„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

selfi-vardar

(ВИДЕО) Победата на Вардар не крена на нозе, се радувааат од најмлади до најстари

Вардар а нов шампион на Европа, откако во финалето на Лигата на шампиони го совладаа Веспрем со 27-24 . Македонскиот Вардар одигра многу добар меч. Река народ се слева кон плоштадорт во Скопје. Се пајат навивачки песни, палат бакли и се пее.https://www.facebook.com/skopje1mk/ https://www.facebook.com/dimoski.zvonko.5/videos/10217196340213587/UzpfSTEwMDAwMzY3NzY1NzU5ODoxNjE5NDU4ODg0ODUzMzUx/ По мечот Вардарци решија да објават победничко селфи од соблекувалната.https://twitter.com/ehfcl/status/1135245358697787392?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1135245358697787392&ref_url=https%3A%2F%2Fsupersport.mk%2Farchives%2F111314

Македонија | пред 6 години

vardar-pobeda-1

(ВИДЕО) Македонски Вардар првак на Европа, како се дочека победата на плоштадот Македонија во Скопје

Ракометарите на Вардар остварија голема победа над Веспрем и ја освоија втората европска титула во својата клупска историја (27:24) Сите играчи на Вардар кои влегоа во игра прикажаа одлично издание. Неверојатниот успех, „црвено-црните“ го заслужија со доминација во првото полувреме (16:11) и голема борбеност во вториот дел.Еве како се слави во Скопје ...

Македонија | пред 6 години

MTQeT-terfesdsz

ВО ЖИВО: ВАРДАР - ВЕСПЕРМ

https://www.facebook.com/SkopjeTheCapital/videos/869868693375599/Линг до пренос во живо Т У К Аhttp://sportsvideoline3.pw/player?channel=arena1

Македонија | пред 6 години

20190602152901

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Хрватска, загина македонски камионџија

Македонски државјанин, возач на камион, денеска загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи на автопатот А3 во Хрватска. Во несреќата учествувале камион и автобус со босански регистерски таблички.Како што пренесе хрватскиот портал „Индекс.хр“, камионот се судрил со автобус од Босна и Херцеговина.Хрватските власти јавија дека возачот на каминот починал, а од автобусот полесно повредени се 10-15 патници.Во тек е полициски увид.https://www.facebook.com/24sata/videos/2828564477217155/ 

Свет | пред 6 години

Sting-sk-artwork

Поради финалето Вардар-Веспрем, концертот на Стинг ќе доцни половина час

Концертот на Стинг што ќе се одржи вечерва на стадионот „Тоше Проески“, ќе доцни половина час, поради финалето на Лигата на шампионите на кое се пласираа ракометарите на Вардар.Организаторот на концертот, Бобан Милошески од Авалон продукција објави дека за ова добил дозвола од менаџментот на Стинг. Така концертот на светскиот музичар ќе почне во 22 часот, а претходно, од 20.30 часот, ќе настапи триото на Влатко Стефановски.Вардар го игра финалето со Веспрем од 18 часот. По тој повод Град Скопје организира заедничко следење на финалниот натпревар на плоштадот „Македонија“.

Магазин | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев: На граѓаните не им е доволен извештајот, тие чекаат Европа да ја исполни својата задача

Премиерот Зоран Заев на трибината која се одржува по повод две години од формирањето на Владата изјави дека за две години успеале да ги затворат сите отворени прашања и да го сочуваат македонскиот идентитет.-За две години ги затворивме сите отворени прашања, преземавме одговорност што никој не сакаше да ја преземе цели 3 децении. Го зачувавме македонскиот идентитет, рече Заев.Toj посочи на резултатите што се постигнати во изминатиот период и Заев нагласи дека сега граѓаните на  Македонија и Владата чекаат јасен потег од Европската унија и датум за почеток на преговори.Задачите што ги исполни Владата, рече премиерот, донесоа суштински промени: ослободување на државата од заробеност, процес на деинсталација на режим и интеграција на земјата како пример кој блеска на Балканот.– Барем така велат европјаните во најновиот Извештај за напредокот на нашата земја, но Извештајот не е доволен за граѓаните на Македонија. Време е Европа да ја исполни својата задача пред своите европјани. Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите други кои живеат во Македонија се Европјани. Европјаните од Македонија и Владата на Македонија чекаат јасен потег од Европската унија, потенцираше Заев.На форумот организиран по повод двегодишнината од Владата, што се уште е во тек, се обратија и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Бујар Османи, Оливер Спасовски и Кочо Анѓушев. Учествуваат и универзитетски професори, академици, бизнисмени и граѓански активисти.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Нови „бомби“ на Јутјуб

На Јутуб се појави нова „бомба“, објавена од профил со фотографија на премиерот Зоран Заев. Станува збор наводно за разговор меѓу лидерот Али Ахмети и ексвицепремиерот Муса Џафери, кои разговараат за пропаднатиот попис во 2011 година.Ахмети во разговорот му вели на Џафери дека „работите не одат добро, граѓаните се револтирани, ќе нѐ боцкаат фотелјите…“СЈО отвори истрага за пописот кој пропадна необјаснето, а со кој буџетот беше оштетен за 2,8 милиони евра и ги осомничи Никола Груевски како тогашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ и Али Ахмети како лидер на ДУИ.

Македонија | пред 6 години

vlada

„Метлата“ на Заев нема да ги измете министерките

Премиерот Зоран Заев на денешната трибина посветена на двегодишнината од формирањето на Владата, рече дека со претстојната реконструкција, нема да бидат опфатени жените кои се на министерските позции, бидејќи се малку. Но тој не кажа дали можеби нивниот број ќе се зголеми со најавените владини промени.Сега, во Владата од 26 членови (заедно со премиерот Заев), на министерски функции се четири жени: вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерката за правда Рената Дескоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и  министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска.

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka-aerodrom

(ФОТО) Верижен судар пред Охридскиот аеродром, повредено едно лице

Околу 13 часот се случи сообраќајна несреќа , верижен судар на автобус, џип и уште еден автомобил. Во несреќата повредено е едно лице кое е веднаш пренесено во болницата за ортопедија и трауматологоија Св.Еразмо.Увидот сеуште трае, а сообраќајот се одвива наизменично.

Македонија | пред 6 години

vess2

Бендевска: Срамно е што финалето на ЛШ во ракомет нема да се пренесува преку МРТВ

Поранешната пратеничка и поранешен висок партиски функционер во владеачката СДСМ, Весна Бендевска на својот ФБ профил го изрази својот револт поради немањето тв пренос од натпреварите на нашиот ракометен шампион на фајнал форот во Келн.„Па нели е бре срамно што утре финалето на ЛШ во ракомет нема да се пренесува преку јавниот сервис – МРТВ? Кога „дојде животот“ за сите, прво бевме ‘ослободени’ од 190 денари за РДТ. Каков „успех“! По некое време бевме принудени на приватниците да им плаќаме по 100-150 денари повеќе за тв и интернет-услуги!!! „Ни ќар- ни зијан!“ – за нас, ама и тоа како ЌАР за приватниците како Роби-Телекабел! Наместо во државно, во приватно ќесе да придонесуваме! И сега – немаме можност преку ТВ да гледаме врвен ракомет каде учествува нашиот државен првак?! Па, дали е ова нормално, бре??!“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

BILBORDI_AKCIJ_01062019-4-e1559382862698

(ФОТО) По отстранувањето на палмите, на ред се билбордите во Охрид

Во согласност со препораката под реден број 19, која беше нотирана од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Сесија 41 COM 7B.34), Општина Охрид ја започна најавената акција за отстранување на рекламните билборди кои се лоцирани во делови од централното градско подрачје и на крајбрежниот потег, во должина на кејот „Македонија”, велат од Општина Охрид.Во првиот дел од акцијата за отстранување, биле демонтирани вкупно 5 билборди, за кои во моментов нема активни договори за закуп на локациите.„Во текот на наредниот период планирано е да бидат отстранети и останатите рекламни билборди, кои ја нарушуваат визурата кон потегот на Охридското Езеро и во потегот на стариот дел на Охрид“, велат од Општината.

Македонија | пред 6 години

nikoloski-press

Помирување нема да има ако бараат амнестија за Заев и неговото семејство, вели Николовски

Помирувањето го замислуваат на начин што сакаат да испреговараат со ВМРО-ДПМНЕ амнестија за Зоран Заев, неговото семејство и останатите во однос на гонење по криминалите што ги имаат правено во изминатиот период. Ако така го замислуваат помирувањето, помирување нема да има, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.„Многу интересно зошто сега СДСМ го иницира ова помирување, првпат зборуваат за помирување. Според нашите сознанија, првпат го кажувам ова во јавност, идејата за помирувањето дошла по завршувањето на претседателските избори, затоа што е извесно дека ќе ги изгубат следните парламентарни избори и помирувањето го замислуваат на начин што сакаат да испреговараат со ВМРО-ДПМНЕ амнестија за Зоран Заев, неговото семејство и останатите во однос на гонење по криминалите што ги имаат правено во изминатиот период. Ако така го замислуваат помирувањето, помирување нема да има“, истакна Николовски.

Македонија | пред 6 години

obvinitelstvo1

Со фалсификувани документи подигнале 100.000 eвра потрошувачки кредити од банка

Отворена е истражна постапка за десет лица осомничени дека со фалсификување документи за потрошувачки кредити и ја оштетите прилепската филијала на Комерцијална банка ад Скопје. На седум лица им е одреден притвор, а за тројца се изречени мерки на претпазливост.Јавното обвинителство вечерва соопшти дека десет лица се опфатени со наредби за поведување истражни постапки донесени од Основното јавно обвинителство Прилеп, по поднесени кривични пријави од Министерството за внатрешни работи.  Во одделни настани, но на ист начин, со намера да прибават противправна имотна корист со лажно прикажување на факти ги довеле и ги оддржувале во заблуда вработените во оштетената Комерцијална Банка ад Скопје – филијала Прилеп, соопшти Јавното обвинителство.-Петмина од осомничените се јавиле како апликанти за добивање на потрошувачки кредити, но со поднесување на фалсификувани документи. Со помош на другите петмина биле изработувани лажни документи за наводно постоење на работен однос на секој од апликантите во различни правни субјекти. Иако никогаш апликантите не биле вработени кај тие правни субјети, со употреба на печати и штембили секој од нив добил документи како да е вработен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЕВН Македонија, МЕПСО АД Скопје или во Реплек Фарм Скопје, информираат од Обвинителството.Преку извршената измама, оштетената банка на четири апликации одговорила позитивно и одобрила потрошувачки кредити и тоа три во висина на 1.500.000 денари и еден во висина на 1.399.954 денари.Со дејствијата кои ги презеле осомничените извршиле кривични дела Измама од член 247 и Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик.Основното јавно обвинителство Прилеп поведувајќи постапка до Судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп достави и предлози за определување мерки за обезбедување присуство на осомничените. Предлогот на обвинителството е прифатен и судот на седуммина осомничени им определи мерка притво, додека на тројца осомничени им се определени мерки на претпазливост, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

ehf

Шилегов организира видео бим на плоштад за Вардар и финалето во Келн

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска на плоштадот Македонија, ќе постави голем видео бим, на кој граѓаните ќе можат заеднички да го следат и бодрат ракометниот клуб Вардар на финалето против Веспрем за нова европска шампионска титула.„Градот Скопје, утре на нашиот плоштад, на голем видео бим, организира заедничко следење и бодрење за новиот триумф на Вардар и неговата нова европска шампионска титула.Ајде масовно сите на плоштад.Еден е Вардар !!! Едно е Скопје !!!“, напиша Шилегов на ФејсбукМакедонскиот шампион денеска со почеток во 18 часот во Келн ќе игра против Веспрем.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Столтенберг и Северноатлантскиот совет попладнево ќе слетаат во Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг доцна попладнево се очекува да пристигне на „Меѓународниот аеродром Скопје“.Во земјава покрај генералниот секретар Јенс Столтенберг,  доаѓа и целиот Северноатлантски совет (НАК) во кој се амбасадорите на сите земји членки на Алијансата.На аеродромот предвидено е да има свечен пречек, по што високите гости се упатат кон Собранието.Утре високите претставници на НАТО ќе бидат пречекани во Владата на Република Македонија.Ова е втора посета од ваков ранг на Македонија.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања