„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

gjorge-ivanov

Иванов се сели во Џевахир

Претседателот Ѓорѓе Иванов побарал кабинетот кој законски му следува по завршувањето на функцијата да биде во кулите на турски „Џевахир Холдинг“ во скопски Аеродром, пренсува „360 степени“.Од повеќе неофицијални информации, се дознава дека канцелариите на Иванов ќе бидат на два ката во една од зградите. Едниот простор, за службените обврски на неговиот кабинет, е на 22 кат.Просторот за библиотека и состаноци е близу самиот врв, на 38 кат, а вкупната месечна кирија, неофицијално, е околу 2000 евра месечно.

Македонија | пред 6 години

venko-filipce

Обвинителство смета дека Филипче не направил злоупотреба со тендерите во здравство

По сеопфатно проучување на прибраниот доказен материјал во врска со наводните неправилности при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство, надлежен јавен обвинител од  Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажува дека нема место за јавнообвинителска интервенција, велат од Обвинителството.„Во текот на минатата година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе предистражна постапка по допрен глас, заради постоење на индиции за повреда на законот при постапки на доделување на договори за јавни набавки во Министерството за здравство согласно чл. 353 став 5 од Кривичниот законик. Во овој предмет беа опфатени постапките за јавни набавки на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка, набавка за биореагенси и тестови на крв, изградба на бункер за акцелератор во Клиничката болница во Штип и судир на интереси во јавна набавка на лекови во ЈЗУ Клиника за хематологија.За да постои кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување предвидено и казниво по член 353 став 5 потребно е јавната набавка да е спроведена на незаконит начин и да има склучен договор за јавна набавка. Доколку нема склучен договор, не се исполнети елементите за сторено кривично дело од овој член.Така, од прибраниот доказен материјал произлегува дека во случајот со набавка на лекот Вемурафениб, постапката за јавна набавка е спроведена, но на предлог на Комисијата за јавни набавки, донесена е Одлука за поништување на постапката согласно член 169 од Законот за јавни набавки и не е склучен договор за набавка.Во врска со јавната набавка на биореагенси и тестови на крв, постапката е спроведена, но не е склучен договор, со оглед на тоа што Државната комисија за жалби по јавни набавки ги прифатила жалбите на жалителите и постапката е поништена.Што се однесува до постапката за изградба на бункер за акцелератор во Клиничката болница во Штип, во овој случај се работи за Рамковен договор за заем за финанирање на Проект за изградба и модернизација на Клиничкиот Центар Мајка Тереза во Скопје и регионалната Клиничка болница во Штип каде важат одредбите од Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа, а не одредбите од Законот за јавни набавки, па од тука и не постои повреда на чл. 353 ст.5 од Кривичниот законик.Од Посебниот извештај кој е резултат на постапување по допрен глас на Управата за финансиска полиција, а во врска со судир на интереси во јавна набавка на лекови во ЈЗУ Клиника за хематологија, произлегува дека нема повреди во постапката по јавните набавки, ниту е утврден судир на интереси кај одговорните лица, туку јавната набавка во целост и во сите фази е спроведена согласно закон“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

mvr-akcija

Наредба за истрага за четири лица по синоќешната акција „Сикрет“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица. Лицата се сомничат дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик.По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на надлежен јавен обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Министерството за внатрешни работи спроведе акција со кодно име „Сикрет“. Во текот на вчерашниот ден до денес, до раните утрински часови беа извршени претреси на дом и лица на 11 локациии низ Градот Скопје и околината. Во акцијата лишени се од слобода три лица, додека едно лице во моментот е недостапно на органите на прогонот. Еден од осомничените во обид да ја напушти државата е лишен од слобода на Меѓународниот аеродром – Скопје. При извршените претреси пронајдени и одземени се повеќе пакувања на наркотична дрога што била подготвена за дистрибуција и продажба, пет луксузни патнички моторни возила, поголемо количество на парични средства што потекнуваат од извршувањето на кривичното дело, како и ваги за мерење на дрогата, огнено оружје и телефони. Предметите од претресите по наредба на обвинител се предадени на вештачење.Имено, двајца од осомничените, кои се браќа, од почетокот на месец февруари годинава во повеќе наврати од непознати лица, набавувале неодредени количини на наркотична дрога кокаин, ја препакувале во нивниот дом и неовластено ја продавале. Тие, со цел продажба на дрогата и стекнување на противправна имотна корист, организирале мрежа на препродавачи меѓу кои биле останатите осомничени задолжени за доставување дрогата до купувачите на различни локации во градот Скопје. Неовластената продажба се остварувала преку телефонски контакти со лица уживатели на дрогата. Во зависност од големината на пакувањата дрогата што ја нуделе била по цена од 2500 до 6000 денари.Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во текот на денешниот ден поднесе Предлог за определување на мерката – притвор за осомничените.

пред 6 години

ubistvo-so-kamen

Работник во Тетовско го убил својот холандски газда, сопственик на Расадник

Работник во Тетовско со камен во глава го убил газдата. Убиениот е државјанин на Холандија, сопственик на расадникот „Еуроплантс“, за украсни дрвца во тетовско село Прељубиште.Од СВР Тетово информираат дека во полицискиото одделение во Јегуновце е пријавено дека има најдено мртво тело на имотот на расадникот. Во моментов полициски службеници како и јавен обвинител се на местото на убиството каде што вршат увид.Според јавното обвинителство 45-годишен жител на тетовското село Јанчиште, денеска во 13,30 часот го убил неговиот работодавец, 60-годишен државјанин на Кралството Холандија.Осомничениот е лишен од слобода, а истрагата во обвинителството продолжува до целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

kravi-avtopat-4

(ФОТО) Стадо на крави шетаат на автопатот Скопје-Тетово

Стадо на крави шетаат на автопатот Скопје-Тетово, предупредуваат возачите апелирајќи да се внимава.Поздрав „Македонија пат“, како сте? Добри?, прашуваат иронично патниците, на ѕидот на сообраќајниот срам.Доколку се упатувате кон овој правец, возете внимателно.

Македонија | пред 6 години

gjorge-ivanov

Иванов има право на пензија, обезбедување, возач, возило, канцеларии, што ќе користи?

Претседателот во заминување, Ѓорѓе Иванов има низа од привилегии во наредните години.Претседателот на Република Македонија по престанување на функцијата има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот наРепублика Македонија.Претседателот на Република Македонија на кого му престанала функцијата има право на канцелариски простор и најмногу до три стручни лица. Стручните лица правата од работниот однос ги остваруваат во кабинетот на претседателот на Република Македонија, а се именуваат на предлог на претседателот на кого му престанала функцијата.Претседателот на Република Македонија на кого му престанала функцијата има право на лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач согласно со прописите што ги донесува министерот за внатрешни работи.Претседателот на Република Македонија на кого му престанала функцијата има право на материјални трошоци за потребите при остварувањето на неговите активности. Средствата се обезбедуваат во Буџетот на Република Македонија во висина до 8% од средствата утврдени во Буџетот за претседателот на Република Македонија.На претседателот на Република Македонија на кого му престанала функцијата може по негово барање да му мируваат правата кои му следуваат.На последниот работен ден како претседател на државата, пред да му истече мандатот во недела, Ѓорге Иванов денеска го искористил законското право и доставил барање до владината Служба за општи и заеднички работи за изнајмување на кабинет.Според официјални информации, СОЗР одговорила позитивно на барањето, бидејќи буџетот за канцеларијата изнесува 8 проценти од годешниот буџет на претседателскиот кабинет, што е во согласнот со постоечкиот Закон за правата на претседателот и неговото семејство по престанок на функцијата.Со тоа, Иванов дефинитивно нема да се врати на старото работно место како професор на скопскиот правен факултет, туку до крајот на животот ќе користи месечна пензија од околу 100.000 денари, личен возач и лично обезбедување.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Цените на бензините можат драстично да се зголемат од вторник, секој сам ќе одлучува

Новите цени на горивата од вторник граѓаните ќе ги дознаваат на бензиските пумпи, оти трговците ќе ја формираат цената наместо тоа да го прави Регулаторната комисија за енергетика.Нејзиниот мандат за утврдување на цените на дериватите истечува во понеделник на полноќ кога истекува договорот со ОКТА според кој функционираше старата методологија за утврдување на цената. Новата методологија е заглавена во собранието бидејќи измените на Законот за енергетика не се потпишани од актуелниот претседател на државава Ѓорге Иванов.Цената на горивата да остане во рамки на движењето на светската берза, апелираат од Регулаторната комисија за енергетика, чиј мандат за утврдување на цените на дериватите завршува в понеделник на полноќ. Возачите за новите цени од вторник ќе се информираат директно на бензинските пумпи кои самостојно ќе ја одредуваат цената по литар. Ваквиот проблем настана откако во Регулаторната комисија заврши договорот за утврдување на цените по старата методологија, а новите законски измени се уште не се во сила. Сепак, од Комисијата смируваат – добиле уверување од трговците дека нема да се создаде ценовен шок.

Македонија | пред 6 години

bektesi-metla

Бектеши за „метлата“: Ахмети одлучува за функционерите од ДУИ, а не Заев

Министерот за економија Крешник Бектеши во коментар на најавите на  премиерот Зоран Заев за разрешување на владини функционери поради незадоволство од нивната работа  вели дека за кадрите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) од која што е тој дел, одлучува партијата и нејзиниот лидер Али Ахмети.Предметот во Антикорупциската комисија во однос на вработувањето на неговата сестра во државна енергетска компанија, како што изјави денеска Бектеши, е веќе завршен, не е утврдено дека има непотизам и конфликт на интерси, туку само административна грешка што требало да се пријави како вработување.– Што се однесува до реконструкцијата јас сум дел од Демократската унија за интеграција која е сериозна политичка партија која има свои органи и претседателство и лидер  – Али Ахмети кој ќе одлучи за неговите кадри, изјави Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на натпреварот на ученички компании.За мене, дополни тој, не е важно  дали  ќе бидам сменет или не, туку да се реализира програмата на ДУИ што е инкорпорирана во владина програма.– Ако ДУИ одлучи дека треба да  одам на друго место или да го отстапам каде ќе кажат таму ќе  го дадам мојот придонес за доброто на партијата, но најмногу за доброто на државата, посочи Бектеши, посочувајќи дека анализа на неговото работење може да прави матичната партија.ИЗВОР: ФОКУС.МК

Македонија | пред 6 години

tricikl-1

Ресенчанецот Васил Јанкула, лице со церебрална парализа со трицикл тргна во обиколка на државава

Васил Јанкула , 26 годишен ресенчанец, лице со церебрална парализа денеска започна голем подвиг. Имено тој со трицикл реши да ја обиколи државата.Според Јанкула се одлучил на овој подвиг со цел да помогне во подигнување на свеста кај лицата со посебни потреби. Тој е категоричен дека тие не треба да седат дома, туку да бидат упорни и да си ги остваруваат своите желби и цели.„Сакам да упатам апел до сите лица со хендикеп да бидат силни и храбри и да не се откажуваат на пола пат. Она што ќе замислат и да го направат“, вели Јанкула.Јанкула тргна, но упати апел до учесниците во сообраќајот да внимаваат додека возат и да не му го попречуваат патот  него и на неговата експедиција.Експедицијата на Јанкула тргна од центарот на Ресен, предвидено е да помине околу 900 километри со трицикл,  по што ќе продолжи преку Битола, Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга, Охрид и преку Галичица ќе се врати во Ресен.Јанкула, кој е роден со церебрална парализа, вози автомобил, но се пожали дека неможе да добие лекарско уверение за да полага возачки испит.Желба на Јанкула е кога  ќе стигне во Скопје, да се сретне со премиерот и останати владини претставници, каде ќе може да ги изнесе проблемите со кои се соочува тој, но и останатиоте лица со попреченост. 

Македонија | пред 6 години

mvr-akcija

Дилерите кои вчера беа апсени пробале да избегаат, а поседувале луксузни возила, илјади евра и оружје

Во вчерашната акција на МВР, во која беа уапсени дилери, биле извршени претреси на повеќе локации во населбите Чаир и Ченто и село Грушино, скопско. Операцијата според МВР  оптпочна во момент кога лидерот на криминалната група се обиде да избега од државава, а е уапсен на меѓународниот аеродром „Скопје“ со голема сума пари. Исто така уапсени се и членови на групата, а по еден од групата се трага.Од извршените претреси пронајдени и привремено одземени се: одредена количина на кокаин, парични средства (6.300 швајцарски франци, 150 САД долари, 150 Евра и 28.500,00 денари), пет луксузни патнички возила (марка Јагуар, БМВ, Ауди А8, Шевролет Калос и Сеат Алтеа), еден пиштол марка „карл валтер“, две пушки и 52 куршуми различен калибар, два панцира, две мали дигитални ваги, повеќе мобилни телефони, држачи за сим картици, две УСБ-еа и документација за возило. Количината и квалитетот на пронајдениот и одземен кокаин дополнитело ќе биде утврден со крим-техничко вештачење“, извести МВР.

Македонија | пред 6 години

mvr-akcija

МВР со низа детали за вчерашната акција: Сузбиена четиричлена дилерска група од Чаир, Арачиново и Ченто

Вчера (09.05.) од страна на Бирото за Јавна Безбедност - Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција, во соработка со Одделот за специјални полициски операции при МВР, а во тесна координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група инволвирана во организирање на набавка на наркотична дрога - кокаин, и нејзина дистирибуција и продажба на повеќе различни локации во Скопје и други градови во државата. Во текот на денов (10.05.) ОСОСК на МВР до ОЈО за ГОКК ќе поднесе кривична пријава против четири лица и тоа : И.Ј. (41), Б.Ј. (31) двајцата од населбата Ченто, Н.М (37) од населба Чаир, и Д.Р. (19) од село Арачиново, а за постоење основи за сомнение за сторено кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” казниво по чл.215 ст.3 од КЗ на РСМ.Имено, обемната криминалистичка истрага се спроведуваше изминативе три месеци а целта беше сузбивање на четиричлена организирана криминална група од Скопје, која беше идентификувана како организирана криминална група со дефинирана строга хиерархиска поставеност, која се занимава со набавка на поголема количина кокаин, кој бил препакуван, мешан и продаван на корисници на подрачјето на Град Скопје.Исто така, за криминалната група беше утврдено дека во текот на своето делувување вршела коруптивни дејствија заради добивање податоци за мерките кои ги презема МВР кон членовите на ОКГ, како и за добивање корисни информации за конкретни судски постапки кои се водат против нив.Преку продажбата на кокаин, овие лица се стекнале со големи износи на парични средства, кои ги инвестирале во купување на луксузни моторни возила, станови и изградба на куќи.Документирано е и дека оваа група во текот на своето делување користела насилство и закани кон лица-корисници на кокаин, кои навремено не плаќале за набавениот кокаин.За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се голем број на материјални докази и документирани се бројни купопродажби на кокаин кон менаџери на кафе барови, ноќни клубови и ресторани, потоа адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација, при што лишени од слобода беа 12 лица. Во контекст на ова, а во рамки на истрагата претходно поднесени се две кривични пријави до ОЈО Скопје и ОЈО Куманово, против две лица од кои едно лице вработено на висока позиција во Царинската управа за сторено кривично дело -  “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” казниво по чл.215 ст.1 и „овозможување на употреба на наркотични дроги“ по чл.216 ст.1од КЗ на РСМ.При реализацијата беа вклучени соодветен број полициски сили од ОСОСК, ОКП, ОСПО, ОКТИВ и други организациони единици од МВР, при што претреси беа извршени на повеќе различни локации во населбите Чаир и Ченто и село Грушино, скопско. Операцијата оптпочна во момент кога лидерот на криминалната група се обиде да ја напушти државата, а лишен од слобота беше на меѓународниот аеродром “Скопје“, со поголема количина на парични средства. Исто така од слобода беа лишени уште две лица членови на групата, а по едно се трага. Еден од членовите на групата беше лишен од слобода во текот на ноќта при обид за бегство од лишување од слобода во неговиот дом.Од извршените претреси пронајдени и привремено одземени се: одредена количина на кокаин, парични средства (6.300 швајцарски франци, 150 САД долари, 150 Евра и 28.500,00 денари), пет луксузни патнички возила (марка Јагуар, БМВ, Ауди А8, Шевролет Калос и Сеат Алтеа), еден пиштол марка „карл валтер“, две пушки и 52 куршуми различен калибар, два панцира, две мали дигитални ваги, повеќе мобилни телефони, држачи за сим картици, две УСБ-еа и документација за возило. Количината и квалитетот на пронајдениот и одземен кокаин дополнитело ќе биде утврден со крим-техничко вештачење.Дополнително, за пронајденото огненено оружје ќе бидат поднесени кривични пријави и за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од КЗ на РМ, а МВР ќе ја прошири истрагата кон полициски службеници за кои во текот на истрагата се обезбедени информации и основи на сомневање за поврзаност со припадниците на оваа организирана криминална група.

Македонија | пред 6 години

duraku-ahmeti-zaev

Министерот за екологија, Дураку: Не одлучува Заев за моето разрешување, туку Ахмети

Во врска со гласините за разрешувањето на министерот за екологија Садула Дураку, тој за ТВ21 рече дека за тоа одлучува само Али Ахмети.„Ние како ДУИ сме коалициски партнер со СДСМ, и ние не сме во заеднички чадор со СДСМ. Имаме наше раководство и лидер на партијата, Али Ахмети. Тој заедно со централното претседателство и генералното претседателство одлучува за сопствениот кадар. Никогаш ДУИ не дозволил некој да се меша во внатрешните работи на ДУИ, но и коректно е дека ние не сме се мешале во другите партии “, рече Садула Дураку, министер и потпретседател на ДУИ, преку телефонска врска за Тв21.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

Се судрија камион, автобус и автомобил на Партизанска, патничка префрлена во болница поради тешки повреди

На 09.05.2019 година во 16,00 часот во Скопје, на булеварот “Партизански Одреди“ во близина на крстосницата со булеварот “8-ми Септември“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Ландровер“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Ч.(58) од Скопје, товарно моторно возило “Ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Н.(42) од с.Страчинци-скопско и автобус „Евобус“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.П.(47) од с.Сарај-скопско.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила патничка во автобусот С.Ј.(67) од Скопје, на која и била укажана лекарска помош во Градската општа болница “8-ми Септември“.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Gjorge-Ivanov1

Денес е последниот работен ден на Иванов, во недела добива „отказ“ - нема да има амнестија

Во недела официјално истекува мандатот на Ѓорѓе Иванов како претседател, а по инаугурацијата, таа титула ќе ја преземе Стево Пендаровски кој победи на вториот круг од изборите. Денес е последниот работен ден на Иванов. Во недела, тој добива „отказ“, а амнестија за настаните од 27 април, очигледно нема да има.Инаугурацијата на Пендаровски за петти шеф на државата, најверојатно, ќе се одржи в недела со почеток во 12 часот. Еден до два часа подоцна се планира во претседателската резиденција претседателот во заминување Ѓорге Иванов да му ја предаде должноста на Пендаровски, кој, практично, на полноќ – меѓу 12 и 13 мај ќе почне да ја извршува претседателската функција, откако оствари победа на изборите на 5 мај.Претходно, претседателот на Парламентот Талат Џафери рече дека седница на Собрание мора да има в недела затоа што е последен ден од мандатот на Иванов и не смее да се случи пауза.

Македонија | пред 6 години

gruevski-orban

Ероган е крив за строгите процедури на Интерпол, Груевски слободно може да шета низ светот

Меѓународната полициска организација на Интерпол со седиште во Лион без дозвола на земјата членка на оваа организација не споделува информации за конкретни индивидуи, односно оттаму не одговараат зошто повеќе од два месеца не ја објавуваат меѓународната потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, кој се гони за терористичко загрозување на уставниот поредок. Обвинителството за гонење на организираниот криминал тврди дека до Интерпол се доставени сите документи потребни за да биде распишана меѓународната потерница, но Интерпол официјално одбива да ја објави. Образложение нема, а според неофицијални информации процедурата за објавување на меѓународни потерници во Интерпол е заострена откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган барал распишување вакви потерници за сите негови неистомисленици.Кога станува збор за распишување потерница надвор од земјата, тоа не оди автоматски кога се во прашање кривични дела поврзани со тероризам, односно како што е во случајов терористичко загрозување на уставниот поредок.Од Министерството за внатрешни работи нема никаков одговор дали се испратени сите потребни документи до Интерпол и дали тие добиле некаков одговор за потерницата по Груевски.Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов вели дека нераспишувањето на меѓународната потерница најверојатно не е поврзано со тоа што Груевски доби азил во Унгарија бидејќи овој азил важи само за во Унгарија и доколку тој ја напушти оваа земја со потерницата, Груевски би бил уапсен.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања