„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

sdvsdsdgvsgerggfgnj

Судијата Тасев го доби спорот со Македонија

Штипскиот судија Славчо Тасев го доби спорот со државата Македонија, откако македонските судови не му дозволиле од Бугарин да стане Македонец. За ова, според судот во Стразбур, државата на Тасев ќе треба да му плати 4.500 евра и 1.800 евра за судски трошоци, објави МКД.мкСлавчо Тасев е судија од Штип повеќе од 22 години, од кои 9 години во Апелацискиот суд. Тој е роден 1959 година во Босилеград, Србија. Во Македонија се сели во 1978 година. Тука дипломира, формира семејство и живее во Штип. Цело време се изјаснувал како Бугарин, но во меѓувреме решава да ја смени националната припадност бидејќи доаѓа до докази дека неговото потекло е македонско.Оваа промена подоцна станува единствената пречка за да се кандидаира во институцијата која бира и разрешува судии во државата - Судскиот совет.Тасев во 2018 година решава да се кандидира за член на Судскиот совет како Македонец, но Советот го отфрла неговото барање бидејќи кај нив тој бил заведен како Бугарин. За ова Тасев добива пресуда и од Управниот суд.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 6 години

ujp

До 31 мај можете да ја проверите и потврдите годишната даночна пријава во УЈП

Граѓаните кои оствариле приходи во 2018 година имаат рок до 31 мај да направат увид во претпополнетата Годишна даночна пријава електронски доставена од Управата за јавни приходи.Претпополнетите годишни даночни пријави ќе се доставуваат електронски на корисничките профили што претходно ги регистрираа даночните обврзници, додека на е-маил адресата корисикот ќе добие нотификација дека е испратена претпополнетата годишна даночна пријава, која ќе треба да ја потврди или коригира.Ова е прва година во која граѓаните добиваат претпополнета годишна даночна пријава.Од УЈП наведуваат дека граѓаните кои имаат потреба од помош при коригирањето на претпополнетите Годишни даночни пријави, може да се обратат во контакт центарот на телефонските броеви 0800 33 000 и 02/3253 200. 

Македонија | пред 6 години

60952136_1188104074647338_7364687663489613824_n

(ФОТО) Харадинај со сопругата на гости кај Заев

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, на социјалните мрежи се пофали дека в македонскиот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица ги пречекале во нивниот дом.,,Заедно со Анита, бевме гости во домот на премиерот на Македонија, Зоран Заев и неговата сопруга Зорица. Пријатен разговор, за добрососедство, коректна соработка и заедничка евро-атлантска иднина на двете земји!“-напиша кусо Харадинај.

Македонија | пред 6 години

Pimen-0002

Отец Пимен за Мукоски: Дали вие би патувале во ист авион со човек кој може да отвари врата?

Европскиот Владика Пимен, речиси секоја година е дел од делегацијата на аудиенција кај Папата, по повод чествувањето на Свети Кирил и Методиј. Оваа година тоа не беше случај, а Владиката даде интересно објаснување преку Фејсбук статус, осврнувајќи се на Крсто Мукоски кој е дел од делегацијата.„Кога ме прашувате зошто оваа година не бев во делегацијата за Рим и Ватикан, запрашајте се искрено дали вие би патувале во ист авион со човек кој може да отвари врата”

Македонија | пред 6 години

zaev-metla

СДСМ денес на централен одбор за најавените кадровски промени

Централниот одбор на СДСМ денес на седница треба да донесе одлуки за промени на дел од партиските кадри, но и на оние во извршната власт.Заев не сака да открива имиња на министрите кои ќе ги зафати „метлата“ но затоа ги смени претседателите на сите општински организации.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во изјава за медиуми рече дека остануваат на барањето за проверка на пратениците и функционерите кои вршат јавна дејност и дека барал совети за примена на ветингот, со што ќе се спречат нападите кон функционерите и ширењето лажни вести.Заев за почетокот на јуни најави и смени на дел од министрите, замениците, а потоа и по вертикала со смени на функционери во јавните претпријатија и институции.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево со температура до 28 степени

Времето во државата е биде сончево со мала доумерена облачност и топло. Ќе дува слаб доумерен западен ветер, особено изразен во западните делови. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појавана краткотраен дожд.Утринската температура ќе се движи во интервалот од 5 до 12 степени, а дневната од 16 до 28 Целзиусови степени.Во Скопје слично време со температура до 26 степени.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still122

(ВИДЕО) Две млади лица пренесени во болница од како со мотор се судриле со автомобил

Автомобил и мотоцикл се судрија вечерва на „Булевар Туристичка“ во Охрид.Во сударот автомобилот излетал од коловозот и завршил на зелениот појас меѓу двете страни на булеварот, додека две млади лица кои се движеле со мотоциклот завршија во болница.Нема прецизни инфромации за нивната состојба.Секое лето мотоциклите се најбројни во сообраќајките во Охрид, а билансот на повредените и за заж загинатите во сударите и трагедиите со години наназад е поразителен.ВИДЕО:

Македонија | пред 6 години

zaev-metla

Утре централниот одбор на СДСМ се очекува да одбере кои пет министри ќе ги фати „метлата“

Централниот одбор на СДСМ на седница која ќе се одржи утре, ќе расправа, но и да се донесе одлуки за промени на дел од партиските кадри, но и на оние во извршната власт, објави  ТВ 21.Откако премиерот и лидер на партијата Зоран Заев деновиве објави дека се разрешени сите 78 претседатели на општинските организации, многу е веројатно дека на утрешната седница на Централниот одбор  метлата  ќе ја опфати повисоката партиска структура. Заев за почетокот на јуни најави и смени на дел од министрите, замениците, а потоа и по вертикала со смени на функционери во јавните претпријатија и институции. Неофицијални се говори дека покрај директори кои не ги исполниле очекувањата, сменети ќе бидат пет до шест министри. Деновиве Заев имаше средби со коалицискиот партнер, лидерот на ДУИ Али Ахмети на кои се разговарало за најавената реконструкција на Владата.Текстот во целост на ТВ 21. 

Македонија | пред 6 години

pirgov-bolnica

Момчето со изгореници од струен удар сместено е во болницата Пирогов – Бугарија

Момчето со изгореници од струен удар сместено е во болницата Пирогов, во Софија, Република Бугарија, во сигурни раце на специјалист за детски изгореници, напиша министерот за здравство, Венко Филипче.Во продолжение на статусот на министерот се вели:За транспорт на пациентот, беше обезбедено санитетско возило по сите стандарди, згрижено според сите протоколи и упатено е на натамошно лекување во најдобриот центар за изгореници на Балканот.На располагање беа и хелихоптери од Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, но поради сериозноста на повредите, момчето е пренесено со санитетско возило од брзата помош. За да стигне побрзо беше обезбедено и брзо поминување со полициска придружба од македонско-бугарската граница до болницата во Софија.Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи се активираа веднаш и направија сѐ да му се помогне и да се спаси неговиот живот.Голема благодарност до Република Бугарија, кои веднаш прифатија лекување и обезбедија место за момчето, напиша министерот Филипче на ФБ.   

Македонија | пред 6 години

old-tajmeri-1

(ФОТО и ВИДЕО) Изложба на олдтајмери во Охрид, најстариот експонат од 1923 год

Во Охрид на паркингот од хотелот Unique Resort & Spa Изложба на олдтајмери. Станува збор за рели на Група туристи пасионирани љубители ојдтајмери од Холандија.„Рели Адриатик“, како што е насловено ова рели пред да дојде кај нас биле Хрватска, Црна Гора и Албанија. Релито тргнало од Трст Италија па преку Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина Црна Гора Албанија и Македонија продолжува во Грција, од каде од пристаништето Игуменица повторно ќе се вратат во Италија, во пристаништето Анкона.Со групата патува и професионален  фотограф кој подготвува посебна  фото едиција која ќе се испечати по завршувањето на релито.Пред хотелот  Unique, исложени се вкупно 36 модели на автомобили. Најстарите експонати се два автомобили од 1923 год.  Станува збор за автомобил Бентли Суперспорт.  Останатите експонати се од 1924, 1929, 1931. 1936 ...На официјалниот сајт на „Рели Адриатик“,  стои дека ноќевањата се во најдобрите хотлеи во градот каде отседнуваат. Токму поради ова, сопствениците на ова рели ќе ноќеваат во  Unique Resort & Spa.   

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still114

Од минарето на Алипашината Џамија ќе се запее на Бајрам

Обновената Алипашина Џамија во Охрид свечено ќе биде ставена во употреба на 6 јуни, на годинешниот Рамазан Бајрам, дознава Скопје1.мк од свои извори во ИВЗ.На отворањето ќе бидат присутни високи гости од властите на Република Турција, а поканети ќе бидат и Премиерот Зоран Заев, дел од министрите како и градоначалникот Константин Георгиески.Како што јавивме вчера, минарето е  во финална фаза и на него е поставена кровната конусна купола.Градбата на ова минаре предизвика политички тензии и објектот стана централна медиумска тема.Алипашината Џамија останала без минаре во минатиот век кога истото е урнато од страна на група граѓани. 

Македонија | пред 6 години

Capture-2

(ВИДЕО) Крадец украде 4 велосипеди од зграда во Скопје, полицијата не превзема ништо

Видеата се од безбедносни камери на зграда на улицата Орце Николов во центарот на Скопје каде за една вечер се украдени 4 велосипеди. Крадецот насилно ја отвора вратата и одбира кој велосипед да го земе, пишува Досие.Кражбите на велосипеди траат повеќе години низ градот а полицијата никако да ги фати организираните групи кои потоа ги препродаваат велосипедите или ги разстураат на делови. Бројот на пријавени украдени велосипеди во МВР секој ден е се поголем, но полицијата е немоќна.

Скопје | пред 6 години

35-velosipedi-grad-skopje

Веќе трета година во Скопје не се изнајмуваат велосипеди – сите се искршени или украдени

Веќе трета година во Скопје не се изнајмуваат велосипеди. Проектот, кој беше воведен од Град Скопје во 2010 во времето на градоначланикот Коце Трајановски со цел да се поттикнат граѓаните да го користат велосипедот како превозно средства, не функционира. Сите велосипеди кои Градот ги купи или ги доби како донација се искршени или украдени, па затоа проектот е стопиран, пишува СДК.Изнајмувањето велосипеди од 2010 до 2016 го вршеше градското јавно претпријатие „Градски паркинг“. Велосипед се изнајмуваше на неколку локации каде паркинзи има претпријатието и чинеше 10 денари од час.Директорот на „Градски паркинг“ Борче Јакимовски вели дека овој проект онака како што беше осмислен бил нерентабилен за претпријатието.„Ние имавме повеќе загуба отколку добивка со проектот изнајмување на велосипеди. Приходите ни беа 80.000 денари, а расходите 600.000 денари. Велосипедите ни ги крадеа или ни ги враќаа искршени, со извадени делови. Потребно е Градот да воведе целосно нов систем за да може да функционира овој проект“, вели Јакимовски.ПОВЕЌЕ НА СДК.МК

Скопје | пред 6 години

nefa-mebel-1-1600x868

„Нефа мебел“ затвори преку ноќ, стотици купувачи останаа без платените нарачки

Купувачите останаа без својот нарачан мебел откако Српско-руската фирма за мебел „Нефа мебел“ ги затвори ненадејно салоните во Србија и Македонија, пишува СДК.Стотици купувачи од двете земји останаа без можност да ги добијат однапред платените нарачки. Српските медиуми објавија дека компанијата „Спилит“ која всушност е производител на мебелот кој го продава Нефа пред два дена побегна од Врање и остави долгови и 300 работници без работа.Нефа мебел во нашата држава има три продавници во Скопје – во Сити мол, Капитол Мол и ГТЦ, и во Велес, Гостивар, Прилеп, Битола, Тетово.Како што пренесоа медиумите сите три продавници вчера попладнето затвориле.Купувачите кои биле во продавницата останале без информација  каде можат да го набават својот мебел.Исто така, избришани се и српската и македонската веб страница и фејсбук страните.„Бев во сите продавници, а и во скопскиот магацин, тој беше затворен, но продавачите немаат информации дали и кога ќе ни биде испорачан купениот мебел што го плативме со рок за испорака од 35 дена. Ни рекоа да дојдеме в понеделник, ама не верувам дека ќе отворат“, вели скопјанец кој не ја добил гарнитурата платена 20.000 денари.Како што открива тој за СДК, повеќемина купувачи веќе го пријавиле случајот во Агенцијата за заштита на потрошувачите, но се уште не знае дали тоа ќе помогне да си ги добијат нарачките.Целиот текст може да го прочитате ОВДЕ.

Македонија | пред 6 години

kazandol

Според судот раскинувањето на Договорот за Казандол е законито

Владата на Република Македонија информира дека Управниот суд, одлучувајќи по тужбата на тужителот „Друштво за експлоатација, преработка, и производство САРДИЧ МЦ“ ДОО, увоз-извоз, Скопје против Одлуката на Владата од 27.3.2018 година, за едностран раскин на Договорот за изградба на рудник во локалитетот „Казандол“, донесе пресуда одбивајќи ја тужбата како неоснована.Во одлуката на Управниот суд, која на 14.5.2019 година станала правосилна е наведено дека, оценувајќи ја законитоста на оспорената Одлука, Судот најде дека одлуката на Владата за раскин на договорот за рудникот Казандол е законита.Во пресудата се вели дека Судот најде дека врз основа на правилно и целосно утврдена фактичка состојба, Владата правилно го применила и материјалното право, кога на тужителот „САРДИЧ МЦ“ еднострано му го раскинала Договорот за концесија. Причините кои се сметаат за основани е тоа што концесионерот во рокот од две години до денот на доделувањето на концесијата во смисла на членот 13, став 1 од договорот, не ги исполнил обврските да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50 проценти од експлоатираната руда и после две години од почнување со експлоатација на вториот рудник да изгради фабрика за производство на финални производи од катоден бакар со капацитет најмалку еднаков на годишниот капацитет на постројката за експлоатација на катоден бакар.Овие факти се утврдени согласно Законот за минерални суровини, Законот за концесии и јавно приватно партнерство и Договорот за концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина-бакар, злато и сребро на локалитетот „Казандол“, општина Валандово, општина Богданци и општина Дојран, потпишан од Република Северна Македонија-Министерство за економија и тужителот „Друштво за експлоатација, преработка и производство САРДИЧ МЦ“ ДОО, увоз-извоз Скопје од 27.2.2015 година.Владата на Република Македонија останува на својот став дека ги поддржува инвестициите во земјата и создава клима за економски просперитет и квалитет, но исклучиво согласно утврдените законски норми и прописи.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања