Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ИРАН

oblozuvanje

Шест анонимни лица заработиле 1,2 милиони долари од облог за напад врз Иран

Шест анонимни лица на платформата за обложување „Полимаркет“ оствариле добивка од околу 1,2 милиони долари откако успешно се обложиле дека Соединетите Американски Држави ќе извршат напад врз Иран до крајот на февруари.Според анализата на блокчејн-компанијата „Баблмапс СА“, сите шест профили биле креирани минатиот месец и исклучиво се обложувале на временската рамка на евентуалната воена акција на администрацијата на Доналд Трамп против Иран. Како што пренесува „Блумберг“, обложувањата биле уплатени само неколку часа пред да паднат првите бомби врз Техеран.Една од сметките претходно изгубила средства обложувајќи се дека нападот ќе се случи порано, но нова уплата од над 26.000 долари со прогноза дека нападот ќе се реализира во сабота донела добивка од повеќе од 174.000 долари.Во екот на обложувањата поврзани со воената ескалација, обемот на тргување за само еден договор поврзан со времето на нападот достигнал речиси 90 милиони долари, што дополнително ги засилува сомнежите за можна злоупотреба на привилегирани информации во контекст на воени случувања.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryu9p9eeh7m2kh2EUEYdg

Трамп: Операцијата против Иран е планирана да трае пет недели, но можеме и подолго

Американскиот претседател Доналд Трамп во денешното обраќање изјави дека операцијата против Иран првично била планирана да трае од четири до пет недели.Тој, сепак, нагласи дека Соединетите Американски Држави имаат „капацитет да ја водат операцијата и значително подолго“ доколку тоа се покаже како неопходно, без да прецизира временска рамка или дополнителни детали.

Свет | пред 1 седмица

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

„Прозорците ми се тресеа силно“ – серија експлозии одекнаа над Бејрут

Најмалку пет силни експлозии одекнале над Бејрут, во момент кога градот бил обвиен во невообичаена тишина.Според сведоштво од терен, детонациите биле толку моќни што прозорците во станбените објекти се треселе под ударот на брановите. Експлозиите се слушнале една по друга, а чувството, како што се наведува, било дека ударите се случиле непосредно над зградите.Локалните медиуми објавија дека повторно била цел на напад населбата Дахие, која важи за упориште на Хезболах.За разлика од вообичаените вечери кога либанонската престолнина е исполнета со звукот на сообраќај и преполни ресторани, вечерва голем дел од угостителските објекти биле затворени, а улиците речиси празни. Атмосферата, според описите, наликувала повеќе на напуштен град отколку на динамична медитеранска метропола.

Свет | пред 1 седмица

media-library3uje4gqot7rlf3jTxgT

Иран се соочува со агресија - МНР наместо пддршка да го осуди американско - ционистичкото дивеење, вели Левица

Политичката партија Левица со остра реакција ја осуди, како што наведува, американско-израелската агресија врз Иран, оценувајќи дека станува збор за воена интервенција што довела до жртви меѓу военото и политичкото раководство, како и меѓу цивилното население.Од партијата посочуваат дека ваквите дејствија претставуваат сериозно прекршување на меѓународното право и на Повелбата на Обединетите нации, оценувајќи дека се работи за акт на воена агресија насочен кон дестабилизација на суверена држава и воспоставување доминација во регионот на Блискиот Исток.Левица апелира до Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија и до министерот Тимчо Муцунски, наместо, како што наведуваат, да даваат поддршка, да испратат јасна осуда на воената интервенција. Според партијата, државата треба да се позиционира на страната на мирот, суверенитетот и почитувањето на меѓународното право.Од Левица нагласуваат дека ќе продолжат, како што велат, со својата борба против сите форми на империјалистичка агресија и ќе се залагаат за мирно решавање на конфликтите.

Свет | пред 1 седмица

zemjotres-avganistan

Во сенка на војната во Иран, нов бран насилство во Авганистан и Пакистан

Во сенка на ескалацијата на конфликтот околу Иран, нов бран насилство избувна на границата меѓу Авганистан и Пакистан, каде што и денеска продолжи размената на оган, петти ден по ред.Иако интензитетот на судирите е намален, нема навестувања дека двете страни се подготвени за примирје. Директните конфликти меѓу поранешните сојузници, кои делат околу 2.600 километри долга граница, се оценуваат како најтешки во последните неколку години.Талибанското Министерство за одбрана соопшти дека била погодена воздушната база во Баграм, додавајќи дека авганистанските сили уништиле пакистански тенк во пограничната покраина Пактика. Портпарол на министерството изјави дека биле убиени повеќе од сто, а заробени 25 пакистански војници.Од друга страна, пакистанските безбедносни сили информираа дека продолжуваат воздушните и копнените удари, при што биле уништени складишта за муниција во Хост и Џалалабад, како и складишта за беспилотни летала во Џалалабад. Според Исламабад, досега биле убиени 435 авганистански војници, уништени 188 и заземени 31 непријателска позиција.Меѓусебните обвинувања и спротивставени бројки дополнително ја усложнуваат безбедносната состојба во регион кој веќе е сериозно дестабилизиран од пошироките геополитички тензии.

Свет | пред 1 седмица

media-librarya5arflbe25bpfPF3qwb

Иранската ракетна програма беше закана за САД и Европа, за еден час го уништивме военото раководство, рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, во пресрет на церемонија за доделување медали во Белата куќа, се осврна на тековната воена кампања против Иран, нагласувајќи дека операцијата и понатаму трае.„Денес војската на САД продолжува со ударите врз ужасниот терористички режим во Иран. Го предупредивме Иран по операцијата ‘Полноќен чекан’ да не се обидува да ја обнови програмата за нуклеарно оружје, но тие нè игнорираа. Покрај тоа, продолжија да ја зајакнуваат својата програма за балистички ракети“, изјави Трамп.Тој оцени дека операцијата била неопходна бидејќи, како што рече, ракетната програма на режимот растела брзо и драматично и претставувала јасна и голема закана за Соединетите Американски Држави и за американските сили стационирани во странство.„Ирански режим вооружен со далекусежни ракети и нуклеарно оружје би бил закана што не може да се толерира“, рече Трамп.Тој додаде дека САД обезбедуваат иранскиот режим повеќе да не може да вооружува терористички режими надвор од своите граници, потсетувајќи дека четворица американски војници загинале во операциите.„Имаме најсилна војска во светот и со леснотија ќе победиме. За еден час го уништивме нивното воено раководство, и тоа многу пред зададениот рок“, изјави Трамп.Претседателот нагласи дека Иран веќе поседувал ракети способни да погодат цели во Европа и американски бази во регионот и пошироко, а според неговите зборови, наскоро би можел да развие и проектили што би достигнале до територијата на Соединетите Американски Држави.

Свет | пред 1 седмица

media-librarytl776dvtqhiq1K4tM1H

Иран најави нов бран напади: Лансирани „различни“ проектили кон цели на САД

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека започнала нов бран напади врз американски воени бази во регионот, јавуваат државните медиуми.Во соопштението се наведува дека биле лансирани „различен вид“ проектили, но без да се објават дополнителни детали за нивниот тип, дострел или конкретните цели. Засега нема официјална потврда од американска страна за евентуални последици од нападите.Претходно во текот на денот, Револуционерната гарда информираше дека е во тек бран ракетни и беспилотни напади врз израелскиот град Беершева, со што дополнително се засилува ескалацијата на конфликтот во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп: „Со леснотија ќе победиме“, продолжуваат ударите врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранскиот режим вооружен со далекусежни ракети и нуклеарно оружје претставува закана што не може да се толерира, нагласувајќи дека САД ќе продолжат со воените удари врз Иран.Тој потсети дека го укинал договорот со Иран постигнат во времето на поранешниот претседател Барак Хусеин Обама, оценувајќи го како „ужасен договор“.„Обезбедуваме иранскиот режим повеќе да не може да вооружува терористички режими надвор од своите граници. Денес жалиме за четворица американски војници кои загинаа. Продолжуваме со мисијата против режим што претставува закана за американскиот народ“, изјави Трамп.Тој додаде дека американската војска е најсилна во светот и дека Соединетите Американски Држави „со леснотија ќе победат“.Според неговите зборови, војската на САД продолжува со удари врз, како што рече, „ужасниот терористички режим во Иран“. Трамп наведе дека Иран бил предупреден по операцијата „Полноќен чекан“ да не се обидува да ја обнови програмата за нуклеарно оружје, но дека ги игнорирал предупредувањата и продолжил со зајакнување на програмата за балистички ракети.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryrqrpsv0i0ecudaRrxMG

Стармер: Морам да го штитам интересот на Велика Британија, не се придружуваме на напади врз Иран

Британскиот премиер Кир Стармер се обрати пред пратениците во Долниот дом на Парламентот за ситуацијата на Блискиот Исток и одлуката да ѝ се дозволи на САД да користат британски воени бази за „одбранбени“ напади врз Иран.На почетокот, Стармер нагласи дека Обединетото Кралство не учествувало во почетните напади врз Иран, и дека тоа било „намерна“ одлука.„Најдобриот пат понатаму е преку преговори“, рече Стармер, додавајќи дека тоа подразбира дека Иран треба да се откаже од „секоe тежнеење за развој на нуклеарно оружје и да ги запре „дестабилизирачките активности“ во регионот.Потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп „изразил несогласување“ со британската одлука да не се вклучи веднаш во нападите, но истакна:Моја должност е да проценам што е во национален интерес на Британија“ и дека стои зад своите одлуки.Стармер додаде дека Велика Британија нема да се придружи на американските и израелските напади врз Иран.Американските власти побарале дозвола да ги користат британските бази за да го спречат лансирањето на иранските проектили „на изворот“, додека се во складишта или подготвени на лансери. Стармер рече дека го прифатил тоа барање „за да се спречи Иран да лансира проектили низ регионот“ и да убива цивили.Тој нагласи дека Лондон не учествува во офанзивни операции, туку дозволува активности насочени кон одбрана. Франција и Германија, како што додаде, се подготвени да им овозможат на САД активности во своите бази за уништување на иранските капацитети за лансирање проектили.Стармер исто така рече дека Иран постапува „сè поспонтано“ и дека неговата должност е да ги штити британските животи. Затоа, британските борбени авиони биле подигнати во воздух „во рамките на координирани одбранбени операции“.Тој посочи дека овие операции веќе дале резултати, вклучувајќи уништување на дрон што се упатувал кон база каде што се сместени британски војници.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryd1f9omf4hoqsaqE2PPF

Се разгледува можност заглавените Македонци во Емиратите да се вратат копнено преку Саудиска Арабија

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби соопшти дека се разгледува можноста за репатријација и евакуација на нашите граѓани од Обединетите Арапски Емирати преку Кралството Саудиска Арабија. Како што се наведува во објавата на социјалните мрежи, репатријацијата и евакуацијата на нашите граѓани, кои се затекнати во ОАЕ, ќе се одвива преку копнената граница кон Кралството Саудиска Арабија и од таму со авиони што полетуваат од нивна територија.Транспортот од Обединетите Арапски Емирати до Кралството Саудиска Арабија би се одвивал по копнен пат со автобуси и тој би траел од 13 до 15 часа. Преку формално барање/нота од Амбасадата и МНР врз основа на доставен список, властите на Саудиска Арабија би издале хуманитарни визи за македонските граѓани на самиот граничен премин - се наведува во информацијата.Македонските граѓани, кои се заинтересирани за оваа можност, треба да се пријават на дежурниот број на Амбасадата +971 56 441 7532, како и на имејл-адресата: abudabi1@mfa.gov.mk.Министерството за надворешни работи пред два дена ги објави телефоните за помош за нашите граѓани на Блискиот Исток.

Македонија | пред 1 седмица

media-library1sqoppi3h8492FwsLNz

(Видео) Брутална закана од Техеран: „Подземен тунел“ полн со дронови

Иран објави видео кое, како што се тврди, прикажува тунели на Револуционерната гарда во кои се складира оружје користено во нападите врз американските бази во регионот.Иранската новинска агенција „Фарс“ сподели редок увид во она што го опишува како подземен арсенал на дронови.Видео снимката е објавена во време кога Иран продолжува со одмазничките напади кон водечките американски сојузници на Блискиот Исток, по заедничката воена операција на САД и Израел извршена за време на викендот.Снимката покажува подземни тунели исполнети со редови дронови, кои потоа се поставени на десетици ракетни фрлачи. Исто така, се прикажуваат ѕидовите на оружарницата украсени со ирански знамиња и големи фотографии на починатиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи.Не е јасно кога или каде е направена снимката, ниту дали прикажува дронови и ракети што се користат во иранскиот одговор на заедничките американско-израелски напади.

Свет | пред 1 седмица

20220907072703

Цените на гасот во Европа нагло скокнаа по прекинот на производството во Катар

Цените на природниот гас во Европа денес нагло пораснаа откако ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток ја натера Катар да го запре производството на течен природен гас (LNG).Референтната цена на гасот на холандската берза TTF порасна за 45 отсто, достигнувајќи околу 46 евра за мегават-час, а значителен пораст е забележан и на пазарот во Обединетото Кралство, јавува Euronews.Растот на цените следува по американско-израелските напади врз Иран, кои го заострија конфликтот во регионот клучен за глобалните енергетски текови. Катарската државна компанија QatarEnergy во понеделник соопшти дека го запрела производството на LNG поврзано со огромното гасно поле North Field по нападите врз своите постројки. Компанијата не соопшти детали за обемот на влијанието врз своето работење.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryohd2h0ihu1ad7FZA8ma

(Видео) Нетанјаху на местото на иранскиот напад: Иран може да претставува закана за целото човештво

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го посети местото на смртоносниот ирански напад со балистички проектил во Беит Шемеш, меѓу Тел Авив и Ерусалим, каде вчера загинаа девет Израелци, вклучувајќи тројца тинејџери.На местото на експлозијата, Нетанјаху разговараше со новинарите и порача дека Иран претставува глобална закана доколку дојде во посед на нуклеарно оружје.Иранскиот режим ќе се заканува на целото човештво ако успее да се стекне со нуклеарно оружје и средства за негово доставување“, рече Нетанјаху. „Затоа започнавме да се штитиме сами, но притоа ги штитиме и многу други.Премиерот посебно му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за поддршката кон Израел.Сакам посебно да му се заблагодарам на нашиот голем пријател и голем светски лидер Доналд Трамп што ни се приклучи во овој голем напор да го спасиме светот“, додаде Нетанјаху.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryng9ecqnv8gssbu2vMxx

Грција испраќа воена помош на Кипар

Грција нареди испраќање на воени сили на Кипар по нападите со беспилотни летала врз овој медитерански остров, со што една членка на Европската унија за првпат е вклучена во тридневната американско-израелска кампања против Иран, јавува Политико.Одлуката следува по ноќниот напад со дрон од типот Шахед врз базата на британското воздухопловство (RAF) во Акротири, додека повеќе други напади врз истата база биле „успешно пресретнати“ во текот на денот, изјави портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис.Грчкиот министер за одбрана, Никос Дендијас, денес најави итно распоредување на две фрегати и борбени авиони F-16. Прецизирано е дека на Кипар се испраќа фрегатата од класата Белхара „Кимон“ и уште една фрегата опремена со противдронски систем „Кентаурос“.По нападите врз кипарската територија, Грција ќе придонесе на сите можни начини во одбраната на Република Кипар за да се спротивстави на заканите и незаконските дејствија на нејзина територија“, изјави Дендијас.Најавено е дека Дендијас заедно со генералот Димитриос Чупис, началник на грчките вооружени сили, во вторник ќе престојува на островот за подобра координација меѓу двата сојузника.

Свет | пред 1 седмица

hrvatska

Хрватска: Хрватските државјани во Емиратите нека се упатат кон Оман

Министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, денес соопшти дека министерството им препорачува на хрватските државјани што се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати да се упатат кон безбедната оманска престолнина, додавајќи дека за нивното враќање во земјата се чека отворање на воздушниот простор.Бидејќи воздушниот простор во Емиратите е затворен, Грлиќ Радман истакна дека министерството им препорачува да се упатат кон Оман, кој е оддалечен околу еден час возење, а неговата престолнина Маскат околу четири часа.„Враќањето на државјаните засега е отежнато“, истакна министерот, додавајќи дека станува збор за султанат кој има пријателски односи со Иран, а истовремено одржува добри односи со Западот, поради што беше и посредник во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран во Женева. Во Оман моментално се наоѓаат околу 110 хрватски државјани.Грлиќ Радман нагласи дека министерството е во постојана комуникација со Генералниот конзулат во Дубаи и дека вчера разговарал и со министерот за надворешни работи на Емиратите, кој го уверил дека се грижат за сите европски граѓани во земјата, околу 380 илјади лица.Министерството разговара и со европските сојузници за заеднички репатријации на граѓани, а хрватските државјани им се препорачува да ги следат веб-страниците, упатствата и препораките на министерството.Министерот посочи дека репатријациите засега се отежнати бидејќи ниту една комерцијална авио-линија не сака да лета додека не се обезбеди целосна безбедност на воздушниот сообраќај.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања