„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

siljanovska

Јас сум реформатор и се што сум допрела сум реформирала, вели Силјановска

Во вечерашниот дуел на Канал 5, претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова ги повика граѓаните да гласаат за личност и рече дека таа е роден реформатор и се што допрела реформирала. Дополни дека така ќе биде и овојпат.Што се однесува до Договорот од Преспа рече дека таа има право на самоопределување.Во Уставот оваа држава е наречена Република Северна Македонија. За мене беше и  ќе остане Република Македонија. Може да стои на актите, на законите, може да стои и пред мене кадешто ќе седам, јас нема да кршам, но имам право на самоопределување. рече Силјановска.

Македонија | пред 6 години

Gruevski-Ahmeti-696x371

Ахмети ќе пишува книга со мемоари за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва во „Отвореното студио“ на 1ТВ на прашањето, како е да се соработува со ВМРО ДПМНЕ, а како со СДСМ, избегна да одговори, велејќи дека за да даде одоговр на тоа прашање ќе треба да ја отвори неговата душа.– Никогаш не сум сметал дали ќе победам на следните избори. Секогаш сум правел анализа со сите мои соработници, што да направиме подобро за да ги привижиме работите напред. И секако дека ова резултираше со успех. Никогаш не сум ја напуштил комуникацијата со опозицијата, и во тоа време кога СДСМ беше опозиција ние имавме состаноци со Заев, и тие состаноци не сум ги правел тајно за да работам зад грбот на тогашниот партнер ВМРО ДПМНЕ, туку било објавувано во медиумите. Интересите на граѓаните секогаш ми биле на прво место, потоа партиските, а дури потоа моите лични. Јас сум голтнал и работи што не се голтаат – рече Ахмети.Деталите за тоа какво е чувството да се коалицира со ВМРО ДПМНЕ, а како со СДСМ најави дека  ќе ги објави во неговите мемоари.

Македонија | пред 6 години

282559-0.Basic-duel

Последен ден изборна кампања, од полноќ молк

Кандидатите за претседател на државата, Стево Пендаровски и Гордана Силјаноска-Давкова, ги користат последните часови да ги убедат граѓаните која програма е подобра и за кого да гласаат на 5 ти мај. И двајцата очекуваат дека ќе победат в недела, на вториот круг од претседателските избори.Според Пендаровски,  поддршката за него ќе значи подобра перспектива за сите, сигурно одење во Европа, продолжување на реформите и заедничкиот пат кон напредокот, развојот и интеграцијата во НАТО, но и ставање крај на „груевизмот“.Неговата противкандидатка Силјаноска-Давкова пак, чиј главен адут е владеењето на правото очекува нашата држава да се реформира во секој поглед и оти реформите треба да почнат од оние најгоре.Изборниот молк ќе почне на полноќ. За време на 24-часовниот молк ќе гласаат затврениците, болните и немоќни лица, внатрешно раселените и во дијаспората. В недела право на глас ќе имаат 1.808.131 граѓанин запишани во Избирачкиот список. 

Македонија | пред 6 години

parno

Заев најави намалување на ДДВ – то за парното греење од 18% на 5%

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со министерот за финансии, Драган Тевдовски, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, претседателот на Регулаторната Комисија за енергетика, Марко Бислимоски, како и секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ, денеска присуствуваа на состанокот на Интер-ресорската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух и дефинирање на соодветни препораки и мерки кои треба да се преземат за подобрување на квалитетот на воздухот.На состанокот, се разговараше за мерките за намалување на загадувањето на воздухот, односно Планот за чист воздух, којшто е стратешки приоритет на Владата и прашање од врвен интерес на граѓаните. Исто така стана збор за мерките и активностите коишто се преземени досега, но и за идните планови на сите инволвирани чинители во насока на намалување на загадувањето на воздухот.По состанокот, во изјавата за медиумите, премиерот Заев изјави дека заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, со Министерството за финансии, со Регулаторната комисија за енергетика и со Градот Скопје, донесена е одлука да се намали данокот за додадена вредност за испорака на топлинска енергија, од 18% на дури 5%.Тоа значи дека секое семејство, приклучено на централното парно греење со стан со просечна квадратура, ќе добива пониска сметка за од прилика 220 денари месечно, што е годишна заштеда од скоро над 2600 денари. И добро знаеме дека тоа не е единствената придобивка. Системот на парно греење нуди и најголема енергетска ефикасност, односно има најмала емисија на јаглерод диоксид“, истакна Премиерот Заев.Оваа мерка, како што рече Премиерот Заев има други ефекти од интерес за граѓаните.„Ќе ги мотивира граѓаните да не се исклучуваат од системот на централно парно греење и ќе биде мотивација повторно да се вклучат околу 14.000 семејства кои од системот на централно парно греење се исклучени од 2012 година до сега. Во исто време очекуваме да се приклучат нови 10.000 домаќинства“, додаде Премиерот Заев.Од почетокот на новата грејна сезона, со намалување на ДДВ за испорака на топлинска енергија од 18 на 5%, како што рече заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, се исполнува уште едно ветување коешто е инкорпорирано во Планот за чист воздух.„Оваа мерка оди во правец на директивите коишто постојат во Европската Комисија од 2006-тата година, бидејќи централните топловодни системи во земјите на ЕУ, во САД, се една од најдобрите алатки за справување со аерозагадувањето“, истакна заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.Од регулаторната комисија за енергетика, пак, уште еднаш потсетија дека, од неодамна е укинат паушалот за граѓаните коишто се исклучени од системот на централно парно греење. „Ние се приклучивме на оваа иницијатива за намалување на ДДВ од 18 на 5% за потрошувачите коишто се приклучени на топлинска енергија, како и за сите останати потрошувачи коишто се приклучени на дистрибутивните системи за природен гас. Понатака, во однос на приклучените потрошувачи за топлинска енергија, во текот на месец јули ќе донесеме нов тарифен систем за продажба на топлинска енергија, којшто ќе биде многу поедноставен од сегашниот. Накратко кажано, трошокот за ангажирана моќност повеќе како таков нема да постои“, образложи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.„Со воведувањето повластената стапка на ДДВ очекуваме и ширење на топлификациската мрежа и приклучување на нови корисници кои во моментов користат други начини за затоплување“, истакна секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ. 

Македонија | пред 6 години

59157508_10215260048469220_7872377528298504192_n

ФОТО: „Југо“ поминало на црвено и прегазило девојче во Влае, кое го влечело 20 метри

Доцна попланево на раскрсницата помеѓу населбата Влае и Хром било прегазено девојче, од патничко моторно возило „југо“. Според очевидци, возачот на автомобилот поминал на црвено светло, го удрил девојчето и го влечел 20 метри.Очевидците додаваат дека ударот бил на пешачки премин, а автомобилот едвај застанал. Работите од прегазеното девојче, кои ги носела со себе, биле разлетни на сите страни.Според неофицијални информации, девојчето е во Клиничкиот центар во Скопје и е во добра здравствена состојба.  

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да биде исклучено од образование, без оглед вакцинален статус

Првата детска амбасада во светот Меѓаши реагира на најавите на Министерството за здравство дека невакцинирани деца не смеат да се запишуваат во школо и градинка.Соопштението го споделуваме интегрално:„Поттикнати од прогласувањето на епидемија на морбили на територија на целата држава, реакции на родители чии што деца не се вакцинирани и како резултат на тоа овие деца не можат да посетуваат градинка, а воедно највено е и дека децата кои не се имунизирани нема да бидат примени во образовниот систем, Првата детска амбасада во светот Меѓаши укажува дека ниедно дете не смее да биде исклучено од образовниот процес, без оглед на здравствената состојба или вакциналниот статус. Свесни сме дека во состојба на епидемија јавното здравје има приоритет и државата мора да преземе соодветни мерки со цел да го заштити населението и истото го поддржуваме, но државата мора да најде соодветни форми и механизми со кои ќе обезбеди грижа, згрижување, образование на сите деца.Препорачуваме и сметаме дека родителите треба и мора да бидат целосно информирани за значењето на имунизацијата, но и за сите позитивни и негативни ефекти од истата како и информации за квалитетот и безбедноста на вакцините. Во насока на погоре кажаното, државата треба да преземе одговорност ако има негативни реакции врз здравјето на децата како резултат на вакцинација, воедно да гарантира квалитет што нема да биде проследен со најразлични афери (на пр. вакцини со изминат рок или сомнителен квалитет). Дополнителна конфузија кај родителите/старателите околу важноста или опасноста од имунизацијата создава и неусогласениот став меѓу педијатрите, лекарите и здравствените работници.Затоа, сметаме дека е важно ставовите околку имунизацијата да бидат услогласени од страна на сите релевантни чинители (педијатри, лекари и здравствени работници) и да се земе сериозно предвид стравот на родителите, односно да се разгледаат нивните причини кои ги водат во донесувањето на одлука за вакцининирање или невакцинирање на децата. Игнорирањето на случаи каде деца имаа одредени здравствени потешкотии како резултат на вакцинација нема да го зголеми бројот на имунизирани деца, напротив ќе предизвика уште поголем отпор како резултат на нејаснотии и условување на родителите да ги вакцинираат децата доколку сакаат да го остварат правото на образование кое им е загаранрано со закон и со Конвенцијата за правата на детето.Наместо рутинска контрола пред вакцинацијата на децата, треба да биде пракса целосен, соодветен и темелен преглед на детето и да ги опфати сите деца без оглед на социјалниот, економскиот и образовениот статус на родителите/старателите. Затоа во прилог со ова соопштение доставуваме и соодветни јавно достапни документи со цел јавноста и родителите да бидат инфромирани за вакцината ММР, како и позитивните и негативните аспекти од имунизацијата на децата, но и потребата за дополнителни здравствени прегледи и проверки пред децата да примат вакцина.Во основа сите одлуки кои се носат од страна на родителите и надлежните институции се со една заедничка цел тоа е заштита на децата и нивното здравје и живот. Но, потребно е да се искреира конструктивно решение кое ќе ги надмине сите недоразбирања и ќе се води од принципот на најдобриот интерес на детето.Нашиот став се заснова на принципите на Конвенцијата на правата на детето.Македонија ја има ратификувана Конвенцијата за правата на детето и има обврска истата да ја применува во сите одлуки кои се носат и се донесуваат на децата во нашата земја. Во членовите од 2, 24, и 28 од Конвенцијата за правата на детето каде се наведува:Член 2:Државите членки на овааа Конвенција ги почитуваат и ги обезбедуваат првавата содржани во Конвенцијата за секое дете под нивна јурисдикција без било каква дискриминација и без оглед на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, вероисповедта, политичкото или друго убедување, националното,етничкото и социјалното потекло, имотната состојба,онеспособеноста, потеклото или друг статус на детето или неговиот родител или законски старател.Државите членки ги превземаат сите потребни мерки за да се обезбедии заштита на детето од сите облици на дикриминација или казни засновани врз статусот, активностите, изразеното мислење или убедување на родителите, законските старатели или членовите на семејството на детето.Член 24:Државите членки му го признаваат на детето правото на највисоко ниво на здравствена и медицинска заштита и рехабилитација: Државите членки ќе настојуваат ниедно дете да не биде лишено од правото на таква здравствена заштита.Член 28:Државите членки му го признаваа правото на детето на образование и поради постепено остварување на ова право врз основа на еднакви можности посебно:а) Го прогласуваат основното образование задолжително и бесплатно за ситеСпоред јавно достапните информации, имунизација на децата генерално се заснова на следниве две гледишта:Вакцините претставуваа придобивка на современата медицина и истите спасиле многу детски животи,Второто гледиште се донесува на негативните последици по здравјето и животот на децата и како резултат на истиот родителите одлучуваат да не ги вакцинираат своите деца.“ 

Македонија | пред 6 години

58818379_10157359810329726_5837775533621903360_n

ГАЛЕРИЈА: Езерото Треска претворено во депонија

Пластични шишиња, остатоци од храна и сокови, салфети, се само дел од отпадот кај езерото Треска. Смрдеата која се шири наоколу дополнително покажува дека никој не се грижи за ова излетничко место. Фотографиите споделени од актерката и активистка Ирена Ристиќ, говорат за лошата слика таму.Ова е проблем што опстојува веќе со години, а граѓаните што редовно се рекреираат од другата страна на Треска, во паркот во Сарај, потврдуваат дека ова е секојдневие. Ова е проблем што опстојува веќе со години, а граѓаните што редовно се рекреираат од другата страна на Треска, во паркот во Сарај, потврдуваат дека оваа слика е секојдневна. 

Скопје | пред 6 години

arbnora

(ИНТЕРВЈУ) Фоторепортерката Арбнора остава без зборови: Преку фотографиите им давам глас на слабите и оние кои се безгласни

Млада, харизматична, ведра, секогаш позитивна и насмеана, вака ја опишуваат колегите. Сигурно некаде низ скопските улици ја имате сретнато Арбнора Мемети,  професионална фоторепортерка која го привлече вниманието на целата јавноста. Нејзините фотографски дела, често можете да ги видите на насловните страници од весникот Слободен печат, а неретко и на порталите кои ги „крадат“ без да ја прашаат. За неа ќе каже дека е најмладата фоторепортерка со најмалку искуство меѓу нејзините колеги, но, нејзините фотографии го говорат спротивното. Работи една година, но професијата веќе и влегува под кожа. Сите нејзини дела се уникатни, спонтани, но и стилски средени.[caption id="attachment_39455" align="alignnone" width="960"] ФОТО: Арбнора Мемети[/caption]Арбнора е прва Албанка во Македонија, која се занимава со фоторепортерство. Има 21 година, а за неа ќе каже „Свесна сум дека пред мене имам еден долг пат, но убедена сум дека се може да се постигне со желба и работа“Скопје 1: Тешко ли е да се „уловат“ политичари, граѓани? Дали треба да имаш посебно сетило за да ги уловиш во невообичаени пози?Арбнора Мемети: Па не е секогаш тешко. Зависи,  не гледаме сите исто. Секој гледа од различен агол, така да, пред да се сликне со апаратот, тоа што сакаме да го сликнеме, прво „го сликаме во глава“. Има случаи кога вистинската слика ја гледаш за прв пат на компјутер, посебно ако е фатена набрзина и несвесно. Но, секако дека има и случаи кога си свесен дека ја „штракна“ вистинската. Има важни настани на кои треба да фотографираш и немаш време за детали бидејќи нема време, ноима и моменти кои ние сме ги „сликнале“ во глава, но апаратот не ги извадил на истиот начин.Колегите од другите редакции велат дека секогаш е на вистинско место, во вистинско време, а ние би додале дека секогаш знае да го улови вистинскиот момент. Секој фотографија, раскажува своја приказна. Мемети нè воодушеви со нејзината харизматичност и плановите кои ги сподели со нас. [caption id="attachment_39457" align="alignnone" width="710"] ФОТО: Арбнора Мемети[/caption]Скопје 1: Ти се случило ли да фотографираш некого, а дури откако ќе седнеш да ги обработиш фотографиите на компјутер да видиш дека навистина си „уловила“ миг кој што ќе ги воодушеви сите, или пак веднаш знаеш дека го имаш „вистинското“?Арбнора Мемети: Па мислам дека треба да се има сетило. Зависи, јас секогаш велам дека сите ние различно гледаме, нешто што ми е мене интересно, на другите можеби не им е.Скопје 1: Што највеќе сакаш да фотографираш, со оглед дека секогаш фотоапаратот го носиш со тебе?Арбнора Мемети: Јас фотографијата ја гледам како алатка преку која еден фотограф, меѓу тишина може да испрати многу силни пораки, такви пораки, кои можат да се разбираат само со еден поглед. Сакам да сликам нешто што зборува, нешто што на луѓето може да им пренесе порака, а тоа е документарната фотографија. Јас уживам на тоа, сакам, и секогаш сум сакала да им давам глас на слабите, на оние чиј глас не не им се слуша, на некој начин со тоа ја играм улогата на огледало на оваа општество. Најмногу сакам да се прошетам низ град и да уловам нешто. Ако можете да забележите, досега сликите повеќе ми се поврзани со општествените проблеми. Инаку да, апаратот го носам цело време бидејќи тоа тоа го бара мојата работа. Откако почнав да работам, фотоапаратот ми стана како дел од моето тело. Некогаш викам океј, ќе излезам некаде и ќе го оставам дома, но, веднаш размислувам што ако се случи нешто додека сум во град? Па така, одлучувам да ќе го земам малиот објектив и ништо не може да избега од мене. :)[caption id="attachment_39452" align="alignnone" width="960"] ФОТО: Арбнора Мемети[/caption]Скопје 1: Новинар или фотограф? Што повеќе те исполнува, или овие две професии се толку поврзани што на некој начин се слеани?Арбнора Мемети: Јас студирам новинарство и ова ми е последна година, пред дипломирање. Првите чекори во новинарство ги направив кога се запишав на факултет, каде имав можност веднаш да почнам како практикант, па потоа да се вработам. Сега ми е четврта година откако работам... Единствена причина што јас се запишав на новинарски студии, беше мојата голема љубов кон новинарскиот свет. Додека работев како новинарка, имаше еден период кога и сликав и пишував текстови, а и одлично функционирав. Ги работев двете нешта што ги сакам. Но, по одредено време ми дојде една шанса да работам само како фотограф, и да, се мислев премногу затоа што јас се трудев како студент да научам и покрај мене имав прекрасни луѓе, од стара новинарска школа кој ме упатија како да бидам вистински новинар, но сепак одлучив да ја прифатам таа понуда. Сега работам како фоторепортер, моето искуство како новинарка е само еден плус за мене. Фото-новинарството е форма на новинарството. Пишаниот збор и фотографијата толку тесно се поврзани што не можат во денешно време да функционират едено без друго. Така да, ако ги гледаме светските медиуми, нивните новинари веќе одамна фотографират и известуваат од настани. Секако, во иднина и јас би сакала да ги работам двете професии.[caption id="attachment_39453" align="alignnone" width="960"] ФОТО: Арбнора Мемети[/caption]Скопје 1: Дали и колку те исполнува моменталната работа? Дали и во иднина се гледаш тука или пак можеби мислиш дека надвор од нашата земја можеш многу повеќе да се истакнеш?Арбнора Мемети: Моменталната работа ме исполнува многу, уживам во ова што го работам. Јас би сакала многу да живеам тука, оти никој не сака да оди од својата татковина. Кај нас за жал ретки се тие што ја ценат фотографијата, додека во другите земји оваа професија е моќна и имаат три пати поголема плата од фоторепортерите кај нас. Моментално се подготвувам за мастер студии. Сакам да магистрирам за фотографија, но, за жал кај нас немаме таква катедра, па гледам опции надвор од земјата.[caption id="attachment_39454" align="alignnone" width="960"] ФОТО: Арбнора Мемети[/caption]Скопје 1: На што најмногу се гордееш? Што ти велат блиските, те бодрат ли?Арбнора Мемети: Ако има нешто за што треба да се гордеам, тоа е мојата храброст. Јас имам само 21 година, свесна сум дека пред мене имам еден долг пат, но убедена сум дека сè може да се постигне со желба и работа. Блиските многу ме бодрат. Чудно им е што нема девојка, Албанка, која работи како фоторепортерка во Македонија. Кај нас има одредена група на професионални фоторепортери со искуство кои што работат со години за нашите но и за светски агенции, и е многу тешко да се влезе на пазарот на фоторепортерите. Никој од уредниците во Македонија не е подготвен да работи со еден млад човек, без разлика дали е талентиран или не, а причината е само бидејќи тој нема искуство. Но еден таков чекор кој е за поздравување го направи мојот уредник, Бранко Героски, кој ми даде шанса да се докажам и верувам дека не згреши. Сакам како што некој ми даде на мене шанса, простор да се остави и за другите.[caption id="attachment_39450" align="alignnone" width="960"] ФОТО: Арбнора Мемети[/caption]Скопје 1: И за крај, покрај фотографијата, дали имаш интерес и за некои други креативни активности?Арбнора Мемети: Хммм. Иако имам интерес, имам малку време. Тоа малку време се трудам секогаш да го користам за нешто продуктивно за мене, често седам дома и учам, а понекогаш и се вклучувам на различни активности.НОВИНАР: Татјана Караџова-МаленковаНапомена: Фотографиите објавени во склоп на интервјуто се дело на фоторепортерката Арбнора Мемети. Истите се искористени за илустрација на нејзината работа. Забрането е превземање на фотографиите без дозвола од Арбнора Мемети. 

Македонија | пред 6 години

dejan-panovski-5

Пановски: За реката Дрим имаме стратешката подлога, стручна анализа за проблемите но и решенија

 Помина времето на романтични повици за заштита. Стручната борба дава аргументи за одбрана на вредностите, вели националниот координатор на ГЕФ Дримскиот Проект.Во пресрет на денот на реката Дрим 5.5, Скопје1.мк разговара со Дејан Пановски, национален Координатор на ГЕФ Дримскиот Проект. Скопје1: Оваа година по 6-ти пат се прославува Денот на реката Дрим. Значење?Дејан Пановски : Концептот на доделување на Ден на важните природни ресурси е всушност концепт на подигање на свеста за значењето на истите. Ако за вредностите на Охридско Езеро знаеме многу повеќе ,за вредноста на Дримскиот басен имаме помалку информации. Токму овој Ден на реката Дрим ја има улогата да се сензибилизираат јавноста и институциите за поврзаноста на водните системи и потребата од заедничко управување. Тематски оваа година е насочена кон борбата проетив загадувањето со пластика. Генералната порака е една - Без комплетно управување на Дримскиот басен, нема заштита ни на Охридското Езеро. И во тој контекст го водиме целиот процес и проектот. Скопје1: Што е Дримски процес а што Дримски проект ?Дејан Пановски : Дримскиот процес е комплексен институционален процес воден од страна на државите кои го делат басенот. Структурата на процесот ја предводат надлежните Министерства преку преставници во главното координативно тело Дрим Кор група , помогнато од експертските работни групи. Проектот поддржан од ГЕФ и УНДП му служи на овој процес преку анализи и предлагање мерки. Основна рамка на активностите е дадена преку потпишаниот Меморандум за соработка од 2011 година во кој се предвидени кратко, средно и долгорочни акции за заштита и управување на сливот. Водиме проект и процес заедно и во интерес на  државите. Скопје1: Кои активности се превземени во рамките на Дримскиот проект?Дејан Пановски :Трета година работиме и веќе завршуваме со Прекуграничната дијагностичка анализа на басенот. Тоа е приличнио стручен и научен пристап на осознавање на проблемите во Басенот. Во тие рамки изработивме 6 тематски извештаи за биодиверзитетот, за социоекономската состојба, за институционалната поставеност ,за хидрологијата , загадувањето и за нексус врската вода, енергија ,храна , кои даваат целосна слика на басенот и неговите суб басени , езерата , Црн, Бел Дрим и Бојана. Паралелно развиваме информативен систем за размена на податоци меѓу државите. Сега точно знаеме што му треба да Дримскиот басен и тоа почнуваме да го преточуваме во Стратешки Акционен План.  Скопје1: Што значи тој стратешки акционен план?Дејан Пановски :Стратешкиот акционен план е план на мерки кои државите треба да ги превземат за заедничко управување на Дримскиот басен. Тоа е документ кој треба да се преговара на политичко ниво и во кој треба да се утврдат приоритетите за секоја од државите. Очекуваме тој документ да биде разгледан на мајскиот состанок на Дрим Кор Групата, да биде разгледан и коментиран од надлежните институции и потоа да биде потпишан од надлежните министерства. Тоа ќе биде насока за наредниот период и позиција за инвестирање во приоритетните проекти кои ќе се утврдат. Од стручен аспект ние имаме веќе утврдено дека најголеми проблеми се транспортот на седиментот, зачувување на биодиверзитетот, загадувањето на водите и одржувањето на хидролошкиот режим во сливот. Скопје1: Охридското Езеро е дел од сливот. Што со него? Дејан Пановски : Посебно значење даваме на Охридското Езеро и затоа во фаза сме на изготвување на интегралниот План за управување цо сливот на Охридско Езеро. Тоа ќе е прв ваков интегрален и заеднички билатерален план кои би сакале да го гледаме како Генерален план за управување со сливот на Езерото. Тоа е всушност она што недостасува за да се детерминира иднината на Охридскиот регион. Досега е изработен Почетниот извештај за состојбата , прибрани се податоци за сливот, извршени се две мониторинг кампањи со земање и анализа на примероци на водите . После тоа следи изготвување на Програма за мерки и на самиот план за управување.Ние ги работиме институционалната и стратешката подлога за управување и предлозите за превземање мерки . Тоа е основа за добивање средства за решавање на проблемите. Политичките одлуки не се нашиот дел, но веруваме дека кај политичките чинители созрева моментот за носење одлуки и решенија базирани на овие изработени акти. Скопје1: Која е пораката за овогодинешниот Ден на реката Дрим? Дејан Пановски : Пораката е  јасна. Стратешката подлога и стручната анализа за проблемите и решенијата ја имаме. Време е за носење на политички одлуки за тоа кои се приоритетите и за превземање на административни и финансиски чекори за нивно решавање. Екологијата денес не чекори веќе сама, туку е само дел од одржливиот развој на општеството. Денес веќе не помага „плачот“, ниту романтичните повици за заштита на природа, туку само конкретната одбрана со аргументи пред оние кои носат одлуки. Тоа е единствен пристап кој бара многу поконкретна борба за заштита на природните ресурси, а не само памфлети за загриженост. Стручната борба дава силни аргументи. Треба да биде поткрепена со граѓанска иницијативност и политичка поддршка.  

Македонија | пред 6 години

krazba-na-kola-701x466

Србин се обидел да украде автомобил - поднесено обвинение за обид за тешка кражба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице, 37-годишен државјанин на Република Србија, кое се товари дека се обидело да изврши кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 10.04.2019 година, на улицата „Орце Николов“ во Скопје, заедно со уште едно засега непознато лице, со провалување се обиделе да одземат туѓ подвижен предмет – автомобил.Притоа на наведената адреса дошле со возило – караван со српски регистарски ознаки. Обвинетиот излегол од возилото и со употреба на подесен предмет (штрафцигер) го скршил задното десно стакло на патничко моторно возило Ренџ Ровер, сопственост на правно лице, кое било паркирано во близина. Потоа влегол во автомобилот и со електронски уред за декодирање и клуч за стартување се обидел да го стави во погон. Во тој момент, од блискиот угостителски објект излегол сопственикот и го затекнал обвинетиот во возилото, со што го спречил во намерата противправно да го присвои автомобилот вреден 6.241.800 денари.Бидејќи постојат околности кои и натаму укажуваат дека обвинетиот би можел да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице. 

пред 6 години

skopje-5

Драма предмалку на Камени мост: Маж се фрли во Вардар, полицајци влегоа во водите и веднаш го извадија

Денес околу 10 часот од Камениот Мост 56-годишен маж се фрли во водите на р. Вардар. Полициски службеници влегоа во реката и го извадија надвор од водата, дознава Centar.mk.Со возило на итна помош е пренесен во ГОБ„Св.Наум Охридски“, јави Centar.mk. 

Скопје | пред 6 години

najchevska-siljanovska

Силјановска за 1 мај со семејството во винарија, Најчевска и порача дека ги помешала празниците

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Гордана Силјановска, вчерашниот меѓународен ден на трудот го прослави во винаријата Стоби заедно со семејството. Ова е прво појавување на Силјановска во јавност со нејзиното семејство.„Први мај е голем празник за нашето семејство. Секогаш сме го славеле заедно. Работата го прави човекот! Трудот треба да се цени и наградува и дома и на работа!Денес прославивме во прекрасниот амбиент на винарија “Сопот” со сопругот Баже, ќерка ми Марија и мојот тим. За многу години!“, напиша Силјановска на фејсбук.На тоа професорката Мирјана Најчевска, која е жесток критичар на говорите и настапите на Силјановска, порача дека 1 Мај е празник кој се прославува со протест на улица, а не во винарија.„1Мај е симбол на борбата за работнички права. 1Мај не е семејна слава. Сѐ си помешала госпожа. 1Мај се одбележува на улица, на протести, а не со чаша вино во винарија. Појма немаш ти драга моја за што станува збор“-пишува Најчевска.

Македонија | пред 6 години

Nikola-Gruevski-so-lav-VMRO

ИФИМЕС: Силјановска не можела да биде кандидат без благослов на Груевски

Потполно е јасно дека Гордана Силјановска – Давкова не може да биде кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ без благослов на Никола Груевски. Во нејзините настапи се забележува нота на влијанието на Никола Груевски и Ѓорге Иванов. Таа не нуди ништо ново, туку стара, веќе видена политика на Иванов и Груевски која особено е изразена кон Албанците. Силјановска – Давкова дури изјавуваше дека не ги сака гласовите на Албанците, што би можело да ги доведе Албанците во ситуација да бидат граѓани од втор ред и судејќи по се, не би го потпишала Законот за употреба на јазиците и би ги помилувала сторителите на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, стои во анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана.Според анализата, подготвена по повод вториот круг од претседателските избори во земјава што ќе се одржат на 5 мај годинава, Силјановска – Давкова во своите настапи покажа јасна тенденција дека би била претседател само на еден дел граѓани, а не на сите граѓани на Северна Македонија, која е мултиетничка, мултирелигиска и повеќејазична држава.Каков било облик на национализам, посебно од страна на претседател на држава, се нагласува во анализата, би можел да биде кобен за Северна Македонија.Во делот со поднаслов „Тајна средба на Груевски со Руси во Будимпешта“, анализата укажува дека Русија се уште не се откажала од намерата да го оневозможи влезот на Северна Македонија во НАТО и покрај потпишаниот Протокол за членство во Алијансата.„За тоа сведочи и широкораспоространетата руска мрежа агенти, посебно присутна во албанските средини во Северна Македонија за време на престедателските избори. Изненадува фактот дека поедини албански лидери се вклучени во наведените активности. Задкулисните случувања на македонската политичка сцена покажуваат дека еден дел од Албанците се уште тесно соработува со ВМРО-ДПМНЕ и одржува комуникации/соработка со Никола Груевски. Новина во тоа е и посредната соработка на Албанците со Руси преку Груевски што досега не е забележано во модерната историја на Албанците, кои своите стратешки односи ги градеа првенствено со САД“, пишува во анализата.Според аналитичарите, вториот круг од претседателските избори во земјава ќе биде најинтересен во средините во кои живее албанско население, бидејќи ќе биде прилика јавно да исплива на површина задкулисната соработка со Груевски, а посредно и со Русите, и во јавноста ќе се разоткријат улогите и вистинските лица на некои албански лидери.„Вториот круг од претседателските избори претставува шанса за продолжување на промената во Република Северна Македонија почната со формирањето на новата Владата предводена од премиерот Зоран Заев. Претседателските избори претставуваат политичка броба меѓу демократијата, авторитаризмот и национализмот, односно меѓу граѓанскиот и/или етничкиот карактер на Северна Македонија“, оценува анализата.Целата анализа може да се прочита на веб-страницата http://www.ifimes.org/ba/9662.ИЗВОР: ФОКУС.МК

Македонија | пред 6 години

282559-0.Basic-duel

Пендаровски заплашува со Груевски, Силјановска со „шлаканици“ од Брисел

Уште само 48 часа за промоција на сопствените политики им преостанаа на двајцата претседателски кандидати, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски,и на партиите што застана зад нив пред да влезат во целта со или без титула шеф на државата. Судирот меѓу двата блока добива на интензитет со извесно разгорување на страстите кај приврзаниците. Второто полувреме од предизборната кампања практично се претвори во битка за апстинентите, со оглед на слабата излезеност во првиот круг, но и за оние што се определија за Блерим Река, кандидатот зад кого застанаа албанските позициски партии Алијанса за Албанците и Беса.Во таа насока е и кокетирањето на Сиљановска со разочараните од СДСМ, како и оние од „Шарената револуција“, покрај дијалогот што го најави со претставници на движењето „Бојкотирам“. Впечаток е дека тој невешт обид да се анимира тој дел од гласачкото тело и донесе повеќе проблеми отколку корист. Силјановска ги побара гласовите на разочараните припадници на „Шарената револуција“, но одби да дебатира со дел од нив и да ги слушне нивните прашања и размислувања.Во изјавата, во која објаснуваше зашто не ја прифатила поканата, таа изрази чудење како „Шарената револуција“, по речиси три години отсуство, одеднаш се појавила на политичкиот хоризонт. Листата што ја видела не била репрезентативна бидејќи не чула пратеници, министри, членови на бордови да бидат револуционери. Ваквата изјава меѓу учесниците на „Шарената револуција“, кои во добар дел не излегоа на гласање, предизвика серија негативни реакции кои фрлија сенка на обидите на професорката по уставно право да се претстави како непоколеблив демократ кој е подготвен на разговор со секого.Забележливо е исто така дека во текот на кампањата Силјановска избегнува посети на средините со доминантно албанско население, за разлика од Пендаровски кој се чувствува природно во нив. Тој во финишот на кампањата оствари директни средби со населението во Липково и кумановското Диво Насеље, каде што пред три години во време на владеењето на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а сега азилант Никола Груевски, се случи вооружен инцидент во кој загинаа 8 полицајци и повеќемина од вооружена косовска група.Затоа, пак, Силјановска од дистанца преку медиумските настапи порача дека секогаш се обраќа до сите граѓани и дека не ги дели отфрлајќи ги обвинувањата дека е „албанофоб“. Во тој правец е и нејзината последна изјава дека можела да се омажи за Албанец, со оглед на детството поминато меѓу Албанци.Со истакнување на проблемот со сиромаштијата, користејќи го притоа вчерашниот Први мај , и засилените говори против наводната распродажба на Македонија и криминалите на власта, се покажуваат претензиите на Силјановска и на најголемата опозициска партија да го надополнат гласачкиот потенцијал, кој во првиот круг од шестите претседателски избори не забележа раст, односно остана на исто рамниште како на последните локални избори, кога ВМРО-ДПМНЕ доживеа тежок пораз.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

zaev-za-kandidat

Заев: Ќе победиме со 100.000 гласа разлика

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во 24 Отворено вели дека е уверен во победа во вториот круг и смета дека тоа ќе биде убедлива победа изразена со 100 000 гласови разлика. Тој истакна дека голем дел од гласовите коишто беа поделени меѓу Пендаровски и Река во првиот круг, сега ќе се пренасочат кон нивниот претседателски кандидат.Исто така, тој очекува дека голем дел од гласачите кои не излегоа во првиот круг со намера да покажат одредено незадоволство од владеењето, сега по преземените чекори и најави за итни смени во владиниот прв, втор и трет ешалон, дека ќе излезат и дека ќе ја дадат поддршката за европска Северна Македонија, членка на НАТО.„Тоа е единствениот концепт што земјата ќе ја води напред и уверен сум дека гласачите тоа ќе го препознаат“ – изјави Заев.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања