„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

izjava-zaev.Still094

(ФОТО) Огромно знаме на Албанија ја прекри Самуилова тврдина во Охрид

Огромно знаме на Албанија е поставено на бедемот од тврдината и е со поголеми димензии. Истото е видливо од повеќе страни на Охрид.Случајот е пријавен во  СВР Охрид Од таму велат дека работат на расветлување на случајот. Според неофицијални информации знамето го поставиле неколку млади лица.На социјалните мрежи се појави уште една фотографија на другиот дел од Самоиловата тврдина, каде се гледаат лица облечени во Албанска носија кои се фотографираат со полами албански знамија на видиковецот од тврдината. НАСКОРО ПОВЕЌЕ ...

Македонија | пред 6 години

skopje-vodno

(ВИДЕО) Се лизга Водно кон центарот на Скопје, агресивна урбанизација - опасни свлечиштата

Мегаломанските идеи за градење на Водно не запираат иако стручњаците предупредуваат дека агресивната урбанизација предизвикува свлечишта опасни за животот на граѓаните, ја уништува природата во планината и ја менува климата во Скопје. Документарецот „Водно - запознавање одблизу" го изработи Институтот за комуникациски студии.     

Скопје | пред 6 години

izjava-zaev.Still108

(ФОТО) Селото Нивици на Велгиден

Местото каде се потиша „Преспанскиот договор“ , селото Нивици во Грција овој Велигден го минува во мир и спокој како и останатите денови од годината.Во неколкуте таверни се печеа јагниња, а видлива е мала раздвеност.Во Нивици скоро сите зборуваат Грчки и Македонски јазик, а најголем дел од населението Велгден го празнува по Јулијански календар.Селото е крајна периферија на Грција , но е солидно уредено, со уредени сокаци и шеталиште, а има и угостителски објекти.Погледнете како беше во Нивици денес.ФОТО: Фото: Валентин Андон

Свет | пред 6 години

mitre-intervu

(ВИДЕО-ИНТЕРВЈУ) Милошески: Ѓаволот ќе дојде по своето, нема место за нечесни пазарења

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошески, во интервју за „Скопје 1“ ги повика сите чесни граѓани да гласаат за него, но не и оние кои сакаат со него да се договараат за да ги поддржи во нелегалните работи кои сакаат да бидат спроведени.„Оние кои планираат да се договараат, што мислат да се пазарат со нелегални објекти, но и со доградби, изградби, преградби, за такви во мојот воз нема место. Има место за чесните граѓани, кои се мнозинство. Знам дека ќе го увидат мојот став, мојата програма. Затоа ги повиквам сите чесни граѓани да излезат и да гласаат за број пет. Сите пазарења кои не се нечесни, ќе ни се удрат од глава. Тука нема спас. Нашиот народ вели дека ѓаволот кога тогаш, ќе си дојде по своето“, вели Милошески.Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е дециден дека нема намера да лаже, а следниот градоначалник ќе треба да ги носи последиците кои ги направил претходните градоначалници. Милошески вели дека охриѓани немаат големи барања, тие сакаат чист град, чиста вода, добри комунални услуги, да нема дупки по патиштата, но бараат и да се вработат.„Основни егзистенцијални проблеми доминираат. Никој од граѓаните со кои разговарав немаше некој крупен проект. Никој не бараше марина во градот, ски-центар на Галичица. Според ова, излегува дека ние не им го даваме ниту тоа малку што го бараат“, додава Милошески.Тој смета дека две години се малку за крупни проекти. Милошески тврди дека тој доколку биде избран за градоначалник, ќе ги започне процедурите за сите големи проекти, ќе ги почне проектите, но поради краткото време нема да може да ги заврши.„Кејот е во никаква фаза. Ние за две години не можеме да испорачаме кеј. Ние ќе дадеме се од себе дека работиме чесно и посветено. Ќе има отворен терен следниот градоначалник да продолжи веднаш со работа. Има и проекти кои одма ќе ги реализираме. Пред се мислам на проектот за бесплатна исхрана на учениците од 1-5 одделение, оти гледаме дека брзата храна прави проблеми кај младите. Понатаму, проектот за админситрацијата да биде функционална. Граѓаните, ќе имаат увид до каде е постапката за неговиот предмет. Најпросто кажано, кога се чека ред, првиот плаќа прв, вториот втор. Не може некој со број седум, да заврши пред број пет“, тврди Милошески.Милошески најавува и стратегија за развој на градот, вработување на охриѓани преку стратегија, но и туристички развој.Татјана Караџова-МаленковаЦелото интервју видете го во продолжение:[embed][/embed]

Македонија | пред 6 години

siljanovska

Силјановска до бојкотирачите: Дома можев да останам и јас, но одлучив да се борам

Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова, ја побара поддршката од граѓаните што застапуваа бојкот на првиот круг од претседалските избори.-Дома можев да останам и јас, но одлучив да се борам. Никогаш нема да ве изневерам, го имате мојот збор! На 5ти мај заедно да се избориме за правото и правдата и да ја промениме Македонија на подобро – им порача таа.

Македонија | пред 6 години

dzoksi

Џокси ја откри приказната за најслушаната Велигденска песна

Во деновите пред и за време на најголемиот христијански празник Џокси секогаш ја има најслушаната песна во македонскиот етер.Празничниот хит „На Велигден“ го препеа и Ламбе Алабаковски, Пепа Димитрова лани сними етно-џез верзија, низ годините беа направени и неколку техно-обработки, но ниту еден од овие проекти не го достигна успехот на оригиналот.Авторот Ѓорѓе Васиќ кој со оваа нумера успеа да испише историја во домашната музичка продукција во повеќе наврати зборувал за создавањето на „На Велигден“.Во еден момент од мене излегоа и музиката и текстот–раскажа вели Џина Папас Џокси за Женски магазин.Рефренот е инспириран од баба ми Уранија и нејзината приказна за тоа како нејзиниот татко, мојот прадедо Коста, ѝ ги враќал стројниците кои упорно доаѓале за Велигден. Се сеќавам кога со неа бегавме преку прозор да не нè види татко ми како одиме во црква. Редовно палевме свеќи, бакнувавме икони и кршевме јајца–откри Џокси за „Женски магазин“.Текстот во целост на: zenskimagazin.mk

Магазин | пред 6 години

ivanov-veligden-2

Семејство Иванови: Ви посакуваме добро здравје, духовен мир, многу радост и љубов

Велигденска честитка од претседателот Ѓорге Иванов, во неа се вели:Ви посакуваме овие празнични мигови да ги поминете во добро здравје, духовен мир, многу радост и љубов.Велигден е празник на семејството и ближните, затоа на сите верници им посакуваме топлина во домот, хармонија и благосостојба.Честит ВелигденХристос воскресна!Семејство Иванови

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Во сообраќајна несреќа на влезот од Тетово, загина 50 годишна жена

Жена на околу 50-тина години загина во сообраќајка на влезот на Тетово од правец на Скопје синоќа околу 20 часот. Според првичните информации, жената била сопатничка во автомобил марка „мерцедес”, а до несреќата дошло поради судир со друго возило марка „голф”.Во близина на првиот кружен тек при влез во Тетово дошло до судирот при што мерцедесот откако се судрил со голфот продолжил со неконтролирано движење и удрил во бандера. Во голфот имало две лица, едно машко и едно женско, кои при судирот се повредени и се хоспитализирани во тетовската Клиничка болница.Двете возила биле со тетовски регистерски таблици.Екипа на СВР Тетово и јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата.

Македонија | пред 6 години

DEC7F482-EE48-4595-842D-3822E1D43A23

(ФОТО) Велигден на Плаошник: Христос воскресна, Христијани радувајте се

Христос воскресе, навистина воскресе е поздравот со кој Христијаните во наредните три денови ќе се отпоздравуваат меѓу себе ширејќи ја веста за победата на Спасителот на животот над смртта.Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Голем број верници, Христовото воскресение го дочекаа на Плаошник во Охрид.Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден денес е запазена во Светото Послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден.Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта.Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а водено ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.Според хронологијата на христовите настани забележани во Евангелието, се знае дека на Велики Четврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристија е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има христовата крв.Затоа црвената боја, симболизирајќи ја христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Велики четврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Велики четврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.Според Светото предание се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца.Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието.Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господ Исус Христос. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите Христос Воскресе.Потоа му раскажала за се што учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето.Следејќи го нејзиниот пример, првите Христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат Христос Воскресе – Вистина Воскресе!

Македонија | пред 6 години

nevreme

Невреме со град кај нас и во регионот

Град го зафати скопски Карпош денеска во попладневните часови, а огромни зрна од град со големина на орев направи хаос во околината на Кривогаштани.Најавената промена во времето пристигна на Балканот, температурите нагло опаднаа а во поединечни градови побелеа од град. Во Хрватска паѓало град со големина на лежник, а паѓал околу 15 минути.Промена на времето го опадна и температурите за десетина степени.

Македонија | пред 6 години

Muhamed-Zekiri

Зекири: Сетете се каде бевме пред две години и каде сме денес

Пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ, се огласи на својот Фејсбук профил по повод две години од „крвавиот четврток“ во Собранието на Република Македонија.„Ова ЗЛО никогаш да не се повтори !!!Вредеше да се жртвуваме за светлата иднина на нашата земја и иднината на нашите деца и идните генерации!!!Сетете се каде бевме пред две години и каде сме денеска, по само две години.Вие решавате дали сакате да ни се вратат повторно ваквите сцени и слики, или пак сакате ЗАЕДНО да одиме НАПРЕД таму каде што припаѓаме, во НАТО И ЕУ!!!“, стои во објавата. 

Македонија | пред 6 години

36963485283_527d51a418_o-1

Мира „дизел“ од имот пријавила само кредит во банка

Пратеничката Мира Стојчевска која се најде на мета на големо медиумско внимание со вработувањето на нејзиниот син во ЕЛЕМ, во Комисијата за спречување корупција пријавила дека има кредит кој го отплаќа до 2024 и депозит, пренесе Емагазин.На име на сопругот има две куќи во Делчево и стан во Скопје.Има и автомобили Пежо и Поло на име на сопругот и децата.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Зекири: Слабата излезност на Албанците е порака до ДУИ

Граѓаните во првиот круг од претседателските избори ни пратија порака за отрезнување, бидејќи некои функционери летнаа во облаци, вели потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири во интервју за МКД.-Мислам секако на функционери од партијата – директори, министри и градоначалници. Граѓаните се причината што сите ние сме дел од извршната, законодавната и локалната власт. Некои, за жал, тоа го заборавија и се поставија над граѓаните, кои во првиот круг од претседателските избори ни пратија јасна порака да се отрезниме. Граѓаните се тие што секогаш знаат да наградат, а богами и да казнат. Власта легитимитетот го црпи од граѓаните и од никого друг – вели Зекири.Според него, на изборите немало бојкот од ДУИ туку на виделина всушност излегла реалната слика за тоа колку во моментов тежи партијата.-Малиот одзив кај Албанците е поради нивната разочараност од нивните политичари. Тоа не е порака само до ДУИ, туку и до албанската опозиција. 80 илјади гласови за Блерим Река не се гласови на опозициските Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Беса на Билал Касами. Добар дел од тие гласачи ја дале поддршката водејќи се од етничката припадност на кандидатот, или гласале за да пратат порака на партиите на Албанците што се дел од извршната власт, пред се на ДУИ – вели потпретседателот на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

5-2

На „Богородица“се чека до половина час за излез од Македонија

На граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија се чека до половина час за излез од Македонија кон Грција. Продолжениот викенд, вчера и денеска е причината за зголемениот интерес кај граѓаните за посета на нашиот јужен сосед.На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

Македонија | пред 6 години

mickovski

Мицкоски за Заев: Не може политичар кој има куп обвиненија да реформира судство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто дадено за Независен весник вели дека не е можно политичар кој има куп обвиненија во минатото денес да го реформира судството.-Ама нели викаа дека имаме „сваровски-судство“ и дека имаат решение за тоа. И народот ги изгласа. Се сеќавате дека Заев предводникот бојадисуваше и мачкаше згради – немало правда, немало мир… Две и пол години потоа судството не само што не е реформирано туку е отворено како пупка. Како ќе ги убедите граѓаните дека е навистина реформирано судството кога во Советот за реформи во правосудството, кој имал еден или два состанока, претседава премиерот на државата. Не може политичар кој има куп обвиненија во минатото денес да го реформира судството. Точно е дека тој го отвори судството како пупка, ама прашање е како сега ќе го затвориме, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања