„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

ohrid-dzamija-minare

Охриѓани во понеделник на протест против минарето на Алипашината џамија

Здружението на граѓани „Совест“ в понеделник во 16 часот ќе одржи протест на улицата Димитар Влахов во Охрид, пpoтив диватa градба на 32 метри високото минape во центарот на Охрид.„Ве известуваме дека на ден Понеделник, 20 мај во 16.00 часот пред зградата на Општина Охрид на улица Димитар Влахов ќе се организира мирен протест по повод незаконско градење на Алипашина џамија. Очекуваме ваша силна подршка и обавезно присуство.За Охрид до крај!!!“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

New-York-Times-building

Репортажа на Њујорк тајмс: Бидете меѓу првите кои ќе ја посетат Северна Македонија

Светот има новоименувана земја, Северна Македонија, што е добра вест за регионалните односи и за туристите кои во голем број доаѓаат да го посетат југоисточниот дел на Европа, се наведува во репортажата на Њујорк тајмс со наслов „Бидете меѓу првите кои ќе ја посетат Северна Македонија“.Во февруари годинава поранешната југословенска Република Македонија официјално стана Република Северна Македонија, откако беше решен долгогодишниот спор за името со Грција.  За патниците, пишува весникот,  крајот на спорот значи дека ќе добијат печати во нивните пасоши со новото име и нова причина да ја откријат оваа млада земја со древни корени, која се граничи со Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија.  Земјата, којашто е исполнета со култури од древниот свет, традиционална кујна, недостапни села и со езера кои се едни од најстарите и најдлабоките во Европа, ги спојува традициите на древните империи, грчката, македонската, римската, византиската, отоманската, каде Западот и Ориентот се среќаваат.– Сметам дека договорот ќе урне нашите филозофски граници. Го отстранува зборот „поранешна“ од нашето име, со што ние веќе не сме дефинирани со нешто од минатото. Сега сме ослободени да бидеме присутни со многу појасна и позитивна визија за нашата иднина, изјави за весникот Александар Донев, поранешен директор на Агенцијата за промоција на туризам.Нашите културни искуства низ вековите, меѓу кои, храната, виното и традициите,  посочува Донев, никогаш не биле оспорувани.Њујорк тајмс, меѓу останатото,  ја пренесува оценката на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој вели дека земјава веќе почнува полека да добива добар публицитет и оти тоа придонесува да се зголеми економскиот потенцијал на земјата.– Несомнено, позитивниот нагорен тренд доаѓа во вистинско време за нацијата, токму пред туристичката сезона, која почнува во доцна пролет и трае до есен. Тајмингот е исто така поволен и за патниците кои сакаат да го откријат Балканот, кој се смета за една од највозбудливите дестинаци на континентот која нуди и култура, но и авантура, пишува Њујрок тајмс.

Магазин | пред 6 години

ivanov-vodno-696x383

Изби подземна вода во зградата каде Иванов купи два стана

Изби подземна вода во зградата каде Иванов и неговиот шура купија по два стана, пренесува ТВ 24.Според информациите, деновиве се појавила вода на тлото, па мајстори сега мора одново да го кршат бетонот и да поставуваат цевки за одвод. Иванови за двата стана платија над 250 илјади евра.Соседите очекуваат дека со вселувањето на Иванови конечно ќе добијат и подобар пат, кој сега е целосно уништен од камионите што граделе на Водно.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Дечиња не можат во училиште и градинка оти не примиле вакцина, а тие пијани и издрогирани држава водат

Гласот на народот преку социјалните мрежи е ненарачана и добра анкета за тоа што мислат граѓаните за актуелните политички и други настани.Еве два статуса од многубројни слични на социјалните мрежи, во врска со актуелните случувања во врска со пратеникот и учесник во Шарената револуција, Павле Богоевски:– Дечињата не можат во училиште и градинка оти не примиле вакцина, а тие пијани и издрогирани држава водат. Не е до нив, до нас е, гласи краткиот коментар на граѓанин на Фејсбук.И на Твитер слични коментари:– Една афера и целото ѓубре исплива на површина. Одеднаш „па шо има везе, сите се дрогираат“ и „ај не ми глумете поштени“ стануваат главни аргументи. Замислете да се работеше за пратеник на ВМРО? Мислев дека избориве ве научија нешто. Од ароганција и двојни стандарди ќе си паднете, гласи пораката на Твитер и коментарот за релативизирањето на настанот со „кокаинскиот случај“ од страна на приврзаниците на власта и шарената револуција.

Македонија | пред 6 години

nikovski-696x307

Никовски: Кога конкурирав за работа, година дена траеше испитувањето, тоа треба да се спроведува и во Македонија

Поранешниот амбасадор, Ристо Никовски во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5, говореше за случајот на пратеникот Павле Богоевски. Како што истакна, тој во своите почетоци, бил долго време испитуван.„Не може човек да биде избран на ниту една висока функција во ниту една развиена земја, без да се провери неговото минато. Тоа е пракса која се прави во една нормално организирана држава. Кога јас кога конкурирав во Сојузното министерство за надворешни работи на поранешна Југославија, година дена траеше испитувањето. На секој кандидат им се вршеа такви испитувања, каква му е позадината, фамилијата и поширокото семејство. Тоа е нешто нормално и треба да се спроведува и во Македонија“, истакна Никовски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Пожар во Министерство за внатрешни работи

Во зградата на Министерството за внатрешни работи има пожар. Гори еден од објектите во комплексот на министерството, објави Пресинг тв. Во моментов, околу зградата има големо присуство на полиција, која забранува пристап и не дозволува сликање или снимање на министерството.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ЕУ ја предупреди Северна, дадоа многу забелешки и шест препораки за стабилизирање на економијата

Од делегацијата на унијата во земјава со шест препораки до Владата, кои очекуваат да бидат исполнети во рок од една година. Според нив од примарно значење се намалувањето на јавниот долг и дефицитот, велат дека се. Побара да се воведат правилата - јавниот долг да не надмине 60 проценти од БДП, а дефицитот 3 проценти. Забележа и за ниската реализација на капиталните инвестиции и порачаа пак да нема оправдувања, туку тие да се реализираат според планот.-Првиот предизвик е стабилизирањето на јавниот долг. Тој во земјава е 43%, но ако на него се додаде и долгот на јавните компании кој е 10% и за кој одговорна е државата, тогаш тој се искачува на 53%. Во ЕУ јавниот долг на државите и не смее да биде повисок од 60%, доколку тој процент е повисок од таа бројка, треба да има план за тој да се намали истакна Фреек Јанмаат - Раководител на сектор за економски прашања во делегацијата на ЕУ .Од канцеларијата на ЕУ, како дополнителни предизвици ги наведоа сивата економија и невработеноста на младите, која кај нас е 45 проценти, а просекот во ЕУ е 15.  Како голем проблем ја нагласија и транспарентноста во трошењето на јавните пари, но и проверката на приватните компании. Во земјава според нив има и преголем број на инспекторати чии надлежности се преклопуваат, што може лошо да влијае на бизнис климата. Забелешки има и за образованието.Инаку дел од забелешките и препораките се повторуваат секоја година, но овие земјава треба да ги спроведе за една година.

Македонија | пред 6 години

tamara-todevska-2-220088

Тамара вечерва во финалето на Евровизија - ќе настапува под овој реден број

Тамара Тодевска со „Proud“ вечерва ќе настапи во финалната вечер на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел.Тамара Тодевска четврти пат учествува на Евровизија, но првпат како солист. Таа ќе настапи под реден број 8, а придружни вокали ќе ѝ бидат Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев. Автори на песната се Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Спотот е во режија на Чедо Поповски.Во финалето ќе настапат 26 земји, а ќе можат да гласаат сите учесници, односно 41 земја.Пласман во финалето од втората полуфинална вечер обезбедија и Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта, а од првата полуфинална вечер – Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија. Директен пласман во финалето покрај домаќинот Израел имаат Франција, Италија, Германија, Шпанија и Велика Британија.

Магазин | пред 6 години

infektivna_klinika-610x400

Заболена од мали сипаници во тешка здравствена состојба хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести

Заболена од мали сипаници со новооткриен дијабет во тешка здравствена состојба вчера била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести, пишува „СДК.мк“„Во текот на вчерашниот ден прегледани се 13 пациенти со мали сипаници, од кои двајца се задржани за болничко лекување. Тоа се 39-годишна пациентка од Чаир без податок за вакцинален статус со новооткриен дијабет, која е во кетоацидоза и во потешка состојба на одделот за интензивно лекување. Втората заболена е 26-годишна за која нема податок дека е вакцинирана. И нејзиното дете е болно од морбили“, велат од Клиниката за инфективни болести.

Македонија | пред 6 години

aleksandar-ben

ЈСП: Ако се потврди дека возачот не им дозволил влез на Александар и Бен, тој ќе биде санкциониран

ЈСП веднаш реагираше по објавата на социјалните мрежи во која Александар Велевски, кој боледува од церебрална парализа, се пожали дека и покрај уредбата на раководството на ЈСП да се дозволи влез за кучињата, тоа му било оневозможено в автобус со број 6.„Ве информираме дека ЈСП Скопје преку социјалните медиуми дозна за случајот со Александар и неговото куче придружник, кој преку „фејсбук“ информираше дека не му бил дозволен влез во автобус и покрај неодамнешната одлука на раководството за слободен пристап/влез на кучињата придружници на лицата со инвалидитет.Веднаш преку порака го исконтактиравме Александар да ни објасни за случката, но, се уште ни нема одговорено.Во меѓувреме, телефонски стапивме во контакт и со неговиот татко кој немаше никаква информација за настанот. Поради работни обврски, ни рече дека во текот на попладнето ќе не исконтактира.Што точно се случило, истражуваме и преку нашата внатрешна контрола.Доколку се потврди дека возачот не го пуштил Александар со Бен да влезе во автобус, од нему познати причини, ќе биде соодветно санкциониран“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 6 години

21DBE666-3651-4634-96EF-136A7E5F99B8_w1023_r1_s

Најчевска: Во пресметката со корупцијата нема место за популизам

„Имајки го предвид работењето на сите претходни комисии, јас не очекувам некои спектакуларни промени“, смета професорката д-р Мирјана НајчевскаДодека зад кулисите на политичката сцена со денови се шпекулира со имињата на министри, заменици, државни секретари и директори, градоначалници или високи функционери во владеачката СДСМ, кои на почетокот на следниот месец, наводно ќе ги опфати најавената „метла“ на премиерот Зоран Заев, се чека и разврската на некој од случаите кои амбициозно ги отвори новиот состав на Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси.Претседателката Билјана Ивановска, која има богато искуство како ревизор, по изборот пред три месеци, најави дека новиот состав на ДКСК ќе работи на јакнење на општествената и личната свест за корупцијата како тешка болест што го попречува владеењето на правото, демократијата и остварувањето на човековите права.„Корупцијата ја урива стабилноста на институциите и ги продлабочува и ги руши моралните корени во нашето општество, присутна е сè повеќе секојдневно, а граѓаните во отсуство на систем на вредности и систем на интегритет, сè повеќе ја толерираат и ја прифаќаат како начин за остварување на своите цели. Сметам дека ние треба да ги воспоставиме овие системи што ни недостигаат, да ја развиеме општествената и личната свест на начин што ќе работиме одговорно, транспарентно, професионално и законски“, порача тогаш Ивановска.По претставките на ВМРО-ДПМНЕ, ДКСК отвори и постапки против премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев. Антикорупционерите отворија четири предмети за премиерот Заев во кои ќе истражуваат наводи за евентуална корупција: „Глобал“, „Едно евро - корупција“, „Бугарски фирми на Заев“, како и за продажбата на земјиште во струмичката касарна, сите од периодот кога актуелниот премиер бил градоначалник на Струмица. Против вицепремиерот Анѓушев е покрената постапка поради сомневање дека под закуп дал градежно земјиште во Дреново, за изградба на хидроцентрала, со непосредна спогодба со фирма во која е еден од сопствениците, а управител е неговиот брат.„Мислам дека е сосема нормално, Државната комисија за спречување на корупцијата да покренува случаи против највисоки функционери во власта. Впрочем, тоа е и главната задача на оваа комисија која претставува еден од најистурените контролни механизми. Токму високите функционери во власта се оние кои најлесно можат да ја употребат функцијата на која се наоѓаат во коруптивни цели и за лични бенефиции“, изјави за Гласот на Америка на македонски јазик, професорката д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права и една од најжестоките критичарки на јавната сцена во Македонија, по повод полемиките кои во јавноста ги предизвикаа актуелните случаи на антикорупционерите.Во својот 17-годишен стаж, ДКСК раководена од разни претседатели, отвораше стотици предмети, но изгради имиџ на неделотворна комисија која не може ниеден случај да доведе до финализација и судска предуда. Цела деценија наназад ДКСК немаше речиси никаква конкретна активност, а за затворањето на очите пред реалноста, како најилустративен пример, ќе остане барањето на последниот експретседател кој „најљубезно ги замоли“ новинарите, да го затворат прашањето за имотната состојба на премиерот Никола Груевски „за век и веков“.Новиот состав на Комисијата, вети сосема поинаков пристап со кој ќе се почитуваат законите и нема да има селективна правда. Според медиумите, антикорупционерите наплатиле глоба од околу 220.000 денари од 29 прекршочни постапки, но експретседателот Ѓорге Иванов, на пример, сè до последниот работен ден, не ја платил казната изречена од ДКСК.Доколку се заврши само на бомбастични почетоци, без сериозен завршеток (независно од тоа дали ќе биде откриена корупција или не), Комисијата уште на почетокот од своето работење ќе го изгуби кредибилитетот и довербата на граѓаните.Проф. д-р Мирјана НајчевскаНа прашањето на Гласот на Америка на македонски, дали според неа, досега се работи за вртење на нова страница во работењето на Комисијата или за уште еден популистички потег со кој треба да се убеди македонската јавност дека актуелната власт ќе се пресметува со „мангупите во своите редови“, како обид за нејзино дефокусирање, професорката Најчевска, под чија опсервација редовно се постапките и делувањето на носителите на јавни функции кои не се во согласност со законите и етничките норми, вели: „Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме дури по завршувањето на преземените активности и заокружувањето на започнатите истраги. Доколку се заврши само на бомбастични почетоци, без сериозен завршеток (независно од тоа дали ќе биде откриена корупција или не), Комисијата уште на почетокот од своето работење ќе го изгуби кредибилитетот и довербата на граѓаните.“А на прашањето, дали според искуството, има место за оптимизам дека најавените случаи ќе имаат и правна разврска, нашата соговорничка беше децидна: „Имајки го предвид работењето на сите претходни комисии, јас не очекувам некои спектакуларни промени. Меѓутоа, дури и препознавањето на прекршувањето на законите и изрекувањето на глоби е добар почеток. Самото тоа што претседателот на државата бил ставен на тапет и повикан на одговорност е некаква промена која ја отвора вратата за идна сериозна работа на комисијата. Она што во моментот недостатува според мене е помоќен и поагресивен настап на комисијата и искористување на сите алатки кои им стојат на располагање.“Комисијата отвори случаи и против претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, како и против Ирена Пановска, в.д директорка на Клиниката за хематологија и ќерка на сопственик на голема веледрогерија, за наводни спорни набавки. Во случајот на Вангеловски ќе се истражува набавката на возило „БМВ“ во вредност од 40.000 евра и евентуалната злоупотреба на набавката за лична корист, а градоначалникот Мерко, ќе се истражува за набавка на четири возила во вредност од 114.000 евра, меѓу кои и „Ауди А6“ во вредност од 67.000 евра.ДКСК покрена прекршочни постапки и за бројните случаи на непотизам и спорни вработувања на роднини на пратеници и на носители на други јавни функции, што доведоа и до повлекување на дел од тие лица од работните места.„Сметам дека секое вработување на роднина на функционер кој актуелно е во власта, мора да биде третирано максимално претпазливо и со огромен сомнеж. Во ваквите ситуаци не мислам дека е доволно вработувањето да биде врз основа на закон, односно, работодавачот да се задоволи со тоа дека лицето ги исполнува условите. Она што мора да се направи е за секој ваков случај да се докаже потребата од вработување, соодветноста на конкурсот со искажаните потреби за вработување и детално образложение на постапката со објаснување зошто токму тој, а не некој друг кандидат е вработен“, изјави за Гласот на Америка на македонски јазик, професорката Најчевска.„Повикувањето овие луѓе да дадат оставка без преиспитување на постапките, уделот на раководните лица кои се појавуваат како работодавачи и евентуалниот удел на Министерството за финансии во издвојувањето средства токму за овие вработувања, е чист популизам и замачкување на очите на јавноста. Ова нема врска ниту со демократија ниту со правна држава.“, децидна е д-р Најчевска.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka-2

Камион удри во остатоци од некогашна патарина кај Велес

Поставете соодветна сигнализација кога оставате бетонски остатоци како чиреви од стара патарина. Дури и најискусните (возачи на камиони) прават грешки бидејќи е вечерно време и нема соодветни знаци. Возачот на брза помош кажа дека е 5ти или 6ти случај откако е преселена патарината. Да не биде предоцна, бидејќи никој од нас нема да одговара.Сликата е страшна, но возачот е пренесен во Велес со расекотина на глава на снимање – стои во објавата на фејсбук на страницата Ѕид на сообрачајкниот срам.НА фотографијата се гледа искршен камион, кој се забил во остатоците од старата патарина, откако се поставени нови наплатни пунктови на само неколку метри растојание.

Македонија | пред 6 години

toni-mihajlovski

Михајловски доби условна казна затвор за заканите кон Тричковски

Тони Михајловски доби условна казна за заканата која ја упати на Фејсбук кон новинарот Бранко Тричковски.  Михајловски на својот фејсбук профил на 16 јуни 2017: „Јас Бранко Тричковски можам да го убијам и да не ми трепне око. Прости ми боже“.Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Михајловски кој на денешното рочиште призна вина и му се извини на новинарот за заканите.  Тој доби  условна казна затвор од три месеци, ако во рок од една година не го повтори делото.Tричковски немал барања за отштета и за дополнителен прогон. По пресудата, Тричковски на фејсбук напиша дека Михајловски се извинил и ветил дека повеќе нема да стори дело за кое денеска беше суден.„Мојата малeнкост сметаше дека е тоа доволна сатисфакција.Му пружив рака на Михајловски, се откажав од натамошен прогон и какви било оштени барања. Пресудата ќе биде дополнително објавена, но веќе сега е јасно дека со оглед на горните околности, Михајловски ќе ја добие најблагата казна. Јас сум задоволен, а колку што можев да забележам, сите во судницата беа задоволни. Тони, од разбирливи причини, посебно.Не е убаво да се тепаме по секоја цена, ако имаме правна и морална сатисфакција. Освен тоа, мораме да ги ослободуваме капацитетите на судот и на обвинителството за важните процеси кои ќе не одведат кон општествена рехабилитација низ правото“, напиша Тричковски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

brasno-696x394

„Кадино“ се оградува од видеото со кое се исмева Богоевски

Фирмата „Кадино Индустри Груп Дооел увоз извоз“ реагира на тоа што нивна реклама е злоупотребена во хајката што се води против пратеникот, Павле Богоевски.„Друштво за производство и промет КАДИНО ИНДУСТРИ ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз, целосно се оградува од видеото под наслов „Нашето тајно оружје„ кое е пласирано во јавноста од страна на профилот РЕМЕТ МК. Имено, оригиналното видео е преземено од страна на горенаведениот портал без претходна согласност од страна на   КАДИНО ИНДУСТРИ ГРУП. КАДИНО ИНДУСТРИ ГРУПДООЕЛ увоз-извоз е реномирана фирма која долги години работи на македонскиот пазар и пошироко и е позната по своите високо квалитетни производи,  па поради тоа употребата на нашата реклама и лого во материјал кој рекламира психотропни супстанци претставува сериозен атак врз долгогодишното работење на КАДИНО“, соопштија од фирмата.

Македонија | пред 6 години

17052019_zoranzaev_brankocrvenkovski-696x464

Заев на средба со Бранко Црвенковски

Премиерот Зоран Заев денеска го прими поранешниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, кој на оваа средба дојде во својство на член на Подгорочкиот клуб на поранешни претседатели на држави и шефови на влади на земјите од регионот.Како што соопшти владината прес-служба, за време на средбата, поранешниот претседател Црвенковски го информираше премиерот Заев за иницијативата Подгорочкиот клуб да организира регионална конференција во Скопје на тема „Проширувањето на ЕУ на крстопат“ на почетокот на јуни, оваа година.Целта на оваа конференција, како што на средбата истакна Црвенковски, е да се поттикне и обезбеди поддршката за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со декларација која од конференцијата ќе им биде испратена на лидерите на Европската Унија со укажување на негативните последици на национално и регионално ниво што би произлегло од евентуалното одлагање на овој процес, се наведува во соопштението.Претседателот на Владата на Република Македонија ја прифати поканата да ја поддржи конференцијата и да биде домаќин на прием што по тој повод ќе биде одржан за учесниците на настанот, стои во соопштението. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања