„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

filipce-vakcina

Филипче ќе бара помош од Дескоска законски да се забрани невакцинирани деца да не одат на училиште

Не отстапуваме од ставот да не се примаат невакцинирани деца во училиштата и градинките, оти само така ќе се стави крај на епидемијата со мали сипаници, рече министерот за здравство Венко Филипче, по вчерашната изјава на министерот за образование Арбор Адеми дека деновиве треба да го усогласат ставот оти основното образование е задолжително, а при тоа да не се нарушува јавното здравје.„Викендов ќе имаме средба со министерот за образование, во тоа ќе ја вклучиме и експерти по уставно право, како и министерката за правда. Ние како министерство дадовме препораки, бидејќи во моментов имаме епидемија, и од понеделник ќе излеземе со усогласен став. Нема да отстапиме од ставот невакцинирани деца да не се примаат во градинките и школите, оти тоа е единствениот начин да се стави крај на оваа епидемија и да не ни се повторуваат вакви ситуации“, рече Филипче на одбележувањето на 12 Мај- Денот на медицинските сестри, во организација на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки (ЗМСТАМ).На Клиниката за инфективни болести во моментот има двајца болни од мали сипаници кои се во тешка состојба, а вкупно се лекуваат 30 пациенти.

Македонија | пред 6 години

Zaev-i-Pendarovski

Пендаровски ги најави првите четири откази

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски смета дека со овие избори, земјава покажала дека може да се однесува европски, а институциите да работат професионално.За потпишување на законите кои не ги потпиша досегашниот претседател Ѓорге Иванов ќе се консултира својот правен тим што ќе го доекипира наредната недела. Тој најави дека ќе учествува во реформите на разузнавачките служби кои се под надлежност на претседателот. Политички реваншизам, рече, нема да има, ниту во институциите под надлежност на претседателот, ниту во претседателскиот кабинет. Сите кои професионално работеле, како што потенцира, ќе продолжат да работат, а секој кој го прекршил законот треба да одговара.– Прв пат од деведесеттите години навака сите учесници од изборниот процес го признаа изборниот резултат. Тоа се случува по 25 години и е исклучително добра препорака за нас како држава во пресрет на јунскиот самит на ЕУ. По децении и децении државата покажа дека може да се да се однесува европски и институциите да бидат професионални и непартиски – рече Пендаровски.Тој рече дека по примопредавањето на функцијата заедно со досегашниот претседател Ѓорге Иванов ќе има средби со вработените, на кои ќе им каже дека нема од што да се плашат.– Политичкиот реваншизам треба да биде минато во оваа земја. Кој прекршил закон ќе одговара, кој си работи како треба, стручно, треба да остане на работа независно деали е припадник на партијата на власт, на опозиција или не е припадник на ниедна политичка партија – истакна Пендаровски.Во врска со законите што не ги потпиша Иванов, Пендаровски напомена дека ќе се обиде најбрзо можно во текот на следната недела да го доекипира неговиот правен тим, бидејќи, како што рече, не сака да потпишува „на слепо“.

Македонија | пред 6 години

60216964_10213349303838622_8193363034446495744_n

(ФОТО) ДА СЕ СПЛОТИМЕ И ПОМОГНЕМЕ: Помош на семејството на возачот кој почина на Стража може да донирате во Соборниот храм

Семејството на 37-годишниот возач на автобус, кој вчера почина ненадејно на Стража бара помош во финансиски средства, но и играчки и облека за 3-годишниот син на возачот.Донации можат да се остават во Соборниот хран св. Климент Охридски во Скопје, каде е поставена и кутија за парични средства кои се потребни на семејството.Сите кои сакаат да помогнат, да му се јават на Часлав Величковиќ 070233473На семејството од Ѓорче Петров најмногу му се потребни финансиски средства, но и играчки и облека за три годишниот Димитриј кој вчера засекогаш остана без својот татко како и останати донации се добредојдени.Инаку и во Фејсбук групата „Православни вести и патувања“ беше објавено дека деновиве ќе се организираат самоиницијативно и ќе донираат за семејството.Деталите за донацијата пред Соборната Црква како и денот дополнително ќе ги објават.НАПОМЕНА: Групата „Православни вести и патувања“ има направено грешка, возачот има син, во продолжение еве го нивниот пост.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Погледнете ги легендарните гафови на Иванов

Од кога стана претседател во 2009 година, па сè до денес, Ѓорге Иванов на функцијата меѓу другото ќе биде запаметен по гафовите во јавноста. Од неговата прва неславна изјава откако стапи на функцијата за Космодиск демократија – шашаво е, ама функционира, по која следеше легендарната - Разумен компромис е разумен компромис, потоа дека западната цивилизација тргнала од селото Паљурци крај Богданци, по што се редеа и низа други, како таа дека си намигнал со американскиот претседател Барак Обама, па ако тој можел да биде претседател, зошто и децата да немаат сон да станат нешто во животот, нема ништо поуспешно од успех или после декември ќе дојде јануари.Последната во низата е неговата изјава за време на регионалната бизнис иницијатива „Самит 100“ во Сараево, одговарајќи на прашањето како Александар Македонски денес би се снашол во македонската бизнис клима.„И Исус Христос да се јави ќе го убијат. Исто важи и за Мухамед. И тој да се јави ќе го убијат“, рече Иванов и следеше уште една дека „Александар бил тоа што бил оти учител му бил Александар“.Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека Иванов со гафовите не само што се омаловажува и наведува себе си, туку и самата држава која ја претставува и генерално целото население кое живее во неа.Погледнете ги гафовите на Иванов:

Магазин | пред 6 години

missing-people

Исчезнале двајца малолетници од Скопје и девојче од Прилеп

На 10.05.2019 година во 12,30 часот во ПС-Чаир, Д.Т од Скопје,  пријавил дека на 09.05.2019 година околу 07,30 часот од дома во непознат правец се оддалечила С.Џ. (15), под старателство на пријавителот.На 10.05.2019 година во 17,40 часот во Полицискта станица-Чаир, М.М. од Скопје, пријавил дека на 09.05.2019 година од дома во непознат правец се оддалечила А.М.(14).На 10.05.2019 година во ПС-Прилеп, Т.Д (56) пријавил дека на 02.05.2019 година од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Х.Д(19).Се преземаат мерки за пронаоѓање на сите лица велат од МВР.

Скопје | пред 6 години

Screenshot_9

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Поранешен полицаец разнесен со бомба на сред улица

42-годишниот Далибор Богдановиќ, нарекуван Боќа, е тешко ранет во синоќешна експлозија на џип во Нови Сад, а бил ранет и пред 5 години.Тогаш бил работник во полиција и комесар за безбедност во ФК Војводина, а ранет бил во стомакот и раката на 3. октомври 2014 година во 02:30 часот во центарот на Нови Сад.Поради проблематичниот карактер и контакт со разни сомнителни лица, последните години е распореден на административни работи во полициската станица во Нови Сад.

Свет | пред 6 години

22046560_1844972422498958_7995973371322572763_n

Минатата година комарците умираа од старост, а сега Шилегов порани со прскање

Првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје против ларви од комарци се изврши денеска во раните утрински часови.Веројатно Скопје е единствениот главен град во Европа каде комарците се осудени да умрат од старост, се дел од шегите на социјалните мрежи кои минатата година се објавуваа, а имаа за цел да пренесат порака до Шилеогв.Градот Скопје минатата година закасни со прскањето против комарци, а оваа година, го направи првото прскање.

Скопје | пред 6 години

Damjan-Mancevski1

ДКСК ја прекина постапката против Манчевски, утврдила дека нема фирми во Грција

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на својот профил на Фејсбук напиша дека откако поднел демант со конкретни докази, Антикорупциската комисија ќе ја прекине постапката што ја покрена како одговор на пријавата од ВМРО-ДПМНЕ со, како што наведува, лажни и нецелосни податоци.„Членовите на ДКСК беа избрани на транспарентен начин, согласно професионални критериуми, а тоа го потврдуваат со својата работа. Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ, следен пат кога ќе одлучат да ме обвинуваат, тоа да го прават со докази, а не со шпекулации и невистини“, вели Манчевски.Постапката против Дамјан Манчевски беше околу сомнежи во врска со грчки фирми, по објавувањето на прислушуван разговор.

Македонија | пред 6 години

stojance

Ангелов за „Диво Насеље“: Дадени се околу 2 милиони евра на криминална група да ја нападнат македонската полиција

Стојанче Ангелов во вечерашното гостување на централниот Дневник на 1ТВ за настаните од кумановско „Диво насеље“ рече дека со одземањето на големо количество оружје од караулата кај Гошинце започнуваат сомнежите дека се спрема реализација на монструозниот план кој резултираше со човечки жртви и нагласи дека сето тоа било со цел да се одвлече вниманието од бомбите.-Некој во Македонија направи монструозен план. Затоа што од два независни извори добив информација дека се дадени околу 2 милиони евра на криминална група која под плаштот на тој албански патриотизам наводно за борба за албански права во Македонија да ја нападнат македонската полиција и војска, за да се одвлече вниманието од бомбите. Се додека не се најдат инспираторите и да се докаже вистината, оваа верзија која ја најавив пред да се случи масакрот останува на сила. Интересно е што по моето најавување на ваков можен настан, десетина дена подоцна се случи нападот на караулата во Гошинце и беше одземено големо количество на оружје. Кај мене првиот сомнеж го пробуди објавата на Непрес дека Заев, Ангелов и исламски радикали спремаат крваво сценарио во Македонија. Потоа стигнаа овие информации до мене и го запалија зеленото светло, за жал тогашните служби не ме повикаа да ме прашаат од каде е мојата ифнормација. Ако политичкиот врв и врвот на МВР не сакаа да дознаат од каде ми е информацијата, ќе укажев дека се работи за сериозна информација. Од друга страна тие требаше да бидат алармирани дека нешто се подготвува поради нападот во Гошинце. Имаше повеќе од стотина автоматски пушки. Се додека не се докаже спротивното, тоа оружје е донесено таму за да биде земено од вооружената група, рече Ангелов, кој додаде дека не располага со информации за тоа дали има новитети во врска со истрагата или пак дали се води тајна истрага.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Шилегов ќе именува дрва со имиња на новороденчиња

Град Скопје денеска симболично го најави почетокот на акцијата „Дрво за секое дете" што ја спроведува со болниците и гинеколошко-акушерските клиники во Скопје. 20 новороденчиња добија дрво на кои ќе стои нивното име и датум на раѓање.Првите плочки со имиња на новороденчиња беа поставени на новиот дрворед зад стадионот на Армијата, до Кејот на реката Вардар. Плочките се напишани на јазикот кој го одбрале родителите.„Во наредниот период уште 300 дрвја во градските дрвореди и паркови ќе добијат плочки со имиња на новородените деца во чија чест е засадено тоа дрво. Особено се радувам што овие деца ќе растат истовремено со дрвјата и ќе можат да го следат растот на своето дрво. Со тоа, на симболичен начин сакаме да создадеме врска меѓу градот и неговите сегашни и идни граѓани“, рече градоначалникот Петре Шилегов.Од Град Скопје ги повикаа идните родители да се пријавуваат во Град Скопје, за да учествуваат во оваа акција и да имаат свое дрво во главниот град.

Скопје | пред 6 години

SJO

Преговорите за СЈО се театар за јавноста, Заев има 80 пратеници за изгласување на законот?

Законот за јавно обвинителство тапка во место. Црвените линии и од власта и од опозицијата тврдат дека нема да ги поминат. Во јавноста веќе кружат гласини дека преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за СЈО се само театар за јавноста, оти премиерот Зоран Заев има обезбедно 80 пратеници кои ќе гласаат за законот.„ВМРО-ДПМНЕ остана на нивното барање сите постапки после првите 18 месеци да бидат запрени. Тоа значи сите докази коишто се обезбедени да пропаднат во вода, односно да не бидат веќе употребливи, сите мерки коишто се преземени да престанат, a тоа значи поконкретно, ако им е замрзнат имотот, тој да биде одмрзнат, ако се изречени мерки за претпазливост како одземени пасоши или јавување во суд – сето тоа да престане и евентуално, тие постапки потоа ќе бидат спорни ако ги отвора повторно обвинителството. Таквиот став е неприфатлив, бидејќи тоа во суштина е амнестија за сторени кривични дела“, кажа Дескоска.Дали Катица Јанева и нејзиниот тим ќе останат на нивните позиции – зависи од Советот на јавни обвинители, власта се оградува од преговорите за кадровските решенија. Но за целосниот Закон за Јавно обвинителство велат дека ако не постигнат договор со ВМРО ДПМНЕ, ќе бараат поддршка од другите партии, за да се стигне до бројката од 80 пратеници.Предвидувањата за кои се поизвесно е дека се точни, кажуваат дека премиерот Зоран Заев парламентарно мнозинство ќе обезбеди со осумината пратеници кои гласаа за уставните измени, а потоа беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

ivanov-veligden-1

Иванов си зема стан на државна сметка кај кумашинот: Чиј е станот, дали Ѓорѓе го издава сам на себе?

Државата ќе му плаќа канцеларии на претседателот во заминување, Ѓорѓе Иванов во кулите „Џеваир“, чиј сопственик е неговиот кумашин, Ибрахим Џеваир. Во 2012 година, Иванов и неговата сопруга беа кумови на синот на познатиот турски бизнисмен кој изгради облакодери во Аеродром.Од тогаш, во јавноста се појавија различни информации, а една од нив е, дали Иванов има негови станови во комплексот? Откако се објави дека Иванов сака државата да му плаќа канцеларии на 28 кат во оваа зграда, се отвора прашањето, дали е можно претседателот во заминување сам на себе да си ги изнајмува канцелариите?Ова прашање може да го одговори само Антикорупциската комисија, која може да покрене постапка по допрен глас.Буџетот на идната Канцеларија на Иванов, според Законот, е во висина од 8% од буџетот на претседателот на државата, кој за 2019 година изнесува 81 милион денари. Тоа значи дека Канцеларијата на Иванов би добила на располагање околу 105.000 евра годишно. Државата ги покрива и материјални трошоци за потребите при остварувањето на активностите на поранешниот претседател.

Македонија | пред 6 години

elizabeta-sopruga-pendarovski

Пендаровски во понеделник ќе се всели на Водно, а еве што имот поседува на почетокот од мандатот

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски најверојатно ќе биде инаугуриран за претседател в недела, со почеток во 12 часот. Еден до два часа подоцна, се планира во претседателската резиденција, претседателот во заминување Ѓорге Иванов да му ја предаде должноста на Пендаровски. Тоа ќе биде прво примопредавање на претседателската функција во резиденцијата на Водно, каде што Иванов беше и прв станар, додека кабинетите на претходните претседатели беа сместени во Собранието.Според анкетниот лист кој го доставил кога станал Национален кординатор за НАТО, Стево Пендаровски, новиот пртседател на државата на свое име нема пријавено недвижен имот.На свое име пријавил само возило Југо и девизна штедна книшка на која има 12.230 евра. На име на сопругата пријавил уште едно возило, Рено Меган и девизна сметка. Југото како што можевме да видиме во текот на изборната кампања не го вози, туку го користи возилото на сопругата.

Македонија | пред 6 години

cipras-press-2

Ципрас повторно доби доверба од Парламетот: Иако критикува, Мицотакис се согласува со мене

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас и лидерот на oпозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, денес повторно се судрија во парламентот, пред гласањето за доверба на владата, пренесува „Катимерини“.Како што беше очекувано, владата доби доверба со 153 пратенички гласа, додека 136 пратеници гласаа против.Во неговиот говор пред гласањето, Ципрас тврдеше дека и покрај тоа што го критикува, Мицотакис всушност се согласува со сите социјални придобивки кои претходно оваа недела ги најавил, а потоа ја осуди и економската програма на конзервативниот лидер на Нова демократија и ја опиша како „елитистичка“.Во меѓувреме, Мицотакис, чија партија има предност пред СИРИЗА на Ципрас според анкетите, рече дека тој треба да повика на предвремени парламентарни избори ако изгуби на Европските избори кои се закажани за крајот на овој месец.– На Европските избори ќе се гласа против на политиките на најлошата влада на Грција уште од времето на повторното воспоставување на демократијата во земјата- рече Мицотакис.И двајцата лидери не се сметаа за одговорни за жестоката и според медиумите, невкусна дебата, во средата во Парламентот.

Свет | пред 6 години

nuri-bajrami

Бајрами од Антикорупциската комисија: Не знам дали има премети за ДУИ, но имаме 222 предмети за корупција и 257 за судир на интереси

Членот на Антикорупциската комисија, Нури Бајрами во емисијата „360 степени“ вели дека не знае дали се покренати постапки против функционери на ДУИ.„Дали има предмети за ДУИ, јас не сум се впуштил да анализирам и не знам. 222 предмети има за корупција и 257 за судир на интереси. Тоа се над 470 предмети. Никаде не се вели 'висока или ниска корупција' сите членови третираме исти вид корупција. Непотизмот генерира корупција“, рече Бајрами во „360 степени“.Тања Ковачев од СДСМ доби прекршочна пријава од ДКСК, зошто не известила за вработувањето на нејзиниот сопруг. Во однос на предметите отворени пред изборите, Бајрами вели дека тие се врзани со рокови и мора да се отворат предметите, тоа е тековна работа за Антикорупциската комисија.„Предметите се отворени на две седници. По тие предмети има и рокови кои мора да се пазар. Предметот мора да се заврши за 60 денови. Може да се работи ако станува збор за тековна работа и според програма, а нашата беше тековна, а не намерна. Ние не отвораме и затвораме предмети намерно, туку со времето се менуваат работите, застаруваат роковите. Има работи кои не се трајни, па не можеш да се вратиш без граници назад. Тие што се отворени, се гледа дека не се спроведени процедурите како што треба“, додава Бајрами.„Ние сме на почеток и кога го имплементираме новиот закон и ние учиме. Во овој период со натрупани нови предмети, изборна кампања, со вакум од 10 месеци и предмети кои се работат по стариот закон, не можеме да дојдеме до заклучок до тоа дали е нешто е корупција или не. За разлика од другите органи кои водат управна постапка, ние мора да донесеме одлука која треба да е правно издржана. Тие предмети што имаат наводи, ние ги отвораме и не треба пред време да преудицираме што бараме. Ќе гледаме да не се претвориме атракција секој да достави било што, што не сме во можност да го провериме“, додаде Бајрами во „360 степени.„Нас ни доаѓаат предмети од сите области, јавни претпријатија, училишта. Ние како надлежност имаме антикорупциска проверка на предметите. Ако ние не имплементираме закон и не дејствуваме за закон за лобирање, ако не проверуваме кои одредби генерираат корупција и непотизам, ние пак ќе викаме „ова е завршена работа“, рече Бајрами, запрашан зошто Антикорупциската комисија само кажува дали има непотизам или корупција и не превзема ништо.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања