„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Комисијата утре ќе одлучува за мандатот на Груевски

За утре е закажана седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на пратеникот, Никола Груевски. Но, парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ се уште нема став како ќе гласа во комисијата.Утрешната седница ќе ја води потпретседателката, Снежана Калеска Ванчева.Седницата за одземање на мандатот на Груевски, започна минатата недела, но не заврши поради оставката на пратеникот Павле Богоевски.За одземање на мандатот на Груевски на пленарна седница потребно е двотретинско мнозинство, односно за тоа да гласаат 80 пратеници, за што е потребно и поддршка од опозицијата.Пратеникот и поранешен премиер Груевски лани, во ноември избега во Унгарија каде доби статус на политички азилант. Покрај правосилната пресуда од двегодишна затворска казна, тој е осомничен и за организирање на собраниските настани од 27 април.

Македонија | пред 6 години

Mila_Carovska_Minister

Царовска: Ако двете лица од семејството по два пати одбијат работа, се укинува паричната помош

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во вечерашното гостување на телевизија Телма ја објаснуваше новата социјална реформа и мерките кои произлегуваат од неа. Шпекулации кои излегоа во јавноста дека правото на минимален гарантиран приход (по старо социјална помош) ќе биде укинато ако лицето два пати одбие работа не се точни. Односно, правото на минимален гарантиран приход ќе се укине ако две работноспособни лица од семејството по два пати одбијат работа.-Од семејството ќе биде избрано едно лице кое најбрзо може да се подготви за пазарот на труд. На лицето ќе му биде дадена обука, доквалификација или преквалификација и ќе биде подготвено за пазарот на трудот. Потоа ќе му биде понудена работа. Ако првата работа ја одбие, ќе му биде понудена втора. Ако два пати одбие, тогаш одиме на второто лице во семејството, на пример преминуваме на мајката и неа ја подготвуваме за пазарот на трудот, со обуки и квалификации. Доколку и второто лице два пати одбие работа, тогаш ќе се размислува што со децата од тоа семејство, а ќе се премине на укинување на мерката социјална помош. Значи четири обиди за вклучување на пазарот на трудот, пред да се премине на укинување на паричната помош, објасни Царовска.

Македонија | пред 6 години

klinika-genekologija

Разрешен економскиот директор на гинекологија Валон Беља

Поради нарушени односи и несоодветно однесување министерот за здравство Венко Филипче го разреши економскиот директор на гинекологија и акушерство Валон Беља. Ова следи откако Беља ја обвини сегашната директорка на гинекологија Викторија Јовановска за криминал со набавка на скапи лабараториски тестови.  Јовановска по обвинувањата возврати со кривична пријава за клевета и навреда, а според неа причината за ваквото обвинување од Беља е поради тоа што не сакала да потпише договори за вработувања на неговите двајца советници.Беља, кој е кадар на ДУИ, беше назначен за економски директор на Гинекологија во октомври минатата година. Во декември, тој беше застрелан во нога и опериран во болницата „Св. Наум Охридски“, за што беа уапсени три лица.  

Македонија | пред 6 години

klinika-genekologija

Кавга помеѓу двајцата директори на Клиниката за гинекологија и акушерство

Економскиот директор на клиниката за гинекологија и акушерство Валон Беља на својот фејсбукстатус објави дека сегашната директорка на клиниката фаворизирала одредена лабораторија за испитување. По неговата објава денеска со прес конфернција од клиниката за гинекологија велат дека станува за процедура која поминала по редовен пат. Причина за ваквото однесување на економскиот директор е тоа што директорката Јовановска не сакала да и не гледала причина за ангажирање на двајца советници на економнскиот директор.Министерот за здравство посочи дека ќе се состане со директорите.Валон Беља во јавноста е познат кога во него пред нова година беше пукано во престрелка и за него има три кривични пријави.

Македонија | пред 6 години

kokain

Поднесено обвинение против тројца странски државјани за криумчарење на кокаин

По спроведена истражна постапка, Oсновното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција до Основен суд – Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт со Предлог за продолжување на мерката Притвор против двајца државјани на Република Црна Гора и еден државјанин на Перу. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 став 3 вв ст.1 од Кривичниот законик.Имено, во ноември минатата година, обвинетите заедно неовластено организирале, заради продажба купиле, држеле, пренесувале наркотична дрога – кокаин. Црногорците од непознато лице од Перу неовластено заради продажба купиле наркотична дрога кокаин. Продавачот го ангажирал третообвинетиот да ја пренесе наркотичната дрога – кокаин од Перу до нашата држава, а потоа преку косовска територија до Босна и Херцеговина.Заради непречено пренесување, дрогата била хемиски третирана, при што кокаинот од прашкаста форма преминал во течна агрегатна состојба и со него биле потопени повеќе различни парчиња гардероба. Продавачот од Перу ја спакувал гардеробата во куфер и му го предал на обвинетиот, кој со со лет од Сао Паоло преку Франкфурт и Виена на 30.11.2018 година околу 01:00 часот пристигнал на Меѓународниот Аеродром Скопје. Во меѓувреме, обвинетите црногорски државјани преминувајќи ја државната граница на ГП Блаце со патничко моторно возило Голф 1,9 ТДИ со црногорски таблички се упатиле на Меѓународниот Аеродром Скопје. Тројцата обвинети ноќта се сретнале во хотел во Скопје.По претходен договор, наредното утро обвинетите се упатиле кон ГП Блаце, црногорските државјани со автомобилот, а Перуанецот со такси возило. Од страна на граничната полиција на МВР на Р. Косово на обвинетиот државјанин на Перу не му бил дозволен влез во Р. Косово, бидејќи не поседувал виза и тој со истото такси возило се вратил на ГП Блаце од каде телефонски ги известил другите двајца обвинети дека не му е дозволен влез во Р. Косово и се враќа во РС Македонија.Истиот ден, Перуанецот повторно се пријавил како гостин во хотелот и во попладневните часови од страна на полициски службеници од МВР е лоциран и лишен од слобода. Во неговиот куфер се пронајдени: десет блузи, три дуксери, еден џемпер, осум маици, едни кратки панталони, три пара долни тренерки, една кожна јакна, два пара фармерки, два пешкири, два пара волнени sиври, четири долни веша, еден чаршав, четири пара чорапи, шест парчиња текстил со неправилна форма, еден пар влечки, еден пар кондури и еден пар патики кои биле потопени во течен кокаин. Црногорците со цел да остварат средба со трето обвинетиот на 30.11.2018 година во попладневните часови, на ГП Блаце влегле во РС Македонија, по што од страна на полициските службеници се лишени од слобода.Од досегашните превземени дејствија во соработка со Националниот центар за криминалистичка форензика при МВР на Р. Србија, при физичко – хемискиот процес на вештачење е добиена наркотична дрога – кокаин во нето количина од 976,69 грама. Вкупната нето количина ќе биде прецизирана откако ќе биде завршено физичко – хемиското вештачење.Имајќи ја предвид специфичноста, видот и висината на предвидената казна, како и дека во конкретниот случај се работи за недозволена трговија со кокаин што е поскап вид на дрога, како и фактот дека сторителите се странски државјани за кои материјалната страна на обезбедување услови како за бегство, криење, така и за различни начини на попречување на истрагата не претставува проблем, како и евентуалната поврзаност на сторители во меѓународна група специјализирана за недозволена трговија со дрога, надлежниот обвинител предложи продолжување на мерката притвор за обвинетите.

пред 6 години

Нема фотографија

Скопје добива нов тематски забавен парк

Град Скопје на старата локација ќе изгради нов тематски забавен парк, што ќе биде регионална атракција, имајќи предвид дека ваков парк не постои во радиус од 250 километри.Денеска во градот беа презентирани содржините на тематскиот парк од градоначалникот Шилегов и од проектантот и архитект, Франко Бараѕони, претставник на италијанската компанија на Баусаа, коишто ги изработија и се донатори на студијата и планот за изградба.Новиот забавен парк опфаќа најсовремени реквизити кои гарантираат дека истиот ќе биде пожелно место за забава на семејствата и на сите посетители без оглед на нивната возраст.Заради тоа, проектирано е во паркот да има три зони, детска, фамилијарна и адреналинска зона, во коишто ќе се постават 24 различни реквизити и содржини.Самиот парк ќе се протега на истата површина како и досега и нема да се уништува постојното зеленило во Градски парк, а во паркот нема да биде исечено ниту едно дрво за негова изградба. Сите реквизити во паркот ќе се поставуваат, односно лоцираат, според постојните дрвја на парцелата.Забавниот парк ќе се простира на околу 26.000 квадратни метри, и ќе обезбеди нови најмалку 100 директни вработувања, а над 500 индиректни нови вработувања.

Скопје | пред 6 години

drzavna-matura

15.553 матуранти ќе полагаат државна матура од 1 до 13 јуни

За полагање на државна матурата годинава се пријавени вкупно 15.553 ученици, од кои 7692 се од гимназиско образование, 7604 од средното стручно и 257 од средното уметничко образование.За испитот по странски јазик в сабота пријавени се: 14 413 за англиски јазик,  59 за француски, 201 кандидат за германски јазик и 15 за руски.По една недела од првиот екстерен испит, саботата на 8 јуни, ќе биде екстерниот испит по мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, за кој вкупно се пријавени 15 279 матуранти.  Според податоците од ДИЦ, македонски јазик ќе полагаат 10 386 матуранти, албански 4 566 и турски 327.На 11 јуни е полагањето на третиот екстерен испит. Новина годинава е што меѓу предметите  првпат  може да се избере и социологија, за кој се пријавени 569 кандидати. Како и на минатите државни матури, најмногу пријавени има за бизнис (4 206), за историја 2 407, биологија ќе полагаат 3 631, филозофија 2 691, хемија 227, физика 128 и естетика 166 матуранти.На 13 јуни е тестот по математика со 2 049 пријавени  кандидати.За спроведвање на  државната матура се ангажирани 2 388 наставници-тестатори и 200 набљудувачи од Министерството за образование и наука, Државниот испитен центар и од Бирото за развој на образованието.Согласно со законскиот рок, според кој првичните резултати треба да бидат објавени најдоцна еден месец по одржувањето на последниот испит, тие се очекуваат до 13 јули 2019.Кандидатите што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе може повторно да полагаат во августовската сесија, на 12, 13, 14 и 15 август кога испитите се по ист редослед како и во јуни.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Змија отровница каснала жена во Штипско

Змија отровница каснала жена, која се движела во атарот на селото Шашаварлија, близу Штип. Жената веднаш е префрлена на Инфективното одделение на Клиничката болница, каде е хоспитализирана.Инаку, жената е касната од змија додека работела во нивата насадена со грашок, а наместо на нозете да носи чизми, таа полските работи ги извршувала боса.На штипското Инфективно одделение ова е прв случај на пациент каснат од змија за оваа година. Затоа се апелира земјоделците и сточарите да внимаваат кога ги извршуваат своите работи на нива или пасиштата. 

Македонија | пред 6 години

miladinovci-stip

Китанов: Неделава ќе биде пуштен автопатот Миладиновци – Штип

Оваа недела ќе биде пуштен во употреба новиот автопатот Миладиновци-Штип, а во текот на летото ќе започне изградбата на патарините, најави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, денеска во Куманово.Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов вели дека рампата кај Гевгелија е целосно изградена, а се чека уште зелено светло од надлежните институции за официјално да биде пуштена во употреба. Сепак директорот не открива колку ќе биде цената за наплата.„Ги работат завршните работи, софтверските работи. Очекувам во првата недела на јуни да биде веќе пуштена, буквално со почетокот на сезоната“, рече Зоран Китанов, директор на Јавно претпријатие за државни патишта.Другата патарина која ќе се наоѓа кај Демир Капија, директорот Китанов вели дека ќе биде готова до крајот на годината бидејќи поради појава на свлечиште на теренот било неопходно препроектирање.

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Претседателот Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на законите за реформа на безбедносните служби

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија и на Законот за Агенција за национална безбедност. Ова се клучни закони за реформа на безбедносните служби.Со Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, што се носи за прв пат во Република Северна Македонија, се формира Совет за координација кој ќе ги спроведува предлозите на највисокото безбедносно тело - Советот за национална безбедност.Во Советот за координација се претставени сите институции кои имаат надлежности во сферата  на одбраната и безбедноста.Со Законот за Агенција за национална безбедност прецизно се регулира собирањето на податоци и информации значајни за безбедноста и одбраната на државата. 

Македонија | пред 6 години

aleksandar-ruzin

Александар Ружин и Венко Андоновски станаа нови советници на премиерот Заев

Бројот на надворешни соработници на Зоран Заев порасна на 39 лица, пишува Истражувачка репортерска лабораторија. Заедно со редовните сега има вкупно 63 советници. Тоа се две третини од бројката на советници на Никола Груевски, за кој лани владата на СДСМ на јавноста и откри дека за една година потрошил 1,7 милиони евра за 91 советник. Претседателот на владата има постојано вработени државни советници и посебни советници (24) и има право да ангажира неограничен број на надворешни советници. Таквиот советник може да зема еднократен надомест, да биде ангажиран на проект во одреден временски период, но и да биде на списокот на постојани месечни хонорари.Меѓу новите имиња со постојан месечен хонорар се и универзитетскиот професор од Kaтедрата за македонски јазик Венко Андоновски и Александар Ружин, син на поранешниот дипломат и актуелен професор на ФОН, Нано Ружин. Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ Македонија го побара ажурираниот список со надворешни соработници, односно советници на претседателот на Владата за да следиме дали има промени и какви се ангажманите на овие лица.Од почетокот на годинава Александар Ружин му стана дипломатски советник на премиерот. Во владиниот одговор пишува дека секој месец тој зема 50,000 денари за да дава совети за „економска, социјална и културна соработка со државите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург)  и Франција“.Целиот текст можете да го прочитате на овој линк. 

Македонија | пред 6 години

zdravko-saveski

Савески: Сето ова покажа дека СДСМ е султан-партија

Членот на „Левица“, Здравко Савески во синоќешното гостување на ТВ 24 упати критики кон актуелната владејачка СДСМ, нарекувајќи ја „султан партија“.„Сето ова прво покажа дека СДСМ е султан-партија. По статутот на партијата, претседателот на партијата има надлежност и право да разрешува претседатели на локални ограноци и со тоа да ги разрешува целите извршни одбори на локалните ограноци“, истакна Савески.

Македонија | пред 6 години

vucic

(ВИДЕО) Претседателот на Србија се обраќа на јавноста

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ  во моемнтов се обраќа на јавноста.Вучиќ утринава покренал интензивни дипломатски активности после упадот на специјалните единици РОСА на северот на Косово, речено е во неговиот кабинет.Претседателот на Србија побарал од западните политички центри да ја зауздаат Приштина и ставил до знаење дека Србија нема да дозволи етничко чистење на Косово. https://www.facebook.com/kuririnfo/videos/457914674981329/

Свет | пред 6 години

stan-gori

(ФОТО) Гори стан во близина на Универзална, се евакуираат станарите

Гори стан во центарот на Скопје близу Универзална сала. Зградата во која избувна пожарoт се евакуираат станарите. По улиците може да се забележат луѓе кои панично ја напуштаат зградата, а интервенција покрај пожарникарите врши и лекарска екипа.фото: Kurir.mk 

Скопје | пред 6 години

vucic

Вучиќ ја стави српската војска во борбена готовност, во моментов заседава советот за национална безбедност

Албанските специјалци нападнаа на Косово. Уапсија 13 срби  припадници на кососвката полиција. Ова предизвика голема вознемиреност во српскиот дел на Косово, а српскиот претседател Александар Вучиќ нареди војската да се стави во целосна борбена готовност. Србите во Косовска Митровица излегоа на протести, а се слушаат и сирени за предупредување. Наофицијално повредени се двајца срби..Во мометов во Белград се одржува седница на советот за национална безбедност.Претседателот Вучиќ ја предупреди Европската унија дека Србија ќе реагира ако косовските специјалци не се повлечат од северот на Косово, јави Танјуг.Двајца Срби се полесно повредени во престрелката што се случи околу 6.20 утрово во Зубин Поток, кога припадниците на Росу дошле во реон на селото Доње Вараге во таа општина, јави Танјуг повикувајќи се на полициски извори. Агенцијата јави дека се уште се слушаат истрели од огнено оружје. Во акцијата на косовските специјалци е уапсено едно лице.Вчара пак претседателот на Србија  Александар Вучиќ,  на собраниска седница, истакна дека планот на Албанците со сето она што го прават е да ја доведат ситуацијата до „нова нормалност“, бидејќи тоа ним им е дозволено, а со цел Србија да се доведе до ситуација и формално да го признае Косово.-Можеме да бараме и уште нешто да се прашаме и да се бориме најдобро што можеме. Неодамна се одржа самитот во Берлин каде Макрон и Меркел се обидеа да ги убедат Албанците да ги укинат таксите, но тие имаа поддршка од посилни отколку тие две европски лидери - рекол Вучиќ.-Не им успеа затоа што Албанците имаат силна заштита - рекол Вучиќ   

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања