„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

pavle-bogoevski

Најчевска за Богоевски: Сум за легализирање на марихуаната, но во Собранието сакам луѓе со чисти глави

Професорката Мирјана Најчевска напиша дека е за легализација на марихуаната, но и дека во Собрание сака луѓе со чисти глави.„Јас мислам дека сите пратеници и високи функционери во власта треба барем два пати годишно да бидат проверени за употреба на психотропни супстанци.Функциите носат привилегии, мора да носат и ограничувања.Јас лично сум за леализирање на марихуаната и еден сосема поинаков пристап кон консумирањето на психотропни сусптанци, меѓутоа, во Собранието сакам луѓе со чисти глави.Јас исто така мислам дека треба да има и тестови за општа интелегенција.Навистина ми е преку глава од “народни претставници“ со пола грам мозок кој не можат да соберат 2+2, а камоли да разберат што пишува во законските предлози за кои дигаат рака“, стои во објавата.

Македонија | пред 6 години

apelacija

Апелација денес ќе одлучува по жалбите на осудените во „Диво Насеље“

Апелација денеска и утре ќе донесе одлука по жалбите на 33-та осудени лица за крвавата престрелка во кумановско Диво Насеље.По жалбите на 33-та осудени денеска и утре ќе заседава второстепениот суд. Седумина од обвинетите добија доживотен затвор, 13 беа осудени на по 40 години, шестмина на 20 година, еден на 18, двајца добија по 14, други двајца по 13, а уште двајца беа осудени на по 12 години. Четворица добија ослободителни пресуди. Обвинителството тогаш бараше доживотен затвор за сите, пренесе МКД.МК.Инаку, македонските безбедносни сили се судрија со добро организирана терористичка група, во таа борба загинаа осум припадници на безбедносните сили, го дадоа својот живот за Македонија, а 37  припадници на безбедносните сили беа повредени.

Македонија | пред 6 години

48739691_303

Македонија мора да отвори преговори со ЕУ во јуни

Добивањето датум за почеток на преговори со ЕУ во јуни е клучен момент, беше порачано од конференцијата во Берлин на која учествуваше шефот на македонската дипломатија Димитров. Врвен аргумент е Преспанскиот договор.Во вторникот вечерта (14.05), како и пред две недели на конференцијата за Западниот Балкан, сите беа сложни околу една констатација: Северна Македонија во моментов е „ин“ и може да му послужи како пример на остатокот од регионот за решавање на спорови со соседите. Тоа беше видливо и на предавањето на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на кое во парламентарниот објект покрај зградата на Рајхстагот се собраа повеќе пратеници во Бундестагот, претставници на дипломатскиот кор и други претставници на политичкиот живот во Берлин.Преговорите мора да бидат отворени во јуниДискусијата ја отвори пратеникот на Зелените во Бундестагот, Мануел Сарацин, кој е и потпретседател на Друштвото за Југоисточна Европа, истакнувајќи го напредокот на Северна Македонија во реформскиот процес и договорот за името со Грција - еден од ретките светли моменти во историјата на овој дел од Европа последниве години. Димитров, по излагањето полно со анегдоти од процесот на преговори со Грција, се сврте кон иднината, а таа, како и за сите останати земји од регионот, барем декларативно, е во ЕУ.Тука беше отворено најважното прашање за датумот за почеток на пристапните преговори.„ЕУ едноставно не може, а да не го награди напредокот на Северна Македонија“, рече Димитров. Европската комисија на Советот на ЕУ на крајот на мај ќе препорача отворање на преговори со Албанија и Македонија. Но, како што можеше повторно да се слушне во Берлин, постојат големи противници на почеток на преговори, а тоа се пред сѐ Франција и Холандија, кои стравуваат од јакнење на десничарите во нивните земји.MdB Manuel Sarrazin Die Grünen (Imago/allefarben-foto)"Одлуката за отворање преговори мора да се случи на самитот на ЕУ во јуни“, вели Мануел СарацинСарацин, како и повеќето германски парламентарци, за тоа има јасно мислење.„Одлуката за отворање преговори мора да се случи на самитот на ЕУ во јуни“, дециден е Сарацин. „Таа одлука мораше одамна да биде донесена“. Тој објасни дека Северна Македонија одамна исполни сѐ што се бараше од неа. „Остатокот може да се проверува низ преговарачкиот процес кој може да потрае со години“, рече пратеникот на Зелените.Притоа, Сарацин ја отфрли можноста Северна Македонија и Албанија да одат во пакет во преговорите по секоја цена.„Тука важи правилото на регата, а не на воз. Оној кој е подобар, тој побрзо ќе стигне до целта“, заклучи Сарацин.А што доколку преговорите сепак не започнат?„Тогаш сѐ е можно“, предупреди Димитров, иако сите присутни истакнаа дека не сакаат да веруваат во такво нешто.Прашањето на КосовоПотенцијални жаришта на нестабилност не недостасуваат во регионот.„Ние веќе еднаш доживеавме како војната на Косово, така да речам, се прелеа и на тогашна Македонија. Значи, стабилноста во регионот зависи од помирувањето и изнаоѓањето решение за Косово“, смета Сарацин. Но, тоа за Северна Македонија во овој момент е од второстепено значење.Deutschland Westbalkan-Gipfel (Getty Images/M. Schmidt)На Конференцијата за Западниот Балкан во Берлин, на 29 април, Северна Македонија беше издвоена како позитивен пример„Патот на Северна Македонија не зависи од тоа што ќе се случува во нејзиното соседство. Нерешавањето на овој проблем е пречка за Србија и Косово, а не за Северна Македонија“, рече Сарацин.Но, истовремено не може да се негира дека Скопје се наоѓа во многу деликатен дипломатски расчекор, меѓу желбата да ги задржи добрите односи и со Приштина и со Белград. Тоа беше видливо и на конференцијата за Западниот Балкан пред две недели, кога српскиот претседател Александар Вучиќ го критикуваше македонскиот премиер Зоран Заев поради тоа што на состанокот ги оправдувал косовските царини.На директно прашање на Дојче веле на оваа тема, Димитров одговори со цитат од поранешниот германски канцелар Хелмут Кол кој по германското обединување рече дека Германија „конечно е опкружена со пријатели“.„Така е и со Северна Македонија. Ние со сите соседи имаме добри односи, без оглед на некои изјави или проблеми. Кого и да прашате во Белград тој ќе ви рече: Да, ние сме пријатели со Северна Македонија. И јас можам да кажам: Ние навистина немаме ниту едно големо отворено прашање со Србија“, рече Димитров.Но и Димитров признава дека односот на Скопје кон северните соседи е дипломатски танц по жица.„Косовското прашање е товар за целиот регион. Најголем секако за оние кои се директно вклучени. Нашиот интерес е стабилност во целиот регион, но ние нема да се мешаме. Доколку можеме да бидеме од помош, ќе бидеме на располагање, но нема да се мешаме“, заклучи Димитров.DW.COM

Македонија | пред 6 години

goran-stefanovski

Синот на Горан Стефановски сподели многу за неговиот татко: Зборуваше на ист начин со амбасадори и претседатели, јас научив дека со „добар ден“ може да се постигне многу

Игор, син на драматургот Горан Стефановски, се огласи на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, каде раскажа спомени од неговото дество со татка си, а споредли и детали за смртта. Целиот текст ви го пренесуваме во целост:Пред и после прославата на животот на татко ми Горан Стефановски, што се оддржа во Дебар Маало на 27ми април, добив неколку понуди за интервјуа што за жал не можев да ги прифатам. Но, еве решив дека ако има интерес да кажам нешто за него, тогаш најдобро да го напишам. Некако е најсоодветно.Сепак, прво би сакал од сè срце да им се заблагодарам на сите што дојдоа на настанот на 27ми, како и оние што помогнаа околу организацијата. Се створи една многу убава енергија тоа попладне, незаборавна за мене а мислам и други, која се надевам ќе се шири од година в година на тоа место и пошироко.Пред многу години, К15 го поканија тато на ручек на кој имав среќа да присуствувам и јас. Памтам дека во еден момент тој им кажа дека се поголеми, поважни и посакани од што имаа претстава. Им рече, ,,Не можете да знаете зашто не можете самите да се видите, тоа го правиме ние”. Мислам дека слично е и со Горан. Сигурен сум дека не знаеше дека неговата смрт толку длабоко ќе се осети кај толку многу луѓе.Велат дека децата не ги слушаат родителите, туку ги имитираат. Јас од него научив дека сите, без исклучок, си имаат свои приказни за раскажување, научив дека со едно ‘добар ден’, ‘молам’ и ‘благодарам’ може многу да се постигне, дека секогаш треба да се има време за нештата во животот што нè прават среќни и весели, дека треба да се биде добар према сите што ќе ги запознаеш зашто нема втора шанса за прв впечаток, дека не го добиваш она што го заслужуваш туку она што ќе го договориш, и, можеби пред сè, дека секој треба да си биде горд на својата приказна и да ја изживее до крај.Кога ни требаа совети, често нè убедуваше со сестра ми дека макотрпната работа е секогаш поважна од вродениот талент. Но, таквиот вид на работа бара и многу дисциплина, а тој ја имаше, за скоро сè, од чување платени сметки до одење пеш од Дебармаало накај дома, но особено кога се работеше за пишување. Затоа над неговата работна маса има едно парче хартија со рачно напишан цитат: “Writing’s easy, just stare at a blank page until your forehead bleeds!” (Пишувањето е лесно, само зјапај во празна страница додека не ти прокрвари челото!). Секој нов проект му висеше над глава и му тежеше, но тој ќе си седнеше да чита и да учи со недели, па потоа ликовите сами прозборуваа — тој само ги запишуваше нивните зборови.Зборуваше со сите на ист начин, од комшии и таксисти, до амбасадори и претседатели; отворено и искрено, без маска или фасада. Тој навистина сакаше да ги слуша приказните на луѓето, и тие ги споделуваа со него токму поради неговата отвореност и искреност. Потоа, некои од тие приказни, споделени на пример при фрлањето ѓубре на контејнерите пред зграда, знаеше да ги искористи во своите драми.Ми беше најдобар другар. Секогаш имаше време, за совет, шега, музика, дискусија, без ниту еден пат да се наметне, и секогаш беше подвижен, дури и кога не правеше ништо. Морам да ја споделам со вас последната шега што ми ја направи, три дена пред да почине. Тој лежи во болница, таму сме со мајка ми и сестра ми, претходната вечер ни рекоа дека можеби нема да ја преживее ноќта, а ете го другиот ден се буди. Гладен. Што има за јадење? Чили кон карне. Топ, многу си сакаше, и ете тоа му беше последното јадење.Го прашувам:- Имаш ли болка?- Не се вика така, туку ‘те боли нешто’?- Ок, те боли нешто?- ДА.- Што?Мислам дека знаете што ми кажа, краток збор, именка, машка, почнува со К… Се разбира сите се утепавме од смеење. Како ништо да не му беше, курнас атанас. Сакашe да ми покаже кој е кој, и што е што, јас сум таткоко а ти синот, немој да си мислиш дека нешто се променило поради тоа што лежам тука. Но, уште поважно, ни даде до знаење дека сè е во ред, дека работите испаднале точно како што требало, и дека буквално не треба да се плашиме за него. Едноставно К го боли!И ова е најважното што треба да го знаете. Горан почина на убав начин, колку и да звучи чудно тоа. Имаше голема среќа што си отиде без мака, што околу него постојано беа луѓето кои најмногу го сакаа, што со денови му ја пуштавме неговата најсакана музика, а ние имавме среќа што имавме време да се збогуваме како што треба. Сè беше како во холивудски филм, а тој, со последното шегачење, ни кажа на сите да го памтиме со насмевка наместо солзи.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka-1

Сведоштво за несреќата кај Драчево: Вработените од Бензиските ги вадеа патниците

Јованче Лазаревски од Драчево е возачот кој вчера го управувал автомобилот, кој според Обвинителството, вегол во спротивна лента и удрил во камион на Комунална хигиена. Откако се слушнал ударот, први на помош стигнале вработените во околните бензиски пумпи. Сликата била прелоша, а автомобилот бил смачкан.Вработените велат дека максимално се труделе да им помогнат на повредените, но и дека било тешко да се извадат од автомобилот, бидејќи авомобил немало, туку само остатоци од лим. Прво што слушале била силна врева.Направиле се што можеле, велат сведоци на несреќата. Автомобилот се движел од Драчево кон центарот на Скопје, а несреќата се случи 20 минути пред полноч. Во сообраќајката возачот Ј.П. и сопатниците во реното, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото.

Македонија | пред 6 години

60552635_261365381342131_1752860029913923584_n

(ФОТО) Другарите се простуваат од полицаецот кој загина во сообраќајката во Драчево

На социјалните мрежи на страната ТВРДОКОРНИ, беше поставена фотографија од загинатиот полицаец Јованче Лазаревски познат под надимак Шиљо, кој е една од жртвите во синоќешната сообраќајка. Со него во возилото беа уште четворица негови блиски.Несреќата се случи вчера доцна вечерта. Сообраќајната несреќа се случила помеѓу товарно возило марка ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, кое било управувано од М. Ј. (44) од Скопје и патничко возило ‘рено 5’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј. Л. (43) од Скопје. Во несреќата возачот Ј. П. и сопатниците возилото ‘рено’, С. Н., А. Т. (54) од Скопје, Е. Т. (37) од Скопје и И. А. (40) од Скопје починале на местото. Додека, возачот на камионот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција“, соопштија од МВР.Во сообраќајката настрада поранешен полицаец Јованче Лазаревски, вработен во ПС Драчево. 

Скопје | пред 6 години

60355251_1089003981300740_4199651629420511232_n-1

Дивата платформа на Матка доби ограда, клупи и маси

Постизборно се доградува дивата платформа на Матка во првиот залив по браната, додека од Општина Сарај сè уште се чека одговор на барањето за нејзина легализација. Поставена е дрвена ограда на платформата, а покрај малиот објект се поставени маси и клупи.Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, не одговара на прашањата дали барањата за легализација на платформите на Матка стигнале на ред за разгледување и дали инспекцијата постизборно излегла на терен за да направи увид во уредувањето на платформата. 

Скопје | пред 6 години

pavle-bogoevski

(ФОТО) Богоевски: Ме снимал таксистот додека разговарам

Пратеникот Павле Богоевски тврди дека разговорот кој вчера беше објавен од него, го снимил всушност таксист додека тој се возел во такси.Ова го обелодени самиот пратеник одговарајќи на прашања во коментари на неговиот Фејсбук профил.Тој претходно потврди дека е негов гласот на снимката, но дека не нарачувал кокаин, туку масло од канабис.„Очекувам службите многу сериозно да го истражат овој случај. Ова не е снимка од телефонски разговор кој некако „протекол“. Поради тоа, не подложи на заштита согласно Законот за заштита на приватноста од 2015г., кој се однесува на снимките по кои постапува СЈО. Но, ова е Неовластено прислушкување и тонско снимање, предвидено со чл. 151 од Кривичниот законик и очекувам дека сторителот ќе биде изведен пред правдата“, напиша претходно Богоевски.

Македонија | пред 6 години

655-402-bebe

Бебето кое беше оставено на улица е во добра здравствена состојба

На Клиниката за детски болести вчера со возило на итна медицинска помош е донесено новородено најдено во скопската населба Топанско поле.– Се работи за машко новородено, со родилна тежина 2.400 гр, згрижено е на одделот за неонатологија, неговата здравствена состојба е добра, превземени се сите неопходни мерки за вакви случаеви, соопштија од Клиниката за детски болести.

Скопје | пред 6 години

gruevski-2

Започна постапката за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски

Претседатеот на Собранието Талат Џафери ја извести Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања дека пратеникот Никола Груевски неоправдано отсуствува од работа во Собранието повеќе од шест месеци.Според членот 59 од Деловникот,предлог за одземање на мандатот на пратеник поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието.Според овој член, за пратеникот кој неоправдано отсуствувал од седниците на Собранието повеќе од шест месеца, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Предлог за одземање на мандатот на пратеник како што е случајот со Груевски поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Претседателот на Комисијата Павле Богоевски сега треба да ја закаже седницата на која ќе се расправа по прашањето. Ако комисијата препорача одземање на мандатот, потоа на пленарна седница е потребно двотретинско мнозинство за да му се одземе мандатот на Груевски.Претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот. 

Македонија | пред 6 години

pavle11111

Се бара оставка од Богоевски: Ако Павле не падне, сите ќе можат да нарачуваат преку него

Бура од реакции на социјалната мрежа „Твитер“ по објавувањето на прислушкуваниот разговор, за кој пратеникот Павле Богоевски потврди дека е автентичен. Твитер заедницата побара и оставката од пратеникот, бидејќи и сам признал дека нарачувал забранети супстанци, што е казнливо со закон. Дел од нив ви ги пренесуваме во продолжение:

Македонија | пред 6 години

DSC_0500

Османи: За смена на кадрите на ДУИ одлучува само Ахмети

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во емисијата „200“ на Алсат телевизија, во врска со најавената „метла“ на премиерот Зоран Заев истакна дека за смена на кадрите на ДУИ кои се дел од владата може да одлучува само Али Ахмети и партијата.Водителот се надоврзува на ова и го праша вицепремиерот дали е ова дуалност, паралелност, бидејќи премиерот сепак е вашиот шеф од организациски аспект за тоа како функционира Владата на што Османи вели дека нема ништо чудно во тоа имајќи предвид дека Владата била политичка, а не експертска.– Нема тука ништо чудно. Владата е политичка, не е експертска, ја сочинуваат партиите од коалицијата. Секоја партија има свои форуми каде се предлагаат кадрите кои ќе раководат со институциите. Јас сум избран во претседателството на ДУИ и сум предложен кај премиерот да ме предложи во Собрание. Според ова премиерот има можност само да побара од Али Ахмети да биде сменет некој функционер на ДУИ и тоа да се потврди во претседателството на ДУИ, па дури и Али Ахмети треба да ја потврди таквата одлука во раководството на ДУИ, рече Османи.

Македонија | пред 6 години

fenjgrehrtjhdztj-158218

Антиќ е новиот претседател на КФМ

Поранешниот македонски репрезентативец, Перо Антиќ е избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија.Антиќ на денешното Изборно собрание во Скопје едногласно беше избран како единствен кандидат.„Со одличен тим, добра стратегија и добра програма се надевам дека постепено ќе ја вратиме кошарката каде што заслужува. Во управниот одбор ќе вклучиме луѓе од бизнис секторот, професионалци, од спортскиот дел и сите заедно да работиме за доброто на кошарката“, изјави АнтиќОваа функција досега ја вршеше Петар Наумоски.

Спорт | пред 6 години

Slika-Pavle-25-02

Богоевски за „бомбата“: Не сум светец, но не нарачувам кокаин туку масло од канабис за лекување

Пратеникот Павле Богоевски на социјалната мрежа „Фејсбук“, се огласи по објавувањето на приватен разговор со наслов „Павле Богоевски нарачува кокаин“.„Вчера на руска социјална мрежа беше објавено аудио кое авторот го нарече БОМБА и каде тврди дека нарачувам кокаин. На нашите мрежи, прво беше споделено од пропагандната твитер машинерија на ВМРО ДПМНЕ и од порталите блиски до нив, а потоа веќе го споделуваа и сите останати.Би сакал да расчистам неколку работи:Дали тоа е мојот глас на снимката?Да.Дали разговарам за супстанца чиј промет е забранет?Да. Но, во овој разговор не нарачувам кокаин. Договарам набавка на масло од канабис. За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис и’ помогна таму каде другите лекови не можеа да и’ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам се’ додека е потребно.Немам никаква намера да се правам светец, ниту да глумам дека сум изненаден зошто мојот политички противник одбра токму вака да ме нападне. Ама немам намера ниту да се правдам за мојот приватен живот. Во оваа „БОМБА“ нема договарање на милионски криминали. Нема заговарање за уништување животи. Нема местење избори. Нема ендеци и запалени кафани. Има наводи за мојот приватен живот, кои (во овој случај) се извадени од контекст.Исто така, очекувам службите многу сериозно да го истражат овој случај. Ова не е снимка од телефонски разговор кој некако „протекол“. Поради тоа, не подложи на заштита согласно Законот за заштита на приватноста од 2015г., кој се однесува на снимките по кои постапува СЈО. Но, ова е Неовластено прислушкување и тонско снимање, предвидено со чл. 151 од Кривичниот законик и очекувам дека сторителот ќе биде изведен пред правдата.п.с. Крајно време е да ја олабавиме законската рамка за медицинска употреба на канабисот и да ја декриминализираме личната употреба. Поддршка за луѓето што се влечат по судови поради тоа што произведуваат масло за болните!“, пишува Богоевски на социјалните мрежи.

Македонија | пред 6 години

sugareski

Сугарески не очекува да биде сменет

Министерот за транспорт и врски не очекува да биде меѓу функционерите кои ќе бидат разрешени, како што најави неодамна премиерот Зоран Заев, но вели дека ќе ја почитува евентуалната таква одлука.„Искрено не очекувам. Меѓутоа  ќе ја почитувам секоја одлука на премиерот врз база на неговите анализи што ги прави за мојата работа“ изјави Сугарески.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања