🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

избори 2024

IMG_3911

Ковачевски поднесува оставка од СДСМ?

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски се заблагодари на сите членови на партијата, раководството и поддржувачи, по што даде оставка.„Сакам да се заблагодарам на граѓаните, а најмногу на семејството“, рече меѓудругото Ковачевски.Посочи дека ќе има одговорност од целото раководство поради изборните резултати.

Македонија | пред 1 година

trajko-slaveski

Славески: Ќе имаме добра синергија со новата влада предводена од Мицкоски

,,Добро е што Пендаровски го призна поразот, ќе му се пише како еден од ретките плусеви.", вели Славески, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.,,Во однос на одметнувањето на Гордана Силјановска-Давкова, во извесна смисла и добро е да е одметната. Мислам дека ќе имаме една добра синергија со новата влада предводена од Христијан Мицкоски. Мицкоски се гледа дека има огромна енергија, поткрепена со силна волја и верба. Ќе се потпре на вистински луѓе, има добар тим.", посочи Славески.

Македонија | пред 1 година

SLAVESKI0

Славески во ,,Претрес": Мицкоски ќе го добие мандатот

Трајко Славески, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во подкастот ,,Претрес со Ландов", посочи дека мандатот ќе го добие Христијан Мицкоски и дека нема потреба да се чека 20 дена.,,Ова е еден пресврт, значаен момент, прв неуспех на ДУИ после долго време. Сите констатиравме што науми ДУИ, тоа ќе го направи. Сега не успеа, ова директно го води ДУИ во опозиција, треба да се помират со тоа.", вели Славески.,,Примарна цел беше овој режим на владеење да биде заемент со поодговорна влада, да се добие одговорноста да се владее со државата, главното е она што допрва доаѓа", додава Славески.

Македонија | пред 1 година

19032020_MON_Ademi_pres-konferencija

Адеми: Европскиот фронт ќе има над 20 пратеници

Арбер Адеми од Европскиот фронт на прес конференција рече дека тие ќе имаат над 20 пратеници.Од изброени 50% од гласачките ливчиња, разликата меѓу нив и опозицијата е над 30 илјади гласови.,,Речиси во сите општини сме во предност, и тоа во Дебар со 2:1, Струга повеќе од 2:1, Кичево 5:1, Врапчише повеќе од 2:1. Во предност сме во Тетово, Гостивар, Куманово, Липково”, рече Адеми.Европскиот фронт ќе биде сведок на историската победа на овој сенароден референдум кој ќе ја запечати европската иднина на земјата. Враќање назад нема и нема да има, бидејќи волјата на граѓаните е пред сè. На 24 април и денес народот го кажа својот збор и Европскиот фронт ќе остане засекогаш верен на волјата на гласачот. Вечерва победата е наша, на сите вас кои кажавте „не“ на Русија, „да“ за Европа. Исто како и денес активното учество на граѓаните во политичките процеси ќе биде одлучувачко за понатамошното унапредување на демократијата во Северна Македонија, рече Адеми.

Македонија | пред 1 година

medziti

Меџити: Вреди е апсолутен победник кај Албанците, Ахмети е најголемиот политички губитник

Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на прес-конференција изјави дека ВЛЕН е апсолутен победник кај Албанците.Меџити на сите граѓани им се заблагодари за демократскиот капацитет и нивниот глас, без оглед на притисоците, како што рече, на кои беа изложени.„За жал изборниот процес не беше фер и демократски и системот со државните институции се стави во служба на ДУИ. Заменици министри и други функционери од ДУИ беа на терен и ние тоа го документиравме и ќе ги известиме институциите и странските фактори. Имаше насилство врз гласачкото право и за тоа ќе се одговара“, рече Меџити.Од утре Македонија ќе се подготвува за политичка ротација, со нова власт и обезбедено бадентерово мнозинство, рече Меџити.,,Од утре Македонија ќе се подготвува за политичка ротација, со нова власт и обезбедено бадентерово мнозинство”, рече Меџити,посичувајќи дека денеска најголем губитник се Али Ахмети и Артан Груби кои, промовирале насилство и ароганција.Меџити се осврна на цензусот за претседателските избори и нагласи дека маските на ДУИ паднале.„Драги Албанци, со бојкот на изборите ДУИ, која беше на власт над 20 години, таа партија се обиде да го врати политичкото организирање.Се фалеа како европска партија, дека ќе не интегрира во ЕУ, а примитивно работеа на бојкот. Тоа создава горчлива слика за Албанците во светот. Јавно го прашуваме министерот Османи кој се фалеше со ОБСЕ, како тоа таму ќе го објасни дека работеа против слободна волја на граѓаните“, рече Меџити.

Македонија | пред 1 година

IMG_3888

Даштевски: Цензусот за претседателските избори е исполнет, изборите беа успешни, фер и демократски

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски на прес-конференција изјави дека денешните двојни избори – вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори биле фер и демократски и дека професионално се спроведени.,,Еднакво право на глас е дадено на сите граѓани. Тие гласаа по сопствена волја”, рече Даштевски.Претседателот на ДИК, Даштевски соопшти дека е постигнат цензусот за претседателските избори.Се очекува ДИК да излезе со првични неофицијални резултати од изборите најдоцна до 23:30 часот.

Македонија | пред 1 година

davkova

Силјановска-Давкова: Нема да патувам во Брисел ниту во светот освен ако не ме викнат

Гордана Силјановска Давкова денеска изјавидека ќе се залага за развој на цврсти врски со соседните земји.„Една од моите први изјави беше дека јас нема да патувам, ниту во Брисел, ниту во светот, освен ако не ме викнат. Туку, првите средби би сакал да ги имам со соседите. Ние мораме да градиме регионална политика. Само така и во ЕУ ќе бидеме посилни“, рече Силјановска Давкова.Таа упати критика за ветото од Бугарија за членство на Северна Македонија во ЕУ.„Не можам да не кажам дека ветото не го сметам за инструмент на градење пријателство и добрососедство. Очекувам Бугарија, бидејќи е во ЕУ, да го следи моделот на Шведска, Данска, Финска, кои беа главните поддржувачи на Летонија и Естонија“, посочи Силјановска Давкова.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Лукаревска во ,,Претрес": Треба добро преиспитување на СДСМ

Сања Лукаревска, заменик претседател на СДСМ, посочи дека првата грешка која ја направиле е тоа што многу малку пренеле за она што се СДСМ има направено.,,СДСМ треба да ги направи анализите за да може да продолжи понатаму. Успеавме да направиме многу промени, кога се работи за плати, пензии, членство во НАТО... Раководството треба да си поднесе одговорност, СДСМ да продолжи понатаму и во парламентот и во општините. Ќе бидеме првите критичари што будно ќе ја следиме новата власт.", вели ЛукаревскаПосочи дека во ниту еден момент СДСМ не скршнал од неговата стратешка определба за членство во НАТО и ЕУ. Лошите кадровски политики и неконзистентноста го направиле своето.

Македонија | пред 1 година

lukarevska

Лукаревска за ДУИ и Димитриевски

,,Сите оние кои што можеби беа незадоволни, беа лути на поранешните партиски другари, отидоа кај Максим Димитриевски. Очекувам да има соодветен број пратеници, барем една пратеничка група. Не би можела да шпекулирам дали Максим Димитриевски ќе се врати, негова е одлуката што ќе прави.", вели заменик претседателот на СДСМ, Сања Лукаревска.,,Одредено дрско однесување, одредени ставови кои што беа под капата на ДУИ направија соодветен пад и на нашиот рејтинг. Играњето во канцеларија на различни спортски активности навистина иритира, ова наше општество не може да го прифати тоа. Одредени ситни сегменти направија доста разорен пресврт", вели Лукаревска.Додава дека прифаќа критика и жали што одредени луѓе во СДСМ не прифаќаат критика.

Македонија | пред 1 година

IMG_1662

Лукаревска: Стево Пендаровски е најдобриот кандидат за претседател

Сања Лукаревска, заменик претседател на СДСМ во подкастот ,,Претрес со Ландов" посочи дека Стево Пендаровски е најдобриот кандидат за претседател, кој никогаш не ја злоупотребил функцијата, ги испочитувал сите граѓани и уметници.,,Бојкотот никогаш не смее да биде перцепција, потегот на ДУИ направи мобилизација граѓаните помасовно да излезат да гласаат, сметам дека потегот им е погрешен.", вели Лукаревска,,Специфично е, но на никој не му е сеедно. Ќе треба добро преиспитување на СДСМ. СДСМ мора да продолжи понатаму. Тој тренд, тој бран што ги фати сите избирачки места ќе продолжи, резултатот е тој.", додава Лукаревска.

Македонија | пред 1 година

IMG_3589

Тошковски и Бојмацалиев за денешните претседателски и парламентарни избори

,, Како што помина и првиот круг од претседателските избори и денешниот втор круг помина во една фер, демократска и слободна атмосфера. Македонската полиција и овој пат беше на висина на својата задача. Им честитам на граѓаните кои не подлегнаа на никакви притисоци, излегоа на слободни и фер избори, да го дадат своето право на глас.", изјави дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.,,Денес во Република Македонија се оддржаа можеби најмирините, најдемократските и најфер избори кои што било кога се случил, особено од безбедносен аспект. Не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес, не се констатирани посериозни нарушувања во текот на целиот ден. Пред се сакам на им се заблагодарам на македонските полицајци, на сите полициски службеници кои што макотрпно раотеа во изминатиов период, особено во текот на денешнот ден. Се заблагодарувам на македонските граѓани кои на фер и демократски начин покажаа дека заслужуваме да бидеме под европското семејство. Огромна благодарност до сите набљудувачи, сите они допринесоа денес да имаме еден нормален изборен процес.", изјави Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3908

Кузеска: Достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски

,,Имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски.Како што доликува на земја членка на НАТО со почнати преговори со ЕУ.Контатирани се одредени неправилности, но сметаме дека тие се незначителни.Граѓаните можеа слободно да ја искажат својата волја и одлучат за иднината на земјата.Правото на глас и слободно одлучување се најзначајни придобвки на демократијата.Благодарност до сите граѓани коишто денеска излегоа на изборите и гласаа.Граѓаните покажаа демократски капацитет а институциите зрелост и имавме слободни, демократски мирни и достоинствени избори.Особена благодарност изразуваме за граѓаните кои го дадоа својот глас за СДСМ, Коалицијата за европска иднина и за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.Граѓанската волја ќе одлучи по кој колосек ќе се движи Македонија понатаму.Во очекување сме на првичните изборни резултати по што дополнително ќе излеземе со став.”, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3907

Муцунски: Време е за ново поглавје, елитите на власта се поразени од народот

,,Најпрвин сакам да му честитам на целиот македонски народ. Македонија ќе има нов претседател, цензусот е постигнат.Отворениот повик за бојкот од страна на ДУИ не успеа. Елитите на власта се поразени од народот. Но денешниот ден на површина ги извади сите игри на власта. И практично се обвистинува сценариото на кое предупредувавме дека ДУИ посакува криза, и преку бојкот на претседателските избори практично сака да се факторизира во политиката. Добрата вест е што ДУИ губи дупло. Бојкотот не им е успешен и ДУИ е сосема извесно дека оди во опозиција.Народот денес излегуваше на избори за да си ја врати Македонија. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци се обединија и гласаа за да си ја вратат контролата врз системот, која ја немаа. Да се нормализира државата, да се има држава која наместо на елитите му припаѓа на народот.Денешниот изборен ден помина во генерално мирна атмосфера. Сепак мораме да нотираме дека се забележани неколку поединечни нерегуларности кои треба да бидат расветлени во наредниот период. Имено неколку функционери на владејачката партија се фатени во илегални активности како го нарушуваат избирачкото право, правејќи поткуп и притисоци кои само го покажаа недемократскиот карактер на владеење на власта кој очекуваме да биде жестоко поразен. Институциите мора да бидат на ниво на задача и да се примени правото и постигне правдата за сите овие случаи.Второто прашање на кое во наредниот период мора да се даде одговор, од страна на тие лица е потеклото на овие пари, што само докажува дека власта во заминување е една од најкриминалните досега. Со ова истражните органи допрва треба да се занимаваат.Дозволете ми за крај да изразам благодарност за огромната доверба и благодарност за тоа што денес се случи народ и народот испрати единствена порака. Време е за ново поглавје. Доаѓаат подобри времиња.”, изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

izbori-glasanje-11-92584

Изборниот ден без поголеми нарушувања на гласањето и пријави за изборни инциденти

До затворањето на избирачките места, изборниот ден помина генерално без поголеми нарушувања на гласањето и пријави за изборни инциденти.Од информациите добиени од јавните обвинителства во државава, во ОЈО Кавадарци оформен е предмет по поднесено известување против лице од Неготино кое било пријавено од граѓанин за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од член 160 од Кривичниот законик. Според наводите, пријавената телефонски се обидела да влијае кај пријавителката да гласа за една политичка партија, напоменувајќи дека е корисник на ИПАРД помош. Предметот е во предистражна постапка и се преземаат дејствија за да се утврди дали постојат елементите на пријавеното кривично дело или друго кривично дело кое се гони по службена должност.Во ОЈО Кочани примени се известувања од МВР за пријавени настани поврзани со организирано носење на гласачи на избирачко место. Јавен обвинител веднаш даде насоки за проверка и прибирање податоци дали при превозот на каков било начин им се влијаело на гласачите во врска со остварувањето на нивното гласачко право.Анонимен граѓанин во Ростуше пријавил дека едно лице вршело поткуп на гласачи. ОЈО Гостивар веднаш даде наредби и насоки, беа направени детални проверки, при што наводите не се потврдија со ниту еден доказ.Освен ова, јавните обвинителства постапуваат и вршат проверки за сите други изолирани настани за кои јавноста претходно беше информирана.Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства.

Македонија | пред 1 година

FotoJet-41

Излезноста до 15 часот: 33,73 проценти гласале за Претседателските избори, 37,44 проценти за пратеници

До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки места. Од вкупно запишани 1.172.912 гласачи на овие избирачки места, гласале 395.576 односно 33.73 %.Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Новаци, со 52.32 %. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 3.60 %.Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3.39% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.84%.До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 2136 избирачки места. Од вкупно запишани 1.113.441 гласачи на овие избирачки места, гласале 416.915 односно 37.44%.Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Крива Паланка, со 58.18 %. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Центар Жупа, со 13.74 %.Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 5.66 % на овие избори.Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна:Изборна единица 1 42.31 %Изборна единица 2 36.69 %Изборна единица 3 41.02 %Изборна единица 4 36.88 %Изборна единица 5 35.95 %Изборна Единица 6 29.14 %До овој момент до ДИК се доставени вкупно 405 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 176 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 18 приговори се отфрлени како неуредни, а 58 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.Овој изборен ден го набљудуваат 1303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања