🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

избори 2024

Нема фотографија

Митрески го чека Извештајот од ДИК за да ја закаже инаугуративната седница

Јован Митревски, кој се уште ја извршува функцијата претседател на Собранието, го чека извештајот на ДИК за да закаже инаугуративна седница.Како што информираат од неговиот Кабинет, рокот за да го добие извештајот е до утре( петок) до 19 часот.Митревски тогаш ќе ја закаже седницата на 12 мај( недела) во 12 часот.На седницата, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска- Давкова ќе даде свечена изјава од кога го почнува и официјално претседателскиот мандат.Оваа процедура е според уставните норми. На 12 мај му истекува мандатот на Стево Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3498

(Видео) Кој ќе биде првиот проемнет во СДСМ?

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во „Претрес со Ландов“, одговараше на прашањето кој прв ќе биде променет во партијата. Според неа, прво ќе биде променета перцепцијата на раководството која ја има за тоа каде се наоѓа партијата и како котира кај јавноста. „Ние сме исправени пред отчетен конгрес. Утрото е попаметно од ноќта“, рече Лукаревска.Таа кажа дека раководството треба да биде свесно за своите грешки, исто како што и таа е свесна за нејзините постапки.Инаку, вчера се отвори прашањето дали Димитар Ковачевски е првиот кој си оди од партијата која паѓа од власт, а по неговата прес-конференција оставка дадоа Перо Костадиновски и Фатмир Битиќи кои беа во раководните структури на СДСМ.?t=6141

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-09-at-13.09.52

(Видео) Лукаревска: Никој не може да нѐ симне од власт, ако не се симнеме сами - занимавајќи се со себе, шепотите не ги слушнавме

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во „Претрес со Ландов“ посочи дека нив од власт не ги симна Али Ахмети со неговото однесување, туку сами себе си направиле штета. „Нас не може никој да не симне од власт ако не се симнеме самите ние. Така што толку имам да кажам околу тоа. Занимавајќи се премногу самите со себе, некои шепоти не ги слушнавме доволно силно, па сега ни е малку и поспецифично како грмотевица“, рече Лукаревска.Прашана за критики, рече: „Јас прифаќам критика, жалам што одредени луѓе во политичка смисла, независно дали од СДСМ или други партии не прифаќаат критика, туку сфаќаат како да некој има нешто против нив. Ако повеќе критикувавме, можеби ќе направевме некаков подобар пресврт“.?t=6141

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Лукаревска гневна на ДУИ: Замислете сите што сме на позиции да даваме голчиња во канцеларија

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во вчерашното издание на поткастот „Претрес со Ландов“ посочи дека постапките на министри од ДУИ, ги чинело голем пад на изборите.„Одредени политики, одреднеи законки решенија кои беа пот капата на ДУИ, направија соодветен пад на нашиот рејтинг. Ако зборуваме за потктестот, играњето во канцеларија на кошарка - навистина иритира. И тоа да го правеле така, не треба да оди во јавност, навистина иритира. Колку и да сте во коалиција, создава одреден гнев кај вас“, рече Лукаревска. Прашана дали тоа и кај нејзе донело гнев, посочи: „Замислете сите што сме на позиции, да земеме да играме кошарка, да даваме голчиња. Ова наше општество не може тоа да го прифати и тоа ми е јасно. Исто како што не можеше да ги прифати и оние извици на плоштад (УЧК, УЧК) тоа оди на наша штета. Тоа се дел од фактите, патоказите кои мора да нѐ освестат во делот на стратегиите за наредниот период“.?t=3678

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-06-at-14.39.43

Данела Арсовска со само 1.571 глас во Скопје каде е градоначалничка

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која е претседателска на партијата Нова Алтернатива на вчерашните парламентарни избори освои вкупно 3.438 гласови, премалку за пратенички мандат.Според податоците на ДИК, од обработени 97,32% од избирачките места, како носител на изборната листа во ИЕ 1, во која спаѓа и Скопје, Арсовска освои само 1.571 глас.Во ИЕ 2 каде што беа скопските општини Ѓорче Петров и Сараја, таа доби 1.109 гласови. Нова Алтернатива имаше листи и во ИЕ3 и ИЕ4.За споредба, на локалните избори во 2021 година, кога Арсовска која тогаш беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ го победи Петре Шилегов во трката за скопски градоначалник, па во првиот круг освои 86.698, а во вториот 118.749 гласови.

Македонија | пред 1 година

70D44252-EDB4-48D5-B149-F8AC2C99F6F3

Честитки за победата на Силјановска-Давкова пристигнуваат од сите страни

Република Македонија ја доби првата жена претседател. Честитки за победата на Гордана Силјановска-Давкова пристигнуваат, меѓу кои Александар Вучиќ, Виктор Орбан и Оливер Вархеји.Српскиот претседател Александар Вучиќ и честиташе на Гордана Силјановска-Давкова за победата во вториот круг од претседателските избори во Македонија.„Им честитам на Гордана Силјановска Давкова за изборот за претседател на Македонија и и посакувам успешно да ја извршува одговорната задача што ја добива. Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно на зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија со цел напредок и благосостојба на нашиот народ, како и просперитет на целиот регион“, напиша Вучиќ на платформата Х.Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори и победата на нивната кандидатка Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори, додавајќи дека се радува на идна заедничка соработка.,,Им честитаме на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановски-Давкова за заслужената и историска победа на претседателските и парламентарни избори! Со нетрпение очекувам да работиме заедно за да дадеме нов поттик на процесот на пристапување на Северна Македонија до ЕУ!“, напиша Орбан на социјалната мрежа „Х“.Со честитка за новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова се јави и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.„Со нетрпение очекуваме да работиме со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и да ги забрза потребните реформи за да се придвижи напред во процесот на пристапните преговори со ЕУ“, напиша Оливер Вархеји.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Апасиев: Прва пратеничка група на Левица. Прва жена - пратеник од Левица

Левица со 6 (шест) пратеника во Парламент резултираше на Парламентарните избори, 2024.На прес - конференцијата по овој повод, претседателот на Левица, Димитар Апасиев, имаше свое обраќање кон народот.- Да прославиме пасокизација на СДС и факторизација на ЛЕВИЦА! Прва пратеничка група на Левица, прва жена - пратеник на Левица - истакна Апасиев.Во ИЕ1, Левица освои 2 пратеника и тоа: претседателот Димитар Апасиев и потпретседателот, Реџеп Исмаил - Хактан.Од ИЕ2, во Парламентот влегува еден пратеник - портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.Во ИЕ3 - влез во Собранието има и актуелниот пратеник Борислав Крмов.Во Четворка влегува Сашко Јанчев, а во Петка - Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска.- Она за што се залагавме, тоа ни успеа. Го пасокизиравме СДС, ја кутнавме црвената буржоазија што беше наш детски сон уште од транзицијата на под 20 пратеника - потенцираше лидерот Апасиев.Резултатите на Парламентарните избори - 2024 ја потврдија и тезата на претседателот Апасиев дека новопојаното т.н. политичко движење е ,,краткотраен проект" или ,,надуван балон".- Друга значајна победа е тоа што и покрај сета наша маргинализација, а фаворизација на Максо, го преполовивме проектот на ЗНАМ на пола на Претседателските избори - 2024. Но и покрај тоа преполовување на гласовите на ЗНАМ, овој изборен систем повторно нè краде, затоа што некаде го водиме за 4000 гласа, а имаме ист број на пратеници. Ова ќе биде првото барање на Левица, а тоа е воведување на една изборна единица. Ваквиот Д'онтов модел ни краде во секоја изборна единица по еден до двајца пратеници - додаде Апасиев на прес - конференцијата.Претседателот Димитар Апасиев им се заблагодари на активистите на Левица што заеднички ги донесоа подемот и победата на Левица и што не потклекнаа на малодушноста на одредени субјекти.- Левица ќе продолжи за петпати појако од сега, затоа што секој наш пратеник вреди колку 10 нивни. Да знаат дека ги чека пекол во Собрание со нашите борбени пратеници! Долу црвената буржоазија! - вака Апасиев го заокружи своето обраќање.Од Левица потврдија дека уште веднаш почнуваат со подготовка за локалните избори каде очекуваат да го надминат резултатот којшто го освоија на Парламентарните избори - 2024.

Македонија | пред 1 година

IMG_3916

ВМРО-ДПМНЕ 58, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица и ЗНАМ по 6 пратеника

Според податоците од Државмната изборна комисија, од обработени повеќе 99,6% податоци од избирачките места, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во новиот парламент ќе има 58 пратенички места, ДУИ со 19 пратеници ќе има еден пратеник повеќе од коалицијата предводена од СДСМ кои влегуваат со 18, коалицијата ВРЕДИ ќе има 13 пратеници, додека движењето ЗНАМ и Левица по 6 мандати.Според одредбите од Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova

Инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна до 12 мај

Според законските правила инаугурацијата на новоизбраниот претседател Гордана Силјановска-Давкова треба да се случи најдоцна до 12 мај(недела). Тоа е денот кога истекува мандатот на Стево Пендаровски. Таа пред пратениците од се уште актуелниот состав треба да има обраќање и да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот 5 годишен мандат.Седницата за инаугурација на новиот претседател треба да ја свика актуелниот претседател на Собранието Јован Митрески.Доколку инаугурацијата на новиот претседател се случи на 12 мај, тогаш тој треба да го додели мандатот за новиот состав на Владата. Вчера се одржаа и избори за нови пратеници. Мандатот на новиот собраниски состав што беше избран и треба да биде верификуван од ДИК, почнува да тече од конститутивната седница на собранието. Според одредбите од Уставот, новоизбраниот парламент се состанува на седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Седницатa ја свикува претседателот на собранието од претходниот состав. Доколку пак тој не закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат, да го состават собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.

Македонија | пред 1 година

sdsm-pratenici-

Оставки во СДСМ по изборниот пораз

Потпретседателите на СДСМ Перо Костадинов и Фатмир Битиќи вчера вечерта, по објавувањето на прелиминарните резултати од парламентарните избори поднесоа оставка од партиските функции, а Битиќи побара тоа да го стори целото раководство.„Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот“, напиша Битиќи, кој беше и вицепремиер за економски прашања во владите на Димитар Ковачевски и на Зоран Заев.„По изборните резултати, поднесувам оставка од мојата партиска функција, потпретседател на СДСМ. Најважни се слободата, мирот и напредокот на Македонија. Граѓаните денес гласаа на демократски избори, и на слободен начин ја изразија сопствената волја. Како држава, можеме да продолжиме напред само преку заедништво и добронамерност. Потребни ни се внатрешни и надворешни партнерства, силни институции и интеграција на земјата во ЕУ. Сонот за подобар живот дома е на сите нас“, напиша Костадинов.Оставка по вчерашниот катастрофален пораз на изборите не поднесе лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Тој повика на избори на сите партиски тела, и на централно и на локално ниво, почнувајќи од претседателот на партијата, раководството, сѐ до претседателите на општинските организации и сите органи и тела на партијата, но не прецизираше кога ќе се случи тоа.

Македонија | пред 1 година

IMG_3915

Андоновски: Денеска победија граѓаните на Република Македонија

"Денеска ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ,,Твоја Македонија” ќе прославуваат заедно со граѓаните, од утре започнуваме со напорна работа и реализација на планот за промените за кои граѓаните гласаа и ги заслужија " , изјави дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, во гостувањето на Канал 5 Телевизија.Дополнително, Андоновски коментираше дека е време за национално обединување."Не е време за триумфализам, време е за национално обединување, време е за давање шанса на квалитетните и на успешните, и таа шанса се надевам дека оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја оствари и ќе биде предводник на промените", истакна Андоновски.„Ние немаме ниту време за губење, ниту луѓе повеќе и оваа шанса што граѓаните ни ја дадоа обврзува да не бидеме триумфалисти, туку да бидеме прагматични реалисти кој што ќе размислуваат да подадат рака и да градиме заедно, “, заклучи Андоновски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Славески: Груби го прогласи Пендаровски за губитник со земањето на само едно ливче

,,Резултатите на Данела Арсовска се очекувани, би рекол никакви и немаат шанса за освојување на некое пратеничко место. Нова алтернатива како зомби партија послужи како платформа (неуспешна) за јуриш, поход кон парламентот. Ќе треба г-ѓа Арсовска малку да се обиде во последната година од мандатот да направи нешто. Таа е одамна во политичка пензија.", вели Славески, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.На прашањето за Никола Груевски, Славески вели дека Груевски има работа со Република Македонија, со судовите, да бил тука досега нешто ќе било и расчитено.,,Потегот на Артан Груби кога со неколку камери влезе да покаже дека зема само едно ливче, тој го прогласи Стево Пендаровски за губитник", вели Славески.

Македонија | пред 1 година

IMG_3914

(Видео) ДУИ оди во опозиција, објави Мицкоски

„Време е ДУИ со СДСМ да оди заедно во опозиција“, вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го најави заминувањето на Али Ахмети од власт.„За секое ветување од моите сили ќе го дадам секој атом за остварување. Вечерва се покажа дека нема Македонија на ДУИ, на СДСМ, нема ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту Македонија на било која партија. Нема лева, десна, источна и западна. Има само една вечна Македонија“, рече Мицкоски.Тој упати благодарност до сите гласачи.https://www.youtube.com/live/JVDNvrzYB5U?si=RjCr5HL5JzT3V8Eb

Македонија | пред 1 година

IMG_3913

(Видео) Мицкоски прогласи победа: Ќе одговараат од првиот до последниот!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прогласи победа на партијата на двојните избори. Тој кажа дека народот беше разочаран од СДСМ и ДУИ, за кои посочи дека конечно се поразени.„Поразени се и предавствата, поделбите, тие стотина луѓе од ДУИ и СДСМ кои мислеа дека се господари на нашите животи. Нив ги боли главата и ќе одговараат до последниот, секој што направил криминал и спровел корупција“, додаде Мицкоски.Најава правда и владеење на закони.https://www.youtube.com/live/JVDNvrzYB5U?si=4RUSGcgENaxQ4MrR

Македонија | пред 1 година

pendarovski

Пендаровски: Им честитам на победниците, само целосно интегрирана во евроатлантските структури Македонија може да биде просперитетна и демократска држава

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва по заврпување на изборниот прцес се обрати пред јавноста.Пендаровски се заблагодари на добиените гласови, изрази почит за добро организираните фер и демократски избори и им честиташе на победниците.„Резултатите се јасни и сакам согласно резултатите што ги видовме до сега да им честитам на победниците, да им посакам успешна работа во следните четири односно пет години. Мојот концепт за мултиетничка Македонија целосно интегрирана во евроатлантските структури денес за жал не доби мнозинска поддршка од граѓаните, меѓутоа јас сум длабоко уверен дека само таква Македонија може да биде просперитетна и демократска држава. Во таа смисла мојата совест е мирна. Не сум сигурен дека совеста им е мирна, на оние кои тргнувајќи од теснопартиските и лични и политички интереси денес ефективно спречија илјадници наши граѓани да го земат и второто ливче и да гласаат и на претседателските избори. Но како што реков, резултатите наспроти се, се јасни и уште еднаш им посакувам успех на оние кои денеска ја добија мнозинската доверба на македонските граѓани“ порача Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања