден од оние истакнати личности кои дадоа голем придонес регионот да биде поврзан и единствен, составен од суверени земји кои меѓусебно се респектираат и го делат минатото во име на заедничката европска иднина.Автопатот што денеска се пушта во употреба ќе биде силна мотивација и за нас да ги забрзаме подготовките за старт на работите на автопатот Блаце – Скопје. Овие денови и кај нас се распишува тендерот на автопатот од 14 километри, вреден 120 милиони евра којшто е од границата меѓу Северна Македонија и Косово, до главниот град на нашата земја, Скопје. Така ќе се заокружи автопатското поврзување меѓу Скопје и Приштина и патувањето меѓу овие два града ќе трае само 45 минути.Наша обврска е автопатот Скопје Приштина, како дел од Рутатата 6 од Паневропските мрежи на патишта да започнеме да го градиме во предвидениот рок и целосно да го завршиме во експресно време.Овој автопат прави поврзување помеѓу граѓаните во Република Северна Македонија и Косово, но и помеѓу граѓаните на Северна Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора, го поврзува целиот овој наш регион.Во име на напредокот на односите меѓу земјите што ги поврзуваат меѓународните европски коридори, уште еднаш ви честитам на големиот успех и на огромниот потфат.Им оставате на вашите граѓани и на идните генерации големо и значајно наследство, а на граѓаните од регионот пример и инспирација што треба да се следи“.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања