Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ИРАН

media-library1bbb2pngniquaGppiy4

Државни собири на жалост во Иран: Се слуша „смрт на Израел“ и „смрт на Америка“

Иранската државна телевизија денеска прикажуваше собири на жалост организирани во повеќе градови, меѓу кои и Машхад, родното место на убиениот врховен лидер Али Хамнеи, јавува Би-Би-Си.Иранските новински агенции објавија список од 22 локации во Техеран каде граѓаните беа повикани да се соберат по вечерната молитва за да му оддадат почит на врховниот лидер. На видеоснимките од собирите се слушаат повици „смрт на Израел“ и „смрт на Америка“.Хамнеи беше убиен во саботата во американско-израелски напад, по што иранската влада прогласи 40 дена јавна жалост.Според Би-Би-Си Персијан, до редакцијата пристигнала текстуална порака од Иран во која граѓаните се информираат дека собирите ќе се одржуваат на „плоштадите во градовите и во џамиите низ целата земја“ и во наредните денови.Во исто време, Би-Би-Си верификувал и видеоснимки од неколку градови што прикажуваат собирања на кои се славела смртта на Хамнеи, што укажува на поделени реакции во иранското општество.

Свет | пред 1 седмица

media-librarylpgrepfjo4bo1ySjGIW

Богатите бегаат од Дубаи: Цените на приватните авиони вртоглаво пораснаа

Ескалацијата на конфликтот по американско-израелските напади врз Иран предизвика сериозна безбедносна и туристичка криза во Дубаи, град познат како глобален центар на луксузот и прибежиште за милијардери и влијателни личности.Ракети и беспилотни летала го погодија аеродромот во Дубаи, како и неколку хотели и знаменитости. Обединети Арапски Емирати соопштија дека нивната воздушна одбрана продолжува да пресретнува дојдовни проектили, додека амбасадата во Техеран е затворена поради ескалацијата.Дел од жителите и туристите се упатија кон Оман, четири и пол часа возење до границата. Аеродромот во Мускат останува отворен, но со значителни доцнења. Комерцијалните летови од Мускат до Европа се речиси целосно распродадени до крајот на неделата.Руската туристка Александра Вавилова изјави дека успеала да обезбеди еден од последните билети – лет од Мускат до Коломбо во Шри Ланка.Во меѓувреме, цените на приватните летови експлодираа. Брокерската компанија „ЏетВип“ изјави за „Гардијан“ дека лет со мал авион „Некстант“ до Истанбул сега чини околу 85.000 евра – трипати повеќе од вообичаеното. Седиштата на приватни чартер летови до Москва достигнуваат цена од околу 20.000 евра по лице.Од австриската чартер компанија „АлбаЏет“ велат дека „достапноста е исклучително мала“ и дека летовите до Европа се нудат за околу 90.000 евра. Дополнително, брокерската куќа „Вимана Прајват Џетс“ соопшти дека летовите од Ријад до Европа чинат и до 350.000 долари.Многу оператори одбиваат да летаат поради осигурителни ограничувања и ризикот во регионот, што доведе до огромна побарувачка и минимална понуда.За поголемиот дел туристи, единствената опција останува да останат во Дубаи. Туристичкиот одбор на градот им наложи на хотелите да не ги иселуваат гостите кои не можат да заминат поради масовните откажувања на летови и да им го продолжат престојот под истите услови.Сепак, на социјалните мрежи се појавија поплаки од руски туристи дека од нив било побарано „да платат или да си заминат“. Во видео објавено на Телеграм, една туристка тврди дека ѝ било кажано да ја контактира својата агенција бидејќи „тоа не е нивен проблем“.Покрај тоа, илјадници западни туристи се заглавени на крузери во Персискиот Залив. Најмалку шест големи бродови, секој со илјадници патници, се закотвени во или во близина на пристаништата. Патниците на бродот „Мајн Шиф 4“ фотографираа густ чад над пристаништето Зајед во Абу Даби по силните експлозии, изјавувајќи за германскиот таблоид „Билд“ дека се шокирани што „рајот за одмор се претвори во воена зона“.Патниците на бродот „МСЦ Еурибија“, кој остана во Дубаи, информираа дека нивните картички за соби се продолжени до 6 март, со очекување дека нема наскоро да го напуштат бродот.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryck39njssa1754fYtCDk

Речиси целосен интернет-мрак во Иран: Аналитичарите тврдат дека станува збор за намерна одлука на режимот

Само неколку часа по првите напади врз Иран, земјата повторно западна во речиси целосен интернет-мрак, со што драстично се ограничи протокот на информации и меѓусебната комуникација меѓу граѓаните. Според анализата на британскиот весник „Гардијан“, експерти за дигитална цензура оценуваат дека исклучувањето на интернетот претставува намерен потег на режимот кој се бори за опстанок и контрола.Даг Мадори од компанијата за интернет-аналитика „Кентик“ посочува дека мал дел од прекините би можеле да бидат последица на оштетување на инфраструктурата во американските или израелските напади, можеби на оптички кабел. Забележани се неколку помали испади што погодиле повеќе мрежи, што упатува на можни технички дефекти како прекин на оптика или прекин во снабдувањето со електрична енергија. Сепак, стручњаците се согласни дека главниот дел од прекинот е резултат на свесна одлука на властите.Истражувачите од „Проект Аинита“ и „Аутлајн Фаундешн“, организации што се занимаваат со интернет-инфраструктура и борба против дигиталната цензура, оценуваат дека станува збор за „контрола, а можеби и обид да се забави пропаста на режимот“. Според нив, доколку граѓаните би имале слободен пристап до комуникација, тие полесно би можеле да се организираат и да излезат на улиците.Иран првпат целосно го исклучи интернетот на 8 јануари, по ескалацијата на антивладините протести поврзани со вредноста на националната валута. Потполниот прекин траеше речиси три недели, сè до 28 јануари, кога ограничувањата беа делумно ублажени. Во тој период, според проценки, во пресметките со демонстрантите биле убиени десетици илјади луѓе.Експертите наведуваат дека најновиот прекин е речиси подеднакво сеопфатен како оној во јануари. Мобилните телефони функционираат во рамки на земјата, но врските со надворешниот свет се речиси целосно прекинати. Граѓаните без пристап до сателитски интернет или алтернативни канали остануваат целосно отсечени.Прекинот дополнително ја зголемува збунетоста и стравот. Од една страна, недостигот на информации може да ги одврати луѓето од излегување на улица, бидејќи не знаат каде е безбедно. Од друга страна, токму таа неизвесност може да ги поттикне на собирање и протест. „Луѓето немаат начин да проверат дали нивните блиски се добро“, посочуваат истражувачите, додавајќи дека ризикот постои и за владата и за народот.Контролата врз информациите има долга историја во Иран. Според експертите, властите во изминатите години поставувале и микробранови предаватели на покривите во Техеран за да ги попречуваат странските телевизиски и радио-сигнали. Таквите мерки, велат тие, се спроведувале и покрај можните здравствени последици за населението.Актуелниот интернет-мрак кај многумина буди спомени на периодот по падот на шахот и на воените години, кога пристапот до информации за исчезнати членови на семејството или за состојбата во светот бил речиси невозможен.Дополнителна тежина на ситуацијата ѝ дава фактот што Турција ја затвори копнената граница, а воздушниот простор е затворен. „Се создава чувство дека сте заробени“, наведуваат истражувачите, прашувајќи каде воопшто Иранците би можеле да заминат без виза. „Кога се затвораат границите и летовите, останува само чувството дека сте во стапица.“

Свет | пред 1 седмица

media-libraryosqdh8ui21l79uC9c4s

Техеран порача: Вашите среќни денови завршија, убиството на врховниот лидер го направија Иран посилен

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) упати остра закана до своите противници, порачувајќи дека „нивните среќни денови завршиле“ и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, па дури ни во сопствените домови.Според државната телевизија на Исламската Република Иран (ИРИБ), ИРГЦ оценила дека неодамнешните загуби, вклучително и смртта на врховниот лидер и други високи функционери, „не го разнишале Иран, туку го направиле посилен“.Револуционерната гарда истакнала дека Иран ќе продолжи со борбата „сè додека непријателот не биде поразен“.Изјавата доаѓа во услови на продлабочување на конфликтот во регионот и размена на напади меѓу Иран и неговите противници, што дополнително ја зголемува загриженоста од поширока ескалација.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Унгарија го зголеми степенот на терористичка закана поради конфликтот на Блискиот Исток

Владата на Унгарија го зголеми степенот на опасност од тероризам како одговор на американско-израелската воена кампања против Иран, соопшти заменик-министерот за внатрешни работи Бенце Ретвари.Како дел од мерките, ќе биде зголемено присуството на полицијата на клучните инфраструктурни локации, вклучително и на Меѓународен аеродром Ференц Лист во Будимпешта, како и на пристапните патишта кон главниот град.Ретвари информираше дека ќе биде засилена и безбедноста на полициските складишта за оружје, а ќе се спроведуваат редовни патроли на локации од клучно значење за функционирањето на државата и снабдувањето на населението.Полицијата ќе биде поинтензивно присутна на главните јавни сообраќајници, местата каде се собира поголем број граѓани, како и на терминалите, влезовите и пристапните патишта до аеродромот. Најавени се и случајни проверки на внатрешните шенгенски граници.Засилени контроли ќе се спроведуваат и на патиштата што водат кон Будимпешта, а дополнителна заштита ќе биде обезбедена и за одредени амбасади.Од аеродромот во Будимпешта соопштија дека мерките се превентивни и дека сообраќајот се одвива нормално, без прекини. Патниците се повикани да ги следат официјалните информации од надлежните институции и управата на аеродромот.

Свет | пред 1 седмица

media-librarydslhfuub2ngjbjrDrQf

Револуционерната гарда на Иран потврди загуба на клучни воени кадри

Иранската новинска агенција „Тасним“, поврзана со Револуционерната гарда (ИРГЦ), за првпат објави официјален список со кој ја потврдува смртта на седуммина високи команданти на вооружените сили, за кои тврди дека биле убиени во израелските напади.Станува збор за следните функционери:– Бригаден генерал Мохамад Ширази, раководител на Канцеларијата на врховниот командант– Бригаден генерал Салех Асади, заменик за разузнавачки прашања во Генералштабот на вооружените сили– Генерал-мајор (воздухопловство) Мохсен Дарехбаги, заменик за логистика и поддршка на вооружените сили– Бригаден генерал Акбар Ебрахимзадех, заменик-раководител на Канцеларијата на врховниот командант– Бригаден генерал Голамреза Резаијан, раководител на Разузнавачката организација Фараџа– Бригаден генерал Бахрам Хосеини Мотлаг, раководител на Одделот за планирање и операции во рамки на Оперативниот заменик на Генералштабот– Бригаден генерал Хасан-Али Таџик, раководител на Одделот за логистика на Генералштабот на вооружените силиОбјавувањето на списокот претставува прва официјална потврда од иранска страна за загубата на високи воени функционери, во услови на ескалација на конфликтот меѓу Иран и Израел.Засега нема дополнителни детали за околностите под кои се убиени командантите, ниту за тоа како ова ќе влијае врз оперативната структура на иранските вооружени сили.

Свет | пред 1 седмица

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Првото обраќање на Трамп отвори повеќе дилеми отколку што понуди решенија

Би-Би-Си анализира дека првото јавно обраќање на американскиот претседател Доналд Трамп за војната против Иран оставило повеќе отворени прашања отколку конкретни одговори.Британскиот јавен сервис посочува дека било невообичаено Трамп да чита однапред подготвен текст, што, според нив, укажува дека бил свесен за тежината на моментот и потребата да се држи до зададена рамка.Во своето обраќање, Трамп ги наброја воените цели: уништување на иранските балистички ракети, разорување на иранската морнарица, спречување Иран да дојде до нуклеарно оружје и запирање на финансирањето тероризам. Но, како што нагласува Би-Би-Си, тој воопшто не спомнал промена на режимот, ниту го повторил претходниот повик до иранскиот народ да се крене против власта.Претседателот изјавил дека првичните проценки биле оти војната би можела да трае четири до пет недели, но додал дека ќе трае колку што е потребно. Осврнувајќи се на медиумските шпекулации дека конфликтот би можел да му стане „здодевен“, Трамп рекол дека „во тоа нема ништо здодевно“.Би-Би-Си забележува дека во салата се слушнала нервозна смеа кога Трамп накратко се оддалечил од темата, зборувајќи за завесите што ги избрал во својот прв мандат и за новата сала за свечености што се гради во Белата куќа.Според анализата, обраќањето не понудило јасни насоки за политичката иднина на Иран по евентуалниот крај на војната. Особено се истакнува дека Трамп не објаснил какви се долгорочните цели на САД, ниту како Вашингтон би реагирал доколку конфликтот прерасне во поширока регионална војна.Би-Би-Си заклучува дека комуникациската стратегија на Трамп претставува отстапување од досегашната практика, бидејќи американските претседатели во вакви ситуации традиционално ѝ се обраќале на нацијата со детално образложение за причините и целите на воените дејствија.

Свет | пред 1 седмица

erdogan-3

Ердоган предупредува: Конфликтот во Иран ќе се прошири и ќе ја загрози светската безбедност

Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција, изрази длабока загриженост поради страдањата на цивилите во Иран и најави засилени дипломатски напори за воспоставување прекин на огнот и враќање на мирот во регионот, пишува Анадолу.Говорејќи на настан во Анкара, Ердоган порача дека Турција ја споделува болката на иранскиот народ и дека цивилите, особено недолжните деца, го носат товарот на конфликтот. Тој нагласи дека приоритет на Анкара е обезбедување прекин на огнот и отворање пат за дијалог.„Доколку не се преземат неопходни мерки, конфликтот ќе има тешки последици за регионалната и глобалната безбедност“, предупреди Ердоган, додавајќи дека никој не може да ја поднесе економската и геополитичката неизвесност што би произлегла од натамошна ескалација.Во заедничките американско-израелски напади од саботата, според извештаите, биле убиени повеќе високи ирански претставници, меѓу кои и врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи. Техеран возвратил со напади со беспилотни летала и ракети врз цели поврзани со САД во заливските земји.Потврдена е смртта на четворица американски војници, додека уште четворица се тешко повредени. Иранскиот Црвен полумесец соопшти дека бројот на загинати во американските и израелските воздушни напади од саботата се искачил на 555 лица.

Свет | пред 1 седмица

Liban

Најмалку 52 загинати во Либан по израелските воздушни напади

Најмалку 52 лица загинале, а повеќе од 150 се повредени во израелските воздушни напади врз Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.Нападите уследиле откако Хезболах, милитантна група со седиште во Либан и поддржана од Иран, презеде одговорност за напади врз израелскиот систем за противракетна одбрана.Joseph Aoun, претседател на Либан, ги осуди нападите изведени од либанска територија, како и израелските противудари.Тој ги повика вооружените групи да не ја користат земјата како поле за посреднички војни и предупреди дека ваквите операции ја загрозуваат безбедноста и стабилноста на државата.

Свет | пред 1 седмица

netanjahu

Поранешен израелски премиер: Нетанјаху сакаше војна, Трамп нема јасен план

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт оцени дека актуелната воена стратегија кон Иран не претставува јасен план, туку, како што рече, надеж дека режимот во Техеран ќе се урне под притисок на надворешните удари и внатрешните немири.Според анализа на „Политико“, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со години бил двигател на операции насочени кон иранската нуклеарна програма, а по смртта на врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи, се приближил до својата долгорочна цел – неутрализирање на иранската закана.Нетанјаху повика на масовни протести во Иран, апелирајќи до граѓаните да ја „искористат шансата“ и да го соборат режимот. Слични пораки испрати и американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека Иранците имаат историска можност да си ја „вратат“ земјата.Но, според Олмерт, тоа не претставува стратегија.„Биби сакаше војна, а Трамп едвај чекаше да направи нешто извонредно. Но не гледам план, туку само надеж дека владата ќе се распадне“, изјави тој.Во текстот се наведува дека израелската стратегија се темели и на логиката на нестабилност – земја зафатена со внатрешни конфликти и политички превирања е помалку способна да делува надвор од своите граници. Сепак, искуствата од регионот, вклучително и Ирак и Сирија, покажуваат дека соборувањето режим не гарантира стабилност.И покрај загубата на дел од раководството, иранските институции засега покажуваат отпорност. Револуционерната гарда најави одмазда и продолжување на операциите против американски бази и Израел, додека во Техеран е најавено формирање привремено тричлено раководство до избор на нов врховен лидер.Аналитичарите предупредуваат дека евентуален колапс на режимот може да отвори простор за хаос, внатрешни судири и етнички тензии, со непредвидливи последици за целиот Блиски Исток.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryl7gt3042tuo276LjOTD

(Видео) Израел објави видео: Пилот избегнал противвоздушна ракета над Иран

Израелски одбранбени сили објавија видеоснимка на која се гледа како пилот на борбен авион на израелското воено воздухопловство избегнува иранска противвоздушна ракета за време на операции над Иран.На снимката се слуша гласот на пилотот кој преку радио-врска вели: „Уште едно лансирање, оди над облаците“. Според соопштението на израелската војска, леталото учествувало во напади врз Техеран.Од израелските одбранбени сили наведуваат дека од почетокот на конфликтот во саботата, борбените авиони на израелското воздухопловство извршиле повеќе од 1.000 борбени летови над територијата на Иран.

Свет | пред 1 седмица

media-librarygl4n23a01b5a3Jeos8M

Дрон погодил складиште за гориво во Абу Даби

Пожар избувнал денеска во складиште за гориво во Абу Даби откако објектот бил погоден со беспилотно летало, соопшти Канцеларијата за медиуми на Абу Даби.Според властите, огнот во терминалот за складирање гориво Мусафа, лоциран во главниот град на Обединети Арапски Емирати, бил брзо ставен под контрола.Нема информации за повредени лица, а во соопштението се наведува дека немало влијание врз работата на постројката.Нападот доаѓа во услови на ескалација на регионалните тензии, откако Иран, како одговор на американско-израелските напади, започна одмазднички удари низ регионот, насочени кон американски бази и повеќе заливски држави.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjg17nitvk1mndkEgimm

Објавено видео од пилотка на американски Ф-15 соборен во Кувајт

Арапската телевизија Ал-Арабија објави видеоснимка од Кувајт на која се гледа пилотка на американски борбен авион Ф-15Е „Страјк игл“, откако успешно се катапултирала од леталото што, според американската војска, било ненамерно соборено од кувајтските сили.Според соопштенијата на американската војска и медиумските извештаи, во рамки на операцијата „Епска бес“ против Иран, три американски борбени авиони од типот Ф-15Е биле соборени над Кувајт.Американско централно командување потврди дека сите членови на екипажите, вклучително и пилотката прикажана на видеото, безбедно се катапултирале и биле спасени, при што се наоѓаат во стабилна состојба.Во моментот на инцидентот, леталата биле ангажирани во поддршка на операциите против иранските напади, но кувајтската противвоздушна одбрана по грешка ги идентификувала како закана. Кувајт призна дека станува збор за случај на таканаречен „пријателски оган“ и соработува со американските сили во истрагата.На видеото се гледа пилотката по безбедното слетување, додека во позадина се слуша машки глас кој ѝ вели дека е безбедна и ѝ се заблагодарува за помошта.

Свет | пред 1 седмица

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп ги објави трите цели на војната против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп во денешното обраќање до јавноста ги изнесе трите клучни цели на воената операција против Иран.„Нашите цели се јасни. Прво, ги уништуваме иранските ракетни капацитети. Второ, ја уништуваме нивната морнарица. Трето, обезбедуваме најголемиот светски спонзор на тероризмот никогаш да не дојде до нуклеарно оружје“, изјави Трамп.Тој додаде дека операцијата има и дополнителна цел – да се спречи иранскиот режим да продолжи да вооружува, финансира и насочува терористички армии надвор од своите граници.Според Трамп, овие цели се неопходни за заштита на американските интереси и за стабилноста во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryde91hhdi32ca6NZdXGm

Ен-Би-Си: Имало обид да се спречи војната со Иран на тајна средба во Женева, иранскиот шеф на дипломатијата викал на претставник на Трамп

Последната можност да се избегне војна меѓу Соединетите Американски Држави и Иран била на средбата одржана во четврток во Женева, објави Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на висок претставник на администрацијата на Доналд Трамп кој сакал да остане анонимен.Според наводите, американската делегација побарала Иран во следните десет години да не врши збогатување на ураниум, оценувајќи дека тоа е неопходен чекор за спречување развој на нуклеарно оружје. Иранската страна остро се спротивставила на ова барање. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјавил дека неговата земја има „неотуѓиво право“ на збогатување ураниум, на што американскиот претставник Стив Виткоф возвратил дека и САД имаат „неотуѓиво право“ да го спречат тоа.По размената на ставови, според изворот на Ен-Би-Си, Арагчи почнал да вика на Виткоф, кој на состанокот бил придружуван од Џаред Кушнер. Американската делегација потоа го информирала претседателот Трамп за текот на разговорите. Според истиот извор, Трамп не бил вознемирен од случувањата.Откако преговорите западнале во ќор-сокак, администрацијата на Трамп одлучила да започне воена операција. Претседателот во кратко телефонско интервју за Ен-Би-Си изјавил дека одлуката била донесена бидејќи Иран не бил подготвен да го запре нуклеарното истражување и да гарантира дека нема да поседува нуклеарно оружје.Трамп, кој во минатото ја градеше својата политичка реторика на ветување дека ќе ги избегне „бесконечните војни“, повторно истакна дека нема да дозволи Иран да дојде до нуклеарно оружје. Во меѓувреме, американските и израелските сили извршија воздушни напади, при што, според извештаите, биле погодени стотици цели во Техеран, а загинал и врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи.Според американски извори, дипломатските напори паралелно биле проследени со значително распоредување на воени сили во регионот, вклучително и испраќање носач на авиони. Американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно изјавил дека САД намерно предизвикале економски притисок врз Иран со цел да го принудат на отстапки.Во меѓувреме, конфликтот веќе има човечки жртви. Ирански контранапад во Кувајт усмрти четворица американски војници, а Трамп предупреди дека е можно бројот на жртви да се зголеми пред да заврши операцијата.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања