„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

davkova-poraz

Силјановска Давкова призна пораз: По овие избори ништо повеќе нема да биде исто

 Пресс конференција во ВМРО ДПМНЕ. Пред симпатизерите и членството се обрати Гордана Силјановска Давкова.-Заврши изборната трка, заврши изборната сага за мене невообичаена. Чудно се чувствувам. Бројките говорат за пораз, обично поразените не се чувствуваат добро, но јас никогаш не сум се чувтсвувала подобро, побогато поблагородно. Од среце ви благодарам што иако не бев член толку многу се зближив со унијата на жени, со симпатизерите со членството, а најмногу со граѓаните.Ние слушаме се, а јас слушам дека деновиве сум се подмладила. Тоа е поради граѓаните. Јас не знаев дека директните средби со нив, затоа што верував дека ако им се обраќам нив можам да помогнам во градењето на демократија во земјава која ја нема, и добив дијалог кој ми покажа дека допира до нив, до нивниот ум и срца, и верувајте тоа ме подмлади, рече Давкова.Таа потенцираше дека е задоволна од учеството во изборната трка..-Денешниов ден ми личеше на Вивалди. На четирите годишни времиња. Признавам дека утрото почна со дожд , наликуваше на зима, но дека на крај ќе заврши како пролет. Претпоставувам заврши како пролет за победниците, но за мене не е зима. Верувајте, да добиете речиси 370 000 гласови, не е воопшто малку.  Јас како поединец нити како кандидат на ВМРО ДПМНЕ не ја згубив битката.-Некој може да помисли дека наивно влегов во политиката по 30 децении. Јас сеуште мислам дека политиката има логика ако се перципира како уметност на возможноста, во смисла да подобрите нешто, да внесете нешто ново, да критикувате, да посочувате на добрите европски практики и приказни и да нудите решенија. Се обидов да го направам тоа, но неможам да не кажам дека политиката во Македонија сеуште не е уметност и дека сеуште е во рацете на партиите, тие одлучуваат каде ќе одат гласовите, а не граѓаните.Резултатот е јасен, но прашање е дали овој резултат со поразениот дали води кон помирување и обединување или означува поделба внатре во државата по повеќе основи, и прашање е дали синтагмата „Заено одиме напред“, навистина го ветува тоа, рече Силјановска Давкова.   

пред 6 години

Artan-Grubi-Skenderbeg-1

Груби: ДУИ и Ахмети прават претседатели и премиери во државава, ние сме победници

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби на социјалните мрежи објави фотографија од лидерот Али Ахмети под кога напиша дека неговата партија е заслужна за изборот на претседател на државата и Собранието, но и за изборот на премиер.„Али Ахмети и ДУИ прават претседатели на Собрание. Али Ахмети и ДУИ прават премиери. Али Ахмети и ДУИ прават претседатели на државата. Без Али Ахмети и ДУИ не ја бива работата. Победници“, напиша Груби, прогласувајќи ги ДУИ за победници.Вечерва во партискиот штаб на СДСМ, каде се слави победата на Стево Пендаровски не се појави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ниту пак Артан Груби. Заев на прес-конференцијата кажа дека телефонски исконтактирале и дека Ахмети ја честитал победата на Пендаровски.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10217112680723078&set=a.1073851060433&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

1-2-2

Активитите на СДСМ со „Уа“ додека новинарите поставуваа прашања, Пендаровски побара да слави

Од Државната изборна комисија уште не кажаа кој е конечниот резултат на престојните претседателски избори, а Стево Пендаровски на прес-конференција се прогласи за врховен командант на армијата.За време на прес-конференцијата, додека новинарите постауваа прашања, поддрувачите извикуваа „Уаааа“, но никој не реагираше, иако тоа се случи неколку пати.На крајот, Пендаровски се обрати до новинарите и рече „Поставувајте прашања колку сакате, ама дајте ни шанса да прославиме“. На ова се смееа партиските активисти. По неколку секунди, Пендаровски рече дека е шега, но никој тоа не го сфати како такво и новинарите се повлекоа.

Македонија | пред 6 години

zaev

Заев: Мицкоски е поразен!

Премиерот Зоран Заев ја потврди победата на Стево Пендаровски. Тој рече дека граѓаните остануваат заедно за остварување на стратешките цели. Заев упати порака и до ВМРО-ДПМНЕ на која и порача дека треба да се реформира„Имаме успешни и демократски избори, добивме претседател на државата. Оддекна мнозинската граѓанска определба. Продолжуваме заедно и одговорно напред. Патот е потврден и пополчен со успех. Република Северна Македонија со сигурност продолжува напред. Граѓаните остануваат заедно за остварување на стратешките цели. Ова е победа на концептот, но пред се на граѓаните и републиката. Денес сите можеме да славиме, оти покажавме дека имаме земја која е европска, но и народ со демократски определби. Имаме беспрекорно чисти избори во двата круга. Северна Македонија има врвни демократски капацитети. Од денес ништо повеќе не е исто. Никој не може да застане на патот за прогресот и перспективите. Граѓаните го кажаа своето. Од преброени од 96,5 проценти од гласовите, Стево Пендаровски има освоени 423 илјади гласови, а Силјановска нешто над 360 илјади гласови, што е разлика од 55 илјади гласови“, рече Заев.Заев рече дека нема веќе режим и дека ова е крај на мрачното минато.„Мицкоски е поразен, поразени се политиките на ВМРО-ДПМНЕ на сеење страв. Ќе се учи за оваа политичка пракса и демократска зрелост. Честитам претседателе Стево Пендаровски. Да ми ги чуваш и штитиш граѓаните. Биди секогаш праведен и правичен, објективен, критичен. Еве ги резултатите кога се слуша граѓанскиот глас. Оваа генерација политичари и граѓани, одговорија на аманетот на претците. Со пенкало и глас донесовме исправна одлука. Заедно напред. Пендаровски е наш, ваш, мој, твој претседател“, додаде Заев.

Македонија | пред 6 години

pendarovski

Пендаровски се прогласи за претседател: Излеговме од дното, ќе служам на секого

Стево Пендаровски на почетокот на прес-конференција ја започна на македонски и албански, со што им се заблагодари на сите кои гласале за него.„Ова беше нашиот мудар народ. Оваа победа денеска е победа на мнозинството граѓани на Северна Македонија, која без разлика на етничка припадност се обедини и рече 'Заедно напред, никогаш повеќе режим'. Свечено сакам да објавам дека ќе им служам посветено на сите. Исходот од овие претседателски избори значи загарантиран пат напред како луѓе, семејство, држава. Излеговме од темното дно и оваа придобивка да си ја чуваме и развиваме. Исходот е поголем успех затоа што овие избори се победа на заедништвото. Победата на овој концепт носи иднина за Северна Македонија и наша карта за Европа. Доказ дека само стабилност, безбедност и прогрес се можни кога сме обединети. Ќе стојам зад секој чесен граѓанин, ќе обединувам и нема да делам. Ќе бидам претседател на сите. Ќе забележувам, ќе критикувам. Ќе бидам сојузник во остварување на интересите на граѓаните, а знам дека успех е можен со искрен пристап, соработка и трпение“, рече Пендаровски.Пендаровски му се заблагодари на Заев за поддршката, но и на против кандидатите Блерим Река и Гордана Силјановска-Давкова.„Сакам да ви ветам една работа, ќе бидам претседател на државата од која нема да се срамите ни тука, ни во странство. Ви благодарам на поддршката“, додаде Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

kosta-slavi

Георгиески: Докажавме дека сме сплотени во заедничката визија за подобра иднина на нашиот град!

СДСМ во Охрид слави победа. Од аналитичкиот центар на СДСМ, информираа дека нивниот кандидат води со 3.881 гласа повеќе пред противкандидатот од ВМРО ДПМНЕ, Митре МИлошевски.Почитувани, Охрид денеска на мирни, фер и демократски избори, одлучи да оди напред! Уште еднаш докажавме и покажавме дека сме сплотени во заедничката визија за подобра иднина на нашиот град! Ви Благодарам на вашата голема поддршка! Охрид има Градоначалник! Одиме Заедно Напред! напиша на својот фејсбук профил Константин Георгиески.ФОТО ОХРИД ПРЕСС

Македонија | пред 6 години

asda

ВИДЕО: Со оро, трубачи и знамиња се слави пред СДСМ

Пред седиштето на СДСМ веќе започна да се слави со трубачи и оро, за победата на Пендаровски.Партиски поддржувачи со државно знаме и знаме на ЕУ играат околу тапаните.Погледнете ја атмосферата тука:[embed]https://www.facebook.com/RSEMK/videos/820177311700615/UzpfSTEwMDAwMjQ2MjcyMTMwMjoyMTk4OTExNDQwMjAwOTI1/[/embed]

Македонија | пред 6 години

cnn

ВИДЕО: Најмалку 13 лица загинаа по пожар во руски авион

Најмалку 13 лица загинаа по авионскиот пожар на летот на компанијата „Аерофлот“ во Русија, во неделата, објави руската државна новинска агенција ТАСС.Рускиот „Суперџет 100“ летал од Москва до Мурманск, кога избувнал пожарот.Авионот „Аерофлот“ се врати на аеродромот во Москва, но имаше тешко слетување.Видеата на социјалните медиуми укажуваат на тоа дека авионот е зафатен со пламен на пистата, а луѓето се евакуираат преку излези за итна употреба.ФОТО: CNN[embed]https://www.instagram.com/p/BxFk4iBlbpw/?utm_source=ig_embed[/embed]ни- 

Свет | пред 6 години

ketering-SDSM

Се бројат гласовите - во СДСМ нарачале кетеринг

Државната изборна комисија ги пребројува гласовите, а во штабовите на двете партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како веќе да е познат резултатот, објави irl.mk. Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски уште во 17.30 часот пристигна во централата на СДСМ. Таму се и функцинерите од врвот на партијата – Дамјан Манчевски, Радмила Шеќеринска, Петре Шилегов и луѓето кои се дел од тимот на Пендаровски.Репортерот на irl.mk забележал како во СДСМ се носат послужавниците со храна која ја нарачале во штабот. Според порталот обичното членство си честита, раководството се слади, а атмосферата делува победнички.Текстот и фотографијата се превземени од irl.mk. Текстот во целост на irl.mk. 

пред 6 години

oliver-sasovski

(ВИДЕО) Спасовски: Изборите минаа во мирна и фер атмосфера

Најнапред дозволете ми искрено на сите граѓани да им честитам за денешниов изборен ден кој што мина во една мирна и фер атмосфера, како што впрочем и доликува на секоја демократска и слободна земја. Искористувајќи го слободно и непречено своето загарантирано право на глас, граѓаните уште еднаш ја демонстрираа својата зрелост и одговорност да одлучуваат за иднината на својата земја, рече министерот Оливер Спасовски по завршувањето на гласањето во вториот круг од Претседателските избори 2019 година.-Им се заблагодарувам на сите припадници на Министерството за внатрешни работи кои што и овој пат како и пред две недели, одговорно ги извршија своите работни задачи, овозможувајќи целиот процес да се спроведе мирно и безбедно, согласно сите законски прописи- рече Спасовски.До сега регистрирани се три случаи на фотографирање на гласачко ливче. Првиот на избирачко место во село Другово, кичевско, вториот на гласачко место во ОУ “Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, а третиот во Неготино. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. Евидентиран е и случај во Неготино каде едно лице при гласање на еден од параваните со пенкало испишал бројка.Пријавени се четири случаи за наводно агитирање и по преземените мерки утврдено е дека пријавите се неосновани. Исто така евидентирани се и две пријави за организирано носење гласачи при што во едниот случај за избирачко место во Битола е утврдено дека пријавата е неоснована додека пак за случај во Кочани се превземаат мерки за расчистување на случајот. Доколку има други пријави, Министерството за внатрешни работи соодветно ќе ја информира јавноста.-Значи, можам да констатирам дека имавме изборен ден со незначителен број на неправилности, без нарушување на јавниот ред и мир. Уште еднаш им честитам на граѓаните и институциите на одлично спроведените избори, како што и доликуваат на демократска земја како што е европска Република Северна Македонија- рече Спасовски.

пред 6 години

Janusev

(ВИДЕО) Јанушев: Сѐ освен победа на Силјановска ќе фрли темни дамки за изборен инженеринг

ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата, рече генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на прес конференцијата  еден час по затворањето на гласачките места. Јанушев оцени дека во првиот дел од кампањата имало девијантни појави од власта кои ескалирале во вториот круг од претседателските избори.Народот се дигна против власта на Зоран Заев. Народот бара промени, рече Јанушев. Според него сето ова е реалност , се освем победата на Силјановска ќе фрли  дамка на изборниот инжињеринг.Тој наброја низа регуларности кои биле констатирани на повеќе изборни места како што биле обиди на поткуп, групно галасње, организиран превоз и полициска окупација на некои места посочуваји го Ново Село.

пред 6 години

izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

ОД СЕКУНДА ВО СЕКУНДА: РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО

Во продолжение, следете ги резултатите кои Државната изборна комисија ги објавува, во живо:Доколку имате проблем да ги видите резултатите, кликнете ТУКА 

Македонија | пред 6 години

kiracovski

Кирацовски е оптимист: Пендаровски е во водство, очекуваме да биде победник

Во штабот на СДСМ, владее оптимизам. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски вели дека тенденцијата е Стево Пендаровски да биде победник на изборите.„Стево Пендаровски е во водство и очекуваме победа. Очекуваме и останатите учесници во изборниот процес да дадат признание за мирните и демократски избори. Изборите да завршат изборите како и цел ден, во мирна атмосфера. Мнозинската волја на граѓаните, мора да биде испочитувана од секого“, рече Кирацовски на првата прес-конференција.„Според сите домашни и странски набљудувачи изборите поминаа во мирна атмосфера“, додаде Кирацовски.

Македонија | пред 6 години

buckoski

Бучковски: Мицкоски бара алиби за да го оправда поразот

Поранешниот премиер на Македонија, Владо Бучковски оцени дека овие избори биле скандинавски, а пак, тоа што Мицкоски укажувал на одредени нерегуларност, според него е алиби да укаже дека се крадат гласови. Според Бучковски, ВМРО-ДПМНЕ не знае да признае пораз.„ВМРО-ДПМНЕ според мене не тежи повеќе од 350 илјади гласови. Ставовите на Силјановска-Давкова не се политики кои ги препознаваат Албанците. Таа им донесе повеќе гласови на ВМРО-ДПМНЕ, отколку нивните политики. Во вториот круг гледаме дека се беше различно, за разлика од првиот круг. Се водеше негативна кампања во вториот круг, се обидуваа да им се додворуваат на Албанците“, рече Бучковски на Канал 5. 

Македонија | пред 6 години

gordana-siljanovska

Силјановска Давкова: Политичката зима во Македонија, мислам дека ќе заврши со сонце

Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ очекува дека ќе биде петтиот претседател на Република Македонија.По гласањето таа изјави дека конечно политичката зима во Македонија ќе заврши со сонце.Мислам дека таргетот на кој се концентрирав, односно групите граѓани за кои мислам дека ќе се инспирираат или да им се разјаснат дилемите дали да излезат или не. Дека успешно го завршив, денот почна како со зима тоа е политичката зима во Македонија, мислам дека ќе заврши со сонце, истакна Силјановска Давкова.

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања