Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ИЗБОРИ 2024

424614396_964070705075994_9086350078794580974_n

На штадови од Левица прашувале што ќе им дадат за да се потпишат за Ванковска: Ќе се помачиш, ама нема да собираш потписи за 500-че

Билјана Ванковска, која собира потписи за да биде претседателски кандидат од Левица, посочува дека на нивните штандови доаѓаат луѓе кои прашуваат: „што давате за потпис?“. Таа потоа додава дека ќе се помачи, ама нема да собира потписи со пари.„Ќе се помачиш, ама нема да собираш потписи за 500-че! Каква деградација на оние најнемоќните и најсиромашните е тоа, што не можам ни да ја замислам! Или би си заминала со дигната глава ама со чиста совест - такви потписи не ми требаат. Неодамна кај мене докторираше еден умен млад човек од ромската заедница на тема за политичката партиципација на Ромите. Тешко е сознанието дека тие се и натаму паричка за поткусурување. Имавме искуства на луѓе на штандовите кои прашуваа: што давате (за потпис)? Одговотот беше: ништо не даваме, вие се борите за себе, за надежта дека ќе ја смениме оваа беда и сиромаштија. За наша среќа преку 8000 луѓе ни пријдоа без и да прашаат нешто такво!“, пишува Ванковска.Претходно, Европскиот сојуз за промени објави дека и Арбен Таравари ги собрал потребните 10 000 потписи потребни за кандидирање на изборите за претседател. Веста ја објави и Таравари на ФБ.„Ви благодарам на секој од вас што во рекордно време ја потпишавте мојата кандидатура за претседател! Целата оваа кампања нека биде наменета за Вас”, напиша Таравари.ДУИ исто се пофали дека нивниот кандидат Бујар Османи собрал 10 000 потписи за да се кандидира на изборите за претседател. Интегративците се задоволни од одзивот на граѓаните кој ја поддржале кандидатурата на Османи, а тој и понатаму ќе остане на чело на МНР и паралелно ќе ја трча изборната трка.,,Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа“, се пофали и Максим Димитриевски од движењето ЗНАМ, на социјалните медиуми”.

Македонија | пред 1 година

271411794_4566273830151665_730994699476532107_n

Јакимовски не се откажува од трката кон Водно: Ве повикувам!!

Стевчо Јакимовски уште не ги собра потребните потписи за претседателска кандидатура. Тој побара граѓаните и утре да го поддржат.“До денес до 20:00 часот, вкупно 6646 граѓани ја поддржаа мојата кандидатура.Ви благодарам за поддршката и Ве повикувам утре масовно да се потпишуваме, продолжуваме до 10000”, напиша Јакимовски.

пред 1 година

maksim-dimitrievski0123

Максим Димитриевски влегува во претседателската трка

И Максим Димитриевски собра 10.000 потписи за претседателска кандидатура.“Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа! #ЗНАМ #ДвижењеЗНАМ #ЗаНашаМакедонија”, напиша тој.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Гледаме некои кандидати за претседатели кои се опозиција на опозицијата се мачат да соберат потписи, па власта им помага

Очекував да бидам искрен дел од потенцијалните кандидати да ги соберат побрзо потребните 10.000 потписи, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во централниот дневник на ТВ Сител во Тема на денот.Мицкоски додаде дека иако некои од кандидатите воделе кампања и се нарекувале дека се фаворити во трката за претседател на државата и по 5 дена не можат да ги соберат потребните потписи.Има некои од кандидатите за кои што со недели се водеше кампања дека ќе бидат фаворити во трката за претседател на државата, но гледаме еве и после 4-5 дена тешко оди собирањето и практично официјалната кандидатура на тие кандидати, истакна тој.Претседателот Мицкоски нагласи дека владејачките партии помагаат на одредени кандидати за претседатели на државата со собирањето на потписите, и со тоа практично наместо да се натпреваруваат, тие се опозиција на опозицискиот кандидат.Има и такви примери каде што владејачките партии собираат потписи за некои од кандидатите. Тоа е и целта на некои од кандидатите, не да се натпреваруваат да бидат претседатели или претседателски кандидати, туку да бидат практично опозиција на опозицискиот кандидат. И тоа е целта на власта, додаде Мицкоски и порача?Но, мислам дека е препознаена од народот и дека ќе биде неуспешен тој обид.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-27-at-18.33.43

Таравари по Османи - албанската опозиција влегува во претседателската трка, македонската мака мачи

Арбен Таравари, претставник на коалицијата на албанската опозиција која настапува под името „Вредиме“, објави дека за два дена откако почнал, ги собрал сите потписи за претседател. Тој сега, според неговите пресметки има 10.000 поддржувачи и заедно со Бујар Османи, Горадана Силјановска и Стево Пендаровски влегува во претседателската трка.„Ви благодарам на секој од вас што во рекордно време ја потпишавте мојата кандидатура за претседател! Целата оваа кампања нека биде наменета за Вас“, напиша Таравари.Обид за кандидатура, а блиску до собирање на потребниот број се Максим Димитриевски на кого од вчеравечерта му фалат уште 1.500 потписи и Билјана Ванковска која ја претставува Левица на која и фалат околу 4.000 потпис.

Македонија | пред 1 година

pretsedatelski

Само Бујар собра потписи: Блиску до целта се Димитриевски и Таравари

До вчера, само Бујар Османи собрал 10.000 потписи и официјално е кандидат на ДУИ за претседател.На Максим Димитриевски му фалат уште 1.500 потписи, а Билјана Ванковска од Левица има собрано нешто повеќе од 6.500 потписи.Повеќе:

Македонија | пред 1 година

IMG_3588

Смаиловиќ: Знаев дека ќе има црна кампања, ама не и дека претседателската трка ќе ти била за избор на Мис на Македонија

Мерсиха Смаиловиќ, која собира потписи за да влезе во претседателската трка, реагира на социјалните медиуми за коментарите за нејзииот изглед иа начи на облекување. Еве што напиша:Бев убедена дека луѓето слушаат, прашуваат и така носат суд за нечии вредности и интелект, ама да не ти било секогаш така...Знаев дека ќе има "црна кампања", ама не помислив дека претседателската трка ќе ти била избор за Мис Македонија. (не сум далеку од идеални облини, ама 40+ си носи свои тешкотии)Па така најголемите "негативни" коментари за мојата кандидатура се однесуваат на мојот надворешен изглед."Сум изгледала како страшилоПремногу облечена....Од каде ли сум дошла...Ваква само за дома сум....Со оваа облека не припаѓам тука...Вака ли ќе изгледала мајката на нацијатa"И читам разни коментари и се чудам зошто само жените поминуваат низ 3Д скенер за изгледот како подобни за функција или не... Зошто е толку тешко да се фокусираме на тоа што го говориме и работиме наместо како изгледаме...Како и да е, за вас почитувани имам подготвено целосен стајлинг за кампањава. Затоа дајте го потписот за мене и ќе уживате во новата модна линија пролет лето 2024-та.

Македонија | пред 1 година

taravari-kandidat-1

Таравари тврди дека е при крај: Официјалното собирање потписи го започнавме пред неколку часа и стигнавме до 8.000 потписи

Арбен Таравари кој со граѓански потписи се обидува да влезе во претседателска трка како претставник на албанската опозиција, посочува дека скоро ги собрал сите потребни потписи.“Официјалното собирање потписи го започнавме пред неколку часа и стигнавме до 8.000 потписи+!Тоа се потписи на слободата, без никакво наметнување, без никаквoналожување, туку се Вашата Чиста Волја! Собирањето потписи продолжува и утре. Ова е нов рекорд и показател дека со ВРЕДИ Промената Започнала! Ви благодарам од се срце!”, вели тој.Претходно, Османи објави дека ги собрал сите 10.000 потписи за кандидатура.

Македонија | пред 1 година

4f5dbe86-bbc2-4636-836b-1aaa6e81e541

(Фото) Мобилизација: Меџити се пофали дека граѓаните масовно се потпишуваат за Таравари

Лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, откако го даде потписот за кандидатот на коалицијата “ВРЕДИ”, Арбен Таравари, се изјасни дека во Скопје се случува НАРОД!„Сите заедно да ја поддржиме кандидатурата за албански претседател, др. Арбен Таравари. Опозициската коалиција ВРЕДИ силно цели кон втор круг! ПРОМЕНАТА ДОАЃА!“, рече Меџити.

Македонија | пред 1 година

mickoski-ahmeti

Мицкоски им предвиде пензија: Иницијативата на Ахмети и ДУИ за претседател на државата е обид за дефокус и наметнување тема во кампања во отсуство на идеи

При денешната посета на општина Гази Баба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на иницијативата на ДУИ и Ахмети за претседател на државата истакна дека таквите изјави треба да се игнорираат бидејќи доаѓаат од политичари кои што не се фактор, а и за бргу време ќе бидат пратени во политичка пензија но и голем дел од нив ќе бидат и дел од процеси каде што треба да ја докажуваат својата невиност бидејќи постојат основани сомненија дека сториле огромен криминал изминатите години.„Ја слушнав таа изјава на Али Ахмети ќе го поделам одговорот во два дела, првиот дел мислам дека оваа изјава на Али Ахмети во отсуство на други идеи и во отсуство на корисни проекти а во услови кога се фатени во огромен криминал ДУИ се обидуваат сега со лесен дефокус да градат тема и потоа таа тема да ја пренесат во кампањата и тоа да биде тема во кампањата, како што беше тема во кампањата премиер Албанец сега да биде претседател Албанец и мислам дека треба да се игнорира, бидејќи сите ние знаеме дека прво не се фактор за да можат да наметнат таква тема и мислам дека не треба повторно да се фаќаме како јавност на јадицата која што доаѓа од политичка опција која што набргу од денеска ќе биде во минатото и ќе одговара за сето тоа што го правеле. Второ, дури и самата дрскост да се каже такво нешто и тоа да се поврзе со уцена за излезеноста на изборите претставува не државен чин за партија која што претендира да се претстави како државотворна и која што 22 години е дел од владата и го јаде лебот поради овие граѓани и оваа држава.Мицкоски потсети дека во минатите претседателски изборни циклуси ВМРО-ДПМНЕ не уценувале за цензус.Ние тоа не го направивме. Затоа на политичката сцена во Македонија постои ВМРО-ДПМНЕ и сите останати а тоа го потврдува Али Ахмети и ДУИ. Затоа ве замолувам многу внимателно да пристапуваме како медиуми на ваквиот тип на изјави и обид за дефокус од политичари кои што не се фактор а се обидуваат да се претстават како фактор а за многу бргу време од денес ќе бидат пратени во политичка пензија и голем дел од нив ќе бидат дел од процеси каде што треба да ја докажуваат својата невиност за кои што постои основани сомненија дека сториле огромен криминал изминативе години“, рече Мицкоски и нагласи дека на претстојните избори треба да се истакнат проектите, капиталните инвестиции и подобриот стандард на граѓаните, а не фрустрациите на поединците.

Македонија | пред 1 година

pretsedatelski

Желба има, потписи слабо: Ниту еден претендент за на Водно не собра 10.000 за два дена

Бујар Османи собра најмногу потписи, а Томе Николоски не доби поддршка од никого. Ваква е состојбата два дена откако започна собирањето на потписи за кандидатурите за претседател. Османи има 5.405 потписи, а пак, втор налистата е Максим Димитриевски од ЗНАМ со 3.613 потписи. Трета е Билјана Ванковска, кандидат на Левица. Стевчо Јакимовски има само 1974 потписи.Според Државната изборна комисија, заклучно со вчерашниот ден, 14.360 граѓани биле да се потпишат за кандидатите. За кандидатура се потребни 10.000 потписи.Тешко оди собирањетп потписи за Вело Марковски кој има само 249, Томе Николоски кој нема ниту еден, Господин Попоски кој има 10, Ѓорѓи Манасков кој има 59, Арбен Таравари кој има 246, Мерсиха Смаилковиќ која има 45, како и за Зорица Цветковска која има 1 потпис.„Скопје1“ претходно пишуваше за тоа кои се кандидатите.

Македонија | пред 1 година

424613314_964070505076014_9217147475064125923_n

Ванковска собрала половина од потребните потписи, тврди Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев тврди дека за три дена, успеале да ги соберат половина од потребните потписи за претседателската кандидатура на Билјана Ванковска.„Народе - за еден викенд собравме скоро 1/2 од потребните потписи! Со оглед на тоа дека и учките од ДУИ уште немаат собрано, и покрај целата нивна машинерија и клиентела - тоа ни кажува дека нашата структура воопшто не е слаба. Вашата поддршка во процесов е суштинска! Затоа, продолжуваме со исто темпо. Нашите волонтери се на терен. Потпиши се за Ванковска и денес! Ако си на работа - потпиши се на пауза. Ако не можеш на пауза - потпиши се после работа (канцелариите на ДИК работат секој ден - од 8:00 до 20:00 часот)“, напиша Апасиев.Се очекува Државната изборна комисија да ја објави состојбата со собрани потписи за кандидати, заклучно со вчерашниот ден.

Македонија | пред 1 година

vakkoooo

Се множат потписите, никој нема доволно: Османи, Димитриевски и Ванковска имаат најголем број поддржувачи

За три дена, до вчеравечер, од претендентите за претседателска кандидатура, најмногу потиси има собрано Бујар Османи од ДУИ. По него, втор по број на потписи е Максим Димитриевски од ЗНАМ со 5923 потписи. Потоа, трета е Билјана Ванковска од Левица со 4478 потписи.Стевчо Јакимовски од ГРОМ собрал 3091 потпис, а за Арбен Таравари се потпишале 1645 лица. За Мерсиха Смаиловсиќ од Бошњачката партија се потпишале 523 лица.Послабо котираат Вело Марковски кој има 433 потиси, Ѓорѓи Манасков со 93 питиси, Зорица Цветковска со 74 потписи.Најдолу на листата се Томе Николовски со нула потписи и Господин Поповски кого го поддржале 10 лица.За кандидатура се потребни 10.000 потписи.

Македонија | пред 1 година

IMG_3348

Вељаноски бара да се гласа и со документи без „северна“

„Државната Изборна Комисија мора да им овозможи на државјаните на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање“, алармира Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието на Република Македонија и поранешен член на Државната Изборна Комисија.„Согласно чл.22 од Уставот на РМ единствени услови за да бидеш избран и да избираш е да си државјанин на Република Македонија и да си полнолетен.Сите документи (лични карти, пасоши) служат само за индетификација на личноста а правото на гласање е утврдено во чл.22 од Уставот на РМ, затоа сметам дека личните карти и пасошите (наспроти измените на законите) каде рокот за важење е утврден подолг од денот на гласање се валидни документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање.Само како пример во 1998 година тогашната Државна Изборна Комисија донесе правилник и упатство за гласање дека и старите лични карти и пасоши од бивша СФР Југославија каде рокот за важење е утврден подолгот од денот на гласање се важечки документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање дадено со Уставот“, вели Вељаноски.

Македонија | пред 1 година

428646748_962917831876517_7049361465623809273_n

Концептот на бинационална држава е најпогубен за државата и единството, порача Силјановска-Давкова

Гордана Силјановска-Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, вечерва беше во посета на ОК Гази Баба. Оттаму упати порака до нејзините поддржувачи.„Концептот на бинационална држава е најпогубен за државата и единството. Она што ни се случи како да е лекција од науката за политиката како не треба да се постапува, зашто таму се зборува како треба да градите авторитет. Политиката мора да биде уметност на можното!“, напиша Силјановска-Давкова по средбата.Таа и вчера беше во посета на месни комитети.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања