„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

zoran-zaev-izjava

Заев: Некои функционери демонстрираа ароганција и недостапност, наместо рамноправност и еднаквост со граѓаните

Премиерот Зоран Заев вели дека таканаречената операција „метла“ се однесува на луѓето кои, според него, покажале слабост, недоволна исполнителност, не ги реализирале очекувањата или демонстрирале ароганција и недостапност до граѓаните. Како што вели Заев во интервју за МКД, тоа се однесува на министри, директори на јавни институции, па и на третиот ешалон, на подрачните единици надолу.Иако владејачкиот кандидат победи на претседателските избори, сепак, премиерот не е целосно задоволен од изборниот резултат.-Ние не можеме да бидеме задоволни од резултатот, од самата излезност, мотивираност. Реков дека тука има и други аргументи, како што се ароганцијата, недостапноста, демонстрацијата на големини, а не рамноправност и еднаквост со граѓаните и обврска за служење на граѓаните. Ние сите постоиме заради нашите граѓани. Политичките партии постојат заради државата и заради народот, нема други причини. Затоа рековме, покрај тоа што ќе се случат промени во извршната власт, ќе се случат промени и во партиските организации и на локално и на централно ниво – рече Заев.Тој додава дека сите функционери имаат право да кажат дека одлично си ја вршат работата, меѓутоа, порачува премиерот, од него граѓаните очекуваат да ги коригира неуспешните кадри.

Македонија | пред 6 години

15125_slide-1-960x540

Груевски со Синохидро склучувал три пати поскапи договори отколку актуелната влада, вели Китанов

Директорот на Јавното претпријатија за државни патишта Зоран Китанов во гостување во емисијата Отворено на 1 ТВ обелодени дека актуелната влада со кинеската компанија Синохидро склучувала договори кои се со драстично пониски цени во споредба со сумите што компанијата за истите позиции ги инкасирала од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.Како што посочи Китанов, Синохидро на тендер за патниот правец Крупиште-Кочани понудил 574 денари за тампон од дробен камен, додека истата позиција за автопатската десница Миладиновци-Штип вредела 2.202 денари по кубен метар.За набавка, транспорт и изработка на битуменизиран долен носив, пак, за Крупиште-Кочани сега била постигната цена од 55 денари со Синохидро, додека своевремено за Миладиновци-Штип оваа услуга чинела 107 денари по сантиметар.За набавка, транспорт и изработка на полимер асвалт-бетон сега ќе бидат потрошени по 70 денари од сантиметар, а порано за време на друга влада, за друга делница, но за истата позиција, биле потрошени 185 денари.Инаку, треба да се истакне финансиската конструкција за Миладиновци-Штип се градеше според договор со кредиторот, кој ја условуваше ниската каматна стапка со избор на изведувач по пат на преговори во 4 очи, додека цените за Крупиште-Кочани се постигнуваат на тендерска постапка.

Македонија | пред 6 години

goran-2-1

Кои се хероите кои спасија давеник од Вардар? Скопје 1 разговара со нив за оваа акција, но и за професијата припадник на АЛФИ

Што значи да си горд на својата професија? Што значи будно да ја следиш ситуацијат 24/7? Дали е лесно и кога си слободен да „работиш“? Што значи да дадеш заклетва дека секогаш ќе постапуваш по законите и ќе му помагаш и служиш на народот? На овие, но и на ред други прашања, одговор ни даде Горан С, припадник на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“. Ова е момчето што без размислување, заедно со одговорниот старешина на групата Бетим В. неодамна спасија давеник од Реката Вардар. Горан за Скопје 1  раскажува за овој настан, но открива и други детали за својата професија.Скопје 1:  Со интервенција на двајца припадници на специјалната единица „Алфи“, беше спасен возрасен маж од водите на Вардар во Скопје. Благодарение на вашата брза интервенција човекот беше извлечен. Може ли да ни ја објасните целата ситуција. Како дознавте? Како реагиравте?Горан С: На ден 02.05.2019 околу 10:00 часот вршејки мотопатролна дејност со одговорниот старешина на групата Бетим В. на подрацјето на град Скопје потоцно на ул.Цветан Димов општина Чаир по радио врска од базата на СВР-Скопје јавија дека машко лице се фрлило од Камени мост во реката Вардар.Одговорниот веднаш по радио врска упати три тима од Алфите и јас Горан С. со одговорниот се упативме веднаш на лице место.Од наша страна беа користени звучни и светлосни сигнали поради густиот сообраќај во градот за да стигнеме што побрзо на местото на настанот.По секоја објава на базата на СВР-Скопје единицата Алфа одговара брзо и енергично..Од кога стигнавме на кејот на реката Вардар од насш страна беше забележано лицето како го носи струјата на реката Вардар во средина на коритото и истиот дека сеуште дава знаци за живот.Во тој момент одговорниот одлучи јас да влезам во реката Вардар бидејки ние од сите тимови на единицата Алфа први стигнавме на лице место.Веднаш ги соблеков алистата додека одговорниот ги координираше тимовите што доаѓаа према местото.Јас рипнав во реката Вардар погоре во течението од причина што водостојот во реката овој период е многу голем и брз.Пливајки се упатив према лицето во средина на коритото и од моја страна истиот беше фатен и задржан од мене за да не отиде надоле по течението и да се удави.За кратко време и одговорниот скокна во Вардар за да ми помогне да го извадиме заедно лицето.Скопје 1:  Акцијата беше опасна и за вашите животи. Станува збор за река со вртлоци? Што беше најтешко, пробивањето во ладната вода или извлекувањето ?Горан С: Да акцијата беше премногу опасна бидејки реката Вардар изобилува со многу јаки вртлози,струењето на водата во овој период е многу јако бидејки водостојот е голем и брз.А најопасно е што видливоста на водата е премногу мала, а на истиот потег се изведуваат градежни работи и неможеме да видиме на што ќе наидеме бидејки во водата има многу метални шипки,бетонски столбови и др.градежни материјали. Целата ситуација е премногу тесшка и не би знаеле на што би наишле во тој момент..И пробивањето и извлекувањето на лицето беа екстремно тешки во тој моментСкопје 1:  Дали е точно дека човекот не сакал да биде спасен? Дали ова беше дополнителен проблем за вас?Горан С: Да точно, човекот беше под голем стрес,небеше комуникативен,беше испаничен и изнемоштен и се обидуваше да се отргне од мене. Јас морав силно да го држам од причина што и ток се обидуваше, а и водата го повлекуваше бидејќи беше со алишта, а тоа беше уште потежок и поголем проблем за мене да го задржам. На смирен начин се обидував да комуницирам со него додека недојде мојот колега Бетим В.на помош за многу кратко времеСкопје 1:  Се сретнавте ли подоцна со човекот и со неговото семејство?Горан С: Не,не се сретнавме, затоа што нашата акција заврши со извлекувањето. Одкако го извадовме човекот понатака рабоатата во свои раце ја преземаат другите служби. А лицето со брза помош беше однесено во Градска болница.Горан раскажува дека единицата Алфи, постојано се соочуваат со слични ситуации. Тој објаснува дека секогаш треба точно да се знае како да им се пристапи на граѓаните, кои во моментот гледаат безизлезна ситуација. Но, сепак тој и колегите се најсреќни кога овие настани имаат среќен епилог.Скопје 1: Сте имале ли слична спасувачка ситуација, немора во вода?Горан С: Да,сме имале ситуација каде што машко лице во стан сакаше да си го одземе животот. Од наша страна со големи напори односно преговори успеавме да го убедиме и да ја отвори неговата врата која беше заклучена така да успеавме да спасиме уште еден човечки живот. Ова е една од многуте ситуации кои сме ги имале на терен.Скопје 1:  Вие сте дел од специјалната единица Алфи. Обучени сте за справување со поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, борба против тероризам, надворешна и внатрешна одбрана, апсење на криминални банди.... Може ли малку поблиску да не запознаете со вашата работа, обуки, тренинзи? Влегува ли професијата што би се рекло „под кожа“?Горан С: Професијата влегува под кожа знаејќи ги нашите обврски и предизвици што не чекаат во иднина, но за се тоа ние сме дале заклетва дека ќе постапуваме по законите и ќе му помагаме и служиме на народот.Скопје 1: Горди ли сте на професијата?Горан С: Горди сме на професијата но уште повеќе горди сме кога во вакви исклуцителни ситуации ќе направиме максимални напори да спасиме човечки животи.Скопје 1:  Дали и вашата професија како и новинарската и докторската... и ред други, е една од оние кои немаат приватност, поточно каде и да сте внимавате на безбедноста на околината?Горан С: Знаејки и постапувајки дали сме на работа или не, законот ни налага 24 часа да сме полицајци. Сме имале повеќе ситуации кога не сме биле на работа, а сме реагирале и постапувале по законот.Скопје 1: Тешко ли беше или тешко ли е да се стане дел од оваа Специјална единица?Горан С: Едницата Алфа со текот на годините се усовршуваше и во поново време има свои старешински кадар и инструктори кои се стручни да обучат кадри.Денес во единицата со доагање на новиот старешински кадар во единицата е задолжително да се помине 6 месечен селективен курс за да се стане припадник на единицата Алфа. Јас и колегата Бетим доагаме од двете најелитни единици во Македонија ЕБР и ЕСЗ каде сто сме поминале многу различни обуки и на некој начин ни е олеснителна околност да бидеме припадници на Алфа единицата.Во продолжение видео од вежба на  специјалната единица Алфи. Обучени  за справување со поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, борба против тероризам, надворешна и внатрешна одбрана, апсење на криминални банди.НОВИНАР: Татјана Караџова Маленкова 

пред 6 години

32332194_363349167518219_4387173732674699264_n

Колев открива „далавери“ за автопатот Штип-Миладиновци: Каков грабеж, какви надувани цени!

Пристигна и одговорот на поставените прашања од мене до премиерот Заев,во врска со „далаверите“ за автопатот Штип-Миладиновци.Каков грабеж, какви надувани цени!Не станува збор за 5% или 15% туку цените се двојно и тројно повисоки. Ова ги надмина и моите очекувања, иако имав информација за злоупотреби  за договарањето во „4 очи“, с евели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија-ГДУ„Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов,  во денешното гостување во емисијата „Отворено на 1 ТВ“, обелодени дека  актуелната влада со кинеската компанија „Синохидро“ склучувала договори кои се со драстично пониски цени во споредба со сумите што компанијата за истите позиции ги инкасирала од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.Како што посочи Китанов, „Синохидро“ на тендер за патниот правец Крупиште-Кочани понудил 574 денари за тампон од дробен камен, додека истата позиција за автопатската десница Миладиновци-Штип вредела 2.202 денари по кубен метар.За набавка, транспорт и изработка на битуменизиран долен носив, пак, за Крупиште-Кочани сега била постигната цена од 55 денари со „Синохидро“, додека своевремено за Миладиновци-Штип оваа услуга чинела 107 денари по сантиметар, довава Колев.

Македонија | пред 6 години

dolni-saraj-ohrid

Радио Слободна Европа: Отстранети клучни членови од законот за заштита на Охрид

Во Нацрт - законот за управување со природното и културно наследство во Охрид недостасуваат клучни одредби за надлежностите на градежниот инспекторат, велат учесници во работните групи. Законот се уште не е донесен, објави .slobodnaevropa.mkСпоред Радио слободна Европа -Овие „клучни одредби“ биле дел од првичните верзии на Нацрт-законот но,  потоа на владини седници тој се разгледувал во изменета верзија во која тие членови се отстранети.Законот меѓу другото требаше да овозможи власта полесно да ги спроведе препораките на УНЕСКО од 2017 година за итно воведување мораториум и суспендирање на легализација на дивоградби, како и да направи нови студии за досега направените штети од лошите политики за управување.Но, во недостаток на регулатива и спротивно на препораките на УНЕСКО, општините во Охридскиот регион легализираа стотици дивоградби, а деновиве Комитетот за светско наследство на УНЕСКО предложи Охрид да биде ставен на листата „светско наследство во опасност“, препорака која е можно да биде усвоена следниот месец на 43-та сесија на Комитетот во Баку.Во Охрид се одвива урбана и крајбрежна трансформација без никакви ограничувања, алармираат активистите посочувајќи дека трите општини Охрид, Струга и Дебарца ја игнорираат Комисијата за управување со светското и природно наследство, која е предвидена како филтер за неконтролираната урбанизација, со тоа што до неа стигнуваат само мал дел од големиот број решенија за легализација на дивоградби и урбанистички планови одобрени од општините.Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk 

Македонија | пред 6 години

pavle-bogoevski

Александар Филиповски ќе го замени Богоевски

По оставката на Павле Богоевски од пратеничката функција, неговото место во Собранието ќе го добие  Александар Филиповски.Откако ќе биде констатирана оставката на Богоевски, доаѓа следниот од листата  во првата изборна единица.Филиповски е член на СДСМ и доаѓа од нивната општинската организација во Аеродром.Павле Богоевски вчера си поднесе оставка поради скандалот со објавување на снимка во која тој наводно нарачува кокаин. Тој одлуката за оставка ја донел уште кога се самопријави во полициска станица за наводно купување на масло од канабис, а вчера ја изнесе во јавноста и пред пратенците на седницата на Комисијата за мандатно имутетни прашања каде требаше да се гласа за одземање на мандатот на пратеникот во бегство, Никола Груевски. Седницата беше прекината, а гласањето се одложи за од понеделник.

Македонија | пред 6 години

pozar-karpos

Изгаснат пожарот во Kарпош 4, сопственикот на токсикологија

Пожарот кој избувна во зграда во Карпош 4 е ставен под контрола. Полицијата засега нема информација која е причината за пожарот. Според информациите од терен, еден од станарите е пренесен на Токсикологија поради вдишување чад, и истиот е во стабилна состојба.„Станува збор за стан за 17 кат, кој што е последен на оваа кула што е олеснителна околност за нас затоа што пожарот нема каде да се шири. Во моментот кога пристигнав беше евакуиран еден човек кој што е веројатно сопственик на станот. Според моите сознанија од екипите на брза помош, тој е во добра стабилна состојба. Се работеше околу половина час на гасење на пожарот, и истиот во моментов е под контрола“, изјавија од противпожарната бригада.Пожарот се гасел со вкупно шест противпожарни возила и 15 пожарникари.

Скопје | пред 6 години

pozar-karpos

(ФОТО) Пожар во зграда во Карпош 4

Пожар избувна во зграда во Карпош 4. Според првичните информации пожарот избувнал во стан на најгорниот кат, но засега не се познати повеќе детали. На местото е пристигнати четири противпожарни возила, полиција и Брза помош.  Станарите од зградата се евакуирани .Не е позната причината за пожарот , ниту предизвиканата материјална штета. 

Скопје | пред 6 години

kate_byrnes_

Изгласан наследникот на Бејли - новиот амбасадор на САД во земјава е Кејт Мари Брнс

Кејт Мари Брнс е изгласана како нова амбасадорка на САД во Скопје која ќе дојде на местото на Џес Бејли, објавено е на официјлната веб страна на Конгресот. Станува збор за дипломат од кариера а досега беше заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Засега се уште не е познато кога новата амбасадорка на САД ќе дојде на должноста во амбасадата во Скопје.Северна Македонија ќе напредува со унапредување на човековите права, инклузија на различностите, слобода на медиумите и отворен пазар, рече во меѓувреме Брнс пред Сенатот додека ги претставуваше своите приоритети во Македонија. 

Македонија | пред 6 години

pavle11111

Павле ќе го вработеле на царина да душка дрога?, се вели на Твитер

Голем број реакции на социјалните мрежи предизвика најавата на пратеникот Павле Богоевски дека ќе поднесе оставка од функцијата, по скандалот со набавката на масло од канабис.https://twitter.com/advokat0t/status/1131704283227992070https://twitter.com/Miki08354409/status/1131629953697701888https://twitter.com/ATEHTATOPOT/status/1131599356556185600https://twitter.com/BlackTaurus7/status/1131601601045643264https://twitter.com/ViktoriusPrimus/status/1131647889170718721https://twitter.com/UnDoneOff/status/1131646940851032064https://twitter.com/prkosot/status/1131662102198915072https://twitter.com/moni_gal9/status/1131658588760543232https://twitter.com/advokat0t/status/1131663061960544256https://twitter.com/SmetaloLevo/status/1131669761019056128https://twitter.com/JaneMavcev/status/1131686683718705152https://twitter.com/anafromacedonia/status/1131695761144651776https://twitter.com/KLEPALO_2006/status/1131793488545234944

Магазин | пред 6 години

avtopat-tetovo-skopje

Важни информации за сите кои тргнуваат на пат

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 6 години

Slika-Muhamed-25-02

Зекири до Богоевски: Одржа лекција по демократија која вмровците немаат капацитет да ја научат

Пратеникот и заменик претседател на СДСМ, Мухамед Зекири даде поддршка за Павле Богоевски, кој поднесе оставка од пратеничката функција по случајот со снимениот телефонски разговор.„Павле другар, беше и остана симбол на борбата. Покажа и докажа дека пред се си човек и голем борец. Одржа лекција по демократија која вмровците и не само тие, немаат капацитет да ја научат“, истакна Зекири.

Македонија | пред 6 години

20190523224824

(ВИДЕО) Охрид започна со отстранување на палмите по препорака на УНЕСКО

Во Охрид вчера започна отстранувањето на палмите на барање на УНЕСКО, кои од пред неколку години беа засадени на различни локации во рамки на акцијата Ден на дрвото„Се работи за неавтохтони видови, кои ќе бидат заменети со соодветни. Тоа се растенија кои ја загрозуваат локалната автентична флора и фауна. Нивното отстранување не бара долго планирање и тоа можевме да го започнеме веднаш“, изјави Константин Ѓеорѓиевски, градоначаникот на Охрид.Исто така тој најави дека во рок од 30 дена општината ќе изготви регистар на нелегални градби, кои од УНЕСКО се нотирани како еден од најголемите проблеми.

Македонија | пред 6 години

sv-kiril-i-metodij

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Овие двајца светители се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство.Свети Кирил, кој пред да стане монах се викаше Константин, ги помина сите степени на тогашната наука. Брат му, пак, беше повеќе години управник на една област во струмичко.Двајцата имаа неколку мисии, што се опишани во Панонски легенди, двајцата беа монаси и двајцата се упокоија надвор од своето родно место, имајќи го целиот свет за свој дом, за мисионерско поле.За Словените се важни не само затоа што им ја дадоа азбуката, туку и затоа што ги доведоа пред вратите на вистинската просвета, т.е. пред Христа (во црковнот речник крштението најчесто се нарекува просветување).

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево со температура до 26 степени

Денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб западен, а во источните делови умерен северозападен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови.Дневните температури ќе бидат во Скопје 23 Целзиусови степени, Маврово 14, Охрид 18, Битола 21, Кавадарци 25, Крива Паланка и Берово 19, Дојран 26 степени.И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен западен ветер. Во Скопје дневната температура ќе достигне до 25 степени, Маврово 16, Охрид 21, Битола 23, Крива Паланка 22, Берово 20, Кавдарци 26, Дојран 28.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања