„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

kajce-ohrid-ezero

Охрид СОС: Владата на СДСМ и ДУИ за неполни 40 месеци, во вода фрли 40 години УНЕСКО!

Драги сограѓани, со жалење ве известуваме дека предлог-одлуката која ќе се најде на четириесети третата седница на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО што ќе се одржи 30 јуни – 10 јули2019 г. во Баку (Азербејџан), содржи препорака за преместување на охридскиот регион наЛистата на светско наследство во опасност! Тоа е само еден чекор од бришење од листата наУНЕСКО, што ќе значи загуба на статусот уникатно светско природно и културно наследство!Дали на нашата актуелна влада сега ѝ е јасно дека сите наши предупредувања се темелеа на несоборливи факти и дека не беа само страшни приказни и празни закани? Дали на нашата актуелна влада сега ѝ е јасно дека сдсм и дуи ќе бидат партиите кои го изгубија УНЕСКО статусот токму на четириесетгодишнината од прогласувањето? Наместо да славиме јубилеј и да се гордееме што сме успеале да го зачуваме ова непроценливо богатство кое ни го донесе светот во нашата мала земја и кое нè постави на мапата на најуникатни предели во светот, ние со тежина во градите ќе ја очекуваме конечната одлука што Комитетот за светско наследство ќе ја донесе летово во Баку.Од самиот извештај објавен на страницата на УНЕСКО е очигледно дека по доаѓањето на власт сдсм прекинува дел од проектите на вмро дпмне, што било во насока на исполнување на условите дадени од Реактивната мисија која го посети регионот во април 2017 г., но уште поочигледно е дека УНЕСКО ја обвинува актуелната влада на сдсм и дуи за неисполнување на останатите задолжителни барања од Реактивната мисија што се случило откако сдсм си се раскомотува на власт, бидејќи дуи се веќе одамна раскомотени. УНЕСКО во својот извештај констатира дека двоецот сдсм и дуи нема никаква намера да ја прекине криминалната урбанизација, легализира дивоградби, допушта палење на огромни појаси трска во струшко, дозволува несоодветна и нелегална реконструкција на објекти кои се дел од културното наследство. Се прави дека не гледа и не слуша додека ламтежливо граба од нашите тешко заработени пари и си ги полни веќе преполните партиски џебови без дно. Констатациите во извештајот на УНЕСКО претставуваат меѓународен скандал и светски блам!Охрид ЅОЅ со години се бореше против лудите проекти на вмро дпмне, но не за да дојде сдсм и да го продолжи криминалното лудување во коалиција со дуи онаму каде што вмро дпмне застана! Сме испратиле неброени извештаи, барања и до локалната и до централната власт, претставки до соодветните инспекторати и останати институции, но сдсм реализираше многу малку од она што ние го баравме во интерес на зачувување на целовитоста и исклучителната универзална вредност на регионот. Ним поважен им беше партискиот пазар, мирот во куќа (читај: коалиција), па продолжија со вдомување на неквалификувани партиски кадри во институциите – и свои и на дуи; партиски кадри кои немаат трошка интегритет и кои не знаат што работат, партиски кадри кои не знаат ни да ја именуваат позицијата на која се наместени да земаат народни пари, но се беспоговорни исполнувачи на каква било партиска директива. Традиционално, најоштетени министерства претрупани со неквалификуван партиски кадар се Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за култура, бидејќи тие не се „важни“ во меѓупартиските пазарења како што е Министерството за економија. Но оваа трагична ситуација во која се наоѓаме сега е јасен доказ за спротивното. Поразителните политики во овие сектори и тоа  како влијаат директно врз економијата, бидејќи криминалната урбанизација не значи само евтин масовен туризам, поголемо загадување и нарушено здравје на граѓаните – значи и несогледливи последици во сите сфери кои допрва ќе ги осознаваме! Регионот има толку посети на годишно ниво токму поради неговиот УНЕСКО статус. Да беше криминалната урбанизација причината за бројот на туристи, празните неплански бетонски градби ќе ги „красеа“ промотивните материјали на туристичките саеми низ светот, а не извонредната природа и бесценетите историски објекти на овој посебен регион.Сдсм предизборно имаа полни усти за живот, слобода, правда и демократија, беа главни заштитници на животната средина, ветуваа мала, ефикасна и професионална администрација. Три години подоцна само продолжија со мижење, одобрување и учество во истиот криминал за кој претходно го обвинуваа вмро дпмне. Дуи, пак, се секогаш за европски вредности – ама во балкански манир.Бараме владата на сдсм и дуи итно да започне со исполнување на сите препораки на Центарот за светско наследство и да спречи регионот поради нејзината неспособност да биде избришан од листата на УНЕСКО!Бараме итен престанок на секакво партиско пазарење и злоупотреба на УНЕСКО регионот како паричка за поткусурување, како услуга за раздолжување после избори!Бараме итно да престане урбаната мафија да ги пишува законите!Бараме сдсм и дуи на дело да почнат да го спроведуваат она што пред секои избори не го вадат од уста – професионални институции кои не се потчинуваат на партиски диктат и кои работат исклучиво во интерес на жителите и напредокот на оваа земја!Бараме конечно во земјава да се врати правната држава на дело, а не на хартија и по партиски памфлети и митинзи!Повторуваме по кознае којпат – според меѓународниот договор што нашата земја го има потпишано, нашата влада е единствено одговорна за заштита и зачувување на вредностите на регионот! УНЕСКО само признава дека имаме нешто вонсериско и извонредно што не постои на друго место во светот, но грижата за тоа богатство да остане такво е исклучива одговорност на македонските институции!Драги сограѓани, од сите вери и етникуми, УНЕСКО статусот е на сите нас! Оваа земја е на сите нас! Од секој од нас зависи дали ќе продолжиме да пловиме заедно или ќе потонеме заедно. Апелираме до секој од вас, пресудно е да се чуе нашиот глас сега! Пресудно е сега да ја спречиме коалицијата на власт да нè посрами пред светот, се вели во соопштението од Охрид СОС. 

Македонија | пред 6 години

1-2-2

Потпишан договор за закуп помеѓу ДТИРЗ и компанијата Герешаимер ќе се вработат 400-тини луѓе

 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска присуствуваа на потпишувањето на договорот за закуп помеѓу директорот на Дирекцијата за технолошки и развојни зони, Александар Младеновски и Оливер Бургел, извршен потпретседател на Герешајмер задолжен за глобални операции, квалитет и набавки.Пред претставниците на компанијата, како и пред медиумите Премиерот Заев, истакна дека станува збор за една од највредните странски инвестиции, светски бренд во производството на амбалажа за медицинска и фармацевтска индустрија, компанија којашто ќе вработи 400-тини луѓе.„Внимателната статистика ќе потврди дека одлуката на Герешајмер да инвестира во Северна Македонија е една од двете инвестиции кои беа договорени непосредно после потпишување на Протоколот за членство во НАТО. Сосема извесно членство во НАТО обезбедува поголема безбедност што ја подобрува можноста на земјата да одржува политичка, но и пред се економска стабилност. Исто така, сосема заслужено, очекуваме ова лето да добиеме и позитивен сигнал, односно одлука за датум за отпочнување на преговорите со ЕУ. Членството во ЕУ значи влегување во голем и развиен пазар со што се зголемуваат перспективите за економски раст“, рече меѓу другото Премиерот Заев.Истакнувајќи дека политичката и економската стабилност, како и влезот на европскиот пазар е најсилната гаранција за привлекување на странските инвестиции, Премиерот Заев најави уште две нови инвестиции. Истовремено информираше дека неодамна, на Виенскиот економски форум неколку компании пројавија интерес за инвестирање во земјата.„Политиките даваат резултат. Креираме позитивен економски амбиент во земјата. Сите крупни политички одлуки досега беа на крајот за економија, за инвестиции, за нови работни места, повисоки плати. Посветеното работење на привлекување на нови реномирани странски инвеститори, на одржување на добри контакти со постоечките инвеститори, но и на поттикнување на домашните компании да ги прошируваат своите капацитети и да инвестираат  во нови капацитети е политика којашто досега беше доминантна и ќе продолжиме сите во таков правец“, подвлече Премиерот Заев.Сите политики на Владата, како што потенцираше Премиерот Заев се во насока на задржување на младите луѓе во земјата.„Компаниите како Герешајмер, со високо ниво на технолошкиот процес, се добредојдени во нашата земја. Продуцираат производи со високо ниво на додадена вредност, внесуваат нови технологии, знаења и вештини.Обезбедуваат квалитетни и подобро платени работни места. Ги остваруваме почитувани граѓани нашите цели. Создаваме шанса за сите граѓани на Република Северна Македонија за подобар живот и за повисок животен стандард“, заклучи Премиерот Заев.Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев искажа задоволство, што по период од една и пол година, колку што траеше процесот на привлекување на компанијата Герешајмер, се потпишува договор за закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје, со што започнува и практичната имплементација на инвестицискиот проект на компанијата. Тој дополни дека задоволството е уште поголемо, бидејќи станува збор за компанија со долга историја на успешно функционирање, од 1864 година, со околу 50 фабрики во 15 земји, на 4 континенти, со околу 10000 вработени и годишен промет од 1,3 милијарди евра.„Токму вакви компании, кои применуваат софистицирани и високо развиени технологии и се потребни за развојот на економијата на Република Северна Македонија. Во оваа компанија ќе се вработат лица со технички и повисоки технолошки вештини и знаења, која ќе обезбеди соодветна работа за младите со високо образование, ќе ги задржи младите и наместо да извезуваме работна сила, да се насочиме кон извоз на производи со додадена вредност. Никој не може да го оспори фактот дека 19 странски компании градат нови фабрики во нашата земја, дека имаме рекордни 624 милиони евра странски директни инвестиции во минатата година, но ние не сме сосем задоволни, ќе работиме уште понапорно и поагресивно за постигнување на позитивни економски резултати“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.Директорот на ДТИРЗ, Александар Младеновски истакна дека оваа светски позната компанија за прв пат инвестира во Југоисточна Европа и токму во Република Северна Македонија, како резултат на стабилните и предвидливи политики.„Германскиот Gerresheimer, со седиште во Дизелдорф е глобален лидер во производство на пластична и стаклена медицинска амбалажа. Со  производство, кај нас, предвидено е да стартува во средината на наредната година. Инвестицијата ќе биде во пет фази со што во првата фаза ќе бидат отворени 400 нови работни места, за високо едуциран кадар од Република Северна Македонија“, рече Младеновски.Изразувајќи го своето задоволство за новата инвестиција, Младеновски додаде дека ДТИРЗ и натаму ќе биде институција којашто ќе им помага на сегашните и на сите идни инвеститори.„Посетивме многу земји, но се одлучивме да инвестираме во Северна Македонија поради 3 причини, односно тука има млад, амбициозен кадар, којшто сака да работи, потоа наидовме на одлична инфраструктура и трето добиваме континуирана поддршка од Владата и од сите надлежни институции кога и да наидеме на некаков проблем“, потенцираше Оливер Бургел, извршен потпретседател на Герешајмер задолжен за глобални операции, квалитет и набавки.

Македонија | пред 6 години

3-2-1

(ВИДЕО) Трошењата на новиот претседател ќе бидат на увид на јавноста преку Алатката за отчетност

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски денеска се сретна со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. На средбата, министерот Поповски и Претседателот Пендаровски разговараа за Алатката за отчетност, на којашто се прикажани трошоците на министрите, замениците – министри и на директорите на јавните претпријатија.Во продолжение Ви го испраќаме во целост текстот на изјавата на министерот Поповски:„Пред сè, ми претставува особено задоволство што имав можност, на Претседателот на државата и лично да му честитам на изборот. Ова е наша прва официјална средба. Она што е значајно од средбата, е тоа што претседателот Пендаровски искажа целосна подготвеност начинот на неговото работење и сето она што значи користење на буџетските средства како Претседател на државата да ги стави на увид на јавноста.Тоа значи дека онаа Алатка за транспарентност, што Премиерот, министрите во Владата, заменици-министри, директори на јавни претпријатија, веќе во неколку извештајни периоди ја користат и ја презентираат пред граѓаните, ќе биде на своевиден начин прилагодена согласно начинот на кој функционира кабинетот на Претседателот и тие трошења ќе бидат на увид на јавноста.Ова е огромна разлика во споредба со претходниот претседател Иванов, кој што воопшто немаше намера да ги презентира трошоците и начинот на работење пред граѓаните. Беше целосно нетранспарентен.Да ја потсетам јавноста, од кога беше воведена Алатката за транспарентност во Владата и предложена на јавните претпријатија, јас мојот кабинет побара да ја употреби и претседателот Иванов. Тој, тоа на најдрастичен начин го одби и кажа дека едноставно нема потреба од такво нешто.Значи, сега конечно, имаме Претседател, имаме кабинет на Претседателот што ќе биде целосно отворен, транспарентен и целото свое работење и начинот на којшто ги менаџира и средствата и политиките ќе бидат достапни и презентирани пред граѓаните“.

Македонија | пред 6 години

prevrten-kamion-prilep

(ФОТО) Се судрија и превртија камион и комбе пред преминот Плетвар

Сообраќајна несреќа на патниот правец Кавадарци – Прилеп пред преминот Плетвар. Двајца се полесно повредени при сообраќајната несреќа што се случила претпладнето на патот Градско-Прилеп, на 20-ина километри под превојот Плетвар.Повредените се префрлени во прилепската градска болница на испитување и на лекување.Поради сообраќајната несреќа имаше прекин во одвивањето на сообраќајот.

Македонија | пред 6 години

Karadzovski-23.05-2

Регистрирани 105 нови случаи со морбили, досега вакцинирани 27.000 лица низ државата

Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство, денеска информираше за актуелната состојба со морбили во државата.- Заклучно со денешниот ден се регистрирани вкупно 105 нови случаи на морбили, од кои 49 во Скопје, а 56 во другите градови низ државата. Вкупно досега со ова заболување се регистрирани 1.625 пациенти. Ова е најголема бројка на заболени од морбили во последните 25 години, посочи д-р Караџовски.Во однос на најновите 105 случаи, д-р Караџовски потенцираше дека 77,1% се невакцинирани лица, вакцинирани само со една доза или лица за кои воопшто нема податок за вакцинален статус.- Досега вкупно 27.000 лица се вакцинирани од почетокот на епидемијата, меѓутоа уште 15.600 лица се подложни на вакцинација, чувствителни на вирусот, а досега не се вакцинирани. Токму затоа, како епидемиолог, апелирам да се продолжи со вакцинацијата, истакна д-р Караџовски.Инаку, од медицинскиот персонал досега се вакцинирани вкупно 1.246 здравствени работници.

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

(ВИДЕО) Метлата на Заев „заигра“ во општинските организации - разрешени сите претседатели

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите претседатели на општински ограноци на СДСМ.-Синоќа донесов одлуки, а денеска е ред да ги споделам – ќе бидат изработени решенија од страна на администрацијата на СДСМ и во текот на денов ќе ги потпишам решенијата. Одлуката е – се разрешуваат сите претседатели на општински ограноци на СДСМ. Сакам да им се заблагодарам на сите за активноста, работата, служењето на граѓаните, како претставници на локално ниво на најголемата владејачка партија, на сите претседатели на оние општински организации каде се победи на изборите. Апелирам да бидат повторно кандидати, нека се кандидираат на следниот конкурс кој уште идната седмица ќе биде објавен во постапка, изјави Заев по работниот појадок со бизнисмените што се одржа во хотелот Хилтон.Тој информира дека разрешувањата се во вкупно 78 општински организации. Органите и телата на СДСМ веднаш ќе донесат одлука за отпочнување постапка за избор на нови раководства. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Богоевски: Мојот глас за одземање на мандато на Груевски ќе биде последен во ова Собрание

Пратеникот Павле Богоевкси на расправата во Комисијата за мандатно имунитетни прашања рече дека донел одлука да се повлече од пратеничката функција. Тој ги повика институциите да ја утврдат неговата одговорност за набавката на маслото од канабис. „Гласот за одземање на мандатот на Никола Груевски ќе биде мојот последен глас во ова Собрание.Оваа одлука ја донесов веднаш по скандалот во моментите кога се само пријавував во полиција. Факт е дека без разлика на причините за набавката на маслото од канабис за мое блиско лице, сум сторил незаконски акт. Мојата пратеничка функција може да се перцепира ќе влијае врз постапката која органите ќе ја водат за нелегалното снимање, како и постапката за набавката на канабис.Не би сакал мојата функција да влијае врз правосудните органи. Ги повикувам органите на прогонот да утврдат одговорност кај мене, но и кај оние кои противправно снимале и набавиле“, рече Павле Богоевски.

Македонија | пред 6 години

60689787_2385600305001894_3413678549897314304_n

Павле Богоевски најави оставка од функцијата пратеник

Пратеникот Павле Богоевски на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања најави негова оставка. Тој рече дека ќе поднесе оставка откако ќе се изгласа одземање на мандатот на пратеникот и бегалец Никола Груевски. Богоевски рече дека одлуката ја донел уште откако сам поднесе пријава во полициска станица.Ваквото изјаснување следуваше откако претходно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа прва точка на комисијата да биде оставката на Павле Богоевски.

Македонија | пред 6 години

petar-risteski

Функционер на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, физички нападнал колега

Стоматологот, Благоја Бисеркоски, пријавил во полиција дека бил нападнат од свој колега, 42-годишниот Петар Ристески.Ристески дипломиран стоматолог, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Прилеп и координатор на советничката група на оваа партија.Од МВР од Прилеп сѐ уште не откриваат точни детали за вчерашниот инцидент.На својот фејсбук профил се огласи и нападнатиот, стоматологот Благоја Бисеркоски :„Само да ве информанира дека сношти околу 20.45 часот, отидов во слаткарницата „Дизниленд“ и надвор седеше Петар Ристески, кој ме пречека со еден куп вулгарности на моја сметка и на сметка на мојата фамилија. На излегување продолжи да ме навредува мене и мојата фамилија, за тоа да кулминира со физички напад. Бев удрен со бокс од позади во левата страна од главата. За среќа едно другарче што седеше со него го спречи и го задржа да не продолжи понатаму. Следуваше пријава во полиција, записник, прекршочна пројава“, напиша Бисеркоски.

Македонија | пред 6 години

htrrrr

Кекеновски до Димитриев: Немој со така евтини и проsирни финти

Професорот, Јове Кекеновски, му порача на пратеникот и поранешен премиер, Емил Димитриев, дека има право да гласа за одземање на мандатот на осудениот екс премиер, Никола Груевски.Димитриев вчера изјави дека „не може да одземе нешто што не дал.“Кеконовски му објасни на Димитриев дека гласал за мандатот при конституирање на Собранието.„Пратенику Димитриев отвори го Деловникот и прочитај ги членовите 11 – 19. По поминати толку години во извршната и законодавната власт белким не заборави дека постои Верификациона комисија која на почетокот на конституирањето на секој состав на Собранието го верификува мандатот на секој пратеник.Со самото твое гласање (како пратеник) за Извештајот на Верификационата комисија и ти си учесник во давањето мандат на дотичниот.Драг Димитриев немој со така евтини и проsирни финти“, му порача Кекеновски на Димитриев.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денес ќе се гласа за одземање на мандатот на Груевски

Денеска во 11 часот закажана е седницата на собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на експремиерот Никола Груевски.За одземање на мандатот на Груевски на пленарна седница потребно е двотретинско мнозинство, односно за тоа да гласаат 80 пратеници, за што е потребно и поддршка од опозицијата.Седницата е закажана врз основа на претходно известувањето од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, доставено на 15 мај.Според член 59 од собранискиот Деловник, за пратеникот кој неоправдано отсуствувал од седниците на Собранието повеќе од шест месеца, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Предлог за одземање на мандатот на пратеник во овој случај, поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието, а по нејзиниот предлог за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница.Пратеникот и поранешен премиер Груевски лани, во ноември избега во Унгарија каде доби статус на политички азилант. Покрај правосилната пресуда од двегодишна затворска казна, тој е осомничен и за организирање на собраниските настани од 27 април.

Македонија | пред 6 години

taravari-1

Таравари: Ако излезев на гласање ќе мислеа дека сум гласал за Силјановска

Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар вечерва во гостувањето на ТВ 21 ја објасни причината зошто не гласаше на претседателските избори.-Ако излезев на гласање, сите ќе мислеа дека сум гласал за Силјановска, изјави Таравари.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still116

(ВИДЕО) Мечка трча низ струшкото село Радожда

Мечка трча на патот во селото Радожда кај Струга, а случајни минувачи видео од уплашеното диво животно кое трча пред возилото испратија до нашиот портал.ВИДЕО: 

Македонија | пред 6 години

tim-tamara-evrovizija

Грешка во гласовите од жирито на Евровизија, по исправката нашата Тамара е прва од стручното жири

Европската радиодифузна унија реагираше по грешката на белоруското жири на Евровизија 2019 година. Од таму сега објаснуваат дека навистина се случила грешка и поради тоа резултатите се променети.Нашата претставничка, Тамара Тодевска се претстави со песната „Proud“, па бевме горди на 8-то место. Сега, Тамара Тодевска објави статус на кој ја искажа својата возбуденост и неверување поради грешките во гласањето на финалната вечер. ЕБУ штотуку потврдија грешка во белоруското гласање, па така, нашата земја е прва од жирито и седма во финалето на Евровизија.„Каква прекрасна вест. ЕБУ само што потврди дека поради грешка во Белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите“, напиша Тамара на социјалната мрежа фејсбук.https://www.facebook.com/tamaratodevska/posts/10157145282706113

Македонија | пред 6 години

IMG_3176

На хируршкото одделение во струшката болница од морбили заболени 9 вработени од вкупно 56

Заменик министерот за здравство, д-р Асим Муса денеска пред Општата болница во Струга даде изјава за медиуми по вчерашната информација дека хируршкото одделение е затворено поради заболување на 50% од медицинскиот персонал од морбили (мали сипаници).„Од 56 здравствени работници кои се вработени во ова одделение, во моментов 9 од овие 56 се заболени од морбили, додека пак 5 здравствени работници имаат прележано и се на своето работно место. Не е точна бројката од 50%, туку се заболени 16% од вработените“, изјави заменик министерот Муса.Во Општата болница, 70% од вработените се вакцинирани. Оние кои не се вакцинирани ќе бидат вакцинирани во најкраток период со МРП вакцина. Хируршкото одделение ќе биде затворено една недела, а пациентите и понатаму ќе ја имаат потребната неопходна здравствена заштита. Тие ќе бидат испраќани во Охрид и Битола.Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се вакцинирани вкупно 1.780 лица, од нив повеќе од 65% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 25.808. Вакцинацијата е единствената мерка за спречување на ширење на епидемијата од морбили и подигнување на колективниот имунитет.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања