Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИЗБОРИ 2024

Screenshot-2024-04-20-at-18.37.17

Пендаровски: Јас сум ваш, вие сте мои, а сите заедно сме наши - ќе успеееме

Зборувајќи пред граѓаните на Василево, кандидатот за претседател Стево Пендаровски потенцираше дека Македонија веќе е горда на постигнатото, а со Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова државата ќе се врати назад во мрачното минато и единаесет годишниот режим, затоа што како што кажа тој, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена.„Дали ако дојдат на власт ќе се однесуваат поинаку? Не, никако. Александар Николоски е до Груевски кога даваат наредба за 27 април, Мицкоски исто на 27ми влегува во парламент и наместо да се извинат тие сега најавуваат амнестија за тој упад. Не треба да им дадете власт“ рече Пендаровски.Пендаровски повика на силна мобилизација и гласање за бројот еден на 24 април во првиот круг на претседателските избори.„Не оставајте работите да ги решаваме на 8 мај треба на 24 да им покажеме дека мнозинството наши граѓани не сака да се враќа во мрачните времиња. Немаме луксуз како држава да се враќаме назад и 20 години да чекаме, затоа што сите млади ќе се иселат, а нема држава која може економски да просперира ако нема млади. Ако добиеме доверба со оваа полотичка структура ние за 4 години ќе одиме напред, ќе одиме кон полноправно членство во ЕУ“ порача Пендаровски во општина Василево.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-20-at-12.20.34

Од каде му се парите на Филипче за скапата кампања и луксузното возило? – одговорот е јасен тоа се украдените народни пари, вели Николовски

На синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во Ново Село, свое обраќање имаше носителот на листата за пратеници од четвртата изборна единица, Александар Николоски. Тој го запраша својот противкандидат Венко Филипче, од каде му се енормните суми на средства за скапата кампања и спотови кои ги објавува.Пред некој ден сними едно скапо видео, скапо е од две причини, прво му го снима видеото скапа маркетинг ПР агенција, којашто плаќа по 100 евра по медиум за објава на текстовите за него, само тоа видео беше споделено на 22 медиуми, што значи дека само за тоа видео потрошиле 2200 евра, па прашањето е од кај им се парите за таа работа? Одговорот е јасен, тоа се ваши народни, крадени пари, од вас ги украдоа за себе да си прават пропаганда. И втората причина, зошто е ова скапо видео, е затоа што видеото е снимено во автомобил додека Венко Филипче вози во можеби најскапиот автомобил којшто било кој политичар во Македонија го поседува, јас искрено не знам ни до крај марката да ја кажам, ми кажаа дека е некое најново Ауди, СУВ или џип вака понародски кажано, најскапото коешто го има на пазарот, е во такво возило се вози мојот против кандидат, јас се возам во шкода вака за споредба, рече Николоски од митингот во Ново Село.Тој посочи дека вакво луксузно возило невозможно е да се набави, ниту со докторска, ниту со министерска плата, туку исклучиво со криминал и корупција.Мислам дека нити со пратеничка, нити со докторска плата не може да се заработи возило коешто чини повеќе од целокупниот род овде околу да се откупи, возило од 250.000 евра не се заработува нити од министерска плата, нити од докторска плата, се заработува исклучиво од криминал и корупција, потенцираше Николоски.

Македонија | пред 1 година

vmro-dpmne-ohrid-2

Уште три дена претседателските изборни карвани ќе ја крстосуваат Македонија во убедување на граѓаните

Уште три дена претседателските изборни карвани ќе ја крстосуваат Македонија во убедување на граѓаните зошто нивниот кандидат е оној најдобриот. Од понеделник на полноќ настапува молк но само за претседателските избори, додека кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, може да се одвива, но без реклама и споменување на претседателските кандидати.Кандидатите за пратеници во сбоите изборни единици ќе ги претстават своите идеи.Граѓанскиот кандидат за претседател, поддржан од коалицијата на ,, За Европска Македонија”, предводена од СДСМ, Стево Пендаровски во рамки на изборниот караван денеска ќе ги посети жителите на Ново Село, Босилово, Василево, а митинзи ќе одржи во Радовиш и во Струмица.Кандидатката поддржана од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред жителите во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево, каде ќе се одржи и митинг.Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски и коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе одржат митинг во скопската населба Карпош, а кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ, За наша Македонија Максим Димитриевски ќе ја промовира програмата пред граѓаните во Ресен, Претор, Новаци и во Битола.

Македонија | пред 1 година

izbori-makedonija-Copy

Претседателските и парламентарните избори, ќе чинат околу 17 милиони евра

Државната изборна комисија уверува дека се е подготвено за идржување на двојните избори, претседателски и парламентарни.Изборите според нивните проценки ќе чинат околу 17 милиони евра.Од денес почнува доставата на доверливиот и недоверливиот материјал до општинските избирачки комисии, кој потоа ќе биде дистрибуиран до избирачките одбори.Има заинтересираност за медиумско следење на изборите и од страна на меѓународните и домашните набљудувачи. Досега се акредитирани 942 набљудувачи од ОБСЕ, 568 се меѓународни набљудувачи, а од медиумската сфера, има заинтересираност и од странски и домашни новинари.

Македонија | пред 1 година

lukarevska

Лукаревска во Штип: СДСМ не се откажува, ќе го штитиме достоинството на пензионерите, пензиите ќе растат

„Го прифатив предизвикот да бидам носител на листата во третата изборна единица зашто верувам во исправните политики на СДСМ“, вели Сања Лукаревска, носителка на ИЕ 3 и заменик претседателка на СДСМ и додава:Ние знаеме да носиме храбри и осмислени одлуки, и тоа го покажавме.Работевме напорно и посветено за да стигнеме до преговори со Европската Унија.Никогаш не сме биле поблиску, затоа треба да продолжиме храбро и единствено, за да го направиме последниот чекор. Најтешкиот, не чека многу работа, но тоа не не плаши, затоа што сакаме и ветивме иднина за сите нас.Заедно со граѓаните поминавме три кризи. Со 9 пакети антикризни мерки не дозволивме никој да остане сам, никој не беше заборавен. И успеавме во исто време да ги зголемиме и платите и пензиите.СДСМ не се откажува, ќе го штити достоинството на пензионерите.Тоа се наши родители, нашиот штит, нашата поддршка кога е најтешко, секогаш со нас и во добро и во лошо.Заслужиле и многу повеќе.Затоа се обврзуваме на минимална пензија од 20.000 денари, а просечната пензија ќе биде 30 000 денари. Пензиите ќе се усогласуваат секој Јануари и Јуни, системски. Пензионерите нема да зависат од ничија милост, се им е заслужено и одработено, имаат право на спокоен живот.Имаат право и на поголема институционална грижа, на тие што им треба. Потребни се повеќе и подостапни домови за стари лица. Предвидовме изградба на уште најмалку 12 нови.Не чека уште многу работа, за подобра иднина на сите.Затоа да останеме заедно и единствени. За да продолжиме да живееме достоинствено.За да живееме така како што посакуваме сите, европски, во нашата Македонија.Победата на СДСМ на овие избори, ќе биде победа на сите и за сите. И затоа не се откажуваме, ќе останеме заедно и заедно ќе ја славиме победата на европска Македнија.

Македонија | пред 1 година

IMG_3524

Николовски: Пензискиот фонд повторно е стабилен, а пензиите растат – Во новиот мандат даваме збор за просечна пензија од 30.000 денари

Преку одговорни политики и посветена работа, пензискиот фонд денес повторно е стабилен, а пензиите за пензионерите растат. Минималната и просечната пензија пораснаа за 50%, па денес минималната пензија изнесува 13.900 денари, а просечната пензија 20.195 денари, истакна на денешната средба со пензионерите од Пробиштип коносителот на изборната единица 3 Љупчо Николовски.Донесовме економска стабилност за пензионерите.„Подготвивме нова Методологијата за раст на пензиите, со која на пензионерите им гарантираме постојан раст на пензиите. Сите 330.000 пензионери два пати годишно имаат гарантирано усогласување на пензиите, следејќи ги растот на трошоците за живот и порастот на просечната плата“, истакна Николовски.Постигнатите резултати до сега, се нашиот гарант дека дадениот збор повторно ќе го исполниме.„Во новиот мандат, даваме збор дека минималната пензија ќе достигне најмалку 20.000 денари, а пак просечната пензија 30.000 денари. Пензионерите два пати во годината ќе имаат усогласување на пензиите, односно секој јануари и јуни. За оние пензионери кои живеат сами планираме енергетски пакети, во висина од 1.500 денари месечно во периодот од октомври до март“, истакна Николовски.Го јакнеме животниот стандард на пензионерите.„Пензионерите добиваат потрошувачка картичка со попуст од 30% на прехранбени производи, како воведување новогодишен пакет за секој пензионер во висина од 6000 денари“, истакна Николовски.Нашата грижа за највозрасните лица ја продолжуваме и земаме обврска за изградба на најмалку 12 нови домови за стари лица, со вкупен капацитет од 2.000 лица.„Имаме конкретна програма и јасен план, што гарантира европска иднина и европски стандард за секој еден граѓанин дома во својата татковина. Докажавме дека можеме да ги подобриме работите кон подобро, но имаме уште многу работи што заедно треба да ги продолжиме. Не смееме да се откажаме, сега кога тргнавме кон сигурна иднина за сите во државата“, истакна Николовски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3522

Д-р Филипче од Струмица: 30.000 денари просечна и 20.000 минимална пензија во следниот мандат

„Секогаш е пријатен муабетот со пензионерите, затоа што тие се мудри, искусни и нивните совети се секогаш добредојдени“, рече д-р Венко Филипче, кој во рамки на својата агенда како кандидат за пратеник на СДСМ и Коалицијата денеска оствари средба со Здружението на пензионерите во Струмица.Во изјава за медиумите по остварената средба, д-р Филипче се осврна на придобивките и мерките кои СДСМ ги овозможи за пензионерите, потенцирајќи дека и во иднина ќе направи сè за да ја заштити оваа категорија граѓани.„Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт, овозможивме граѓаните да имаат лекови во кој било ден од месецот. Оваа мерка беше најважна за пензионерите кои можат во кој било период од месецот да ја земат својата терапија. Воведовме бесплатна вакцинација против сезонски грип за лица над 65-годишна возраст. Овозможивме и бесплатно болничко лекување без наплата на партиципација за пензионери со пензија пониска од просечната во земјава“, рече д-р Филипче.Тој посочи и дека без разлика на кризите со кои се соочуваше целиот свет, СДСМ не дозволи товарот да биде ставен на грбот на оние кои не можат повеќе да заработуваат и пензиите беа покачени за 50% во нивниот мандат. Но, како што рече, за пензионерите мора да се посветува и повеќе внимание во наредниот период.„Тие се најпеднатните плаќачи на обврските кон државата, најнавремено плаќаат сметки за струја, комуналии, купуваат голем број лекови, тие веднаш откако ќе ја земат пензијата, на еден начин парите повторно ги враќаат во државната каса“, истакна Филипче.На крајот од своето обраќање, д-р Филипче ги повтори и ветувањата на СДСМ во следниот мандат, односно минимална пензија од најмалку 20.000 денари, просечна пензија од 30.000 денари, како и воведување енергетски пакети за пензионерите кои живеат сами, во висина од 1.500 денари месечно во периодот од октомври до март. Во зимските месеци, рече Филипче, пензионерите ќе добиваат регрес од 3.000 до 6.000 денари и додаде дека највисоката поддршка ќе биде за пензионерите со најниски пензии.„Ќе направиме сè за на стари години по пензионирањето секој да ужива во плодовите од својот поранешен труд. Тоа се наши родители, кои нè застанале на нозе, штеделе за да нè школуваат, да нè изведат на прав пат. Сега ние треба да се грижиме за нив и да им обезбедиме достоинствена старост“, заклучи Филипче.

Македонија | пред 1 година

slavjanka

Петровска: Минималната пензија 20.000, а просечната 30.000 денари

Огромна чест, но и голема одговорност е да се биде носител на листата на Коалицијата за европска иднина, предводена од СДСМ и на оваа листа ќе видите имиња на 20 личности, со име и презиме, различни по етничка и верска припадност, различни по возраст, жени и мажи, но личности со интегритет, чесни и одговорни и најважното лојални на државата и европските вредности околу кои сме обединети, порача денеска на прес-конференција носителката на листата за пратеници во изборната единица шест, Славјанка Петровска.Таа порача дека СДСМ и Коалицијата се подготвени професионално, одговорно и посветено да ги исполнат сите ветувања кои во форма на мерки и политики се напишани во Програмата за европска иднина.„Подготвени сме и нема да се откажеме се додека Македонија не стане дел од Европската унија и се додека не обезбедиме минимална плата од 600 евра, а просечна плата од 1.100 евра. Платите ќе продолжат да растат, ќе растат и пензиите. Минималната пензија ќе изнесува 20.000, а просечната пензија 30.000 денари“, посочи Петровска.Петровска додаде дека е време да се исправат грешките што се направени во изминатите седум години а кои се однесуваат на погрешна кадровска политика, слаби резултати во овозможувањето на правдата и воочени слабости во системски процеси и побара поддршка од граѓаните на 8 мај.„Изминатите 7 години на власт, СДСМ и Коалицијата донесоа државнички одлуки кои на државата и овозможија придвижување напред и место на иста маса со најмоќните држави дел од воено политичкиот сојуз НАТО. И време е, без одлагање, без лажен патриотизам да ја донесеме одлуката државата да продолжи по вистинскиот пат и да не се врати назад во некои неизвесни времиња. Во изминатиот период покажавме дека нудиме и носиме решенија, а не изговори. Затоа денеска и јас и сите кои сме на листите за пратеници можеме да излеземе пред граѓаните, да ги погледнеме во очи и со чист образ да им порачаме дека нема да се откажеме од иднината. Ќе продолжиме да работиме за граѓаните, за државата. Нема откажување од иднината, на 8 мај избираме да продолжиме по вистинскиот пат“, изјави Петровска на денешната прес-конференција во Тетово.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-25-at-18.24.06

Спасовски: Ја исправивме децениската неправда кон стечајците, преку преговорите со ЕУ до европски квалитет на живеење за сите граѓани

Носителот на листата за ИЕ2 на Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, денеска се обрати на прес-конференција која се одржа во Куманово. „Време е за подобро и повеќе“ – порача Спасовски, додавајќи дека тоа практично значи имплементирање на европските стандарди во сите сегменти на живеење.„Откако одговорно и државнички ја утврдивме визијата за иднината на нашата држава, од која нема откажување, го ставаме фокусот одново на граѓаните, а мерките и политиките кои ги испланиравме преставуваат одговор на нивните потреби и барања. Бидејќи секој еден е важен! И сите, без исклучок, под ова парче небо заслужуваат еднаква шанса за подобар живот! Сите сме свесни дека вистински промени може да се случат само со влез во европското семејство. Членството во ЕУ ни е потребно за да можеме побрзо и поефикасно да ги исправиме системските грешки правени низ годините наназад и да го подобриме квалитетот на животот“, рече Спасовски.Тој појасни дека процесот на преговори со ЕУ ќе ги донесе европските вредности во сите сфери на општеството, а целта е да се изгради вистински хумано општество за сите, како продолжение и надградба на воспоставениот концепт „Едно општество за сите!“.„За СДСМ социјалната правда била и останува врвен приоритет во политичкото и институционалното дејствување. Нам секогаш ни биле важни луѓето, наспроти стиропорните фасади, споменици и обнова на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го покажавме и со законското решение со кое во изминатиот мандат го решивме деценискиот проблем на стечајците. Ја исправивме долгогодишната неправда која им беше нанесена на овие наши сограѓани. Тие претходно со години се соочуваа со мачни постапки, поминаа вистинска голгота талкајќи низ улиците во потрага по своите права. И цела деценија беа бесчувствително игнорирани и манипулирани од тогашните креатори на политики“, потсети Спасовски, истакнувајќи дека речиси 13.000 лица кои останале без работа поради стечај, ликвидација и како технолошки вишок во претпријатијата во доминантна сопственост на државата, добија соодветен месечен надоместок, односно право на материјално обезбедување, во висина од 34% од просечна плата по работник до пензионирање или до повторно вработување.Имено, од 2017 година беа донесени неколку законски решенија за материјален надомест на стечајците, според најдобрите европски практики, кои постојано беа прилагодувани на нивните потреби.„Нашата цел беше да им овозможиме на овие наши сограѓани достоинствен живот и притоа да опфатиме што е можно повеќе лица. И не само што успеавме во тоа, туку покажавме и дека наместо гол ПР и пропаганда, ние изнаоѓаме системски решенија за проблемите на граѓаните. СДСМ уште еднаш докажа дека е одговорна партија која континуирано се грижи за сите граѓани, го враќа достоинството и гради фер и праведно општество“, истакна Спасовски на прес конференцијата.Тој додаде дека во изминатиов мандат солидарноста беше вградена во сите владини политики и мерки, а правичното општество ќе продолжи да се надградува и во текот на преговорите со ЕУ, преку неминовните реформи кои ќе обезбедат европски квалитет на живеење за сите граѓани и достоинствени услови за ранливите категории.„Сега, кога исполнувањето на европскиот сон ни е на дофат на раката, нема откажување од иднината!“, порача Спасовски од Куманово.

Македонија | пред 1 година

IMG_3520

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари

„Просечната пензија ќе биде 30.000 денари, што е зголемување од скоро 9.000 денари или над 40% до 2028 година. Овие покачувања ќе се случат како резултат на новата методологија за пресметка на пензиите која оваа Влада ја воведе со измена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. На овие покачувања, новата Влада предводена од СДСМ ќе обезбеди и новогодишен пакет од 6.000 денари за секој пензионер“, изјави Фатмир Битиќи, коносител на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, на „Коалицијата за европска иднина“.Зброувајќи за зголемување на минималната пензија, Битиќи истакна дека во следниот мандат истата ќе се зголеми на ниво од 20.000 денари, што би било зголемување од 45% до 2028 година.Битиќи посочи дека во изборната програма предвидено е и енергетски додаток во износ од 1.500 денари за секој пензионер во периодот од октомври до март, односно во времетраење на грејната сезона, со што, како што рече тој, ќе го заштитиме стандардот на нашите највозрасни сограѓани.„Ова значи дека секој наш пензионер ќе добива по 15.000 денари дополнително годишно, надвор од редовното покачување на пензијата која му следува по закон“, рече Битиќи.Тој потсети дека минималната пензија во 2016 година изнесуваше 8.900 денари и истата е зголемена за 5.000 денари, и сега изнесува 13.900 денари, што е зголемување за 55% за период од седум ипол години.„Просечната пензија која во 2016 година изнесуваше 13.800 денари, ја покачивме за 7.600 денари и сега таа изнесува 21.400 денари, или тоа е раст од 55%“, рече Битиќи и истакна овие достоинствени покачувања на пензиите се постигнавме и ќе се продолжи да се постигнуваат со домаќинско менаџирање со фондот за ПИОМ.„Тотална спротивност се празните ветувања на ВМРО кое свесно им ветува зголемување од 5.000 денари, кое никогаш нема да се случи, затоа што ни самиот фонд за ПИОМ, ниту централниот буџет може да го понесе товарот од дополнителни 330 милиони евра годишно, за да се оствари ова ветување“, рече Битиќи, притоа порачувајќи дека „Коалицијата за европска иднина“ предводена од СДСМ носи напред, домаќински раководи со државниот буџет и се грижи за сите граѓани.„Пензионерите да се мирни, бидејќи ние мислиме за нивниот удобен и достоинствен живот“, порача од пред пензионерскиот дом во Чаир Фатмир Битиќи, коносител на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, на „Коалицијата за европска иднина“.

Македонија | пред 1 година

Dafina-Stojanoska

Стојаноска: Потребно е национално обединување, државата да си ја вратиме во рацете на народот

,,На вчерашниот масовен митинг во Охрид, претседателот Христијан Мицкоски меѓу останатото повика и на национално обединување како решение, државата да си ја вратиме во рацете на народот бидејќи во моментов е во рацете на мафијата. Како одличен пример за обединување е токму спортот, бидејќи успесите во спортот без разлика дали се работи за индивидуален или колективен секоја нација ја прават горда и никоја нација не ја поделуваат.Токму денес во Гостивар е дојден претседателот на комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ Борко Ристовски кој има нешто да ви каже.”, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 6.

Македонија | пред 1 година

IMG_3460

Јакимовски: ГРОМ и „Храбро за Македонија“ остануваат единствената трета опција со промакедонски ставови која не ги лаже македонскиот народ и граѓаните

,,За среќа конечно маските пандаа. Христијан Мицкоски јавно објави декаповеќе нема да ги напаѓа ниту Левица, ниту ЗНАМ, ниту господинот МаксимДимитриевски, што значи дека тие од тајна стануваат јавна коалиција иова јасно покажува дека тие веќе ги имаат усогласено ставовите во врскасо промена на Уставот и во врска со внесот на Бугарите во Уставот наРепублика Македонија, а веројатно се имаат и договорено за промена наУставот и избор на претседател во Собранието, онака како што барааталбанските партии во Република Македонија.Ова јасно покажува дека и Левица и ЗНАМ стануваат дел од ВМРО-ДПМНЕ итсануваат продолжена рака на оваа коалиција и оваа голема политичкапартија и станува јасно на политичката сцена, искрен да бидам јас суммногу среќен, затоа што ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“останува единствена трета опција, единствена независна сила што се борипротив овие два големи политички блока коишто не донесоа среќа награѓаните на Република Македонија и коишто водат политика по принципот„кажуваат ДА и кога народот вели НЕ“.Очигледно е дека за овие промени коишто тие сакаат да ги направат воУставот граѓаните јасно се изјаснуваат дека нивниот одговор е НЕ, но оваповеќе од јасно укажува дека се создава уште една група којашто сакаспротивно на интересите и мислењето на граѓаните и јавното мнение коекажува НЕ, тие да кажат ДА за уставните промени и јасно е дека ги имаатусогласено овие нивни чудни ставови. Но навистина е крајно нечесно да сетрудите да ги изиграте македонските граѓани, да го изиграте македонскиотнарод, цело време да глумите патриотизам, да глумите уставобранители,цело време да глумите дека сте загрижени за граѓаните и дека вие сте тиешто ќе ги ограничите ДУИ во нивниот поход кон освојување на комплетнатавласт на Република Македонија, а всушност се подготвувате и се групиратеда го извршите најголемото предавство во историјата на македонскиотнарод.Јас уште еднаш ќе кажам дека сум многу среќен што се случува ова, затоашто граѓаните јасно можат да видат, а поготово гласачкото тело на ЗНАМ ина Левица јасно можат да видат дека единствена трета опција во оваадржава со јасни македонски ставови останува само коалицијата „Храбро заМакедонија“ и ГРОМ!” - нагласи Јакимовски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мисајловски: Во фокусот на програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економијата и животниот стандард

,,Денеска сум повторно во Ѓорче Петров заедно со пратеникот Бојан Стојаноски и со нашата кандидатка на пратеничката листа, Габриела Калкова и градоначалникот, Александар Стојкоски.Денеска имаме убава можност тука во Ѓорче Петров да се сретнеме со повеќе компании да разговараме за сите предизвици, но исто така да ја претставиме и нашата програма, нашата Платформа каде предвидуваме илјадници проекти за подобар живот се разбира, но пред се за подобар стандард и подобра економија. Ќе разговараме за рамниот данок, ќе разговараме како да се зголеми продуктивноста на компаниите, но и за отворање на нови 50 илјади работни места.Главниот фокус на програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економијата и животниот стандард, тука сме најмногу фокусирани и затоа сакаме да ги слушнеме компаниите кои се нивните маки, бидејќи овие 7 години имаа навистина многу предизвици, многу потешкотии и сакаме заеднички со нив партнерски да градиме однос во иднината каде навистина ќе им помогнеме со многу мерки од нашата програма.Продолжуваме на терен секој еден ден да се среќаваме со луѓето, но се разбира и со сите бизнисмени компании за да можеме заеднички да направиме една заедничка победа бидејќи Македонија е за сите луѓеМакедонија треба повторно да биде твоја, а промените се во рацете на сите луѓе.”, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ носител на изборна единица 2.

Македонија | пред 1 година

IMG_3512

Изет Меџити: Коалицијата ВЛЕН е по барање на народот

Претседателот на Демократското Движење, истовремено и носител на листа за пратеници во првата изборна единица, Изет Меџити, синоќа од Централниот митинг на Коалицијата ВЛЕН во Струга се упати со победнички говор, истакнувајќи дека Коалицијата ВЛЕН е единствената алтернатива за спас на албанците од криминалот и корупцијата.„Помалите заедници се мали, тие треба да бидат на власт за да им помогнат на нивната заедница. Затоа упатуваме порака дека тие ќе бидат со сицилијанскиот фронт до 8 мај, од 9 мај ќе се приклучат во победничкиот камп на албанците, во коалицијата ВЛЕН“, истакна Меџити.Меџити исто така, додаде дека ДУИ во контуинитет ги рециклира 100-те фигури насекаде, по директорски позиции, како да немаме млади подготвени и без криминал за да ги извршат овие задачи. „Ние ќе го ослободиме системот и ќе им дадеме шанса на младите подготвени“, рече Меџити. Меѓу другото, Коалицијата на ДУИ со Мендух Тачи и останатите ја нарече коалиција на зортот, додека обединувањето на опозицијата во ВЛЕН како потреба на народот.

Македонија | пред 1 година

Kovacki-24.09.2022

Ковачки: Народот е подготвен и обединет за промени

,,Вчерашниот митинг во Охрид покажа дека народот е подготвен и обединет за промени. А ВМРО-ДПМНЕ е партија за македонско национално единство.ВМРО-ДПМНЕ ќе ги обедини сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, и сите граѓани на Република Македонија.Ќе ја собориме оваа ненародна и криминална власт на ДУИ и на СДС.Денеска сме во Кратово, Ранковце и Крива Паланка.Тука сме да презентираме проекти од Платформата 1198, ќе поразговараме со сите граѓани.Ги повикувам сите граѓани кои сеуште не се определиле и кои што ја чувствуваат позитовната енергија која што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме околу идејата за Македонија повторно твоја, да се обединиме околу проблемите.”, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања