🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

избори 2024

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Завршија парламентарните избори. Државната изборна комисија на седница ги прогласи за конечни резултатите од изборите во ИЕ 6. Претходно Управниот суд ноќеска ја отфрли тужбата на Европскиот фронт, предводен од ДУИ за прегласување на едно избирачко место во село Ларце, Желино.Претседателот на ДИК Александар Даштевски соопшти дека во оваа изборна единица Коалицијата Европски фронт има осум мандати, Влен исто така 8, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ три, и Коалицијата за Европска иднина, предводена од СДСМ еден.На седницата беше соопштено дека Аднан Азизи од Влен ќе биде пратеник на местото на тетовскиот градоначалник Билал Касами, чиј мандат не беше верификуван на Конститутивната седница откако тој го побара тоа.Државната изборна комисија ќе одлучува дали и кога ќе се гласа за нови градоначалници, во општините каде што досегашните градоначалници станаа дел од новиот пратенички состав во Владата.

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Нема прегласување во Ларце, Општина Желино, како што бараше Европскиот фронт од кој дел е ДУИ.Ова е конечна одлука на Управниот суд. Коалицијата „Европски фронт“ достави приговор до ДИК за прегласувањето на избирачкото место 2021 во селото Ларце. Тоа беше единствениот приговор за прегласувањето на 22 мај во седум изборни места во изборните единици 5 и 6.„Тужбата на тужителот коалиција „Европски фронт“, предводена од Демократска унија за интеграција (Движење на народот – ДН, Демократска партија на Албанците, Европска демократска партија ЕДП, Демократска партија на Турците, Политичка партија Унија на Ромите – УРА, Политичка партија Бошњачки Демократски Сојуз – БДС) изборна кампања – парламентарни избори 2024 година, во изборна единица 1, 2, 3, 4, 5 и 6, поднесена против решението на Државна изборна комисија на Република Северна Македонија УП1.бр.10-33 од 27.05.2024 година, се одбива како неосновано“, се вели во соопштението од Управен суд.Прегласувањето во избирачко место 2101 во Ларце, Желино, ја намали разликата на освоени мандати на двете коалиции кои ги претставуваат Албанците во државата. Коалицијата „Вреди“ сега ќе има 14 претставници во парламентот, односно еден повеќе од освоените 13 мандати на изборите на 8 мај, а коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ падна од 19 на 18 пратенички места.

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

На 28 мај, вторник ќр се одржи конститутивна седница на новиот парлсментарен состав.Од собраниската прес-служба информираа:- Претседателот на Собранието Јован Митрески, врз основа на член 9 став (2) од Деловникот на Собранието, одржал состанок со претставниците на политичките партии застапени во новоизбраното Собрание, на кој консензуално било одлучено конститутивната седница, по одржувањето на единаесеттите парламентарни избори, да се одржи на 28 мај 2024 година, вторник, во 11 часот.Митрески ги информирал присутните дека дневниот ред на конститутивната седница, според Деловникот, ќе има три точки односно избор на Верификациона комисија, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на собранискиот претседател.На денешниот состанок присуствувале Никола Мицески од Коалицијата „Твоја Македонија“ - ВМРО-ДПМНЕ; Оливер Спасовски од Коалицијата за европска иднина - СДСМ; Арбер Адеми од Коалицијата „Европски фронт“; Халил Снопче од Коалицијата „Влен“; Борислав Крмов од партијата Левица и Бобан Карапејовски од Движењето ЗНАМ - За наша Македонија.На состанокот присуствувале и Мерита Колчи Коџаџику, која како највозрасна пратеничка ќе раководи со седницата до изборот на новиот спикер. Ќе присуствува и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова.

Македонија | пред 1 година

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Прегласувањето донесе нов распоред на силите, па на второ место според мандати си ист број прстеници се „пласираа,, Коалицијата предводена од СДСМ и Коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ.И бидејќи собранискиот деловник во овој дел е непрецизен, нејасно е кој е најсилна опозициска партија: СДСМ или ДУИ.Довчерашните коалициски партнери СДСМ и ДУИ сега ќе бијат битка кој ќе биде, како предлог на најголемата опозициска партија претседател на Државната комисија: Бојан Маричиќ, миленикот к на Заев и на Ковачевски киј му доверија два значајни ресори: правда и заменик претседател на Влада, но не знаеме дали да влегува во скандали, да троши државни пари за гоштевања. Ни Маричиќ не веруваше дека нема да влезе како пратеник, иско беше на престижното четврто место кое до сега без проблем беше освојувано од СДСМ. Оваа партија сега бара место каде да го „вдоми” Маричиќ.Исто вдомување се бара и за министерот Алијанса на Албанците Кренар Лога. Тој во внатрепартиската пресметка застана контра Таравари.Лога побара од Сиљановска Давкова да даде уште еднаш заклетва во Собранието бидејќи не го изговори уставното име на државата.Близок човек на Села и беше член на Алијснсата на Албанците.ДУИ смета дека местото претседател на ДИК треба да е на нивната коалиција.Со разрешување на Гордиевиот јазол со толкување на Деловникот ќе се знае кој ќе биде прв човек на Комисијата за заштита на слободите и правата на граѓаните и на значајната Комисија за финансирање и буџет, која треба да ја раководи опозицијата.Незаинтересираноста на СДСМ на терен на прегласувањето да работи за пратеник плус за четрврти пратеник (Боби Мојсовски од ЛДП) ги доведе во оваа позиција да бидат изедначени со ДУИ. Тоа го покажуваат и бројот на гласовите кои кандидатот на ЛДП очигледно не ги доби од својот коалициски партнер.

Македонија | пред 1 година

FotoJet-41

Опозицијата меѓу себе ќе се бори за претседател на ДИК и неколку комисии

Вчерашното прегласување во ИЕ 5 и ИЕ 6 го смени распоредот на силите во Законодавниот дом.Ова отвора можност за борба и докажување кој е вистински најсилна опозиција. СДСМ и ДУИ сега имаат ист број пратеници, по 18.Деловникот за работа на Собранието нема јасна одредба што во овој случај 2 или повеќе кога опозициски партии имаат број мандати. Само е наведено дека „претседател на комисија се избира од редот на пратениците од опозицијата“.Битка меѓу СДСМ и ДУИ ќе има кој ќе биде претседател си Државната изборна комисија, а кој ќе биде прв човек на Комисијата за заштита на слободите и правата на граѓаните и на значајната Комисија за финансирање и буџет.Нема ниту потврда ниту демант дека претседателското столче во Државната изборна комисија е посакувано за Бојан Маричиќ од СДСМ и Кренар Лога од Европски фронт.

Македонија | пред 1 година

KOVACEVSKI-AHMETI-GRUBI

СДСМ и ДУИ со ист број пратеници: борба за ДИК и претседатели на комисии во Собрание

СДСМ и ДУИ имаат исти број на пратеници по прегласувањето кое се одвиваше вчера. Сега, меѓу нив ќе има трка за тоа од која партија ќе дојде идниот претседател на Државната изборна комисија, кој се предлага од опозициската партија која освоила најмногу гласови.За ова место, заинтересираност имало од Бојан Маричиќ од СДСМ, а пак, Кренар Лога е лицето кое сака да биде претседател доколку кандидира ДУИ/Алијанса.Дилеми има и во делот која партија ќе именува претседател на анкетната комисија за заштита на слободите на граѓаните и Комисијата за финансирање и буџет.Во Деловникот нема толкување од типот најмногу освоени гласови, само одредба од "редот на пратениците од опозицијата".

Македонија | пред 1 година

izbori-02

ДУИ загуби еден пратеник, Влен со пратеник плус

Заврши прегласувањето на 7 избирачки места во ИЕ5 и ИЕ 6.По ова ДУИ изгуби еден пратеник во ИЕ 6, а коалицијата Влен доби уште еден народен избраник.Ова го покажуваат сѐ уште неофицијалните резултати.ВМРО-ДПМНЕ не успеа во петтата изборна единица да добие пратеник плус. ДУИ успеа во петтата изборна единица да го задржи истиот број пратеници. Ниту коалицијата предводена од СДСМ не успеа да прокнижи на свое конто уште еден пратеник.За потсетување, денеска имаше прегласување на шест изборни места во петтата изборна единица, а на едно избирачко место во шестата изборна единица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-27-at-17.16.14

Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти

До 13 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места, гласале 1150 односно 25.48% .Во ИМ 2101 во Желино гласале 325 гласачи односно 32.73%.Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 151 гласачи односно 32.20 %.Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 47 гласачи односно 15.77 %.Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 185 гласачи односно 26.02 %.Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 117 гласачи односно 17.78 %.Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 100 гласачи односно 15.82%.Во ИМ 1844 во Струга, гласале 225 гласачи односно 29.88 %.Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 13 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 3.71% на овие избирачки места.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-24-at-09.40.38

Излезноста до 11 часот 16,46 проценти

До 11 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места, гласале 743 односно 16.46% .Во ИМ 2101 во Желино гласале 205 гласачи односно 20.64%.Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 87 гласачи односно 18.55 %.Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 35 гласачи односно 11.74 %.Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 156 гласачи односно 21.94 %.Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 83 гласачи односно 12.61 %.Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 31 гласач односно 4.91%.Во ИМ 1844 во Струга, гласале 146 гласачи односно 19.39 %.Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 11 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 5.35% на овие избирачки места.До Државната изборна комисија се пристигнати два приговори за заштита на личното избирачко право за ИМ 1470 во Долнени.

Македонија | пред 1 година

FotoJet-41

Излезноста до 9 часот на седумте избирачки места е 7,22 проценти

Денес, во 7 часот наутро, започна прегласувањето за парламентарните избори во седумте избирачки места во Желино, Крушево, Охрид, Струга и Долнени.До 9 ч., од вкупно запишани 4.514 гласачи на избирачките места, гласале 326 односно 7.22%.Во ИМ 2101 во Желино гласале 101 гласач односно 10.17%.Во ИМ1194 во Крушево, гласале 57 гласачи односно 12.15%.Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 22 гласачи односно 7.38%.Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 54 гласачи односно 7.59%.Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 22 гласачи односно 3.34%.Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 14 гласачи односно 2.22%.Во ИМ 1844 во Струга, гласале 56 гласачи односно 7.44%.Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 9 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 4.07% на овие избирачки места.

Македонија | пред 1 година

izbori-germanija

Кој ќе добие или загуби пратеник, прегласување на седум избирачки места

Почна прегласувањето на седум избирачки места.Се гласа на две избирачки места во Крушево, две во Долнени, и во по едно избирачко место во Желино, Охрид и Струга.Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4521 избирачи.Вчера гласаа болни и немоќни лица, лица кои се на издржување казна затвор, како и лица сместени во домовите за вонсемејна грижа.Државната изборна комисија утврди дека ќе има прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица, откако Управниот суд минатиот петок ги отфрли како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ, поднесени против решенијата на ДИК.Резултатот може да биде сменет, па ДУИ може да задржи или загуби пратеник во ИЕ6 , а тој пратеник да оди на контото на Вреди.Во ИЕ6 ДУИ исто може да го задржи бројот на пратеници или да загуби пратеник кој може да го добијат коалициите предводени од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.На потег се гласачите.

Македонија | пред 1 година

izbori

Гласаат затворениците, болните и изнемоштените пред утрешното прегласување на седум избирачки места

Утре се прегласува на седум избирачки места во изборните единици 5 и 6, а денеска гласаат болните и изнемоштени лица, затвореници и лица сместени во домовите за вонсемејна грижа. Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4 521 гласач.Во избирачкото место 2101 во Желино право на глас имаат 993 гласачи, во избирачкото место 1194 во Крушево право на глас имаат 470 избирачи, во 1202 исто така во Крушево 298, во 1272 во Охрид 712, во Долнени во избирачкото место 1470 – 659, додека во 1470/1 – 634 и во избирачкото место 1844 во Струга 755 избирачи.Четири болни и немоќни лица се пријавени да гласаат во избирачкото место 2101 во Желино , 20 во избирачкото место 1194 во Крушево, осум во 1202 во Крушево, две во 1272 во Охрид, седум во избирачкото место 1470 во Долнени, две во 1470/1 исто во Долнени и четири болни и немоќни во избирачкото место 1844 во Струга.Вкупно пет лица кои се на издржување казна затвор може да гласаат во затворите во Прилеп и во Скопје, а две лица ќе можат да гласаат во старските домови во Битола и Карпош.Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера ги извести националните радиодифузери и радиодифузерите кои емитуваат програма на подрачјето на Охрид, Крушево, Струга, Долнени и Желино дека за нив важат обврските за изборниот молк, кој почна од ноќеска на полноќ и ќе трае до 19 часот на 22 мај 2024 година.По прегласувањето може да дојде до промена на два пратенички мандата, и тоа по еден во петтата и во шестата изборна единица.Според партиските математики, најголеми се шансите ДУИ да изгуби еден мандата а СДСМ да добие еден, но според распоредот тој мандат може да го добие и ВМРО-ДПМНЕ.Во шестата изборна единици мандатот од ДУИ може да оди на кинто на Вреди. Од ДУИ обвинија за изборен инженеринг и се заканија со протести.

Македонија | пред 1 година

demir-hisar-3-28042024

Мицкоски: По прегласувањето ќе имаме 62 пратеници

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека по прегласувањето во Изборната единица 5, тој ќе може да соопшто дека имаат не 61 пратеник, туку 62 пратеници.,,Треба да ја довршиме задачата, на 22 мај ќе има прегласување во Изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму и веќе на следното мое обраќање верувам дека нема да зборувам за 61 пратеник, туку за 62 пратеници. Следната цел е две третини во Парламентот.Верувам дека кон крајот на следната недела ќе можеме и тоа да го оствариме. Тоа ќе ни овозможи да го промениме Законот за организација на ресорите во самата Влада за да добиеме нова структура на модерна Влада којашто ќе одговара на потребите на граѓаните во Македонија“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

izbori-makedonija-Copy

Кој ќе се офајди од прегласувањето во среда, ЛДП, Вреди, ВМРО-ДПМНЕ или ДУИ ќе остане на исто

Во среда, на 22 мај ќе се исцрта комплетната слика и ќе се знае кој колку дефинитивно добива од изборниот парламентарен колач.И покрај жестоките реакции, па дури и закани од досега неприкосновените ДУИ и Али Ахмети, може да се случи да загубат двајца пратеници и да останат трета партија со 17 пратеници.Управниот суд ги отфрли како неосновани сите седум тужби на Европскиот фронт кои беа поднесени против решенијата на Државната изборна комисија.Ќе се прегласува на седум избирачки места, односно шест во петтата изборна единица – на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1.194 и 1.202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во изборната единица 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино.Кампањата за повторното гласање ќе трае до понеделник, до 00:00 часот.Вкупниот број на запишани гласачи на шесте избирачки места во ИЕ 5, каде ќе се прегласува е 3.521 избирачи, што може да влијае на промена на резултатот.Според математиките, доколку коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 300 гласови повеќе од резултатот на 8 мај, тогаш таа партија може да го добие единаесетиот мандат, на сметка на ДУИ кои би го изгубиле четвртиот мандат во оваа изборна единица.Бројчано поголеми се шансите за мандат на кандидатот од ЛДП, од коалицијата со СДСМ, доколку неговата коалиција освои 110 гласови повеќе од сегашниот резултат, тогаш пратеник би станал Боби Мојсоски, а би отпаднал Исмаил Јахоски од ДУИ.Според сегашната состојба, мандат добија тројца од СДСМ, четворица од ДУИ, 10 од ВМРО-ДПМНЕ, и по еден од Левица, Вреди и Знам.ДУИ во 6-тата изборна единица освои 9 мандати наспротив 7 на Вреди, но доколку разликата на ова избирачко место се зголеми за дополнителни 80 гласа, тогаш Вреди ќе добие уште еден мандат и ќе се изедначат со по 8 пратеници.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-5431

Ахмети се налути, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за договор за прегласувањето во седум избирачки места

ДУИ се незадоволни од одлуката на Управниот суд кој ги одби нивните жалби за прегласување на седум избирачки места на 22 мај. Со ова прегласување има можност ДУИ да загуби два пратеника.На итна седница на Претседателството одлучиле да одржат состаноци со другите партнери од Европскиот фронт па ќе ги соопштат следните чекори.По тричасовниот состанок соопштија дека е направена неправда кон нивната коалиција.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели дека тие се победници на изборите на 8 мај, но се прават договори кои се на штета на Албанците и кои ќе ги нарушат меѓуетничките односи. Повторното гласање во неколкуте изборни единици, според Ахмети има ризична позадина, но тој вели дека нема дозволат да се реализира стратегија за содавање тензии.Сите политички акробации, тајни договори во подруми се неприфатливи и казниви затоа што се шминкаат чекор по чекор и не треба да се толерира.Ги снаеме сите детали за доховорите во црвените подруми. Во иднина ќе ги изнесеме детално сите договори”, предупреди Ахмети.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања