„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

vilma

Русковска: Интерпол повеќе од 2 месеци одбива да објави меѓународната потерница за Груевски и Бошкоски

Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, изјави дека Интерпол повеќе од 2 месеца одбива да ја објави меѓународната потерница за Никола Груевски и за, Никола Бошкоски.Рускоска на прашање на новинарите до каде е истрагата за Никола Груевски и процесот за екстрадиција, изјави дека пристигнала документација од Албанија.Инаку таа потсети дека кон крајот на овој месец ќе поднесе обвинение и за организаторите на 27 април. 

пред 6 години

stevo-pendarovski

Дали горивата драстично ќе се зголемат или намалат, зависи од Пендаровски

Денеска, 8 мај, завршува дваесетгодишниот договор со скопската рафинерија „Окта“, со кој РКЕ имаше обврска пресметката на цената на горивата  да  ја утврдува по утврдена методологија. Но веднаш по победата новиот претседател Стево Пендаровски, кој треба да биде инаугуриран в недела, на 12 мај годинава, посочи дека уште првиот работен ден тој ќе ги потпише сите закони кои досега не беа потпишани од досегашниот претседател.Дали горивата од идната недела драстично ќе поскапат или поевтинат? Одговорот ќе го знаеме по 12 мај.По првомајските празници на 30 април годинава за последен пат беше донесена одлуката за цената на горивата што се точат на бензинските пумпи низ државата, методологија која се применува речиси од формирањето на Регулаторната комисија за енергетика. Досегашната методологијата беше поврзана со Анексот на договорот за продажба на ОКТА, при што дел од формирањето на цената на горивата се земаше предвид цената на Светските берзи на чистата бренд нафта и курсот на доларот во однос на еврото. 

Македонија | пред 6 години

zaev-1-702x459

СДСМ ќе бара оставка од двајца градоначалници во Скопје?

По најавата за „метла“ на функционри кои не служат доволно добро на народот, од редовите на владејачката партија, таа најверојатно ќе „заигра“ и меѓу градоначалниците во неколку скопски општини.Според неофицијални информации, се разгледувала можност да им бидат побарани оставки на двајца градоначалници на скопски општини, каде што е евидентиран најиндикативен пад во однос на последните локални избори, и кои беа често на тапет на јавноста поради лоши потези, посебно во делот на урбанизмот.Проценките, наводно, се дека е подобро да се организираат дополнителни избори во тие општини, макар и да победи ВМРО-ДПМНЕ, отколку да продолжи да се нарушува имиџот на СДСМ со непродуктивно и неажурно работење на дел од локалните власти. Соговорниците на „Независерн весник“ најавуваат посебна анализа за потфрлањата во главниот град на овие избори, наспроти убедливата победа што беше остварена во сите скопски општини и во градот во целина на локалните избори пред една и пол година.Посебно се посочуваат општините Кисела Вода и Гази Баба, каде што е забележан најголем пораз, но и Аеродром и Ѓорче Петров, во кои ВМРО-ДПМНЕ исто така обезбеди подобар резултат од СДСМ. На скопскиот градоначалник Петре Шилегов, пак, меѓу другото му се забележува дека истовремено е и потпретседател на партијата, така што проценките се дека не придонел доволно за подобар резултат во главниот град.Од друга страна, се посочува и на одреден „кадровски дисбаланс“ во изминатиот период по преземањето на власта, така што на најистурени позиции предност им беше дадена на кадри од внатрешноста, за на крајот да се нотираат послаби резултати од опозицијата во многу општини – и во Скопје и во внатрешноста.Такви анализи, впрочем, се прават и за другите градови каде што е воочена поголема загуба на гласови. За Прилеп, од каде што, на пример, почна кампањата на Пендаровски се посочува дека е алармантна загубата на гласови во периодот од две недели – од околу сто гласови предност на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг до близу 1.500 во вториот круг. Особено ако се има предвид дека оваа општина е мошне солидно кадровски застапена во централната власт, така што има еден министер, двајца пратеници и уште неколку раководители на истурени позиции.Извор: Независен.мк

Скопје | пред 6 години

59830445_1102622859941045_7375043718698500096_n

ФОТО: Се крева нов спрат на минарето од охридската џамија

Минарето на Алипашината џамија во Охрид продолжи со градба. Здружението „Совест“ објави фотографија на социјалните мрежи, каде работниците се качени на скеле и продолжуваат со ѕидање на објектот.„Си поминаа изборите и си тераат по старо. Оп, еве, денес, се спрема нов спрат на минарето, кое е дивоградба на Алипашината џамија. Правда, закон, жолт картон, порака, нешто? Охрид нема време да чека. Довербата повторно ви ја дадовме, жолтиот картон го испорачавме, не дозволувајте да не изиграте, оти следно е црвен!“, објави здружението „Совест“.

Македонија | пред 6 години

antonijo-milosovski

Милошоски: Немаме основа за триумфализам, но сме на добар пат

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување на телевизија Телма рече дека неговата партија нема основа за триумфализам, но е на добар пат.-Ние немаме основа за триумфализам, но гледаме дека се движеме во добра насока. Сметам дека анализата дека СДСМ без коалиционите партнери тежи 330 илјади гласови е точна. Ние со оглед дека сме опозиција и во помала коалиција, сметам дека сме на добар пат. Од 1991 година до денес никогаш не победил канидидат на опозицијата, без разлика кој е на власт, заклучи Милошоски.

Македонија | пред 6 години

Nujork-Tajms

Њујорк Тајмс: Завршува тридецениската меѓународна изолација, посета на папата ја става Северна Македонија на светската мапа

Весникот Њујорк Тајмс во текст под наслов „Посета на папата Франциск ја става Северна Македонија на светската мапа (Visit by Pope Francis Helps Put North Macedonia on the Map)“, пишува за денешната историска посета на папата на нашата земја.-Откако горчливиот спор за името со Грција конечно се реши и членството во НАТО се очекува до крајот на годинава, Северна Македонија доби уште еден знак дека нејзината речиси тридецениска меѓународна изолација завршува: се случи првата папска посета на земјата, пишува весникот.Во текстот се потсетува на патот на нашата земја од независноста до Договорот од Преспа и промената на името и очекуваниот влез во НАТО, како и олеснување на патот кон ЕУ.-Сепак, не сите присутни го споделија ентузијазмот на папата за овие случувања, пишува весникот и пренесува дел од говорот на претседателот Ѓорге Иванов, претставувајќи го како еден од противниците на договорот кој одбива да го користи новото име. Њујорк Тајмс пишува и дека Иванов е на самиот крај на својот мандат и дека неговиот наследник Стево Пендаровски е поддржувач на договорот.Во текстот е пренесена и изјава на премиерот Зоран Заев, како и дел од говорот и пораките на папата Франциск.

Македонија | пред 6 години

dimitrov

Димитров до Милошоски: Гладна кокошка, просо сонува

Министерот за надворешни работои, Никола Димитров, синоќа му испрати порака на поранешниот шеф на македонската дипломатија Антонијо Милошоски дека ВМРО-ДПМНЕ нема за брзо време да се вратат на власт.„Гладна кокошка, просо сонува …“, кусо искоментира Димитров на својот профил на Фејсбук, а потоа додаде во коментарите „Ќе пораснеме, па што сака нека биде. Ќе се радуваме на успесите на сите наши. И ќе научиме да се поддржуваме меѓусебно“, напиша Димитров по настапот на Милошоски на телевизија Телма.Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека неговата партија нема основа за триумфализам, но е на добар пат.-Ние немаме основа за триумфализам, но гледаме дека се движеме во добра насока. Сметам дека анализата дека СДСМ без коалиционите партнери тежи 330 илјади гласови е точна. Ние со оглед дека сме опозиција и во помала коалиција, сметам дека сме на добар пат. Од 1991 година до денес никогаш не победил канидидат на опозицијата, без разлика кој е на власт, заклучи Милошоски.

Македонија | пред 6 години

pratenici-sto-glasaa-za-vmro

Осумте пратеници влегуваат во власта !

Осумте пратеници се се' поблизу до влез во владината коалицијата, нешто за што Скопје1.мк пишуваше уште пред околу два месеци. Дел од пратениците уште пред изборите нуделе функции и вработувања во идната Влада, а најдалеку од сите отишол пратеникот Љубен Аранудов кој во Охрид на луѓе од ВМРО ДПМНЕ цело време додека течеше кампањата за избори им нудел места по министерствата во Скопје.Дека нешто се случува можеше да се види и синоќа кога гостувајќи во една емисија, пратеникот Мухамед Зекири поголем дел од емисијата го помина критикувајќи ја ДУИ и Реисот на ИВЗ и обвинувајќи дека блиските релации на ДУИ со ВМРО ДПМНЕ не се никаква тајна.ЉУБЕН САКАЛ СРЕДБА СО МИЦКОСКИ И НИКОЛОСКИ Интересно е тоа што пратеникот Љубен Арнаудов пред првиот круг на изборите се обидувал да се сретне со Христијан Мицкоски или со потретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски. Арнаудов направил неколку напори да дојде до оваа средба, но не знаеме дали таа се реализирала како и што сакал од нив и за што барал да се сретне со Мицкоски.Претходно Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски беа заедно со луѓе вработени во МВР кои се од голема доверба на Оливер Спасоски во Охрид.ВИДЕО ОД КАМПАЊИТЕ КОГА АРНАУДОВ ЈА ГРАДЕШЕ КАРИЕРАТА ВО ВМРО ДПМНЕ И БЕШЕ КАДАР НА КАДРОВИЦИТЕ НА ОВАА ПАРТИЈА

Македонија | пред 6 години

meriem

(ВИДЕО) Молам за 100 денари за вреќа брашно, синот умре-снаата и децата мора да јадат

Мерем Алишани од Куманово секој ден доаѓа во Скопје во Старата скопска чаршија. Седи начесто кај споменикот Скендербег. Нема ни кутија. Покриена со бела крпа преку нозете раката и е пружена моли за некој денар, објави досие.мк.Синот и починал на 32 години и нема машка глава да се бори за гол живот за снаата и децата. Нема телефон, живее во населбата Диво Насеље во Куманово.Институциите се оние кои може да ја најдат и да ја решат маката на жената и нејзиното семејство.извор: досие.мк

Македонија | пред 6 години

59612263_10218705293803409_1849471930508247040_n

(ФОТО) По папата, ѓубре на плоштадот: Тоа се тие јаки верници

По литургијата на папата Франциск, верниците оставија куп отпад. Ова беше доволна причина за на социјалните мрежи да се критикува. Новинарката Јадранка Ивановска-Јоци искоментира „тоа се тие јаки верници“.„Тоа се тие јаки верници. Културни, воспитани, морални, чисти душички, создадени и предодредени за рајските градини со своите манири. Просто преслатки. Да посака атеист секој ден со нив да оди и во кревет“, напиша новинарката Ивановска-Јоци.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

„Метлата“ на Заев ќе исчисти 15 функционери?

„Метлата“ на премиерот Зоран Заев ќе „исчисти“ функционери од секое ниво на власта. Извори од СДСМ брифираат за ТВ Алсат дека премиерот направил список со над 15 имиња кои ќе бидат сменети.Во него, според телевизијата, има потпретседател на партијата, министри, пратеници, градоначалници, директори и други функционери.Меѓу ресорите каде може да има промени се  министерството за информатичко општество, за земјоделство, но и во здравство. Се шпекулира и трампа на министерствата за правда и за образование.Извори од ДУИ велат дека партиските крила од Гостивар и Тетово бараат да го добијат ресорот бидејќи ДУИ од Куманово веќе има две министерски функции.Коалициските партнери не дискутирале ниту за судбината на Министерството за култура, откако министерот Асаф Адеми вчера даде оставка поради здравствени причини.На списокот институции каде се очекуваат промени на кадри се споменува и МНР. Неофицијално, Никола Димитров бара да замине од министерската фотелја, но причините не се откриваат.

Македонија | пред 6 години

1-M.mk-Videos-Google-Chrome

(ВИДЕО) Паштети, мајонез, парички: Посетителите си ги бараат предметите по мисата на папата Франциск

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска отслужи миса на плоштадот „Македонија“ во Скопје на која присуствуваа околу 15.000 граѓани од земјава, како и верници од странство. Поради засилените безбедносни мерки, граѓаните беа принудени да остават многу од своите лични предмети пред влезот на плоштадот.Од видеото објавено од МИА се гледа дека, и покрај апелите на на надлежните на миса да не се доаѓа со чадори, запалки, храна и слично, многумина не ги послушаа.Во продолжение погледнете со што сѐ дојдоа граѓаните на миса:

Македонија | пред 6 години

zaev-za-kandidat

Заев ги сака Макрон и Меркел во Македонија, а тој ќе ја следи мисијата на Мајка Тереза

Посетата на Папата Франциск на земјава е доказ за иднината – вели премиерот Зоран Заев.Тој не сакаше да го коментира обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов бидејќи како што рече ова е ден за убави пораки. Според Заев, светата литургија со која Папата ги благослови сите католици, но и сите граѓани во земјава е израз на почит . ,,Тоа е силен почит и поттик за сите нас, тоа е силна порака која што денеска беше пренесена низ светот”, рече Заев и додаде: ,,Нашиот народ ја следи мисијата на Мајка Тереза, што го потврдивме на овој денешен настан на заедништво”.Прашан кои се неговите следни цели, Заев одговори дека се надева следен што ќе ја посети Македонија ќе биде претседателот на Франција, Емануел Макрон.-Макрон барем десет пати, премиерот Руте и канцеларката Меркел. Бидејќи Ципрас го направи тоа, Борисов исто така. Првата цел ја завршивме, ќе бидеме членка на НАТО, останува уште ЕУ, втората и подеднакво важна цел е да добиеме датум за преговори – рече Заев.  

Македонија | пред 6 години

goli-noze

ФОТО: Сопругите на Мицкоски, Иванов и Заев со голи нозе го дочекаа папата

Непочитување на дрес-кодот при спредба со папата Франциск денес покажаа сопругите на премиерот Зоран Заев, претседателот во заминување Ѓорѓе Иванов и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тие на средбите со папата се појавија во кратки здолништа, со голи нозе, што е недозволено според правилата на Ватикан.„При средбите со папата, прифатливо е жените да носат фустани под коленици во црна боја, со едноставен крој. Тие треба да бидат со покриени раменици“, пишува на официјалната страна на Ватикан, во делот за дрес-код.Зорица Заева, Маја Иванова и Рози Мицкоска се облекоа спротивно на правилата на Ватикан.Интересно е што Владата подолго време испраќаше насоки кои треба да се почитуваат кога стануваше збор за посетата на папата Франциск во земјава, но очигледно, не бил задолжителен за секого.Дрес-кодот на Ватикан, во продолжение:

Македонија | пред 6 години

zena-papa

Самохрана мајка, му ја раскажа својата тажна приказна на папата: Кога ми беше најтешко бев прифатена од чесните сестри

Папата Франциск во дворот на Меморијалниот центар ,,Мајка Тереза” се сретна и благослови граѓани кои припаѓаат на социјални ранливите категории. Една самохрана мајка, му ја раскажа својата тажна приказна и истакна дека кога се нашла во тешка животна ситуација заедно со нејзината ќерка била прифатена од Чесните сестри, иако е од православна вероисповед и упати благодарност до Чесните сестри и Светиот отец, додавајќи: ,,Чесните сестри никогаш не настојуваа тоа да се смени или јас да ја променам верата. Тие се грижеа за нас, ни дадоа покрив над главата, разбирање и се што требаше”.По напуштањето на дворот на Спомен куќата на Мајка Тереза, Неговата Светост Папата Франциск кон плоштадот ,,Македонија” каде што тој чиноначалствуваше со светата Литургија, се движеше во својот папа-мобил и се поздравуваше со присутните верници.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања