„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

derkovski

Цензус има: Досега излегле 44.5% од граѓаните

До 18:30 вкупно 795.575 граѓани излегле да гласаат. Изразено во проценти, тоа е 44.5 проценти.Најголема излезност има во Битола, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Дојран.Најмала излезност има во Струга, Шуто Оризари, Центар Жупа, Теарце, Студеничани.Според претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, изборниот ден поминал мирно без поголеми инцинденти 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пендаровски очекува поубедлива победа на изборите

„Денешниот изборен ден, во вториот изборен круг, почна мирно. Јас искрено се надевам и верувам дека така и ќе заврши. На тој начин ние ќе покажеме дека како држава сме подготвени да организираме фер, демократски, транспарентни избори, како што и приличи на земја која наскоро очекува да ги почне преговорите за членство во Европската Унија.Што се однесува до изборниот резултат, очекувам уште поубедлива победа во вториот круг, затоа што оние категории на луѓе кои останаа дома во првиот круг или оние луѓе кои гласаа за противкандидатот Река, кој ја заврши својата трка во првиот изборен круг, еден дел од нив очекувам дека ќе излезат на биралиштата и ќе гласаат.Мојата надеж е дека најголемиот дел од нив ќе го препознаат концептот за кој се залагам изминатиот месец, месец и половина во рамки на изборната кампања и дека ќе сакаат да го поддржат концептот кој значи одење напред за сите граѓани кои живеат во Северна Република Македонија, за сите етнички заедници, сосема независно од нивната верска, национална или партиска припадност“, рече кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски

Македонија | пред 6 години

sajt-koskena-srcevina-696x348

Околу 100 учесници на скопскиот маратон станаа потенцијални дарители на коскена срцевина

На штандот на Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје, како носител на националната камања  „Биди срцевина, биди херој“ за помалку од два часа, се пријавиле околу 100 доброволни потенцијални дарители на коскена срцевина, кои  стануваат дел од националниот дарителски регистар, а со тоа и дел од 30 милионското семејство на дарители на коскена срцевина обединето во светскиот регистар. Најмладиот од нив има 17 години. Потенцијалните дарители беа учесници на „Виз Ер скопски маратотон“.„Нѐ прави неизмерно среќни и задоволни фактот што грѓаните и учесниците на вчерашниот маратон, покажаа исклучително висока свест за хуманост и солидарност. Одѕивот ги надмина нашите најоптимистични очекувања и покажа дека можноста да се биде од полза за да се спаси нечиј живот е препознаена и кај нас. Луѓето сакаат да бидат дел од оваа заедничка хумана мисија. Стручно-медицинскиот персонал на Клиниката за хематологија, Институтот за имунологија и хумана генетика при УКИМ-Медицински факултет-Скопје,  националниот координаторот за трансплантација з заедно со пријателите и поддржувачите на кампањата зедоа активно учество во маратонот. Тие трчаа со цел да ја пренесат пораката на кампањата до сите присутни, дека со запишување во регистерот се зголемува можноста да се спаси живот“, подвлекоа од Клиниката.

Скопје | пред 6 години

izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

До 17 часот нема цензус, помала излезност во општините со албанско население

До 17 часот своето право на глас го искористиле 665.985 гласачи, односно 38,23 проценти, соопшти ДИК.Поголема излезност е забележана во Аеродром, Битола, Богданци, Валандово, Вевчани и други места, каде излезноста е и над 60 проценти. Помала излезност има во Арачиново, Боговиње, Брвеница, Врапчиште.

пред 6 години

„“-skopjeinfo.mk-Google-Chrome

ВИДЕО: Шверцери го „запалија“ скопско Кале и развеаа огромен транспарент

Навивачите на прволигашот Шкупи од Чаир, популарните „Шверцери“ вчеравечер на Скопското Кале приредија пиротехничко шоу.Истото беше како најава за вчерашниот дерби дуел од Првата лига против Вардар кој се игра со почеток од 16:00 часот.[embed]https://www.facebook.com/tv21hd/videos/2274058932647139/[/embed]Воедно на овој дуел „Шверцери“ ќе прослават 30 години од своето постоење, а јубилеј има и подгрупата „Гамблерс“ која ќе го прслави својот 20-ти роденден.

Скопје | пред 6 години

evrovizija

Џихадистите се заканија со напад врз Израел за време на Евровизија

Палестинското движење Исламски џихад од Појасот Газа денеска се закани дека ќе го спречи одржувањето на изборот за Песна на Евровизија, кој почнува за 10 дена во Израел, јави „Тајмс оф Израел“.Учесниците денеска почнаа да пристигнуваат за натпреварот, кој ќе се одржи од 14 до 18 мај. Се очекува манифестацијата да привлече илјадници туристи во Израел.„Ќе го спречиме непријателот да успее во одржување на каков било фестивал, чија цел е да му наштети на палестинскиот наратив“, се наведува во соопштението на Исламски џихад, објавено во моментот кога израелските воздухопловни сили започнаа напади врз десетици цели во Појасот Газа, како одговор на тоа што 400 ракети беа истрелани кон територијата на Израел.Во соопштението се наведува дека „отпорот мора да реагира на агресијата на непријателот и да го изненади“.Претходно денеска израелската армија го обвини Исламски џихад за поттикнување на моменталното насилство во Газа и во Израел.Портпаролката на јавниот радиодифузен сервис Кан – локалниот медиумски партнер во организацијата на Евровизија – се обиде да ги смири загрижените дека избувнувањето на насилствата во Газа ќе влијае на музилкиот фестивал, кој треба да се одржи од 14 до 18 мај.– Подготовките за евровизиските делегации продолжуваат според планираното. Делегациите пристигнаа во Израел и сите се зафатени со натпреварувањето – изјави Шарон Бен Давид.Таа рече дека организаторите биле во постојан контакт со регионалната команда на израелските одбранбени сили, која не дала никакви специјални наредби поради ескалацијата на насилството во јужниот дел на земјата – далеку од Тел Авив каде се одржува натпреварот.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Во Скопје најмногу се гласа во Центар, а најмалку во Сарај

Најголема излезност во Скопје до 13 часот, според податоците на ДИК, има во општина Центар каде гласале 27,27 отсто. На втората позиција по излезност е Аеродром со 26,16 проценти, а веднаш зад неа е и општина Кисела Вода каде гласале 25,92 отсто од избирачите.Над 20 проценти излезност има и во општините Ѓорче Петров со 24,5 отсто, потоа Гази Баба со 22,84 проценти и Бутел со 21,75 отсто.Помала е излезноста во Чучер Сандево со 16,59 отсто, по неа следи Шуто Оризари со 12,69 проценти и Чаир со 11,9 проценти, а на последното место е Сарај, која е единствената општина каде гласале помалку од 10 отсто од запишаните избирачи или само 9,07 проценти.

Скопје | пред 6 години

guguceska

ДИК: До 13 часот излезноста изнесува 20.73%

ДИК на прес-конференција ги соопшти резултатите на излезност до 13 часот на избирачките места низ земјава. „Излезноста е 20.73% на обработени 95.39 проценти информации. Однооно до 13 часот гласале 359.024 гласачи“, изјави портпаролот Љупка Гугуческа.Најнизок одзив има во Желино 4.22%, Врапчиште 6.12% и Боговиње 6.21%, соопшти портпаролката Љупка Гугуческа.Гласањето тече мирно. Наредната прес-конференија на ДИК ќе биде во 15 и 30 минути. 

пред 6 години

papa-bugarija

Папата стигна во Бугарија, Бугарската православна црква одби да одржи заедничка литургија со папата

Папата Франциск ги повика Бугарите да ги отворат своите срца и домови за мигрантите, тврдејќи дека една земја како Бугарија, која го губи населението кое емигрира, треба добро да ги разбере оние кои се принудени да ги напуштат своите татковини.  Папата  во Бугарија беше пречекан од бугарскиот премиер Бојко Борисов , а ќе се сретне и со претседателот Румен Радев.„Молитвите на папата Френциск за мир се исклучително важни за нашиот регион што се протега од Украина на исток кон Западен Балкан“, рече Борисов додека го пречекуваше папата на аеродромот во Софија.Светиот синод на Бугарската православна црква ја одби можноста да одржи заедничка литургија со папата.Папата денеска во Софија, ќе се сретне со членовите на малата католичка заедница во земјата и ќе го посети бегалскиот центар Враждебна.Папата по посетата на Бугарија, ќе ја посети и Македонија. 

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Зголемена излезност до 10 часот: Близу 19.000 гласачи повеќе од првиот круг

До 10 часот на гласање излегле 99.192 односно 6.31 процент. Најмногу излегле во Крива Паланка, а најмалку во Врапчиште.Во првиот круг од изборите, излезноста беше 80.568 гласачи односно 6.05 проценти.Во Охрид и Ново Село гласале 4.062 избирачи, односно 6,38 проценти. Во Охрид до 10 часот излезноста е 5,59 проценти.

пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски од Будимпешта: ,,Биле опседнати со мене? Има и зошто…поздрав од вашиот кошмар“

Биле опседнати со мене? Има и зошто... Со луѓето се сменија времињата и вредностите, напиша на својот Фејсбук профил поранешниот премиер Никола Груевски.Во продолжение статусот на Груевски во целост:Некогаш вест од политичарите беше кога некој проблем кој тиштеше многу народ ќе се решеше, реформа ќе се најавеше или спроведеше, инвеститор ќе отвореше фабрика, проект ќе се изградеше или ќе започнеше да се гради, апарати за болните ќе се набавеа, пензии или плати ќе се покачеа, илјадници ветени проекти ќе се исполнуваа, па кога доцнеа критика и така...Денес не доцнат, туку ги нема. Не постојат. Денес вестите од политичарите се празна реторика, само навреди, клевети, лаги и бескрајни реторички надмудрувања кои се помалку луѓето сакаат да ги слушаат и гледаат, фалења со апсења и прогон на политичките противници. Денес секој ден една иста вест цели 15 дена е ветување дека масовно ќе се менувале функционерите кои сами си ги донесоа и одбраа а само за да се спасат себе и да купат уште малку време за уште некоја ,,реколта,, на рекет и мито. Продавање лажна надеж и лажни илузии на народот кој чека спас од нив, гордеење до небо со национални предавства, фалење дека другите однадвор ептен ги фалат нив дека предавствата многу ги бендисале иако во нивните земји ни на крај памет не би им паднало такви работи да направат.Возења тротинет или задоволување лични фрустрации со возење скапи мотори, лечење комплекси по балови, гафови како мали деца скоро секој ден и бескрајно убедување дека народот е спасен од ,,режимот и заробената држава,, која нели не смееме да дозволиме да се врати. Убедување со дланката ставена на срце, дека само што не дошле рајските денови. Еве ги, кај и да е, само што не сме во рајот, тука сме некаде...Не умри магаре, до зелена трева, кажал нашиот народ...Се вратија времињата од деведесеттите кога наместо редовни набавки на медицинска опрема и апарати како што имаше до пред две години, еднаш годишно се радуваме на јапонска или незнам чија донација од 20 илјади евра како да сме земја во централна Африка.Да, имаат дебела причина да се опседнати со мене и да ме осудат не две, туку 200 години затвор. Ама тоа нема да им ги излечи комплексите, тие само ќе растат, нема да ја промени тажната реалност на масовно иселување, ни нивната неспособност а најмалку огромната разочараност на народот од оваа банда натрапнци...Поздрав од нивниот кошмар, пишува Груевски.Никола Груевски е во бегство од ноември минатата година и по него е распишана меѓународна потерница. 

Македонија | пред 6 години

izbori-glasanje-11-92584

Втор круг претседателски избори, во Охрид и Ново Село се избира и градоначалник

Почна вториот круг за избор на претседател, мирно и без проблеми. Граѓаните кои од утрово го остварија правото на глас, се поделени околу очекувањата од новиот претседател на државата.Покрај претседателските избори, денеска се одржува и вториот круг од предвремените локални избори за градоначалници во Охрид и Ново Село.Претседателските избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Град Скопје и на 32 во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.Во изводите од Избирачкиот список се запишани 1.726.795 гласачи, 77.579 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.640 се на издржување казна затвор или се во притвор, а седум гласачи се запишани како внатрешно раселени лица. Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои поднеле пријава во ДКП во странство се запишани 1.782 гласачи.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

„Нашиот син не почина од сипаници“ - родители ги демантираат здравствените власти

Родителите на детето кое почина ги демантираат тврдењата на здравствените власти кои велат дека детето починало од сипаници. Орхан Шабани вели дека неговиот син Мираџ, веќе починат, 6 месеци боледувал од белите дробови. Тој ги обвинува лекарите и вели дека тие не го лекувале неговиот син како што треба. И лекарските извештаи потврдуваат дека на детето му била дијагностицирана бронхопневмонија, објави tv21.tv.-Мојот син не почина од сипаници, тоа е три дена и ги помина, како кај секого. Мојот син претходно имаше бронхитис и проблеми со пневмонија. Беше 11 дена во “Козле“ на Водно, потоа на Клиниката за Инфектологија два дена и не се погрижија како што треба, му дадоа само инфузија, слаба терапија му дадоа и не го испитаа подетално-вели Орхан Шабани за tv21.tv.И мајката на Мираџ, Суреја, вели дека нејзиниот син не бил лекуван правилно. Таа вели дека со месеци одела по болниците, а дека нејзиниот син сипаници добил во болницата Козле. Според неа, Мираџ починал 2 недели откако му поминале сипаниците.Текстот во целост на: tv21.tv

Македонија | пред 6 години

Wiz-Air-Skopski-maraton-2019-trka-4

Чачале Асмама Тируне од Етиопија победник на 15- от Виз ер Скопски Маратон

Денеска на скопските улици неколку илјади маратонци трчаа на 15-то издание на  најмасовната спортска манифестација Виз Ер Скопски маратон 2019.Победник на Виз Ер Скопскиот маратон 2019 е Чалаче Асмама Тируне (Chalachew Asmamaw Tiruneh) од Етиопија кој прв пристигна на целта и 42 километарската траса ја истрча со време од 2:15.37 часа, оставајќи ги зад себе Вилфред Кипчирчир Корир од Кенија (Wilfred Kipchirchir Korir) и третиот Гетаје Фисеха Гело од Етиопија (Getaye Fisseha Gelaw).Во женска конкуренција доминација на натпреварувачките од Кенија, каде победи Енис Ниара Мичири (Eunice Nyawira Muchiri) која заврши со време од 2 часа, 33 минута и 27 секунди, што претставува најдобар резултат постигнат во женска конкуренција. Второто место го освои Еулитер Тануи (Euliter Jepchirchir Tanui), додека третото Наоми Какоко Ламамуреи (Naomi Kakoko Limamurei).Во полумаратонот, прв ја помина целта домашниот тркач Дарио Ивановски, кој патеката долга 21 километар ја истрча за време од 01:12.31 часа, пред Кристијан Стошиќ (Србија), додека третото место го освои домашниот тркач Милош Ранчиќ.Кај дамите првите три места ги освоија Зита Качер (Унгарија) со резултат од 1:28.55 часа, а зад неа завршија домашната атлетичарка Миљана Ристиќ и Емилија Тодоровска Елијас (Шведска).На трката на 5км, којашто беше најмасовна, кај жените најуспешни беа Марија Стојановска, втора беше Ања Еклер, а третото место го освои Ирма Хајдари, додека кај машките натпреварувачи најуспешни беа Леонид Вандевски, пред Павле Јовановски и Пепи Aнакиев.Организатори на годинешното издание на Виз Ер Скопски Маратон 2019 се: Град Скопје и Сојуз на спортови на Скопје, Агенцијата за млади и спорт, како и Атлетската федерација на Република Македонија, Европската Унија во Македонија и атлетските клубови. Оваа година на маратонот што се трчаше низ улиците на Скопје имаше рекордна пријавеност од над 12.500 пријавени од 58 земји од светот.Град Скопје од Буџетот и годинава за оваа намена издвои 1.500.000 денари, и ги стави на располагање и сите јавни претпријатија под негова ингеренција, кои беспрекорно си ја вршеа својата работа за маратонот да се одржи во најдобар ред.Во маратонот учество зедоа 60-тина вработени од администрацијата на Град Скопје.Наградниот фонд на Виз Ер Скопски маратон 2019 изнесува 18.000 евра, додека највисоката поединечна награда може да достигне 5.000 евра.

Скопје | пред 6 години

vlcsnap-2019-05-04-10h54m39s179

(ВИДЕО) Папата Франциск: Сигурен сум дека вашата земја е добра, најубавите мозаици се тие што имаат многу бои

Драги браќа и сестри од Северна Македонија,Преку оваа кратка порака, сакам да ги искажам радоста и пријателството што ги чувствувам кон вашиот народ и кон црквата што постои во вашата земја.Откако вашата земја стана независна, Светиот Престол сакаше со вас да воспостави пријателски и дипломатски односи. Денес, повеќе од кога било, има потреба и во Европа, и во целиот свет, да се развива култура на излегување во пресрет, култура на братство, и јас ќе дојдам меѓу вас, да го посеам ова семе.Сигурен сум дека вашата земја е добра, дека ќе го прими ова семе и ќе добие плодови.Всушност, посебната убавина на вашата земја, се должи на различните култури, етникуми и религии што живеат во неа. Секако дека соживотот не е секогаш лесен, го знаеме тоа, но вреди да се вложи тој напор, бидејќи најубавите мозаици се тие што имаат многу бои.Мојата посета ја посветувам и на една голема светица, ќерка на вашата земја, Мајка Тереза, родена и израсната во Скопје, која преку благодатта Божја, стана храбра мисионерка на Христовата милост во светот, давајќи утеха и достоинство на најсиромашните меѓу сиромашните.Драги пријатели, да ја подготвиме нашата средба со молитва дека ќе биде исполнета со мир и секое добро за целиот ваш народ.Бидете од Бога благословени!

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања