„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

1-2-2

Пендаровски од Диво Насење: Ставивме забрана Груевски да се врати назад

Кандидатот за претседател на владеачката коалиција, Стево Пендаровски, на средба со жителите на Диво Насеље потсети на активностите на владеењето на Груевски во кое според него се внесувале поделби помеѓу граѓаните.Вие одржавте лекција дека со политички игри не може да се урне соживотот. Сега на 5 мај граѓаните, вие, имате избор меѓу две опции. Првата е нашата, ние што нудиме соживот, еднаквост, напредок, интеграции во НАТО и ЕУ. И, втората, предводна од противкандидатката, која вели дека сè што е направено ќе се поништи. Тоа де факто значи враќање назад, кочење на држвата, изолација, рече Пендаровски.Тој истакна дека во недела се гласа за политика која не носи во Европа.-Ставаме дефинитивен печат на забрана Никола Груевски да се врати назад, рече Пендаровски и посочи дека претходната власт била најлоша во историјата на државата.Тој истакна дека тој ќе работи во интерес на граѓаните и ќе критикува за разлика од досегашниот претседател, за кого рече дека не ги потпишува указите за одредени закони значајани за граѓаните.Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев се заблагодари на кумановци кои во првиот круг му ја дадоа довербата на Пендаровски, но рече дека многу повеќе се очекува од овој град, бидејќи истакна дека Куманово ги храбрело во минатото сите градови.-Многу е важна одлуката дали одиме напред со современиот свет, рамо до рамо или да се вратиме назад, рече, меѓу другото Заев. 

Македонија | пред 6 години

IMG_20190430_220411_361-696x379

ВИДЕО: Вака се уништуваа македонските возила во Грција

Многу Македонци за продолжениот велигденски викенд заминаа во Грција, а некои од таму се вратија разочарани. Десетици семејства наместо да се вратат со убави спомени од продолжениот викенд, велат дека долго ќе го паметат празникот кој буквално им преседнал, бидејќи им биле уништени возилата, објави ФОКУС.Кавадаречко семејство кое било сместено во хотел во Афитос, на првиот крак, во саботата вечерта завршило со демолиран автомобил за кој никој не слушнал и видел ништо. Искршени стакла, ретровизор, избушени гуми биле сликата која ја затекнале, а пријавиле и во полиција.Имало и неколку џипови со целосно искршени стакла.На граничниот премин Богородица кај Гевгелија најмногу возила имаше во петокот наутро, иако многумина се упатија во Грција уште во четвртокот попладне, по завршувањето на работното време.Снимка направена од безбедносна камера, објавена на Фејсбук покажува три маскирани лица како почнуваат со уништување на македонските возила паркирани во Грција.[embed]https://www.facebook.com/martin.gavrilovski/videos/10219326321615933/[/embed] 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Поразителни резултати од теренската вакцинација - имунолозите најавуваат уште две нови задолжителни

Поразителни бројки од теренската вакцинација во училиштата за вакцината против морбили. Во училиштата во Скопје биле вакцинирани едвај 8 проценти од предвидените, или од 1490 невакцинирани ученици, МРП вакциа примиле само 119 деца. Во меѓувреме расте бројот на заболени со морбили. На Клиниката за детски болести имаат 13 хоспитализирани пациенти, од кои 11 месечното бебе веќе две недели е на апарати за дишење поради компликациите од малите сипаници. 34 заразени има и на Инфективна од кои 18 се возрасни и 16 деца.Инаку во финална фаза е промената на календарот за имунизација каде како задолжителни влегуваат и вакцините за рота вирус и пнеумокок. Педијатрите очекуваат да нема отпор кон двете нови вакцини како што е случајот со големиот број на невакцинирани против морбили.

Македонија | пред 6 години

pendarovski

Пендаровски: Гласот за Сиљановска е глас за нов Иванов

Кандидатот за претседател поддржан од власта, Стево Пендаровски, денеска на средба со жителите на Липково, порача дека на 5 мај Албанците ќе потврдат дека само заедништвото може да и донесе прогрес на државата.„Важно е да не се гласа за Сиљановска, бидејќи таа сака да уништи сè она што е направено во интерес на граѓаните. Во 2001 јас велев „да“ за Рамковниот договор, таа беше против, јас бев „за“ Законот за јазици, таа беше против. Во недела сите кои ќе гласаат за неа, гласаат за нов Иванов“, рече Пендаровски.Тој вели дека Македонија е мултиетничка држава и дека во неа сите се исти и имаат исти права. Пендаровски вели дека неговата опција е за напред во НАТО и ЕУ, а, како што вели, Сиљановска и Мицкоски сакаат назад во изолација и не и мислат добро на државата.

Македонија | пред 6 години

vlada-tabla

Брифинг во Влада: Во ЕУ на сите им е јасно дека оваа година Северна Македонија мора да ги почне преговорите

Во ЕУ на сите им е јасно дека оваа година Северна Македонија мора да ги почне претпристапните преговори, мора да има одлука, а кога таа одлука ќе се донесе зависи од сплет на околности – од една страна продолжувањето на спроведувањето на домашните реформи, од друга страна случувањата во самата Унија, во чии земји членки почна кампања за изборите за Европскиот парламент. Извори од Владата денеска на брифинг, говорејќи за неформалниот самит за Западен Балкан, кој под водство на Ангела Меркел и Емануел Макрон се одржа во Берлин, изразуваат оптимизам дека земјава зелено светло за почеток на преговори ќе добие во јуни.Освен реформите и случувањата во самата Унија, суштинско во моментов е успешно завршување на вториот круг од претседателските избори. Одлуката за почеток на преговорите ќе зависи и од одлуката на секој граѓанин да излезе на гласачкото место, бидејќи неуспешен втор круг ќе биде лоша порака до земјите-членки за демократската зрелост на државата, велат од Владата и додаваат дека тука е важна личната одговорност на секој граѓанин.На патот кон полноправно членство во Унијата, велат извори од Владата, има работи кои зависат од нас, како што е законот за Јавното обвинителство, каде се решава и статусот на СЈО и воопшто реформската агенда, но има работи кои зависат од европските избори и динамиката внатре во самата ЕК. Велат оваа година има кусо време меѓу објавувањето на извештаите и дискусијата, особено во тие земји каде таа мора да помине во парламентите, како што е случајот со Германија.Различни земји-членки имаат различен фокус – има земји во кои има повеќе фокус на реформите, има земји кои повеќе се фокусираат на геополитичката ситуација, но сепак велат од Владата во моментов во пресрет на европските избори и пред да го видат извештајот земјите-членки избегнуваат да дадат јасен став.  Таков е и случајот со Франција. Додека не поминат европските избори Париз нема да даде јасен и гласен став во однос на почетокот за преговорите.Повеќе прочитајте на Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

image-31

ФОТО: Страшна сообраќајка во Скопје, повредени жена и две деца - крв насекаде

Тешка соообраќајна несреќа се случи пред половина час на скопската обиколница, пренесува 1ТВ.Возило излетало и се превртило на кров, најверојатно поради преголема брзина.Увид на лице место врши полицијата, а засега нема подетални информации од МВР.

Скопје | пред 6 години

12-‘Traitor-troops’-stage-coup-attempt-in-Venezuela-–-Vice-President-YouTube-Google-Chrome

(ВО ЖИВО) Улиците во Венецуела окупирани: Гуаидо опкружен со војници најави почеток на крајот на Мадуро

Хуан Гуаидо, кого голем број држави го поддржаа како претседател на Венецуела, во видеообраќање најави скорешен крај на режимот на Николас Мадуро, опкружен со униформирани лица.„Моментот е сега. Ќе ѝ донесеме слобода и демократија на Венецуела“, вели Гуаидо во триминутниот говор, за кој се верува дека е снимен пред главната воена база во Каракас, Ла Карлота.[embed]Светските медиуми објавија дека во Венецуела можеби се подготвува пуч, бидејќи Гуаидо на снимката е придружуван од десетици војници, кои стојат пред оклопни возила. Тој го повика народот да излезе на улица и да покаже ненасилен отпор.„Неопходно е сите да излеземе на улица, да ја поддржиме демократијата и да ја повратиме слободата. Организирани и обединети, сите треба да се упатиме кон главните воени објекти. Воените сили ја донесоа исправната одлука и тие можат да сметаат на поддршката од народот. Заедно ќе ставиме крај на оваа узурпација, а потоа ќе се одржат слободни избори“, вели Гуаидо.Министерот за информации Хорхе Родригес изјави дека владата се соочува со „мала група на воени предавници“, кои сакаат да изведат пуч.

Свет | пред 6 години

apasiev

Апасиев: Заев ми понуди пратеничко место, но Мијалков не ми купи стан

Првиот човек на „Левица“, Димитар Апасиев по денешната средба со претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, истакна дека тие имаат заеднички точки и во наредните денови ќе го кажат својот став дали ќе ја поддржат Силјановска во вториот изборен круг.„Имавме конструктивна средба. Ние цениме дека зазедовме антибојкот позиција, затоа што бојкотот во овие избори не е потребен. Констатиравме дека ние сме биле на иста политичка линија, уште од време на Груевски. На средбата беше отворено прашањето за Преспанскиот договор и ние имаме органи во партијата и верувам дека до пред изборниот молк ќе имаме став дали ќе ја поддржеме Силјановска. Има шпекулации дека Мицкоски ми купил кола, Мијалков дека ми купил стан, но тоа не е точно. Да сакав да се „шитнам“, уште досега ќе бев пратеник. Ако некогаш станам пратеник, тоа би било на силите на Левица. Јас не се гледам како политичар или како месија, туку како професор по право“, истакна Апасиев.

Македонија | пред 6 години

siljanovska-4

Силјановска за мегданот со Шарена Револуција: Не сум чула пратеници и министри да бидат револуционери

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова, по средбата со Димитар Апасиев и Левица, рече дека очекува цензус во вториот круг на изборите, затоа што како што рече, верува дека студентите кои таа ги учела ќе знаат за кого да гласаат.„Разговараме за она што се соочува Македонија. Мислам дека е јасно дека доаѓа крајот на политичките глумци на Балканот, особено на Западен Балкан. Тоа е веќе прочитано и јасно. Очигледно е дека оние кои ја креирале кризата на демократијата, не можат да бидат реформатори. Потребен е радикален пресврт, а тоа значи поинаква политика, луѓе кои се спремни да го вложат своето знаење, луѓе без фрустрации и луѓе почитувани.  Крајно време е сите да се изборат за своето право, а не со полнење на кутии, не со семејно гласање. Верувам дека тие кои сум ги учела, ќе знаат за кого да гласаат. Јас знам што е револуција, но како одеднаш сега повторно се појави „Шарена револуција“?. Јас не сум чула пратеници, министри да бидат револуционери. Се надевам дека ќе биде исполнет цензусот за вториот круг и се надевам дека сериозно ќе се земат предвид предупредувањата на Венецијанската комисија“, порача Силјановска-Давкова.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Поскапуваат бензините и дизелот, во иднина цените по нова методологија

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 0,50 денари за литар, а за еден денар поскапуваат ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 72,00 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) 63,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52,00 денари за литар.Мазутот М-1 НС, пак, поевтинува за 0,078 денари и еден килограм ќе чини 34,377 денари.Денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика е последна што се ноди според досегашната методологија. Во иднина цените на нафтените деривати ќе се одредуваат според сосема нов концепт и нема да пресметува производна цена, туку основа ќе и биде цената на суровата нафта на светските берзи на која ќе се додадат определени трошоци како премии на трговците, транспортот од пристаништата до резервоарите во кои трговците ги складираат нафтените деривати, трошок за пренесување од складиштето до бензинските пумпи, трошок за маржа,…

Македонија | пред 6 години

kursumlija-sudar

Го чекал автобусот па се запалил пред негови очи: "Спасив колку што можев, другите живи изгореа"

Радојко Милосавлјевиќ, маж на возраст од 53-години од Србија, утрово требало да се качи во автобусот кој се судри и запали, при што загинаа 4 лица. Тој е очевидец на страшната несреќа.Го чекал автобусот на станицата кога тој пред негови очи се судрил директно со камион. Веднаш притрчал да помогне.- Истрчав на помош, почнав да извлекувам патници најбрзо што можев, а тогаш се запали автобусот, вели тој за српскиот Курир.Со него притрчал и постар господин кој бил во автомобил на патот, и заедно успеале да извадат шест патници.- Спасивме шест патници од димот и оганот. Ги однесовме покрај патот. Другите настрадаа, вели тој.Загинаа четири лица кои живи изгореле, а повеќе се повредени.несреќата се случи во 6 часот и 45 минути утрово на патот Куршумлија-Прокупље.

Свет | пред 6 години

27-april

27 април: Дел од актерите осудени, сценаристите во бегство

Граѓаните ја избројаа и втората година од крвавиот упад во Собранието, а правдата ја бараат само новинарите кои ноќта на 27 април 2017 година, заедно со пратениците од опозицијата беа жртви на гневната толпа. Премиерот Зоран Заев, кој беше цел на насилниците и заврши со крвава глава, им прости, а Собранието донесе закон со кој ги амнестираше пратениците што ги отворија вратите. Овој датум стана олицетворение на тоа како функционира правдата во Македонија, со една група амнестирани, eдна група осудени на над два века затвор, а главните креатори на сценариото уште на слобода.Годишнината од упадот се одбележува за време на велигденските празници и во втората половина од претседателската кампања. Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и партијата што го кандидираше го искористија крвавиот чин за да испратат порака до своите гласачи и да ги потсетат дека зад ова насилство стои ВМРО-ДПМНЕ.„Партијата која тоа го организираше, ВМРО-ДПМНЕ, и нејзиниот кандидат односно кандидатка Силјановска, ниту тогаш ниту во изминативе две години по кој било повод не кажаа ниту еден збор на осуда за тој чин кој ја посрамоти Македонија и ја нареди во кругот на земји каде што такви случаи се практикуваат во недостиг на базичен мир и безбедност за граѓаните“, порача Пендаровски.„Секој даден глас за Гордана Силјановска на 5 мај е глас е поддршка на злосторот и насилството. Гласот за Сиљановска е глас за враќање во темното минато на поделби, конфликти, неправда“, порачаа од СДСМ.Опозициската партија, дента кога се одбележуваше годишнината, воопшто не го спомена минатото. Нејзиниот кандидат за претседател беше на средба со земјоделците од Овчеполието.„На 5 мај, кога правдата ќе завладее во Република Македонија, ќе дојде и подобро утро за сите граѓани и за земјоделците“, им порача Силјановска на земјоделците.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на еден од своите јавни настапи на одреден начин го осуди насилството, но и казните кои ги добија учесниците.„Насилството што се случи тој ден го осудувам и посакувам никогаш повторно да не се случи. Исто така, го осудувам и чинот што го предизвика тоа насилство, исто така го осудувам и чинот на преку два века казна дадена на луѓе што не примениле насилство тој ден. Од друга страна имате повратници од боиштата, претставници на ИСИС, да добијат трипати помала казна од Горан Ангелов, Митко Чавков, Митко Пешев и останатите“, рече Мицкоски.Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција пред двегодишнината од упадот, конечно осомничи дел од организаторите. Прв на листата се најде поранешниот премиер Никола Груевски, потоа собранискиот спикер Трајко Вељаноски, двајцата поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Улогата на Груевски во упадот беше обелоденета откако тој избега, Вељаноски од притвор го спаси пратеничкиот имунитет, Јанакиески е во куќен притвор, а Ристовски заврши во Шутка. Поранешниот разузнавач Никола Бошкоски, за кого обвинителството обезбеди докази дека е дел од организацијата, е избеган во Грција.Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој тогаш беше пратеник и исто така беше цел на толпата, вели дека тоа што се случило било свесно креирана состојба.„Актерите веќе се познати, режисерите се изведени пред лицето на правдата, но, за жал, сценаристите не се повеќе тука во државата. Сметам дека одговорноста на тие што го осмислија и менаџираа самиот настан е многу поголема отколку одговорноста на оние што беа внатре и се обидоа физички да нè повредат и дефинитивно успеаја во тоа“, се присетува кумановскиот градоначалник, кој тогаш беше пратеник во Собранието.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

2-2

Џафери: Ако нема цензус, јас ќе бидам в.д претседател

Претседателот на Собранието Талат Џафери во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, повика граѓаните в недела на вториот круг од изборите да излезат масовно и да гласаат за, како што вели, да одлучат за иднината на земјата.Тој, како што објави ТВ 21, зборуваше и за потребниот цензус од 40 отсто.Објаснувајќи го процесот на избори во втор круг, како и потребниот цензус од 40 проценти,  Џафери рече дека доколку не биде постигнат цензус од 40 отсто, на 12 мај тој ќе треба да ја преземе функцијата на в.д претседател на Република Северна Македонија

Македонија | пред 6 години

alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците: Албанското знаме во Охрид не е провокација

Алијансата за Албанците изразува  загриженост во врска со реакцијата на Секторот за внатрешни работи – Охрид, што според наши информации, двајца членови на групата посетители биле притворени од страна на полицијата, велат од партијата по денешниот настан со истакнатото албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид.„Истакнувањето на албанското национално знаме, според информациите со кои располагаме, не било насочено како провокација против никого, туку било дел од сценографијата на групата игроорци од Културно-уметничкото друштво на Арберешите.Истакнувањето на албанското национално знаме на Самуиловата тврдина претставува ниту законски прекршок ниту опасност за никого, особено кога се знае дека во Северна Македонија, Албанците сочинуваат една третина од населението и се автохтон народ.За нас како Алијансата, загрижува фактот што кога станува збор за Албанците и нивните национални симболи, со жалење можеме да констатираме дека воопшто не се променило логиката и дискриминаторскиот менталитет, што било карактеристично за југословенскиот комунистички систем и истиот тој менталитет продолжува до денес.Алијансата за Албанците смета  дека овој инцидент воопшто не ѝ помага на државава во нејзината евроатланска определба и го поткопува имиџот на држава аспирант за членство во НАТО и во ЕУ“, велат од АА.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still095

НАЈНОВА ВЕСТ: Знамињата ги развиорила група дојдена од Косово

Група од Косово која престојувала во Струга ги поставила знамињата на „Самуиловата тврдина“ во Охрид и тука снимала видео материјал кој понатаму треба да се монтира и пласира во јавност - дознава Скопје1.мк од свои извори во СВР Охрид.Групата е идентификувана од Полицијата и против нив ќе се поднесат адекватни пријави.Како што дознаваме се работ иза група која тука се снимала и фотографирала и за тие потреби ја „декорирала“ тврдината со повеќе албански знамиња на помали јарболи кои ги држеле во раце и едно огромно кое го оптегнале преку бедемот до главниот влез, кој е свртен кон градот и се гледа од центарот на Охрид.Тврдината во Охрид е туристичка атракција и е обезбедена со видео надзор.ШТО СЕ СНИМАЛО НА ТВРДИНАТА ? !Нејасно е за каква намена се снимал видео материјалот на Самуиловата тврдина во Охрид и зошто потребата од снимањето на ова видео наложила тврдината да се декорира со едно големо и повеќе мали знамиња на соседна Албанија.ПРОВОКАЦИЈА ВО ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИНа социјалните мрежи веќе кружат коментар ина граѓаните дека некој структури и елементи сакаат да направат провокации или да влијаат на јавното мислење во пресрет на изборите за градоначалник кои се за една седмица.Групата потоа со знамиња шетала низ Охрид, а на фотографијата подолу се гледа дел од оваа група на улицата Коста Абраш кај Сараиште во Стар Град Охрид. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања