„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

lagadin-novo

ВМРО-ДПМНЕ бара да се формира кризен штаб за итно постапување по препораките на УНЕСКО

ВМРО ДПМНЕ бараат формирање на кризен штаб и итно постапување по препораките на УНЕСКО, по информацијата дека препорака на Унеско е Охрид да се стави на Листата на загрозено светско наследство. Според опозицијата ова е одраз на неспособноста и негрижата на власта за културното и природното наследство во целина.,,Овој поразителен податок се наоѓа во најновиот извештај на УНЕСКО што ќе се разгледува на  43 сесија на Собранието на УНЕСКО кое ќе се одржи на 10 јули во Баку, а е објавен вчера. Охрид согласно овој извештај, во Баку ќе биде ставен на листата на загроезено сведско културно наследство. Овој срамен податок за Охрид е резултат на несоодветната културна политика и огромна негрижа за единственото подрачје во Македонија заштитено од УНЕСКО. Власта не спроведе во целост најголем дел од препораките на ретроактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година.Затоа, согласно ченовите 177, 179 и 180 од правилникот на УНЕСКО, Охрид ќе биде впишан на листата како  загрозено светско наследство во друштво на држави како што се Авганистан, Конго, Ирак, Палестина, Сирија и Узбехистан. Во извештајот УНЕСКО забележува дека подрачјето останува погодено од несоодветна градба со несоодветно урбано развивање и експлоатација на брегот, зголемено загадување, нарушување и уништување на животната средина и неконтролиран урбан развој. Едно од ветувањата на власта, воедно и препорака на УНЕСКО, беше дека во најскоро време ќе се направи попис на дивоградбите и нивно рушење. Но, се покажа дека бизнис интересите се повисоко на листата на приоритети од заштитата на Охрид.Дополнително власта не успеа да ги спроведе ниту заклучоците кои што произлегоа од надзорната расасправа која што се одржа во Собранието, на тема состојбата со охридскиот регион, и успеа да го девалвира и највисокиот контролен механизам на државата. Охрид е едиствено место од нашта држава кое е впишано во листата на заштитени светски културни и природни наследства уште во 1979 година и за прв пат е загроезено. Очигледно дека оваа власт нема ниту капацитет ниту знаење во областа на културата. Ова е уште еден од низата на скандали поврзано со Министерството за култура и на Владата.Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предупредува и апелира веднаш да се формира кризен штаб за итно постапување по препораките на УНЕСКО. Според изештајот, подрачјето се соочува со неповратна трансфорамција на цекупната поврзаност помеѓу историскиот дел од градот, архелошките локалитети, придоното опкружување и самото езеро, што може да се надмине само со големи промени во управувањет, менаџирањето, планирањето и конзервацијата. Бидејќи власта се покажа како непособна да се справи со проблемот, ние се ставаме на располагање со сите свои капацитети да се вклучиме и да го спасиме ОХРИД.Како Пратеничка група согласно заклучоците 9 и 10 од одржаната надзорна расправа бараме свикување на итна седница на Комисијата за култура на која што ке дискутираме за овој проблем“-смета оваа партија.Инаку, Охрид за првпат откако е впишан како заштитено подрачја од УНЕСКО во 1979 година.  

Македонија | пред 6 години

minare-ohrid-alipasina-dzamija-2

Заев: Џамијата во Охрид е верска потреба, проблемот ќе се реши со дијалог

Алипашината џамија се гради и покрај реакциите на граѓаните и здруженијата, затоа што градежните зафати се одвиваат без соодветна документација за градба. Премиерот Зоран Заев, денеска изјави дека верува дека проблемот ќе се надмине низ дијалог .Тој по денешната дебата за нацрт текстот на Националната стратегија за развој на коцептот за едно општество и мултикултурализам, истакна дека  ова е типичен пример на верска потреба која се јавува кај одредена група граѓани. Само заедно можеме да го решиме тоа. Ќе продолжиме да разговараме, истакна Премиерот додавајќи дека Охрид е пример на соживот, пример на „Едно општество за сите“.Заев уште нагласи дека нема никакви ветувања. Ветувањата, истакна, беа да седнеме и низ разговор да го решиме овој проблем, истакна Премиерот.

Македонија | пред 6 години

bolnica-struga

Струшката хирургија затворена - лекарите фатиле сипаници, пациентите се препраќаат во Охрид и Скопје

Морбилите го затворија хируршкото одделение во струшката болница. Одделнието е затворено, а пациентите за операција се препраќаат во болниците во Охрид и Скопје.  Во функција е само хируршката амбуланта.Според раководството на одделението над 50% од здравствените работници во ова одделение се заболени од мали сипаници, морбили. Комисијата за хоспитални инфекции во рамките на болницата вчера ја донела ваквата одлука, а денес за тоа биле известени Министерството за здравство, Центарот за јавно здравје и Републичкиот санитарен инспекторат.Првично рокот до кога хирургија ќе биде затворена е 28 мај, а што понатаму никој не знае. Последните информации од Центарот за јавно здравје говорат дека бројот на заболени од морбили во Струга е 126, а само на хирургија има заболено 14 здравствени работници.   

Македонија | пред 6 години

sudski-sovet

Владата бара Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на судските службеници

Владата на Република Северна Македонија оствари повеќе работни средби со претседателите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (Синдикатот на УПОЗ) и на Судскиот совет на Република Северна Македонија и нивни претставници, заради изнаоѓање решение во врска со прашањето за враќање на задржаните средства на вработените во судската служба за време на штрајкот во периодот од 18.05.2016 до 15.07.2016 година.Во текот на остварените контакти, Владата изрази разбирање за наведениот проблем и јасно ја искажа волјата и спремноста за решавање на истиот, преземајќи ја обврската за обезбедување на паричните средства.Сепак, и покрај тоа што Владата ги обезбеди потребните парични средства, Судскиот буџетски совет достави известување до Владата, дека за време на штрајкот на судската администрација во 2016-та година, претседателите на судовите извршиле исплата на плата согласно со член 77 од Законот за судска служба, односно на учесниците во штрајкот им исплатиле плата во висина од 60% од платата што ја примиле претходниот месец. Со ова објаснување, Судскиот совет ја извести Владата дека не ја прифаќа Предлог спогодбата на Синдикатот на УПОЗ за исплата на задржаните парични средства од платите на штрајкувачите.Владата укажува на подготвеноста да се излезе во пресрет на вработените на судската служба и ги повикува сите засегнати страни, особено Судскиот совет, да ја препознаат социјалната, демократската и економската вредност на решението кое е во корист на обезбедувања мотивирана и ефикасна служба во судовите.

Македонија | пред 6 години

metla-pravda-2

(ФОТО) Дескоска доби „метла“

Министерката за правда, Рената Дескоска, предмалку на својот профил на социјлната мрежа фејсбук објави фотогрфија од метла во простории во министерството. Таа на ФБ напиша:„Ви благодариме за овој златен подарок - златна метла. Златна метла во правда може да биде за метење криминал и корупција. Се надеваме дека со носењето на Законот за Јавното обвинителство ќе се исполни оваа насушна потреба на граѓаните. Затоа, охрабрете се - заедно да го изгласаме и да создадеме можност да се измете криминалот и корупцијата!https://www.facebook.com/renatadeskoska/posts/2376761592602947

Македонија | пред 6 години

lap-top

Членови на “Бојкотирам“, заработија кривични - на протест пуштиле неовластено снимана тонска снимка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ПС од ОН Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против четири лица: Љ.П. (55), од Тетово, Г.Н. (49) од Прилеп, Т.М. (44) од Битола, и Г.Т. (51) од Прилеп поради постоење основано сомнение дека го сториле кривичното дело - “Неовластено прислушување и тонско снимање“ предвидено и казниво по чл.151 ст.2 од КЗ на РСМ.Имено на 04.04. годинава, околу 19,00 часот во Прилеп на ул. “Мице Козар“ се одржал ненајавен протестен собир организиран од страна на движењето “Бојкотирам“ од Скопје. Првопријавениот одржал говор каде во еден момент побарал од второпријавениот Г.Н. да пушти на лап топ компјутер, кој пак бил приклучен на озвучување, тонска снимка од разговор помеѓу две лица, најверојатно телефонски, за која постои основа на сомнение дека е неовластено тонски снимана.Втората аудио снимка, од страна на првопријавениот е пуштена последователно на ист начин. Предметните тонски снимки се пуштени за преслушување за присутните учесници на собирот, како и за лицата кои по пат на интернет на социјалната мрежа “Фејбук“, во живо го следеле настанот кој бил пренесуван од второ, трето и четврто пријавените преку нивните мобилни телефони во реално време.На 05.04. Љ.П., Г.Н. и Т.М. се задржани во ПС-ОН Прилеп. Со Наредби за претрес од Основен Суд Прилеп, кај Г.Н., Т.М. и Г.Т. извршени се претреси во нивните домови, а за првопријавениот – извршен е претрес на неговото ПМВ марка 3Цитроен Ц4 Кактус“ кое сам го донел во кругот на ПС-ОН Прилеп. Одземените предмети (нивните мобилни телефони, мемориски картички, УСБ стикови и друга електронска и компјутерска опрема) се доставени за вештачење во МВР на РМ – ОКТИВ Скопје. Истовремено, од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ на МВР доствен е прилог ДВД со документирани профили на социјалната мрежа Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

lagadin-novo

УНЕСКО „згрме“, бара уривање на дивоградбите и Охрид да се стави на листа на загрозено светско наследство

Поради недоволниот напредок до решавањето на проблемите и земајќи ги предвид постојаните закани и големите инфраструктурни и развојни проекти, кои што претставуваат потенцијална опасност, УНЕСКО во најновиот извештај препорачува да го стави Природното и културното наследство на Охридскиот регион на Листата на загрозено светско наследство, објави sdk.mk.Извештајот на Унеско треба да биде разгледан на конференцијата на Комитетот за светско наследство во Баку од 30 јуни до 10 јули.Барањата од Унеско до државата читајте ги на: sdk.mk

Македонија | пред 6 години

1783741-670x377

Попладнево средба Заев – Ахмети, ќе договорат за кого ќе „заигра“ метлата

Попладнево во Владата ќе се сретнат премиерот Зоран Заев и неговиот коалициски поатнер, Али Ахмети. Средбата е закажана за 16 часот, а ќе се одржи во Владата.Заев вчера изјави дека на почетокот на наредниот месец ќе се знае кои министри, заменици и директори ќе бидат променети.

Македонија | пред 6 години

venko-filipce

Филипче: Ќе се сретнам со Ставриќ да видам кои се причините за нејзината оставка

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека нема да има разрешувања на раководни лица на болниците.„Не станува збор дека следува некакво разрешување. И во текот на вчерашниот ден изјавив дека имаме континуирана, одлична комуникација со сите директори поставени во јавно здравствените институции. Директорката на Клиниката за детски болести поднесе оставка уште пред неколку месеци, кога беше во тек изборниот процес. Тогаш имавме разговор, се согласи да остане до завршување на изборите за да можеме ние да ги правиме тие промени“, рече Филипче.Исто така тој изјави дека во текот на оваа недела ќе се сретне со директорката Ставриќ за да види кои се причините за нејзината оставка.„Тоа ќе следи во периодот откако до крајот на неделава уште еднаш ќе се сретнам со директорката. Сакам да разговарам, да видам кои се причините што ја натерале да даде оставка, дали може да се надминат, дали би сакала да остане. Тогаш кога ја поднесе оставката кажа дека станува збор за лични причини“, појасни Филипче.

Македонија | пред 6 години

gruevski

Ципрас: Груевски никогаш не сакаше да преговара за промена на името

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за „Фајненшел тајмс“ вели дека се обидел да иницира договор за спорот за името уште за време на владеењето на поранешниот премиер Никола Груевски, но оти тој одбивал каква било средба. За таквата намера, истакнува Ципрас, ја информирал и германската канцеларка Ангела Меркел.„Груевски беше човек кој никогаш не сакаше да преговара. Се сеќавам дека отидов во Берлин. Се сретнав со канцеларката Меркел. Долго време дискутиравме за економската криза, долгот, дефицитите, меморандумите и сл. Решивме да зборуваме и за надворешна политика, а јас и реков: сакам да го решам овој проблем, дури и со Груевски. Ќе се обидам да го предизвикам со тоа што ќе го седнам на маса. Ако тој не сака да седне на маса, ќе биде обвинет дека не сака решение“, наведува Ципрас.

Македонија | пред 6 години

gruevski-2

Груевски: Не сакавме да прифатиме договор со толку големи остапки по националните интереси какви што Грција бараше

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук се огласи во врска со изјавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, дека никогаш не сакал да разговара за изнаоѓање решение во врска со уставното име.„Во врска со изјавата за Financial Times на грчкиот премиер Алексис Ципрас, во која посочува дека јас како премиер никогаш не сум сакал да разговарам за изнаоѓање решение за прашањето кое Грција веднаш по независноста го отвори во врска со нашето уставно име, сакам да посочам дека всушност г-дин Ципрас никогаш не предложил такви разговори кои јас сум ги одбил.Впрочем, пред неговото доаѓање за премиер, водев интензивни разговори со г-динот Папандреу со кого имавме 10 лично средби по ова прашање, но за жал заради познатите грчки позиции или црвени линии како што тие ги нарекуваа, не дојдовме до решение, кое подоцна би го предложиле на граѓаните на референдум. Крајот на мојот мандат и почетокот на мандатот на Ципрас се поклопија само една година, а тоа беше од почетокот на 2015 до почетокот на 2016 година.Со г-динот Ципрас се сеќавам на само две меѓусебни комуникации. Првата, кога по неговиот избор за Премиер на Грција, некаде во февруари 2015 имав телефонски разговор на мој повик чија цел беше да му ја честитам функцијата премиер и да воспоставиме првична комуникација и обид за соработка. Во тој разговор, јас нему, а не тој мене, му предложив оној момент кога ќе биде подготвен да се сретнеме и разговараме за наоѓање решение по однос на прашањето заради кое Грција ги блокираше нашите европски и евроатлантски интеграции, посочувајќи дека времето и местото за средба може тој да ги избере. Неговиот одговор беше формално гледано позитивен и рече дека штом ќе биде во можност ќе ме побара за да разговараме за тоа прашање. Никогаш потоа не се јави.Главно заради две причини.Првата, затоа што реално 2015та година Грција беше во длабока економска и финасиска криза и негов врвен приоритет беше справувањето со таа криза која бурно започна во 2008 година. Сите премиери и водачи на земјите од ЕУ и пошироко имаа разбирање за неговата нефокусираност и незаинтересираност за изнаоѓање решение со нас во едно такво време, бидејќи и за нив и за нивните банки кои позајмуваа на Грција финасиската криза во Грција им беше далеку поприоритетна. Впрочем, политичката атмосфера во Грција во таа година исполнета со секојдневни масовни протести и демонстрации, некои од нив со по 250.000 граѓани пред парламентот, мотивирани од катастрофалните трендови во економијата и на животниот стандард, не оставаше надеж дека тој има време и политички простор да решава други крупни прашања. Во таа година откако беше назначен во февруари, имаше референдум во јули, губење на мнозинството во август и избори во септември, качуваа даноци, смалуваа плати и пензии, добиваа спасувачки пакети тешки стотици милјарди евра, се справуваа со ММФ, ЕЦБ и ЕК по тие прашања и очите на целиот свет беа вперени во нив заради финасиската криза која се рефлектираше на останатиот свет.Ципрас трчаше помеѓу Москва, Берлин и Вашингтон да бара решение за финасискиот колапс, примаше честитки од Фидел Кастро за победата на големото ,,ОХИ,, на референдумот кое кратко потоа беше принуден да го напушти, се справуваше со секојдневни штрајкови на земјоделците, синдикатите и народот генерално, а во еден момент мораа да запрат со работа сите банки во Грција.Кога истата година на една средба со претседателот на Европскиот совет Ван Ромпуј во Брисел замолив за поголем ангажман од Унијата и него лично да се изврши притисок врз Грција да го реши спорот со нас и да не деблокира за нашите стратешки интеграции, по молчење и размислување од неколку секунди мошне искрено ми одговори отприлика вака: ,,доколку некој висок политичар во светот, во овој период ви вети дека ќе се заложи за ова Ваше барање, знајте дека не е искрен со Вас. Затоа што наш клучен приоритет е како да се стабилизира финасиската криза во Грција и да почнат да си ги враќаат долговите кон нас. И доколку има најмал простор за притисок во овој период, верувајте дека ќе биде искористен во правец на мерките за финасиска стабилизација, а не за ова прашање. Вие имате два избора: или да ги прифатите сите грчки услови и барања и така да излезете од проблемот или да почекате,,.Втората причина заради која Ципрас не се одзва на мојот повик за разговори околу прашањето кое не блокираше е затоа што на почетокот на 2015 во Македонија започна политичката криза и толку видливата операција во обид за промена на владата заради промена на името, со што г-дин Ципрас сосема логично одлучи дека е подобро да го почека расплетот на кризата и евентуален успех на зацртаната цел на таа операција, што за неговата земја ќе значеше, како што и подоцна се случи, доаѓање на нова влада во Македонија која однапред ќе има дадено согласност и даден збор дека доколку биде инсталирана ќе ги прифати грчките позиции и на тој начин со привиден и одглумен компромис и преговори, ќе се затвори прашањето целосно во грчка полза. Едноставно тој процени дека ако почека, може ќе има далеку за нив подобар соговорник кој е спремен на далеку поголеми остапки во однос на националните прашања, името, идентитетот, историјата...Втората комуникација меѓу мене и г-дин Ципрас беше кратка и неформална за време на приемот на Претседателот Обама во Њујорк по повод одржувањето на генералното Собрание на ООН, кога кратко и неформално во една коктелска атмосфера неколку минути разговаравме со г-дин Ципрас и тој разговор во делот на прашањето на името беше сличен како првиот, во смисла дека се согласува дека треба да се реши прашањето и дека ќе се јави да разговараме.Всушност, купуваа време и чекаа други попогодни за нив преговарачи од македонска страна.Според ова, Грција никогаш од моја страна немала проблем за средби и разговори, напротив ние сме ги поттикнувале, бидејќи сакавме да најдеме компромис со кој ќе се деблокираат нашите интегративни процеси за членство во НАТО и ЕУ.Она што беше реален проблем е што ние не сакавме да прифатиме договор со толку големи остапки по националните интереси какви што Грција бараше и не условуваше.Впрочем самиот г-дин Ципрас во истото ова интервју за Financial Times јасно и мошне искрено кажува дека не беше проблемот само околу името, туку и околу идентитетот и историјата.За жал не само намерите, туку и јавните настапи на владата на СДСМ по нејзиното инсталирање во мај 2017, воопшто не беа во правец на градење добри позиции на државата за преговори.Токму тогаш,средината на 2016 година Грција прогласи крај на финасиската криза и дојде во ситуација да може да си ги сервисира долговите, а со тоа дојде и времето кога можеше да се смета и на поширок меѓународен притисок кон нив по ова прашање.Новата македонска влада наместо да ја искористи таа нова ситуација, уште во првите денови јавно во медиумите нејзините челници изјавуваа дека -цитирам: ,,по секоја цена,, мора да го решат ова прашање при што и самите јавно си даваа временски рокови помеѓу 6 месеци и една година. Кој и да беше на местото на г-дин Ципрас во една таква околност ќе побараше остапки од соговорникот кои претходно не ги планирал или очекувал да ги добие, бидејќи другата страна, македонската страна, јасно кажа: ,,по секоја цена,,.Кога некој ќе каже јавно пред да започнат преговорите дека нешто сака да добие по секоја цена, а утредента оди на божемни преговори тогаш нормално е цената на она што се сака да се постигне, деблокадата во случајот, силно да порасне и нормално е другата страна да ја прифати и плати.Г-дин Ципрас, краткорочно и среднорочно гледано, има голема причина да е среќен и задоволен од овој договор во Преспа. Од долгорочен аспект, ако воопшто тоа му е важно, има само една слабост, а тоа е дека тие премногу добија како нација, а ние како нација премногу изгубивме со содржината и остапките во овој договор.При такви екстреми, историски гледано, другата страна која е толку силно уценета, поразена и понижена, по некое време, кога некои околности ќе се променат, колку и да е тоа долго време подоцна, има силен нагон и потреба на еден или друг начин да го поврати загубеното.Затоа, за трајно решение во вакви децениски спорови, за решение со долгорочна одржливост, подобро е за двете страни ако се постигне разумен компромис, по правичен компромис, одколку вакво ,,виткање рака,,.За да биде вечен договорот и компромисот.Кога се ќе добиете, жарот останува да гори кај оној кој се загубил и никогаш не сте сигурни кога тој жар нема да се распламти и прашањето повторно да се отвори, а проблемот да се врати на маса.Јас се трудев да постигнеме одржливо и многу по праведно решение со кое двете страни ќе можат засекогаш да живеат, да бидат блиски и да се почитуваат.Децениите пред нас ќе покажат, кој бил во право“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

vilma

Русковска: Документот од Албанија не открива ништо ново за бегството на Груевски

Документот од Албанија кој неодамна го доби Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а во врска со бегството на екс премиерот Никола Груевски, не открива ништо ново, вели обвинителката Русковска за „Фокус“.-Го разгледав документот, но нема ниту една корисна, нова информација. Пишува на кој граничен премин Груевски излегол од Албанија и каде влегол во Црна Гора, а тоа веќе го добивме како информација од Црна Гора. Албанија не го открива она што ние го баравме, а тоа е како влегол во нивната држава. Исто така нема информации, ниту снимки, за хотелот во Албанија каде што бил Груевски, изјави Русковска за „Фокус“.Извор: Фокус.мк

пред 6 години

niki-lauda

Почина легендата на Формула 1 - Ники Лауда

Трикратниот Формула 1 шампион, легендарниот Ники Лауда починал на 70-годишна возраст, потврди официјално неговото семејство. Австриецот кој беше подложен на трансплатација на белите дробови минатиот август вчера итно бил примен во болница во Виена, но овојпат не успеал да ја добие најважната битка.„Замина нашиот Ники. Почина мирно, во кругот на семејството. На сите ни беше пример, прекрасен сопруг, татко, дедо кој ќе ни недостасува“, објави неговото семејство.Лауда две титули освои со Ферари и една со Мекларен и до ден денешен е единствениот кој бил шампион и со Ферари и со Мекларен.Ники Лауда имаше тежок инцидент во 1976 година по кој преживеа. На патеката Нирбургринг во Германија, неговото Ферари се запали, по што Ники имаше изгореници од трет степен.Беше тешко повреден, но Лауда не само што се опорави, туку за 40 дена повторно седна во болид и возеше. 

Спорт | пред 6 години

saso-tasevski

Тасевски: До нови амбулантни возила ви дошло, а фино ви беше од успехот на Евровизија

Актерот Сашо Тасевски се огласи на социјалните мрежи во врска со изјавата дека многу побитно е да се настапува на Евровизија отколку да се купат нови амбулантни возила."Гомна едни, до нови амбулантни возила ви дошло!Пари за Евровизија да нема! А фино ви беше три дена ко на дрога од нашиот успех на таа Евровизија. Таа го продолжува животот, а не ново амбулантно возило. И онака сите ќе умреТЕ. Ама Евровизија... Ех, за неа вреди да се умре и млад. Некако те понесува и те прави силен и паметен. Одма ти паѓа на памет да направиш дупепоказна парада, да го поскапиш бензинот или билетот за у зоолошка градина. Притоа фрлаш клетва на сите твои земјаци во странство, да не се вратат, за да можеш сам да уживаш во евровизискиот севселенски и историски успех.Само една маана има таа Евровизија. Автентична ШвеЏанка више не можеш да видиш. Онаква блонди, малце пегава на јагодиците со плаво око, висока и витка ѓоа газела. Уствари автентична жена не можеш да видиш. Се извинувам. Северномакедонскиов ми е стварно срање. Не е ШвеЏанка, туку ШвеЃанка", напиша Тасевски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

zoo

Поскапува влезот во Зоолошка

Билетот за влез во скопската Зоолошка градина ќе поскапи и наместо 50 денари ќе биде 80. Влезот за деца до 3 години и натаму останува бесплатен. Оваа одлука за промена на цената за влез во Зоолошката ќе се најде на дневен ред на утрешната седница на Советот на Град Скопје и доколку биде усвоена треба да стапи на сила на почетокот на јуни, пишува СДК.МК.Во образложението на градоначалникот Петре Шилегов се вели дека поскапувањето се должи на зголемениот број содржини и нови животни во градината.Според новиот ценовник се воведуваат и нови цени за содржините кои летово треба да бидат отворени и за кои ќе се плаќа плус дополнителна влезница. Влезот во паркот на диносауруси ќе чини 50 денари, а во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни посетителите ќе треба да платат плус 20 денари.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања