„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

migranti_kola

Наредба за истрага и притвор за бугарски државјанин што криумчарел мигранти од Ирак

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, бугарски државјанин. За лицето постои основано сомнение дека сторило кривично дело Криумчарење на мигранти предвидено и казниво по член 418-б, став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот во текот на вчерашниот ден од користољубие, илегално пренесувал осум лица – мигранти со потекло од Ирак. Тој, со ТМВ Комбе марка „Форд транзит“ со бугарски регистарски таблички, со цел илегално да ги превезе до западно европските земји ги прифатил мигрантите во Солун. Во импровизиран бункер во кровниот дел на возилото ги сместил во легната положба и поминувајќи го граничниот премин Богородица, преку автопатот Е 75 пристигнал на граничниот премин „Табановце“. При контрола на возилото од страна на македонските царински службеници осумтемина мигранти биле откриени, а возачот е лишен од слобода.Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и со Решение определи мерка – Притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице.

пред 6 години

ali-ahmeti

За скандалот со Богоевски, Ахмети не бил во тек

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, останува на барањето за ветинг на пратениците и функционерите кои вршат јавна дејност.  Ахмети барал совети за примена на системот за проверка во земјава, со што ќе се спречат нападите кон функционерите и ширењето на лажните вести.За скандалот за Павле Богоевски вели не бил во тек,пренесува Канал5.За потсетување за Богоевски, по снимката од Илија Громовник, тој кажа дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис.

Македонија | пред 6 години

nance-2

(ВИДЕО) Нанче на протестот за Алипашината џамија: Не ни треба крв, туку разум

Михаил Трендафилов - Нанче од „Совест“ вели дека Охрид се топи, а тие ќе бидат запишани во историјата дека ја предале Македонија. Нанче рече дека тие сакале легален начин да се заврши работата, а не крв да падне. На протестот протестираа жители на Охрид, кои даваа поддршка да се реши прашањето за Алипашината џамија. Протестот се одржа пред седиштето на Општина Охрид.„Тие сакаат да ни стават нешто, за да кажат колку се големи. Овие се два голија. Секоја чест за ние што се собравме тука, а нечест за сите оние кои се кријат на Фејсбук и портали за да не ги сликаат. Нас крв не ни треба, туку разум и ум. Во Охрид сме 90 проценти христијани, а 10 муслимани. Тие раководат. 10 на 1 а тие се посилни. Тоа е затоа што и позиција и опозиција се борат кој повеќе да стави во џеб“, рече Нанче од Совест за џамијата.Претставниците на „Совест“ укажаа дека градбата на минарето е нелегална и треба да се стопира.Со жалење констатираме дека ниту Управата за заштита на културното наследство, ни Државната урбанистичка и градежна инспекција, ниту судот не се на ниво на своите надлежности и не покажуваат решеност да стават мораториум на градба, која макар задоцнето е прогласена за нелегална. Констатациите на испекциските служби од управата се само рефлексии од најавата за граѓански бунт и само обид за амнестија за направените пропусти од надлежните во издавање на конзерваторско одобрение. Испративме повеќе дописи до светскиот центар за културно наследство на УНЕСКО во Париз со цел да го исвести за немоќта на македонските државни институции. Добивме повратно известување дека проблемот со зголемен обем на нелегални градежни активности во заштитеното централно градско јадро, како и околу Али Пашината џамија ќе влезе на дневен ред на 43-та сесија на Советот во текот на оваа година, истакна Сашо Михајлоски од „Совест“.„Ова е прв почеток. Нема да застанеме на ова. Ова е прв протест, а ние одиме натаму. Доколку општината не пројави интерес да го реши овој проблем. Доколку не дадат информации, ќе бараме помош од другите институции. Нема да прекинеме, ќе продолжиме додека не се реши проблемот“.  Охриѓани се чувствуваат изманипулирани и измамени. Не престануваме во својата борба за заштита на својот град од бесправно градежно дивеење со што неповратно ни се уништува градот. Ове е прв мирен протест, нема да оставиме работите туку така да исчезнат. Заедно со вас граѓаните будно ќе ги следиме случувањата, ќе алармираме и ќе учествуваме во решавањето на сите голиви проблеми со урбанистичкиот хаос, напомена Михајлоски.Од здружението уште еднаш ги повикаа државата, надлежните инстититуции, градоначалникот и премиерот да ги преземат своите уставни надлежности и законот да важи за сите.  

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still109-1

НАЈНОВА ВЕСТ: Евакуирана Ајфеловата Кула во Париз

Запошната е евакуација на Алфеловата кула во Париз од како на неа непознат маж се качил сам до врвот на кулата.НАСКОРО ПОВЕЌЕ ...ВИДЕОhttps://www.pscp.tv/w/1ypKdvMgrepJW?fbclid=IwAR0rjcRvQr4GHwiIddiWqTAayO3sVrb0Y3PhwpPjxxX3pw1osZ14wo6S3ck

Свет | пред 6 години

44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

91 амандман на Законот за Агенцијата за национална безбедност 30 тина од Фросина Ременска

Со 91 амандмани почнаа да се исправаат пропустите во законот со кој се формира новата УБК, Агенцијата за национална безбедност. Но не се сите од исти подносители. Една група амандмани која поминува мазно е договорена меѓу власта и опозицијата.Реформите во безбедносните служби и ингеренциите на Директорот на Националната агенција за безбедност ги ставија на различна страна сопартиијците на СДСМ Фросина Ременска и Оливер Спасовски.Ременска, која инаку е експерт за безбендносни служби, како пратеник поднела 30-тина амандмани на Законот за Национална агенција за безбедност иако овој закон Спасовски како министер за внатрешни работи го подготвуваше неколку месеци и го усогласуваше со пратениците од СДСМ, но и од опозицијата. Зад амандманите на Ременска се потпишале и пратениците Павле Богоевски, Горан Мисовски, Мухамед Закири, Чедомир Саздовски и Илија Николовски. Но, за минстерот беа прифатливи само техничките амандмани.За Спасовски овие аманмдани не беа прифатливи. 

Македонија | пред 6 години

bombi-cico

Јутуб ќе треба да даде информации за тоа кој ги објавува нобите „бомби“

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје достави Известување кон кое е приложен Записник за примена кривична пријава изготвен од ПС Центар на 15.05.2019 година во кој пратеник во Собранието на Република Северна Македонија пријавил непознат сторител на кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање од член 151 од Кривичниот законик.Според наводите во пријавата, на неодреден датум во периодот од март до мај 2019 година, додека се превезувал со такси возило од неидентификувана компанија и разговарал на мобилен телефон, пратеникот неовластено бил сниман од возачот на такси возилото. Разговорот потоа бил објавен на Youtube профилот Бомби 2019 како и на руската социјална мрежа vkontakte.По приемот на ова известување од страна на надлежен јавен обвинител веднаш беше изготвено барање за доставување податоци до Youtube кои се однесуваат на комплетни логови за наведениот профил, ИП адреси користени за пристапување и најавување на тој профил, како и ИП адреса од која е креиран профилот.Воедно до Министерството за внатрешни работи е доставена Наредба за да бидат направени проверки околу утврдување на идентитетот на таксистот кој наводно извршил снимање на разговорот, да се направат проверки од кое лице евентуално била нарачувана наркотична дрога и за кое лице била нарачувана. Министерството за внатрешни работи преку меѓународните инструменти кои ги користи ќе треба да направи проверки и за тоа кој е сопственик на профилот на руската социјална мрежа vkontakte.По направените проверки, доколку се утврди идентитетот на сторители на кривични дела и се обезбедат законити докази, МВР треба да поднесе кривична пријава до Обвинителството

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

(ФОТО) Страшна сообраќајка на патот Кичево-Охрид, едно лице загина

Едно лице загина, а повеќемина се повредени во страотна сообраќајка што се случила пред половина час на патот Кичево-Охрид.   Несреќата е помеѓу „фолксваген пасат и „сузуки марути“ има повеќе повредени, а пожарникарите се обидуваат да го извадат возачот на „сузукито“.„Несреќата се случи околку 14 часот на магистралниот пат во близина на кичевското село Добреноец. Во моменотв се врши убид на нестото на несреќата. Сообраќајот е во  привремен застој„, вели за скопје 1 портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.  

Македонија | пред 6 години

stavric

Директорка на Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ, си поднесе оставка

Директорката на Клиниката за детски болести, професор д-р Катерина Ставриќ си поднесе оставка од функцијата, објави „ТВ 24“.Оставката Ставриќ ја поднела уште пред изборите, поради лични причини.На прашањето кој ќе ја наследи директорката – министерот вели дека Клиниката располага со доста стручен кадар и доколку Ставриќ остане на одлуката да се повлече од функцијата, допрва ќе се одлучува кој ќе ја наследи. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Одбележан денот на пожарникарството во Скопје

Во противпожарната станица во Автокоманда денеска беше одбележан 20 Мај - Денот на пожарникарството. Свеченоста почна со постројување на скопските пожарникари, а командантот на  Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, на градоначалникот Петре Шилегов му поднесе рапорт.Шилегов, во свое лично име и во името на граѓаните на Скопје им се заблагодари на пожарникарите за посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваат вршејќи ја оваа благородна професија.- Градот Скопје вложува во опремување и модернизација на Противпожарната бригада. Минатата година обезбедивме нов симулатор за пламени удари кој се користи за вежби преку симулација на реални услови на пожар. Беше набавен нов разгласен систем и во целост беа заменети гаражните врати. Набавени се нови изолациони дишни апарати, униформи и чевли кои ги  задоволуваат сите стандарди за безбедност, а обновена е и противпожарната опрема со нови црева и арматури. Ова се само дел од тековните потреби на една модерна Бригада за противпожарна заштита. Знаеме дека оваа опрема долго време ја очекувавте и свесни сме дека вашите потреби не завршуваат тука. На Бригадата за противпожарна заштита и е потребна нова и модерна опрема согласно со европските стандарди – рече денеска Шилегов.Бригадата за противпожарна заштита од оваа година е побогата за нови 20 пожарникари, а предвидени се и дополнителни 50-тина вработувања.- На тој начин, го зголемуваме капацитетот на бригадата, а истовремено сме чекор поблизу до исполнување на европските стандарди согласно со кои пропорцијата треба да биде еден пожарникар на 1.500 жители. Вложувањата во развојот на пожарникарството не смеат да престанат. Со секое наредно вложување во техничката опрема и човечките капацитети на противпожарната бригада работиме на создавање услови за поголема безбедност на граѓаните – додаде Шилегов.Тој нагласи дека заштитата од пожари и безбедноста на граѓаните е од витално значење за Скопје.- Секој спасен живот на наш сограѓанин е бесценет, и без вас оваа хумана мисија би била невозможна. Продолжете да бидете наша гордост и гаранција за нашиот безбеден живот – порача градоначалникот Шилегов.

Скопје | пред 6 години

pendarovski-dzaferi

Пендаровски и Џафери договорија поблиска координација на двете институции во корист на граѓаните

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Собранието на Талат Џафери со кого разговарале за актуелните состојби во државата, како и за важноста сите релевантни институции во државата во претстојниот период да ги насочат севкупните капацитети кон реализација на следниот важен чекор во европската интеграција на Македонија, одредување датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ.Двајцата соговорници ја истакнаа важноста сите релевантни институции во државата во претстојниот период да ги насочат севкупните капацитети кон реализација на следниот важен чекор во европската интеграција на Република Северна Македонија – одредување датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.Двајцата соговорници договорија натамошна поблиска координација на двете институции во корист на граѓаните и во интерес на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.  

Македонија | пред 6 години

marihuana

На патот Стење-Царев Двор, ресенско, запленети околу 23 килограми марихуана

На 19.05.2019 околу 22.00 часот на патот с.Стење-Царев Двор, во близина на с.Козјак, ресенско, по добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Битола ги затекнале лицата Б.Г(46) и В.А(56), двајцата од Република Албанија, со живеалиште во Охрид, со товарно возило „Мерцедес Вито” со бугарски регистарски ознаки и едно лице кое управувало патничко возило „Мерцедес“. Лицето со патничкото возило побегнало од местото, при што во близина на с.Долна Бела Црква од возилото фрлило две торби со околу 23 килограми марихуана. Б.Г. и В.А. биле приведени и задржани во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.Товарното возило „Мерцедес Вито“, торбите со марихуана и други предмети биле одземени за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на третото лице и патничкото возило и за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

ohrid-dzamija-minare

Денес протест во Охрид против минарето на Алипашината џамија

Здружението на граѓани „Совест“ денес во 16 часот ќе одржи протест на улицата Димитар Влахов во Охрид, пpoтив диватa градба на 32 метри високото минape во центарот на Охрид.„Ве известуваме дека на ден Понеделник, 20 мај во 16.00 часот пред зградата на Општина Охрид на улица Димитар Влахов ќе се организира мирен протест по повод незаконско градење на Алипашина џамија. Очекуваме ваша силна подршка и обавезно присуство.За Охрид до крај!!!“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

vanesa-mej

ЕКСКЛУЗИВНО: Ванеса Меј ќе го отвори Охридско лето

Атрактивната и популарна виолинистка  Ванеса Меј Венкорн Николсон професионално позната како Ванеса Меј, ќе го отвори фестивалот Охридско лето, дознава Скопје 1 од извори во министерството за култура.За денеска е закажана пресс конференција каде  управата на фестивалот треба да ги соопшти деталите за спектакуларниот настап на Меј.Британска мега популарна виолинистка  некогаш била нарекувана како “Чудо од дете”, а сега е една од најпознатите виолинистки на сите времиња. Позната е по спојот на техно и класичниот стил во своите изведби. Уште на свои 16 години ги поместува музичките граници кога го објавува албумот “Violin Player” формирајќи необичен микс на џез, поп и техно звук, но се издвојува и по нејзините сценски настапи и необичен изглед. Албумот веднаш по објавувањето се нашол на Топ листите во над 20 земји од светот. Првиот солистички концерт го има кога има само 9 години, а на 10 веќе настапува со симфониски концерт. До нејзините 13 години веќе објавува 3 албуми. Запишана е во Гинисовата книга на рекорди како најмладиот инструменталист кој изведува виолиниски концерти на Бетовен и Чајковски.Особено остава впечаток со нејзината изведба на “Toccata and Fugue” на Јохан Себастијан Бах во Д Мол, која е копирана низ целиот свет. Ванеса е првиот изведувач на класичен инструмент кој бил номиниран за престижните BRIT awards за номинацијата “Најдобар женски изведувач”.Во 2006 година e рангирана како една од најбогатите млади изведувачи со заработка од над 32 милиони фунти од концерти и продажба на 10 милиони албуми ширум светот, што е вистинска реткост за еден виолинист.На своите концерти Ванеса свири на два типа виолини, и тоа, класичен модел на Guadagnini од 1961 чија вредност се проценува на 150 илјади фунти и електрична виолина Zeta Јеzz, со чија комбинација приредува едно незаборавно уживање на публиката насекаде низ светот.

Македонија | пред 6 години

goran-trajkovski

Горан Трајковски се повлекува од Дирекцијата за заштита на личните податоци – поднесе оставка

Горан Трајковски поднесе оставка од директорската функција во Дирекцијата за заштита на личните податоци. Трајковски во оставката, која во Собранието е доставена во петокот, пишува дека од лични причини си оди од ДЗЛП, објави Плусинфо.Тој за Плусинфо не сакаше да открие детали зошто година и пол пред да му истече мандатот во ДЗЛП ја напушта функцијата. На наше прашање дали ќе оди на друга функција, Трајковски вели:– Да почекаме да заврши ова, па ќе видиме.Трајковски во времето на владеењето на Груевски беше и директор на Управата за јавни приходи, а во Дирекцијата за заштита на личните податоци е од 2016 година. Текстот во целост на Плусинфо. 

Македонија | пред 6 години

tamara-aerodrom

Тамара и тимот се вратија дома: Среќна сум што ве направив горди

Тамара Тодевска и нејзиниот тим на полноќ се вратија дома. На скопскиот аеродром ја пречекаа семејството, сопругот  и ќеркичка Хана, како и фановите. Таа по пристигнувањето од Тел Авив , каде го освои осмото место , изјави дека е пресреќна .,,Очекувавме повеќе , но среќна сум што ве направив горди.”-Како се редеа дванаесетките се гледавме меѓу себе и си викавме „што направивме“. Беше неизвесно. Криво ми е за тие два бода, поради што првото место од жири го испуштивме. Но не е битно, никој не доминираше повеќе од нас на оваа Евровизија. 45 мин бевме први, секој три минути не покажуваа нас, се осеќаме како победници – рече Тамара.Се фотографираше со сите, а потоа кратко се обрати и кажа дека нејзиниот резултат на годинешниот Евросонг, кој впрочем е и најдобар резултат на земјата откако учествува на изборот за песна, е резултат на тимската работа и добрата подготовка во целиот тој период.Поради силниот јужен ветар авионот со Тамара и нејзиниот тим доцнеше повеќе од три часа. Тамара и се заблагодари и на своите фанови на фејсбук .Тамара Тодевска со песната „Proud“ го освои осмото место во Тел Авив, Израел, што е најдобар  пласман за Македонија, откако се натпреварува на „Евровизија“ од 1998 година. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања