„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

mickovski-press-poraz-1

Мицкоски: Заев вети дека ќе прави метла, но наместо тоа отиде на одмор

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средба со скопјани во општина Гази Баба.„Нема застанување, нема калкулации, имаме задача да ја кренеме земјата од пепелот во кој ја оставаат и пустошот кој го прави оваа власт со секој поминат ден. Реалноста значи дека имаме работа со луѓе кои се измамници, луѓе кои ги искористија, прокоцкаа сите шанси и сите дадени можности“, порача Мицкоски.Според лидерот на опозицијата, се знае дека нема подобро со оваа власт и дека „метлата” во која се колнеше премиерот Заев е само уште една проѕирна лага.„Откако во првиот круг ги виде резултатите од изборите, на кои претходно велеше дека блескаме, вети дека ќе прави метла. Завршија изборите, наместо метла отиде на одмор. А таквата, метлата ќе ја правел по еден месец. Но, не е до метлата, туку до тој што треба да измете. Тој човек треба да си замине. Ова се луѓе кои уништуваат, уриваат, кои со својата непринципиелност оставаат зад себе чемер и јад и неморал кој ги урива вредностите. Ние сме тие кои заедно со народот ја имаме обврската да се избориме за иднината на земјата, да обезбедиме напредок, и решавање на проблемите. И ние тоа ќе го направиме. Заедно и силно, за нашата Македонија!“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

sugareski

Сугаревски за лошата перцепција за капиталните инвестиции: Сигурно има вина и кај нас

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека за лошата перцепција што ја има во јавноста за состојбата со капиталните инвестиции има вина и кај власта.За лошата перцепција, ќе бидам искрен, сигурно има и кај нас вина, но тврдам дека свесно кочење нема. Во моментов над 30 патишта се реконструираат. Ќе речете тоа е само реконструкција, но тоа се патишта кои 50 години не биле реконструирани. 40 водоводни канализации прави само Министерството. Можеби ние недоволно сме го презентирале тоа, но се прави, рече Сугаревски.За само четири месеци годинава реализацијата на капиталните инвестиции во гасоводната мрежа е 27,6 отсто од предвидените 1,5 милијарди денари, а лани вкупно биле реализирани 400 милиони денари.-Мајската ситуација ќе биде сериозно добра за гасфикацијата зашто таа влегува во вториот квартал, нагласи Сугарески, потсетувајќи дека на денот кога станал министер, лотот од Неготино до Битола 98 проценти не бил експроприран.Според него, оваа Влада во целост стои зад двата експресни патишта: Ранковце – Крива Паланка и Штип – Радовиш, во должина од по нешто над 40 километри. Три милијарди денари е реализацијата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во првиот квартал годинава, а лани била 987 милиони.

Македонија | пред 6 години

untitledtrhtrh84558y4455y4455y44ee

Заев: Ја повикувам македонската дијаспора да гласа за Тамара

Премиерот Зоран Заев попладнево на својата официјална Фејсбук страница ја поддржа нашата претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска.-Навиваме денеска за Тамара и ѝ ја посакуваме целата среќа, како наш претставник на Евровизија 2019 во Тел Авив, Израел. Се надевам сите ќе нѐ направи горди или како што самата кажува во песната, „Raise your voice and say it loudly – I am #PROUD“ (Кренете го вашиот глас и кажете гласно – Се гордеам). Ја повикувам македонската дијаспора да ја поддржи Тамара и да гласа за број , на втората полуфинална вечер, која ќе започне вечерва во 21:00, напиша Заев.

Магазин | пред 6 години

60212743_456205011805417_3924367268246454272_n

(ВИДЕО) Автобус непречено се возел низ чаршијата во Струга

Видео снимка на која се гледа како автобус поминува низ чаршијата  во Струга кружи на интернет.Автобуост слободно поминува низ шеталиштето каде е забранет сообраќај, а на една од фотографиите се гледа и автомобил кој се движи пред автобусот.Граѓаните реагираат дека покрај тоа што се разочарани од целиосниот колапс на државниот апарат и институциите кои како да не постојат, сега се веќе истоштени од се што им се случува околу нив во секојдневието и дека се помалку гледаат надеж дека некој ќе успее да воведе барем елементарен ред во државата.ВИДЕО:https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/1692882254191176/

Македонија | пред 6 години

ivon

Величковски: Случајот “Павле Богоевски” потврдува дека прислушкувањето продолжува

Претседателот на Либерална Партија, Ивон Величковски се огласи на Фејсбук во врска со пратеникот Богоевски и прислушкувањето.„Со случајот “Павле Богоевски”, се постигнати 4 ефекти:– пратеникот Богоевски е дискредитиран;– претседателот на Мандатно-имунитетската комисија Богоевски, која ќе одлучува за мандатот на Груевски и самиот нејзин состав е дискредитиран(а);– Шарената револуција од каде тој потекнува е додискредитирана;– По втор пат (со аудио-запис) станува јасно дека и натаму се прислушкува и по 27 април 2017, а за цело тоа време министерот (и до 2017 заменски) е ист.Заклучок: Реформи на службите? Владеење на правото? Ма #Оставкабре ,напиша Величковски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

han

Хан: Македонија направи многу и неправедно е некој, кој силно се ангажирал да биде казнет

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју за „Дојче веле“, истакна дека нашата држава направила многу во полето на надворешна политика и треба да се одржи ветувањето кон Македонија.„Мојата цел е двете земји истовремено да добијат датум за почеток на преговори, затоа што истовремено го претставуваме и извештајот. Но не можам да го предвидам процесот на донесување одлуки во земјите-членки. Факт е дека Северна Македонија направи многу и притоа, не само во рамките на она што ние го баравме, туку исто така и со решавањето на спорот за името, но и со решавањето на билатералниот конфликт со Бугарија. Северна Македонија создаде еден предуслов со што стана единствената земја во регионот која нема конфликт со ниту еден сосед. Нашиот став отсекогаш е дека секој одделен процес, односно преговорите за проширување, се процес кој се базира врз заслуги и постигнувања на секоја одделна земја. Нема да биде фер доколку една земја треба да чека некоја друга, ако таа не испорачува. Тоа е основата. Секако, би било идеално, кога сите шест (земји од Западниот Балкан, н.з.) се приклучат во исто време, но тоа е нереално. Истовремено, неправедно е некој, кој силно се ангажирал, кој изнаоѓал решенија, кој е подготвен на компромис, кој донесува тешки одлуки, сега да биде казнет, затоа што е подобар“, истакна Хан.

Македонија | пред 6 години

gjorge-ivanov

Собранието усвои три закони кои Иванов не сакаше да ги потпише

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 97. седница усвои три закони во трето читање што беа вратени во Парламентот зашто поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов одби да ги потпише указите за нивно стапување во сила.На седницата беа усвоени Законите за Судскиот совет на Република Северна Македонија, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Закон за инспекциски надзор.

Македонија | пред 6 години

Slika-Pavle-25-02

Законот за Богоевски не важи, според обвинителство купување дрога не е кривично дело

Пратеникот од шарената револуција Павле Богоевски – Пајо денеска бил во скопското Јавно обвинителство да се пријави откако призна дека набавувал, наводно, масло од канабис за негов близок пријател. Според извори на „Фокус“ во скопското Обвинителство одбиле да му земат исказ на Богоевски и да покренат постапка, бидејќи сметаат дека нема кривично дело во случајот.Со ваквата постапка Обвинителството покажува дека законот сепак не важи за Пајо. Иако тој ја потврди автентичноста на снимката и кажа дека набавувал наводно масло од канабис, иако целата јавност се соменева дека станува збор за кокаин, Обвинителство одлучило да не му земе исказ. Но без разлика дали стануав збор за марихуана или кокаин, сепак очигледно кривично дело е сторено, кое и сторителот го призна. Богоевски истакна дека набавувал на нелегален начин масло од канабис, што е казниво со закон.

Македонија | пред 6 години

655-402-bebe

Мајката која си го остави новороденчето во парк е малолетна е и неможе да се грижи за бебето , еве ги деталите

Полицијата ја пронашла мајката која го остави своето новороденчето во парк до скопската населба Топанско Поле. Таа е малолетна и рекла дека неможе да се грижи за бебето. Според нејзината изјава бебето нема друг родител. Во присуство на нејзината мајка која и е законски старател, девојчето било однесено на лекар, објавува Слободен Печат.– Малолетната мајка даде изјава дека не е во можност да се грижи за своето дете поради што, откако ќе се стабилизира неговата здравствена состојба, тоа ќе биде префрлено во згрижувачко семејство. Мајката има рок од три месеци да се предомисли, а ако тоа не се случи, бебето ќе биде дадено на посвојување – вели Наташа Станојевиќ, директорка на Цетарот за социјални работи во Скопје.Полицијата треба да се изјасни дали мајката ќе одговара затоа што детето го оставила во паркот веднаш по породувањето.Инаку бебето пред два дена беше пронајдено во парк во Топанско Поле од случаен минувач. Потоа беше пренесено на Клиниката за детски болести каде му е дадена неопходната медицинска грижа и тоа е во добра општа состојба. 

Скопје | пред 6 години

mile

Бошњаковски наместо портпарол, одсега генерален секретар во Кабинетот на Пендаровски

Портпарол на Владата Миле Бошњаковски, ја напушта оваа функција, отсега ќе биде генерален секретар во кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски.  Медиумите објавија дека Бошњаковски го напушта секторот за односи со јавноста при Владата пред неколку дена, кога новиот шеф на државата почна со екипирање на својот кабинет, но тогаш тој изјави дека ништо не е официјално.Бошњаковски дури денеска ја потврди информацијата.„Ми беше чест две години да соработувам со сите вас новинари, сниматели и фоторепортери. Се надевам дека соработката ќе продолжи во наредниот период во една друга форма“, изјави денеска Бошњаковски, на својата последна прес конференција како владин портпарол. 

Македонија | пред 6 години

apelacija

Кумановската група до судијата: Зборувај албански, тука е Албанија

Со една минута молчење за паднатите другари во населбата Диво Насеље, започна судската расправа во Апелациониот суд во Скопје во случајот “Диво Насеље“.Судењето започна во напната атмосфера и со револт изразени од страна на членовите на Кумановската група, известува новинарот од Лајм од седницата во Апелација. Тие не и дозволија на судијката да зборува на македонски.– Кумановската Група и се обрати на македонската судијка: Зборувајте албански, тука е Албанија, вие “избеглици”, сте дојдени овде, рече Вал Зекај од Кумановската група, не дозволувајќи и на судијката да зборува. Него го поддржаа и другите членови на Групата. Тие добија овластување на адвокатите и ја напуштија седницата.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still072

Во понеделник ќе се одлучува за мандатот на Груевски

Во понеделник е закажана седницата на комисија за деловнички и имунитетно мандантни прашања на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски.Вчера претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери ја информираше Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања дека пратеникот Никола Груевски отсуствува од работа повеќе од шест месеци без оправдување. Со ова се исполнуваат условите Собранието да започне постапка за одземање на неговиот мандат.Груевски не присуствува на собраниските седници од почетокот на ноември лани откако побегна од државава.

Македонија | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Законите кои Иванов одби да ги потпише по трет пат пред пратениците

Пратениците во Собранието денеска на пленарна седница треба по трет пат да изгласаат неколку закони што претходниот претседател на државата Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати во законодавниот дом.На повторно, трето гласање, пред пратениците денеска се законите за Судскиот совет на Република Северна Македонија, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за инспекциски надзор, за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за кинематографска копродукција, за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, за изменување и дополнување на Законот за Црвениот крст, Законот за прекинување на бременоста и Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.Се очекува овие закони откако повторно ќе бидат изгласани во Парламентот со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, да бидат објавени во Службен весник.Новиот претседател Стево Пендаровски најави дека една од првите обврски по презмеањето на должноста ќе му биде да ги потпише законите кои неговиот претходник Иванов ги врати во Собранието.

Македонија | пред 6 години

arsim_zekoli

Сите прашања околу „бомбите“ водат до Заев, смета Зеколи

Екс дипломатот и аналитичар Арсим Зеколи поставува неколку прашања во врска со “бомбите” меѓу кои и последната објавена за пратеникот Павле Богоевски која покрена лавина коментари.- Скандалот Павле и негови џанки-адвокати е помалку битен момент. Ре-легализацијата на бомбите во јавноста е клучната тема. Како доаѓаат до јавноста? Кој ги чувал? Нели сите биле дадени на ЗЗ т.е. СЈО? Кој ги давал наоколу? Сите прашања водат до Заев, смета Зеколи.

Македонија | пред 6 години

60352403_360697044438989_3098808020616871936_n

Апасиев до Богоевски: Од наши пари шмркате, кога оставка бе копук?

Членот на презедиумот на Левица, Димитар Апасиев, по објавата на прислушкуваниот разговор каде се слуша гласот на пратеникот Павле Богоевски, а со наслов „Пајо нарачува кокаин“, на социјалните мрежи побара оставка од народниот избраник.„Белото да го вратите. Шала на страна, патец во средина... Пајо кога оставка бе копук? Од наши пари шмркате“, напиша Апасиев.Објавата на разговорот предизвика лавини рекации во јавноста. Дел го поддржуваат Богоевски кој објасни дека нарачувал масло од канабис за негова блиска личност, а останатите со негативни критики бараат пратеникот да ја напушти функцијата. Професорката Мирјана Најчевска побара пратениците и функционерите да се проверуваат од страна на органите за да се види дали користат наркотични средства.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања