Промени тема
Контакт

ИРАН

media-library0id7lsn0u6cf5T8CUDY

Земјите од Заливот бараат помош од Украина за одбрана од ирански дронови

Украина бара финансиска и технолошка поддршка во замена за експертска помош за одбрана од ирански беспилотни летала во земјите од Персискиот Залив, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.Според него, Киев испратил неколку експертски тимови на Блискиот Исток кои треба да направат проценка на системите за одбрана од дронови и да демонстрираат како може да се спротивстави на нападите со беспилотни летала.Секој од тимовите се состои од неколку десетици експерти кои ќе работат на анализа н

Свет | пред 7 месеци

media-library61gb3tgo6j4b6JcxJvQ

Иран: Врховниот лидер Хамнеи е добро и ја контролира ситуацијата

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е во добра здравствена состојба и целосно ја контролира ситуацијата во земјата.Во интервју за Алараби ал Џадид, Арагчи посочи дека Техеран е подготвен да поддржи секоја регионална иницијатива што би довела до „праведен крај на војната“, но нагласи дека во моментов нема конкретен предлог за прекин на конфликтот.Говорејќи за ситуацијата во Ормускиот теснец, шефот на иранската дипломатија и

Свет | пред 7 месеци

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп: Иранските напади врз нашите сојузници беа најголемото изненадување, ќе удриме врз нафтениот терминал

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон би можел повторно да изведе напади врз клучниот ирански нафтен извозен центар на островот Харг, истовремено намалувајќи ги очекувањата за брзо постигнување мировен договор со Иран.Во интервју за Ен-Би-Си њуз, Трамп изјави дека американските напади „целосно го десеткувале“ поголемиот дел од островот Харг, додавајќи дека американската војска би можела повторно да ја погоди локацијата.„Потполно го уништивме. Единст

Свет | пред 7 месеци

IMG_7814

Иран гаѓаше кон Емиратите, Саудиска Арабија и Израел – пресретнати стотици дронови

Обединетите Арапски Емирати повторно беа цел на ракетни и беспилотни напади од Иран, соопшти Министерството за одбрана на Емиратите, наведувајќи дека противвоздушната одбрана ги пресретнала проектилите и дроновите.Советникот на претседателот на Емиратите, Анвар Гаргаш, изјави дека земјата има целосно право да се брани од, како што ја нарече, „терористичката агресија“, но додаде дека Емиратите ќе продолжат да постапуваат разумно и воздржано, барајќи дипломатски излез од кризата.Напади биле пријав

Свет | пред 7 месеци

media-libraryfmd4ajghjhm8fkM0vXR

Трамп: Иран сака договор, но Вашингтон „сѐ уште не е подготвен“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран сака да постигне договор со САД, но дека Вашингтон во овој момент не е подготвен да прифати спогодба. Изјавата ја даде во телефонско интервју за американска телевизија, нагласувајќи дека условите што се на маса, според него, „сѐ уште не се доволно добри“.Трамп одби да навлезе во детали за тоа што точно би значело „доволно добри“ услови, но посочи дека една од клучните точки во евентуален договор би била јасна обврска на Иран да се откаже од

Свет | пред 7 месеци

media-libraryk3iam2fdpkv27JExCav

Иран го обвини Израел за нападите врз цивили во арапските земји

Иран го обвини Израел дека стои зад нападите врз цивили во неколку арапски земји, јави иранската државна агенција Фарс њуз.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјавил дека Иран не гаѓал цивилни или станбени подрачја, додавајќи дека во нападите можеби биле употребени беспилотни летала од американско производство.Како што наведува агенцијата, Арагчи не презентирал докази за ова тврдење.Тој додал дека Техеран е подготвен да формира заедничка истражна комисија со соседните држави за

Свет | пред 7 месеци

media-libraryuabugusrc3o12Hyze6S

Повеќе од 150 здравствени установи оштетени во Иран по американско-израелските напади

Најмалку 153 здравствени установи низ Иран се оштетени во нападите што ги извршиле Соединетите Американски Држави и Израел, објави иранската новинска агенција Тасним.Според извештајот, меѓу оштетените објекти се и 56 сеопфатни центри за здравствени услуги, кои претставуваат најголем дел од погодените установи во здравствената мрежа на земјата.Погодени се и неколку медицински универзитети. Најголема штета е регистрирана на Универзитетот Керманшах, каде се оштетени 42 објекти, додека на Исфахан се

Свет | пред 7 месеци

media-libraryvu8k6ge34h6veaF2D7a

Први реакции откако Трамп повика земјите да праќаат бродови преку Ормускиот теснец

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги повика сојузничките држави да испратат воени бродови во Ормускиот теснец со цел да се обезбеди непречена пловидба низ овој клучен поморски коридор за извоз на нафта.Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп изрази надеж дека во операцијата ќе се приклучат Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Обединетото Кралство.По неговата изјава, реакциите од овие држави засега се претпазливи.Од британското Министерство за одбрана с

Свет | пред 7 месеци

media-libraryohd2h0ihu1ad7FZA8ma

Иранската војска се закани: Ќе го убиеме Нетанјаху

Иран упати закана дека ќе го ликвидира израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објавија иранските државни медиуми.Полуофицијалната новинска агенција Мехр пренесе дека Исламската револуционерна гарда соопштила оти ќе продолжи да го „прогонува и ќе го убие со сила“.Во истото соопштение, Револуционерната гарда тврди дека во 52-риот бран напади погодила цели во Израел, како и три американски воени бази во регионот.Тврдењата засега не се независно потврдени, а тензиите меѓу Иран и Израел продолжуваат

Свет | пред 7 месеци

media-libraryjc3bsvsqpnai3K2G1Fn

Британија би можела да испрати илјадници дронови на Блискиот Исток

Премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, би можел да испрати илјадници дронови-пресретнувачи на Блискиот Исток како дел од мерките за зајакнување на одбраната во регионот, објави Телеграф.Според извештајот, британските воени претставници разгледуваат дали системот за пресретнување беспилотни летала „Октопус“, кој се произведува во Велика Британија за потребите на Украина во одбраната од Русија, може да се искористи и против иранските дронови „Шахед“.Овој систем би можел да се употреби за

Свет | пред 7 месеци

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Трамп: Не знам дали новиот врховен лидер на Иран е воопшто жив

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека нема потврда дали новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, е жив по американско-израелските напади.Во интервју за Ен-Би-Си Њуз, Трамп рече дека досега никој јавно не го видел Хамнеи и дека постојат различни информации за неговата состојба.„Не знам дали воопшто е жив. Засега никој не го покажал. Слушам дека не е жив, а ако е, треба да направи нешто многу паметно за својата земја – да се предаде. Некои мислат дека е жи

Свет | пред 7 месеци

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп бара сојузници за Ормускиот теснец – реакциите на светските сили претпазливи

Повикот на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, повеќе држави да испратат воени бродови во Ормускиот теснец засега наидува на претпазливи реакции од меѓународната заедница.Трамп на социјалната мрежа Truth Social напиша дека очекува држави како Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Обединетото Кралство да испратат воени бродови за да се обезбеди слободна пловидба низ теснецот, кој е клучен поморски коридор за извоз на нафта.Од Обединетото Кралство соопштија дека момен

Свет | пред 7 месеци

media-libraryduc47n6utud0bK0mDUy

Каде е Мојтаба Хамнеи? Аналитичарите велат дека војната ја води Револуционерната гарда

Една недела откако Мојтаба Хамнеи беше именуван за нов врховен лидер на Иран, јавноста сè уште не го видела во јавноста, што отвора прашања кој всушност ја води воената стратегија на земјата.Според анализите што ги пренесува Си-Ен-Ен, неговото јавно присуство можеби и не е клучно, бидејќи вистинската оперативна моќ се наоѓа во институциите под врховниот лидер.Аналитичарите сметаат дека значајна улога во военото планирање има Исламската револуционерна гарда, елитна структура на иранските вооружен

Свет | пред 7 месеци

media-librarycop8dant9rt9e0DRFJ2

Трамп: Испраќаме воени бродови во Ормускиот теснец, се очекува и Кина и европските држави

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави дека Вашингтон ќе испрати воени бродови во Ормускиот теснец со цел да се обезбеди непречено поморско движење и да се спречи обидот на Иран да го затвори овој клучен енергетски коридор.Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп посочи дека повеќе држави погодени од можноста Иран да го блокира теснецот ќе се приклучат на операцијата за обезбедување на пловидбата.„Многу земји, особено оние кои би биле погодени од обидот н

Свет | пред 7 месеци

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Иран: Ормускиот теснец е затворен само за нашите непријатели

Иран соопшти дека Ормускиот теснец не е целосно затворен, туку дека ограничувањето важи само за танкери и бродови што припаѓаат на непријателите на Техеран и нивните сојузници.Ова го изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, пренесуваат иранските државни медиуми.Арагчи предупреди дека Иран ќе нападне објекти на американски компании во регионот доколку иранската енергетска инфраструктура стане цел на нови напади.„Ормускиот теснец е затворен само за танкери и бродови што им припа

Свет | пред 7 месеци

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Каде е новиот врховен лидер на Иран? Мојтаба Хамнеи сè уште не се појавува во јавноста

Речиси една недела откако беше именуван за врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи сè уште не се појавува во јавноста. Неговото отсуство во време на отворен воен судир со САД и Израел го отвора прашањето кој всушност управува со земјата.Иранците досега ниту го виделе ниту го слушнале. Првата порака што му се припишува на државната телевизија ја прочита водител, а тој не се појави ниту на Денот Ал Кудс, кога врховниот лидер традиционално ѝ се обраќа на јавноста, објави Си-Ен-Ен.Според извор запозна

Свет | пред 7 месеци

media-libraryic350l0emo3fcoupbO6

Војната со Иран го урна пазарот на недвижности во Дубаи за 30 проценти

Пазарот на недвижности во Дубаи претрпе значителен пад по ескалацијата на војната со Иран, откако ракетните напади во регионот на Персискиот Залив создадоа силна економска неизвесност.Според податоците што ги пренесува Анадолу, индексот на недвижности на финансискиот пазар во Дубаи паднал за околу 30 проценти од 28 февруари.Индексот на Финансискиот пазар во Дубаи, кој на 28 февруари изнесувал 16.140 поени, се намалил на околу 11.500 поени до затворањето на тргувањето во петокот, што е најниско н

Свет | пред 7 месеци

media-libraryd6tip4smt7ah6hpRKzp

Техеран со закана: Пристаништата во Емиратите стануваат легитимни цели, напуштете ги областите

Иран преку полуофицијалната новинска агенција Тасним ги повика жителите на Обединетите Арапски Емирати веднаш да ги напуштат областите околу неколку големи пристаништа, предупредувајќи дека тие станале „легитимни цели“.Во објавата се наведува дека станува збор за пристаништата Џебел Али во Дубаи, Калифа во Абу Даби и пристаништето Фуџеира.Според агенцијата Тасним, овие локации станале потенцијални цели поради, како што се тврди, присуството на американски воени сили во близина на цивилни објекти

Свет | пред 7 месеци

media-library093jodaperk06n2YUWW

Емиратите со порака до Иран: На заплашување нема да одговориме со повлекување

Државната министерка на Обединетите Арапски Емирати, Лана Нусејбе, испрати јасна порака до Иран дека Емиратите нема да се повлечат под притисок или заплашување.Во разговор за телевизијата Ен-Би-Си њуз со новинарот Кир Симонс, Нусејбе зборувала за војната со Иран и за безбедносните и економските последици од конфликтот.„На заплашување нема да одговориме со повлекување. Покажавме дека сме подготвени да се браниме и да реагираме навреме во кризни времиња“, изјавила Нусејбе.Изјавата доаѓа во време н

Свет | пред 7 месеци

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Техеран одговара на Вашингтон: Нема отворање на Ормускиот теснец

Иран нема да го отвори Ормускиот теснец и покрај заканите од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави поранешниот командант на Иранската револуционерна гарда, Мохсен Резаи.Неговата изјава доаѓа откако Трамп предупреди дека САД повторно ќе ја разгледаат одлуката да не ја уништат иранската нафтена инфраструктура на островот Харк доколку Иран продолжи да го попречува преминот на бродови низ Ормускиот теснец.Островот Харк се смета за клучен за иранската економија, бидејќи преку него се извезув

Свет | пред 7 месеци

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Ирански функционер: Украина се вмеша во војната и стана легитимна цел

Иранскиот функционер Ебрахим Азизи изјави дека Украина, со наводната поддршка за Израел во тековниот конфликт, се вмешала во војната и со тоа ја направила својата територија легитимна цел за Иран.Азизи тврди дека Киев обезбедува поддршка со беспилотни летала за, како што го нарече, „израелскиот режим“.„Со обезбедувањето беспилотна поддршка за израелскиот режим, пропаднатата Украина всушност се вклучи во војната и, според член 51 од Повелбата на Обединетите нации, ја претвори целата своја територ

Свет | пред 7 месеци

media-libraryijngr6udobhc20OnfSz

Најмалку 112 загинати во нападите на САД и Израел врз иранската покраина Курдистан

Најмалку 112 лица загинаа во нападите изведени од САД и Израел врз иранската покраина Курдистан, соопшти локален функционер, а информацијата ја пренесоа државните медиуми. Нападите се случуваат во време кога Вашингтон наводно ги поттикнува иранските курдски сили од другата страна на границата, во Ирак, да започнат копнена операција во Иран, објави Ал Џазира.Според податоците од Покраинскиот оддел за итни случаи на Курдистан, во нападите беа повредени најмалку 969 лица. Функционерот, кој остана а

Свет | пред 7 месеци

media-library0fpvvbk54u8kfvBs96Q

САД: Погодивме над 90 воени цели на клучниот ирански остров

Американското Седиште за централно командување (CENTCOM) објави дека ноќните напади на иранскиот остров Харг уништиле повеќе од 90 воени објекти, вклучувајќи складишта за поморски мини и бункери за ракети, додека нафтената инфраструктура останала непроменета. CENTCOM на социјалната мрежа X истакна дека американските сили извршиле „голем прецизен напад“ насочен кон воениот сектор на островот, кој се наоѓа покрај иранската обала и претставува клучна точка за извоз на иранската сурова нафта, преку

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Ирански проектил погоди станбена зграда во централeн Израел, нема пријавени жртви

Ирански проектил во текот на ноќта погоди станбена област во централниот дел на Израел, во близина на градот Шохам, при што е оштетена една зграда и целосно е уништен нејзиниот покрив, соопшти Израелските одбранбени сили.Од војската наведоа дека во текот на ноќта биле детектирани ирански проектили насочени кон Израел. На местото на ударот се наоѓаат припадници на итните служби кои вршат увид и ја проценуваат штетата.Засега нема извештаи за жртви.

Свет | пред 7 месеци

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Трамп: Војната со Иран ќе заврши кога ќе го почувствувам тоа во коските

Американскиот претседател Доналд Трамп одби да се обврзе на конкретен рок за завршување на војната со Иран, изјавувајќи во интервју дека борбите ќе престанат кога тоа ќе го почувствува „во своите коски“.Во разговор за Fox News Radio, Трамп рече дека не очекува војната да трае долго, но навести дека токму тој ќе знае кога ќе дојде крајот на конфликтот. „Ќе заврши кога ќе го почувствувам тоа, кога ќе го почувствувам во коските“, изјави тој.Администрацијата на Трамп досега испраќаше различни пораки

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања