„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

stojan-andov-kniga

Укината забраната за продажба на книгата на Андов „До атентатот и по него“

Апелација ја укина забраната за продажба на книгата на Стојан Андов. Со ова се поништува одлуката на понискиот суд, кој на 21 март годинава донесе одлука за забрана на книгата на Андов поради тужбата на поранешниот министер за внатрешни Љубомир Фрчкоски.Судот изрече времена мерка – забрана за продажба на книгата на Андов, со наслов „До атентатот и по него“ бидејќи во него се имплицирала вмешаност во атентатот на Киро Глигоров на Фрчкоски, поради повреда на личните права на тужителот.По одлуката на Апелација времената мерка се враќа во првостепениот суд на повторно одлучување. Се додека судот повторно не се произнесе, додава адвокатот, книгата на Андов може слободна да се продава и реиздава.

Македонија | пред 6 години

zaev-metla

Заев: За две недели ќе сменам министри и директори

Премиерот Зоран Заев рече дека во наредните две недели точно ќе се знае кој ќе мора да го напушти местото и да биде заменет со друг.„Ќе има промена и на министерско ниво и на ниво на директори на претпријатија, но и на локално ниво, како и во партијата од која доаѓам. Аргументите за смена ќе бидат ароганцијата, неисполнување на поставените задачи, неагилноста, или сѐ она од што граѓаните не се задоволни. Секако и решенијата од Антикорупциската комисија, особено ако имало влијание при вработување ќе се земе предвид“, рече Заев.

Македонија | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_348903

Вработени во Град Скопје измамиле 19 граѓани и го оштетиле буџетот за 3 милиони

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ј.С.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против С.Е.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „компјутерска измама“ и „компјутерски фалсификат“. Од страна на судија од претходна постапка на двајцата пријавени им е изречена мерка - претпазливост.Според документираните сознанија од истрагата, пријавените во својство на службени лица вработени во администрацијата на Град Скопје, Ј.С. како помлад референт за архивирање на документација во Одделение за присилна наплата, прием, издавање, заверка на документи за даноци, такси и други надоместоци, а Е.С. како соработник во истото Одделение за стручни работи, во меѓусебен договор ја искористиле својата службена положба со цел стекнување на противправна имотна корист, а на штета на граѓаните - даночни обврзници и на штета на буџетот на Град Скопје и општините во градот Скопје.Имено во текот на 2018 и 2019 година, Ј.С. се нудел на граѓаните да им изврши услуга за плаќање на износот на данокот во нивно име, доведувајќи ги во заблуда дека им прави само услуга за да не чекаат на шалтерите во банките каде се врши уплатата. Износот на данокот му го давале во готово, а тој наместо да го уплати целосниот износ, вршел уплата на минимален износ, а останатиот дел од примените парични средства ги присвојувал, односно ги делел со второпријавениот Е.С.Е.С., бидејќи имал овластување да пристапува во компјутерскиот систем на Град Скопје, каде што се евидентираат уплатите на граѓаните по основ на данок, неовластено и во договор со Ј.С., вршел преправка на износот на уплатениот данок од Ј.С. и врз основа на така преправените податоци во компјутерскиот систем ги доведувал во заблуда службените лица на град Скопје кои биле задолжени за контрола на извршените уплати на данокот и заверка на договорите за промет на недвижност, на наследство или на подарок, во зависност од правниот основ, дека износот на даночниот долг е целосно подмирен. По заверката на договорите од нивна страна второпријавениот повторно неовластено пристапувал во компјутерскиот систем и ја враќал претходната состојба на даночниот долг.На тој начин пријавените оштетиле вкупно 19 граѓани-даночни обврзници, за вкупен износ од 3.410.366 денари а за истиот износ го оштетиле буџетот на Град Скопје, како и општините на подрачје на град Скопје.

Скопје | пред 6 години

image-104009

Скопје доби нов забавен парк, но кој ја гарантира неговата безбедност?

Од неодамна Скопје доби нов забавен парк, со адреналински атракции лоциран на улица „Илинденска“ веднаш до СЦ „Борис Трајковски“.Но се отвора прашањето, кој е надлежен за безбедноста на овие атракции.Од Град Скопје за Алфа велат станува збор за отворен парк на приватна парцела за кој немаат никаква надлежност. Немаа одговор на прашањето кој врши безбедносни проверки и контроли на техничката исправност.– Градот Скопје нема никаква надлежност за давање на дозволи за работа на вакви паркови ниту пак за контрола на нивната безбедност и за исправноста на реквизитите, велат од Град Скопје.Забавниот парк нуди над 20 возења, од кои 10 се адреналински атракции, 10 фамилијарни возења, како и неколку интерактивни реквизити.Главни атракции во „Мега“ се Камикази, кулата висока над 100 метри, Летечкиот килим, Брејк Денс, Ентерпрајз, Куќа на стравот и Поп Старс- возења какви можеме да видиме низ светските тематски паркови.

Скопје | пред 6 години

policija-traka

Почина 2-годишно девојче откако беше прегазено од автомобил

На 14.05.2019 година во 14.45 часот на паркинг простор на ул.“23-ти Октомври“ во Скопје, патничко возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(35) од Скопје, удрило во двегодишно девојче од Скопје.Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски каде му била укажана лекарска помош.Во 15.20 часот детето им подлегнало на повредите. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Отворена истрага против три лица кои со нож и се заканувале на жена и ја ограбиле

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничените на возраст од 26, 21 и 19 години, на 27.06.2018 година во селото Рибарци, претходно договорени и маскирани со црни чорапи на главите, отишле пред куќата на една оштетена. Со нож ја пресекле заштитната мрежа за инсекти на прозорецот од гостинската соба на куќата, го отвориле прозорецот и влегле  внатре. Притоа ја фатиле оштетената за рацете и за устата за да не вика и со употреба на опасно оружје – нож во должина од околу 30 см и се заканиле  дека  непосредно ќе нападнат врз нејзиниот живот и тело. Додека едниот од осомничените ја држел оштетената, другите двајца пребарувале низ собите и одзеле женска кожна чанта во која имало банкноти од различни валути и други вредни предмети, во вкупна вредност од 67.000 денари.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за двајца од осомничените, додека за третиот предложи мерка куќен притвор.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Мандатот на Груевски засега нема да се чепка, оти Џафери е на пат

Пратениците чекаат да се врати собранискиот спикер, Талат Џафери, од службен пат, па да биде свикана Комисијата за мандатно-имунитетни прашања за да расправа за мандатот на осудениот екс премиер, Никола Груевски, кој се уште се води како пратеник во Собранието.Претседателот на собраниската Комисија, Павле Богоевски вели дека за мандатот на Груевски недвојбено ќе се расправа, но дека не може да знае како ќе гласаат пратениците.-Не е прашање на иницијатива ова е службена должност по која мора да постапиме, значи седницата на комисијата сигурно ќе се случи, но како ќе гласаат пратениците не би можел да кажам, а повторувам, верувам дека ќе се одважат доволно за да постапат согласно Уставот и законите, каде се вели дека пратеник кој повеќе од 6 месеци неоправдано отсуствува тогаш тој веќе не е достоен да има мандат на пратеник – изјави Богоевски за ТВ21.

Македонија | пред 6 години

nikola-gruevski

Книгата на Груевски распродадена, се спрема дополнително издание

Целиот тираж на книгата „Искуства за иднината”, напишана од поранешниот премиер Никола Груевски е распродаден.Ова го соопшти сопственикот на издавачката куќа ЃУРЃА на Фејсбук и најави издавање на дополнителен тираж.„Драги мои, првиот тираж на книгата на д-р Никола Груевски, ИСКУСТВА ЗА ИДНИНАТА, во издание на ЃУРЃА, е распродаден. Со оглед на големиот интерес што тој наслов го предизвика меѓу најшироката читателска публика, издавачот подготви дополнително издание.Бодејќи ЃУРЃА нема своја книжарница, ќе ги замолиме колегите кои имаат книжарници, да го преземат дополнителниот тираж и книгата да им ја понудат на читателите. За тоа како и каде ќе може да се набави книгата, ќе ве известиме најдоцна до утре, среда, 15 мај 2019„ информира Никола Костески.Груевски претходно најави дека во септември ќе излезе и англиска верзија од книгата.

Магазин | пред 6 години

Screenshot_5-2

(ФОТО) Детали за страшната сообраќајка во Драчево

Пет лица ги изгубија животите во тешка сообраќајна несреќа на влезот од скопската населба Драчево која се случила синоќа околу полноќ.При судирот на автомобил и камион загинаа на лице место три лица, а две починале на скопските клиники.Како што информира „Магазин“во несреќата настрадал поранешен полицаец од полициската станица Драчево заедно со своето семејство. Неофицијално меѓу загинатите има и деца.Несреќата се случила кога патничкото возило „рено 5“ директно удрило во камион за собирање на смет.Според очевидци, автомобилот се движел со поголема брзина при што изгубил контрола.ФОТО: Press24

Скопје | пред 6 години

655-402-bebe

Новороденче оставено на улица во Топанско Поле

Новороденче било оставено денеска на тротоар во скопската населба Топанско Поле, јавува 24 Инфо.Очевидци соопштиле дека бебето било туку што родено и целото во крв кога го забележале минувачи околу 11 часот на булеварот „Македонско Косовско бригада“. Новороденчето било голо и оставено на тротоарот покрај тревник. Во непосредна близина, на улицата, била фрлена папочната врвца која ја пресекла мајката по породувањето.Бебето со возило на Итна помош веднаш било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Скопје | пред 6 години

soobrakajka-1

Пет лица загинаа во страшна сообраќајка синоќа во Скопје

Пет лица ги изгубија животите во тешка сообраќајна несреќа на влезот од скопската населба Драчево која се случила синоќа колу полноќ.При судирот на автомобил и камион загинаа на лице место три лица, а две починале на скопските клиники.Несреќата се случила кога патничкото возило „рено 5“ директно удрило во камион за собирање на смет.Според очевидци, споменатиот автомобил „рено 5“, се движел со поголема брзина при што изгубил контрола и директно удрил во камионот за смет.На лице место биле дојдени возила на полицијата, на итната медицинска помош, противпожарникарски и возила на погребалното претпријатие.Во текот на денот се очекуваат подетални информации од МВР. 

Скопје | пред 6 години

pavle_bogoevski

(АУДИО) НОВА БОМБА : Пратеник нарачува кокаин

Нов прислушкуван разговор е објавен на веб страницата “вк.ком”, од лицето кое се претставува како Илија Громовник.Во разговорот се слуша гласот на пратеник кој е дел од коалицијата на СДСМ, но не и гласот на соговорникот.Најпрво, пратеникот користи пцости, а потоа де слуша како тој бара да му донесат “половина килограм”, но не се знае што точно.Објавувачот во наслов пишал “Пајо летва пијан нарачува кокаин”.Останува непознато кој стои зад името “Илија Громовник”, каде се објавуваат приватните разговори.ЛИНК до аудиото:https://vk.com/video544798513_456239017?fbclid=IwAR3Nftn9CXpTJBurNQJwey7cdynoGdj0Ng1CYik-SphdUTgEjtFX3pMf3RA *Скопје1.мк се оградува од содржината на објавениот материјал. Како медиумска куќа го пренесуваме материјалот за информирање на јавноста.*Напомена: Скопје1.мк не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

Македонија | пред 6 години

KIR_0837

Владата со катни гаражи ќе го реши хаосот на Клинички

На седницата на Владата на усвоена Предлог – одлуката за започнување постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во комплекс клиники „Мајка Тереза“– Целта на постапката за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во Комплекс Клиники Мајка Тереза Скопје е финансирање, дизајнирање, изградба на објектот, користење, управување и одржување на новиот објект се со цел да се исполни целта на ЈПП и давање на квалитетна услуга. Со овој модел на ЈПП, приватниот партнер ќе биде одговорен за финансирање на дизајнот, финансирањето на изведбата на градбата, целосно опремување, управувањето и одржувањето на двете нови катни гаражи, стои во соопштението од Владата.

Скопје | пред 6 години

cigarette1

Поскапеа цигарите, ова се новите цени

Поскапеа цигарите без претходн најава објавува „24 Инфо“.Информацијата за поскапувањето на цигарите ја потврдиле повеќе трговци, сопственици на трафики. Поскапени се цигарите од брендовите „Пал мал“, Честерфилд“, „Ориентал“, „Марлборо“ и „Бонд“.Новите цени се повисоки за 5 до 10 денари во зависност од брендот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Владата застана зад министерот Филипче – во училиште само вакцинирани деца

Министерот за здравство венко Филипче, на својот фејсбук профил објави дека Владата донела одлука според која  во училиште да можат да се запишат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда.-На денешната 135 седница, Влада на Република Северна Македонијадонесе заклучок во било кое училиште да можат да се запишат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда. Во сите училишта да се примаат пријавите за упис во училиштата и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите се додека не биде приложен соодветен документ/потврда за вакцинација.Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во Република Северна Македонија изнесува 24.023. Во Скопје, бројот на вакцинирани деца изнесува 13,684 од вкупно 16,361 невакцинирани деца. Од останатиот дел од државата, бројот на вакцинирани деца до 14 години со МРП вакцина изнесува 10,339 деца. Само со стапка на вакцинација на над 95%, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширењето на вирусот меѓу популацијата.Здравствените установи не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини. Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и истите се бесплатни, напиша министерот на ФБ. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања