Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИЗБОРИ 2024

izbori-glasanje-11-92584

На 22 мај ќе се прегласува на 7 избирачки места, висат два мандати на ДУИ

На 22 мај( среда) ќе се прегласува на 7 избирачки места. Прегласувањето може да го смени резултатот во ИЕ 5 и ИЕ 6И. Се работи за два пратеника кои првично ги доби ДУИ, но по прегласувањето може да ги загуби. Ќе се гласа на едно избирачко место во селото Ларце, Желино кое е дел од шестата изборна единица, како и во шест избирачки места во Крушево, Долнени, Струга и Охрид, кои се во ИЕ 5.Во прашање се два мандати на Коалицијата „Европски фронт“ еден во петката кој на 8 мај му припадна на четвртиот на листата Исмаил Јахоски, а сега може да го добие СДСМ и еден во шестката кој го доби Фатмире Исаки која беше на деветтото место и мандат кој би припаднал би припаднал на Коалицијата „Вреди“.Во петката, сепак има три опции:ДУИ да го задржат пратеничкиот мандат, но и да го добијат или СДСМ или ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Прегласување на седум изборни места: ДУИ ја изгуби битката

Управниот суд ги потврди сите решенија на Државната изборна комисија за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шетатата изборна единица. Ова значи дека прегласување ќе има, како што одлучија и од ДИК.Притоа, како неосновани се одбиени сите тужби, седум на број, од Европскиот фронт односно ДУИ.Повторно прелгасување ќе има за 14 дена од одржување на изборите, односно на 22 мај.Ваквата одлука е донесена бидејќи може да влијае на конечниот резултат, а поради сомнежни при гласањето и утврдени нерегуларности.

Македонија | пред 1 година

IMG_3888

ДИК се жали на притисоци: Трпиме закани од преставници на техничката влада

Шест од седум члена на Државната изборна се пожалија дека се понижувани, навредувани, изложени на неосновани и непримерени политички притисоци и закани.Стравот од заканите го имаат претседателот на ДИК Александар Даштевски и 5 члена на ДИК. За разлика од нив, ваков страв нема кај потпретседателката Дитмире Шеху, номинирана од ДУИ.Писмената реакција е потпишана од Даштевски, Ристеска, Кондарко, Стојаноски, Ристовски и Демири.За сите закани, притисоци и мешање на одредени партии и на поединци од техничката Влада, членовите на ДИК ја известиле амбасадорката на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР.Предупредуваат дрка вербалните напади може да преминат во лични напади на нивната сигурност.„За ДИК се неприфатливи и недопуштени нападите, притисоците и мешањето на одредени политички партии и на поединци од техничката Влада во изборните процедури, како и во работата и одлучувањето на ДИК и на Управниот суд“, посочуваат од Државната изборна комисија.

Македонија | пред 1 година

438100131_925475169586327_6893921913353379374_n

Зајкова за „Скопје1“: ЛДП е самостоен политички субјект и не се приклучува никаде, тоа се нарачки од партиски ботови

Претседателката на ЛДП, беше дел од „Коалицијата за Европска Македонија”. Таа во ИЕ1 освои пратеничко место.За „Скопје1“, Зајкова демантира дека има разговори за влез во ново парламентарно мнозинство предводено од ВМР0-ДПМНЕ со цел добивање 61 пратеник и апсолутно мнозинство.За пишувањата на социјалните мрежи и кај одреден дел од медиумите, таа е децидна во изјавата дека се „нарачки од партиски ботови“.„Имаше такви кои агитираа и работеа против сопствената партија и денес прават повторно притисок. Нашата цел и насоченост во моментот е прегласувањето во ИЕ 5 каде има 3.521 избирач. Големи шанси за мандат има и кандидатот од ЛДП, доколку нашата коалиција освои 110 гласови повеќе од сегашниот резултат, тогаш пратеник би станал Боби Мојсоски, а би отпаднал Исмаил Јахоски од ДУИ. Затоа и повикувам да се воздржат од шпекулации и во среда да се гласа за број 1”, изјави Зајкова за „Скопје1“.Партијата како и досега, вели, ќе дејствува независно и конструктивно во поддршка на либералните вредности и за добробит на граѓаните и државата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-17-at-19.50.43

Мисовски и Мираковска од НСДП не менуваат страна, остануваат во опозиција

Лидерот на НСДП Горан Мисовски и Соња Мираковска, двајцата избрани на листата „За европска Македонија“, остануваат во опозиција и таа страна не ја менуваат.Ова го објави Горан Мисовски а го пренесе на ФБ, генералниот секретар Мики Милковски.„По конститутивната седница на Парламентот, ќе одлучиме ќе офлучиме само дали ќе дејствуваме одвоено од СДСМ или пак ќе бидеме дел од таа пратеничка група”, објави Мисовски.

Македонија | пред 1 година

FotoJet-41

Ќе се прегласува и во Охрид и Крушево, ДИК прифати приговор на ВМРО-ДПМНЕ

Државната изборна комисија на синоќешната седница го поништи гласањето на уште три избирачки места. Тоа се:избирачкото место 1272 во општина Охрид, и избирачките места 1194 и 1202, двете во Крушево, по поднесен групен приговор од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Според претседателот на ДИК, Александар Даштевски по извршеното пребројување за избирачкото место 1272 во Охрид, утврдено е дека записникот не е правилно пополнет, има и корекција во делот на гласачи внесени со рака.Во Крушево, приговорите за двете избирачки места се усвоени поради несовпаѓање на бројките од записникот со оние од уредот за биометриска идентификација.Претходно ДИК прифати еден приговор на коалицијата „Влен”, кој се однесува на гласањето на избирачкото место 2102 во Желино.За изборните резултати до ДИК беа поднесени 27 приговори – девет од коалицијата „Вреди“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица, станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места.ДУИ, обинува дека македонските политички партии во координација со коалицијата „Влен” сакаат преку ДИК да ѝ одземат еден до два пратенички мандата.

Македонија | пред 1 година

416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

Европскиот фронт на ДУИ во грч: Прават сѐ во ДИК за да изгубат двајца пратеници - а се е регуларно

Европскиот сојуз предводен од ДУИ обвинува дека Државаната изборна комисија ќе донесе одлука за прегласување на неколку гласачки места, а со цел, тие да изгубат еден до двајца пратеници.Тие најавуваат дека ќе се борат со сите капцитети кои ги имаат оти како што велат: “Двете најголеми македонски партии вршат притисок на членови на ДИК да се поништат гласањата, иако немало забелешки”.Според Европскиот сојуз, ќе ги користат сите демократски алатки, за да не дозволат носење на одлука за прегласување.“Постои меѓународен фактор и институции кои ние ќе ги искористиме”, додаваат од Европскиот фронт.

Македонија | пред 1 година

dastevski-9182

ДИК прифати приговор на ,,Влен“ за избирачкото место во Желино

– Државната изборна комисија почна со разгледувањето на 27 приговори поднесени од политичките партии за парламентарните избори.ДИК прифати еден приговор од „Влен“, а еден отфрли.Приговорот на ,, Влен”, смета мнозинството во ДИК влијаел на сумирањето на резултатите. Во шестката ,, Влен” има 7 пратенички мандати а Коалицијата предводена од ДУИ 9.Дитмире Шеху, потпретседателката на ДИК, предложена од ДУИ, на почетокот на седницата побара да бидат објавени записниците од гласањето на официјалната страница на Комисијата, но ваквото нејзино барање беше одбиено од членовите на Комисијата.Таа ги повика и лицата кои работеле во архивата при поднесување на приговорите и бараше да кажат кој ги донел приговорите бидејќи, како што рече Шеху, овластениот претставник требало да го стори тоа. Останатите членови на ДИК и укажаа на Шеху дека е небитно кој ги донел овие приговори во архивата, бидејќи, како што посочија, сите биле потпишани од партијата.За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.Социјалдемократите поднесоа пет приговори за избирачки места кои се дел од ИЕ 5.ДИК денеска треба да одлучи по сите поднесени приговори.Усвојувањето на одредени приговори би значело и повторно прегласување на одредени избирачки места што би можело да донесе промени во распоредот на мандатите во двете изборни единици. Доколку приговор биде отфрлен, подносителот има рок од 24 часа да поднесе тужба до Управниот суд, кој пак носи одлука за 48 часа, која е конечна.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-11-at-11.24.11

(Фото) Силјановска го зема уверението од ДИК: победи со 561.000 гласови

Денес, Државната изборна комисија издаде Уверение за избран Претседател на Република Северна Македонија, на Гордана Сиљановска Давкова, која според резултатите од спроведените избори за избор на Претседател на Република Северна Македонија, одржани на 24 април и 8 мај 2024 година, беше избрана за Преседател на државата.На седницата која ја одржа Државната изборна комисија, беше усвоен Заклучокот за конечност на резултатите од гласањето за Избор на Претседател на Република Северна Македонија, одржано на 8 мај 2024 година.Државната изборна комисија утврди дека вкупниот број на запишани избирачи за претседателските избори кои биле запишани во Избирачкиот список изнесува 1.814.317, вкупниот број на избирачи кои гласале бил 861.218, вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња 953.121, вкупниот број на важечки ливчиња 812.899, вкупниот број на неважечки ливчиња 48.289 а процентот на избирачи кои гласале е 47.47%.На гласањето по листите за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, во законски утврдениот рок, по истекот на рокот определен за приговори на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите и објавените првични резултати, Државната изборна комисија ги објави и следните конечни резултати:1. Стево Пендаровски, освоени 251.899 гласови2. Гордана Сиљановска Давкова, освоени 561.000 гласовиЗа Претседател на Република Северна Македонија е избрана Гордана Сиљановска Давкова со мнозинство гласови од избирачите кои гласале.Претседателот на ДИК, Проф.Др. Александар Даштевски и го предаде Уверението на Гордана Сиљановска Давкова и од име на Комисијата и посака успешен мандат како шеф на државата.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

На Македонија и е потребен СДСМ - што побргу заедно ја консолидираме партијата толку побргу ќе можеме да кажеме – тука сме, вели Лукаревска

Изборните резултати ја искушуваат нашата искреност како политичари и искреноста на нашите зборови дека сме ја разбрале вашата порака. Честитки за победниците“, вели заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.„СДСМ секогаш бил достоинствен и заради зрелоста на неговите раководства да се соочат со поразот и со одговорноста. Јас не сакам да бидам исклучок. Благодарам за укажаната доверба да бидам заменик претседател на СДСМ. И таа должност ја извршував со почит, совесно, одговорно и чесно. Секако, со поддршка од сопартијците и незаменливата потпора од моите родители. Благодарам е најмалку што можам да им речам.Горда сум што 8 мај беше празничен ден за демократијата. Тоа беше и суштината на борбата на СДСМ за ослободување од „заробената“ држава. Воедно, им благодарам на сите граѓани за секој глас за СДСМ, особено во третата изборна единица. Вредна за внимание е и пораката од оние кои не излегоа на гласање, како и на оние кои гласаа против.На ред е нашата внатрепартиска средба со вистината. На отчетниот Конгрес на СДСМ неминовна e отворена, искрена и самокритична анализа на нашите погрешни чекори, на лошите кадровски решенија како и за нашата немост за успешните политики кои ги спроведовме во исклучително тешки услови предизвикани од светските кризи.Го презедовме товарот и на тешките политички одлуки. Но, тоа е СДСМ на кого државата, нејзината стабилност и иднина секогаш му биле пред сė и над сė. Така било. Така мора и да остане.На Македонија и е потребен СДСМ. Што побргу заедно ја консолидираме партијата толку побргу ќе можеме да кажеме – тука сме. Јас верувам во СДСМ, а уште повеќе во неговата сила да се реформира, да се обедини и да се подготви.Честитки на победникот и на сите 120 пратеници.Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и поддржувачите на СДСМ, но и на демократска Македонија“, вели таа.

Македонија | пред 1 година

Hristijan-Mickoski-09.05.2024

Мицкоски: Ќе разговараме со повеќе партии за владина коалиција

Разговорите за коалиција ќе се водат во два правци, ние сакаме да разговараме со сите кои се дел од опозицијата за политиките и визијата која треба да се реализира, и ќе дадеме шанса на сите кои биле опозиција, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Само интервју што се емитува на телевизија Канал 5.Мицкоски укажа дека од ова раководство на ДУИ не очекува промена на нивните ставови.„Јас од ова раководство на ДУИ не очекувам промени во позициите и дека би ги поддржале овие политики кои ние ги промовираме. Но, секому ќе му дадеме шанса. Нема да се однесуваме игнорантски како владата до сега“, вели Мицкоски.Мицкоски укажа дека мора да се има разбирање и за опозицијата и да се излезе во пресрет и на некои барања на опозицијата.„Не може односот да биде имаме 61 пратеник, мнозинство и на останатите да им се лепат етикети“, кажа Мицкоски.Според него мора да се ослободат граѓаните од притисокот во кој живеат.„Видете какви вести има, се сѐ кои од кои полоши. Тоа мора да се смени“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-gordana-siljanovska-Konvencija-6-02032024

Мицкоски за владата во заминување: Не може континуирано со својот народ да работат со инжињеринг и манипулации

-Јас во една прилика кажав дека професорката Силјановска во вториот круг очекувам да има повеќе од 500.000 гласови, а дека коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 55 плус пратеника. И тоа се случи, исто како за првиот круг се случи тоа што се случи со Силјановска и мислам дека народот си го кажа своето, граѓаните си го кажаа своето, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само интервју“.Мицкоски во текот на своето гостување зборуваше за власта во заминување и истакна дека не може никој ниту со државата, ниту со народот континуирано преку гимнастики и политички инжињеринг да функционира.-Не можете со една држава и со еден народ, без разлика од која етничка припадност доаѓа континуирано преку гимнастики, политички инжињеринг да функционирате. И тоа се виде вчера, рече Мицкоски и додаде:-На тоа предупредувавме ние со месеци би рекол и со години. Јасно беше уште после локалните избори во 2021 дека мора да има промени во Mакедонија, мора да дојде до промена на владината структура.

Македонија | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-05-09-at-16.38.42

Кои од неговите најблиски соработници се сокрија синоќа за да не бидат фотографирани со Пендаровски?

Стево Пендаровски синоќа на прес конференцијата го призна поразот и упати честитка до победниците. Мандатот му завршува во недела, па на заминување од „Александар Палас“ посака да се слика со своите соработници.На фотографијата на БИРН се неговата сопруга и синот, дел од Кабинетот и неколку лица, непознати за јавноста.Забележливо е отсуството на видни членови на Кабинетот кои до вчера беа први до Пендаровски и на средби и на патувања. Па така доколку се отвори сајтот и имињата од неговиот Кабинет се гледа дека „се сокриле“ или избегнале да се фотографираат:Гоце КарајановАмбасадор, Посебен советник за надворешна политика,д-р Александар Љ. СпасовСоветник за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања,Елена ПресилскаПосебна советничка за стратешки комуникации во надворешна политика,Бисера СпасевскаСоветник за економски прашања,м-р Билјана Мицевска-ЈосифовскаШеф на протокол,Билјана БлажескаАѓутант на претседателот на Република Северна Македонија,Кристијан ГеоргиевскиСоработник за дигитални медиуми и продукција,Фикрија ТаирНадворешна соработничка, советничка за прашања од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Северна Македонија,Искра ГешоскаНадворешна соработничка, советничка за прашања од областа на културата.Во вториот круг видно беше отсуството од митинзите и синоќа на соопштување на резултатите и на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска.Дали кај нас, за жал, луѓето ти се битни само кога се на функција?ФОТО: БИРН

Македонија | пред 1 година

IMG_3923

Оставки од раководството на СДСМ веднаш, а не одложени, бара Деспотовски

Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ), денеска побара оставки од раководството на СДСМ веднаш, а не со одложено дејство и условени.Деспотовски му беше еден од противкандидатите на Димитар Ковачевски за лидерската функција во СДСМ. Еве што објави Деспотовски:,,💬На нашите членови, поддржувачи денес им е повеќе од потребен консолидиран и свесен СДСМ. Сите се тажни, разочарани, но и уплашени од повторување на некои лоши работи од некои не така далечни минати времиња. Силен и реформиран СДСМ може и мора да ги заштити. Силен и реформиран СДСМ ќе биде надеж за сите граѓани.📝Вчеравечер пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност, со име и презиме,почнувајќи од врвот. По статутот, тоа ќе отвори веднаш простор за поширока анализа на причините за овој пораз. За одговор на прашањата: Каде исчезна онаа енергија од пред 7 години? Дали ветивме многу работи а малку исполнивме? Каде се стопи довербата и како се загуби сета онаа надеж кај луѓето? Признанието дека имаме огромен проблем е прв чекор за негово надминување.👥Како членови на СДСМ носиме огромна одговорност нашата опција, идеја, цел да опстои и да постои и понатаму. Денес сме им потребни на нашите членови и поддржувачи, но и нас самите, ама...веќе утре ќе и бидеме потребни на државата, на сите наши сограѓани. За носење на брзи и квалитетни одлуки ни треба итна сериозна анализа, која не треба да се одолговлекува. Но, за првиот чекор кон овие одлуки треба само храброст кај врвот да се прифати реалноста на овој пораз. Не ни требаат условени оставки кои ќе се ефектуираат доколку и другите си поднесат оставки. Секој да почне од себе без да го чека партискиот другар до него. Само така овој процес на промена нема де трае предолго а штетата нема да стане ненадоместлива”, напиша Деспотовски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3498

,,Помоќниот брат’’ СДСМ со пратеник помалку од ДУИ

СДСМ на овие парламентарни избори го оствари историски најслабиот изборен резултат. СДСМ освои помалку од 20 пратеници или 19 пратеници според последната симулација на ДИК. Со ова досегашната владеачка партија се пресели на третото место на ранг листата за број на пратеници.Она што досега не се случило е податокот дека СДСМ има 18 пратеника или помалку од довчерашниот коалициски партнер ДУИ кој има 19 пратеници.Како што беше и претходно анализирано и укажувано, ДУИ, иако најверојатно оди во опозиција, сепак се уште е партија со најголем број гласови кај Албанците.Ова покажува дека тие успешно си ја тераа својата агенда и си билдаа рејтинг, но со забрзани чекори го трошеа рејтингот на СДСМ кој не се спротивстави,барем јавно на ниту еден потег на ДУИ.Однесувањето на челниците на ДУИ како да се тие недопирливи и можат да прават што сакаат, покрај лошата кадровска политика, погрешните и неразмислени потези , секојдневно им носеа мегативни поени на СДСМ. На овие изборија загуби и ДУИ кој по долги години се сели во опозиција, но уште повеќе СДСМ, кој доколку не н аправи длабок и комплетен рез, од владеачка ќе стане маргинална партија.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања