„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

kumanovska-grupa-divo-naselje

Лага е дека има „бомби“, но и меѓународна истрага за терористичкиот акт во Диво Насеље

Ветувањата дека јавноста ќе дознае кој стои зад крвавата пресметка што се случи пред точно четири години во кумановската населба Диво Насеље и дека ќе има меѓународна истрага за овој случај, останаа само празни зборови на сегашните власти, кои пред неколку години беа во опозиција. Јавноста вчера се потсети на осумтемина полицајци кои загинаа во престрелката, а роднините на дел од осудените излегоа на протест на плоштадот „Скендербег“ и пред Кривичниот суд. Осудените кои се товареа за тероризам ја чекаат правосилноста на пресудата во затворите во Шутка и „Идризово“, а на 16 и 17 мај заедно со своите адвокати ќе се произнесат за првостепената пресуда пред Апелацискиот суд.Во ноември 2017 година за крвавиот чин беа осудени 33 лица, осуммина на доживотен затвор, а останатите на над десет години затвор. За време на судскиот процес никој од обвинетите не негираше дека дента бил во Куманово и учествувал во престрелката, но сите тврдеа дека биле искористени за политички цели. Одбраната бараше во судница како сведоци да бидат повикани поранешниот премиер Никола Груевски, тогашната министерка Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Таа тврдеше дека имаат прислушувани разговори меѓу обвинетите со високи политичари и полициски структури.Јанкулоска и Мијалков си поднесоа оставки после крвавиот чин, но досега не се докажа вмешаноста на поранешната власт во пресметката која се случи непосредно пред објавувањето на „бомбите“ кои беа повод за промена на власта во Македонија.„Остана нерасветлено кој е организаторот на овој немил настан, кој се тие што го изведоа тоа сценарио. Општо е познато дека цело време при пристигнувањето на членовите на вооружената група, сите власти беа запознаени за нивното пристигање, беа снимани со дрон и можеше да се превенира да не дојде до немил настан. Очигледно дека некој сакал да се случи немилиот настан и очигледно успеал“, вели адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи.Тој очекува овој предмет да биде вратен на повторно судење бидејќи на првото судење не бил прифатен ниту еден доказ од одбраната. Рауфи останува на ставот дека треба да се спроведе меѓународна истрага за овој случај, но иако побарале немаат никаква комуникација со владата. „Во овој случај неопходно е да се формира тим од јавни обвинители од Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупција кои заеднички би го расветлиле овој, според мене, монтиран случај“, вели Рауфи.Владата во ноември пред две години прифати да биде отворена меѓународна истрага за случајот „Диво Насеље“. Премиерот Зоран Заев изјави дека е информирана меѓународната заедница и оти се бараат начини за спроведување на меѓународна истрага за неразјаснетите околности поврзани со настаните во кумановската „Диво Насеље“.Но засега нема ништо конкретно за овие најави, а за ова нема никаква информација ниту министерката за правда рената Дескоска.Според реториката на специјалната обвинителка Катица Јанева, овој случај тешко дека ќе биде расветлен со прислушувани разговори. Таа завчера изјави дека за сега во предистражната постапка имаат само индиции за тоа што и како се случувало тие два дена, но беше децидна дека во бомбите немаат докази за тој предмет.Повеќе на Незаивсен.мк

Македонија | пред 6 години

spasovski

Спасовски: Постојат индиции дека „Диво Насеље“ било организирано за да се спречат „бомбите“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека постојат индиции според кои вооружениот напад во  „Диво Насеље“ се случил за да се запре емитувањето на „бомбите“.„Тоа беше во период кога излегуваа бомбите. Постојат индиции дека тоа било организирано за да се спречат бомбите, и тоа треба да се испита“, изјави Спасовски во „Клик Плус“ на ТВ 21.

Македонија | пред 6 години

spasovski-gi-prezemame-site-merki-za-fer-mirna-i-demokratska-izborna-atmosfera

Спасовски не се плаши од "метлата" на Заев

Премиерот Зоран Заев доби поддршка од министерот Оливер Спасовски за најавената смена на функционери и министри.Спасовски вчера во дебатниот магазин „Клик Плус“ одговори дека не стравува, дека ја има довербата и дека е подготвен да се соочи со фактите за неговата работа.

Македонија | пред 6 години

cento_policija

Уапсени осум лица во вчерашната полициска акција

Заврши големата полициска акција која се одвиваше во Сингелиќ, Арачиново и Битпазар. Според нeoфициjaлнитe првични информации, пронајдена е гoлeмa количина на дpoгa на сите локацииОд Сингелиќ и Арачиново, полицијата зaплeни гoлeмa количина на дpoгa, а беа зaплeнeти и возилата на групата која тргувала со нapкoтични средства. Неофицијално, yaпceни се членови на групата „Белана“.Пред пoлициcкaтa станица во скопската населба Автокоманда имаше нacoбpaно голем број на луѓе, кои виднo вoзнeмиpeни бараа информација повеќе од пoлициjaтa но и по телефон. Дел од нив контактираа и со пoлициcки фyнкциoнepи, пишува Инфомакс.Во близина на пoлициcкaтa станица беа и функционери на СДСМ од Арачиново, а се шпeкyлиpa дека оваа aкциja е во координација со кpиминaлнa група, директен конкурент на групата од Сингелиќ.Според информациите на Прес центар, станува збор за акција во која се приведени членови на групата „Белана“, на која ѝ припаѓал и познатиот лихвар Џелал Ајети – Џељо. Тој беше убиен пред шест години, додека неговиот брат беше убиен минатата година на улицата “Рузелтова” во близина на ППС во Скопје. До овој момент се приведени 8 лица во полицијата. Меѓу уаспсените се лица блиски до ДУИ.Повеќе фото ТУКА

Скопје | пред 6 години

murato2

30 години од денот кога првиот Македонец Диме Мурато се искачи на Монт Еверест

Битолчанецот Димитар Илиевски – Мурато е првиот Македонец кој го освои највисокиот врв на светот Монт Еверест, пред 30 години, на 10 мај 1989 година. И, за жал, остана на вечна стража на покривот од светот.Мурато е роден на 29 септември 1953 година во Битола, а животниот поход го заврши на денешен ден во Непал. Тој е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и страствен љубител на планините и природата. Во неговата алпинистичка кариера има освоено многу планински врвови. На Пелистер, каде што многу често се искачувал, во негова чест е подигнато спомен-обележје, а постхумно е одликуван со Медал за заслуги за Македонија.На 10 мај пред три децении Диме, како член на македонската алпинистичка хималајска експедиција Еверест ’89, го поставува знамето на светскиот покрив. Искачувањето е направено од непалската страна. Патот кон врвот се протега низ ледоломот Кумбу, потоа долината на тишината, падината под врвот Лоце и јужното седло, а вдолж него се поставуваат четири висински логори.Низ снегот одел и пред шерпаситеЗаедно со Диме Мурато на врвот во истиот ден се искачија и словенечкиот алпинист Виктор Грошељ, хрватскиот алпинист Стипе Божиќ и шерпасите Сонам и Аџива. Во четвртиот висински логор се наоѓал македонскиот алпинист Борче Јовчевски кој имал задача да биде логистичка поткрепа за јуришната екипа. Искачувањето до врвот траело околу 15 часа во услови на длабок снег. На врвот Диме и Стипе се задржале околу еден час. На симнување од врвот Диме останал најверојатно на височина од 8.200 метри.Причината за неговата смрт не е разјаснета до денес бидејќи за целото време на искачувањето и симнувањето бил во одлична кондиција, често пати правејќи патека во снегот и пред шерпасите.Се претпоставува дека застанувајќи за кратко на висина од 8.200 метри за да го почека Стипе, кој бил зад него и имал проблеми со светилката, Диме заспал.Долго време Диме бил единствениот Македонец кој се искачил на врв повисок од 8.000 метри. Есента 2005 година во организација на комитетот на експедицијата и Македонската алпинистичка асоцијација, под базниот камп на Еверест е изграден споменик во чест на Димитар Илиевски.Покрај освојувањето на Монт Еверест во 1989 година, Диме има освоено голем број врвови во Македонија, на Балканот, на Алпите… Во 1986 година во состав на Македонската алпинистичка хималајска експедиција на Манаслу стигна до 7.500 метри каде што остана неколку дена во очекување добро време за јуриш кон врвот.Обид за симнување на телото на алипинистотПокрај големиот број тешки алпинистички искачувања на Алпите, тој е автор е на голем број првенствени насоки на Матка, Солунска Глава, Демир Капија, карпите околу Прилеп, на Пелистер, на Проклетие, на Вихрен и уште многу други планински масиви во Македонија.Во 1998 година се организираше алпинистичка експедиција во организација на Македонската алпинистичка асоцијација и Македонскиот олимписки комитет со цел да се симне телото на Диме од Монт Еверест и, според непалските закони, телото со свечена церемонија да биде запалено под базниот логор, а урната со пепелта да се донесе во Македонија.Македонската експедиција требаше да делува како составен дел од Интернационалната експедиција за чистење на Монт Еверест која имаше за цел чистење на планината и симнување на телата на загинатите алпинисти.Но, експедицијата не се реализира заради административни пречки со непалската влада пред самиот нејзин почеток. Сепак, идејата за симнување на телото на Диме не е напуштена, бидејќи се смета дека е позната точната локација на неговото тело.Димитар Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам. Посмртно е добитник на наградата Медал за заслуги за Македонија. Покрај спомен-обележјата на Копанки и Антена на Пелистер, во 2005 година, под базниот камп на Еверест, е изграден споменик во чест на Димитар Илиевски.

Македонија | пред 6 години

policija

Голема полициска акција во Ченто, уапсени лица блиски до ДУИ

Според дојава на читатели, вработени во МВР, во тек е голема полициска акција во скопски Синѓелиќ (Ченто) во која специјалци на полицијата вршат апсења на криминална група кај која е најдено големо количество оружје.Неофицијално меѓу уаспсените има блиски лица до ДУИ.Повеќе информации подоцна.

Скопје | пред 6 години

MTV

Ќе се истражува: Каде е опремата од 1 милион евра од МРТ и дали се делеле бонуси за плати?

Државната комисија за cпpечyвaњe коpyпциjа ќе проверува дали има основа да поведе постапка пpoтив директорот на МРТ по cсериoзнитe наводи за нeзaкoнскo работење што ги нотира во својот извештај Државниот завoд за peвизиja.Ревизорот  утврди дека во МРТ недостасува опрема за која се платени повеќе од 1 милион евра, незакоснки се делеле бонуси на плати, за документарни филмови, кои потоа биле емитувани гpaтис биле исплатени повеќе од 3,5 милиони евра, проблематична е и сопственоста на зградата, а гoлeм дел од движниот и нeдвижeн имот е даден и под хипотека  за кредити и дoлгoви.Поради ваквото незаконско paбoтење, Државниот зaвoд воопшто нe дал мислење за финансикото paбoтeње на јавниот сервис со кој во во последните години раководи Марјан Цветковски.За кредит од 2,2 милиони ставени се под зaлoг зградите на Македонското радио и системот за гpeeњеВо јули 2015, Програмскиот совет донел одлука со која се одобрува МРТ да земе кредит во банка во износ од 2,2 милиони евра за вpaќaњe на стари дoлгoви, за што заложил нeдвижeн имот, иако Советот воопшто нeмaл пpaвo да донесе ваква одлука.Ревизорот  укажува дека ваквата состојба со имотот на МРТ, кој е под зaлoг и има извршни решенија за нaплaтa на пapични побарувања врз нeдвижeн имoт, влијае на неизвесност во зaчyвyвaњeтo на пpaвoтo на coпствeност на имотот кој е неопходен за вршење на дејноста на МРТ. Текстот во целост на Нова ТВ. 

Македонија | пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Интерпол не коментира за конкретни случаи: Kонтактирајте ги соодветните домашни власти

Вчера обвинителката Вилма Русковска се пожали дека Интерпол веќе два месеци одбива да ја објави меѓународната потерница за екс-премиерот Никола Груевски.Од друга страна пак, оттаму ја враќаат топката кај домашните институции во Скопје, пренесува Алсат М.„Дали или кога полицијата во која било од 194-те земји-членки на Интерпол споделува информација со Генералниот секретаријат во Лион поврзана со истраги или индивидуи, тогаш оваа информација останува во сопственост на таа земја-членка. Па така, Интерпол не коментира за конкретни случаи или индивидуи, освен во посебни околности и со одобрение на засегнатата земја-членка. Во однос на вашето барање, би ве советувале да ги контактирате соодветните домашни власти.“, велат од Интерпол.

пред 6 години

nova_vlada_g111

Заев најавува цуц-муц некоја си реконструкција - Алооо, народ бара одговорност

Граѓанскиот активист и поранешен функционер на СДСМ Ивор Мицкоски преку социјалната мрежа Фејсбук, го нападна премиерот Зоран Заев и неговата партија. Тој не штедеше навpeди за најавената чистка која ја најави Заев како и односот кон коалициониот партнер ДУИ.„Ви текнува дека Груевски имаше „Нов бран“, се разбира тоа беше театар, ама лудакот пак прешалта некои 100 функционери, конвертити, корифеи и апологети.Ги претумба.Заев најавува цуц-муц некоја си реконструкција, 15 функционери ќе биле сменети, мали рокади, да зборам со Али, некаде накај јуни месец.Абе вие не ја контате причата и пораката од првиот круг?!Алооо, народ бара одговорност, бара кадровски измени, кој не работи совесно и добро, кој ја изневерил довербата, мора да си замине.ДУИ мора да го срозите, да се откачите од тој канцер, тие уште глумат најчесни и најработливи во владата.Као за пример, Оливер, Венко, Кочо, Бујар, Дураку, Бектеши, само од министри треба да ви летаат, Кирацовски ко ген-сек оти во сидро ви се имаат претворено. А видовме колку јако идете напред со сидрото.Да не навлагаме во градоначалници или други именувани функционери, си ги знаете, и си знаете кој исто така испра раце дека не бил кадровик во СДСМ. Метла и за таа ужасна коалиција од султан партии што ја наследивте од Грујо и која ве одржава во живот.Се тоа мора сега, за да ви даде шанса за предвремени во пролет, или идните регуларни, за нешто навистина да се сработи надвор од надворешна политика.Можете и вака да терате, овој ужас уште две години, ова неработење да ви стане траен печат и после толку, ќе дојдат будалите по своето. Кога сте прости и затворени“, напиша Мицкоски на ФБ.

Македонија | пред 6 години

zaev-zbogar

Жбогар: Нема гаранции за датум за преговори - ЕУ се соочува со многу предизвици од внатре и од надвор

Евроамбасадорот Самуел Жбогар рече дека не може да соопшти дека земјата ќе добие датум за почеток на преговорите до јуни и порача дека политичарите во Северна Македонија треба да покажат единство-ЕУ се соочува со многу предизвици од внатре и од надвор. Ние сме пред парламентарни избори, нова комисија и нов претседател на Советот кој ќе треба да биде поставен до крајот на годината. Денеска не можам да соопштам дека ќе добиете датум за преговори во јуни, бидејќи тоа е одлука на земјите членки, рече денеска евроамбасадорот.Тој ги повика политичарите во земјава да покажат единство за да се исполнат европски интеграции.„По неколкуте избори изминатите години кои длабоко ја поделија земјата време е политичарите и политичките партии да ги остават на страа своите разлики без оглед дали се идеолошки, етнички или лични. Време е да се демонстрира единство за целта и да се интензивираат напорите, прво да се почнат пристапните преговори, второ брзо да се прави прогрес во преговорите“, вели Жбогар. 

Македонија | пред 6 години

doktor

Претепан доктор во Кичевската болница, еве ги деталите

Две лица нападнале доктор на Интерното одделение во кичевската болница. Напаѓачите се повикани во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.-Вчера околу 13 часот, на Интерното одделение во Општата болница во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Л.Љ.(24) и А.Љ.(21), врз А.С.(35), вработен доктор во болницата. Двајцата напаѓачи се повикани во полициската станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид.

Македонија | пред 6 години

ojo-1

Седум лица се обиделе да убијат 24-годишно момче во Струмица, еве ги деталите

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица од Струмица на возраст од 19 години до 25 години и тоа – против едно лице на возраст од 24 години за кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, против едно лице за истото кривично дело како поттикнувач и против пет други лица во својство на помагачи при извршување на кривичното дело.Имено, на 01.05.2019 година  пред хотел во Стар Дојран дошло до вербална расправија помеѓу двајца од осомничените кои биле во алкохолизирана состојба и двајца вработени во хотелот. Расправијата преминала во физичка пресметка. На вработените во хотелот им се придружило уште едно лице, додека двајцата сега осомничени повикале уште пет други лица да дојдат во хотелот, бидејќи имаат проблем. Во еден момент сите осомничени го заобиколиле оштетениот кој им помагал на вработените во хотелот. Додека оштетениот му бил завртен со грб, еден од осомничените со нож му нанел две убодни рани во пределот на горната десна страна од грбот и една убодна рана во средината на градниот кош.Од извршената анализа на алкохол во крвта е констатирано дека осомничениот во тој момент бил во алкохолизирана состојба во која самиот се довел со количина од 1,69 промили алкохол во крвта.Имајќи ја предвид тежината на стореното кривично дело и запретената казна, Основното јавно обвинителство Велес оцени дека постои можност осомничениот кој директно го извршил делото да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело. Исто така, бидејќи останатите осомничени му се блиски пријатели, а едниот му е брат, веројатно е дека може да врши и влијание врз нив со кое ќе го попречува водењето на истражната постапка. Затоа Основното јавно обвинителство Велес до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес поднесе Предлог за определување мерка притвор за ова осомничено лице, додека за останатите осомничени е предложено да бидат определени мерки на претпазливост. 

пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Ангелов: Предупредував дека се спрема „Диво Насеље“, но немаше кој да слушне

Генералот Стојанче Ангелов потсетува дека еден месец пред вооружениот напад во кумановско Диво Насеље тој предупредил дека се спрема конфликт, но очигледно немало кој да го слушне.„Предупредување кое можеше да спаси многу животи. Власта платила два милиони евра за меѓуетнички судири“, напиша Ангелов на социјалната мрежа „Фејсбук“.Ангелов сподели и видео од протести во 2015 година на кои учествувал, а каде вели дека тогашната власт платила 2 милиони евра на Албанци кои немаат никаква поврзаност со УЧК, за да предизвикаат меѓуетнички судир. Тие лица, според Ангелов, биле крминалци од липковскиот регион. [embed]  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Заев со леб и сол, а Борисов со цвеќе го пречека папата во Бугарија

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск пристигна во апостолската посета на Бугарија, како прва етапа од мини балканската визита во која е опфатена и Република Северна Македонија. На аеродромот тој беше пречекан од бугарскиот премиер Бојко Борисов и од претставници на верските заедници. На аеродромот, папата го дочекаа четири дечиња, кои му подарија цвеќиња на папата.На аеродромот имаше средба на папата со премиерот Борисов. По завршувањето на средбата понтифот се упати кон претседателската палата во Софија пред која ќе се одржи церемонијата на пречек, по што тој ќе има протоколарна средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев. 

Свет | пред 6 години

stop-policija

За еден ден во Скопје се случиле 13 сообраќајки, а полицијата пишала 74 казни

Во текот на изминатиот ден (08.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 10 лица поминале со телесни повреди.Во рамки на преземените мерки и активности во делот на безбедноста во сообраќајот констатирано е дека седум возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Потоа, од сообраќај се исклучени 11 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.Петмина возачи се санкционирани поради минување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца - поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, четири возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи - поради користење на мобилен телефон при управување со возило.Исто така, од сообраќај се исклучени и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Во однос на пешаците, пак, санкционирани се осум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се и 74 мандатни платни налози и 67 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања