„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

filipce-222

Алармантно: Најмалку 350 матични лекари недостигаат во земјава

Најмалку 350 матични лекари недостигаат во земјава. Најалармантна е состојбата во помалите градови. Младите доктори не сакаат да работат како матични ниту да специјализираат семејна медицина.- Од 2010 година кога е формирана катедрата имаме 330 специјализации по семејна медицина, а 80 лекари поминале доедукација и специјализација, а тоа е малку бидејќи во земјава има околу 1500 матични лекари, изјави проф. д-р Катерина Ставриќ, шеф на катедрата за семејна медицина.За да се мотивираат младите да работат во примарното здравство од иднита академска државата специјализациите по семејна медицина ќе бидат на државна сметка, а за возврат ќе треба неколку години да бидат матични лекари, најави министерот Филипче.- Ќе ги мотивираме со тоа што државата ќе ги субвенционира специјализациите по семејна медицина, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.Од катедрата за семејна медицина уверуваат дека доедуцираните лекари ќе пружаат поквалитетна здравствена заштита.- И пациентите помалку ќе бидат упатувани на секундарно и терциерно ниво, додаде проф.д-р Ставриќ.Во меѓувреме од здружението на општи и семејни лекари ќе бараат од Фондот за здравство олеснување во упатувањата на секундарно ниво и пропишување на повеќе лекови од позитивната листа.- Ќе следат и други предлози во интерес на поквалитетни услуги за пациентите, изјави д-р Катарина Ковачевиќ, претседател на здруженбието на општи и семејни лекари.Министерот за здравство најави дека идната недела ќе бидат прецизирани превентивните програми кои треба да ги реализираат матичните лекари, а за возврат ќе добијат покачување на капитацијата, односно повеќе пари од државата.

Македонија | пред 6 години

ojo

ОЈО ќе работи со Интерпол за да го најде Илија Громовник кој ги објави новите бомби

Основното јавно обвинителство побарало од Русија да помогне за откривање на идентитетот на лицето кое се крие зад псевдонимот Илија Громовник, кој честопати објавува нови „бомби“ поврзани со луѓе од политичкиот и бизнис врвот на Македонија, пренесува 1ТВ.Имено, доколку Русија не се огласи, ОЈО ќе се обрати до Интерпол и ќе побараат да стапи во контакт со тамошните власти за да се обезбедат информации за објавувачот на аудио снимките.Ако и напорите преку Интерпол да се влезе во траг и да се спречи Громовник не успеат, тогаш обвинителството ќе бара меѓународна правна помош – процес што би траел многу подолго.

Македонија | пред 6 години

aleksandar-ben

Александар и кучето Бен не биле пуштени во автобус на ЈСП

На социјалните мрежи се појави информација дека на момче кое било со куче-придружник, не му било дозволено да влезе во автобус на ЈСП, иако пред неколку дена од претпријатието соопштија дека како општествено одговорна компанија, ќе им го овозможат тоа на нашите сограѓани.„Во ЈСП Скопје денес не го пуштија Александар да влезе со својот миленик кој му е патем помошник. Ова е нешто кое неодамна го изјавивте дека ќе биде дозволено, а дозволувате вакви „сељачана“ да се возат.На трагикомедијава и нема крај!“, коментира една корисничка на услугите на ЈСП Скопје, која посведочила на настанот.Од ЈСП Скопје соопштија дека преку социјалните медиуми дознале за случајот со Александар и неговото куче-придружник, кој преку „фејсбук“ информираше дека не му бил дозволен влез во автобус и покрај неодамнешната одлука на раководството за слободен пристап/влез на кучињата придружници на лицата со инвалидитет.„Веднаш преку порака го исконтактиравме Александар да ни објасни за случката, но, се уште ни нема одговорено. Во меѓувреме, телефонски стапивме во контакт и со неговиот татко кој немаше никаква информација за настанот. Поради работни обврски, ни рече дека во текот на попладнето ќе не исконтактира“, велат од ЈСП Скопје.Појаснуваат дека што точно се случило, истражуваат и преку нивната внатрешна контрола, а доколку се потврди дека возачот не го пуштил Александар со Бен да влезе во автобус, од нему познати причини, ќе биде соодветно санкциониран.

Скопје | пред 6 години

dui

На сметката од ДУИ пари уплаќале директори, пратеници, Стоматолошка клиника и Општина Липково

На партиската жиро-сметка на ДУИ во минатата 2018 година биле уплатени средства по основ на членарини од 60 лица во вкупен износ од 1.68 милиони денари, како и една донација во висина од 184 илјади денари, покажува извештајот што го партијата го доставила до Управата за јавни приходи и до Државниот завод за ревизија.Според извештајот, единствената донација на ДУИ доаѓа од Бејтула Адеми во износ од 184.200 денари, додека сите други приходи се по основ на членарини. Така, членот на Управниот одбор на М-НАВ Миѓен Селмани уплатил 175.00 денари, додека партискиот потпретседател Невзат Бејта, директорот на Институтот за трансфузиона медицина Авни Исмаили и директорот на ЈП за стопанисување со пасишта Љуљзим Фејзулаи уплатиле по 60.000 денари.Потоа, потпретседателот на Агенцијата за медиуми Милаим Фетаи уплатил 48.000 денари, директорот на ЈП Македонски железници Ирфан Асани уплатил 47.000 денари, министерот за екологија Садула Дураку уплатил 45.000 денари итн. Партискиот лидер Али Ахмети, пак, уплатил 36.000 денари, исто како и претседателот на парламентот Талат Џафери, како и пратениците Агим Шаќири, Реџаил Исмаили, Мирсада Асани…И во овој регистар на донатори на ДУИ може да се сретнат јавни субјекти, па Општина Липкково е наведена покрај уплата од 1.980 денари, а називот на Стоматолошката клиника стои покрај уплата од 5.962 денари. Сепак, од партијата објаснуваат зад донацијата на Општина Липково стои Еркан Арифи, а зад донацијата на Стоматолошката клиника стои Амела Цана.Повеќе на Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Џафери засега воздржан за барањето пратениците да одат на нарко-тест, од кабинетот велат се чека конкретна иницијатива

Претседателот на Собранието, Талат Џафери е воздржан околу барањето на независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ в понеделник сите пратеници да направат тест за употреба на наркотички средства и нема да коментира изјави на пратенички групи.- „Претседателот на македонското Собрание не ги коментирал и нема да коментира изјави на пратенички групи. Во моментот кога во Кабинетот на петседателот на Собранието ќе стигне конкретна иницијатива, претседателот Џафери ќе ја разгледа, ќе се произнесе за неа и ќе постапи согласно надлежностите што му ги обезбедуваат Уставот, Деловникот и Законот за пратеници“, велат од Кабинетот на Џафери откако Груби вчера, а денеска независните пратеници на ВМРО, побараа да се направи текс на сите пратеници.Инаку, реакциите по снимката не стивнуваат. Таа се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. По неа Богоевски на фејсбук напиша дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис, а потоа беше и во полициска станица. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Матурантите по 13 пат го одиграа квадрилот

На плоштадот „Македонија“ се одржа „Матурската парада 2019 “, а матурантите од Скопје точно напладне, заедно со своите врсници од повеќе градови од земјава и од Европа, по 13. пат го одиграа танцот „квадрил“ на звуците на штраусовата опера „Лилјакот“. „Матурската парада“ ја отвори градоначалникот Шилегов.- Драги матуранти, со завршувањето на средното образование Вие затворате едно важно поглавје во вашите животи, поглавје во коешто убеден сум, имајќи во предвид како полека ги подобруваме условите во нашите училиштата, е период во којшто сте се стекнале со знаење за понатамошната иднина. За наша и ваша среќа за првпат навистина можеме да и кажеме на Eвропа дека сме дел од неа, јас сум убеден дека и вашите врсници од 25 различни земји од Европа за првпат ве чувствуваат и како дел од неа. Сакам да ви пожелам на сите да имате успешно лето и да имате успешни уписи, а знаењата и искуствата коишто ги стекнавте во изминатите 4 години во средните училишта ќе ви помогнат од ден на ден да бидете подобри и поблагородни луѓе и да градите убави односи со луѓето околу вас – им порача Шилегов на матурантите.На „Матурска парада” во Скопје учествуваа околу 1.000 ученици од 22 средни училишта во Скопје, како и матуранти од средни училишта од Охрид, Струга, Струмица, Гевгелија и од Валандово.Пред започнувањето на танцот „квадрил“, матурантите тадиционално положија заклетва за ненасилство и толеранција. Организатори на годинешнава Матурска парада се Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со танцовиот клуб „Ритам плус“, а покровител на манифестацијата е Градот Скопје. Поддржувач на оваа традиционална манифестација е Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија.

Скопје | пред 6 години

655-402-bebe

Кривична пријава за малолетната мајка која го остави новороденчето во парк

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривична пријава против А.А (17) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напуштање немоќно дете “, казниво по член 200 од Кривичниот законик.Таа, на 14.05.2019 година околу 11.00 часот на булевар ,,Македонско Косовска Бригада“, своето новородено машко бебе го однела и го оставила на земја во близина на нејзината куќа. Новороденчето било пронајдено од случаен минувач кој повикал Итна медицинска помош, по што бебето било префрлено на Клиниката за детски болести – Скопје, каде било прегледано и било констатирано дека се наоѓа во добра здравствена состојба. По Наредба од Основно јавно обвинителство – Скопје, била извршена споредбена ДНК анализа на А.А со новороденчето и било утврдено дека таа е мајка на новороденчето.После тоа, бил известен и стручниот интервентен тим од Јавна установа – Меѓуопштински Центар за социјални работи – Скопје за нивно понатамошно постапување.

пред 6 години

otrov-3

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Внимавајте: Отруени три кучиња во Аеродром, две се борат за живот

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира сите да внимаваат на своите миленици оти во изминатото деноноќие биле отруени неколку кучиња.„Овие денови сме сведоци на повеќе труења на следниве локации: Позади ОКТА бензиската паркот (до лулашките) , ФФМ и кај паркот на музиката! Отров во виршла завиткан со селотејп! Три кучиња не успееа да се спасат, две се борат за живот, од кој едно е домашно! Внимавајте на вашите домашни миленици и на маалските! Пријавено е во полиција дојдени се на лице место, посочени се лица во кој има сомнеж дека тоа го направиле, се чека до понеделник да се види дали има отисоци“, велат од Анима Мунди.КРАЈНА ВНИМАТЕЛНОСТ ДОДЕКА ГИ ШЕТАТЕ ВАШИТЕ МИЛЕНИЧИЊА!!!

Скопје | пред 6 години

47118228_303

Битката против урбанистичкиот хаос е сепак (не)возможна

Законот за урбанистичко планирање конечно е пред пратениците. Измените тргнаа, но опструкциите не запреа. Дали новото решение ќе му стави крај на хаосот?Средувањето на хаосот во урбанизмот се покажува како една од најтешките операции која ја спроведува власта. И по повеќе од две години, никако да се донесе законското решение кое треба да ги елиминира дефектите во постојниот закон кој во времето на претходната власт повеќепати се менуваше. Конечно, денеска предлог законското решение, односно Законот за урбанистичко планирање е на дневен ред во парламентот. Изготвувачот вели дека она што е клучно со новото решение е што се елиминираат какви било можности за нетранспарентно, незаконски и криминално спроведување процедури што е една од главните одлики на постојното решение:„Законот носи големи промени за кои ќе бидат потребни многу напори за да има прилагодувања. Исчистени се сите т.н. криминални дупки и апсурди кои меѓу другото овозможуваа да се прави злосторство и силување на просторот“, објаснува за Дојче веле архитектот Мирослав Грчев, кој е главен изготвувач на законот.„На пример“, вели Грчев понатаму, „се исфрла терминот планска документација кој беше измислен од страна на претходната власт како неуставна категорија која му дава право на градоначалник, или на министер да менува урбанистички план со пенкало. Со еден потпис. Со тоа тие цело време го растураат просторот и си правеа сопствени бизниси. Законски апсурди кои им овозможуваа со една третина гласови да се носат урбанистички планови. Тоа е како Монти пајтон, така е смислено со злосторнички дух и ум да обезбеди оние што се против да ги задржиш дома, да не знаат кога има совет и ние сложната дружина, истиот да го усвоиме. Со новото законско решение, ваквите и еден куп други наметнати стотици измени се исчистени“.Злоупотреби преку законски „дефекти“Она што е клучно и проблематично во целиот процес е што законските „дефекти“ кои овозможуваат злоупотреби сѐ уште се во сила. Односно до носење на новиот, се уште важи стариот закон. Грчев реагира дека целата процедура на носење е премногу бавна, но и подложна на низа опструкции:„Законот дури сега оди на расправа во парламентот и се предвидени три фази. Сите закони ги носат по скратена и итна процедура, а овој во најспора возможна. Во ред носете го во три фази, но поминаа две години, а оној ужас е на сила. Сите се однесуваат како да е тоа што е на сила, одлично проверено, феноменално, но не, тоа произведува корупција, хаос и ужас, а ние за една корекција и поправка, го кинеме плукаме да го претвориме во леш пред да биде донесен. Име, устав, менуваме за два, три месеца, за колку сакате. Но урбанистички план, закон, за тоа се влече и одолговлекува, па да се утепаш. Сите се влезени со тезги и рекети. Под сите подразбирам институции и големи играчи, нормално на штета на 99% од обичните граѓани“, реагира Грчев.Скопје во изминативе години доживеа огромни промени овозможени од честите измени и непочитување на законите.Оттука и не чуди што веќе се подготвуваат десетици амандмани кои дополнително може да го отежнат носењето, но и функционалноста на законот:„Законот е влезен во процедура, но повторно се собираат. Се прават амандмани по 20, по 30. Не политички туку онакви кои сакаат да ја сменат конструкцијата на законот. И тоа го прават разни интересни групи, мотивирани главно од фелата и од бизнисот. А законот е готов една година и е јавно објавен, беше на дискусии, се менуваше текстот повеќепати. Излегува дека никој не е задоволен, или најголем дел од засегнатите, чии забелешки се дека не сакаат да се менуваат работите. Тоа и донекаде е разбирливо, свесно или несвесно, бидејќи тие и не знаат за друго. Се снашле во сегашното решение и не знаат како е да биде подобро бидејќи тоа не го ни паметат. А се беше како што треба во законското решение од 2005 година, но потоа се` се уништи“, коментира Грчев.Невладините незадоволниВо пресрет на собраниската расправа, јавно реагираат и дел од невладините организации. О2 иницијативата бара пред да се усвои законот, да биде одржана јавна расправа. Тоа велат дека не било направено, иако било дадено како ветување од страна на ресорниот министер за транспорт и врски:„Министерот Горан Сугарески пред 4 месеци јавно вети дека ќе се организира јавна расправа помеѓу првото и второто читање на законот и сите забелешки и сè што е од интерес на граѓаните ќе биде прифатено. Воедно ги покани сите да дојдат на јавната расправа. Во однос на нашата реакција, Сугарески изјави дека штом го имало на ЕНЕР секој можел во државата да го види и да даде свои забелешки и мислења околу текстот на законот и дека екологистите (ние во случајот) сме можеле да реагираме со свои забелешки уште во август кога бил на ЕНЕР. За да биде јасно, предлог-законот за урбанистичко планирање бил поставен на ЕНЕР на 23 јули 2018 на јавен увид, во ек на летните одмори. Рокот за доставување на забелешки и мислења бил до средина на август.Урбанистичкиот хаос низ годините предизвика сериозни проблеми за граѓанитеНие и во минатото и сега сме реагирале и барале од локалната и централна власт, јавните презентации, јавните анкети, јавните расправи, јавните увиди да не ги спроведува за време на летните одмори или празнични периоди. Сме рекле и тогаш и сега, ако сакате про форма да спроведете нешто и да не ја вклучите јавноста, ќе го направите тоа за време на летните одмори и празниците, како што беше направено и со овој предлог закон“, реагираат од иницијативата.Ваквите забелешки според Грчев само непотребно ќе го одолжат и онака долгиот процес на носење на законот.„Невладините стануваат и критикуваат и тоа е во ред. Но новиот текст е една година на стручни и јавни расправи. Се е транспарентно, за разлика од претходно кога измените ги гледавме откако ќе стапеа во сила. И сега, на тоа тивко му се поклонуваа, а на ова со едно погрешно однесување и со површна анализа реагираат од една општа и оправдана аверзија, бидејќи се работи за децениска злоупотреба. Но со погрешна атмосфера, со тивко ставање клинови, со бескрајно одложување на јавните процедури, се одлага во бескрај“, коментира Грчев.Прилагодување на надлежнитеТекстот на Законот за урбанистичко планирање е обемен, близу 80 страници и е објавен на страницата на парламентот. Во него се предвидени големи промени кои според предлагачот носат транспарентност, инклузивност и отчетност. Самото усвојување наметнува и доста обврски за надлежните, па затоа е и вметната обврската за стапување во сила дури три месеци откако документот ќе биде усвоен од страна на пратениците. Во овој рок министерствата и другите надлежни институции ќе треба да се прилагодат, само да се направи на пример електронскиот отворен систем, кој ќе биде на услуга на сите физички и правни лица што досега беше незамисливо. Тоа е ставено како обврска во законот и без таа тој воопшто не може да се применува.Урбанистичкиот хаос низ годините предизвика сериозни проблеми за граѓаните кои се мобилизираа, реагираа но најчесто се дискредитираа и тоа со политички квалификации. Преку ноќ се менуваа планови, се цртаа, се прошируваа маркички, се градеа споменици, објекти. Под сомнителни околности се делеа локации, се доделуваа државни земјишта под концесии. Промената на власта донесе одредени промени на локално ниво. Во дел од општините некои планови кои беа донесени на нетранспарентен начин беа укинати преку Уставниот суд. Во општина Центар на пример, локалната власт се реши за воведување на мораториум, додека се реши хаосот, што пак од друга страна предизвикува друг хаос и низа реакции на граѓани, но и компании кои се оневозможени да ги извршуваат планираните градежни активности.DW.COM

Скопје | пред 6 години

2-2

Според Џафери Собранието нема основ да постапува за Богоевски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери смета дека нема уставна ниту деловничка основа да поокрене постапка во случајот со пратеникот Павле Богоевски и очекува ефикасно постапување на надлежните институции за целосно расчистување на случајот.„Претседателот на Собранието на Република Македонија, секогаш кога според Уставот и Деловникот на Сoбранието е должен да постапува, презема конкретни иницијативи и мерки кои се во согласност со неговата надлежност. Во овој момент нема основ за каква било постапка. Претседателот на Собранието очекува дека надлежните институции ќе постапуваат ефикасно и целосно ќе го расчистат случајот“, се наведува во ставот соопштен од кабинетот на Џафери.

пред 6 години

han

Хан: Северна Македонија создаден предуслов да добие датум за во ЕУ, но не знам што ќе одлучат земјите-членки

Јоханес Хан во интервју за Дојче веле објаснува дека секоја земја која е кандидат за членство во Унијата ќе биде оценувана одделно врз основа на својот напредок и постигнувања. Северна Македонија направи многу, вели тој.„Мојата цел е двете земји истовремено да добијат датум за почеток на преговори, затоа што истовремено го претставуваме и извештајот. Но не можам да го предвидам процесот на донесување одлуки во земјите-членки. Факт е дека Северна Македонија направи многу и притоа, не само во рамките на она што ние го баравме, туку исто така и со решавањето на спорот за името, но и со решавањето на билатералниот конфликт со Бугарија. Северна Македонија создаде еден предуслов со што стана единствената земја во регионот која нема конфликт со ниту еден сосед.ДВ: Тоа значи дека, доколку во Албанија не се постигне некаков компромис, Северна Македонија ќе може да ги отвори преговорите со ЕУ?Хан: Нашиот став отсекогаш е дека секој одделен процес, односно преговорите за проширување, се процес кој се базира врз заслуги и постигнувања на секоја одделна земја. Нема да биде фер доколку една земја треба да чека некоја друга, ако таа не испорачува. Тоа е основата. Секако, би било идеално, кога сите шест (земји од Западниот Балкан, н.з.) се приклучат во исто време, но тоа е нереално. Истовремено, неправедно е некој, кој силно се ангажирал, кој изнаоѓал решенија, кој е подготвен на компромис, кој донесува тешки одлуки, сега да биде казнет, затоа што е подобар.

Македонија | пред 6 години

tamara-evrovizija-dnk-pavle

Тамара во финале, а на „Твитер“: Идната година Пајо со ДНК да пеат за бело на Евровизија

На социјалните мрежи низа од реакции по втората полуфинална вечер на Евровизија. На „Твитер“ се критикува, се поддржува, но и со потсмев се пристапува кон настапот на нашата претставничка Тамара Тодевска која се пласираше во финалето.https://twitter.com/edna_makedonka/status/1129263348971917312https://twitter.com/Spidno/status/1129262849509994496https://twitter.com/janaeedna/status/1129258948622786561https://twitter.com/pekolnomomce/status/1129252771557969920https://twitter.com/jagneto96/status/1129143417215299591[embed]https://twitter.com/VlatkoVasilj/status/1129151367854137344[/embed][embed]https://twitter.com/CallMeDenisChe/status/1129137664534503425[/embed]https://twitter.com/zstaka/status/1129137423693287439https://twitter.com/Anticki1/status/1129132460845993993https://twitter.com/CallMeDenisChe/status/1129127705763549190https://twitter.com/masteryoda985/status/1129126850444320769https://twitter.com/rmfcmk/status/1129126154718318593       

Магазин | пред 6 години

presevo-droga

Македонски државјанин фатен со 16 килограми марихуана во Србија

Македонски државјанин со автомобил со бугарски регистарски ознаки, бил фатен со 16 килограми марихуана. Дрогата била откриена ноќеска нешто пред 2 часот кога полицијата извршила детален преглед на возилото „Опел Вектра“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од 30-годишен македонски државјанин.Тој на вообичаеното прашање: „Имате ли нешто да пријавите“, одговорил негативно, а потоа рекол дека е молер и дека оди да извршува работи во Хрватска.„Марихуаната била сокриена во наслоните од седиштата, гепекот и резервното тркало. Цариниците пронашле биле вкупно 30 пакети во автомобилот, како и две кеси при личен претрес“, објавија медиумите во Србија.На Д.Џ. му е одреден притвор од 48 часа, а против него е поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 6 години

Slika-Frosina-18-12

Ременски го брани Богоевски: Од Павле може да научиме, тој има доблест да трпи лично од моралистите

Пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски, застана во одбрана на пратеникот Павле Богоевски по објавениот аудио материјал со наслов „Пајо нарачува кокаин“.„Додека се делат лекции за морал, етика и одговорност за Павле, може и да научиме нешто. Павле не негираше снимка и негов глас во стилот "сечено, лепено, монтирано" и имаше храброст да се пријави во полиција и во Обвинителство за тоа што го порачал. Спремен е да одговори на сите заинтересирани и не бега од линчот и епитетите кои толку многу му ги наредија. Истиот тој Павле ќе ја свика и ќе ја води седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на азилантот Никола Груевски кој го слушавме сите што се порачувал, барал и наредувал. Но, тој никогаш не призна дека снимките се автентични и не се сечени, лепени и монтирани, и далеку е од чувството на морал или храброст да се пријави во полиција и да каже каков е неговиот ќар од тоа што го порачуваше - провизии, уништување на судбини, прогони, шамари, луксуз, прикривање на убиства ... "Неморалниот и неодговорниот" Павле ја има доблеста да го трпи линчот од моралистите спинери и нивните извршители кои сакаат да се подзаборави на мандатот на големиот поштењачина Груевски. Како тргнале можеби ќе дознаеме и како избега ..., преку сечено, лепено и монтирано“, напиша Ременски

Македонија | пред 6 години

ohrid-sonce-vreme-vremenska

Еве какво време не очекува викендов

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално со засилен ветер и појава на град.Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 14 до 24 степени.Во Скопје, облачно со сончеви периоди. Попладне со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 20 степени.За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло. Од понеделник во попладневните часови повторно се очекува појава на локален дожд и грмежи.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања