„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

1-2

(ВИДЕО) „Канал 5“ објави снимка од разговорот меѓу пилотите на Папата и контролата на летање во Скопје

„Канал 5“ објави снимка од разговорот меѓу пилотите на Папата и контролата на летање во Скопје. Во  разговорот се пренесува порака од папата со благодарност за гостопримството. 

Македонија | пред 6 години

BUJAR-OSMANI

Османи: Не сум пресадил коса, иако би сакал

Веќе неколку месеци наназад во медиумите и на социјалните мрежи е актуелна веста дека вицепремиерот Бујар Османи најверојатно бил на пресадување на коса, естетски зафат кој што станува се популарен кај нас. Фотографии од заменик – претседателот на Владата, од типот пред и потоа, каде се прават споредби со неговата постара фризура и со сегашната, редовно можат да се видат на социјалните мрежи.И додека едни тврдат дека Османи пресадил коса, други дека носи надградба или пак перика, „Фокус” реши да ја открие „мистеријата”.Не станува збор за пресадување на коса, иако кога би имал можност, би сакал – се смее вицепремиерот. Имам нов бербер, од Скопје е, задоволен сум од тоа како ми ја средува косата. Станува збор за едноставна работа, единствено косата ми е пуштена подолго, значи потпорасната. Немам комплекси за косата, само новиот бербер се докажа како многу вешт, раскажува Османи.

Македонија | пред 6 години

dete-siluvanje

Битолчанка го обљубувала својот малолетен син

Педесетидвегодишен битолчанец вчера пријавил дека наводно во текот на 2018 година се до март 2019 година, во повеќе наврати, неговата поранешна сопруга извршила обљуба и други полови дејствија врз нивниот малолетен син.За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

sterilizacija

Централизација на бизнисите со стерилизацијата во здравствените установи

Министерот Венко Филипче подготвува централизација на бизнисите со стерилизацијата во здравствените установи. Кој ќе го превземе овој бизнис?Во моментов во министерството за здравство е активен тендерот за стерилизација во здравствените установи, но она што е сега интересно тој е под нови услови, односно наместо секоја здравствена установа посебно да ангажира сервисна компанија за стерилизација, министерот Филипче објавува тендер кој ќе го добие една фирма и ќе ги опслужува сите здравствени установи во државата, објави lider.com.mk.По кратката анализа која ја направи „Економски Лидер“, разговарајќи со луѓе од фелата, една стерилизација на инструменти во моментов чини 500 денари, а со новиот тендер преку централизацијата ќе чини најмалку 2500 денари, а како што велат соговорници на lider.com.mk, можно е да биде и поскапо.Текстот во целост на: lider.com.mk

Македонија | пред 6 години

kuca-struga-1

Струга ќе ја изгуби најстарата и најавтентичната куќа во струшката чаршија, надлежните молчат

Еден од сопствениците на стара семејна куќа во чаршијата во Струга, познатиот адвокат Глигор Ќато, на својот ФБ профил објави фотографии од куќата, која се наоѓа во очајна состојба. Тој бара да добие пристап до неа за да спречи натамочно руинирање на еден од најстарите и автентични објекти во во старата струшка чаршија.„Почитувани како сопственик на 1/4 идеален дел од оваа куќа ми претставува обврска да се обратам. Оваа е куќа е најстарата и најавтентичната куќа во струшката чаршија. Истата е во состојба како што можете да ја видите на сликите. Се бројат деновите, односно месеците кога чардакот од оваа куќа ќе се сруши. Доколку тоа се случи Струга најверојатно ќе ја изгуби најстарата и најавтентичната куќа во струшката чаршија и со тоа и нејзино културно богатство. Дополнително, она што најмногу ме плаши и фактот што самата куќа претставува опасност по животот на пешаците во чаршијата. Огромна е веројатноста денот кога ќе се сруши чардакот дел од граѓата да падне врз некој од пешаците и со тоа да настанат повреди опасни по живот.Мене не ми се дозволува пристап во куќата од страна на жената која живее таму и во моментот имам поведено судска постапка со цел пристап во куќата и со тоа пристап до местото каде треба да се санира куќата.За оваа ситуација известена е и надлежната Komuna e Strugës / Општина Струга / Municipality of Struga со слики од терен притоа наведувајќи дека ситуацијата е критична, а опасноста по животот на луѓето кои поминуваат по струшката чаршија од ден на ден е се поголема.Известен е и НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј -Охрид како надлежен орган за заштита на културните добра.Сакам да Ве известам дека ниту еден од надлежните органи нема превземено никаков чекор ниту во заштита на културната вредност на самата куќа, а што е најважно ниту во заштита на здравјето и животот на пешаците кои минуваат покрај оваа куќа.Како индивидуалец ми останува да постапам како што постапив. Поставив импровизирана ограда која би требало да го изолира местото каде би можело да се сруши чардакот. Поставив и писмени предупредувања со напомена до пешаците да не се приближуваат до куќата. Во меѓувреме надевајќи се дека нема да се случи некој трагичен настан очекувам разврска во судската постапка и конечно реакција од надлежните органи“, напиша Ќато на ФБ.

Македонија | пред 6 години

siluvanje

Поднесено обвинение за обид за разбојништво и силување во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поднесен Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители се обиделе да извршат кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1  и Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.Настанот се случил на 31 декември 2018 година  кога обвинетите, од кои едниот е државјанин на Република Албанија, влегле во обложувалница во Струга. Тие најпрвин чекале да заминат другите гости од објектот, по што физички нападнале вработена во обложувалницата, обидувајќи се да извршат силување и да и го одземат клучот од касата. Оштетената силно се спротивставила и успеала да се оттргне од двајцата напаѓачи. Поради силното викање на оштетената тие побегнале од местото на настанот и не успеале во обидот.Против обвинетиот 46-годишен македонски државјанин се води постапка и од Основното јавно обвинителство Гостивар, кое го гони за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот тоа делото го извршил на 29 декември 2018 година, кога со умисла од живот го лишил оштетениот – сопственик на угостителски објект во Кичево, нанесувајќи му убодни рани во пределот на градниот кош. 

пред 6 години

izjava-zaev.Still072

Очекувам Груевски да обајви книга за неговото "храбро" бегство, вели Ременски

Денес истекуваат 6-те месеци неоправдано отсуство од работата на Собранието на пратеникот азилант Никола Груевски, напиша пратеничката Фросина Ременски."Пред сериозен тест и одговорност на сите пратеници е спроведувањето на процедурата за одземање на мандатот со 80 гласа “за”.Пред сериозен тест е Обвинителството и Врховниот суд – ОЈО да даде одговор за истрагата за бегството, а Врховен суд да одолее да не ја укине пресудата за затворската казна.Во меѓувреме, бидејќи се распишал азилантот очекувам да објави книга за неговото “храбро” бегство, како лекција – модус операнди за криминалистите, а роман за сите останати … “-напиша Ременски.

Македонија | пред 6 години

auto_fadil-zendeli-804x3801549094964

Зендели: Отсуството на Заев и Мицкоски на инаугурацијата го гледам како пропуст

Пратеникот Фадил Зендели, на отсуството на премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на инаугурацијата на претседателот на државата, гледа како пропуст. Исто така тој додаде дека требало да бидат поканети и Силјановска, Река, Касами.„Беше место премиерот да бида на инаугурацијата на претседателот на државата. Го гледам како пропуст неговото отсуство од една таква церемонија каде што имавме гости, претседатели на држави од соседните земји, а премиерот на државата го нема. Пропуст секако е и да не биде лидерот на опозицијата, без разлика каква била праксата во Собранието. Требаше да бидат поканети Силјановска, Река, Касами. Сите тие беа актери во целиот претседателски процес“, истакна Зендели.

Македонија | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_353039

Минов: Пендаровски спомна дека ќе го афирмира политичкиот дијалог, но тоа е тешко да го реализираш

Пратеникот на ГРОМ, Панчо Минов во синоќешното гостување на „24 Тренд анализа“, даде свој став околу целокупната организација и наугурација на новиот претседател Стево Пендаровски.„Вршење на функцијата во интерес на сите граѓани одамна го кажа Пендаровски. Тој меѓу првите приоритети спомна дека ќе го афирмира политичкиот дијалог. Тоа е многу лесно да се каже, но е ѓаволски тешко да го реализираш посебно на наш терен“, истакна Минов.

Македонија | пред 6 години

f3f759ca-859d-4315-ba84-f1f5a2bf2d23

(ФОТО) Уништена спомен плочата кај Карпалак

Искршена и искорната е спомен плочата за загинатите војници во масакрот кај Карпалак кој се случи за време на конфликтот во 2001, пишува Лидер.Фотографиите кои граѓани ги доставија до редакцијата на Лидер, покажуваат дека малата спомен плоча поставена на банкината од Автопатот Скопје – Тетово, е извадена и веќе не е единствен потсетник за масакрот.

Македонија | пред 6 години

040A2B35-764F-4DD1-B131-E1BC3E03F355_w1023_r1_s

Иселувањето ги празни училниците

„За 18 години, за 61.000 деца се намалил бројот на ученици во основното образование во Македонија.“, тврди Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистикаИселувањето од Македонија е проблем кој мора да се помести повисоко на листата на приоритетите на било која извршна власт. Економската стагнација, децениската транзиција која последната деценија е засилена со перманентна политичка криза и демотивацијата на младите, ги полнат авионите и автобусите кон Запад. Со еднонасочни билети за цели семејства.Тоа е процес што никој не може да го сопре. Во последно време се прават напори, но иселувањето не може да се спречиДончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистикаСпоред анализата на Дончо Герасимовски, драстичното намалување на учениците е реалност, заснована на бројките што се официјално објавени од Државниот завод за статистика. Според него, во учебната 2000/2001 година во основните училишта во Македонија биле регистрирани 249.375 ученици, а во тековната учебна година се евидентирани 188.102 ученици, или 61.273 ученици помалку во основното образование.Според неговата изјава што ја пренесоа медиумите, Герасимовски ја направил анализата и со компарација на бројот на живородени деца во одредена година, и бројот на децата - шест години подоцна кога тргнуваат во основно училиште. Тој потенцира дека намалувањето на бројот на учениците во основното образование посочува на зголемувањето на процентот на иселување на граѓаните од Македонија.„Тоа е процес што никој не може да го сопре. Во последно време се прават напори, но иселувањето не може да се спречи“, изјавил Герасимовски во медиумите.Гордана Угриновска, наставник по одделенска настава со долгогодишен стаж во основно училиште во Битола, за Гласот на Америка на македонски јазик, за оваа тема, изјави:„И овој мај, како и секоја година, започнува процесот на запишување на новите првачиња. Каква ќе биде бројната состојба ќе покаже времето, но според досегашното искуство може да се претпостави дека ќе продолжи трендот на намалување на бројот на ученици. Во образованието работам 26 години и осум месеци и се сеќавам на моите први генерации, некаде од 1995-та година. Бројката на ученици која фигурираше, беше над тогашниот максимум, по 36 ученици во една паралелка, со четири паралелки во генерација! Толку голема беше бројката на ученици во основното образование во тоа време..“Иако бројот на ученици постојано се намалува, се зголемува бројот на наставници - за три-четири илјади во последните две децении, односно, во 2001/2002 година во основните училишта во Македонија имало 13.356 наставници, а оваа учебна година дури 4.916 наставници повеќе - 18.272.Сличен е ставот и на Јагода Додевска, исто така, наставник по одделенска настава, од Куманово, која во својата изјава ни потврди, дека според нејзиното 30-годишно искуство во просветата, од година на година, редовно се соочува со сознанието дека „бројот на ученици секоја учебна година се намалува. Ако во почетокот на моето вработување во паралелките имаше повеќе од 30 деца, денес работиме во паралелки во кои има 20-25 ученици“.Експертот Герасимовски смета дека „минусот“ од 61.000 ученици е реален. „Ако само во учебната 2017/2018 година бројката на ученици се намалила за 4.000, таа е математиката“, смета Герасимовски, според кого, постојат повеќе причини за ваквиот негативен тренд.Иако вели дека наталитетот опаѓа со години наназад, Герасимовски смета дека највлијателен фактор е сепак, иселувањето од Македонија. „Неодамна објавив колумна, каде исчезнаа 2.333 првачиња од училиштата? На пример, во една година биле родени 20.000 деца, а по шест години, во прво одделение се запишале 17.500. Каде се останатите?“, прашува Герасимовски.Наставничката Угриновска од Битола, во изјавата за Гласот на Америка на македонски јазик се сеќава дека „како се нижеа годините, бројот на паралелките од четири во секоја година, се сведе на три, што беше резултат на осипувањето на бројот на учениците што се запишуваа. На што се должеше тој феномен? Најпрвин, мислевме дека се запишуваат во други училишта, но и тие училишта имаа проблем со бројноста на учениците, иако постоечките паралелки опстојуваа... Но, сега е веќе видлив проблемот на намален број на ученици кои се запишуваат во училиштата. За жал, секојдневно сме сведоци дека наши пријатели со своите семејства, или пријатели на нашите пријатели и познаници, сè почесто се отселуваат во други држави, барајќи подобри услови за живот... Mожеби е тоа и некоја природна миграција?“А наставничка Додевска од Куманово смета дека „намалувањето на бројот на учениците во основното образование е резултат и на „одлуката на младите за влегување во брак во подоцнежни години и за станување родител подоцна од претходните генерации, на вработувањето на голем број граѓани, особено од Куманово (меѓу кои и лица со завршено средно образование) во Авганистан, на пример. Но, и заминувањето во Малта, или во Република Словенија која им нуди сигурно вработување на лицата со високо образование од повеќе струки... Или во Германија, која е ‘мека’ за кумановчан(к)и од медицинската струка од сите рангови“.Според Додевска, „позитивно во основните училишта во Куманово, спротивно од генералниот тренд, е зголемувањето на бројот на деца од ромска националност кои, со влијание и на ромските невладини организации, како и поради намалувањето на шансите на ромските семејства за иселување, пред сè, во Германија, се запишуваат секоја година во сè поголем број“.Иако бројот на учениците се намалува, бројот на училиштата во Македонија не е многу намален. А со компаративна анализа, според Герасимовски, се добиваат многу интересни податоци: иако бројот на ученици постојано се намалува, се зголемува бројот на наставници - за три-четири илјади во последните две децении, односно, во 2001/2002 година во основните училишта во Македонија имало 13.356 наставници, а оваа учебна година дури 4.916 наставници повеќе - 18.272.Иселувањето од Македонија трае со векови, но се засилува последните две децении. И притоа, во неизвесност и во потрага по подобар живот, тргнуваат и етнички Македонци и етнички Албанци, и сите останати националности кои живеат во државата.Медиумите неодамна објавија дека дури и од еден од најплодните региони, Струмичкиот, расте бројот на иселени лица, особено на млади лица кои не сакаат да се занимаваат со земјоделие или сточарство.Во изјава за Гласот на Америка на македонски јазик минатата недела, аналитичарот Мерсел Биљали, на прашањето дали дел од етничко-албанското гласачко тело апстинирал на претседателските избори, во одговорот потенцираше: „Напротив, мислам дека во голем процент се излезени, но мора да се согласиме со реалноста што државата или власта не ја знае - дека голем дел од младите и тие кои се во средни години се заминати надвор. И тоа посебно овие четири - пет години. Значи, масовно! Можам да кажам дека во моето Чегране (поранешна рурална општина, подоцна припоена кон Гостивар) каде што според евиденцијата има околу 9.000 жители, реално нема ни 3.000.“ИЗВОР: VOA

Македонија | пред 6 години

mesecina

Видео ја открива најголемата измама – слета ли Аполо 11 на Месечината?

На интернет се појавија снимки кои наводно го покажуваат слетувањето на месечината за кое се тврди дека е лажен, однодно дека не е снеимен со сателит.Имено на снимката се гледаат космонаути кои наводно шетаат по пустината во Невада, а би требало да претставува сателит од земјата.  Снимката е објавена на Јутубканалот и се повикува на Викиликс.Дали е снимката автентична или се работи за некоја измама пресудетет сами. 1969 година ни беше познато дека човечка нога зачекори на Месечината.Аполо 11 бeше мисија од програмата Аполо и прво човечко слетување на Месечината.Вселенското летало Аполо 11 било лансирано на 16 јули, 1969 година, од космодоромот Кејп Кенеди во САД. Екипажот на вселенското летало бил составен од Нил Армстронг, Мајкл Колинс и Едвин Олдрин. Првата фотографија, направена од Нил Армстронг на Месечината.На 20 јули, Нил Армстронг и Едвин Олдрин се спуштиле на лунарната површината и ги направиле првите чекори на Месечината во историјата на човештвото. Мајкл Колинс за тоа време орбитирал околу Месечината.  

Свет | пред 6 години

45015661_303

Договорот за Окта е историја... А сметките?

Методологијата за утврдување на цената на нафтата беше „малото зло“ во договорот за Окта. Големото, со тенденција и натаму да го цеди буџетот, беше обврската за купување мазут во количества преголеми и за две Македонии.Она што стана обврска за државата Македонија пред 20 години, кога беше потпишан купопродажниот договор со Хеленик петролеум тежок 32 милиони долари, станува историја. Цените на нафтените деривати, утврдени согласно методологијата од купопродажниот договор за Окта, кој официјално истече на 8 мај, важат уште денеска, односно до ноќеска на полноќ. Од утре важат нови правила, кои всушност и ги нема, поради тоа што државата не успеа да донесе нова методологија за пресметка на цените. Причината не е во институциите, туку кај екс претседателот Ѓорге Иванов, кој не стави потпис на неопходните законски измени.Па така, Македонија која се реши да не го либерализира пазарот на нафта и нафтени деривати, ни крива ни должна ќе мора да функционира по услови на слободен пазар. Барем додека не се донесат законските измени во Собранието. Надлежните очекуваат дека вакуум периодот нема да донесе шокови за граѓаните:„Да, денеска е последен ден за цените утрвдени согласно методологијата со договорот за Окта, а од утре, додека не се донесе нова методологија, трговците самите ќе ја определуваат цената. Ние донесовме законски измени кои поминаа, но Ѓорге Иванов не ги потпиша. Процедурата сега повторно е во собрание и очекувам дека во неделава ќе помине и веќе од 20 мај ќе можеме да утврдуваме цени согласно новата методологија“, изјави за ДВ Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетикаГраѓаните да не стравуваат од ценовни шоковиОва значи дека трговците со нафта, меѓу нив и Окта, од утре сами ќе ги утврдуваат малопродажните цени на нафтата и нафтените деривати. Надлежните сепак не очекуваат дека ова ќе донесе главоболки за граѓаните, бидејќи добиле уверување од компаниите оти ценовен шок не треба да се очекува.„Ние веќе не можеме да определуваме цена за Окта поради тоа што според постоечкиот закон Окта треба да ни достави барање, но таа не ни доставува. Обврската веќе ѝ е завршена и имаме законски вакуум. Не ми се верува дека ќе биде штетно, бевме во комуникација со најголемите трговци и тие нѐ уверија дека нема да има никакви ценовни шокови. Цената ќе ја формираат согласно светските берзи, така што не треба да има проблеми додека не се донесе новата методологија“, коментира Бислимоски.Нова методологија за заштита на потрошувачитеНовата методологија е безмалку утврдена, но дали ќе ги задоволи потребите и на компаниите? Од она што може да се слушне периодов како реакции, е дека постои одредено незадоволство. Посебно во делот на маржата за која се бара да биде повисока, односно од сегашните 3,2 да се зголеми на 6 денари.„Дали ќе има незадоволни? Тие ќе сакаат многу повеќе, но не би требало да има проблеми. Ние ги гледаме интересите на потрошувачите. Новата методологија ќе се базира на цена на светска берза, курс на долар, ќе имаат трошок за т.н. премија, односно трошокот кон трговецот од каде ја увезуваат, како и трошокот за превоз од земја од каде ќе купуваат до складовите и од складовите до бензинските станици. Секако ќе има и маржа, но не и досегашниот трошок од 29 долари за тон кој ѝ се признаваше на Окта која отсега ќе биде само трговец, а не и производител“, објаснува Бислимоски.Надлежните не очекуваат главоболки за граѓанитеКомпанијата Окта, која сега ќе биде само трговец со нафта и нафтени деривати, е една од главните причини поради кои државата се одлучи да не го либерализира пазарот со нафта и нафтени деривати:„Окта има 80% пазарно учество на пазарот на големо. Ако во такви услови се либерализира пазарот, тогаш тоа значи дека не водиш грижа. Велат, струјата и гасот се либерализирани, но имаме заштитен механизам, преку универзалниот снабдувач. На пример, цената на мегават е седумдесетина евра за мегават час, домаќинствата плаќаат 75 евра сосе трошок за мрежарина на регулиран пазар. Ако би биле на слободен пазар би требало да плаќаат 100 и кусур евра за мегават час. Но затоа што има заштитен механизам, регулаторна определува цени за универзалниот снабдувач и домаќинствата се заштитени“, забележува Бислимовски.Мазутот најштетна ставка во договорот за ОктаНадлежните уверуваат дека крајот на договорот со Окта и со него утврдената методологија за одредување на малопродажните цени на нафтата и нафтените деривати не треба да донесат ценовни шокови. Но во делот на останатите обврски што произлегуваа од него, а кои Македонија не ги реализира, многу веројатно дека ќе има и ќе чинат десетици милиони.Регулаторната комисија определува цени за универзалниот снабдувач и домаќинствата се заштитени, вели БислимовскиКонкретно во делот на мазутот за кој потписот на договорот со грчката страна на 8 мај 1999 година значеше обврска секоја година да се искористат, или платат по 500 илјади тони мазут. Ова, според упатените, е и најголемата штета од документот кој ѝ наметна обврска на земјата за нешто што нема потреба ниту капацитети да го искористи:„Најголема штетност беше обврската за мазутот. Во 2009 година исплативме 40 милиони долари, а еве сега Хеленик петролеум поднесе повторно тужба пред арбитража за останатиот период за уште 32 милиони долари. Така што, таму е најголемата штетност. Ако Окта е купена за 32 милиони долари пред 20 години, а веќе еднаш се исплатени 40 милиони долари со одлука на арбитража, пресметајте сами. Македонија реално не може да троши толку мазут, бидејќи сите топлани се на природен гас. Тоа е нешто невидено, но сега случајот е на истата арбитража и се знае, ако веќе донесла еднаш слична одлука, тогаш тоа е тоа. Но факт е и дека Окта не работела како производител од 2013 па наваму, но ние имавме обврска да ја применуваме таа методологија“, предупредува Бислимоски.Веста дека Окта ќе тужи за неисполнети обврски од купопродажниот договор одекна во јануари годинава. Владата тогаш соопшти дека ќе влезе во преговори за да се изнајде решение со кое би се намалила потенцијалната штета врз буџетот, направена пред 20 години. До каде се стигнати преговорите и дали може да се очекува позитивен епилог, нема конкретни информации. Грчката страна досега повеќепати бараше средби со Владата за решавање на проблемот со нафтоводот кој повеќе од седум години не е во функција, но и за новата методологија за пресметка на цената на горивата. Грчката страна сака нафтоводот да профункционира, но како продуктовод за транспорт на дизел гориво, што сметаат дека ќе влијае на намалување на трошоците и конечната цена.Договорот за купопродажба на Окта беше склучен пред 20 годиниДве децении обвинувања и правдањаДоговорот за купопродажба на Окта се случи во 1999 година, во времето на владата на ВМРО ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски. Договорот го потпиша Борис Стојменов, тогашниот министер за финансии. Овој договор постојано беше предмет на контроверзии. Експертската јавност постојано критикуваше дека договорот е штетен за интересите на државата, не само поради обврските за мазутот, туку и по разни други основи. За случајот имаше предмети и во обвинителството, антикорупциската комисија, но конкретен епилог јавноста никогаш не виде. За купопродажбата, социјалдемократите повеќепати го прозиваа и Никола Груевски дека од позиција на министер во тогашната Влада потпишал анекси на договорот во полза на Хеленик петролеум. Ваквите обвинувања постојано завршуваа со контраквалификации дека целиот случај се злоупотребувал само заради хајка и политички интереси.ИЗВОР : DW.COM

Македонија | пред 6 години

pendarovski

Пендаровски ќе живее на Водно, за да обезбедувањето не им пречи на соседите

Стево Пендаровски, новиот претседател на Македонија, во разговор во емисијата „360 Степени“ на телевизија Алсат рече дека ќе живее во претседателската резиденција на Водно затоа што не сакал неговото обезбедување да им пречи на соседите.– Јас живеам во зграда. Ако останам да живеам каде што сум сега, ќе биде проблем бидејќи во мојата зграда има уште 19 стана во влезот и плус дополнителни два влеза. И веројатно нивниот режим на живеење, на соседите, ќе трпи, бидејќи треба да има некакви мерки на заштита кон мене и кон моето семејство, како што вели законот. Затоа комплетно ќе одам во новата резиденција, рече Пендаровски.Тој додаде дека кога ќе поминува со својата делегација ќе бара што помалку безбедносни протоколи за да не го попречува сообраќајот и да создава поголем метеж.

Македонија | пред 6 години

ivanovi

Детали за изнајмените канцеларии на Иванов

Изнајмени се простории во комплексот висококатници „Џевахир скај сити“ за кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, соопштија од компанијата.Како што е соопштено, помеѓу компанијата Турмак АД – Подружница Скопје и Службата за општи и заеднички работи на Република Северна Македонија е склучен договор за закуп и користење на опремен службен простор за потребите на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов.-Договорот е склучен во времетраење од една година и е во сопственост на компанијата Турмак. Според договорот, месечниот закуп за 274 м2 деловен простор изнесува 1950 евра, наведуваат од компанијата. Иванов во канцеларијата ќе може да вработи најмногу три стручни лица. Тој има право и на лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања