„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

Bidi-srcevina-bidi-hero-

Штанд за пријавување на донатори на коскена срцевина на „Охрид Трчат“

Клиниката за хематологија Скопје ги информира граѓаните дека за времена одржување на трката „Охрид Трчат“, денеска од 8:00 часот, може да се обратат на штандот на Клиниката и да се запишат во Националниот дарителски регистар на коскена срцевина.– Потсетуваме дека е во тек национална кампања „Биди срцевина, биди херој“, која ја спроведува Клиниката за хематологија во соработка со Институтот за имунологија и хумана гентика при Медицинскиот факултет во Скопје, а со поддршка од Министерството за здравство. На штандот ќе бидат ангажирани стручни тимови од Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје и Институтот за Имунологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје, коистојат на располагање да го објаснат процесот на зачленување во регистарот. Ќе бидат обезбедени услови за дарување на една епрувета крв-5 милилитри кои се доволни за да се направи ХЛА типизација. Со овој гест ќе станете дел од глобалното семејство кое брои над 30.000.000 доброволни дарители на коскена срцевина во светот, информираат организаторите.Целта на оваа кампања, како што наведуваат тие е подигање на свеста за хуманост, промовирање на солидарноста и засилување на можноста преку запишување во националниот дарителски регистар, секој да може да се понуди да спаси човечки живот дарувајќи коскена срцевина.Клиниката апелира до сите учесници на маратонот да ја покажат својата хумана и солидарна страна и да се впишат во регистарот и информиррат дека тимот на Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје и Институтот за Имунологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет ќе биде лоциран на штандот на Ретки болести.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Облачно со пороен дожд и грмежи

Времето денeска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи (над 20 л/м2), грмежи, засилен ветер и појава на град. Минималните температури ќе се движат од 8 до 15, а максималните од 19 до 26 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 13 до 23 степени.Под влијание на циклонска активност од Медитеранот во следните денови ќе се задржи променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град, особено утре. Од петок се очекува стабилно и значително потопло време.

Македонија | пред 6 години

zoran_zaev_obrakanje

Заев со честитка до ракометарите

Ракометарите од Вардар одат напред во финалето. Браво момци, гордост наша!, напиша на Твитер премиерот Зоран Заев откако ракометарите на Вардар направија неверојатен пресврт во Келн и ја победија силната Барселона со 29:27.

Македонија | пред 6 години

vardar-pobeda-2

(ВИДЕО) Ракометарите се радуваат, Македонија е горда

Вардар со неверојатна игра во второто полувреме ја победи Барселона, македонскиот тим се врати од седум голови негатива и утре во финалето со Веспрем ќе се бори за шампионската титула.Во финалето кое ќе се игра во недела, Вардар ќе игра против Веспрем.https://www.facebook.com/rkvardar/videos/611251672704670/ 

Спорт | пред 6 години

chair-zaginati

Јавното обвинителство по несреќата прибира податоци за инвеститорот и изведувачот на работите

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид на лице место во општина Чаир каде напладне две лица починаа при вршење ископ.Несреќата се случила откако бил направен ископ на потегот од станбена зграда до улицата Ресенска со цел поставување на одводна канализација. Четири лица, татко, двајца синови и близок роднина, копајќи во близина на паркинг, ги поместиле плочките бекатон и ископале дупка за поставување на цевките. Во моментот кога во ископот се симнале три лица, се срушил дел од земјата која била околу ископот, при тоа затрупувајќи целосно две лица. Од настанатите повреди браќата, на возраст од 26 и 28 години починале на лице место. Третото лице, нивен роднина кој бил со нив во ровот бил делумно затрупан и се здобил со телесни повреди.Во насока на расчистување на настанот и утврдување на причинско последичните поврзаност за несреќата и смртта на двајцата браќа, јавниот обвинител издаде Наредба за прибирање на податоци во врска со постоењето на градежна дозвола за вршење ископ, во однос на инвеститорот , како и изведувачот на работите. Издадена е и Наредба за вршење на обдукција на телата на починатите. На лице место беа повикани и службени лица од Државниот инспекторат за труд.Дејствијата кои се преземаат од Основното јавно обвинителство Скопје ќе продолжат во континуитет се до целосно расчистување на кривично правниот настан.​ 

Скопје | пред 6 години

vardar-123

Вардар ја победи Барселона - ќе игра во финалето против Веспрем

Вардар со неверојатна игра во второто полувреме ја победи Барселона, македонскиот тим се врати од седум голови негатива и утре во финалето со Веспрем ќе се бори за шампионската титула.  Барселона доминираше во првиот дел кој го заврши со водство од 16-9. Каталонците таа предност ја одржува до 40-тата минута но црвено-црните го засилија темпото и почнаа со големи чекори да го анулираат водството на противникот  што резултираше со ирманување на резултатот на 26-26 во 57. Минута. Најефикасни беа Криштопанс со 10 и Карачиќ со 5 погодоци. Кај противникот се истакна Гомеш со 11 гола.Во финале Вардар  ќе игра со Веспрем.  Финалето се игра во недела од 18ч.фото: derbi.mk

Спорт | пред 6 години

avtobus-2

(ВИДЕО) Се запали автобус на граничниот премин Табановце

Новосадски автобус изгоре потполно, кога околу 16 часот се запали на граничниот премин Табановце, помеѓу Србија и Македонија. Сите патници во моментот на избувнување на пожарот веднаш го напуштиле автобусот, избегнувајќи ја евентуалната трагедија.За среќа, во несреќата нема повредени, освен понекоја мала гребнатинка кај патниците. Тие брзо реагирале и го напуштиле  автобусот, но биле видно потресени.Засега не се знае причината за избувнатиот оган во автобусот.

Македонија | пред 6 години

korca-2

(ФОТО + ВИДЕО) Граѓаните на Корча вознемирени, не влегуваат во домовите, голем дел од нив со распукани ѕидови и без тавани

Албанските медиуми објавуваат фотографии и видеа на кое се гледа усасот кој го поминаа граѓаните по серијата земјотреси кои ја погодија Корча. На видео се гледа како се ниша лустер во дом од моментот кога Корча е под влијание на земјотрес со јачина од 5.3 степени по рихтер.Земјотресите во Албанија не престануваат, од синоќа до сега се регистрирани десетици потреси.Граѓаните на Корча се преплашени. Тие стравуваат да влезат во своите домови. Во изјави за медиумите велат дека ѕидовите им се распукани, а дел од таваните уништени.Најсилните земјотреси беа почувствувани и во југозападниот дел од Македонија.  фото: .gazetatema.net

Свет | пред 6 години

chair-zaginati

Две лица загинаа во во близина на основното училиште “Пенко” во Чаир

Две лица загинаа, додека еден претрпе тешки телесни повреди како резултат на падот на земјата при отворање на канал, објави Алсат.Двајцата загинати биле браќа кои работеле во компанијата каде што сопственик бил нивниот татко. Несреќата се случила во близина на основното училиште “Пенко” во Чаир. 

Скопје | пред 6 години

policija-2

Не им дозволувал да го приведат другар му, па заедно завршиле во полиција

На 01.06.2019 година во 03.35 часот, во кабаре лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир, извршено од 28-годишен охриѓанец со дрско и непристојно однесување кон вработените и гостите како и кон полициските службеници.Тој, е приведен во полициската станица заедно со неговиот пријател 31-годишен скопјанец кој ги спречувал полициските службеници во приведувањето.Против двајцата, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

grujo-micko1

ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта, Груевски дава команди, Мицкоски исполнува, велат од СДСМ

Најава на осудениот криминалец, Никола Груевски, дека ќе поднесе оставка како пратеник, ја потврди неговата директната поврзаност со Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.„ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта, Груевски од таму дава команди, Мицкоски исполнува.Одлуките на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, однесувањето на Мицкоски, однесувањето на пратениците на оваа партија во мандатно имунитетната комисија, кои не гласаа за одземање на мандатот, е по наредба на Груевски и во директна координација со Мицкоски.Мицкоски нема храброст ништо да направи, дури ниту да постапи по Закон и Устав, ниту да донесе некаква одлука.Со најавената оставка Никола Груевски му помага на Мицкоски, го спасува, за неговата потчинетост и неспособност да постапи по закон,  кои се веќе толку видливи и граѓаните ги препознаваат.Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси, меѓу кои и Трајко Вељановски, Тарчуловски, Милошовски треба да поднесат оставки од морални и правни причини“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

61446388_1065610993622530_4364308855799152640_n

(ФОТО) Пронајдени 12 вреќи марихуана во близина на Калишта

На 01.06.2019 година околу 03 часот, во близина на регионалниот пат Подмоље-Радожда, пред селото Калишта, полициските службеници од СВР Охрид пронашле 12 вреќи во кои имало 196 пакувања со марихуана.По насоки, добиени од јавен обвинител, марихуаната е  предадена за вештачење и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

rociste

Груевски сам се повлекува од пратеничката функција

,,Целта легално да ми го одземат мандатот јасно е дека е неостварлива. И според Уставот на Македонија и според меѓународните прописи, но и според неподлегнувањето на притисокот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои на комисијата за мандатно имунитетни прашања им одржаа лекција по меѓународно право и уставно право на нивните колеги од власта кои во отсуство на аргументи расправата ја сведоа на ,,маалска дискусија за политика на клупа пред зграда“ во текот на расправата на комисијата.Сепак, иако правото, уставот и меѓународните документи се на моја страна, јас нема да дозволам нашата партија и пратеници заради мене и мојот мандат да бидат изложени на било какви притисоци, на лажна пропаганда, на непријатности и на медиумски линч од страна на власта и нејзините апологети. Не сакам понатаму ниту да дадам можност на СДСМ користејќи ја оваа тема да ги избегнува дебатите за суштинските теми и проблеми кои го засегаат народот и да ги задскрива своите криминални политики.Оттука, одлучив да се повлечам од пратеничката функција, а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови.Им благодарам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што издржаа на принципиелните позиции кои се во склад со уставот и меѓународното право и не потклекнаа на притисоците.Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите денови ми даваа огромна подршка и покрај сиот притисок и неправди, покрај сите лажни пропаганди и лични ризици, покажаа дека чувството за правда и правичност, отпор, неприфаќање и бунтовност пред неправдата, останува водилка на македонскиот народ и граѓани, колку и инсталиранста власт да промовира поинакви и спротивни на овие вредности“-напиша утрината на својот ФБ профил почесниот претседател на ВМРО ДПМНЕ, НИкола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.Тој и понатаму смета дека власта е опседната со него:,,Видлива е стратегијата на СДСМ своите секојдневни неуспеси, криминал, масовна корупција, бројни неостварени ветувања, непотизам, и огромен број други слабости да се обидува да ги прикрива преку наметнување на лажни информации и тези со очигледна понатамошна опседнатост со мене.Во минатото СДСМ не штедеа пари и други ресурси во правец и цели за мое оцрнување, омаловажување и создавање лажна слика за невистинити работи, како на пример дека сум бил премиер кој бил против ЕУ, против НАТО, против Албанците во Македонија, или дека сум проневерил народни пари, одејќи и до таа мерка со лаги дека сум бил осуден за корупција.Во функција ставија десетици дежурни по медиумите т.н. независни аналитичари, новинари, уредници и други пропагандисти, најголем дел од нив на еден или друг начин скриено или отворено платени токму со народни пари со единствена задача да шират лажна пропаганда против мене и против ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е најмногу заради стравот кој им ,,влезе во коските,, после 10 изборни порази од нас, но и нивниот нечесн однос кон народот изразен на пример преку ,,колнењата во најблиските,, дека нема да го сменат името и уставот иако знаеја дека токму затоа се инсталирани на власт, секојдневниот рекет на компаниите и приватниот сектор, дебаклот во економијата, видливата корупција, очигледниот непотизам и нечесно работење.Последната тема за која не штедат пари да прават лажна пропаганда и против мене и против ВМРО-ДПМНЕ, е лагата дека како корисник на политички азил а заради политички прогон, издаден од земја членка на ЕУ и НАТО, заради прогон токму од нив како владечка партија која испорачува пресуди преку контролираното судство и обвинителство, сум бил неоправдано отсутен во последните шест месеци.Јасно е дека тоа не е така и благодарен сум што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ мошне прецизно и стручно, одбивајќи да подлегнат на притисоците на пропагандата на СДСМ објаснија дека согласно најпознатиот документ на ООН – универзалната декларација за човекови права, азилот е вброен како еден од основните човекови права и не е можно некој да е неправедно отсутен од седници во парламентот ако е принуден да користи политички азил кој од 1948 година ООН го степенувала како човеково право, и кој документ го усвоил и македонскиот парламент.Исто така пратениците мошне јасно објаснија дека дури и кога некој би бил неоправдано отсутен, уставот во членот 65 остава право на избор на пратениците како ќе гласаат во однос на одземањето на мандатот, па притоа, како и да гласаат нема да е во спротивност со уставот бидејќи не случајно уставот го користи зборот ,,може,, наместо ,,мора,, или ,,треба,, да се одземе мандатот.Ним а и на целата слободоумна јавност им е совршено јасно дека како и да гласаат тие нема да го прекршат уставот, но ако гласаат за одземање на мандатот ќе го прекршат ,,меѓународниот закон,, кој во членот 14 од документот азилот го третира како основно човеково право.Опсесијата со мене ја натера власта набрзина и хистерично да менува закони, деловник за работа на парламентот и вообичаената пракса на работа во парламентот само за да ги задоволат своите лични фрустрации,комплекси и опседнатост со мене до степен на ,,кошмар,,, како и потребата со лажна пропаганда да ги задскриваат своите катастрофални и ненародни политики. Дојдоа до степен на секретарката во парламентот да и забрануваат да ме пријави како оправдано отсутен.Но, ни тоа не им помогна, бидејќи што и да сменат тие неможат да ја променат ниту отфрлат универвезалната декларација за човекови права на ООН, ниту да го променат уставот, а дури и да го променат би требало ретроактивно да го применат.Да живее Македонија!“-го завршува подолгиот пост Никола Груевски на својот ФБ профил.

Македонија | пред 6 години

zemjotres-2

Серија силни земјотреси на југот од Албанија

Во јужниот дел на Албанија, во близина на градот Корча утрово од 6:26 мин има серија  последователни земјотреси со појак интензитет.Првиот беше во 6:26 степени со оинтензитет од 4.9 степени, и истиот го почуствуваа и жителите од Македонија од Охрид, Струга и Ресен . 7 минути подоцна уште еден земјотрес со имнтензитет од 5 степени. По тоа следуваа неколку помали за кои сеизмолозите сметаат дека се афтершокови 3.7, 4,4, 3.2,2.5,3.7.Паника кај населението во Албанија предизвика и последниот потрес пред 14  мин во  точно 9 часот о интензитет од 4.8 степени.Засега нема никакви информации за евентулани штети.

Македонија | пред 6 години

robert-popovski-2

Поповски: Заев троши три пати помалку од Груевски

Mинистерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски во вечерашното гостување на 1ТВ зборувајќи за отчетноста на оваа Влада рече премиерот Зоран Заев троши три пати помалку од неговиот претходник Никола Груевски.-Заштедите на оваа влада по основ на трошоци на премиерот, министрите, замениците се два до три пати поголеми од претходно, особено во однос на угостителските услуги. Ако продолжи ова темпо, и ако оваа влада остане на власт колку претходната, само на оваа основа ќе бидат заштедени 12 милиони евра. Премиерот Заев троши три пати помалку од Груевски на оваа основа, рече Поповски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања