🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

избори 2024

izet-medziti

„Вреди“ на Изет Меџити се бунтува бидејќи СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека избор на претседател ќе се прави на избори

„Иницијативата за избор на Претседател на Република Северна Македонија во Собрание не е моноетничка, туку политички рационален пристап. Ставовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ контра определбата на “Вреди” се враќање во 1990, времето кога се доживуваше како трагедија Албанците да обавуваат највисоки државни должности“, реагира „Вреди“ на Изет Меџити.„Нивниот ортак ДУИ едно зборува а друго прави. Ако навистина се залага за Прв Претседател Албанец треба на јавноста да и објасни зошто не ја подржа кандидатурата на Арбен Таравари и зошто се обидува да ја минира можноста Албанците да имаат шеф на државата во 2024. Поставуваме јавно прашање за кои кругови служи Али Ахмети со одлуката да го распарчи албнското гласачко тело."Вреди" во коалиција со Албнскиот Народ ќе ги порази и последните остатоци на удбашките "апартхејд" политики“, додаваат од коалицијата „Вреди“ на Изет Меџити.

Македонија | пред 1 година

pretsedatelski

Турканица на претседателскиот терен: професори, лекари, градоначалници или луѓе со бели коси, што е одлучувачко?

Што е пресудно за да истрчаш на терен за претседателската фотелја? Докторската титула, докторската функција, градоначалничките бенефиции или белата коса? Дванаесетмина, најмногу досега, сметаат дека заслужуваат и можат да ја понесат престижната титула „татко на нацијата”, но сега има и три кандидатки за „мајка на нацијата”.Тројца од нив се професори: Гордана Силјановска Давкова со дресот на ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски-СДСМ и Билјана Ванковска-Левица. Тројца се лекари: градоначалникот Арбен Таравари- албански опозициски блок, Вело Марковски- независен и Бујар Османи-ДУИ, шеф на дипломатијата, и претходно политички активен, но доктор по образование. Магистер е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски-ЗНАМ, а потписи ќе собира и актуелниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски-ГРОМ. Контото на професори требаше да се зголеми со Кекеновски, кој засега само пројави желба и ја чекаше поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, но не ја дочека. И Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачки демократски сојуз ќе собира потписи за кандидат за претседател.Ориентацијата за или против Русија и проевропската агенда ќе бидат значајни во партиската реторика. Исполнување на реформската агенда, неопходното внесување на Бугарите во Уставот за да не бидеме уште долго во чекалната, се познати ставови на Стево Пендаровски.„Не за Русија, да за Европа“ е слоганот на Бујар Османи. Ахмети не ја прифати фрлената ракавица од Арбен Таравари, затоа што играле во различни лиги.Таравари, пак, најави дека ќе се залага за влез на Бугарите во Уставот, но и за избор на претседателот во Собрание, а не на директни избори.„Со реторика ЕУ, ЕУ, љубов моја, ЕУ, фронт за ЕУ не се оди во ЕУ. Во ЕУ се оди со стандарди во сите области“, смета Силјановска Давкова.Ставот на Ванковска против НАТО е познат, отсекогаш била против.Вело МарковскиВело Марковски, доктор инфектолог, прв ја обзнани желбата да влезе во претседателската трка и тоа како независен кандидат, но очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Иако тој веќе три години е дел од највисоките органи на најголемата опозициска партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ, засега нема информации дали професорот Марковски ќе биде поддржан од матичната партија. Според него, измама на народот е криењето на претседателските кандидати на недела пред избори.„Вечната борба на нашиот македонски народ во справување со светските предизвици како што се човекови права, болести, војни, корупција, лажни вести итн., ме мотивираат да се вклучам во широка општествена активност”, вели Марковски.На познатиот инфектолог бракот со многу помладата Јулијана му е втор брак. Тој е поранешен сопруг на екс-пратеничката Ѓулистана Марковска.Тој заедно со 7 лица се обвинети дека во текот на 2017 и 2018 година без дозвола од надлежни органи, вршеле недозволени археолошки истражувања и ископувања на археолошки локалитети. Пронајдените добра неовластено ги присвојувале и прикривале, а потоа добрата неовластено ги продавале на купувачи во земјава и во странство.Билјана ВанковскаБилјана Ванковска, доктор на политички науки, редовна професорка и раководителка на последипломските студии по Мир и развој на Филозофскиот факултет во Скопје. Професор е и на Европскиот мировен универзитет во Шлајнинг, Австрија. Колумнист во повеќе печатени медиуми.Во 2014 година била еден од претендентите за претседателски кандидат на претседателските избори во 2014 година, но не успеа да собере 10.000 потписи. Беше разочарана од студентите и колегите, но ги обвинуваше државните институции дека го фаворизирале Ѓорге Иванов.Професорката Билјана Ванковска овој пат нема да има проблеми со собирање потписи, таа е претседателски кандидат на Левица.„Мислиме дека конечно е дојдено времето народот да може да избере солиден и мислиме дека го имаме најдобриот кандидат за овие избори. Затоа и први го обзнануваме и практично фрламе ракавица на меинстрим буржоаските партии да дадат кандидати кои ќе се натпреваруваат со нашиот кандидат“, рече за неа претседателот на Левица, Димитар Апасиев.Ванковска вели дека сега има многу поголема самодоверба и зад неа стои тим. Понатаму, за Левица посочи дека е политичка партија за почит и она што ги доближува се две нишки – патриотизмот испреплетен со левичарската идеологија.За време на битката за автономија на Универзитетот, беше со Силјановска-Давкова, но молчеа како основци пред Груевски и со ништо не му се спротивставија.Арбен ТаравариАрбен Таравари, лекар – невролог и поранешен министер за здравство во владата на Заев од 2017. Познат остана по ПР стратегијата Здраво Таравари, со која покажуваше транспарентност и отвореност кон граѓаните. Тој моментално е градоначалник на Општина Гостивар. Лидер е на Алијанса на Албанците по оставката на Зијадин Села поради лошите резултати на локалните избори во Тетово. Љубовта меѓу Таравари и Села се распрсна како меур од сапуница по прашањето со кого да се коалицира на изборите. Се натпреваруваат кој има повеќе приврзаници, кој прв ќе свика Конгрес, кој кого ќе разреши, кај кого е печатот.Таравари се приклони кон партиите кои се дел од албанскиот опозициски блок. Тој ќе биде кандидат на албанската опозицијата за претседател на државата, иако пред месец дена тврдеше дека не е заинтересиран за оваа позиција. Села за него ќе каже: „Јас го направив политичар“.„Вечерва, во античката албанска престолнина, во историското Скопје, разбрав појасно од кога било, дека Промените започнаа и повеќе не запираат”, напиша Таравари на неговиот профил на ФБ на вонредниот конгрес.Гордана Силјановска ДавковаВтор обид со поддршка од иста партија. Силјановска Давкова со боите на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се бори да биде првата жена во Вила Водно.Професорката Гордана Силјановска Давкова најави дека е време за „женска димензија во политиката“. Вели дека нема да биде републикански монарх, туку ќе се однесува кон граѓаните како кон луѓе, индивидуи, припадници на различни заедници. Доколку стане претседателка, нејзините кандидати ќе бидат најдобрите во Уставниот суд и во Судскиот совет, а амбасадорите ќе се регрутираат врз основа на компетентност и стручност.Била министер без ресор во Владата на Бранко Црвенковски од 1992 до 1994 година. Ѝ забележуваа дека за двете министерски години нема придонесено со ниту еден закон, како и за фри-шоповите на нејзиниот сопруг.По поразот од Пендаровски ќе изјави: „Бројките говорат за пораз, обично поразените не се чувстваат добро, но јас се чувствувам смирено, исполнето, и продуховено. Да добиете 370.000 гласови е голема благодарност и да станете позната по улиците како Гога е многу во политиката во Македонија”.Стево ПендаровскиСтево Пендаровски ја победи Силјановска Давкова во вториот круг во 2019 и во вториот обид стана претседател.„Благодарам на сите кои ми ја доверија обврската и честа да бидам претседател. Ќе бидам претседател на сите. Ќе бидам сојузник во остварување на интересите на граѓаните. Ќе бидам претседател од кој нема да се срамите и тука и во странство”, рече Пендаровски по победата.Во 2014 не успеа да го совлада колегата Ѓорге Иванов.На предвремените парламентарни избори во 2016 година Пендаровски беше носител на СДСМ во првата изборна единица која го опфаќа регионот на Скопје. По изборите беше пратеник во Собранието, потоа е назначен за национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО.Опозицијата не му простува за, како што велат, неговото тврдење дека Гоце Делчев бил Бугарин.„Неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, во тој историски контекст, како што е неспорна историска вистина и факт дека се борел за македонска држава”, изјави Пендаровски.За грев му ја припишуваат и изјавата дека ако не е претседател, и тој би се иселил. Велат дека ги аминувал сите одлуки и закони на СДСМ и ДУИ, иако не го потпиша Законот за игри на среќа што го раскара со интегративците.Како претседател, одеше и му доаѓаа на гости претседатели и премиери, но и деца и студенти, занаетчии и борци. Се сети и одликуваше пејачи, актери, македонисти.„Не сум идеален, но ноќе мирно спијам”, ќе рече во своето новогодишно обраќање.Стевчо ЈакимовскиСтевчо Јакимовски е претседател на партијата Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) и градоначалник на општина Карпош. Бил министер за економија и за труд и социјална политика. Смени три партии: ЛДП, СДСМ и ГРОМ, во 2013 се раскара со СДСМ и ЛДП за локалните избори.Кандидатурата на Јакимовски за градоначалник на Карпош е направена со позајмен печат од „Српската напредна партија“ на Драгиша Милетиќ, кој сепак тогаш остана во опозициониот блок. Изборната локална победа ја славеше со микрофон пеејќи „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине…”. Дел од граѓаните реагираа - не му може никој ништо затоа што во секоја зграда и ДУП има по еден стан. Во 2017 е обвинет дека на митинг користел навредливи и деградирачки зборови со цел да го „нападне“ против-кандидатот, наведувајќи дека за него се зборувало дека е хомосексуалец. Притоа, посочува на хомосексуалноста, нарекувајќи ја „најопасната мафија“, „мафија која сака да се инсталира во општина Карпош“.Беше клиент и на Обвинителството за злоупотреби, но немаше судски епилог. Големиот поддржувач, сега е најголем критичар на ВМРО-ДПМНЕ.Рече дека добил поддршка да биде кандидат на партијата за претседател, токму поради неговото долгогодишно искуство, годините што ги има зад себе, белата коса, но и резултатите кои во неговото работно и политичко дејствување ги направил, како и секогаш јасните политички ставови кои јасно ги изразувал.Максим ДимитриевскиУште еден побегнат од СДСМ влегува во претседателската трка, Максим Димитриевски, поддржан од ЗНАМ.Првата градоначалничка функција ја добива како кандидат на СДСМ, втората како независен, иако познавачите велат дека ВМРО-ДПМНЕ скриено му даваше поддршка, повеќе нему отколку на својот кандидат. Беше пратеник од редовите на СДСМ и еден од најжестоките борци по улиците на Скопје за демократија по објавувањето на бомбите и човекот кој беспоштедно ги бранеше своите соборци и Заев во Собранието.Иако упорно изјавуваше дека е член на СДСМ, упорно укажуваше на грешките и политиките, особено за црвените линии и по прашањето за Гоце Делчев и Уставот.„Македонија досега го менуваше својот Устав неколку пати и сметам дека Уставот не е обичен тефтер хартија кој што треба да се менува во континуитет, вели Димитриевски.Бујар ОсманиТаравари и албанската опозиција не успеаја да го извадат на терен Али Ахмети, бидејќи, како што изјави, играл во многу повисока лига од Таравари. Го испофали Османи дека ќе биде добар играч.„Со Бујар го започнуваме најважниот референдум на нашето време и следната битка за да ја добиеме вашата доверба, за да го избереме Претседателот во Собрание со двотретинско мнозинство и со Бадинтерово мнозинство, за да ја оствариме нашата визија за консенсуален претседател“, рече Ахмети.Лекарот Бујар Османи е министер за надворешни работи, поранешен министер за здравство, вицепремиер за европски интеграции, портпарол и еден од луѓето од доверба на Ахмети.Еден е од интегративците без големи афери. Човек е што сака публицитет и сака да се слика, постојано е следен од камерман и фоторепортер на настаните. Го обиколи цел свет како претседавач со ОБСЕ. Беше голем оптимист за влезот во ЕУ, но желбата сѐ уште му е неостварена.„Цврсто верувам дека нашиот развој и безбедност се возможни само преку стремежот да изградиме модерно демократско општество, како дел од евроатлантското семејство. Предвидливата иднина за сите нас е возможна со надворешна политика која е конструктивна и конзистентна”, вели Ахмети.Мерсиха СмаиловиќИ уште една жена, граѓански активист, сака да биде претседател. Мерсиха Смајловиќ е позната по застапувањето за човековите права, борбата против дискриминацијата, заложбата за родовата еднаквост, правата на етничките групи.„Иако за прв пат бошњачката заедница има свој претседателски кандидат, мојата етничка припадност не ја одредува во политички контекст, програмата и заложбите ќе бидат за подобра иднина на сите луѓе во нашето мултиетничко општество, а фокусот во кампањата ќе биде на сите граѓани на државава“, вели Смаиловиќ.Уверува дека својот активизам го докажала преку партијата. Со своите заложби докажала дека нивна замисла е оваа кампања да ги претстави сите важни проблеми и предизвици коишто ги имаат граѓаните на нашата држава и да понудат реални решенија коишто ќе бидат вистинити и функционални, а не само политички памфлети коишто ќе го поминат денот.„Наша цел во текот на кампањата е да ги слушаме граѓаните, како што ги слушавме во изминатиот период и да одговориме на нивните наједноставни прашања кои го засегаат нивниот живот. Да го направиме животот подобар за сите нив и да нудиме перспективи коишто ќе го направат многу поедноставен животот и многу поприфатлив. Мојата идеја на внатрешен план е да ја зајакнеме кохезијата, а на надворешен план да ги зајакнеме добрососедските односи и односите со нашите стратешки партнери, но да се водиме исклучиво од тоа што е во интерес на граѓаните”, истакна Смаиловиќ.Во јавноста е позната по нејзините залагања за правата на бегалците, борбата против исламофобијата. Таа беше активно вклучена во бројни хуманитарни мисии на глобално и локално ниво.Мерсиха дипломирала на Правниот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Таа е сопственичка на компанијата за финансиски и правни услуги „Нахла консалтинг“.И уштре тројцаНа сцената се појавија уште тројца кандидати кои се обидуваат да соберат 10.000 потписи. Зорица Цветковска,Томе Николоски, Господин Поповски и Ѓорѓи Манасков, ќе се обидат да обезбедат 10 илјади потписи.

Македонија | пред 1 година

gordana-siljanovska-davkova

Состојбата во државата бара да не седиме и да коментираме, време е национално единство во секој поглед, вели Давкова

Тешко носам одлуки, но стојам зад нив. Состојбата во која се наоѓа земјава бара од нас да не седиме како во ложа и да коментираме, туку да сториме нешто. Еден ден со право ќе не прашаат каде бевте и што правевте со државата која вашите татковци и дедовци ви ја дадоа, изјави професорката и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во „Тема на денот“ на Сител телевизија запрашана за тоа зошто по втор пат влегува во трката за претседател на Македонија.Силјановска Давкова истакна дека уште една од причините поради кои се нафати на кандидатура е дека за секој од нас е тешко да чуе дека однадвор имаат поголем респект за државата, отколку државата за своите граѓани и граѓаните јасно ја гледаат ситуацијата во која се наоѓа државата.- Мислам дека амбиентот сега е поинаков од минатите избори, граѓаните ги споредуваат мојата четири годишна работа во Собрание и пет годишната работа на Пендаровски. Покрај тоа консолидацијата во ВМРО-ДПМНЕ е на далеку повисоко ниво од минатите избори, некогаш и патот е важен како и резултатот, потенцираше таа.Силјановска Давкова во однос на тоа какви каква кампања очекува и дали ќе добие поддршка од другите противкандидати во вториот круг изјави дека очекува витешка битка, а воедно очекува и поддршка од сите останати затоа што луѓето се ценат по стручност и компетентност.- Што се однесува до битката, знам дека битката дека меѓу мене и колешката Ванковска ќе биде витешка, можеби е време да покажеме ние жените дека е време за витешка битка, очекувам дијалог со аргументи, а за останатите мислам дека во вториот круг ќе ме поддржат. Ако сте опозиционер логично да ја поддржите опозицијата. Меѓу пратениците јас не правам разлика по етничка или партиска основа, имам луѓе со кои одлично комуницирам по принцип на стручност и компетентност. Имам и побратим Албанец во семејството, време е за национално единство во секој поглед, надминување на партиските разлики коа се работи за прашања од државен карактер.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-22-at-18.57.03

СДСМ му се спротистави на Ахмети

СДСМ останува на ставот Претседателот на државата да се бира на непосредни избори, откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кажа дека тие ќе бараат претседател да се бара во Собрание со 80 гласа и Бадентер.„Идејата на дел од партиите која овие денови се реактулизира Претседателот на државата да се избира во Собранието не е нова.Станува збор за реафирмирање на барањето на ДУИ од 2019 година коешто не беше прифатено од страна на СДСМ.Како и тогаш така и сега, ставот на Социјалдмократскиот сојуз на Македонија останува идентитечен: моделот на избор на претседател на државата не треба да се менува.Не треба да се оди назад во демократските процеси.СДСМ останува на ставот дека Претседателот на државата треба да го бираат граѓаните на директни, непосредни избори како врвно демократско право на граѓаните.Претседателот на државата треба да биде претставник не само на мнозинската волја на граѓаните туку и на сите граѓани, без разлика на нивната политичка, етничка или друга припадност.Претседателот на државата е човек кој е над партиските и над етничките определби, ги претставува сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи, сите.Само Претседател избран директно од страна на граѓаните има толку широк потенцијал, да може да делува во обединување на општественото, на граѓаните, на партиите и да допринесе за остварување на врвните стратешки и национални цели“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Foto-3-1

Пендаровски е сериозен кандидат за претседател, но не е дефинитивен, рече Ковачевски

Стево Пендаровски е сериозен кандидат, СДСМ разговара но нема дефинитивен кандидат за претседател. Ова го соопшти Димитар Ковачевски, претседател на оваа партија.Според него, партиските органи ќе го кажат последниот збор. Прашан дали СДСМ има и други кандидати кои сакаат да се сместат во Вила Водно - нема одговор.„Во однос на другите кандидати, можам на сите да им посакам успех. Да посакам фер и демократска кампања“, кажа Ковачевски.Партиските органи на СДСМ ќе заседаваат идните денови, најави Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

AHMETI-GRUBI-KOVACEVSKI-4

СДСМ можеби ќе коалицира со ДУИ, а за барањето претседател да се бира во Собрание - нема коментар

Нема дефинитивна одлука од СДСМ дека на изборите нема да коалицира со ДУИ, кажа Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ. Тој посочи дека нема да ги коментира барањата на ДУИ, претседател да се бира во Собрание. СДСМ досега нема разговарано за ова прашање.„Сите ќе ветуваат, дел ќе предлагаат предлози кои не зависат само од нив, не би ги коментирал. Во наредните 80 дена или нешто помалку ќе слушнеме многу предлози, кои на 8 мај ќе кажат граѓаните кои се предлозите кои ги сакаат“, посочи Ковачевски.Во однос на коалицирањето, СДСМ ќе предводи коалиција која ќе ја сочинуваат политички партии со исти вредности: „Зачленување во ЕУ, исполнување на обврските во НАТО и градење стандарди како во ЕУ“. Ковачевски ги покани партиите кои градат исти вредности.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-23-at-11.07.31

Се собираат потписи за Бујар Османи: Условот на ДУИ за коалицирање ќе биде промена на Уставот и претседател да се бира во Собрание

Пратеникот Арбер Адеми ставајќи акцент на тоа што Албанците сакаат уште една важна државна функција, кажа дека започнуваат со собирање на потписи за Бујар Османи да биде претседателски кандидат.„ДУИ како што најави лидерот Али Ахмети, започна со собирање на потписи за Бујар Османи за кандидат за претседател на нашата земја. По прв премиер Албанец, по министер за одбрана, претседатели на Управен суд, на боречка, фудбалска, боксерска федерација, правобранители - па дојде време да го отовриме патот и претседателот на биде Албанец. Сржта на идејата на лидерот Али Ахмети е претседател да се бира во Собрание, со над 80 гласови, за да се обезбеди општествен, надпартиски консензус, за да се обезбеди над 80 гласови да се спречи техничкото надгласување само од двете поголеми македонски политички партии“, рече Адеми.Тој побара поддршка од Албанците, па рече: „и од другите граѓани“, а со цел да се смени Уставот.„Ова ќе биде ставот на ДУИ и за вториот изборен круг, и за парламентарните избори и тоа ќе го постигнеме. Само со гласање на најсилната албанска партија ќе се постигне ова“, додаде Адеми.

Македонија | пред 1 година

milososki

Давкова ќе има предност од 100 илјади гласови, смета Милошоски

ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори ќе настапи со кандидатот, професор доктор Гордана Силјановска Давкова. И оваа кандидатура која што е стигната до партијата би требало да биде потврдена на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на 2 март и очекувам истата да добие огромна поддршка, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во неговото денешно гостување во централниот дневник на Алсат телевизија.Во однос на против кандидатите на професорката Силјановска Давкова во претседателската трка, Милошоски вели дека е добро што има повеќе кандидати и веројатно ќе има уште некој кандидат кој што ќе се пријават за овој изборен процес затоа што е добро граѓаните да имаат поголем избор.„Очекуваме на 24 април кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и нашата коалиција да има најмалку 100 илјади гласови повеќе од кандидатот на Социјалдемократскиот сојуз, а потоа да следуваат и другите кандидати“, рече Милошоски.Запрашан дали е ризично тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со истиот кандидат од пред пет години, Милошоски истакна дека тогаш професорката Силјановска Давкова оствари одличен резултат и дека до сега во Македонија се нема случено кандидат од опозиција да победи во претседателска трка, имајќи го предвид и демократскиот капацитет на владејачките СДСМ-ДУИ.Но, додава Милошоски, сега народот е свесен дека оваа владејачка гарнитура е во заминување и масовно ќе ја даде поддршката на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ кој се очекува во првиот круг да има над 100 илјади гласа разлика.Во Република Македонија до сега немало кандидат од опозициона партија кој што победил во време на мандатот на друга влада од политичка опција. Затоа сметам дека и минатиот пат кога професорката Силјановска беше кандидат направи одличен резултат, но вие и самите знаете за демократскиот капацитет на СДСМ и на ДУИ и тогаш и сега, со таа разлика што сега сметам дека народот е веќе свесен дека власта е во заминување. И овој пат очекувам, бидејќи се поклопуваат изборите претседателски и парламентарни, Силјановска да биде новиот претседател на Македонија“, истакна пратеникот Милошоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-22-at-13.03.25

Силјановска-Давкова ќе собира потписи за кандидатура, поразот од Пендаровски ја мотивирал

Гордана Силјановска-Давкова најави дека се кандидирала за претседателка на Македонија. Таа кажа дека кандидатурата ќе се најде и на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, каде треба да стане кандидатура пред ДИК. Силјановска-Давкова ќе собира 10.000 потписи, за да ја поврди кандидатурата.„Тука сум со пратеничката група, бидејќи морам да оддадам јавна благодарност до сите колеги и колешки што ме убедуваа, уверуваа дека сум добро решение за кандидатка и претседателка и што во рекорден рок ги собраа потребните 30 потписи без да знам. Тоа ме импресионираше“, кажа Силјановска-Давкова.Според неа, ова ќе биде драгоцено искуство за неа.„Се кандидирам од објективни и субјективни причини, долго време мерев, тешко носам одлуки, па застанувам зад нив. Објективните се резултатот од минатите избори, кога ќе добиете 380 илјади гласови, тоа е големо признание и не само од партиски членови и симпатизери туку и од граѓаните“, додаде Силјановска-Давкова.

Македонија | пред 1 година

osmani

Големата вест на Ахмети: Бујар Османи кандидат за претседател од ДУИ

Бујар Османи ќе биде претседателски кандидат на ДУИ. Ова е големата вест која ја соопшти лидерот Али Ахмети на прес-конференција, најавена од вчера.Лидерот на ДУИ Али Ахмети имаше јавно обраќање денес во кое го најави, како што рече, најважниот референдум во Македонија – што го сумираше во реченицата „ Кажете НЕ на Русија, ДА на Европа!“Тој ги повика граѓаните да изберат претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите, односно со двојно мнозинство, според Бадентер.Османи влегува во тркага со Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски, како и со Билјана Ванковска.

Македонија | пред 1 година

gordana-siljanovska-davkova

Силјановска Давкова ќе биде: Се пријавила за кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, собрала и потписи од делегати

„Во врска со Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија ја информираме јавноста дека крајниот рок за поднесување на пријава истекува денес.На истиот се пријави проф. д-р Гордана Силјановска Давкова која поднесе план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати.Гордана Силјановска Давкова била професорка по Уставно право и Политички систем на Правниот Факултет Јустинијан Први. Таа е експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.Таа е актуелен пратеник во Собранието на РМ.За нејзината кандидатура ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на РМ која ќе се одржи на 02 март 2024 година“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-21-at-18.18.45

Стевче Јакимовски ќе се кандидира за претседател на Македонија: Ме предлагаат поради белата коса и јасните ставови

Стевче Јакимовски, градоначалник на Карпош, ќе биде кандидат за претседател на Македонија. Тој кажа дека ќе го предложи партијата ГРОМ чиј претседател е тој. Според него, во Македонија се живее лошо и државата е во лоша состојба. Па затоа, тој ќе бара гласови за да храбро настапи и промени.„ГРОМ одлучи да ме предложи за кандидат за претседател на Македонија. Имајќи ги во предвид, искуството, белата коса, резултатите, годините, како и секогаш јасните политички ставови кои ги изразував, им даде за право на моите колеги да ме предложат за оваа најважна функција за Македонија. Мојата кандидатура не е алтернатива на постоечките, туку да напуштиме еден период“, рече Јакимовски.Според него, има крупни прашања за одговарање, како што е, што доколку не влеземе во ЕУ до 2023 година.„Претседателската функција е потценета, исто како што беше градоначалничката се додека јас и Ристо Пенов не станавме градоначалници“, додаде Јакимовски.

Македонија | пред 1 година

taravari-kandidat-1

Европски сојуз за промени: Претседателскиот кандидат на ДУИ не ги застапува Албанците

„Деновиве, кога се објавуваат кандидатите за претседател на Република Северна Македонија, меѓу имињата кои ги споменува Демократската унија за интеграција е и името на актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи. Иако е нивно право да кандидираат кого сакаат, она што сакаме да го нагласиме е дека тој кандидат не ги застапува Албанците во Северна Македонија“, велат од Европски сојуз за промени и додаваат:Промовиран како прв албански министер за надворешни работи кај нас, тој го завршува својот мандат без ниту една посета во Република Косово. Во време кога речиси сите македонски политичари отидоа таму, дури и некои српски политичари кои се борат против режимот на Вучиќ, тој што никогаш не смогна сили и не најде причина да оди во Косово е само Бујар Османи. Иако не сме очекувале да се поклони во Преказ, како што тоа го направи Сандуловиќ, туку беше скандалозна неговата квалификација за српскиот терористички напад во Бањско, на Северот на Косово. Во време кога Американскиот Стејт департмент и Европската комисија, како и сите западни сојузнички земји, го осудија како терористички напад, единствено беше Бујар Османи, кој како претседавач на ОБСЕ за тој настан зборуваше слично со речникот на Белорусија за руските напади во Украина. Иако не зборуваше како Албанец, туку и како претседавач на ОБСЕ, тој не со ништо не покажа дека е на страна на западното сојузништво. Дали ова се објаснува со неодамнешните коментари на Вучиќ за можноста ДУИ да ги загуби изборите или има нешто друго, тоа треба да го објаснат тие, но дека претседавањето со ОБСЕ од Бујар Османи не му донел никаква корист на Косово, тоа е евидентно.И, како да не беше доволен овој рамнодушен пристап кон Косово и кон албанските интереси во регионот, тој – како министер познат по коруптивни афери и од порано – не остана без да ја вкуси лажицата во корупција и како министер за надворешни работи. Токму настанот во организација на Самитот на ОБСЕ во Скопје ја обелодени неговата коруптивна тенденција, за што и тој самиот призна и се извини, а не помалку сомнителни беа и тендерите склучени со компанијата „Еуровиа“, како и сомнежите за возилата кои беа користени за Самитот на ОБСЕ.Како и да е, овие и други податоци што ќе ги објавиме во наредните денови, се доволни докази да се разбере дека секој од ДУИ може да биде прифатлив како Албанец, но Бујар Османи не може да биде кандидат на Албанците во Северна Македонија.

Свет | пред 1 година

417549472_10161418453372138_3442368697143569426_n

Ванковска почна со собирање потписи за претседателска кандидатура

Денес, претседателот на Левица, Димитар Апасиев и проф. Билјана Ванковска и официјално ја поднесоа Иницијативата за собирање потписи за кандидатура за Претседателските избори 2024 година до ДИК.„Рокот за собирање потписи започнува во ПЕТОК (23-ти февруари) и завршува на 8-ми март (петок). Поддршката за кандидатурата на проф. Ванковска е одговор на новите историски текови за Македонија, кои се наметнуваат како излез од безалтернативноста во кои е заглавена Републиката од страна на партиите на естаблишментот.Преку Левица, не само што народот ја изразува својата волја, туку и вистински учествува во демократскиот процес преку реална народна партиципативност. Ги повикуваме сите мотивирани, свесни и неуценети граѓани да ни се придружат во борбата!“, велат од Левица

Македонија | пред 1 година

kovacevski-5123

Ковачевски собира партии во коалицијата, но не кажа со кои преговара: Ако има интерес, листите можат да бидат проширени

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски посочува дека се подготвуваат за парламентарните избори. Сакаат да ја окрупнат коалицијата, па пред новинарите посочи дека прават анализи за да им се придружат и нови партии кои биле дел од Владата, но не дел од коалицијата. За тоа што со ДУИ, Ковачевски рече дека тие си знаат најдобро, па не кажа дали ќе имаат изборна коалиција.„СДСМ ќе има кандидати во сите изборни единици, имаме разговори со коалиционите партнери, ќе има разговори и со политички партии кои традиционално не се дел од нашата коалиција. Ако има интерес, се најде заеднички јазик, тие листи може да бидат проширени и со други партии. Во моментов се работи на определување на кандидати и листи на партии“, рече Ковачевски.Прашан со кои нови партии можеби ќе соработуваат, тој не даде конкретен одговор и рече: „Се работи за партии кои се во коалиција со СДСМ, а не биле на листите во 2020 година“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања