„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

Нема фотографија

Пратениците го изгласаа Законот за Агенцијата за национална безбедност

Со 91 глас „за“ пратениците го изгласаа Законот за Агенцијата за национална безбедност.Иако Фросина Ременски не е задоволна од финалната верзија, и и беа одбиени речиси сите амандмани од министерот Спасовски, таа гласаше ЗАМинистерот Спасовски истакна дека законот е добар и додаде дека се прави важна реформа во тајните служби.И опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ го поддржаа овој закон, заедно со независната пратеничка група.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still112

(ФОТО) Минарето во Охрид доби кровна купола

Градбата на минарето во Охрид влезе во завршна фаза и тоа ја доби кровната купола, со што се исцрта неговата висина која засега е непозната, но е очигледно дека нема да е високо 36 метри, како што до сега се тврдеше во медиумите.Конусната купола се наѕира и зад зелената заштитна ограда, а врвот на куполата е видлив и над скелето.Скопје1.мк прв објави дека во пред изборите власта на Премиерот Зоран Заев и инвеститорите како и ИВЗ договориле минарето да биде високо 25 метри.

Македонија | пред 6 години

regulatorna-energetika

МВР поднесе кривична пријава за поранешниот претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика

Денеска  Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како Претседател и член на Регулаторна комисија за енергетика на Република Северна Македонија до јуни 2018 година, С.Ј. (61), вработена како член на Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија, В.К. (65), вработен како член на Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија до март 2017 година и Е.М.В. (51), вработена како член на Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија до декември 2017 година, а поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело - “злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 став 1 од КЗ на РСМ.Имено, пријавените во својство на службени лица, Претседател и членови на Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија, со искористување на својата службена положба и овластување и со пречекорување на границите на своето службено овластување, постапиле спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности, при што во декември 2012 година на три правни субјекти им доделиле лиценци за вршење на енергетски дејности (регулирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија), без при тоа да бидат исполнети условите и критериумите објавени во ноември 2012 година со Јавен повик за избор на носител на лиценца за регулиран производител на топлинска енергија, Јавен повик за избор на носител на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија и Јавен повик за избор на носител на лиценца за снабдување на топлинска енергија.Според документираните сознанија од истрагата тие, кршејќи ги одредбите одЗаконот за енергетика и Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности,во декември 2012 година, донеле Одлука за издавање на лиценца за вршење наенергетска дејност производство на топлинска енергија од страна на регулиранпроизводител, на правното лице Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ,Одлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција натоплинска енергја на правното лице Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ иОдлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување сотоплинска енергија на правното лице Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ.Покрај ова пријавените, од позиција на Претседател и членови на Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија, ја злоупотребиле својата службена положба и овластувања и ги пречекориле границите на своите службени овластувања, и со тоа што во 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година, противправно и спротивно на Правилникот за цени и системски услуги, донеле Одлуки за утврдување на регулиран максимален приход за производство на топлинска енергија за греење, надоместок за системски услуги и системска резерва и тарифен став за произведена топлинска енергија, Одлуки за утврдување на регулиран максимален приход и тарифни ставови за вршење на енергетската дејност снабдување со топлинска енергија и Одлука за утврдување на регулиран максимален приход за вршење на дејноста дистрибуција на топлинска енергија, со што на правните субјекти на кои претходно, противправно, им доделиле лиценци за вршење на енергетски дејности им се признавал трошок поголем од дозволениот и со тоа им било овозможено да остварат приход поголем од регулираниот дозволен максимален приход.Со преземање на горенаведените дејствија, односно со носење одлуки спротивно на Законот за енергетика, Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности и Правилникот за цени и системски услуги, Д.П., С.Ј., В.К. и Е.М.В. му овозможиле на правното лице Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ, а на штета на граѓаните - да оствари противправна имотна корист во вкупен износ од 409.549.941 денари или 6.659.349 евра.

Македонија | пред 6 години

327745-vecherva-vo-vila-vodno-kje-zasedava-sovetot-za-bezbednost

Комплетиран составот на претседателскиот кабинет, еве кои се соработниците на Пендаровски

Генерален секретар во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе биде Миле Бошњаковски, кој досега ја извршуваше функцијата портпарол на Владата. Шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска, а одговорна за односи со јавноста ќе биде Катерина Цаневска. Прес-офицер пак од сега ќе биде Билјана Радева.Пендаровски се одлучи  советник за национална безбедност да му биде Блерим Кољари, Александар Спасов како надворешен консултант ќе ја врши функцијата на советник за внатрешна и надворешна политика.Советници во кабинетот ќе бидат и Тоше Зафиров, Љуљета Адеми и Гоце Карајанов.Во сферата на надворешната политика, надворешни советници ќе бидат поранешните шефови на дипломатијата Александар Димитров и Денко Малески и поранешниот амбасадор во Австрија, Сашо Тавчиовски.Надворешни советници за правни работи ќе бидат и професорката Беса Арифи и поранешата судијка Мирјана Лазаревска Трајковска. 

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Ерол Муслиу - нов директор на Агенцијата за разузнавање

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информираа дека нов директор на Агенцијата за разузнавање на Македонија ќе биде Ерол Муслиу.Муслиу во изминатите неколку години работи токму во оваа агенција, а претходно работел и во Управата за безбедност и контраразузнавање. Тој доаѓа на местото на Зоран Иванов, кој во март 2017 година со одлука на поранешниот претседател Ѓорге Иванов стана директор на Агенцијата за разузнавање.Во склоп на промената на кадрите со преземањето на претседателската фотелја, Пендаровски во следните неколку дена ќе постави и нови членови во националниот Совет за безбедност, кој го сочинуваат претседателот на државата и Собранието, премиерот, како и министрите кои раководат со органите на државната управа од секторот за безбедност, обрана и надворешни работи.Дополнително, ќе бидат назначени и тројца нови членови од претседателот на Македонија. 

Македонија | пред 6 години

borisov-cipras

(ВИДЕО) Борисов го возеше Ципрас со џип, денес започнува изградбата на интерконекторот за гас меѓу Грција и Бугарија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов го пречека својот грчки колега Ципрас, па се возеа во џип, до местото каде што е планирано да помине интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија.Во јужниот дел на соседна Бугарија, во селото Кирково денеска двајцата премиери ќе го означат почетокот на изградбата на интерконекторот меѓу двете земји.Борисов истакна дека во овој дел од земјата има граѓани од повеќе вери и малцинства, бугари, турци, мулимани, православни, грци и други кои живеат убаво доколку никој не ги провоцира.Медиумите од соседството пренесуваат дека Борисов и Ципрас ќе одржат состанок со четири очи за да разговараат за соработката помеѓу Бугарија и Грција, како и енергетските, инфраструктурните и транспортните врски во балканскиот регион.https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/vb.100006542380422/2441823989378990/?type=2&video_source=user_video_tab

Свет | пред 6 години

novi-evra

(ВИДЕО) Од 28 мај во оптек новите банкноти од 100 и 200 евра, тешки за фалсификување, отпорни на перење, пеглање

Европската централна банка во Франкфурт го претстави новиот изглед на банкнотите од 100 и 200 евра кои ќе бидат во оптек од 28 мај. Станува збор за серија банкноти наречени Европа. На банкнотите доминираат карактеристиките на Европа, прекрасната феникиска принцези и божица по која го добил името Стариот континент.Како безбедносна мерка на банкнотите ќе биде мал симбол на еврото (€) со цел да се намали или целосно да се спречи фалсификувањето на единствена европска валута.Со новиот систем на заштита, банкарите и трговците треба релативно лесно да ги препознаат фалсификуваните примероци, а покрај новиот дизајн банкнотите се многу поквалитетни изработени од оние од првата серија.

Свет | пред 6 години

talat

(ВИДЕО) Талат Џафери во телевизиско шоу со водителот игра “Бззз”

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во телевизиско интервју покажа дека знае и да биде опуштен и дека знае да се забавува. Тој  гостуваше во телевизиско шоу на косовската телевизија 21РТВ и со водителот ја играше играта со раце позната како „Бззз“.Погледнате го видеото...

Македонија | пред 6 години

nezavisni-pratenici

Независните пратеници нема да гласаат против Груевски

Претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски за во четврток ја закажа седницата на која точка на дневен ред ќе биде одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Седницата е закажана за в четврток (23 мај) во 11 часот. На неа ќе се расправа за известувањето за Груевски кое Талат Џафери минатата недела го достави до Комисијата.Неофицијално, според извори блиски до Независните пратеници, тие иако не кажуваат, нема да гласаат за одземање на неговиот мандат. Ова е бидејќи додека Груевски беше на чело на ВМРО-ДПМНЕ, тие беа назначени за пратеници, но и беа блиски до него. Официјален став од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се уште нема. Пратеничката Нола Илмајловска-Старова на прес-конференцијата одби да одговори на ова прашање.Груевски кој доби политички азил во Унгарија е повеќе од шест месеци отсутен од државата. Доколку надлежната комисија предложи одземање на мандатот после тоа треба да го потврдат и пратениците на собраниска седница.

Македонија | пред 6 години

cinar-lugje-turisti-ohrid

Иронијата е што споменици од „Скопје 2014“ се дел од светското културно наследство, додека Охрид го губи тој статус

Откако УНЕСКО во последниот извештај нотираше дека Охридскиот регион може да биде ставен на листата загрозени светски културни наследства, на „Твитер“ излегоа бурни реакции.https://twitter.com/jocoska/status/1131068376409956352https://twitter.com/mojokilingtonhttps://twitter.com/nezenzabar/status/1130818191305924608https://twitter.com/imimnone/status/1130872574794260480https://twitter.com/LawyersHumanhttps://twitter.com/Neo38037098/status/1130873229063655424https://twitter.com/ketrinkejtn/status/1130895620938633222https://twitter.com/mei_botata/status/1130862313408487425 

Македонија | пред 6 години

FB_IMG_1558506872992

„Комити“ за на Парадата на гордоста: Замолуваме да не ни го промовираат тоа што ги прави нив среќни како вистинска трајна вредност

Навивачката група „Комити“ реагираше на организирањето на Парада на гордоста на својата Фејсбук страна.‘Парада на Гордоста’ од нашата младост… Да не дозволиме тој не вин слоган биде злoyпотребен и искористен како параван за спроведување на една глобална цpнa агенда за депопyлациja на населението и бpишeњe на идентитетот на еден мал но горд народ, кој се бopи да го сочува тоа што е и треба да биде, сега, секогаш и во вечни векови! Децата треба да растат со мајка и татко, а сите оние кои имаат поинакви афинитети, склоности или амбиции се слободни во својот избор и никој не ги диckpиминира. Никој не ги  спречува да продолжат да го прават тоа што ги усреќува и исполнува, но ги замолуваме да не ни го промовираат тоа што ги прави нив среќни како вистинска трајна вредност, затоа што тоа не е ништо помалку од агpecија, гpyбо нacилство и погpeшна едукација за младите генерации кои треба еден ден да бидат носители на Македонската државност. Ве молиме да не ни ја вpeѓате интелигенцијата и да не навлегувате во нашата интимнocт! Ви благодариме однапред. #МажЖенаДетеВардар #ЖенаМажДетеВардар #ДетеМажЖенаВардар #ДетеЖенаМажВардар #СитеМожниКомбинации, стои во објавата.Инаку, првата Парада на гордоста (Skopje Pride) за правата на ЛГБТ заедницата во земјава ќе се одржи на 29 јуни.

Македонија | пред 6 години

metla-15

(ФОТО) Владата, Собранието, судот добија златни метли

ОПЕРАЦИЈА „ЗЛАТНА МЕТЛА“ - за пролетно (про)чистување со стил, на својата гејсбук страна обајвија фотографии од метли доставени до државни институции.Од ОПЕРАЦИЈА „ЗЛАТНА МЕТЛА“ пишуваат:Единицата за брзи артивистички акции си постави за цел да ја мотивира Владата да се фати за најавената метла и да почне од сопствениот двор! Како!? Со ЗЛАТНА метла! Метлата не е обична, туку златна, зашто тоа е единица мерка за (нечие) богатство, симбол за човечката лакомост, но реално со златна метла, многу полесно се работи. За разлика од обичната метла, оваа предизвикува прекрасни чувства додека се користи, без разлика дали се користи за хигиенско чистење, ментално (про)чистување или пак кадровско чистење. Златната метла е решение за сите општествени проблеми. Единицата за брзи артивистички акции, со оваа златна метла, сака да го потсети Премиерот на мудроста: што можеш да завршиш денеска, не оставај за утре! Златни метли не подаривме само на Владата, туку и на: Град Скопје, скопските општини, министерствата, Собранието, Јавното обвинителство... а една златната метла, стана и споменик во чест на херојската акција да се исчисти корупцијата и да се живее во здрава средина и хармонија со законите на државата. Очекуваме метлата да почне да „игра“. Друго е ова, ЗЛАТНА е!

Македонија | пред 6 години

polov-napad

Малолетник од Скопје полово малтретиран од друго дете

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“.На 11.05.2019 година во 21.30 часот пријавениот извршил други полови дејствија над 13-годишно момче од Скопје.

Македонија | пред 6 години

policija-3

Во Тетово исчезна шестгодишно дете од Прилеп

На 20.05.2019 година во 11.30 часот во СВР Тетово, Е.М.(29) од Прилеп пријавил дека на 18.05.2019 година околу 21.00 часот, неговиот шестгодишен син додека се играл на детско игралиште во забавниот парк на Спортскиот центар во Тетово, се изгубил.Се преземаат мерки за пронаоѓање на детето.

Македонија | пред 6 години

36616394_1823206931056471_7722326244448010240_n

Владата се правда, Охридскиот регион долги години беше лошо управуван, постапуваме по препораките на УНЕСКО

Владата на Република Северна Македонија пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот регион години наназад. Долгогодишното лошо управување со регионот и мегаломанските проекти кои беа закана за езерото и националниот парк беа причина УНЕСКО да испрати мониторинг мисија во април 2017 година. Од почетокот на својот мандат, Владата активно се посвети на решавање на проблемите во регионот, во соработка со општините и граѓанскиот сектор.Оваа предлог одлука, која не е финална, треба да биде стимул за сите институции и за граѓаните да се работи со поголем интензитет за да го зачуваме нашето уникатно светско наследство. Владата смета дека е остварено поместување во исполнување на препораките, и дека крајната одлука треба тоа јасно да го рефлектира.Преостанува уште работа и во наредниот период фокусот ќе биде ставен на исполнување на останатите препораки на УНЕСКО и тоа мора да биде остварено бидејќи природното и културно наследство на Охридскиот регион не припаѓа само нашата земја, туку на целиот свет.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања