„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

nefa-mebel-1-1600x868

Ходошевич: Не е точно дека сме крадци и измамници, обезбедуваме средства за да се исплатат купувачите и работниците

Службите во координирана акција на терен го истражуваат случајот со НЕФА мебел откако компанијата ги затвори сите продавници и стотици граѓани останаа без своите платени нарачки. Државниот пазарен инспекторат ги повикува засегнатите граѓаните да го пријават својот случај во пазарната инспекцијаВо српските медиуми се јави рускиот бизнисмен Андреј Ходошевич, кој стои зад  фирмата „Нефа мебел“. Тој се јави во живо во утринска програма и вети дека ќе ги обесштети и работниците кои работеле во двете фабрики за производство на мебел во Врање и Сомбор, но и купувачите што останале без мебел, објави nezavisen.mk.„Ги обезбедуваме средствата потребни за да се исплатат купувачите и работниците. Од денеска ќе се почне со уплата на средства за исплата на потрошувачите во Србија, заедно со платите кои им се должат на работниците. Обезбедивме околу  400 илјади евра“, вели Ходошевич.Тој меѓу другото објасна дека заминувањето не се случило преку ноќ и дека опремата сеуште е во фабриката. Како главна причина поради која се повлекле според  Ходошевич  е тоа што работењето во Србија не било позитивно и износот вложен во работењето бил многу поголем од планираното.Русинот меѓу другото вели:„Не е точно дека сме крадци и измамници. Нашите компании не користеле државни субвенции, парите од купувачите не ги задржавме за нас и од Србија немаме уплатено ниту еден денар на своите приватни сметки. Сè до минатиот месец редовно го финансиравме работењето на компанијата, при што висината на вложувањата само во текот на април надмина половина милион евра. Нашите вработени, и покрај донесената одлука за затворање на компанијата ‘Нефа’, продолжија редовно да испорачуваат мебел сè до 23 мај. Според планот, требало на сите потрошувачи да им биде обезбеден мебел и да бидат решени. За жал, по невистините објавени во медиумите, настана хаос во магацинот и не сме веќе во можност да ви го испорачаме мебелот“, вели Ходошевич во јавно писмо.„Нефа“ имала 14 подружници во Македонија, три во Скопје, магацин во Студеничани и продавници во Куманово, Прилеп, Штип, Струмица, Тетово, Битола, Велес, Струга, Охрид и Гостивар.Текстот  во целост на: nezavisen.mk

Македонија | пред 6 години

kosovo

(ВИДЕО) Напнато на Косово, косовските специјалци уапсиле 13 Срби, припадници на косовската полиција

До 8:30 часот утрово косовските специјални сили Росу вооружени  до заби албански специјалци уапсиле 13 Срби, припадници на косовската полиција на север во Косово, јави Танјуг. Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ утрово изјави за РТС, дека косовски специјалци напаѓаат Срби на влез во Зубин Поток во обид да влезат во тоа населено место. Тој додаде дека косовските специјалци со оружје упаднале утрово во сите четири општини на северот во Косово. Според него, апсењата се извршени „поради некаква вмешаност на тие лица во организиран криминал“.-Албанските екстремисти ова го направија за да ги заплашат нашите луѓе и ако е можно да предизвикаат паника, па со апсење за кои зборувавме претходните денови и кое го најавивме, да создадат клима за невозможен живот во Косово за Србите. Екстремистите и сепаристите посегнаа по најстрашните методи, а со согласност на меѓународните заедници. Ова претставува играње со мирот на тој простор, со цел Срби да нема повеќе на тоа место - заклучил Ѓуриќ. 

Свет | пред 6 години

zbogar

Жбогар: Би била голема штета доколку Охрид го загуби статусот во УНЕСКО

Би била голема штета за граѓаните, но и за државата доколку Охрид го загуби статусот во УНЕСКО. Оттаму потребата од мобилизација и обединување на сите субјекти во исполнувањето на препораките дадени од УНЕСКО, кажа денес во Охрид евроамбасадорот Самуел Жбогар, започнувајќи ја  новата кампања под брендот „ЕУ за ТЕБЕ“, насочена кон подигнување на свеста за заштитата на животната средина, за , поддршка на еко-активизмот, под мотото „чисто како дома исто“. Како што истакна самиот Жбогар, неслучајно кампањата стартува од Охрид оттаму што последните случувања околу статусот на регионот во УНЕСКО претстаува пример на недостиг од индивидуална и колективна одговорност во односот кон околината и животната средина.-Токму затоа сакаме да ја подигнеме свеста на граѓаните за потребата од активен однос во заштитата на животната средина, но и да ги посочиме позитивните примери како оние т.н. „херои од соседството“ еко-активисти, поединци и групи кои активно работат на чистење на околината, да ги направиме видливи за општеството и да ги поддржиме во нивните секојдневни активности, рече Жбогар.Евроамбасадорот се воздржа од коментар на одлуките на Светската комисија за заштита на културните и природните богатства, но истакна дека на тоа треба да се гледа како на најголема опомена, со цел одговорните институции и целата јавност да преземе активности што ќе ја спречат натамошната деградација на Охрид и Охридското Езеро.Инаку кампања која започна од Охрид и Струга  има четири елементи - комуникации во насока на подигнување на свеста за заштита на животната средина, поддршка на активистите што работат на зачувувањето на животната средина, посети на општините каде активистите ќе можат да најават активности за чистење на околината, како и охрабрување на локалните самоуправи за поактивна поддршка на активностите насочени кон почиста животна средина. 

Македонија | пред 6 години

galicica

Синоќа спасени две лица, странски државјани, изгубени на Галичица

Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, преку СВР Охрид синоќа, во 20:25 часот добила дојава дека, на територијата на НП „Галичица“ се изгубени две лица, странски државјани, објави ohrid press.– Оперативниот центар на Планинската спасителна служба (ПСС) веднаш ги алармира волонтерите, стапи во контакт со изгубените и со помош на GPS координатите од нивниот мобилен телефон, ја одреди нивната локација, на 1,5 км југоисточно од селото Пештани, по што започна акцијата за нивно безбедно извлекување. Поради тешко пристапниот терен и густата вегетација на тимот му беа потребни 2 часа и 30 минути за пристап до лицата и уште околу 2 часа за нивна безбедна евакуација. Акцијата заврши доцна синоќа, на 27-ми мај 2019 година, 30 минути по полноќ.Текстот е превземен од ohridpress.com.mk

Македонија | пред 6 години

nefa-mebel-1-1600x868

Афера „Нефа – мебел“Финансиската полиција ќе го проверува работењето на фирмата

Фирмата и салоните на „Нефа“ за затворија преку ноќ. Во Македонија имаше 14 подружници,од кои три салони беа во Скопје, а останатите во градовите од внатрешноста.Управата за финансиска полиција аферата  „Нефа“  ја превзеде во свои раце. Ќе го чешла работењето на фирмата Нефа-мебел, откако во јавноста излезе информација дека стотина граѓани се оштетени, откако компанијата  преку ноќ ги затвори своите продавници, а не ги испорачала нарачките.Само денеска Од утрово има навала од претставки во Државниот пазарен инспекторат. Само во Скопје до 15 часот денеска се пријавиле над 40 оштетени граѓани, кои платиле пари, а не добиле мебел.Фирмата „НЕФА мебел“ не е непозната и за Државниот пазарен инспекторат. Само годинава во три случаи интервенирале и успеале да обесштетат тројца потрошувачи кои им се обратиле, а во тек е постапка за уште двајца.

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведени две лица од Скопје – собрале 750.000 денари тврдејќи дека парите се за изборната кампања на една политичка партија

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Б.Н.(37) и Т.П.(58), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“. Првопријавениот Б.Н., во договор со второпријавениот Т.П., во април и мај 2019 година, во неколку наврати побарале и примиле парични средства во вкупен износ од 750.000 денари од раководно лице во приватна фирма. Тие го измамиле односно лажно го информирале дека паричните средства кои ги побарале ќе бидат искористени како донација за финансирање на изборната кампања на една политичка партија за претседателските избори 2019 година.Второпријавениот на овој начин од оштетениот побарал и примил парични средства во износ од 200.000 денари. Тој се претставил лажно, како портпарол на политичката партија. После тоа, пријавените во два наврати побарале и примиле парични средства од оштетениот, во вкупен износ од 550.000 денари, наводно за финансирање на тековните трошоци на изборната кампања на политичката партија.По добивање на пријавата, СВР-Скопје презеде соодветни мерки и со претходно издадена судска наредба извршен е претрес на дом, лице и на превозно средство заради пронаоѓање на траги и предмети при што одземени се предмети како доказ во кривичната постапка. По завршувањето на претресот, пријавените се лишени од слобода.

Македонија | пред 6 години

kiracoski

Кирацовски преку Фб се заблагодари на Заев, соработниците, но и на сопругата

Пратеникот Александар Кирацовски, кој синоќа беше сменет од позицијата генерален секретар на СДСМ, во отвореното писмо со кое се обрати до јавноста и му се заблагодари на премиерот Зоран Заев и на соработниците. Писмото го искористи да и за обрати и на сопругата. Тој и се заблагодари на сопругата Гордана, која останала со него и во најтешките моменти.Продолжуваме заедно напред!Независно кој на која позиција и во која улога ќе биде, продолжуваме заедно кон мисијата да обезбедиме подобар живот за сите граѓани!Во тешки услови и преку долгогодишна борба за правда и демократија, како тим, заедно успеавме да го поразиме режимот, потоа заедно ги премостивме сите предизвици на патот Македонија да ја направиме Европска, а сега со обновени сили продолжуваме да ја градиме нашата држава.На пресек од двегодишната власт успеавме да направиме многу и за државата и за партијата, но се разбира има уште многу пат за одење.Синоќешните одлуки на ЦО на СДСМ се за заедничко добро и само во партија каде што има висока свест, демократска култура, другарство, визија, заемна доверба, во еден ден едногласно можат да се донесат крупни одлуки на кадровски промени.Таква е мојата, нашата СДСМ!Како поединци, не сме воопшто битни, кога станува збор за општото добро на граѓаните, на членството. Нашите функции и кариери, се помали од нашиот интегритет и подготвеноста да се ставиме во функција на повисоките, заеднички цели.Пораката од граѓаните беше веднаш прифатена уште при нејзина испорака и беше сосема доволна, целото раководство да ја понуди својата оставка, за да, согласно досегашното искуство, нештата ги промениме на подобро. И Партијата и државата, преку прераспоредување, воведувајќи нови концепти на работа.Му благодарам на претседателот Заев, за укажаната доверба која сите заедно ја оправдавме. Во специфични услови, на огромни, наталожени очекувања, успеавме да испорачаме сериозни општествени и партиски резултати крунисани со победа на претседателските избори.Им благодарам на сите соработници, со кои соработката продолжува, за преданоста и доследноста, им благодарам и честитам за придонесот на досегашните потпретседатели на СДСМ, членовите на ИО и Организациониот секретар, на заменик-претседателката Шеќеринска за другарството и поддршката.И благодарам на сопругата и семејството за големата, огромна поддршка и поднесувањето на тешките, неправедни моменти кои доаѓаат од функцијата, која често пати знае да биде неблагодарна.И, голема благодарност до членовите на СДСМ, кои несебично се вложија во сите партиски активности, кои секојдневно ја градат и зацврстуваат нашата партија која значи многу за нашата Македонија!Продолжуваме заедно напред, напиша Кирацовски на ФБ.https://www.facebook.com/aleksandar.kiracovski/posts/1140256496173100  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Поевтинуват горивата - Дизелот за два денари, бензинот за еден денар

Горивата поевтинуваат. Од ноќеска на полноќ бензинот ќе се продава за 1 денар помалку, а дизелот за 2 денари. На полноќ 95-ката ќе се продава за 71 денар за литар; 98-цата за 73 денари за литар, додека дизелот поевтинува за 2 денари и ќе чини 64 денари.Регулаторната комисија за енергетика, пресметувајќи според новата методологија за формирање на малопродажните цени на дериватите, го објавја новиот ценовник што ќе важи во следните седум дена.Главни критериуми во формирањето на цените и натаму ќе бидат курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта на светските берзи. 

Македонија | пред 6 години

silegov-1

Шилегов: Разликувајте ги термините разрешен, сменет и дадена оставка

Би сакал да ги разликуваме термините разрешен, сменет и дадена оставка. Јас и другите потпретседатели на СДСМ ги дадовме нашите оставки уште во текот на минатат недела. Како луѓе покажавме политички интегритет со давањето на оставки, во политиката ништо не е лесно, логично е во еден даден момент да си отидеме. Ова го изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов по одлуките на Централниот одбор на СДСМ вчера.-Прво би сакал да ги разликуваме поимите разрешен, сменет и дадена оставка. Јас заеднно со другите другари, потпретседатели на СДСМ, во текот на минатата недела ги понудивме нашите оставки и вчера Централниот одбор ги прифати тие оставки. Второ, уште пред седницата на Централниот одбор вчера, јас истакнав дека наша задача како луѓе е победата којашто ја имаме на претседателските избори и да креираме внатрепартиски политики коишто ќе веривикуваат таква идна победа на парламентарните избори со цел во македонија конечно да го елиминираме простотилукот, примитивизмот фашизмот што го промовира ВМРО-ДПМНЕ во последните 15 години, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање на почетокот на реконструкцијата на булеварот „11 Октомври“.Прашан дали ќе даде оставка од функцијата градоначалник на Скопје, тој рече дека оставка даваат луѓе со интегритет, а политички интегритет покажале сите кои дале оставка од партиската функција.Во политиката ништо не е вечно, како дојдовме така е, логично, во еден даден момент да си отидеме. Ако добро ги следите, а би сакал добро да ги следите политиките кои ги креирав и стратегиите коишто ги креирав во изминатава една и пол година од како сум градоначалник, ќе видите и ќе знаете што сѐ Градот работи на изминатава година. Креирањето на тие политики и реализирањето на тие политики се нешто што допрва следува, рече Шилегов.

Македонија | пред 6 години

Slika-Frosina-18-12

Ременски: Одлуките се донесени без грам суета

Потпретседателката на СДСМ Фросина Ременски, на вчерашната седница на ЦО на СДСМ беше разрешена од функцијата, па таа утрово ја искоментира одлуката.„Мојата битка за слобода, правда, одговорност и еднаквост не започна со политичките или партиските функции, ниту пак ќе заврши без нив !Битката за овие вредности на секој слободољубив и правдољубив човек започнува со самото негово раѓање, затоа што човек таков се раѓа и таков умира !Предизвикот да се издржи на тој пат, колку и да е тежок и трнлив ја покажува вербата и посветеноста на тие идеи и цели, а не вербата во функциите !Донесените одлуки се донесени, без грам суета, туку одлучно како што личи на луѓе со интегритет и визија за очекувањата !Доаѓа време за испорака на мотото за кое се боревме и во кое верувавме сите ние, дека: "Одговорност мора да има" и "Никогаш да не се повтори!".Му благодарам на претседателот и заменикот претседател на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска за довербата.Борбата продолжува !“, напиша Ременски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

krsto-mukoski-960x528

Крсто мора да оди во Влада, само он може да ги отвори вратите кон ЕУ, се вели на Твитер

Лавина реакции на социјалните мрежи има по вчерашната смена на раководството во СДСМ. Граѓаните од една страна ја поздравуваат одлуката на премиерот Заев, а други сметаат дека историјата се повторува и дека тој си направил пат за доминација во СДСМ.https://twitter.com/Sulimanovic/status/1132732217531215877?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1132732217531215877%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-zovre-po-remontot-vo-sdsm-a-cheka-razreshenive-e-si-gi-zadrzhat-funkciite-ministri-pratenici-gradonachalnici%2Fhttps://twitter.com/Miki08354409/status/1132757240262352896?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1132757240262352896%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-zovre-po-remontot-vo-sdsm-a-cheka-razreshenive-e-si-gi-zadrzhat-funkciite-ministri-pratenici-gradonachalnici%2Fhttps://twitter.com/kezhmanprvi/status/1132740925476810754?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1132740925476810754%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-zovre-po-remontot-vo-sdsm-a-cheka-razreshenive-e-si-gi-zadrzhat-funkciite-ministri-pratenici-gradonachalnici%2Fhttps://twitter.com/iron_heart_mk/status/1132726102940618752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1132726102940618752%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-zovre-po-remontot-vo-sdsm-a-cheka-razreshenive-e-si-gi-zadrzhat-funkciite-ministri-pratenici-gradonachalnici%2Fhttps://twitter.com/RajnaBureva/status/1132900365681217536https://twitter.com/Linalu123Lu/status/1132732938565689344?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1132732938565689344%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-zovre-po-remontot-vo-sdsm-a-cheka-razreshenive-e-si-gi-zadrzhat-funkciite-ministri-pratenici-gradonachalnici%2Fhttps://twitter.com/Greatmyo/status/1132746634998222848?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1132746634998222848%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-zovre-po-remontot-vo-sdsm-a-cheka-razreshenive-e-si-gi-zadrzhat-funkciite-ministri-pratenici-gradonachalnici%2F

Магазин | пред 6 години

BeFunky-collage-14

Ефтов: Дали Александар Николоски ќе понесе одговорност за поразот во Охрид ? !

Синоќа во емисијата ВО ЦЕНТАР на новинарот Васко Ефтов за првпат во медиумите се отвори прашањето за одговорност на потпретседателот на партијата ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски , кој е од Охрид, а во градот Охрид ВМРО ДПМНЕ ги изгуби локалните избори со околу 4000 гласа разлика.Ефтов зборуваше и за некој „Кисинџер од Издеглавје“ ( без да прецизира на кого мисли ), а кажа и дека Александар Николоски бил главен кадровик.Ефтов го постави прашањето: Ако имате потпретседател во градот Охрид и ВМРО ДПМНЕ изгуби таму, тогаш се поставува прашањето како може потпретседателот да победи во други делови на Македонија ?Ефтов праша дали има логика ако некој губи со 4000 гласа никој да не понесе одговорност во ВМРО ДПМНЕ, додека Заев прави метла во СДСМ.Ефтов рече и дека политички сплетки биле есенција на политичкото делување на Александар Николоски во неговата кариера.ВИДЕО?t=548

Македонија | пред 6 години

seizmograf-zemljotres-620x350

Земјотрес почувствуван во околината на Берово и Пехчево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид,Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера во 03часот и 51 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 13km северозапазно од Пехчево.Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.3, а беше почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 6 години

metla-15

Потребна е метла која ќе го измете Заев, а ќе ја осети на избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Само Зоран Заев и Радмила Шекеринска блескаат. Само тие не се виновни за корупцијата, криминалот, расипништвото и назадувањето на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Сите останати ги испокрадоа парите преку фондот за иновации, тендерите во здравство, си делат сами на себе кирии, си поделија ниви со марихуана и го соголуваа буџетот.Сите останати бараа „едно за вице”, само Заев и Шекеринска останаа да блескаат.Факт е дека Спасовски, Кирацовски, Ременски, Зекири, Манчевски и Шилегов беа катастрофа за СДСМ но уште поважно е дека тие се трагедија за Република Македонија.Затоа и Спасовски и останатите неспособни кадри на Зоран Заев мора да си поднесат оставки и од државните функции, а не како неспособни партиски кадри да продолжат да земаат пари од буџетот и да ја упропастуваат Република Македонија.Дали да се води едно министерство како МВР е поедноставно и неважно отколку да се биде потпретседател на СДСМ. Доколку Заев не ги разреши Спасовски, Манчевски и Шилегов од функциите ќе биде повеќе од јасно дека така наречената метла е една голема фарса.Граѓаните не се должни да ја поднесуваат неспособноста на Спасовски кој нема ниту една акција за сузбивање на криминал, министер во чие време убиствата на улиците станаа секојдневие.Администрацијата не е должна да го трпи Манчевски и да премолчува на заканите и мобингот од негова страна дека ќе има кратење.Граѓаните на Скопје не се помалку важни од членовите на СДСМ па Шилегов да им биде градоначалник, кој година ипол потроши, а нема направено ниту еден проект.Метлата е само фарса, се додека не си заминат неспособните функционери и од државните функции на цело со Заев и Шекеринска, заклучокот ќе биде еден, а тоа е дека Заев се обидува преку театар за наводна метла да ги отргне граѓаните од реалноста и проблемите со кои секојдневно се соочуваат.Потребна е метла која ќе го измете Заев, таа метла ја имаат граѓаните, а Заев ќе ја осети на избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

durlovski

Дурловски за Кирацовски: Ќе фалиш будалче

Оперскиот пејач Игор Дурловски се огласи на Фејсбук по синоќешниот Централен одбор на СДСМ, на кој беа разрешени целиот извршен одбор на СДСМ, сите шест потпретседатели на партијата, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и коордианторката на  Форумот на жени.Дурловски се огласи за одлуката да биде разрешен Кирацовски од местото генерален секретар.https://www.facebook.com/igor.durlovski/posts/2668416959843531

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања