Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ИРАН

media-library8u8591u43qs38AmRbYy

(Видео) Се урна американски воен авион Ф-15 во Кувајт

Се урна американски воен авион Ф-15 во Кувајт.На социјалните мрежи се објавуваат снимки на кои се гледа како авионот е погоден и паѓа.Иран објави дека неговите сили го собориле авионот.Пилотот на Ф-15 преживеа, откако успеал безбедно да се катапултира. По слетувањето за него се погрижиле група локални жители.Засега нема реакција од САД.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryis2ujekg9gn07l2kocZ

Иран: Соборивме израелски Хермес, еден од најнапредните дронови во светот

Во околината на Хорамабад, ирански град кој се наоѓа 375 км југозападно од Техеран, соборен е израелскиот дрон Хермес, објавија локалните власти, пренесува иранската државна новинска агенција.Во соопштението, заедно со фотографија на која наводно се прикажани остатоците од дронот Хермес, се наведува дека дронот е соборен во областа Веисиан и дека тоа „ја истакнува подготвеноста на иранските одбранбени сили и противвоздушната одбрана на Корпусот на чувари на исламската револуција за сузбивање на заканите“.Соборениот дрон е тип Hermes, еден од најнапредните беспилотни летала за собирање информации во светот“, се додава.Дроновите Хермес ги произведува израелската компанија Elbit Systems, која порано објави дека серијата Хермес 900 помогнала во лоцирање десетици скриени ирански лансери на балистички проектили за време на јуниската војна помеѓу Израел и Иран.Покрај тоа што ги лоцирал иранските лансери на балистички проектили, Hermes 900 помогнал во напади врз иранските мобилни системи за противвоздушна одбрана, радарски инсталации и складишта со муниција, изјави потпретседателот за маркетинг и развој на беспилотни системи во Elbit Systems, Амир Бетеш.Израелските одбранбени сили (IDF) и Министерството за одбрана порано истакнуваа значајна улога на дроновите во израелската воздушна војна против Техеран.

Свет | пред 1 седмица

media-librarysg0tdoghd6o63nDIZC5

(Видео) Бејрут гори, луѓето масовно бегаат

Израел утрово изведе силни воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се под контрола на Хезболах, поради лансирањето проектили и беспилотни летала од групата поддржана од Иран кон Израел. Нападот на Хезболах беше одмазда за убиството на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, пишува The Guardian.Жителите на Бејрут во 3 часот наутро беа разбудени од десетици експлозии, додека Израел гаѓаше три различни локации во јужните предградија на главниот град. Детонациите ги потресуваа прозорците низ целиот град и се слушаа на километри далеку. Истовремено, жители на јужен Либан известуваа за прелети на борбени авиони и паѓање бомби во нападите на пошироката јужна област, при што беа урнати згради во селата блиску до градот Тир.Хезболах соопшти дека околу полноќ лансирал бараж од ракети и беспилотни летала врз објектот за противракетна одбрана Мишмар ал-Кармел во близина на Хаифа. Оттаму изјавија дека тоа е „одмазда“ за убиството на Хамнеи и дека дејствуваат „во одбрана на Либан и неговиот народ“.Израелскиот одговор следеше само неколку часа подоцна. Армијата објави дека ги гаѓала целите на Хезболах низ целиот јужен Либан, во долината Бека и во предградието Дахие во Бејрут. ИДФ потврди дека неколку високи офицери на Хезболах се убиени во нападите врз Дахие.„Хезболах вечерва започна кампања против Израел и сноси целосна одговорност за каква било ескалација. Секој непријател што ја загрозува нашата безбедност ќе плати висока цена“, рече началникот на израелската армија, генерал-потполковник Ејал Замир, во соопштение за медиумите.Израелската армија издаде наредби за евакуација за 55 села и градови низ Либан, повикувајќи ги жителите да останат најмалку 1.000 метри од тие области бидејќи се во близина на „оперативци и објекти на Хезболах“.ИДФ вчера објави мобилизација на 100.000 резервисти, од кои многу се распоредени по границата со Либан.По нападот, реки од луѓе почнаа да бегаат од Дахие, со автомобили и пеш. Редови од возила се формираа пред бензинските пумпи во јужниот град Тир, додека жителите се упатуваа кон север. Автопатите што водат од Дахие до центарот на Бејрут беа преполни со скутери и автомобили што се движеа преку урнатините од нападот. На југ, луѓето возеа во двата правци на автопатот за да избегнат сообраќајни метежи.Снимките од теренот ги покажуваат покривите на зградите во Дахие во пламен и изгорените остатоци од автомобили под урнатините. Сведоците што се евакуираа изјавија дека виделе ракети испукани од јужен Либан кон Израел, што изгледаше како продолжение на нападите на Хезболах.Настаните ги вратија спомените на 13-месечната војна меѓу Израел и Хезболах што заврши во 2024 година. Брзо се проширија стравувањата дека Дахие, долината Бека и големи делови од југот повторно би можеле да станат ненаселени, како што беше случајот тогаш. Во таа војна, Израел ги бомбардираше тие области секој ден, убивајќи речиси 4.000 луѓе и раселувајќи милион од нив.Либанската влада експресно ја осуди одлуката на Хезболах да го бомбардира Израел без консултација со државата. Без директно да ја именува милитантната група, либанскиот премиер Наваф Салам рече дека „нема да дозволи земјата да биде вовлечена во нови авантури“.Ракетирањето од јужен Либан е неодговорен и сомнителен чин што ја загрозува безбедноста на Либан и му дава на Израел изговор да продолжи со својата агресија“, напиша Салам во објава на социјалната мрежа X.Либанските власти во недели наназад се бореа да го спречат Хезболах да се вклучи во каква било потенцијална војна со Иран, додека Израел им испраќаше пораки на своите либански колеги дека секој напад ќе предизвика широк одговор против целата земја.

Свет | пред 1 седмица

media-librarysekq3r5cadbj79w8x0U

Неколку илјади граѓани на ЕУ се уште во Иран: „Многумина не сакаат да заминат“

Проценките велат дека во Иран останале неколку илјади лица со државјанство на некоја од земјите членки на Европската унија, изјави висок претставник на ЕУ.Многу од нив имаат и иранско државјанство и не сакаат нужно да ја напуштат земјата, додаде официјалниот претставник.Точниот број на оние кои бараат евакуација не е објавен.Се проценува дека многу поголем број граѓани на ЕУ се заглавени во земјите околу Иран поради откажувањето на летовите предизвикани од затворањето на воздушниот простор.За да им помогне, Европската унија ја активираше мрежата за консуларна соработка, наменета за поефикасна координација на напорите за евакуација.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjt1u6hcuirnt4d1EVop

Американски сенатор жестоко го критикуваше нападот врз Иран

Американскиот сенатор Берни Сандерс остро ја критикуваше одлуката на претседателот Доналд Трамп за нападот врз Иран, доведувајќи во прашање образложението на Белата куќа дека САД не смеат да дозволат Иран да развие нуклеарно оружје.Сандерс, демократски социјалист и независен сенатор од Вермонт, кој во Конгресот се приклучува на демократите и е познат по своите прогресивни ставови, се огласи преку социјалната мрежа X.Во објавата тој се потсети на претходната изјава на Трамп од јуни, во која претседателот тврдел дека иранските нуклеарни постројки се „уништени“.Тоа е истиот претседател кој во јуни рече: ‘Иранските нуклеарни постројки се уништени.’ Виетнам. Ирак. Иран. Уште една лага. Уште еден војна“, напиша Сандерс.Неговата изјава се однесува на претходните американски воени интервенции, особено војните во Виетнам и Ирак, кои оставија длабоки политички и општествени последици.Сандерс и претходно предупредуваше за опасноста од ескалација на конфликтот на Блискиот исток, залагајќи се за дипломатски решенија и меѓународна соработка наместо воена интервенција.

Свет | пред 1 седмица

media-library78o8i564fuof73HCUEl

Претседателот на Кипар: Нашата земја не учествува и нема намера да биде дел од каква било воена операција

Претседателот на Кипар, Никос Христодулидес, се обрати до јавноста по нападот на британската база, најверојатно во Акротири.„Во 00:03 часот, беспилотно летало тип Шахед се урна на воените објекти на британската база во Акротири, предизвикувајќи мала материјална штета. Од самиот почеток, сите надлежни служби на Републиката беа во состојба на приправност и целосна оперативна готовност. Истовремено, веднаш свикав Совет за национална безбедност за процена на ситуацијата, кој и понатаму е во постојани консултации. Во исто време, сум во постојан контакт со сите европски лидери и лидери на други држави во врска со развојот на настаните“, истакна Христодулидес.Претседателот додаде дека Кипар се наоѓа во регион со посебна геополитичка нестабилност, со многу предизвици и проблеми, кој минува низ невидена криза.„Сакам да бидам јасен: нашата земја никако не учествува и не има намера да биде дел од каква било воена операција. Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја извршувавме досега, секогаш како дел од решението, а не на проблемот, и ќе продолжиме да делуваме со иста одговорност. Правиме сè што можеме, а безбедноста на земјата и на нејзините граѓани ни е примарна грижа“, рече претседателот на Кипар.

Свет | пред 1 седмица

Grcija-1

Грција ги зајакнува безбедносните мерки по нападите врз Иран

Властите ги зајакнаа безбедносните мерки околу потенцијални цели поврзани со САД и Израел во Грција, како и на деловни објекти и аеродроми, по американските напади врз Иран, соопштија официјалните лица.Портпаролката на полицијата, Константија Димоглиду, рече дека мерките се проширени надвор од дипломатските претставништва и вклучуваат комерцијални и деловни објекти кои би можеле да бидат цел на напади.Безбедноста е зајакната и на главните грчки аеродроми, а полицијата тесно соработува со војската и разузнавачките служби за справување со потенцијални закани.Ддесетици летови од Атина кон Блискиот Исток беа откажани по нападите врз Иран и неговата одмазда.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Арагчи: Убиството на ајатолахот е опасен преседан – одговорните ќе сносат последици

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денеска упати писмо до Обединетите нации и Советот за безбедност, во кое предупреди дека убиството на лидерот на Исламската револуција, ајатолах Али Хамнеи, ќе има „длабоки и далекусежни последици“ за одговорните.Во писмото до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и членовите на Советот за безбедност, Арагчи истакна дека убиениот ајатолах, кој беше врховен лидер на Иран, не беше само највисок официјален авторитет во земјата, „туку и верска личност која ја почитуваат десетици милиони муслимани ширум регионот и светот“.Таквиот напад ќе има длабоки и далекусежни последици, за кои целосна одговорност лежи единствено на извршителите“, нагласи Арагчи.Тој ја оцени како „страшна и криминална“ природата на делото кое било „извршено против големиот народ на Иран“ и потенцира дека Израел и САД извршиле напади врз Иран „во нова серија агресивни, однапред смислени и целосно неоправдани акти против суверенитетот и територијалниот интегритет“ на земјата.Арагчи предупреди дека неактивноста на ОН ќе има долгорочни последици.Недостигот на решителен одговор на таквото однесување не само што ќе ги охрабри извршителите, туку ќе нанесе и трајна и непоправлива штета врз основите на меѓународниот правен поредок во следните децении“, рече Арагчи.Тој посочи дека нападот претставува „груб прекршок на член 2(4) од Повелбата на Обединетите нации“ и дека „претставува директен напад врз најосновните принципи на меѓународното право, вклучувајќи ја забраната за употреба на сила, принципот на суверена еднаквост на државите и неповредливост и имунитет на шефовите на држави“.Арагчи нагласи дека таквиот чин „создава опасен преседан кој ја погодува основната норма која го регулира државниот суверенитет и цивилизираното однесување меѓу народите“.Шефовите на држави, истакна Арагчи, „се неповредливи, почитувани и имуни“, што е, според него, „принцип неопходен за независно извршување на нивните службени должности“. Поради тоа, „намерното целење на највисокиот официјален орган на Иран претставува тешко и невидено кршење на најосновните норми кои ги регулираат односите меѓу државите“.Арагчи подвлече дека нападот на никаков начин не ги негира „вроденото и легитимното право“ на Иран да го брани својот суверенитет, територијалниот интегритет и својот народ во согласност со член 51 од Повелбата на Обединетите нации.Министерот за надворешни работи изјави дека нападот врз Иран бил извршен „во очигледно непочитување на обврзувачките принципи на меѓународното право и обичајното меѓународно право, вклучувајќи ги и оние содржани во Конвенцијата за спречување и казнување на злосторства против меѓународно заштитени лица од 1973 година“.Тој заклучи дека инцидентот „повлекува меѓународна одговорност на релевантните држави-прекршители, а исто така повлекува и индивидуална кривична одговорност на претседателот на САД, на таканаречениот премиер на израелскиот режим и на сите лица вмешани во планирање, наредување, одобрување, извршување или на друг начин помагање и поттикнување на овој кривичен чин“.

Свет | пред 1 седмица

SeKXr-

Танкери заглавени во Заливот: Осигурителните компании го укинуваат покривањето за воен ризик

Неколку осигурителни компании соопштија дека ќе го укинат покривањето за воен ризик за бродовите поради конфликтот во Иран и Персискиот Залив.Осигурителните компании, меѓу кои се Gard, Skuld, NorthStandard, лондонскиот P&A клуб и Американскиот клуб, соопштија дека укинувањето на осигурувањето од воен ризик за бродовите ќе стапи на сила од 5 март, пренесува Ројтерс.Според соопштението, осигурувањето од воен ризик ќе биде укинато за бродовите во иранските води, како и во Персискиот Залив и соседните води.Јапонската осигурителна група MS&AD изјави за Ројтерс дека привремено суспендирала низа полиси за осигурување кои покриваат воени ризици во водите околу Иран и Израел, како и соседните земји.Тензиите на Блискиот Исток ескалираа откако американските и израелските сили започнаа напади врз Иран за време на викендот, по што Техеран ја затвори пловидбата низ Ормускиот теснец, клучна точка за глобалниот проток на нафта и гас.Неколку сопственици на танкери, големи нафтени компании и трговски куќи од тогаш ја запреа испораката на сурова нафта, гориво и течен природен гас преку теснецот, а сателитските податоци покажуваат дека бродовите се собираат во близина на клучни пристаништа во Обединетите Арапски Емирати, како што е Фуџеира.Податоците за следење на бродови од вчера покажуваат дека најмалку 150 танкери се закотвени во отворените води зад Ормускиот теснец.

Свет | пред 1 седмица

873x400-1-16

Раст на акциите на руските нафтени компании по нападите врз Иран

Акциите на водечките руски нафтени и гасни компании, меѓу кои се Роснефт, Лукоил, Газпром Нефт и Новатек, забележаа значителен раст по нападите врз Иран.Напнатоста на Блискиот Исток директно влијаеше на глобалниот пазар на енергетици, што доведе до нагло покачување на цените на суровата нафта. Аналитичарите предвидуваат дека овој тренд може да продолжи, сметајќи дека побарувачката за руска нафта би можела да расте, бидејќи таа станува алтернатива на резервите од Персискиот Залив, кои поради конфликтот сега се несигурни.Нафтениот пазар нагло се промени по нападите врз ИранЦените на нафтата силно пораснаа, додека берзанските индекси забележаа пад на почетокот на тргувањето. Американската сурова нафта во неделата навечер поскапе за осум проценти, на околу 72 долари за барел, за подоцна да се стабилизира на 71 долар. Бренд нафтата, глобална референтна цена, прво скокна повеќе од 12 проценти на околу 82 долари, но подоцна падна под 78 долари. Во петокот цената на Бренд изнесуваше нешто повеќе од 73 долари за барел.Во меѓувреме, фјучерс договорите за S&P 500, Nasdaq и Dow паднаа за околу еден процент. Од друга страна, договорите за нафтени компании како Exxon и Chevron пораснаа за околу два проценти, додека акциите на компании од одбранбената индустрија, како што се Northrop Grumman и Lockheed Martin, забележаа блага стапка на раст.Првичниот скок на цените на нафтата, иако остар, беше очекуван и во рамките на проценките на аналитичарите, кои сметаат дека сегашниот поремет на пазарот ќе биде релативно краткотраен. Сепак, постои значителна неизвесност околу обемот и траењето на војната, за која претседателот Доналд Трамп најави дека може да трае недели.Аналитичарите предупредуваат дека поголеми немири, хаотичен вакуум на моќта, прекин на производството или долготрајно затворање на Ормутскиот теснец може да ја подигне цената на нафтата на 100 долари за барел или повеќе.

Свет | пред 1 седмица

media-library9ljpgctbjonj3VltdI6

Трамп подготви замена за Хамнеи: Имам три многу добри кандидати

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има три кандидати на ум кои би можеле да ја предводат Иран, според пишувањето на „Њујорк Тајмс“ (NYT).Имам три многу добри кандидати“, рече тој, одбивајќи да ги открие имињата на кандидатите.Говорејќи за можноста за промена на режимот во Иран, Трамп ја опиша американската интервенција во Венецуела и преземањето на власт од лидерот Николас Мадуро како идеално сценарио. Во исто време, претставник на Белата куќа одби да даде какви било гаранции за заштита на Иранците кои се залагаат за промена на режимот.САД на 3 јануари спроведоа масовен напад во Венецуела, заробувајќи го претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес и пренесувајќи ги во Њујорк. Според американските власти, тие наводно биле вмешани во „наркотероризам“. Делси Родригез, претходно потпретседателка на земјата, стана вршител на должноста претседател.Претседателот Трамп исто така дозволи укинување на американските санкции против Иран доколку новото раководство покаже одреден прагматизам.

Свет | пред 1 седмица

media-librarye72f9na6vlveeDK3loc

(Видео) Иран започна напади врз нафтени капацитети во Саудиска Арабија

Според првите извештаи, Иран започнал напади врз нафтени објекти во Саудиска Арабија. Со дронови од типот „Шахед“ нападнат е еден од најголемите нафтени јазли во светот.Непосредно по нападот, рафинеријата на Saudi Aramco го прекина производството, јавува Sky News Arabia.Рас Тануура е еден од најважните енергетски центри во светот – се наоѓа на источната обала на Саудиска Арабија и служи како главен терминал за извоз на сурова нафта. Комплексот вклучува еден од најголемите нафтени терминали и рафинериски капацитети на планетата, со огромна моќност за преработка и транспорт на нафта со танкери кон Азија, Европа и САД, и долго време е клучна алка во глобалните енергетски текови.Заради својата стратешка улога во снабдувањето со сурова нафта и рафинерирани производи, секое нарушување на операциите во Рас Тануура може да има сериозни последици за светскиот енергетски пазар.

Свет | пред 1 седмица

media-library83lkert1v73neqXRUSk

Внукот на Хомеини ги повика граѓаните на Иран да излезат на улиците и во џамиите во црна облека

Сејед Хасан Хомеини ги повика граѓаните да не ги напуштаат улиците и џамиите, туку во црна облека да се собираат на плоштадите до крајот на војната со САД и Израел.Ниту за момент не напуштајте ги улиците и џамиите. Нашата мека моќ се срцата на луѓето и нивното присуство на терен – тоа нè одржа досега“, порача Хомеини. Тој додаде дека „од денес до крајот на војната, секому е поединечна обврска да биде во џамиите“ и ги повика верниците да го исполнат тоа.Нашите ровови се џамиите и градските плоштади“, рече тој, нагласувајќи дека „секој плоштад мора да биде во рацете на народот, облечен во црно и со знамето на имам Хусеин во рацете“.Повикот за носење црна облека и истакнување на знамиња на имам Хусеин е силно симболичен во шиитската традиција. Хусеин, внук на пророкот Мухамед, бил убиен во 680 година во битката кај Кербела и се смета за симбол на мачеништво, жртва и отпор против неправда.Во иранскиот политички дискурс неговата фигура често се користи како метафора за борба против надворешна закана или внатрешна неправда.Сејед Хасан Хомеини формално не е дел од највисокото државно раководство, но неговото презиме носи голема политичка тежина. Тој е внук на Рухола Хомеини, водач на Исламската револуција од 1979 година и основач на сегашниот ирански систем.Се смета за влијателна верска фигура и припадник на умерената струја во Иран.Пораките за излегување на плоштадите и посета на џамиите се дел од долгорочната пракса на иранскиот режим, кој во кризни ситуации поттикнува масовни јавни собири како знак на политичка и општествена кохезија.

Свет | пред 1 седмица

media-library538njb4aomvtbSP1zYy

Затворени училишта на Кипар, во тек евакуации

Кипар го зголеми степенот на подготвеност по нападот со дрон врз британската воена база RAF Akrotiri на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што тоа беше потребно, поради вовлекувањето на земјата во ескалирачкиот судир на Блискиот Исток.Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидис порача дека безбедноста на земјата е најважната грижа на неговата влада.Се наоѓаме во регион на исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов минува низ криза без преседан. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и на граѓаните е наш главен приоритет“, изјави тој.Тој нагласи дека Кипар, како членка на Европската унија најблиска до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, останува на ставот дека „нема да се вклучува во никакви воени операции“.Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело ова време – секогаш како дел од решението, а не од проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со исто чувство на одговорност“, додаде Христодулидис.

Свет | пред 1 седмица

media-library1eicd9j48lsod6kytCA

Трагедија во Иран: Во напад загинаа 20 одбојкарки

Според наводите на иранските медиуми, за време на викендот во напад на спортска сала во градот Ламард, на југот на Иран, загинале 20 млади одбојкарки, додека повеќе од 100 лица се повредени.Информацијата првично ја пренесе телевизискиот канал Al Mayadeen, повикувајќи се на локални извори, а потоа веста ја потврдија и други медиуми.Нападот се случил во покраината Фарс, а според истите извори, меѓу загинатите има и деца кои во моментот на ударот се наоѓале во салата. Првичните извештаи говореле за повеќе од 15 жртви, по што бројот подоцна бил зголемен.По овој повод реагираше и FIVB (Меѓународната одбојкарска федерација), која изрази длабока загриженост и го осуди страдањето на младите спортистки.Во соопштението се наведува дека FIVB е „шокирана и исклучително загрижена од извештаите дека неколку млади одбојкарки во Иран ги загубиле животите како резултат на влошената безбедносна ситуација на Блискиот Исток и поширокиот регион“.Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и до сите кои се погодени од оваа криза што се развива“, се истакнува во соопштението.FIVB формираше посебна работна група со цел во реално време да ја координира хуманитарната помош и да ја обезбеди безбедноста на одбојкарките, одбојкарите, тренерите, стручните штабови и волонтерите кои се наоѓаат во погоденото подрачје, во соработка со влади, невладини организации и други релевантни тела.На крајот, од светската куќа на одбојката порачаа дека силно веруваат во значењето на соработката, дијалогот, мирот и солидарноста, со апел до меѓународната заедница да придонесе за деескалација и пронаоѓање мирно решение.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања