„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

macor-3

(ФОТО) Мачката на Иванови остана да живее на Водно со новиот газда – Пендаровски

Со највисоки воени и државни почести сега веќе поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов го пречека и му ја предаде функцијата на новиот шеф на државата Стево Пендаровски.Големи внимание на денешното примопредавање на функцијата предизвика мачката на Иванови, која се протнуваше и галеше со присутните на инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски.ФОТО: Арбнора МеметиМачката го привлече вниманието на новинарските екипи кои го следеа настанот на Водно.Инаку пред да ја предаде функцијата на неговиот наследник  Иванов на официјалниот профил објави статус.ФОТО: Арбнора Мемети-Со огромна чест, задоволство и одговорност ја извршував функцијата Претседател на Република Македонија во изминативе десет години. Од се срце му благодариме на македонскиот народ и на македонските граѓани за сета укажана доверба и поддршка. Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија, Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува, напиша Иванов.Инаку Иванов од денеска заминува во пензија, ќе има месечни приходи од околу 100.000 денари, а според законот му следува доживотна канцеларија со тројца вработени има право на лично обезбедување и користење на службено возило со возач.ФОТО: Арбнора Мемети

Македонија | пред 6 години

polov-napad-dete

Полов напад врз 13- годишно дете во Скопје

На 12.05.2019 година во 02,30 часот во Полициската станица Чаир, С.К. (33) од Скопје пријавил дека на 11.05.2019 година околу 21,30 часот на ул.„Б.Буна“, неговото малолетно дете Е.С. (13) било полово малтретирано од детето Ј.С. Според наводите на пријавителот, нападот престанал кога на местото на настанот се појавил братот на нападнатото дете, по што малолетникот Ј.С. побегнал.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

mkd-421113

ВИДЕО: Состојбата во Албанија ескалираше, оган насекаде - повеќе повредени

Извикувајќи „Сакаме европска Албанија“, мото на про-демократските протести од периодот кога земјата го сруши комунизмот во 1990 година, демонстрантите од февруари повикуваат на предвремени избори, откако нивните претставници исто така ги прекинаа односите со парламентот.Некои демонстранти фрлаа молотови коктели, петарди и боја на влезот на владината зграда, а подоцна и на зградата на парламентот.Извикувајќи „Сакаме европска Албанија“, мото на про-демократските протести од периодот кога земјата го сруши комунизмот во 1990 година, демонстрантите од февруари повикуваат на предвремени избори, откако нивните претставници исто така ги прекинаа односите со парламентот.Некои демонстранти фрлаа молотови коктели, петарди и боја на влезот на владината зграда, а подоцна и на зградата на парламентот. Десетина полицајци и неколку демонстранти се повредени.Шефот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша рече дека се „решени и понатаму да продолжат да водат поголема и поодлучна битка, сè додека владата ја држи Албанија одвоена од Европа“.

Свет | пред 6 години

Slika-Frosina-18-12

Ременски: Очекуваме Пендаровски да ги потпише блокираните закони од Иванов

Пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, по инагурацијата на Пендаровски рече дека конечно државата ќе ги тргне стегите од минатото и ќе тргне по вистинскиот европски пат.„Пендаровски ќе води напред, убедени сме. Ќе биде водич кон напредокот и интеграцијата на државата во ЕУ и НАТО. Тој е гаранција за процесите кои обезбедуваат стабилна иднина. Меѓу првите чекори како нов претседател очекуваме да ги потпише блокираните закони, кои се важни за граѓаните“, рече Ременски.Пратеничката посочи дека сега државата ќе јакне како мултиетничка заедница. 

Македонија | пред 6 години

milososki-antonijo

Милошовски: Пендаровски ќе плати за поддршката од партиите, граѓаните имаат големи очекувања

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошовски, вели дека политичките партии кои го поддржале претседателот Стево Пендаровски ќе бараат услуги од него. Тој вели дека Пендаровски ќе дава плати за поддршката.„Му посакувам да има успешен мандат. Граѓаните кои гласаа за него имаат големи очекувања“, рече Милошовски.Според него, најголемата одговронсот во државата имаат СДСМ и ДУИ бидејќи тие имаат целосна власт, а граѓаните го очекуваат животот кој го ветиле.Тој вели дека сега СДСМ и ДУИ имаат апсолутна одговорност пред граѓаните, бидејќи добија апсолутна власт.

Македонија | пред 6 години

pendarovski1

Пендаровски најави политичка одговорност за однесувањето на власта и опозицијата

По потпишувањето на свечената изјава, новиот претседател Стево Пендаровски, рече дека како претседател ќе се залага за ЕУ и НАТО, а ќе има нулта толеранција за криминалот. Тој вели дека со економски политики ќе треба во наредниот период, да се за задржат младите во Македонија.„Основниот критериум на мојот ангажман ќе биде дали ќе бидам претседател на сите граѓани или само на оние кои ме поддржаа. Се обврзувам да бидам претседател на сите граѓани, на оние кои гласале за мене, но и за оние кои не гласале“, рече Пендаровски.Во делот на Армијата, новиот претседател рече дека професионално ќе се однесува, а ќе се постапува според законите.„Најголем проблем е однесувањето на власта и опозицијата. Во овој дел ќе барам политичка одговорност и јавно кажаните зборови да се одговара, оти прави граѓанска разнебитеност. Нашата држава во наредниот период има најголеми приоритети, поголеми економски остварувања и нулта толеранција за криминалот“, додаде Пендаровски.На крајот, рече дека ќе се залага граѓаните да се сплотени, а медиумите да бидат целосно независни. 

Македонија | пред 6 години

BeFunky-collage-13

Ангелов: Фотографиите со знамето на Самоилова тврдина беа фото монтажа

Генералот Стојанче Ангелов изјави дека фотографиите со знамето на Република Албанија поставено на Самоиловата тврдина во Охрид биле фото монтажа и дека таму не било поставено толку големо знаме туку многу помало.„ Сликата која беше на социјалните медиуми е монтирана знамето воопшто не било со такви димензии “ - рече Ангелов и додаде дека имало адекватна реакција на државата.Инаку спротивно на тврдењата на Стојанче Ангелов,  човекот кој го постави знамето на соседна Албанија Ѓерѓ Прекоцај од Косово самиот во медиумите изјави дека дошол намерно да ја прекрие тврдината со знаме, бидејќи оваа територија од Господ била дадена како нивна и нивна ќе станела нивна.„Господ ни ги дал нас овие територии и ќе бидат наши и никогаш нема да ги оставиме, изјави Прекоцај за ИНА .https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/728067950942220/

пред 6 години

mickovski-press-poraz

Мицкоски не е поканет на инаугурацијата на Пендаровски !

Од прв ден почнаа нови поделби ?Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не добил покана да присуствува на инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски.-Досега до претседателот Мицкоски нема упатено покана за присуство на денешниот настан. Претседателот Христијан Мицкоски денот ќе го помине стандардно, со утринска прошетка и искачување на Водно, потоа продолжува со работни ангажмани во седиштето на партијата, каде има однпаред закажани средби и состаноци. А, попладне ќе биде со своето семејство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Пендаровски во својата кампања говореше ќе биде претседател на сите граѓани на републиката, без оглед на нивната етничка, политичка или верска припадност. Сепак, не успеа да се издигне и да го покани лидерот на партијата која освои најмногу македонски гласови на изборите.

Македонија | пред 6 години

apsenje-srbija

(ВИДЕО) Вучиќ се налути, го упапси општинскиот врв од својата партија во Пожега поради корупција

Градоначалникот Милан Божиќ (62), претседателката на Советот на општина Пожега Зорица Митровиќ, нејзиниот сопруг Миленко Митровиќ, како и шефот на општинската администрација, Велимир Максиќ, вчера беа уапсени во акција на полицијта поради злоупотреба на службена положба и штети нанесени на општинскиот буџет од повеже стотици илјади евра.Апсењето се спроведе и покрај тоа што раководните лица од општината се кадри на владејачката Српска напредна странка, на претседателот Александар Вучиќ.Исто така, беше уапсен и В.Г. (1970), раководител на одговорното лице во Агенцијата за проценка на недвижен имот на планината Ивањица поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба во врска со јавните набавки и криминално дело за фалсификување документи.Уапсени се за корупција, поради сомневање дека сториле кривично дело злоупотреба на службената должност. Тие во периодот 2017-2018 во постапката со четири набавки на општина Пожега одобриле исплата на фактури издадени од страна на работата на изведувачите, иако овие услуги и работи не се извршува во времето на исплата, и процедурите за набавки не биле спроведени во согласност со закон.На овој начин фирмата „Горски” се стекнала со корист од 1,36 милиони динари (околу 100.000 евра), и на општинската администрација на Општина Пожега предизвикала загуба во тој износ. 

Свет | пред 6 години

tutun

Од денеска врнежи од преку 70 литри на метар квадратен - Предупредување до земјоделците

Од денеска попладне земјава ќе биде под влијание на серија влажни бранови поради што се очекуваат врнежи од над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови и од над 70 литри. УХМР, освен врнежи, за наредните денови најавува и грмежи, како и силен ветер. Локално, како што соопшти, процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи упатија предупредување во врска со неповолната временска прогноза за следните денови.Променливото време со повремени врнежи од дожд и пониски дневни температури на воздухот ги одржува земјоделските култури во активна состојба,  со доволно влага во почвата но и со услови за појава на плевели,  болести и штетници заради големата релативна влажност во воздухот.Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, новите врнежи од дожд прогнозирани за викендот и почетокот на наредната седмица ќе започнат да предизвикуваат проблеми со пролетната сеидба, расадувањето на тутунот и останатите работи на отворено, поради големата влажност особено во површинскиот слој.Се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив.  

Македонија | пред 6 години

download-1-1

(ВИДЕО) Гори зградата на Владата во Тирана

https://www.facebook.com/Ora.News.RTV/videos/2249574785085785/Нови протести во Албанија и нови инциденти. Демонстрантите фрлаа со молотови кокнтели кон зградата на владата и го запалија влезот. Противпожарните служби се обидуваат да го изнаснат огнот, а полицијата да ги спречи демонстрантите да ја пробијат заштитната ограда и да влезат во зградата. Обединетата албанска опозиција денеска попладне ќе го одржи, како што го нарекува, четвртиот народен протест пред Владата во Тирана. Протстот почна во 18 часот и 30 минути, а информациите од двете најголеми партии во обединетата опозиција, Демократската на Љуљзим Баша  и Социјалистичкото движење за интеграција  на Моника Круемади, протестот е најмасовен досега. И на денешнот протест опозицијата ги повтори веќе познатите барања, заминување на премиерот Еди Рама и формирање техничка влада, која ќе спроведе фер и демократски избори.За безбедноста ангажрани ќе бидат повеќе од 1.200 полициски службеници од сите сектори кои се распоредени главно пред Владата, но и други значајни институции.   Вчера, ден пред протестот, како и претходните, Амбасадата на САД во Тирана, упати апел за воздржаност и искористување на демократското право на мирен протест. Од февруари, кога почнаа до сега одржани се девет протести, од нив шест пред Парламентот, додека три, пред Владата. Претходните протести минаа во насилство, пробиени полициски кордони, многу чадни бомби и тврди предмети фрлани врз полицијата, солзавец и водени топови како одговор на тоа, повреденинајмногу полицајци, оштетени трговски објекти, возила и приведени лица.https://www.facebook.com/Ora.News.RTV/videos/2249574785085785/Извор: Телевизија 21

Свет | пред 6 години

kontenjer-1

Се палат контејнери во Скопје, ноќеска интервенирала Противпожарната бригада

На 11.05.2019 год околу 00,25 часот од страна на вработен во Комунална Хигиена - Скопје, пријавено е дека околу 00,00 часот на 11.05.2019 година на засега непознат начин биле опожарени и оштетени два пластични контејнери ,поставени на ул. “Ѓорче Петров“  во близина на угостителски објект, а во сопственост на Комунална Хигиена - Скопје.Пожарот е изгаснат од страна на екипа на БППЗ. Се работи на расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

maxresdefault-1

Откако докторите и медицинските сестри се отселија, Филипче најави мерка како да ги задржи оние кои останаа

Извор: СДК.МК - прочитајте повеќе ТУКАОдливот на средномедицински кадар од државните болници во приватните, како и во странство, за кое деновиве алармираше Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) министерството за здравство ќе го решава со нови вработувања, зголемување на платите, едукација и зголемување на ингеренциите. Според податоците од Здружението стотина медицински сестри од јавните здравствени установи се иселиле во странство или заминале во приватните болници, а сѐ уште не е решен статусот на голем број медицински сестри од примарното здравство кои останаа без работа по затворање на ординациите на матичните лекари.„Медицинските сестри се столбот на нашиот здравствен систем. Лани примивме огромен број медицински сестри и лекари, ги зголемивме платите и ноќните дежурства, а сега по изборите ќе продолжиме со зголемување на платите, вработувања и на доктори и на медицински сестри, ќе ја подобриме и едукацијата, а консултиравме и експерти од Светската Здравствена организација за зголемување на нивните ингеренции. Преку вклучување на медицинските сестри во мобилните тимови и со вклучување на сите завршени доктори кои ќе добијат лиценца да стажираат во Итната медицинска помош и здравствените домови 6 месеци со обезбедена плата, ќе ги стимулираме да останат во земјата у во јавните здравствени установи“, рече Филипче

Македонија | пред 6 години

avtobus-iseluvanje-mladi

Младите од Скопје со четири автобуси заминаа за Германија - засекогаш!

Четири автобуси со млади луѓе од Сарај вчера тргнаа за Германија, пишува порталот Инфо Шќип.Оваа појава зазема загрижувачки размери во нашата земја. Оправдувањето на младите за оваа појава е економската состојба и губењето на надежта за подобар живот, анализира порталот.Меѓу регистрираните македонски државјани во Германија особено е голем бројот на оние меѓу 20 и 45 години старост- возраст која се смета за најплодотворна. 38 илјади македонски државјани на оваа возраст се жители на Германија или околу 36 проценти од вкупната бројка.Дополнително, речиси 35 проценти од вкупниот број не се во брак. Околу 10.500 деца од родители со македонско државјанство се родиле во последните 10 години во Германија. Од вкупната бројка жители со македонски пасош во Германија, нешто над 14 илјади се родени во таа земја.Бројките на германскиот Завод за статистика покажуваат дека над 30 проценти од македонските државјани кои престојуваат во земјата се тука, засега, привремено

Скопје | пред 6 години

12316668_429391920600126_6875013577863217677_n

Новинар кој го критикува Ердоган претепан со безбол палки

Колумнистот Јавуз Селим Демираг во болница откако беше претепан со безбол палки, соопшти дневниот весник „Јеничаг“.Весникот наведува дека нивниот колумнист бил нападнат од страна на пет до шест луѓе.Причината за нападот на Демираг се уште е непозната.Демираг важи за критичар на политиките на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, а инцидентот се случува во време на зголемени тензии поради одлуката за поништување на резултатите од изборите за градоначалник на Истанбул.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања