„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

papa-poklon-majka-tereza

Кој е папата Франциск? Каде и како живее – факти за папата кои ќе ве изненадат

Денеска во земјава допатува поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Ова се некои факти за папата кои ќе ве изненадат:– Вистинското име на папата Франциск е Хорхе Марио Бергољо. Роден е во Буенос Аирес на 17 декември 1936 година. Тој е еден од петте деца на италијански доселеници.– Течно зборува италијански, германски и шпански, а ги владее и англискиот, француски и португалски. Студирал филозофија и дипломирал хемиска технологија. Пред да стане надбискуп на Буенос Аирес предавал книжевност, психологија, филозофија и теологија. Во 1986 година во Франкфурт одбрани докторат по теологија.– Папата Франциск обожува танго. На часовите по танцување ја запознал својата тогашна девојка. Но потоа го почувствувал религискиот повик. Кога имал 12 години на својата прва симпатија наводно и рекол: Ако тебе не те оженам, ќе станам свештеник.– За да се прехрани и да заработи за стан во младоста работел и како исфрлувач во ноќни клубови во Буенос Аирес.– Тој е страстен навивач на локалниот арегентински фудбалски клуб „Сан Лоренцо“.  Тој активно играл кошарка. Исто така поседува голема колекција од дресови од фудбалски клубови.– Откако стана папа, тој беше кандидат за Нобелова награда за мир. „Тајм“ го прогласи за личност на 2013 година. 

Македонија | пред 6 години

1-5

(Во ЖИВО) Папата Франциск во посета на Македонија

Неговата Светост, Папата Франциск, врховниот свештеник на Римокатоличката црква, пристигна во еднодневна посета на Република Северна Македонија.На аеродромот во Скопје, Светиот Отец, Папата Франциск го пречекаа Претседателот на Република Северна Македонија Ѓорге Иванов и Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев, и други високи претставници на Владата и на градот Скопје. Церемонијата вклучи и високи државнички почести и традиционален пречек на кој учествуваа и граѓани од нашата земја и регионот.Неговата Светост  на плоштадот „Македонија“ ќе одржи светата литургија.Светата литургија на плоштадот „Македонија“ ќе ја проследат десеттина илјади граѓани, припадници на Римокатоличката црква, како и други граѓани и највисоките претставници на државата и на општествено-политичките институции.

Македонија | пред 6 години

1-2-1

(ФОТО и ВИДЕО) Папата Франциск во Скопје, го пречекаа Иванов и Заев

Неговата Светост, Папата Франциск, врховниот свештеник на Римокатоличката црква, пристигна во еднодневна посета на Република Северна Македонија.На аеродромот во Скопје, Светиот Отец, Папата Франциск го пречекаа Претседателот на Република Северна Македонија Ѓорге Иванов и Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев, и други високи претставници на Владата и на градот Скопје. Церемонијата вклучи и високи државнички почести и традиционален пречек на кој учествуваа и граѓани од нашата земја и регионот.Папата Франциск и неговата придружба во која се државниот секретар на Ватикан кардиналот Пјетро Паролин, кардиналите Леонардо Сандри и Курт Кох, задолжени за односи со источните цркви и за христијанско единство, како и десеттина надбискупи и други високи достојници на Римокатоличката црква и Ватикан, и бројната придружба на делегацијата, од аеродромот Скопје се упатија кон резиденцијата на Претседателот на државата каде што ќе биде приредена официјалната свечена церемонија на пречек со највисоки државнички почести.Во програмата на апостолската посета на Папата Франциск на нашата земја се средбите со претседателот Иванов и премиерот Заев, во придружба на нивните семејства, како и обраќањето на Неговата Светост Папата Франциск пред македонската јавност, пред претставниците на Собранието и на Владата, како и пред дипломатскиот кор во Северна Македонија и другите гости поканети на церемонијата на свечениот дочек во Вилата Водно.Според програмата на апостолската посета на Папата Франциск, Неговата Светост од Вилата Водно ќе пристигне во Спомен Куќата на Мајка Тереза каде што ќе се сретне со група граѓани од ранливите категории и со претставници на верските заедници во нашата земја.Од Спомен Куќата на Мајка Тереза, Неговата Светост и придружбата ќе заминат кон плоштадот „Македонија“ каде што ќе се одржи светата литургија со која ќе чиноначалствува Папата Франциск.Светата литургија на плоштадот „Македонија“ ќе ја проследат десеттина илјади граѓани, припадници на Римокатоличката црква, како и други граѓани и највисоките претставници на државата и на општествено-политичките институции.Во попладневните часови Папата Франциск ќе присуствува на Екуменска и меѓурелигиска средба со младите граѓани и граѓанки од земјата кои претходно се пријавија да бидат дел од оваа средба.Програмските содржини од првата, историска, средба на Папата Франциск на нашата земја ќе се заокружат со средба со свештениците, нивните семејства и богопосветените во катедралата „Пресвето Срце Исусово“, по што делегацијата на Ватикан ќе се упати кон аеродромот Скопје.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

17 лица повредени во 16 сообраќајки во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 17 лица поминале со полесни повреди, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.Во текот на вчерашниот ден во Скопје санкционирани се четворица возачи за управување на возило пред да се стекнат со тоа право, а еден возач за поминување крстосница на црвено светло.Сообраќајната полиција издала 14 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 10 возила.

Скопје | пред 6 години

11-1

Специјален сообраќаен режим и траси на движење во центарот на Скопје

Денеска поради посетата на Папата Франциск, во Скопје сообраќајот ќе се одвива по специјален режим. Во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот „Голем ринг“, од 6 до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот. Сите возила ќе бидат пренасочени на сообраќајниците околу центарот во Скопје за да може непречено да се движат.Во овој временски период ќе се формира „рестриктивна зона“ на движење. За автомобили целосно ќе бидат затворени следните улици: 11 Октомври од крстосницата со булеварот Кочо Рацин до крстосницата со улиците Димитрие Чуповски, Даме Груев, Македонија, Васил Главинов, Филип 2 Македонски, Св. Климент Охридски (адвокатска) и Иљо Војвода.Сообраќајници по кои ќе биде дозволено движењето на возилата се следните: булевар Кочо Рацин, улица 11 Октомври од крстосницата со булевар Кочо Рацин до крстосницата со булевар Борис Трајковски, улицата Св. Кирил и Методиј, булеварите Св. Климент Охридски, Партизански одреди, Гоце Делчев и улицата Самоилова.Посебни сообраќајни правила на движење на автомобили ќе има и на трасата од Меѓународниот аеродром - Скопје до централното градско подрачје на Скопје. Во временските интервали од 7:30 до 9 часот и од 17 до 18:30 часот, сообраќајот по бул. „Александар Македонски“ од излезот на Скопје во Автокоманда, кон аеродромот, ќе биде затворен во двете ленти на булеварот и ќе биде пренасочен по споредни сообраќајници.На трасата Велес – Скопје, во овој временски интервал, сообраќајот за влез и излез во Скопје ќе се одвива преку трасата Миладиновци - Идризово - Маџари. На трасата Куманово – Скопје, на клучката Миладиновци (кај Рафинеријата), сообраќајот ќе се пренасочува кон Обиколницата на Скопје, на која прв дозволен влез во градот Скопје ќе биде на клучката кај Радишани.За време на апостолската посета на папата Франциск движењето во централното градско подрачје (познато како „Мал ринг“) за сите граѓани ќе биде непречено, но забавено, бидејќи овој појас ќе биде строго обезбедена зона. Сите граѓани што ќе пристапат во оваа зона во периодот од 6 до 19 часот на 7 мај ќе мора да се идентификуваат со важечки документ за идентификација и да поминат низ безбедносни проверки.Во зоната „Мал ринг“ ќе се пристапува преку осум влеза на кои МВР ќе врши безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карти или пасош.Ова се единствените влезови во кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон плоштадот „Македонија“:- Влез кај Управен суд на улица Орце Николов- Влез кај хотел „Мериот“ на улица Максим Горки- Влез кај кафе „Тренд“ на улица Димитрие Чуповски- Влез кај Министерството за финансии на улица Даме Груев- Влез кај Завод за статистика на улица Даме Груев- Влез кај Пелагонија на улица Димитрие Чуповски- Влез кај порта „Македонија“ на улица 11 Октомври- Влез на предната страна од ГТЦ кон плоштадПешачките мостови на реката Вардар (Камениот мост, мостот Око и Мостот на уметноста) ќе бидат целосно затворени за движење, како и Кејот „13 Ноември“ од двете страни на реката.Сите граѓани што живеат или работат околу плоштадот „Македонија“ ќе имаат непречен пристап до своите живеалишта, односно места на работа, преку поминување на еден од одредените влезови. Важно е со себе да носат документ за идентификација. Внатре во зоната ќе имаат слободен пристап до сите локации, освен во затворената зона на самиот плоштад, за каде што е потребна влезница за учество на литургијата. Пристапот за моторни возила, велосипеди, мопеди и слично е забранет во обезбедената зона.Целосните промени и правила на движење можете да ги видите на следната интернет врска - https://papa.mk/soobrakjaj/ Целосните промени за движење на автобусите во јавниот градски превоз можете да ги видите на следната интернет врска - http://jsp.com.mk/vest.aspx?vest=912 

Скопје | пред 6 години

1-1

(ВИДЕО) Папата Франциск пристигна во Македонија

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, пристигна на аеродромот во Скопје со што ја почна историската Апостолска посета на Република Македонија.Папата на аеродромот беше пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, по што ќе се упатат кон претседателската вила Водно каде што ќе се одржи официјална церемонија, а тој ќе има обраќање пред државните власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор.На плоштадот „Македонија“ поглаварот на Римокатоличката црква ќе отслужи Света литургија на која се очекува да присуствуваат повеќе од 15 илјади граѓани од земјава, но и високи гости, верници и странски државјани, пред се од поширокото соседство.По литургијата папата ќе одржи екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Каменуван автобус во кој се возеле навивачи на Работнички

Автобус кој превезувал навивачи на кошаркарскиот клуб Работнички вечерва е каменуван близу хотелот „Хилтон“ во Аеродром, по дерби мечот со МЗТ Скопје во спортскиот центар „Јане Сандански“, потврдија од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МКСè уште нема детали за нападот, но неофицијално, на враќање од натпреварот врз автобусот се фрлени камења, а има и повредени кои се однесени со Брза помош.Каменуваниот автобус е паркиран на раскрсницата меѓу улиците Орце Николов и Рузвелтова во Центар, каде се врши увид на полицијата.

Скопје | пред 6 години

DSC_0863

Министерот Спасовски со видео порака по повод 7ми мај -Денот на македонската полиција

Министерот Спасовски со видео порака по повод 7ми мај -Денот на македонската полиција. Во обраќањето министерот истакна: Почитувани припадници на Министерството за внатрешни работи, Ви се обраќам по повод 7ми мај, Денот на македонската полиција.Ви се обраќам како министер, како колега, како ваш сојузник. Пред две години мојата цел како министер беше да го вратам угледот на министерството и да им овозможам на вработените чесно и одговорно да ги извршуваат своите работни задачи. Изминативе две години како министер во Владата на Република Северна Македонија се залагав за решавање на сите наталожени проблеми со кои вие се соочувавте во годините претходно.Заедно со вас успеавме дел од нив веќе и да ги надминеме и со тоа отвараме нови можности за постигнување уште поголеми резултати во периодот кој следи. Горд сум што и покрај сите негативни случувања во минатото, во ова министерство работат професионалци кои непоколебливо се борат против криминалот и корупцијата, против тероризмот, се грижат за јавниот ред и мир и секојдневните потреби на граѓаните.Во декември 2018 година беа исплатни покачени плати за 4.900 полициски службеници, за кои на годишно ниво одвоивме 79 милиони денари. И во периодот пред нас продолжуваме со подобрување на условите за работа, продолжуваме со реновирањето на полициските станици. Набавката на униформи да стане редовна активност, а не исклучок. Специјализираните оддели да бидат опременувани со модерна опрема со која ќе можат подобро да ги извршуваат своите работни задачи.Да не заборавиме наш партнер се и граѓаните. Сакаме да бидеме близу до нив, да превенираме и да ја зголемиме безбедноста на граѓаните и затоа ја воведовме позорникарската служба. Полицајците позорникари ја зголемуваат безбедноста во населените места, ја зајакнуваат борбата против криминалните појави, а со ова ја зголемуваме и довербата во полицијата.Во следниов период ќе работиме и на системско решавање на функционалните проблеми и ќе го зајакнеме институционалниот и административен капацитет на министерството.И во иднина, мој и на сите нас приоритет останува да ни биде заштитата на безбедноста и сигурноста на нашата држава и нашите граѓаните.  Да продолжиме по чесниот пат, зошто тој е вистинскиот.Почитувани колеги,Ви го честитам Денот на македонската полиција, вие сте столбот на мирно и демократско општество.

Македонија | пред 6 години

Prevrten-kamion

Се преврте камион на автопатот Тетово – Скопје

Камион се преврти на автопатот Тетово-Скопје, објави 1тв според информациите на очевидец. Не е позната причината за несреќата, се очекуваат дополнителни детали од МВР по истрагата.Поради несреќата, сообраќајот се одвива отежнато, по една сообраќајна лента.

Македонија | пред 6 години

Papa_Franjo

Владата го прогласи 7 мај за неработен ден на територијата на Град Скопје

Согласно последните организациски проценки поврзани со протоколот за посетата на Неговата Светост Папата Франциск, и согласно потребите и барањата на институциите и граѓаните, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука утрешниот ден, 7 мај (вторник), да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје.Со оваа одлука се опфатени основните и средните училишта, а градинките ќе бидат организирани непречено да ја извршуваат својата функција. Владата им препорачува и на приватните компании, особено од централното градско подрачје да ја прифатат одлуката овој ден да биде неработен и за вработените во овој сектор, и на тој начин да го дадат својот придонес во организацијата на програмските содржини од посетата на Папата Франциск.Дополнително ќе биде соопштено кој ден ќе биде определен за да се одработи утрешниот неработен ден.

Скопје | пред 6 години

Damjan-Mancevski1

Манчевски најави чистката за вработените во администрацијата кои не одат на работа, а земаат плата

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски вели дека ќе ја почитува евентуалната одлука и тој да биде зафатен со „чистката” на владините функционери што ја најави неодамна премиерот Зоран Заев.Според министерот, со „чистката” ќе бидат опфатени вработените во администрацијата кои не одат на работа, а земаат плата.Манчевски вели дека е субјективно е да каже колку е задоволен од својата работа, смета дека секогаш може подобро и дека е главен судот на граѓаните.

Македонија | пред 6 години

asaf-ademi-696x385-1-696x385

Прва оставка по изборите, jа поднесе Министерот Адеми

Министерот за култура Асаф Адеми денеска поднесе оставка од функцијата. Адеми ја соопшти одлуката на прес-конференција во партиското седиште на „Алтернатива“ во скопска „Мавровка“.Причина за негова одлука како шро кажа се здравствени проблеми.Оставката, како што наведе, ја поднесува поради здравствени причини и во консултации со партискиот лидер Африм Гаши.Инаку, на функцијата министер за култура тој дојде во јуни минатата година наследувајќи го Роберт Алаѓозовски.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still107-1

(ФОТО) Дрво падна на автомобили во центарот на Охрид

НАСКОРО ПОВЕЌЕ ...

Македонија | пред 6 години

dedo-trajan

Исчезна дедо Трајан од Усје, семејството моли за помош

 Скопјанецот Горан Илиев апелира до јавноста за било каква информација за неговиот дедо Трајан. Трајан од село Усје, боледува од деменција и од утрово му се губи трага.Доколку имате било каква информација, јавете се на 070 350 294.https://www.facebook.com/ilievg.mk/posts/10214302051881024

Македонија | пред 6 години

gurgovden

Денеска е Ѓурѓовден – се прославува будењето на вегетацијата и на животот воопшто

Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се празнува на 6-ти мај според новиот (или на 23-ти април според стариот) календар. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.Именден празнуваат:Ѓоко, Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и други.Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец меѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар.Како голем празник Ѓурѓовден се поврзува со Велигден, па и во народната песна се пее за нивната поврзаност, за раззеленувањето на вегетацијата и за враќањето на животот по пасивниот зимски период.Ѓурѓовден е празникот  врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување и спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар. Овој празник се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река. Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година.Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили.Се верувало дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.  

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања