Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ИРАН

media-libraryias99hb2nktf1YwjMLi

Стотици илјади патници заглавени ширум светот

Стотици илјади патници останаа заглавени ширум светот откако клучните воздушни јазли на Блискиот Исток беа затворени поради последиците од американско-израелските напади врз Иран. Во понеделникот беа откажани уште стотици летови, што го продолжи хаосот во глобалниот воздушен сообраќај и дополнително ја влоши ситуацијата за патниците. Станува збор за најтежок удар врз воздухопловството од пандемијата на ковид-19, пишува The Guardian.Илјадници откажани летовиГлавните аеродроми на Блискиот Исток, вклучително и Дубаи, најпрометниот во светот, се затворени трет ден по ред. Според податоците на платформата за следење летови FlightAware, во саботата биле откажани речиси 2800 летови, во неделата 3156. Само во понеделникот рано наутро веќе биле откажани 1239 летови. Авиокомпаниите Emirates од Дубаи, Etihad Airways од Абу Даби и Qatar Airways од Доха заедно откажаа стотици летови, а и други превозници, како Air India, ги суспендираа своите услуги во регионот.„За патниците нема разубавување на ситуацијата“, изјави Хенри Хартевелд, аналитичар во воздухопловната индустрија и претседател на Atmosphere Research Group. „Треба да се подготват за доцнења или откажувања во следните неколку дена, додека нападите траат и, се надеваме, не завршат.“Глобални последици од судиротСпоред страницата за следење летови Flightradar24, воздушниот простор над Иран, Ирак, Кувајт, Израел, Бахреин, ОАЕ и Катар и понатаму е речиси празен.Последиците се чувствуваат далеку надвор од Блискиот Исток, а патници останаа заглавени на дестинации од Бали до Франкфурт. Судирот се прошири и на Либан, каде што Израел изведе воздушни напади откако Хезболах испали ракети, поради што поголем дел од воздушниот простор во регионот остана затворен. Дополнителен проблем е што екипажите и пилотите сега се распрснати ширум светот, што ќе го усложни повторното воспоставување на летовите по отворањето на воздушниот простор.Додека повеќето патници се борат да дојдат до информации, исклучително богатите наоѓаат алтернатива. „Саудиска Арабија моментално е единствената вистинска опција за луѓето кои сакаат да го напуштат регионот“, изјави за Semafor Амер Наран, извршен директор на компанијата за посредување со приватни авиони Vimana Private, проценувајќи дека цената на лет со приватен авион од Ријад до Европа достигнува и до 350.000 долари.Економски ударАкциите на водечките авиокомпании паднаа бидејќи инвеститорите стравуваат од последиците од војната. Акциите на Japan Airlines паднаа за 5,6%, на Singapore Airlines за 4,5%, на Qantas за 5,4%, а на Cathay Pacific за 2,9%. Превозниците се соочуваат и со повисоки цени на горивото откако цената на суровата нафта Брент скокна за дури 13% на 80 долари по барел, а аналитичарите предвидуваат дека може да достигне и 100 долари.„Главното влијание за сите ќе се почувствува преку цените на нафтата, кои очигледно нагло ќе пораснат“, изјави воздухопловниот советник Бертран Грабовски.Притисок врз алтернативните коридориАналитичарите истакнуваат дека ваквото долготрајно затворање на небото и на сите три главни транзитни чворишта во Заливот е ситуација без преседан. Преостанатите летови се пренасочуваат за да го избегнат затворениот воздушен простор. Рутите преку Иран и Ирак станаа поважни откако војната во Украина ги принуди авиокомпаниите да го избегнуваат воздушниот простор на Русија и Украина.Затворањето на блискоисточниот воздушен простор сега ги турка авиокомпаниите во уште потесни коридори, а судирите меѓу Пакистан и Авганистан создаваат дополнителен ризик, посочи Иан Петченик, директор за комуникации во Flightradar24. „Долготрајните нарушувања претставуваат најголема грижа за комерцијалното воздухопловство“, рече тој.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Израелски „Ер Форс Уан“ со часови кружел над Медитеранот, префрлен е на безбедно

„Крилја на Сион“ (Wings of Zion), официјалниот авион што го користат и израелскиот премиер и претседател, се наоѓа во одвоен дел од комплексот на аеродромот Berlin Brandenburg Airport. Новинар на германската агенција DPA лично се уверил дека леталото, популарно нарекувано израелски „Ер Форс Уан“, се наоѓа во североисточна Германија, пишува Deutsche Welle.Според DPA, израелскиот државен авион, по нападите на Израел и Соединетите Американски Држави врз Иран во саботата, полетал од аеродромот во Беершеба. Потоа, како што пренесува интернет-страницата Flightradar24, со часови кружел над Средоземното Море, за на крајот да слета на аеродромот Берлин/Бранденбург, југоисточно од германската престолнина.Ниту аеродромот, ниту израелската амбасада во Германија не одговориле на прашањата на медиумите за целта на престојот на државното летало од типот Boeing 767, кое официјално е дел од Израелските воздухопловни сили.Префрлањето на авионот надвор од Израел е дел од стандардна безбедносна процедура што се применувала и при претходните судири со Иран, кога ракети и дронови паѓале врз израелска територија. Боингот 767 е во сопственост на Израел од 2016 година, кога леталото било купено од австралиската компанија Qantas, која претходно го користела 20 години.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryddvis9sns7kp2gsfq4r

(Видео) Напад со дрон врз британска база на Кипар

Базата на британските воздухопловни сили RAF Akrotiri на Кипар е погодена во напад за кој се сомнева дека е изведен со дрон, потврди Министерството за одбрана на Обединетото Кралство. Во нападот нема жртви, но како мерка на претпазливост персоналот што не е неопходен за функционирањето на базата привремено ќе биде преместен. Владата на Обединетото Кралство сè уште не потврдила од каде потекнува дронот, пишува Sky News.Дронот стигнал до британската воздухопловна база на островот, изјави на брифинг портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис. Немало жртви, а пријавена е само помала материјална штета.Реакција на Министерството за одбранаБританското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар.Степенот на заштита на нашите сили во регионот е на највисоко ниво, а базата реагираше за да ги одбрани нашите луѓе. Станува збор за настан што е во тек, а дополнителни информации ќе бидат објавени навремено“, изјави тој.Според информациите на Sky News, дронот што учествувал во инцидентот бил мал. Воените сили неодамна преместиле дополнителни ресурси во своите бази на Кипар, вклучително и системи за одбрана од дронови, борбени авиони F-35 и радарски системи. Министерството за одбрана наведе дека овие дополнителни капацитети се наменети исклучиво за одбранбени цели, пред сè за откривање и неутрализирање воздушни закани.Поширок контекст на судиротНападот се случи само неколку часа откако премиерот Кир Стармер потврди дека Обединетото Кралство им дозволило на Соединетите Американски Држави користење на одредени британски бази за напади врз ирански ракетни постројки. Sky News дознава дека станува збор за базите RAF Fairford во Глостершир, базата на Кипар и базата Diego Garcia на спорните острови Чагос.Реагирајќи на оваа одлука, Либералните демократи предупредија на „лизгав терен“ и ризик дека САД може да ја „вовлечат Британија во уште една долготрајна војна на Блискиот Исток“.Портпаролот на кипарската влада изјави дека информациите добиени преку различни канали укажуваат дека станува збор за беспилотно летало кое предизвикало ограничена штета.Судирите на Блискиот Исток влегуваат во трет ден, а САД и Израел продолжуваат со напади врз Иран по смртта на врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи. Се проценува дека повеќе од 200.000 британски државјани, вклучително и воен персонал, се изложени на ризик во Заливот, додека режимот во Техеран лансира нови проектили кон соседните земји.

Свет | пред 1 седмица

media-library1o0benahr62b5ENI9vG

Ларијани одлучи: Иран нема да преговара со Америка

Секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, Али Лариjани, денеска изјави дека нема преговори со Соединетите Американски Држави.По наводите во западните медиуми во врска со наводно барање на Техеран за преговори со Вашингтон, Лариjани нагласи дека Иран нема да води преговори со САД, пренесува Tasnim.Рано утрово, The Wall Street Journal објави дека Лариjани испратил до оманската страна планови за продолжување на преговорите со САД.САД и Израел извршија напади врз Иран во саботата наутро, во момент кога индиректните нуклеарни преговори меѓу Техеран и Вашингтон, со посредство на Оман, беа во тек.Во меѓувреме, потврдено е дека загинале и бројни ирански функционери, меѓу кои и ајатолахот Али Хамнеи, што се смета за голем удар за Техеран.

Свет | пред 1 седмица

media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Што ќе случува со цената на нафтата?

Светските пазари се подготвуваат за нагло зголемување на цената на нафтата, откако ескалацијата на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, како и блокадата на Ормутскиот Теснец, предизвикаа силни турбуленции на енергетските берзи.Според податоците на брокерската куќа ИГ, американската сурова нафта би можела да поскапи за околу 9 проценти веднаш по продолжување на тргувањето, што би ја искачило цената на барелот над 73 долари – највисоко ниво од јуни 2025 година. Аналитичарите на Барклис предупредуваат дека во случај на „значително нарушување на снабдувањето“ цената може да достигне и 80 долари по барел. Од Ројал банк оф Канада одат чекор понатаму, оценувајќи дека нафта над 100 долари не е нереално сценарио доколку кризата се продлабочи.Клучниот удар врз пазарот дојде по одлуката на Иран да го забрани преминот на бродови низ Ормутскиот Теснец – стратешка поморска точка низ која поминува околу 20 проценти од светската трговија со нафта и енергенси, во вредност од приближно 500 милијарди долари годишно. Преку теснецот се транспортираат и хемикалии и ѓубрива, што значи дека блокадата може да има ефект и врз земјоделството и глобалните цени на храната.Дополнителна неизвесност создаде и нападот врз нафтен танкер, по што најмалку 150 пловила што превезуваат сурова нафта, течен природен гас и деривати останаа закотвени на отворено море.Во обид да го смират пазарот, осум земји од групата ОПЕК плус, меѓу кои Саудиска Арабија и Русија, се договорија да го зголемат производството за 206.000 барели дневно од април. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека капацитетот за значително дополнително зголемување е ограничен, а извозот и натаму зависи од безбедноста на пловидбата низ Заливот.Покрај нафтата, раст бележат и благородните метали. Златото поскапе за повеќе од 2 проценти, доближувајќи се до 5.400 долари за унца, додека среброто скокна за над 3 проценти. Инвеститорите бараат „безбедни засолништа“, што е типична реакција во услови на геополитичка нестабилност.Ефектите веќе се чувствуваат и на регионалните берзи. Повеќето пазари во Заливот забележаа пад, при што саудискиот индекс изгуби 2,5 проценти, додека Кувајт привремено го суспендираше тргувањето поради „вонредни околности“.Експертите предупредуваат дека скокот на големопродажните цени на нафтата директно ќе се одрази врз малопродажните цени на горивата, што значи дека граѓаните ширум светот, вклучително и во Европа, би можеле наскоро да се соочат со поскапи бензин и дизел, но и со поширок инфлаторен притисок доколку кризата потрае.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

(Видео) Трамп најави одмазда за загинатите војници: „Ќе следи најтежок удар“

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници загинати во судирите со Иран и најави дека се можни нови загуби.„За жал, веројатно ќе има уште пред крајот. Така е тоа“, изјави Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Трут соушл. „Америка ќе ја одмазди нивната смрт и ќе им нанесе најтежок удар на терористите кои ѝ објавија војна, во суштина, на цивилизацијата“, додаде тој.Американската војска соопшти дека тројца војници загинале, а петмина се тешко ранети, што претставува први официјално потврдени жртви во рамки на операциите против Иран.Трамп нагласи дека САД спроведуваат „масовна операција“, не само за да ја гарантираат безбедноста во сегашноста, туку и за идните генерации. „Тоа е должност и товар на слободниот народ“, изјави претседателот.Американско-израелските напади врз Иран ги оцени како „исправни“ и „неопходни“ за елиминација на, како што рече, „крвожеден терористички режим вооружен со нуклеарно оружје“. „Борбените операции продолжуваат со полна сила и ќе продолжат сè додека не ги постигнеме сите наши цели“, порача тој.Претседателот повторно упати повик до Револуционерна гарда на Иран и до иранската воена полиција да го положат оружјето и да добијат „целосен имунитет“, во спротивно, како што рече, ќе се соочат со сигурна смрт.Во краткото обраќање, Трамп уште еднаш ги повика граѓаните на Иран да го соборат режимот, порачувајќи: „Америка е со вас.“

Свет | пред 1 седмица

w_55031023

И ЕУ се огласи за војната на Блискиот Исток: Нападите на Иран и нарушувањето на суверенитетот на низа земји во регионот се неопростиви

Европската Унија вечерва повика на „максимална воздржаност“ и целосно почитување на меѓународното право во контекст на ескалацијата со Иран, изјави високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.Во соопштение објавено во име на сите земји членки, таа нагласи дека е неопходна заштита на цивилите и целосно почитување на принципите на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното хуманитарно право.Соопштението следуваше по итната видеоконференција на министрите за надворешни работи на ЕУ, свикана откако Соединетите Американски Држави и Израел извршија воени напади врз Иран, по што Техеран возврати со одмазднички дејствија кон Израел, американските сили и земји од Персискиот Залив.„Нападите на Иран и нарушувањето на суверенитетот на низа земји во регионот се неопростиви. Иран мора да се воздржи од неселективни воени напади“, се наведува во соопштението на ЕУ.Унијата исто така изрази загриженост за можните нарушувања во протокот на нафта и синџирите на снабдување, оценувајќи дека конфликтот не смее да доведе до поширока ескалација што би го загрозила Блискиот Исток, Европа и пошироко, со непредвидливи економски последици.Во текстот се истакнува дека мора да се избегнат пречки на клучните поморски патишта, како што е Ормутскиот Теснец.Соопштението претставува компромис меѓу различните ставови во рамки на Унијата, која брои околу 450 милиони жители, во однос на воените акции на американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека сега не е време за држење лекции на партнери и сојузници, додека шпанскиот премиер Педро Санчез ги отфрли американските и израелските акции, оценувајќи дека тие придонесуваат кон понесигурен и понепријателски меѓународен поредок.Зад затворени врати, дипломатски извори наведуваат дека Европа има ограничено влијание врз развојот на конфликтот, иако неговите последици би можеле значително да се одразат врз континентот.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhav0ad7pkr688VBUIWv

Американскиот претседател најави можни нови жртви и остар одговор, па упати повик до иранската гарда: Положете оружје или ќе се соочите со сигурна смрт

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воената операција против Иран ќе продолжи „со полн интензитет“ сè додека не бидат постигнати сите поставени цели.„Борбените операции продолжуваат со полна сила и ќе продолжат сè додека не ги оствариме сите наши цели“, рече Трамп во видеообраќање објавено пред неколку минути.Тој додаде дека е можно да има уште американски жртви. „За жал, веројатно ќе има уште. Така е тоа“, изјави претседателот.Трамп нагласи дека Соединетите Американски Држави ќе се одмаздат за загинатите војници и ќе зададат „најстрог удар“ врз, како што рече, терористите кои водат војна против „речиси целата цивилизација“.Во истото обраќање, тој упати директен повик до Револуционерна гарда на Иран и до иранската воена полиција да го положат оружјето.„Повторно ги повикувам Револуционерната гарда и иранската воена полиција да го положат оружјето и да добијат целосен имунитет или да се соочат со сигурна смрт. Тоа ќе биде сигурна смрт и нема да биде убаво“, изјави Трамп.Изјавите доаѓаат во момент на силна ескалација на конфликтот, додека меѓународната заедница повикува на воздржаност и дипломатско решение.

Свет | пред 1 седмица

media-library77614r3so4gffLZss0S

Трамп до Иранците: „Вратете си ја вашата држава“

Американскиот претседател Доналд Трамп во ново видеообраќање ги оцени американско-израелските удари врз Иран како „исправни“ и „неопходни“, со образложение дека целта е елиминација на, како што рече, „крвожеден терористички режим вооружен со нуклеарно оружје“.„Овие неподносливи закани повеќе нема да продолжат“, изјави Трамп.Тој повторно повика на промена на режимот во Техеран, обраќајќи им се директно на граѓаните на Иран.„Ги повикувам сите ирански патриоти кои копнеат по слобода да го искористат овој момент, да бидат храбри“, рече Трамп. „Бидете смели, бидете херојски и вратете си ја вашата држава. Америка е со вас.“Изјавата доаѓа во услови на продлабочена ескалација на конфликтот и засилени воени операции во регионот, додека дипломатските напори за деескалација засега остануваат неизвесни.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjl0dfnki7s6uarfBk3O

Две лица убиени, 14 ранети во пукање во Тексас, напаѓачот ликвидиран: носел маица со иранско знаме

Американските власти истражуваат дали нападот врз Иран можел да биде мотив за пукањето што рано утрово се случи во градот Остин, сојузната држава Тексас, при што две лица се убиени, 14 се ранети, а напаѓачот е ликвидиран.Според информации на Си-Ен-Ен, повеќе полициски извори потврдиле дека истрагата се движи во насока на можна поврзаност со тероризам, иако официјалните лица предупредуваат дека е прерано за конечни заклучоци.Напаѓачот, кој исто така бил убиен во размената на оган со полицијата, носел маица со мотив од иранското знаме, потврдиле двајца полициски службеници. Властите дополнително проверуваат дали осомничениот имал проблеми со менталното здравје додека живеел во Тексас. Тројца од хоспитализираните и натаму се во критична состојба.„Сè уште е прерано да се утврди точниот мотив, но кај осомничениот и во неговото возило се пронајдени елементи што упатуваат на можна поврзаност со тероризам“, изјави Алекс Доран, вршител на должноста специјален агент на канцеларијата на Федерално истражно биро во Сан Антонио.Во истрагата се вклучила и Заедничката работна група за борба против тероризам, врз основа на доказите пронајдени на местото на настанот.Според полициски извор, напаѓачот бил со потекло од Сенегал. Во САД пристигнал на почетокот на 2000-тите години, првично се населил во Њујорк, а подоцна се преселил во Тексас, каде имал повеќе пријавени адреси.Шефицата на полицијата во Остин, Лиса Дејвис, изјави дека службите добиле дојава за маж кој пука од големо теренско возило пред локалот „Буфордс Бекјард Бир Гарден“. Возилото било забележано како кружи околу блокот непосредно пред нападот.Според неа, напаѓачот во еден момент ги вклучил трепкачите, го спуштил прозорецот и почнал да пука кон луѓето на терасата и пред барот. Потоа се оддалечил по Шестата улица, го паркирал возилото, излегол вооружен со пушка и продолжил да пука кон случајни минувачи.Бидејќи полициски и медицински екипи веќе биле распоредени во центарот на градот поради викендските настани, тие пристигнале за помалку од една минута. На раскрсница дошло до размена на оган, при што напаѓачот бил погоден и убиен. Тројца полицајци возвратиле со оган.На местото бил повикан и тим за деактивирање експлозивни направи откако во возилото биле забележани сомнителни предмети, но по прегледот било утврдено дека нема експлозив.Шефот на итната медицинска служба на округот Остин-Тревис, Роберт Лакриц, изјави дека на терен биле ангажирани повеќе од 20 тимови. Сите критично повредени биле згрижени и транспортирани во болница во рок од 24 минути.Градоначалникот на Остин, Кирк Вотсон, изрази сочувство до жртвите и им се заблагодари на службите за брзата реакција, нагласувајќи дека со тоа биле спасени животи. Гувернерот на Тексас, Грег Абот, го осуди нападот и нареди засилено полициско присуство во областа на Шестата улица за време на викендите.Според податоците на организацијата „Архива на оружено насилство“, ова е најмалку 56-та масовна пукање во САД од почетокот на годината. За масовно пукање се смета напад во кој се убиени или ранети најмалку четири лица, без да се пресметува напаѓачот.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Трамп: Нападите врз Иран може да траат и до еден месец, сѐ оди според планот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воените удари врз Иран би можеле да траат и до еден месец, наведувајќи дека првичната проценка за времетраењето на операцијата изнесувала околу четири недели.Во разговор за Дејли мејл, Трамп посочил дека, иако нападите се силни, станува збор за голема земја и дека ќе биде потребно време за целосно реализирање на целите.„Отсекогаш планиравме да трае четири недели. Проценката беше околу четири недели. Колку и да се силни ударите, тоа е голема земја и ќе бидат потребни четири недели, а можеби и помалку“, изјавил Трамп, додавајќи дека засега е задоволен од текот на операцијата.Тој се осврна и на првите тројца загинати американски војници во текот на борбите, оценувајќи ги како „одлични луѓе“ и истакнувајќи дека вакви загуби, за жал, се можни во воени услови.„Разговарав со нивните семејства и ќе се сретнам со нив во соодветно време“, рече Трамп.Во однос на текот на операцијата, претседателот нагласи дека засега нема непланирани изненадувања и дека, според неговата оценка, „сè оди според планот“. Тој тврдеше дека биле елиминирани голем број високи фигури од иранското раководство, повеќе од првично очекуваното.Истовремено, Трамп изјави дека е отворен за разговори со иранското раководство, но посочи дека, според него, тие требало да се одржат порано.„Тие сакаат да разговараат, но им реков дека требаше да разговараат минатата недела, а не оваа“, изјави американскиот претседател, оставајќи отворена можност за дипломатски контакт во наредниот период.

Свет | пред 1 седмица

media-librarylrg6u3agv1fh3MqplpE

(Видео) Британскиот премиер: Велика Британија им дозволи на САД користење воени бази

Британскиот премиер Кир Стармер потврди дека Обединетото Кралство го прифатило американското барање за користење британски воени бази во рамки на, како што нагласи, „конкретна и ограничена одбранбена цел“.Во видеопорака објавена на социјалните мрежи, Стармер изјави дека Велика Британија засега не е директно вклучена во американско-израелските напади врз Иран, но истовремено истакна дека британските воздухопловни сили учествуваат во координирани одбранбени операции.„Нашите партнери во Персискиот Залив побараа од нас да направиме повеќе за да ги одбраниме и моја должност е да ги заштитам британските животи. Британските авиони веќе успешно пресретнаа ирански напади“, рече Стармер.Тој додаде дека единствениот начин да се запре заканата е уништување на проектилите на нивниот извор – во складиштата каде што се чуваат или на лансирните позиции од кои се испукуваат.Според премиерот, Соединетите Американски Држави побарале дозвола за користење британски бази за таа ограничена одбранбена намена, а владата одлучила да го прифати барањето со цел да се спречи Иран да продолжи со ракетни напади врз земји во регионот.„Засега нема да учествуваме во офанзивни акции, но ја поддржуваме колективната самоодбрана на нашите сојузници и на нашите граѓани во регионот“, изјави Стармер, во услови на зголемена ескалација на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjm9q79u1sbpc7dhQooK

(Видео) Иранска ракета погодила западен Ерусалим, одекнале силни експлозии

Иранска ракета директно погодила дел од западен Ерусалим, јавува дописник на Ал Џезира, при што над градот одекнале силни експлозии.Непосредно пред ударот се огласиле сирени за воздушна опасност, а израелската војска соопштила дека детектирала проектили лансирани од Иран кон територијата на Израел.„Пред кратко време идентификувавме проектили лансирани од Иран кон територијата на Државата Израел“, се наведува во соопштението на војската.Според информациите, одбранбените системи биле активирани со цел пресретнување на заканата, а граѓаните биле повикани да останат во засолништа до дополнителни инструкции.Засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета, додека состојбата на теренот и понатаму е напната.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryneh4vchm9l7ucE4ORDb

Ирански дрон ја погодил базата на Петтата флота на САД во Бахреин

Висок функционер од Бахреин изјави дека вечерва околу 19:30 часот по Гринич (22:30 по локално време) ирански дрон ја погодил базата на Петта флота на САД во Бахреин, при што бил предизвикан голем пожар.Според информациите, беспилотното летало удрило во непосредна близина на британската поморска постројка која се наоѓа до американската зона, но нема жртви бидејќи областа била претходно евакуирана поради ескалацијата на конфликтот.Официјалниот претставник навел дека досега четири лица се повредени во иранските напади врз Бахреин – еден кинески, двајца египетски и еден бахреински државјанин.Во меѓувреме, министрите за надворешни работи на земјите од Заливот одржуваат виртуелен состанок, на кој се разгледува можноста да го следат примерот на Обединетите Арапски Емирати и да ги затворат своите амбасади во Техеран, во услови на продлабочена регионална криза.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

САД: Погодени повеќе од 1.000 ирански цели во текот на операцијата

Централна команда на САД соопшти дека во досегашниот тек на операцијата против Иран биле погодени повеќе од 1.000 цели на иранска територија.Според објавата, меѓу метите се нашле командни и контролни центри, позиции на балистички проектили, бродови и подморници на иранската морнарица, како и воени комуникациски капацитети.Од Централната команда наведуваат дека нападите се насочени кон ослабување на воената инфраструктура и оперативните способности на Иран.Во објава на социјалните мрежи, командата дополнително тврди дека иранскиот режим „активно таргетира цивили во своите одмазднички напади“, оценувајќи ја таквата практика како сериозна ескалација на конфликтот.Операцијата, според американските власти, продолжува, а засега нема официјални информации за евентуални дополнителни проширувања на целите или времетраењето на воените дејствија.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања