„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

stevo-770x437

Денес во Вила Водно средба меѓу Пендаровски и Џафери

Претседателот  Стево Пендаровски денес ќе се сретне со претседателот на парламентот Талат Џафери. Оваа средба е значајна затоа што Пендаровски и Ахмети треба да разменат мислење за непотпишаните закони што на Пендаровски ги наследи од Иванов. На овие закони, покрај потписот на Џафери, треба да стои и потпис од шефот на државата.Инаку како што е познато, Пендаровски веднаш штом ја превзеде функцијата ги потпиша законите што беа донесени со двотретинско мнозинство и кои се дел од реформите во правосудството.Пендаровски минатата седмица ја имаше првата средба со премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Се комплетира новиот кабинет на претседателот, Пендаровски има секојдневни работни средби, утре ќе се сретне со Џафери

Претседателот  Стево Пендаровски утре ќе се сретне  со претседателот на парламентот Талат Џафери. Оваа средба е значајна затоа што Пендаровски и Ахмети треба да разменат мислење за непотпишаните закони што на Пендаровски ги наследи од Иванов. На овие закони, покрај потписот на Џафери, треба да стои и потпис од шефот на државата.Инаку како што е познато Пендаровски веднаш штом ја превзеде функцијата ги потпиша законите што беа донесени со двотретинско мнозинство и кои се дел од реформите во правосудството.За оваа седмица новиот претседател  најави дека ќе потпише нова тура закони што беа донесени во трето читање откако Иванов ги врати еднаш кај пратениците.Инаку веќе се комплетира новиот кабинет на претседателот. Дознаваме дека веќе се поставени кадровските основи на  претседателскиот кабинет.Генерален секретар на претседателската служба е досегашниот владин портпарол Миле Бошњаковски. Еден од посебните советници на Пендаровски ќе биде директорот на инсититутот Прогрес – Тоше Зафиров. Тој ќе го советува Пендаровски за внатрешна политика.Што се однесува на односите со јавност на шефот на државата ќе ги води поранешната новинарка Катерина Цаневска. Професорот пак по вовед во право Александар Спасов ќе биде надворешен соработник за стручни, научни мислења и совети. 

Македонија | пред 6 години

20190520073438

(ВИДЕО) Силно невреме и град со големина на лешник во Србија

Прогнозите на метеоролозите се остваруваат и најавеното невреме за вечерва и ноќта почна во одделни делови на Србија, јавуваат српските медиуми.https://twitter.com/CyberSilverWolf/status/1130166348926136320?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1130166348926136320&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fstrashno-nevreme-vo-srbija-pagja-grad-so-golemina-na-leshnici-fotovideoВо Ивањица град паѓал околу дваесетина минути, а силни врнежи и град со големина на лешници околу 19 часот го погодиле Чачак и направиле штета во околните села.https://twitter.com/Barboss80178210/status/1130170418588004353?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1130170418588004353&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fstrashno-nevreme-vo-srbija-pagja-grad-so-golemina-na-leshnici-fotovideohttps://twitter.com/ilovezr/status/1130174586962817025?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1130174586962817025&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fstrashno-nevreme-vo-srbija-pagja-grad-so-golemina-na-leshnici-fotovideohttps://twitter.com/n2vesti/status/1130166249600704513?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1130166249600704513&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fstrashno-nevreme-vo-srbija-pagja-grad-so-golemina-na-leshnici-fotovideo

Свет | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478-1

Героски за директорот на Зоолошка: Човеков е за метла под итно!

Новинарот Бранко Героски по скандалот и навредите кои ги упати директорот на зоолошката градина Скопје до дијаспората по повод Евровизија, сподели статус на социјалните мрежи и упати жестоки критики до актуелниот директор.„Директорот на Зоолошка имал долга историја на неконтролирани испади. Еве еден пример за тоа. Колку и да бул успешен менаџер (како што велат некои), човеков е за метла под итно.“Гнасиве” смеат ли да доаѓаат во Зоолошка, кога навраќаат во татковината? И смеат ли да праќаат пари во Македонија за своите најблиски?Другарки и другари, вакви ли “фраери” ставате за директори? Не ви е ли срам? Утре ќе сакате за вас да се гласа заради вакви кадри?Не сте свесни колку сте забраздиле…“, напиша Героски.

Македонија | пред 6 години

FB_IMG_1558294413111

Ременски им помогна на малолетни играорци да не останат цела вечер на пат

Потпреседателката на Собранието, Фросина Ташевска Ременски им помогна на малолетни играорци кои останаа на полноќ на патот Плетвар-Кавадарци, бидејќи им се расипалo комбето. Во целост ви го споделуваме Фејсбук статусот на Мартин Цветковски, кој ја раскажува целата ситуација.„Би сакал да споделам една ситуација, што се случи синојќа, ситуација која што за негде е вообичаено и нормално нешто, но за негде е редок исклучок ,па чувствувам потреба вака да ја доловам…По враќањето од концертот на играорците во Битола, негде после полноќ ( 00:15), комбето погоди огромна дупка ( би ја нарекол озонска ), при што настана дефект, на релацијата Плетвар-Кавадарци.Црна темница, остри кривини, планински предел,шума, прст пред око не се гледа, инсект не се слуша…а како шлаг на сето тоа, помислата што се се случува во секојдневие… остануваме заглавени повеќето малолетни-играорци, неколку со штотуку наполнети 18 години, и јас и колегата како нивни одговорни…Додека возачот ( кој беше доста присебен ), пробуваше да го поправи комбето( нешто со моторот ) , а колегата остана со децата… со блиц се обидував да сигнализирам на возилата кои поминуваа одвреме навреме, да застане некој и на некаков начин да ни помогне… но за возврат ( типично ) само блендираа,или пак не не регистрираа…Откако се откажав од таа намера, и се вратив кај децата ако ништо друго барем да се подружиме и насмевнеме малку, самоволно застанува црно возило “Пасат”… Возачот – маж, а од страната на совозачот, гледам жена позната од јавноста… неможев да се сетам во моментот која беше…Ми вика:– Што е проблемот дечко?– Удривме дупка, имаме проблем со моторот не работи комбето – велам.– Кој има во комбето ? – ми вели…– Деца, играорци, бевме на концерт во Битола, и се враќаме за Скопје… јас сум им наставник…Му се обрати на возачот – Паркирај се тука…Се јави негде на телефон …„Ацко, на релација Плетвар – Кавадарци, има деца играорци, им се расипало комбето, по кратки ракави се, ладно е ќе измрзнат, жива темница е тука, прати одма автобус или комбе да ги земе да ги однесе до Скопје, јас ќе го регулирам тоа“.Ми се обраќа – Дечко, имате автобус од Прилеп, ќе пристигне за 15-20 минути… ќе почекамe со вас малку да не бидете сами…Излегоа и дел од дечињата, се израдуваа, не бевме сами повеќе, си помуабетивме, атмосферата се релаксираше па малку се присетив …И велам на жената – Вие сте министер, ако не се лажам…– Бев, повеќе не сум, сега сум Потпретседател на Собрание…– Ааа да да, сега ми текна, Фросина се викате…– Да не треба да однесам некого, побрзо до Скопје со мене?– Ако не ви е проблем, да, имаме 3 деца мораат што побрзо да стигнат дома…– Секако, нема проблем, ајде.– Ви благодарам многу, незнам како да ви се оддолжиме…– Еве ви мој број и чекам да ме поканите да присуствувам на ваш концерт.Ги зема дечињата, ги однесе до Скопје, а за кратко се обезбедивме и ние останатите и пристигнавме во Скопје некаде околу 03:00 часот по полноќ…Не ме интересира дали е функционер дома или на работа, таа синојќа беше човек кон нас… нè одминаа неколку луѓе со возила (можеби фукционери, можеби не), но ниту еден не беше човек да застане…Ви благодарам од срце вака јавно, во лично и име на сите присутни играорци“, пишува Цветковски.

Македонија | пред 6 години

galetanovski

Директорот на Зоолошка до дијаспората: Рмбаjте под туѓо сонце и никад да не се вратите

Директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, на својот профил на „Фејсбук“ се осврна на синоќешното гласање на Евровизија, упатувајќи навреда кон иселениците кои не ја поддржале со гласови македонската претставничка Тамара Тодевска.„Што да очекуваш од луѓе што продале се и избегале од родна земја? Каква срамота…ццц. Фиром не им сметало, за северна не гласале за Тамара. А бе одземи им и пасоши и право на глас. Гнаси. Рмбаjте под туѓо сонце и плукајте по се што вреди. Никад да не се вратите“, напиша Галетановски на „Фејсбук“.

Македонија | пред 6 години

skopska-charshija-640x427

Нова мобилна апликација за промоција на Скопската чаршија

Посетителите на стариот дел од Скопје – Чаршијата преку новата мобилната апликација „Скопските скапоцени камења“ (Skopje Gems),  ќе имаат можност ова место да го доживеат на нов начин.Апликацијата е бесплатна за посетителите, достапна на 10 јазици, а нејзината главна цел е да се промовира културниот туризам и нематеријалното културно наследство на скопскиот стар град, односно чаршијата.Таа нуди седум туристички рути низ Чаршијата и водич до врата на сопствениците на продавниците со стари занаети, вкусна храна, како и до музеите, религиските обележја и историските места во стариот град. 

Магазин | пред 6 години

soobrakajka1-1

7-годишно дете се бори за живот откако било удрено од автомобил

На 18.05.2019 година во 20.35 часот кај мостот во с.Љубош кон с.Батинци, скопско, патничко возило „Нисан Навара“ со италијански национални ознаки, управувано од Т.С.(32) од с.Црни Врв, скопско, удрило во седумгодишно момче од с.Цветово, скопско.Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош и било задржано на понатамошно лекување и се наоѓа во животна опасност.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

tamara-todevska-2-220088

(ФОТО) Еве како гласаше публиката за Тамара

Иако „Proud“ беше еден од фаворитите, сепак Тамара Тодевска ја изгуби водечката позиција по распоредување на гласовите од телевотингот. Таа доби 58 поени преку гласањето на публиката од другите држави.Од листата се гледа дека од телевотингот има поени од 11 земји, од кои само од Србија и Словенија по 12 поени, од Хрватска 7 и од Албанија и Црна Гора 6 поени. 

Магазин | пред 6 години

prv-do-vrv

„Прв до врв” денес на Водно

Седмото издание на најголемиот планински спортски настан во регионот „Прв до врв” ќе се одржи денеска на Водно.– Омилениот настан на скопјани и оваа година во програмата ги има трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, тим-билдинг трка за компании, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот, по завршувањето на трките на кој е пред-видена музичка програма и церемонија на прогласување на победниците, соопшти Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв”.Од Здружението наведоа дека оваа година се очекува на учествуваат над две илјади натпреварувачи со најголем број на учесници од странство до сега.

Скопје | пред 6 години

tim-tamara-evrovizija

Заев до Тамара: Ни донесовте единство преку музиката

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за нас во историјата на ова натпреварувње.По тој повод, на својот фејсбук-профил честитка упати и премиерот Зоран Заев кој напиша дека одамна не сме биле толку горди.„Честитки Тамара, честитки #TeamTamara. Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле олку горди! #Proud“, напиша премиерот во кратката објава.

Магазин | пред 6 години

564725_tamara-todevska-evrovizija-4_ff

Холандија победи на Евровизија, Тамара на осмо место

Македонија го освои осмото место, а победник на годинашниот Евросонг што се одржа во Тел Авив, е Данкан Лоренс од Холандија со песната Arcade.Нашата претставничка Тамара Тодевска со песната Proud досега го освои најдобриот пласман. Додека течеше гласањето, Тамара долго време беше во водство, но сепак гласовите од публиката не симнаа подолу на листата.Во финалето на 64. Евровизија се натпреваруваа 26 земји. За победникот одлучуваа гласовите на стручното жири и од телевоутингот од сите 41 земја учесничка, а се доделуваа по принципот 50-50. Од жирито најмногу гласови доби Шведска – 239, втора беше Македонија – 237, а трета беше Холандија со 231 глас.Од Грција, Македонија доби само еден поен, а 12-ки ни дадоа повеќе земји како Албанија, Србија, Италија, Австрија, Велика Британија, Молдавија и Швајцарија.

Магазин | пред 6 години

564725_tamara-todevska-evrovizija-4_ff

Се одобруваат 150 000 за Евровизија, а нема 30 000 за лекување на двајца млади дечки

Граѓаните на социјалните мрежи реагираат во врска со парите кои се одвоени за Евровизија, а фондот за здравство не одобрил 30 000 евра за лекување на две лица.„Одобрени 150 000 евра за Тамара за Евровизија, па сите горди, во финале сме биле. Океј, така си е...Ќе се гордееме, ќе слушне светот за Македонија. Ќе кажат браво.И оооп, гром од ведро небо, утредента странците ќе слушнат дека во последниов месец починаа двајца млади дечки, за вкупна сума од 30 000 евра што фондот за здравство не можеше да ги одобри затоа што Немале пари... ете чисто онака, немале.Не знам, дали ќе се радуваат или ќе плачат...Ама убаво си кажа Зоки, немаме за леб, чоколадо јадеме“, се вели во објавата.

Македонија | пред 6 години

60689787_2385600305001894_3413678549897314304_n

Груевски ќе почека, оти Павле Богоевски одлучи така

Пратеникот Павле Богоевски иако најпрво изјави дека в понеделник ќе се одржи состанокот за разрешување на пратеникот Никола Груевски, тој побарал состанокот да се одложи на неколку дена.Богоевски изјавил дека ќе ја закаже откако ќе заврши седницата на комисијата за одбрана на која треба да се усвојат амандмани за законите за новата агенција за национална безбедност и за разузнавачката заедница.Во средата, Џафери испрати допис до Мандатно-имунитетната комисија со кој ја извести дека пратеникот Груевски неоправдано бил отсутен од собраниски седници повеќе од 6 месеци. Според членот 59, по добивањето на известувањето, Комисијата во рок од 15 дена треба да заседава и потоа по нејзин предлог на првата наредна седница Собранието треба да го стави на дневен ред. 

Македонија | пред 6 години

evrovizija

Израелската полиција формираше кордон околу објектот во кој се одржува Евровизија поради можен напад

Додека пејачите се подготвуваат за вечерашниот настап на Евровизија во Тел Авив, израелската полиција формира кордон со висок безбедносен степен околу објектот во кој се одржува фестивалот за да спречи напади или протести на луѓето што ја бојкотираат манифестацијата и ги повикуваат фановите да го игнорираат настанот.Овогодишниот меѓународен музички натпревар на кој учествуваа 41 земја беше во фокусот на пропалестинските апели за бојкот во знак на протест против израелската политика на Западниот Брег и во Газа, потсетуваат светските агенции.Никој од финалистите или медиумските покровители не се повлече, но организаторите имаат обезбедување и во халата ако активисти се обидат да го прекинат преносот во живо на финалето или некој од изведувачите да одржи протест на бината.Како специјален гостин на финалната вечер на 64-та Евровизија ќе настапи 60-годишната поп ѕвезда Мадона.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања