„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

prisluskuvanje

Објавени нови бомби на ФБ - објавувачот пишува дека ова е само почеток

Не запира објавувањето на нови „бомби“. Денеска на социјалната мрежа фејсбук објавени се неколку нелегално прислушувани разговори. Објавувачот за последната „бомба“ која ја постирал, напишал дека е разговор меѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, а зборуваат за Блерим Беџети, поранешниот министер за правда, објави Фокус.Фокус уште пишува дека втората бомба е на албански јазик, а објавувачот тврди дека зборуваат Муса Џафери и Бекир Асани. Објавени се и уште шест бомби, со назнака дека тоа е само почеток.-Ова е само почеток на публикации на некои прислушувани разговори во кои се вклучени Али Ахмети и Муса Џафери, напишал објавувачот, додавајќи дека кумановската група, мислејќи на осудените за Диво Насеље, поседуваат уште разговори кои ќе бидат објавени, барајќи меѓународна истрага за случајот, за да наводно се откриела улогата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.Профилот на објавувачот на „бомбите“ не е анонимен, има над 2.000 пријатели, а закачени се и повеќе фотографии, со симболот на УЧК.  *Скопје1.мк се оградува од содржината на објавениот материјал. Како медиумска куќа го пренесуваме материјалот за информирање на јавноста.*Напомена: Скопје1.мк не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

Македонија | пред 6 години

rociste

Усвоен предлогот на комисијата за одземање на мандатот на Никола Груевски

Со 5 гласа „ЗА“, ниту еден против и ниту еден воздржан Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања го усвои предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.  Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не се изјаснија за предлогот, ниту гласаа за дневниот ред на седницата. Собранието допрва треба да донесе одлука за одземање на мандатот на Никола Груевски кога предлогот ќе се најде на пленарна седница. Потребно е двотретинско мнозинство за одлуката.Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска повикувајќи се на членот 8 од Уставот и Декларацијата за човекови права рече дека не може кој било да биде неоправдано отсутен ако го искористил своето право да бара азил.Потпретседателката на Комисијата Снежана Калевска-Ванчева пак рече дека очигледно е дека има различно толкување на Уставот и Деловникот и дека за одземање мандатот е потребно двотретинско мнозинство.

Македонија | пред 6 години

FB_IMG_1559124925029

И Најчевска посакува советничко место кај Заев

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил напиша дека очекува во најскоро време да биде поставена како советничка за балет и сродни уметности во кабинетот на премиерот."Очекувам во најскоро време да бидам повикана од кабинетот на Премиерот на мојата нова функција: советничка за балет и сродни уметности.Преговорите за надокнадата за моите високо-професионални советнички услуги се во тек.Не се согласувам да имам ни денар помалку од Цветанка Ласкова (со која ќе комуницирам на дневна основа) или од она детето, како се викаше? аааа, да, синот на Нано Ружин од кој очекувам да ме запознае со ноќниот живот по франкофоните метрополи. Со Венко Андоновски не би се дружела. Некако досаден е бре, а и може веднаш да ми се наџитка да ми пишува биографија. Не фала.Не сум сигурна која ќе биде мојата работа, меѓутоа спремна сум да дадам најдобри и најпрофесионални совети од областа за која појма немам.Во текот на мојата советодавна работа имам намера да ги посетам сите театри во Европа, Америка, Канада и Австралија со цел што подобро советување на Премиерот ни", напиша Најчевска на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

nano-ruzin-960x540

Според Ружин, Манфред Вебер е добро решение за Македонија

Нано Ружин, ректорот на Универзитетот ФОН смета дека позициите на Емануел Макрон и на Ангела Меркел се ослабени во рамките на ЕУ по европските избори изминатиот викенд. Сепак смета дека неповолно за Македонија и Албанија, и покрај очекуваната препорака за добивање датум за преговори, е тоа што никој не ги споменувал овие две земји во текот на предизборната кампања."Македонија може да се надева на позитивен епилог во пакет со Албанија или самостојно, со оглед дека Албанија треба да помине тежок тест на локалните избори во јуни, и сегашната ситуација таму не е баш позитивна. Можеби слабеењето на Макрон и големиот успех на СДП во Холандија, како и успехот на полските, унгарските и бугарските десничари кои го поддржуваат проширувањето на ЕУ на Балканот, може да бидат одлучувачки позитивни фактори за Скопје. Секако дека постои традиционален позитивен став на германската канцеларка Меркел кој го поддржа почетокот на преговорите со Македонија", истакна Ружин за Ал Џезира.Кога станува збор за избор на претседател на Европската комисија, смета дека Манфред Вебер е можно "среќно решение" за Македонија, затоа што "го поддржува проширувањето на ЕУ кон Балканот".

Македонија | пред 6 години

53751070_1987113501583065_4347258587253309440_n

Советниците на Заев ќе чинат околу 18.000 евра

Ангажманите на Александар Ружин и на Венко Андоновски како надворешни соработници на премиерот им завршуваат на 31 декември годинава, пренесува Независен, по откривањето на веста дека синот на ексамбасадорот во НАТО и писателот кој беше добар и со поранешната влада на Никола Груевски, влегле во тимот на Зоран Заев.Од „Илинденска“ посочуваат дека нивниот ангажман е лична одлука на премиерот. Месечниот надомест за Ружин е 50.000 денари (ангажиран на 28 јануари), а за Андоновски 40.000 денари (ангажиран на 8 јануари), што значи дека за една година колку што трае нивниот ангажман, од буџетот ќе им бидат исплатени околу 18.000 евра.

Македонија | пред 6 години

36616394_1823206931056471_7722326244448010240_n

Фронт 21/42: Власта наместо да креира илузија за УНЕСКО, да се посвети на заштита на Охридскиот регион

Ја поздравуваме одлуката на УНЕСКО да го стави Охрид на листата на светски наследства во опасност. За жал сметаме дека тоа е единствениот начин да се зачуваат оние универзални вредности кои сѐ уште постојат во нашето најголемо природно и културно богатство и можеби да се унапреди состојбата на оние кои се веќе уништени, се вели во соопштението на невладината организација Фронт 21/42.Нивното соопштение го пренесуваме во целост.„Веќе две години упорно и укажуваме на актуелната власт дека инвестирањето на време и други ресурси во обиди да се прикаже грижа, наместо навистина да преземат мерки и активности за заштита на единственото богатство од светски калибар во земјава е многу погрешна стратегија.Ќе посочиме само неколку од многуте примери на оваа стратегија: надзорната расправа во Собранието која заврши со заклучоци кои навидум најавија драстична промена на претходната политика и решеност за справување со илегалните активности и деструкцијата – заклучоци кои не се реализираа, ниту пак некоја институција покажа намера да ја следи и обезбеди нивната реализација.Прикажување на работата на Комисија за управување со Охридскиот регион како спроведување на препораката за мораториум во извештајот на нашата земја до УНЕСКО е уште еден очигледен пример – во извештајот се наведува дека Комисијата одобрила само 8 од 33 барања кои пристигнале до неа во обид да се почитува препораката за мораториум и спроведе „контролирана урбанизација“. Она што е изоставено во извештајот се одлуките за легализација на над 500 илегални градби, владините планови за Коридорот 8, новата марина, новата урбанизација на крајбрежјето, новиот кеј, планот за нова индустриска зона…Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион е последниот пример кој ја покажува оваа стратегија и пример со кој имавме директно искуство – по упорните притисоци на Фронт 21/42, вклучувајќи ja и нашата национална кампања „Едно е! Вредно е!“ Владата одлучи да го измени и дополни zаконот (од 2010 година), наводно со намера истиот да стане функционален и навистина да го заштити светското наследство. Во процесот кој траеше повеќе месеци учествувавме директно и предадено, над 80% од текстот на новиот предлог zакон беше продукт на нашата работа – за во последен момент, зад затворени врати, односно без нашиот претставник во работната група, да се усвои текст во кој недостасуваат клучните одредби. По обелоденување на оваа информација во медиумите, Владата експресно (за помалку од една недела) ги врати одредбите во zаконот, и така го усвои на седница.Сето ова по објавување на нацрт одлуката на Комитетот за светско наследство. Според нас ова преставува уште еден обид да се прикаже грижа во очите на УНЕСКО и да се прикрие реалната состојба на терен – континуирана урбанизација и легализација на дивоградби.Вистинската грижа ќе започне кога ќе се донесе мораториум кој целосно ќе се почитува и ќе влезе во одлучна и храбра борба против дивоградбите.Ова се само мал дел од загрижувачките постапки на актуелната власт за кои во февруари оваа година во писмена форма му се обративме и на премиерот Зоран Заев и директно ги искомунициравме на средба со него, вклучувајќи ја и нашата длабока загриженост од неговата изјава за бесправно изградениот хотел во Лагадин: „Дури и да има правно-формален аспект во Одделението за урбанизам, одговорот на општинските служби не смее да биде „не може“ или „не бива“, туку треба да најдат начин одговорот да биде „да“. Според нас од итните препораки на УНЕСКО кои требаше да ги реализира нашата земја до февруари 2018 година, единствено Управниот одбор на НП Галичица спроведе вистинска реализација со прекинување на постапката за измени на Планот за управување со што се спречи понатамошната процедура за ски центарот.Ја користиме оваа прилика уште еднаш јавно да побараме од актуелната власт наместо да вложува драгоцено време и пари во креирање на илузија за УНЕСКО, домашната и меѓународната јавност дека политиката за Охрид, Струга и Дебарца е драстично променета и сега има грижа и посветеност – навистина да се посвети и да почне да се грижи за единственото природно и културно наследство во земјава и едно од само 7-те мешовити наследства на европскиот континент. Бараме и локалната и националната власт во најбрз можен рок да прогласи мораториум за сите урбани и крајбрежни трансформации во Охридскиот регион (општина Охрид, Струга и Дебарца) и да осигура доследно спроведување и почитување на мораториумот, и итно да ги прекине постапките за легализација на бесправните објекти и да пристапи кон изготвување на инвентар на дивоградбите.Потсетуваме дека ниту оваа, ниту која било власт нема право на сите нас и на сите идни генерации да им го одземе најголемото национално богатство! Во оваа смисла навремено укажуваме да се ангажираат сите човечки ресурси за искористување на можностите за сите дополнителни средства кои вообичаено се на располагање за подрачјата кои се на листата на светски наследства во опасност и истите да бидат целосно употребени за заштита и унапредување на исклучителните универзални вредности поради кои Охридскиот регион го заслужил статусот на светско наследство“.

Македонија | пред 6 години

stan-gori

3-годишно дете заврши на Клиника по вчерашниот пожар кај Универзална

На 28.05.2019 година во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Христо Смирненски“ избувнал пожар во стан во кој престојувала  В.С. (43).Во моментот кога избил пожарот во станот се ноѓале Д.В.(31) од Радовиш и нејзиното тригодишно дете кои се здобиле со полесни изгореници и вдишале чад поради што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.Пожарот бил целосно изгаснат околу 10.20 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.

Скопје | пред 6 години

hazbi-lika

Хазби Лика доби функција во разузнавачките служби, наместо „метла“

Вицепремиерот за рамковен договор, Хазби Лика, ќе биде член на Советот за координација на разузнавачката заедница.Лика автоматски ја добива оваа позиција, согласно законот за координација кој вчера го потпиша претседателот, Стево Пендаровски. Според законот вицепремиерот за рамковен договор е еден од осумте члена на советот кој ќе ги координира разузнавачите активности.Вицепремиерот кој е познат по тоа што не оди на работа и не го реши проблемот со вработените по Рамковен кои седат дома а земаат плата, согласно одредбата во новопотпишаниот закон, ќе стане еден од 8-те членови на советот кој оперативно ги предводи разузнавачките активности.За ова реагираа од партијата Граѓанско Демократска Унија.„Кога сите очекуваа дека Хазби Лика ќе „лета“ тој си доби и нова функција. И внимавајте, истиот тој, ќе биде дел од телото кое ќе ги спроведува предлозите на највисокото безбедносно тело – Советот за национална безбедност. И иронијата да биде поголема, пратениците кои изгласаа да се укине секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и да се формира ново министерство , истите тие народни избраници сега му обезбедија место на Лика во Советот за координација на разузнувачката заедница.Да потсетиме дека Лика е професор по албански јазик и книжевност. Весникот „Време“ во декември 2004 година објави дека во МВР постоела службена белешка оти Лика познат како командант Чела, за време на конфликтот во 2001 година бил еден од дваесеттемина учесници во озогласениот масакар кај Вејце, во кој беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и припадници на полицијата. За истиот тој Лика, додека бил градоначалник на Тетово, Државниот завод за ревизија во извештајот за состојбата со буџетската потрошувачка за 2009 година, утврди дека биле потрошени 5,3 милиони денари од буџетот, кои не биле во согласност со законската регулатива“, стои во соопштението на ГДУ.

Македонија | пред 6 години

36616394_1823206931056471_7722326244448010240_n

Утврден Предлог-Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион

На денешната 137 редовна седница, Владата на Република Македонија го утврди Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, и донесе одлука тој да биде доставен на усвојување во Собранието на РСМ.Во Предлогот на законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион се имплементирани обврските што произлегуваат од Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на Организацијата на обединетите нации за образование, наука и култура, и се создаваат формално-правни предуслови, преку интегрирано управување со природното и културното наследство, да се спречат активности кои негативно влијаат врз исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион, како и да се преземат мерки за негово активно вклучување во животот на заедницата како фактор на одржливиот развој.Владата на РСМ посветено работеше на донесувањето на овој закон, и на седницата беше нагласено уверувањето дека со новиот состав на Советот за следење и координација на управувањето со природното и културно наследство во Охридскиот регион ќе се зголемат капацитетите за ефективно управување со природното и културното наследство во овој регион.Согласно предлог-законот Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион ќе се донесе најдоцна во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.До донесување на Планот времено се прекинуваат постапките за издавање одобрение за градење и постапките за вклопување на бесправно изградени објекти и времено се прекинуваат постапките за изработување и донесување на урбанистички планови, урбанистичко – плански и урбанистичко – проектни документации, како и постапувањето по донесените урбанистички планови, урбанистичко – плански и урбанистичко – проектни документации. Овие активности ќе продолжат по донесувањето на Планот за управување со природното и културното наследство.

Македонија | пред 6 години

arsovski-pred-antikorupcika

Арсовски: Заев се обидува да направи стабилизација на сопствената позиција

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ при вчерашното гостување на емисија на 1ТВ посочи дека Заев се обидува да направи стабилизација на сопствената позиција по изгубените 200.000 гласа на претседателските избори.-Јас и вчера јавно на едно мое ТВ излагање наметнав една теза тоа е дека во моментов  под оној превез на метлата кој што можеби и почна како еден пи-ар момент помеѓу двата круга подарувајќи му Драган Спасов – Дац кој што е можеби и еден од првите кои го опфати таа метла како неуспешен раководител на институција. И сметам дека под овој превез на метлата се крие можеби и внатрепартиска борба односно стабилизација, при што Зоран Заев се обидува да направи стабилизација на сопствената позиција бидејќи сепак за тој огромен пад на гласови можеби околу 200.000 на овие избори треба некој да одговара, појасни Арсовски.Арсовски додаде дека е нормално кога некој треба да одговара треба да почне следствено од врвот на пирамидата па надолу. Но тука знаеме дека со сите неспроведени политики, со сите лажни ветувања, со сите неостварени проекти и низа скандали, требаше одговорноста да почне од Зоран Заев.Но Зоран Заев во моментов си остави еден период каде што е тој единствен човек кој разрешувајќи ги сите во СДСМ, тој остана човек кој само тој може да одлучува за сите понатамошни одлуки во СДСМ, нагласи Арсовски.

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Изминатото деноноќие 13 сообраќајки во Скопје

Тринаесет сообраќајни несреќи се случиле во изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје, а во нив седум лица се здобиле со лесни телесни повреди. Како што соопшти МВР во осум од сообраќајните незгоди е предизикана материјална штета.Од сообраќај се исклучени 12 возачи кои управувале со технички неисправни возила,  додека „пајакот“ кренал 68 возила.Казнети се и тројца возачи кои не давале првенство на минување на пешаци на пешачки премин, 18 за зборување на мобилен при возење, а 15 за неносење сигурносен појас.

Скопје | пред 6 години

trud-i-soc-politika

Денес почнува поднесувањето барања за новите права од социјалната реформа

Сите лица кои се во социјален ризик денеска можат да се пријавуваат во надлежните центри за социјална работа, да поднесат барања за да може може да ги добијат новите надоместоци предвидени со социјалната реформа. Исплатата на социјалните права, според новите закони, почнува во текот на идниот месец, а помошта се зголемува за околу 300 отсто. Со реформата годишно во буџетот се предвидени две милијарди денари.Според МТСП, со реформата се опфатени сите кои досега примале социјална помош, домаќинствата со деца кои се со една минимална плата, невработени родители кои чувале деца со попреченост, а се над 62 години за жена и 64 години за маж, и лица над 65 години кои не оствариле право на старосна пензија, поради тоа што немат доволно години стаж, вклучувајќи ги и тие без ден работен стаж. Со социјалната реформа, МТСП очекува да се извлечат повеќе од 30.000 домаќинства од сиромаштија.Со оваа реформа се воведува семеен пакет или минимален адекватен приход што ги содржи во себе и детскиот и образовниот додаток, енергетскиот додаток, но и оној социјален трансфер што државата има обврска да го трансферира кон сиромашните семејства. Со целата реформа се зголемува за 20 пати бројот на деца кои ќе примаат детски и образовен додаток. Со реформата првпат се воведува и Закон за социјална сигурност на стари лица, а со тоа се воведува и државна пензија во износ од околу 6.000 денари, која се исплаќа преку социјалниот систем, а не како контрибуција од пензискиот систем. Шест илјади граѓани кои не оствариле право на старосна пензија првпат треба да го добијат овој надоместок.За лицата со попреченост дополнително се воведуваат мерки кои ќе го олеснат секојдневното живеење на родителите на децата со попреченост, но исто така сите трансфери кои се однесуваат директно за олеснување на живеењето на лицата со попреченост остануваат во овој закон како такви и постојано се унапредуваат. Се воведува траен надомест од 8.000 денари за сите родители кои чувале дете, а сега се на возраст од 62 или 64 години. Дополнително за оние родители кои имаат дете со попреченост, а се вработени надоместот за скратено работно време ќе изнесува до 50 проценти од просечната плата, а тоа е речиси за три пати зголемување на надоместокот кој денеска го земаат тие родители.Корисниците на социјална парична помош кои се веќе во системот, а имаат деца во образовен период (основно и средно образование) ќе бидат повикувани во центрите каде треба поднесат барање за да може во следната исплата во јуни која ќе се однесува за мај да им се пресметаат и образовниот и детскиот додаток и да се оформи семеен пакет.Со социјалната реформа четиричлено семејство со две школски деца ќе зема месечен надоместок од 10.600 денари. Ова е семеен пакет кој што ги содржи правата од гарантиран минимален приход, детскиот и образовниот додаток и енергетскиот додаток. Истото семејство сега најчесто земало социјална помош од околу 3.000 денари.

Македонија | пред 6 години

maxresdefault-3

Стефани Арсовска: Од критичар на партизацијата до советник на Заев

Партиска младина со спорен професионален багаж, локални мангупи, новинари и водители на фолк фестивали чинат  дел од списокот надворешни советници/соработници на премиерот Зоран Заев.Истражувачката репортерска лабораторија  ИРЛ Македонија повеќе од една година известува за непочитувањата на начелата на системот на заслуги. Клиенталистичкиот однос на администрациите во делењето државни работи и зделки со години е критикувано од страна на Европската комисија. Владата на Зоран Заев навести крај на бруталните пракси кои доведоа до опаѓање на квалитетот на живот, иселување на младите и колапс на економијата.  Се вети и крај на фрустрациите на квалитетните кадри кои не можат да се натпреваруваат со вештини и идеи на пазар на труд под диктат на центрите на моќ во партиите.Во 2015 годинa велешанката Стефани Арсовска ги завршува своите студии на приватниот универзитет ФОН. Пишува колумни за партизацијата, за владеењето на правото, за системот на заслуги во онлајн порталот Бриф. Како родена во раните девеесетти, Арсовска сака да зборува гласно и за неправдите врз младите без партиска книшка кои не можат да најдат работа, меѓу нив и нејзини пријатели.„Мастер студиите завршија. Е сега што правиме? Колегата мој треба да се вработи. Јасно ни е на сите нас овде…Во Република Македонија партиската книшка многу  повеќе се вреднува од диплома. Партиската книшка е онаа што не разликува и притоа многу повеќе не дели. На послаби и појаки, на црвени и плави, ова се зборови на Стефани Арсовска од нејзин говор на ораторски вечери во 2015 година кога уште студира на приватниот универзитет ФОН.Во меѓувреме, Стефани Арсовска е активна и во опозициското движење. Во 2015 почнуваат нејзините ангажмани во СДСМ кога ја посетува и праксата за млади. Taa магистрира на Универзитетот ФОН на теми од областа на европската унија, а помеѓу членовите во комисијата е и Нано Ружин. Неговиот син Александар Ружин и Стефани Арсовска во ист ден добиваат договори со владата за да го советуваат премиерот.Стефани Арсовска му станува советник на премиерот со авторски договор за  „Поддршка на процесот за поголемо искористување на ЕУ фондовите во областа на земјоделство, шумарство и водостопанство, во потесна соработка со посебниот советник за земјоделство, шумарство и водостопанство“. Таа работи во кабинетот на посебната советничка за земјоделие Ленче Николовска, поранешна новинарка и пратеничка. Зема хонорар од 30,000 денари месечно, а договорот и е на една година.Целиот текст може да го прочитате на овој линк.

Македонија | пред 6 години

sobranie-3

Денес ќе се одлучува за пратеничкиот мандат на Груевски

За денес е закажана седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на пратеникот, Никола Груевски.Вчера ИК на ВМРО-ДПМНЕ им препорача на нивните пратеници да гласаат според Уставот и законите, што значи дека може да се очекува пратеничкиот мандат на Груевски да биде одземен.Седницата ќе ја води потпретседателката, Снежана Калеска Ванчева.Седницата за одземање на мандатот на Груевски, започна минатата недела, но не заврши поради оставката на пратеникот Павле Богоевски. Тој изјави дека ќе поднесе оставка откако ќе му биде одземен мандатот на Груевски.За одземање на мандатот на Груевски на пленарна седница потребно е двотретинско мнозинство, односно за тоа да гласаат 80 пратеници, за што е потребно и поддршка од опозицијата.Пратеникот и поранешен премиер Груевски лани, во ноември избега во Унгарија каде доби статус на политички азилант. Покрај правосилната пресуда од двегодишна затворска казна, тој е осомничен и за организирање на собраниските настани од 27 април.

Македонија | пред 6 години

gruevski-mala

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабри пратениците да му го одземат пратеничкиот мандат на Груевски

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по вечерашната седница ги охрабри своите пратеници да бидат неселективни и да ги почитуваат законите при гласањето за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.-ВМРО-ДПМНЕ опстојува на принципиелност, честитост, искреност и доследно применување на законите и Уставот на Република Македонија, без оглед на политичката, општествената или било каква друга припадност, за разлика од непринципиелноста, криминалот, неправдата и селективноста во примената на законите и Уставот од страна на власта на СДСМ и Зоран Заев. Водени од погоре кажанато, апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието на Република Македонија да постапат на начин на кој неселективно ќе ги почитуваат законите и Уставот и во случајот со пратеникот Никола Груевски. Доколку се исполнети условите согласно закон и Устав за престанок на мандатот на г-динот Никола Груевски тогаш апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието на РМ да постапат согласно законите и Уставот на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ смета дека политичкиот прогон на власта, селективноста во примената на законите, и штитењето на вистинскиот криминал кој го прави власта е разликата која треба да се подцрта и осуди од секој одговорен субјект, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања