(ВИДЕО-ИНТЕРВЈУ) Георгиевски: И покрај лажните вести и црната кампања ќе победам со над 3500 гласови разлика
Кандидатот за градоначалник за Охрид од СДСМ, Константин Георгиевски, во интервју за „Скопје 1“ очекува победа на градоначалничките избори кои ќе се одржат во недела на 5 ти мај со над 3 и пол илјади гласови.Тој е сигурен во себе и поддршката што ја има од Владата и вели декаа се надева дека во овој 2 и пол годишен мандат ќе успејат да ја деблокираат сметката на општина Охрид.[embed]Според Георгиевски, кампањата пред првиот круг од локалните избори во Охрид поминала во коректна и фер атмосфера и се задржало нивото на висока политичка култура и високо ниво на комуникација меѓу сите кандидати.„Иамаше одредени ситни обиди за црна кампања и пласирање на лажни вести од страна на одредени медиуми. Но, во глобала нивото на кое што сме стигнати од политички и демократски развиток , кај нас тоа го дозволува и сето тоа го отценувам во рамките на една демократија која што уште е во развиток, недооформено општество како нашето. Во глобаала мислам дека кампањата горе долу помина во фер атмосвфера“, вели Георгиевски.Георгиевски за Скопје 1 открива и дел од програмата, приоритетите на Охрид како и скромноста на Охридѓани. Вели граѓаните бараат нормални услови за живот, бараат асфалтирање на улици , бараат решавање на комунални проблеми - канализациони мрежи, улично осветлување. Ова се остварливи барања. Нашиот народ е горе долу скромен народ. мене ми е и чудно што во 21 век разговраме за јавни тоалети и канализација . Меѓутоа општинта е во таква состојба каква што е, финансиска да речам, многу време наназад се напластувани долгови и ресурсите на општината се ограничени , а барањата на луѓето се поголеми од нашите можности, па мора да планирам, категоричен е Георгиевски.Кандидатот за градоначалник од СДСМ го кажа и својот став за малата излезност на претседателските избори. Тој смета дека претседателските избори, од секогаш биле проблем со излезноста во Р Македонија. Токму поради тоа, вели Георгиевски, имаше и законски измени се намалуваше цензусот во минатото. Веројатно атрактивноста не е толку голема и луѓето мислат дека веќе се презаситени од избори. То е една причина за малата излезност на изборите. Што се однесува на самите резултати , бројот на кандидати беше голем 5, а исто и бројот на неважечки ливчиња, беше доста голем. Идикативно е што има голем број на неважечки ливчиња на кои се заокружени и бројот 3, и бројот 7, а то е поради то што на претседтелското ливче бројот 3 беше Стево Пендаровски, а на ливчето за градоначалник Стевче Стевоски. И тука дел од луѓето направиле забуна, па на истото ливче го заокружиле и Константин Георгиевски.Имаше многу такви ливчиња со заокружени и 3 и 7 на локалните избори , но како и да е за 940 гласа, јас не успејав да победам во првиот круг и се надевам дека тоа ќе се случи во вториот круг.Георгиевски за Скопје 1 проговори и за најгорливото прашање за општина Охрид - деблокирање на оштинскт сметка.- За воља на вистината одредени средства од долгот на општина Охрид се вратени за време на Никола Бакрачески. Според мои сознанија тоа се околу 2,5 милиони евра. и 100 милиони денари се вратија од наши средства во 2018 год. Со донесување на законот за финансиска помош за субјектите формирни од локаланите самоуправи , заклучно со 30.09.2018 год. сите доверители може да ги пријават своите побарувања во електонски систем и според тоа долгот на општината изнесува милијарда и шестотини милиони денари. Со тој закон ние добивме 495 милиони , кои се средства вкалкулирани во буџетската сметка на општина Охрид и како резултат на тоа општина Охрид во 2019 год го доби најголемиот буџет во историјата. Со преговорите кои ги започнавме после Нова Година, кои траеја околу 3 месеци со сите доверители , според законски предвидената рамка ние успејавме да заштедиме дополнителни 260 милиони денари , благодарение на добрата воља на доверителите и фирмите кои се откажуваа од своите камати. Според законот предност имаа оние кои се откажуваат до 15 % од главниот долг, но ние немаме ниту еден доверител што се откажа од главен долг. Имаме доверители кои се отажале од 100% камати, но од главен долг немаме. Како резултат на ова долгот ќе го намалие за отприлика 755 милиони денари , остануваат 530 милиони кои во иднина имаме план како ќе ги сервисираме , со цел да не се плаќаат дополнителни камати, вели Георгиевски.Татјана Караџова-МаленковаЦелото интервју видете го во продолжение:
Македонија
|
пред 6 години