„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

maraton-skopje-2

Се трча „Скопскиот маратон“ по 15-ти пат, годинава рекордни 12.500 учесници

Рекордна бројка од над 12.500 учесници од 58 земји ќе настапи на денешниот 15-ти „Скопски маратон“ во неколку категории: маратон, полумаратон, мешан штафетен маратон (мажи и жени) и на ревијалната трка на пет километри. Наградниот фонд ќе изнесува 18.000 евра, а најдобрите, заедно со бонусите за евентуалните рекордни времиња, ќе добијат и до 5.000 евра.За разлика од минатите години, наместо од плоштадот и во правец кон Камени мост, стартот и целта на трката ќе бидат пред Собранието на Македонија. Потоа се трча кон Владата, лево по булеварот Илинден кон Ѓорче Петров, оттаму по булеварот Теодисиј Гологанов, кон Центар, населбата Јане Сандански и назад до Собранието.Елитни натпреварувачи од Етиопија и Кенија и денес ќе трчаат, а се очекуваат и нови рекорди .Рекордерите се од Кенија, кај мажите Кируи Кипротич (2:12,36 часа) од 2016-та, а кај жените Стела Барсосио (2:33,42) од 2017 година.Маратонската трка ќе се смета и како државен шампионат на Македонија и на неа ќе настапат најдобрите во моментов. Кај жените фаворитка е актуелната рекордерка Адријана Поп Арсова (2:59,46 часа), која лани беше трета.Кај мажите, титулата првак на Македонија од лани ќе ја брани Александар Кираџиев (време од 2:42,48 часа), а конкуренти ќе му бидат Кокан Ајановски, Марјан Бонев, Игор Јакимовски… Рекордот уште го држи Трпе Мартиноски (54) од 2000 година во Нови Сад (2:25,06), кој во повеќегодишната кариера има истрчано над 100 маратони.

Скопје | пред 6 години

izjava-zaev.Still101

Пукање кај штабот на ДУИ во Охрид

Синоќа околу 23 часот на улицата Гоце Делчев во населбата Воска пукано е со огнено оружје во близина на штабот на партијата ДУИ кој е лоциран на оваа улица.Според првите непотврдени ифнромации пукано е од автомобил во движење, а во настанот оштетено е едно возило со охридски регистарски ознаки. Според непотврдени информации возилото било на случаен минувач и е подигнато за понатамошно вештачење.[caption id="attachment_39879" align="alignnone" width="850"] Фотографија од оштетувања внатре во автомобилот[/caption]Неколку мигови потоа се чуле истрели и блиску до куќата каде живее советникот Нефи Усеини , кој е и прв човек на ДУИ во Охрид.Полицијата ја блокира улицата Гоце Делчев и вршеше увид на местото на настанот до раните утрински часови.ПРВАТА ОБЈАВЕНА ИНФОРМАЦИЈА ( 23:18 часот 04,05,2019 )Предмалку се пукало со огнено оружје кај штабот на ДУИ, лоциран на ул. Гоце Делчев во Охрид. Дознаваме дека е блокиран овој дел од градот, затоа што во моментов се врши увид. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Со автомобил удрил во патарина и избегал кај Велес и избегал

На 03.05.2019 година во 03.05 часот на автопатот Градско-Велес, на наплатната рампа „Стоби“, патничко возило „Мазда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од за сега непознато лице, удрило во сензорска рампа на втората наплатна кабина, ја оштетило и го напуштило местото на настанот.Извршен бил увид од екипа од СВР Велес и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

gradinka-2

Деца се испотепале во градинка, еве ги деталите

На 02.05.2019 година во 12.20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клинки „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено едногодишно дете. И.С.(34), татко на детето, пријавил дека истиот ден околу 10.00 часот, откако ја зел неговата едногодишна ќерка од градинка во населба Ченто, забележал дека имала гребаница на лицето, очите и ушите и според кажувањето на воспитувачката од градинката на детето повредите му биле нанесени од друго дете кое било на возраст од околу една година и шест месеци.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

gubre-vrv

Депонија на највисокиот врв на светот – под снегот тони ѓубре и човечки тела

Децениското искачување на највисокиот планински врв на светот, Монт Еверест го претвори во депонија со тони ѓубре, а екипите кои го чистат, освен отпад нашле и човечки тела. Во рамките на кампањата за чистење, највисокиот врв ќе собере околу 5 тони од базниот камп, пренесуваат бугарските медиуми.Ѓубрето ќе биде собрано на височина помеѓу 6 500 и 7 500 метри.Сето ова нема да биде евтино. Ќе бидат инвестирани околу 330 милиони долари, објави Министерството за туризам во Катманду.Монт Еверест е највисоката точка на земјата. Планината се наоѓа на границата помеѓу Непал и Кина. 

Свет | пред 6 години

grad-steti

МЗШВ: Со модерно решение за градобијна заштита ќе се заштитува земјоделското производство од град

Поради сѐ позачестените негативни последици од климатските промени и појава на град, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, интензивно работи на мерки со кои што ќе се заштити земјоделското производство од штети од временските непогоди, конкретно од град.Во моментов е во завршна фаза воспоставувањето на модерно решение за градобијна заштита. Новиот систем за градобијна заштита предвидува контрола на климатските услови преку таканаречено засејување. Тоа подразбира надлетување на небото на територија на Република Северна Македонија со специјално опремени авиони кои ќе испуштаат раствор за спречување на формирање на мраз во облаците. За таа цел Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, ќе обезбеди 1,5 милиони евра за спроведување на постапка за јавна набавка од страна на Управата за хидрометеоролошки работи за избор на компанија. Овој период беа одржани неколку консултативни работни состаноци со УХМР за спроведување на целата постапка.Инаку, и натаму на земјоделците на располагање им стои мерката од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година за кофинансирање на трошоците за премијата за осигурување за надоместок на штета врз земјоделското производство во висина од 60 отсто. Вкупната сума во Програмата за оваа намена е 70 милиони денари. Дополнително, МЗШВ работи и на нов модел за зголемување на осигурувањето на земјоделското производство.

Македонија | пред 6 години

bebe

10 и пол месечно бебе почина од мали сипаници

Според информации од Клиниката за детски болести, во текот на вчерашниот ден десет и пол месечното бебе кое повеќе од две недели беше на интензивна нега починало како последица од компликации од мали сипаници, изјави денеска доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега. Кај починатото дете претходно не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано.Во изминатата недела биле пријавени 113 сомнителни случаи од кои кај 110 се регистрирани мали сипаници. Од нив, 46 се во Скопје, а 64 се од другите градови.

Македонија | пред 6 години

Pres-konferencija-Skopski-Wiz-air-maraton-2019-3

Се е подготвено за скопскиот маратон – пријавени рекордни 12.500 учесници од 58 земји во светот

Неколку илјади маратонци, полумаратонци и рекреативци утре ќе истрчаат на градските улици и ќе учествуваат во 15. Виз Ер Скопски маратон, најмасовната и најатрактивната спортска манифестација во земјава. Деталите поврзани со годинешната трка на денешната прес-конференција ги соопштија градоначалникот Петре Шилегов, директорот на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски и атлетичарите Адријана Поп Арсова и Александар Кираџиев.- Градот Скопје, заедно со Канцеларијата на Европската унија, Агенцијата за спорт и млади и Сојузот на спортови на Скопје во соработка со Атлетската федерација, атлетските клубови и огромниот број волонтери, успеа да направи меѓународно афирмиран настан на кој секоја година се пријавуваат се повеќе професионалци, рекреативци, ученици од основните и од средните училишта, пријатели на спортот и на позитивната енергија. Виз Ер Скопски маратон прерасна во еден од најпознатите маратони на Балканот. За угледот и за реномето на маратонот говори и податокот дека тој е важен и за исполнување на норми за учество на сите најзначајни европски и светски шампионати, како и за Олимписките игри. Ме радува што оваа година се пријавени рекордни 12.500 учесници од 58 земји во светот. Во трките ќе учествуваат и 60-тина вработени во градската администрација – рече Шилегов.На учесниците во трките Шилегов им пожела добро време и добра забава и нагласи дека се создадени сите услови за годинава да имаме најдобро издание на маратонот досега.- Во организацијата на маратонот се вклучени стотици професионалци и волонтери што се грижат трките да поминат во најдобар ред и ја користам оваа можност да се заблагодарам за нивниот ангажман кој е од исклучителна важност за успешноста на оваа манифестација. И годинава, за оваа манифестација Градот Скопје од својот буџет издвои 1.500.000 денари, а ги стави на располагање и сите јавни градски претпријатија – додаде Шилегов.Директорот на маратонот, Синадиновски, ги повика граѓаните во што поголем број да излезат на градските улици и да ги бодрат натпреварувачите со аплаузи, но и со интересни транспаренти.- Оваа година, на неколку локации по должината на патеката натпреварувачите и гледачите ќе ги забавуваат бендови и диџеи. Ме радува интересот што го покажаа граѓаните за четирите трки и што од година во година бројот на пријавени учесници се зголемува. Очекуваме и нови рекорди на патеката. Наградниот фонд на маратонот изнесува 18.000 евра – рече Синадиновски.

Скопје | пред 6 години

papata-francisko

(ФОТО) Папата доби и поштенска марка

В понеделник, ден пред доаѓањето на папата Франциск во Скопје, ќе биде промовирана нова поштенска марка. Ова денеска го најавија од собраниската прес служба, од каде информираат дека промоцијата на поштенска марка „Прва посета на Папа на Република Северна Македонија “ е во соработка со АД „Македонска пошта“.По најавите за  неговото доаѓање во земјава, беше изработена  и нова веб страница www.papa.mk, каде се објавуваат деталите во врска со посетата.Литургијата на папата Франциск  на Плоштадот Македонија ќе почне во 11.30 часот. 

Македонија | пред 6 години

Damjan_Manchevski_Minister

Манчевски до Ѓорчев: Договорете се дали сте победиле, дали сте изгубиле во 2016, кој е на власт?

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во синоќешната дебата со Влатко Ѓорчев на ТВ 24, застана во одбрана на владејачката гарнитура, затоа што како што според него, Македонија се движи во правилна насока.„И вие договорете се. Дали сте победиле, дали сте изгубилево 2016, кој е на власт?. Во недела треба да го избереме Стево, кој знаеме што ни нуди. Стабилност, сигурност, продолжување на патот кон ЕУ и НАТО. Од друга страна ја имаме Гордана Силјановска-Давкова, која не знаеме што нуди“, истакна Манчевски.

Македонија | пред 6 години

zaev-1-702x459

(ВИДЕО) Заев: Можевме да ја освоиме Грција, ама срамота е во 21 век

На еден од своите говори, премиерот Зоран Заев вели дека Македонија може да ја освои Грција-Договор со кој конечно разграничивме – ние сме северниот дел од историскиот дел од Македонија. Опцијата беше или ќе ја нападнеме Грција, да ја освоиме, што е срамота во 21 век, рече Заев.[embed]https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/738907893170965/[/embed]

Македонија | пред 6 години

aaaaa

Левица на Апасиев повикува да гласате за Силјановска, за да Џафери не биде в.д. претседател

Президиумот на Левица, на синоќешната вонредна седница (2 мај 2019), одлучи да ја поддржи професорката Гордана Силјановска Давкова како кандидат за претседател на Република Македонија.Силјановска ја сметаме за атипичен претседателски кандидат. И покрај нашите несогласувања по одредени прашања, знаеме дека таа е изградена личност со неспорен кредибилитет, која што ефикасно ќе се спротивстави на политиката на коалиционата двојка СДСМ-ДУИ, личност која ќе се води по принципите на правото, правдата и етиката и нема да дозволи компромитација на својот интегритет.Нашата поддршка за Силјановска да стане првата жена претседател на Републиката е строго персонална, а никако про-вмровска! Дотолку повеќе што повмровски кандидат во случајов е токму Стево Пендаровски кој беше портпарол во првата вмровска влада на Љубчо Георгиевски, а потоа и советник во кабинетот на Борис Трајковски.Нашата соработка со професорката датира уште од времето на Професорскиот пленум, па оттука оваа наша поддршка ја сметаме за принципиелна и критична. Секој гласач на проф. Силјановска мора да ја држи за збор, будно да го следи секој нејзин чекор и да ѝ помогне да не потпадне под влијанието на големите партии СДСМ - ДУИ - ДПМНЕ. Нам сега ни треба реализирана и принципиелна личност за претседател, која нема да биде обична марионета, туку мудро ќе ги користи своите уставни овластувања со цел да не дозволи тотална власт на само една партија.Во очи на вториот решавачки круг од Претседателските избори, разбираме дека е тешко да се партиципира во политичките збиднувања инструментализирани од власта, но токму сега мораме да ги смириме страстите и да размислуваме со ладна глава. Колку и да се чини оправдан гневот против корумпирани елити, сепак на овие избори - каде бираме личност, а не партија - бојкотирањето ќе биде само во корист на властодршците и ќе овозможи актуелниот собраниски спикер да биде ВД претседател.Груевизмот, како стадиум на изедначување на партијата со државата, е на раб да се повтори во заевизам – како автократски модел на владеење. Наша задача, како автентична левичарска партија, е да застанеме на патот на оваа забегана влада во нејзините намери да го доуништат и онака климавиот суверенитет на Републиката и да ја престорат во слуга на империјалните интереси.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Плаќање на заостанати сметки за вода и смет без камата до 28 јуни

Заостанатите сметки за вода и за собирање и транспортирање комунален отпад граѓаните на Скопје ќе можат без камата да ги платат во периодот од 13 мај до 28 јуни 2019 година.Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека корисниците што имаат заостанат долг за потрошена вода и за собирање и транспортирање комунален отпад (тужен и редовен) ќе имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнетоплаќање.Можноста корисниците да го платат долгот без пресметана камата е со определено времетраење во предвидениот рок, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Скопје: Фатени 9 возачи без возачка дозвола, а казнети се осум поради поминување на црвено светло

Во текот на изминатиот ден (02.05.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека еден возач управувал возило со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и три возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради неправилно престројување, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и тројца возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатиот ден издадени се 10 мандатни платни налози и осум возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а девет лица поминале со телесни повреди. 

Скопје | пред 6 години

krsto-mukoski-960x528

И без Мукоски да ја отвореше вратата на 27 април, тие ќе влезеа, вели Пендаровски

Амнестијата на дел од обвинетите за случувањата од 27 април во Собранието, е направена поради перспективите, од политичка смисла, за државата што се отвараат во насока на реализација на стратешките цели, истакна денеска кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со инцијативата „На мегдан“.– Промената на Уставот што требаше да произлезе од Преспанскиот договор за новото име да важи и во внатрешниот правен поредок бараше две третини, во тој момент ние се соочивме со барањето на две добра. Чиста правда и отворање на евроатлантските врати. Кога ја видов содржината на законот за амнестија, ми олесна. Мислам дека кога ќе го ставите на страна фактот дали да му дадеме 15 години робија на Крсто Мукоски кој отварал врата во Собранието, а демонстрантите секако ќе влезеа и да не беше тоа отворање на врата. Од друга страна имате потреба да направите две третини за да го промените Уставот, со што дефинитивно на сите нас и сегашни и идни генерации ни се отвараат вратите на развиениот свет, за мене беше јасно како човек кој беше еден од нападнатите дека е подобро тоа да го направиме отколку да одиме со неселективно казнување и на луѓе кои не употребиле насилство ниту имале намера да организираат употреба на насилство, истакна Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања