🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

избори 2024

FotoJet-41

Излезноста до 18:30 часот: 53,15 проценти гласале за пратеници, 46,34 проценти за претседател

До 18:30 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2044 избирачки места. Од вкупно запишани 1.014.400 гласачи на овие избирачки места, гласале 470.054 односно 46,34%.Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Новаци, со 72.76 %. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 7.35 %.Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 1,84% на овие избори.До 18:30 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 1906 избирачки места. Од вкупно запишани 953.903 гласачи на овие избирачки места, гласале 507.040 односно 53,15%.Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Кривогаштани, со 82,43%. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Центар Жупа, со 18,62 %.Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна:Изборна единица 1 59,14 %Изборна единица 2 48,61 %Изборна единица 3 57,87 %Изборна единица 4 57,49 %Изборна единица 5 53,45 %Изборна Единица 6 37,36%До овој момент до ДИК се доставени вкупно 490 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 262 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 33 приговори се отфрлени како неуредни, а 88 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

Македонија | пред 1 година

IMG_3574

Битиќи: Од утре, без разлика од кое место и позиција, да продолжиме да работиме заедно, отчетно и државнички

"Утрово заедно со мојата сопруга Мирлинда, гласавме и се надевам дека истото право и обврска го оствариле сите." - кажа утрово потпретседателот на СДСМ и ко-носителот и кандидат за пратеник во изборна единица 2 за СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Фатмир Битиќи, пред своето гласачко место во Бутел.Тој додаде дека изборите се една од шансите за зацврстување на демократијата и потсети дека после долги години ова беа првите редовни парламентарни избори во нашата држава."Потребна ни е стабилност, предвидливост и функционалност на целиот државен систем. Од утре, без разлика од кое место и позиција, да продолжиме да работиме заедно, отчетно и државнички, за развојот на нашата Македонија. И да одиме кон заедничката цел: целосна интеграција во Европската Унија. Да продолжиме да ги негуваме нашите различности и да градиме едно општество за сите." - изјави Битиќи.

Македонија | пред 1 година

pendarovski

Граѓаните на Македонија покажаа демократска зрелост, велат од тимот на Стево Пендаровски

,,Македонија и нејзините граѓани покажаа демократска зрелост и почит кон важноста на функцијата Претседател.Според информациите од ДИК и овој изборен процес помина во мирна атмосфера, како што и доликува на демократска земја-членка на НАТО и преговарач со ЕУ да спроведе фер, слободни и мирни избори.”, велат од тимот на Стево Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3893

Мицкоски: Масовната излезност е глас и одлука за иднината на нашите семејства и иднината на нашата татковина

,, Имам три пораки, првата порака е да ги повикам граѓаните во Македонија масовно да излезат и да гласаат. Затоа што само на овој начин можеме да одлучуваме за нашата заедничка иднина. Ова се парламентарни и претседателски избори, масовната излезност е глас и одлука за иднината на нашите семејства и иднината на нашата татковина.Втората моја порака е дека за време на кампањата предупредував на две можни сценарија кои денеска гледаме дека се реалност. Првото сценарио е на онаа група политичари кои што во своето име го имаат зборот „европски“, а од „европски“ немаат ниту „е“. Тие за жал се уште се заглавени во минатото, се уште се заглавени во 18-тиот век и ова ќе биде голема казна на граѓаните врз овие ретроградни и дефанзивни политики кои што овие политичари кои што во своето име „европски“ ја злоупотребуваат Европа. Јас сум убеден дека дури и Европа се срами од овие луѓе.И третата моја порака е до вас новинарите, ви благодарам што бевте истрајни и издржливи во оваа 35 дневна исцрпувачка кампања, што објективно известувавте од сето она што се случуваше во овие 35 дена. И ви посакувам успешна новинарска кариера во иднина.”, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3905

Изет Меџити го оствари правото на глас

Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити го оствари правото на глас.„Почитувани граѓани, денес е важен ден за нашата демократија. Ве молам учествувајте на изборите и изразете го својот глас за иднината на нашата земја. Ова е должност кон себе и кон другите. На овој прекрасен и демократски ден, не заборавајте дека секој глас е важен“, рече Меџити.

Македонија | пред 1 година

IMG_3906

Џафери: Граѓаните ќе одлучат која политичка опција е најдобра за нив и за државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше на вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори.Премиерот Џафери, во изјава за медиумите посака мирен и фер изборен ден, во кој граѓаните ќе можат со својот глас да одлучат кој ќе ги носи одлуките што се суштествени за земјата и кои се за остварување на нашите стратегиски цели.„Очекувам изборите да бидат слободни и демократски. Граѓаните можат слободно да ја изразат својата волја, впрочем, тоа го покажаа и на 24 април.Очекувам денот да заврши исто како и на 24 април, односно мирно, со можност секој граѓанин да го искористи своето уставно право и да го направи изборот за кој што мисли дека е најдобар за него и за државата.“, изјави претседателот на Владата, Џафери.

Македонија | пред 1 година

izbori

Македонија ќе добие претседател, има цензус

,,Скопје1" дознава, постигнат е цензус за претседателските избори.Македонија ќе добие нов претседател, бидејќи излезноста е над 40%.Бојкотот на ДУИ не успеа, иако тие не гласаа за претседател.За да има избор потребно е да излезат над 40 отато од запишаните избирачи. Овој услов е исполнет.Очекуваме повеќе информации наскоро.

Македонија | пред 1 година

IMG_3901

Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска гласаше во вториот круг од претседателските избори 2024 година.Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека очекува изборниот процес и за претседател и за пратеници да завршат во мирна атмосфера.„Според податоците, овој втор изборен круг за претседател и изборите за парламент поминуваат во мирна атмосфера барем во првите неколку саати од изборниот ден. Се надевам дека така и ќе завршат, како што и личи на држава која е веќе три и пол децении во демократија.Има информации дека на некои места, во некои општини, во некои изборни единици постојат обиди за организиран бојкот, значи за неприфаќање на второто ливче за претседател. Ако тие информации се точни, јас би сакал да ги осудам однапред, затоа што мислам дека не приличи на една демократија ако се ограничува правото на избор на луѓето кои дошле на гласачко место. Тој што дошол на гласачко место треба спрема сопствена волја да реши дали да гласа на двата избора или на едниот избор, меѓутоа велам тоа се засега информации кои не се потврдени, ако се потврдат тоа не зборува добро за состојбата на македонската демократија.Јас се надевам дека до крајот на денот ќе остане мирно, процесот ќе биде транспарентен и сите учесници во изборниот процес и по завршување на гласањето во 19:00 часот ќе го дочекаат пребројувањето на резултатите и ќе им честитаат на изборните победници.“

Македонија | пред 1 година

drzavna-izborna-komisija-izbori

Излезност до 13 часот: 23,95 проценти гласале за претседател, 25,84 проценти за пратеници

До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2472 избирачки места. Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158 односно 23.95 %.Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46.44 %. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 3.28 %.Споредбено со вториот круг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3.49% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.7%.До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 2348 избирачки места. Од вкупно запишани 1.207.922 гласачи на овие избирачки места, гласале 312.070 односно 25.84%.Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Кривогаштани, со 48.65 %. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Маврово и Ростуше, со 11.91 %.Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 2.03 % на овие избори.Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна:Изборна единица 1 31.18 %Изборна единица 2 23.91 %Изборна единица 3 29.18 %Изборна единица 4 26.40 %Изборна единица 5 25.04 %Изборна Единица 6 16.71 %До овој момент до ДИК се доставени вкупно 313 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 105 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 9 приговори се отфрлени како неуредни, а 40 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.Овој изборен ден го набљудуваат 1303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) ДУИ и Груби со бојкот: Не гласав за претседателските

Бојкотот не е потребната алатка во демократијата и воопшто не се дискутира прашањето за бојкот, вака претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети одговори на новинарско прашање на прес конференцијата на која го промовираше Бујар Османи како кандидат за претседател, дали ако кандидатот на ДУИ не оди во вториот круг ќе ги бојкотираат изборите.Но, ова што денеска го прави ДУИ и нејзините експоненти покажува дека Ахмети, демократијата и демократските средства ги толкуваат како што моментално им одговара.Денеска вицепремиерот Артан Груби кој истовремено е и шеф на кабинетот на Али Ахмети, потврди дека го направил спротивното од тоа што Ахмети го кажа на почеток на кампањата.Тој на новинарско прашање откако излезе од гласачкото место одговори дека не гласал за претседател на државата.„Не гласав за претседателските, бидејќи не сакам да легитимирам претседател или претседателка која е против УЧК, против Охридскиот договор, против добрососедството со Косово, со Бугарија, со Грција, против интеграција во ЕУ и уставните измени, против пријателството со САД. Не сакам идниот претседател или претседателка да го има и легитимитетот на гласовите на демократскиот свет тука во С. Македонија, овозможувајќи избор на еден таков претседател. Затоа го искористив моето демократско право да гласам за парламентарните, но не и за претседателските избори“, рече Груби.

Македонија | пред 1 година

IMG_3900

Бојмацалиев: МВР гарантира фер, слободни и демократски избори

Денеска (08.05.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и државната секретарка Магдалена Несторовска го посетија Оперативниот Штаб во МВР во рамки на ОА „Претседателски и парламентарни избори 2024”.Бојмацалиев беше брифиран за текот на изборниот процес и предизборниот период, за активностите и мерките кои ги презема МВР во делокругот на своите надлежности:„За време на предизборниот молк, беа регистрирани 14 настани од кои по 4 на подрачје на СВР Скопје и Охрид, два на СВР Тетово, по еден на подрачје на СВР Куманово, Велес, Битола и Струмица, при што најмногу пет се за поткуп при гласање (две отфрлени во Тетово и Охрид)Гласање до 11,00 часот: на подрачје на СВР Струмица, Велес, Тетово и Охрид сите гласачки места се навреме отворени. Со задоцнување отворени 8 гласачки места, на подрачје на СВР Скопје и две на подрачје на СВР Штип, од кои 7 поради технички проблем, а 1 поради не навремено отворање на просторија за гласање. Неотворени 3 места поради технички проблеми со апарат за отпечаток од прст. Прекин 9 места. Регистрирани настани СВР СКОПЈЕ-8,СВР Тетово 4 Куманово 3, Струмица 1, Штип 1, од нив 11 се за агитирање, пропаганден материјал -3 , поткуп 2 и еден евидирање на починато лице во избирачки список”, информираше Бојмацалиев, потенцирајќи дека Оперативниот Штаб работи исклучиво согласно законските норми и прописи, во насока на гарантирање на фер, слободни и демократски избори, како тие од 2017 година навака, без забелешки за изборниот процес.

Македонија | пред 1 година

IMG_3888

Излезност до 11 часот: 13,69 отсто гласале за пратеници, 12,87 проценти за претседател

Одзивот на гласачите за парламентарните избори е 13,69 отсто до 11 часот, а за претседателските е 12,87 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на втората денешна прес-конференција.Како што кажаа од ДИК, најголема излезност за претседателските избори има во општина Пробиштип (27,85%), а најмала во општина Липково (1,76%). За парламентарните избори, најголем е одзивот во општина Кривогаштани (28,38%), а најмала во општината Врапчиште (5,2%).„Може да се забележи дека во источна и централна Македонија многу повеќе гласачи гласале на претседателските, отколку во западна Македонија каде што процентот е многу низок“, рече на прес-конференција претседателот на ДИК, Александар Даштевски.Споредено со Парламентарните избори во 2020 година има зголемување на излезноста од 2,69 проценти на овие избори.

Македонија | пред 1 година

IMG_3894

Ковачевски: Македонските граѓани се суверенот кој одлучува како понатаму, тие заслужуваат да живеат во напредна држава со европски вредности

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори.Во изјавата за медиуми, Ковачевски посочи дека денеска граѓаните одлучуваат во кој правец ќе се движи државата и дека очекекува да донесат одлука која за државата ќе значи напредок и просперитет.„Денеска македонските граѓани се суверенот којшто одлчува за иднината на државата. Нивниот глас денеска ќе ја определи иднината на државата во наредната декада. Ние во текот на изминатите повеќе од 40 дена ја презентиравме пред сите граѓани нашата програма за европска иднина, при што ги презентиравме сите предности на Македонија земја членка на ЕУ до 2030 година. На крајот на денот граѓаните ја имаат финалната одлука за тоа во кој правец ќе се движи државата, дали ќе биде држава којашто до 2030 година ќе стане земја членка на ЕУ со претседателот Пендаровски и со Коалицијата за европска иднина и СДСМ или повторно ќе се враќаме назад во едно минато време коешто го гледавме цела една декада во државата. Но, во секој случај очекувам граѓаните слободно да го дадат својот глас како што доликува на земја членка на НАТО и земја којашто отвори преговори со ЕУ и очекувам да донесат одлука со којашто ќе обезбедиме сигурна и просперитетна иднина и животен стандард којшто доликува на македонските граѓани и македонската држава“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3892

Денешниот изборен ден поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес, вели Џељаљ Бајрами

„Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во Парламентарните и во вториот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија до овој момент поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Од почетокот на гласањето утрово, до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса [email protected] не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело.Во текот на вчерашниот ден, веќе известивме дека по поднесена пријава во ОЈО Велес со сомненија за изборен поткуп и пронајдено оружје и муниција беше оформен предмет во ОЈО Велес за две лица. За едното лице веќе има итна постапка со предлог за притвор за поголемо количество оружје и муниција кои беа пронајдени кај него. За второто лице предметот ќе оди во редовна постапка, а во исто време, ОЈО Велес веќе презема дејствија за проверка на наводите кои се однесуваат на изборен поткуп.Исто така, известувања за сомненија за поткуп на гласачи беа примени и во Охрид и во Крива Паланка, меѓутоа до овој момент за овие настани не е поднесена кривична пријава до надлежните обвинителства. Доколку биде поднесена пријава, обвинителствата веднаш ќе преземат дејствија на проверки.И понатаму до овој момент станува збор за мал број настани кои би можеле евентуално да имаат обележја на кривично дело, па може да се даде една генерална оценка дека целиот изборен процес до овој момент поминува без поголеми нарушувања од аспект на јавнообвинителското постапување.Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални изборни нерегуларности и денеска продолжува да го следи целиот тек на изборниот процес, а нашата електронска адреса [email protected] останува отворена за сите евентуални пријави на сомненија за кривично дело кое би можело да го наруши текот на изборите. И денеска се организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства, а тесно се координираме и со останатите институции надлежни за следење на изборниот процес.Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства“, истакна јавниот обвинител Бајрами во изјава за медиумите.

Македонија | пред 1 година

toni

Изборниот процес се одвива мирно, вели Ангеловски

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.„Од отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме две пријави за поставен штанд на политичка партија во близина на гласачко место во Шуто Оризари, како и за залепени плакати и расфрлани летоци на подрачјето на Чаир во Скопје и се преземааат мерки за расчистување на случаите. Исто така, имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово село Баница, струмичко и општина Боговиње, но по преземени мерки од страна на полициските службеници, тие наводи до сега не се потврдени“, соопшти Ангеловски.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните и до учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата на броевите 192 и 112 или да пријават во најблиската полициска станица.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања