„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

mile-bosnjakovski

Бошњаковски го остави Заев и замина да работи кај Пендаровски

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, најверојатно ќе биде дел од тимот на претседателот, Стево Пендаровски, информира Фокус.Според порталот Бошњаковски ќе премине во кабинетот каде најверојатно ќе ја заземе позицијата шеф на кабинет на претседателот.

Македонија | пред 6 години

zoran_zaev_obrakanje

Заев: Имам право на одмор и ми треба малку да се одморам

Отсуството на премиерот, Зоран Заев, на вчерашната инаугурација на претседателот, Стево Пендаровски, падна во очи кај јавноста. На Заев му замерија што одлучил да користи слободни денови токму во период кога се случува толку важен државен настан. На свеченоста беа присутни претседатели и високи функционери од регионот, поради што отсуството на Заев се толкува како голем пропуст.Тој се огласи во врска со ова и вели дека единствената причина што не присуствувал на инаугурацијата е тоа што сакал да одмори.„Имам право на одмор. И ми треба малку да се одморам. Никаква друга причина нема“, изјави Заев за „Телма“..

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

Две лица повредени по пукотници од огнено оружје во Прилеп

Две лица заработиле повреди на главите по пукотници од огнено оружје во близина на железничката станица во Прилеп, пренесува МВР.„На 13.05.2019 година околу 03.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во угостителски објект во близина на железничката станица во Прилеп имало пукање од огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото на настанот каде биле затекнати М.М.(43) од Прилеп и О.И.(28) од село Лажани, прилепско, со повреди на главите. Тие биле пренесени во Клиничката болница Прилеп каде им била укажана помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот“, додава МВР.

Македонија | пред 6 години

ojo

Вкупно 12 години затвор за двајцата обвинети за најголемата лабораторија на синтетички дроги

По поднесен обвинителен акт од страна на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и одржани судски рочишта на кои беа изведени предложените докази, денеска надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје ги објави осудителните пресуди за преостанатите двајца обвинети во предметот за најголемата лабораторија за производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа.За сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, на обвинетиот С.Ш. судот му изрече казна затвор во траење од осум години, додека обвинетиот А.Х. е осуден на казна затвор во траење од четири години. По објавата на пресудата, надлежниот јавен обвинител предложи мерката притвор за двајцата обвинети да биде продолжена до правосилност на пресудата. Судот донесе Решение со кое мерката притвор ја продолжи само спрема обвинетиот С.Ш., додека за А.Х. ја укина. Незадоволен од ваквата одлука, надлежниот јавен обвинител најави жалба.Имено, во мај минатата година, по повеќемесечната истражна постапка и меѓународната правна соработка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со Јавното обвинителство за организиран криминал во Република Србија, до Основниот суд Скопје 1 Скопје, беше поднесен обвинителен акт против двајца српски и петмина македонски државјани. На обвинетите им се ставаше на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1, а еден од обвинетите се гонеше и за кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1. Обвинетите како меѓународна организирана криминална група во двете држави неовластено купувале, држеле, пренесувале и посредувале во продажба и купување на психотропни супстанции и прекурзори, како и опрема и материјали наменети за производство на психотропна супстанца – Амфетамин. Дел од набавените материјали, супстанции и прекурзори, ги сместиле во објект во село Батинци, општина Студеничани, а дел во објект во Тетово каде инсталирале функционално техничко – технолошка целина во која започнале процес на преработка на различните материи, супстанции и прекурзори и производство на психотропна супстанца – амфетамин.Во септември 2018 година, Основниот суд Скопје 1 – Скопје по дадени изјави за признание на вина на дел од обвинетите, донесе пресуда со која беа осудени на казна затвор и тоа: М.З.во траење од 11 години, С.К.- девет години, И.Ш.и З.Д на седум години и А.М. за двете дела на четири години. по жалба на ОЈО ГОКК по однос на висината на изречените казни затвор, второстепениот суд за обвинетиот М.З. казната затвор ја зголеми на 13 години, за С.К. ја зголеми на 11 години, за А.М. за двете кривични дела ја зголеми на единствена казна затвор во траење од шест години, а за обвинетите И.Ш. и З.Д ги потврди претходно изречените казни.

пред 6 години

pendarovski1

Пендаровски стана претседател, а на официјалната интернет страница сеуште е Ѓорге Иванов

Стево Пендаровски ја превзеде претседателската функција, официјално е претседател на Република Северна Македонија, но првиот ден како новоизбран шеф на државата го мина како „Претседател на Република Македонија“. Административната служба  на претседателскиот кабинет се уште нема извршено промени на веб-страницата, па поради тоа не само државното име, сеуште нема промена ни на претседателот.На интернет-сајтот се уште стои дека претходникот Ѓорѓе Иванов е претседател на „Република Македонија“. 

Македонија | пред 6 години

lajka-1

(ФОТО) Необичен гостин во кабинетот на Шилегов, заедно го најавија скорото отворање на стационарот “Лајка“

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, објави фотографии со мало кученце на бирото во неговиот кабинет и го најави скорото отворање на стационарот за кучиња-бездомници „Лајка“.,,Проектот за реконструкција на стационарот “Лајка” е во завршна фаза. Наскоро започнуваме. А да.  Во меѓувреме, ова слатко кученце е за вдомување. Истретирано и здраво. Ако има заинтересирани …“-објави градоначалникот Петре Шилегов на фејсбук.Со основање на новото претпријатие кое ќе се грижи за проблемот со уличните кучиња, досегашниот стационар Вардариште преминува под надлежност на градот.   

Скопје | пред 6 години

spasovski

Спасовски: Нема никаква правна пречка потерницата за Груевски да биде објавена во Интерпол

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека документите за распишување на потерницата по поранешниот премиер Никола Груевски за настаните од 27 април се доставени до Интерпол и очекува потерницата да биде објавен.„Интерпол, сè уште врши некакви испитувања. Потерницата што е испратена ги исполнува критериумите за да биде објавена. Потерницата со сите потребни документации и без никаков недостаток е доставена до Интерпол“, рече Спасовски.Според министерот, нема никаква правна пречка потерницата за Груевски да биде објавена во Интерпол.

Македонија | пред 6 години

vakcini-novi

Ќе одат ли невакцинирани деца во улилиште? – Филипче не отстапува од своето, родителите ќе бараат помош од Хелсиншки комитет

И додека Mинистерсвото за здравство и Mинистерството за образование и наука донесат конечна одлука за тоа дали невакцинираните деца ќе се примаат на училиште родителите на социјалните мрежи бараат совет каде да се побара помош доколку детето не биде примено на училиште.Тие најавуваат дека ќе се обратат во канцеларијата на Народниот правобранител или пак до Хелсиншкиот комитет за човекови права.Министерот за здравство пак, Венко Филипче повтори дека нема да биде повлечена одлуката во училиштата да се запишуваат само вакцинирани деца. Тој рече дека конечната одлука ќе се знае во понеделник, по средбата со министерот за образование, Арбер Адеми и со министерката за правда Рената Дескоска. Филипче рече дека само така ќе се стави крај на епидемија на морбили.-Рано е да се каже дали има незапишани деца во прво одделение поради тоа што не биле вакцинирани, вели министерот за образование Арбр Адеми, кој образложи дека уште оваа недела тече уписот, по што ќе се знае дали некое дете не било запишано поради тоа што немало уреден вакцинален картон. Адеми, меѓутоа, потврди дека до Министерството има реакции од родители. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Кризниот штаб на терен пред најавеното невреме

Согласно со насоките на кризниот штаб, кој вчера заседаваше, а по најавите за невремето „Андреа“, и поделените обврски меѓу јавните претпријатија, екипите на „Водовод и канализација“ излегоа на терен и спроведоа вонредна акција за чистење на сливниците од коловозите и критичните точки низ градот, а екипите на ЈП „Улици и патишта” машински ги чистеа главните одводни канали во Скопје.Каналите се чистат за да се обезбеди непречен проток на водата од евентуалните обилни врнежи на дожд.Според најавите бурата „Андреа“ што се очекува во наредните денови да го зафати регионот може да донесе обилни врнежи со количина од 50 до 80 литри на квадратен метар.На состанокот во Град Скопје, со кој што вчера претседаваше Душко Весковски, директор на ЈП „Водовод и канализација“ беа координирани активностите и се поделија обврските меѓу јавните претпријатија, противпожарната бригада, инспекциските служби и преостанатите општини и државни институции.Кризниот штаб на Град Скопје апелира да се исклучат пумпите на градежните јами, а граѓаните да ги пријавуваат проблемите на 193 и да не паркираат под дрвореди и во близина на одводните канали. Дополнително, им посочува на граѓаните во случај на електрични празнења да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Скопје | пред 6 години

kili-intervju-02-602x3201

Кили повторно вработен во МНТ

Актерот Кирил Поп Христов повторно се врати во својот матичен театар. По неколкугодишното живеење на Еквадор и паузата од театарската сцена, тој од јули 2018 година е повторно вработен Македонскиот народен театар, објави „Независен весник“.Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 година, во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 година.Во Македонски народен театар се вработи во 1993 година и беше негов матичен театар сè до 2014 година, кога Кили се отсели на Еквадор.

Скопје | пред 6 години

rocista

„Титаник“ на СЈО одложен, еден од обвинетите имал операција

Денешното рочиште за случајот „Титаник“ се одложува, бидејќи еден од обвинетите неодамна имал операција, поради што не може да присуствува на рочиштето во Кривичниот суд.-Ја информираме јавноста дека заради отсуство на еден од обвинетите кој до судот доставил документација дека врз него е извршен оперативен зафат и истиот привремено нема да може да присуствува на судењето заради здравствени причини, главната расправа за предметот насрочена за денеска 13.05.2019 година се одлага за што се известени и странките во постапката, информираат од Кривичниот суд.Во „Титаник“, обвинети се дваесетина, меѓу кои и екс премиерот и бегалец Никола Груевски, екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, како и Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски и уште неколкумина.

Македонија | пред 6 години

pendarovski1

Граѓанското помирување приоритет на Пендаровски

Новиот македонски Претседател, Стево Пендаровски рано утрината на својот прв работен ден во претседателската вила на Водно, се огласи на Фејсбук.,,Време е да ги залечиме отворените рани од нашето скорешно минато и реално да го започнеме граѓанското помирување, затоа што немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом. На тој пат сакам да се вложам без остаток, не водејќи сметка за сопствениот политички рејтинг. Сите добронамерни луѓе, политичари и партии што ќе решат да одат по истиот тој пат ќе ја имаат мојата поддршка“-објави Претседателот Пендаровски.По вчерашните лични честитки од претседателите на Србија, Албанија, Косово и на Бугарија, до Пендаровски пристигнуваат бројни честитки од светски државници.

Македонија | пред 6 години

bujar-gb

Османи се фали: Консензуален претседател! - Јазична еднаквост! Речено, сторено“

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на својот  фејсбук профил  го објави уверението од новиот претседател  Стево Пендаровски кое го доби вчера од Државната изборна комисија.Османи се пофали дека ДУИ издејствувал да се избере консензуален претседател, но и тоа што уверението е на македонски и на албански јазик.„Во една слика две главни достигнувања: -Консензуален претседател! - Јазична еднаквост! Речено, сторено“, напиша Османи.    

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во очекување на новата цена на горивата - ќе имаме ли ценовен шок?

Од утре  трговците сами ќе  утврдуваат колку ќе  чини литар гориво.  Минатата недела престана да важи старата методологија за пресметка,  а новата не се донесе, па поради тоа  наместо регулаторна, трговците со деривати имаат обврска да ја утврдат цената на горивата.Од Регулаторната комисија се надеваат дека трговците ќе бидат корекни и нема да предвизкаат ценовни шокови. За  новите цени граѓаните ќе можат да  дознаат само на бензиските станици.  Трговците  за цаната ќе одлучуваат само една недела. Регулаторна очекува  до 20 мај да биде донесена новата методологија.  Потпис на измените во законот за енерегтика се очекува да стави новоизбраниот претседател Стево Пендаровски.Инаку регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска ќе одржи подготвителна седница. На неа ќе се разгледува Предлог-текст на правила за пазар на природен гас.  

Македонија | пред 6 години

mkd-421113

Баша до Рама: Ќе се молиш да ја имаш судбината на Никола Груевски

Пред денешниот петти голем протест на обединетата албанска опозиција, синоќа лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша му порача на премиерот Еди Рама да не се прави силен, бидејќи во „најдобар случај ќе се моли да ја има судбината на Никола Груевски“, пренесуваат албанските медиуми.-По драмата на синоќешното насилство против опозиција, што го видоа сите Албанци и целиот свет и пред утрешниот народен протест во 18,30 часот сакам јасно да му порачам на лидерот на кликата на власт: „Не ја преминувај границата. Не се прави силен со оклопни возила и солзавец. Заборави дека можеш да дојдеш и да бидеш на власт со насилство. Во најдобар случај ќе се молиш да ја имаш судбината на Никола Груевски.Како што се наведува тој рекол дека неговата Демократска партија и целата обединета опозиција настојуваат да ја вратат политичката нормалност во земјата, демократијата, надежта и можноста секој Албанец да живее достоинствено.Баша еден час пред полноќ објави и видео снимка во која упати апел до граѓаните да се придружат на протестот што ќе се одржи денеска во 18,30 часот, бидејќи „надежта е осветлена“. 

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања